www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,696
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Зраците на слободата првпат засветлеа во 1943 година во Издеглавје

Во Издеглавје се одбележува еден голем историски настан. На 21 октомври 1943 година македонските народни свештеници: Вељо Манчевски, Кирил Стојановски, Антим Поповски, Матеја Попоски, Томе Поповски, Зафир Јовановски, Ристо Ристовски, Ристо Тасевски, Ламбе Поповски и Смиљан Ристовски го одржаа Првото свештеничко собрание во првата ослободена партизанска територија. Во куќата на Јонче Николовски во село Издеглавје-Дебарца, во виорот на војната за првпат засветеа зраците на духовната и црковна слобода.

Всушност, во тој период во Македонија се разгргори крвната жила на македонскиот духовен миокард. Срцето на Охридската Архиепископија кое пулсираше заедно со македонскиот народ од Свети Климента, преку Свети Наум, па се до последниот архиепископ Арсеније и укинувањето од 1767-ма година, започна одново да пулсира во крвта на оние на кои им беше неправедно одземена на Македонците. Одбележувањето на овој јубилеј е достојно извршување на аманетот на нашите црковни великани кои заедно со народот се бореа за слобода и самостојност. Бидејќи националната слобода е невозможна без онаа духовната: „Каде што е духот, тука е слободата“ рекол Спасителот Г. И. Христос.

На Првиот свештенички собир беа донесени мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска, а беше формирано и првото архиерејско намесништво на чело со прота-ставрофор Антим Поповски. Свештеничкиот собир во Издеглавје претставува континуитет на непрестаната врска на црквата и свештенството со својот народ и неговата борба за народна и црковна слобода.

Притоа, значајно е да се напомене дека иако во Библијата се опишани многу војни, во неа се прави разлика помеѓу освојувачки и ослободителни војни. Зборуваме денес за слобода на вероисповед, меѓутоа, за слобода од што и слобода за што? Свештеничкиот собир во Дебарца ги удри начелата на слободата, да се биде свој на своето. А тоа значи да се биде слободен внатре и слобода во односите меѓу луѓето. И само врз ваквите начела изградени односи на нашата света црква со своето народно свештенство можеа да резултираат во една ваков импозантен јубилеј на кој денес се сеќаваме со пиетет.

Да не се заборави, дека и последната панихида која се пее во некое црквиче, може да стане центар на вселената. Овде во Македонија-пред 8-9 децении еден мал народ се избори за својата слобода. Отворајќи ја својата духовна порта, во крв и мачеништво зашто веруваше дека тоа слепо вратниче може да го облагороди светот. Кога се појавила муграта на христијанството на плоштадот во Рим можело да се купи човек-роб за физичка работа, научник, филозоф, уметник и сл. Дури и самиот Платон еднаш бил продаден како роб. Кога христијанството прокламирало дека нема повеќе Евреин и Грк, дека сите луѓе се деца Божји, кога Христос воспоставил во робовите чувство на достоинство на човек и лична вредност, робовите сами почнале да пристапуваат кон Христа. Се разбира ропството не можеме никогаш да го уништиме, ниту духот Христов кај сите луѓе засекогаш да го заковаме. Но, угледот и достоинството на нашата црква можеме. Македонскиот народ и во најтешките времиња од својата историја бил со својата црква и создавал богата црковно-културна и народна традиција. Благодарение на сето тоа, на многубројните цркви и црковни споменици, на активниот црковен живот, на црковната утеха за подобра и посветла иднина, македонскиот народ не само што не згасна, туку се одржа.

Она што следеше по ослободувањето беше ренесанса на македонското национално самопотврдување и духовно обновување кое почна одново да пулсира со елан и духовност, преку Нивните блаженства: Доситеј, Ангелариј, Гаврил, Михаил, Стефан…Тие се вистински пример како се негуваат угледот, достоинството и интересите на црквата и на својот народ.

Затоа што Црквата само единствена, хармонизирана одвнатре, може авторитативно да настапи во дијалог со другата страна, да биде уважувана. А уважувана е кога ги славиме ваквите настани и народни јубилеи.

Благодарни сме на Бога што оваа година не удостои со денови на радост. Ова е година на јубилеи: 60 години од Вториот црковно-народен собор, 55 години од осветувањето на првата македонска црква „Св.Петар и Павле“ во Гери, Индијана, 40 години од осветувањето на храмот Свети Кирил и Методиј во Сиднеј, и од осветувањето на првиот македонски манастир надвор од татковината, во Мелбурн. Овие јубилеи би биле невозможни без светлите зраци кои светнаа во Издеглавје и без длабоката приврзаност на македонското свештенство кон народот, кон неговите идеали и стремежи. Посебно сме среќни што нашето православно свештенство со своите архиереи, во периодот по осамостојувањето па до денес, доследно и достојно ја извршуваше функцијата на евангелските начела надминувајќи ги вековните и современите негирања, преку мисијата на мирот и љубовта, слогата и слободата внатре во човекот и во односите меѓу луѓето.

Чувствуваме долг кон жртвите на нашето народно свештенство што ги поднесе не само во народноослободителната војна, туку и на олтарот на сите борби на македонскиот народ за ослободување, за остварување на неговите праведни црковни и длабоко евангелски определби.

 

Пишува: Огнен Коцевски

Антим Поповски

Антим Поповски (Слатино, 1900 – Скопје, 31 март 1987) — македонски свештеник, прв архијерејски намесник за ослободената територија во 1943 година и еден од носителите на одлуката за обновување на Охридската архиепископија и за организирање на Македонската православна црква.

Роден е во Слатино, Дебарца. Немал можност да ја заврши богословско–учителската школа во Битола, бидејќи бил протеруван од школските управи како син на бунтовник и опасен за српската власт. Како печалбар во Белград воспоставил контакти со напредни студенти и работници и бил посетител на друштвото Вардар организирано од македонските студенти во Белград. Таму се сретнал со Петре Пирузе, со Петар Богданов – Кочко, Кузман Јосифовски Питу и многу други личности од кои се надоградувал и го збогатувал своето знаење. Антим со својот ангажман ја освојува довербата на Кузман Јосифовски Питу, Михајло Апостолски, Методија Андонов Ченто кои престојувале во Дебрца. Петре Пирузе заедно со Кузман Јосифовски Питу во ноември 1941 година го организирале неговото запопување во Тирана кај владиката Кристофор.

Тој е прифатен за член на проширениот состав на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ја води комисијата за верски прашања. Антим Поповски е еден од иницијаторите и организаторите во Главниот штаб за организирање на Првиот свештенички собор во октомври 1943 година во село Издеглавје, каде се поставени темелите на МПЦ и се донесени многу значајни историски одлуки за МПЦ, македонскиот народ и за движењето. Тој собир е предвесник на историскиот АСНОМ.

Матеја Попоски,

Роден 7 Септември 1917 во Вевчани, Струшко Македонија. Основното образование го стекнал во родното Вевчани. Како син и внук на роволуционерно семејство и долгосемејна свештена традиција, неговиот татко протојерејот Спасе Попоски го испраќа во Белград кај негов близок роднина. Во Белград, Матеја Попоски завршува гимназија со богословска наука. По враќањето од Србија бил предложен за свештеник, но поради политичките состојби во Македонија, оди во Албанија, каде бил ракоположен за свештеник во Тирана од владиката Кристофор.

Како истакнат македонски свештеник, бил учесник во НОБ и воедно и како архијерејски намесник во Кичево, на Првиот Црковно-народен собор на слободната територија на Дебарца на 21 октомври 1943 година во селото Издеглавје, Охридско. Потписник е на многузначајни одлуката за обновување на Охридската архиепископија, за организирање на Македонската православна црква и за македонскиот народ.

Се спомнува дека бил референт на Верското поверенство при ГШ на НОБ, близок соработник на Методија Андонов Ченто и Михајло Апостолски.

Како особено истакнат свештеник – протојереј, по Ослободувањето бил еден од организаторите на црковниот живот во Македонија.

Пастирствувал на повеќе места во Република Македонија: Во родното Вевчани, на манастирот св. Наум во Охрид, потоа бил архијерејски намесник во Кичево, во Стојаково – Гевгелиско, Виница и последна негова парохија била Богданци, воедно и архиерејски намесник во Гевгелија.

Починал на 5 Јануари 1979 во Струга и вечниот дом му е во родното Вевчани.

Земени податоци од заупокоената беседа на 6 јануари 1979 во Вевчани, изречена од блаженоупокоениот архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј

.