www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,718
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


МАЈКАТА БОЖЈА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

На полуостровот Атон – Македонија. Пресветата Мајка Божја – Богородица, дошла случајно, непредвидувајќи – “по Божја воља” – ни кажуваат верните. Во почетокот, Таа, со кораб тргнала за Кипар, каде епископствувал, ракоположениот од св. апостол Варнава, воскреснатиот во Витанија од Исуса – 30 годишниот Лазар, брат на Марта и Марија. После своето воскресение Лазар постанал еден од најревносните проповедници на Христовата наука, но гонет од јудеите, требало да го напушти Ерусалим. Така заминал на Кипар, каде одживеал уште 30 години. Имал голема желба уште еднаш да ја види Мајката Господова, но не смеел да оди во Ерусалим “поради страв од јудеите.” Дознала за тоа Пресвета Богородица и му порачала да испрати кораб да би таа отишла. Со голема радост Лазар нашол и испратил кораб. Со коработ, Мајката Божја, св. Јован Богослов и неколку апостолски мажи отпловиле за Кипар. Патувањето било многу пријатно, но кога наближиле до Кипар, се појавила силна бура и морнарите ја изгубиле контролата над коработ. Биле оставени на сопствената судбина, односно во Божји раце, како што ни кажува преданието, коработ останал неповреден поминувајќи помеѓу острите карпи на Архипелагот и застанал на брегот на Атон, во Македонија. Пресвета Богородица слегла на непозната земја, определена од Бога за ждрепката на апостолството. На Атон се издигал голем многубожачки храм посветен на богот Аполон и на многу гаталци, при кои доаѓале илјадници многубошци да би ја дознале својата судбина. Народот, кога ја видел жената со Божја убавина на брегот, со посебна почит и се приближиле. Таа смирено и со посебна светост им се приближила и во проповет им кажала за таинственото Богоовоплотување на Синот Божји Господ Исус Христос. Им објаснила за Неговото слегнување од небото на земјата, им ги опишала страдањата, смртта и Неговото славно воскресение и вознесението на небото. Сите ја слушале внимателно. Евангелската вистина им ги стоплило нивните срца. Голем број уште веднаш се покрстиле. Пресветата Мајка Божја – Богородица, им ја зацврстила верата и со многу чуда. Оставила еден од апостолските мажи кои ја придружувале да раководи со покрстените, и пред да отплови за Кипар, Таа го благословила ова место со следните зборови: “Ова место, е моја од Бога одредена ждрепка. Божјата благодат ќе ги штити оние кои тука ќе живеат со вера и благочестие. Се’ што е неопходно за живеење ќе добијат во изобилие со малку труд на земјата, и милоста на Мојот Син ќе биде со нив до крајот на светот, а на небото ќе добијат рајско блаженство. Самата јас ќе им бидам заштитница пред Бога.”

Таа непозната земја, била Македонија, а полуостровот, покасно постанал “Света Гора.”
Има предание, дека во IX век Пресвета Богородица се јавила на сон на преподобниот Петар Атонски и му рекла: “За служење на Бога, нема друго поблагодатно место од Света Гора. Од Бога ми е дадено да бидам заштитница на ова место и на оваа парче земја, можат да доаѓат тука сите кои сакаат да се отргнат од земните грижи и исцело со својата душа да служат на Бога. Ова место многу го сакам и ќе се наречува мое лозје. Ќе дојде време, ќе се исполни од едниот до другиот крај со Божји храмови, од север до југ ќе се исполни со верни Христови чеда, свештенослужители и со монаси. И ако тие служат на Бога со сета душа и ако ги исполнуваат Неговите заповеди, ќе се удостојат со голема награда, кога ќе дојде денот на Мојот Син. Уште тука на земјата ќе ја имаат мојата помош: ќе им ги ублажувам тешкотиите, ќе им ги лекувам болестите, ќе им го олеснувам животот, ќе ги чувам од напади и бедост, ќе го прославам нивното име по целата земја.”

Благодетниот плот на тој благослов го вкуси македонската земја и македонскиот народ. Тука го поминаа својот живот голем број на православни духовници. Во светогорската келијна тишина, која е дел од Македонската земја, православните македонски и другонародни духовници не само што го негувале туку и го проширувале пламенот на Божјото слово, преку многу духовни дела кои ги читаме со посебна молитвеност (о.Паисиј).

Едно од најраните известувања за посетата на Света Гора од Мајката Божја го среќаваме во делата на грчкиот светогорски монах Максим, кој живеел во XVI век, протеран од турците, избегал во Русија, каде и умрел. Без да посочи од каде црпи матрејали – од стари ракописи или од усни преданија – тој направо излага: “Пречистата, придружувана од апостолот Јован, ја посетила Света Гора со Кораб. Коработ застанал на местото, каде што денес се издига Иверскиот манастир. Одтука пешки дошле до местото на денешниот Ветопедски манастир. На тоа место тогаш живееле многубошци. Тие го прашале св. Јован: – Која е Таа благородна жена?
Апостолот Јован им одговорил: -Тоа е Мајката на Исуса.
И тие и се поклониле.
Тука Пресвета Богородица направила многу чуда и многумина се крстиле.
После повеќе години во почетокот на четвртиот век, царот Константин Велики издигнал на тоа место манастир посветен на Пресвета Богородица. Покасно Јулијан “Отстапник” го разорал манастирот, но христијаните по време повторно го изградиле и го нарекле Ветопед, по самите капинови плодови со кои е опкружен.

Тоа опишување на грчкиот монах Максим, св. Димитриј Ростовски го ставил во своите минеи (15 август). Преданието за историската посета на Пресвета Богородица на Света Гора во стиховите преку песна е составено, според некои од архиепископот Филарет Черниговски, а според други од македонскиот монах Серафим Светогорец.

Одтука Пречистата Мајка Божја и апостолот Јован со коработ отпловиле за Кипар.

Таа се молела да се прошири спасителната вера на Нејзиниот Син, по целата земја; се молела, ожесточениот, против христијаните, јудејски народ да се преобрати кон вистинската вера; се молела за утврдување на новите цркви, посеани од апостолите по сите страни на светот и по различни народи; се молела и за идните цркви кои апостолите ги проширувале, се молела и за македонската земја каде лично Таа го посеа семето од учењето на Својот Син, за која земја и верен македонски народ св. апостол Павле редовно ја известуваше, кои христијани, посебно се одликувале со силна вера во Господа Исуса Христа.

Од книгата “Богородично Евангелие“
Линкот: „Нашата Православна Црква“
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада 2022