www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,444,262
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Што е свети АНТИМИНС?

Осветување на свети Антиминси

 

Во црковната терминологија АНТИМИНС се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во Илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Света Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово.

Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите „анти“ – наместо, и „менса“ – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен Престол за служење Литургија.
Во првите векови, кога Црквата била гонета, и Литургијата се служела тајно, (обично врз гробовите или телата на мачениците, во краен случај и врз дланките на ѓаконите или врз градите на епископот) се употребувало платно во кое, при опасност, ги завиткувале светите дарови и бегале на друго место. Кога христијанството станува легално и слободно, почнуваат да се градат храмови врзгробовите на мачениците, а потоа од оваа пракса се воведува правилото, во секој храм, во светиот Престол во Олтарот задолжително да се полагаат свети мошти од свети маченици. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, односно подвижен Престол, затоа е воведено и во него задолжително да се полагаат свети мошти од маченици.

Поимот антиминс прв пат се сретнува во житието на преподобниот Маркијан Сиракуски (околу 700 година) и означува подвижна света Трпеза (маса), на која светителот извршувал Божествена Литургија. Околу IX век во Византија се пренесувал обичај да се употребуваат осветени дрвени табли или платна за извршување на Божествената Литургија во услови кога немало воопшто или не бил канонски осветен светиот Престол. Овие табли, кои се користеле како престоли се познати и во праксата на антихалкидоните, кои биле прогонети, и поради тоа принудно извршувале Литургија на скришни места. Во писмото на свети Теодор Студит до Навкратиј се спомнуваат дрвени табли за служење Литургија, како и во посланието на автократорите Михаил Втори и Теофил до Карло Лудовик, се спомнуваат дрвени табли на кои има икони, и врз кои служеле Литургија. Светиот Никифор патријарх цариградски исповедник (+828) ги нарекува овие табли и платна антиминси. Изгледа овие антиминси нашле широка примена особено во текот на иконоборството. Подоцна во Црквата се употребувале антиминси само од платно.

Од XVII век антиминсот станува задолжителен за секој Престол, но можело и без мошти, а подоцна се наредува секој Престол да има антиминс, а во антиминсот да има свети мошти.

При осветување на храм се осветуваат и повеќе антиминси (а може и на обична Литургија, врз веќе осветен Престол, пред почетокот или за време на Литургијата), на кои е претставено погребението Христово, и на кои е наведено на кој датум, каде и од кој епископ е осветен антиминсот, и за која црква е наменет. Тоа е еден вид мандат за секој свештеник за да може канонски да отслужи света Литургија, доказ дека свештеникот има благослов од својот епископ да служи Литургија во конкретниот храм.

Антиминсот денес се чува на светиот Престол, здиплен под илитонот, и под светото Евангелие, а се отвора при доаѓањето на архиерејот, и во текот на Литургијата, кога се кажуваат ектениите за огласените. Врз него се извршува светата Литургија, врз него се подготвуваат честички за причестување на болни, а се затвора на крајот, на последната ектенија, по причестувањето.

При осветувањето на антиминси, се попорскуваат со миризливи материи, вода од трендафилови цветови (розова вода, етерично масло од розови трендафили), или мирисно вино, а се запечатува со свети мошти, намачкани со свето миро и запечатени со воскомастих (материја од восок, мастих-смола, темјан и мириси). По осветувањето на антиминсите тие остануваат во истиот храм уште седум дена, и во тие денови се извршува секојдневно божествена Литургија.

Бидејќи антиминсот е замена за светиот Престол, кон него треба да се однесуваме со голема побожност, не смееме да го оставиме да се валка, да се уништува, и никој освен клирот не смее да го допира. Исто така не смее ни да се пере.

 

Осветување на свети Антиминси во
Американско-канадската македонска епархија

На 30 ноември 2022 г., во катедралниот храм ,,Рождество на Пресвета Богородица” во Стерлинг Хајтс, Мичиген, се изврши редок и посебен чин на осветување на нови антиминси за Американско-канадската македонска православна епархија и Божествена Литургија, чиноначалствувана од Митрополитот Методиј во сослужение на сите свештеници од епархијата.

 

Прилог на:
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада