www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,444,444
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


☦Чии молитви ги слуша Господ? Св. Василиј Кинешемски

Многу одамна, си живеел еден свет старец, кој многу се молел и тажел за гревовите на човештвото.

Му се чинело чудно тоа што толку многу луѓе ги посетуваат црквите, се молат на Бога, а сепак живеат така лошо и не отстапуваат од гревовите. „Господи – велел тој – зарем не ги слушаш нашите молитви? Ете, колку многу луѓе постојано ти се молат да живеат во мир и покајание и никогаш не можат. Си велел: Зарем суетна е нивната молитва?“

Еднаш, така потонат во тие мисли, тој заспал. На сон му дошил светол Ангел, го зел на своите крилја и го однел високо, високо над земјата… Колку повисоко се издигале кон небото, толку послаби станувале звуците кои доаѓале од земјата.

Едно време, човечките гласови престанале да се слушаат, стивнале песните, викањата, шумот на суетниот световен живот. Само од некаде долетувале хармонични, нежни звуци, како од некој прекрасен музички инструмент.

„Што е тоа?“ – прашал старецот. „Тоа се светите молитви, – одговорил ангелот – само тие се слушаат тука.“ „Но зошто така слабо се слушаат? Зошто се толку малку и ретки? Нели сега, во овој час, храмовите се полни со луѓе кои се молат?…“ – зачудено прашал старецот. Ангелот го погледнал неговото ожалостено лице и рекол: „Сакаш ли да знаеш зошто? Самиот види…“

Далеку под нив се гледал голем храм. Ангелот замавнал и чудесна сила го отворила неговиот свод, така што старецот можел да види се’ што се случувало внатре во храмот. Храмот бил полн со народ. На клиросот бил нареден голем хор. Свештеникот во целосна одежда стоел во олтарот. Започнала богослужбата.

Но каква богослужба било тоа, не било возможно да се опише – богослужба без ниту еден звук. На левиот клирос долгобрад чтец нешто читал, неговите усни мрдале, но ниту едно слово не стигало до небото.

На амвонот изглегол огромен ѓакон, со рамномерен гест ја наместил својата прекрасна коса, со уметничко движење го подигнал орарот, ја отворил широко устата, но… повтоно ниту звук! На клиросот диригентот раздавал ноти, хористите се подготвувале да запеат.
– Тоа е хор, сигурно ќе се чуе, – помислил старецот. Диригентот удрил со тонометарот, го доближил до увото, дигнал рака и дал знак хористите да започнат. Повторно потполна тишина. Чудна глетка – диригентот мавтал со рацете, поттропнувал со нозете, басовите се црвенееле од напрегнување, тенорите се исправувале на прсти и високо ги растегнувале вратовите, устите на сите им биле широко отворени, но пеење немало.

– Што се случува тука? – се вчудоневидил старецот. Тој го префрлил својот поглед кон оние што се молеле.

Тие биле премногу, храмот бил преполн, луѓе на различна возраст и со различен социјален статус, мажи и жени, старци и деца, трговци, бизнисмени, „прост народ“. Сите се крстеле, се поклонувале, припаѓале, мнозина нешто шепотеле, но ништо не се слушало.

Црквата била нема. „Што се случува тука?“ – повторно прашал старецот. „Да се спуштиме на земјата и ти самиот ќе видиш и разбереш…“ – одговорил ангелот.

Ангелот повторно замавнал и тие станале невидливи за оние што се молеле во храмот. Една жена, која била беспрекорно благочестиво облечена, застанала пред сите во храмот и навидум усрдно се молела.

Ангелот се доближил до неа и невидливо ја допрел нејзината рака… Во тој момент, старецот го видел нејзиното срце и и’ ги дознал мислите: „Ах, таа одвратна сосетка – си мислела таа – пак е со нови обувки! Мажот и’ е пијаница, децата неранимајковци, а таа само се чуди со што ново да се накити!“ Недалеку од неа стоел крупен локален бизнисмен, прекрасен со марка костим, со блескаво бела кошула, кој замислено го беше вперил погледот во иконостасот. Ангелот го допрел и тајните мисли на бизнисменот се откриле пред старецот: „Ех, ама здодевност! Поевтинија… Таа стока сега ништо не чини!
Колку илјади загубив, а можеби и десетици илјади…“

Од десно стоело младо момче. Тој речиси и немал време да се моли, затоа што се’ се вртел и загледувал во левиот дел од храмот, каде благочестиво стоеле жените. Газел од нога на нога и на одредени интервали се зацрвувал. Ангелот го допрел и него и старецот во неговото срце прочитал: „Ох, ама е убава Ленка! Се’ има – и лице, и чекор, и работа… Да имав една таква жена! Дали ќе се согласи ако и’ предложам?“

Ангелот до многумина се допрел и во сите имало слични мисли – пусти, празни, световни. Сите стоеле пред Бога, но за Бога не мислеле, само си придавале благочестив изглед.

„Сега, разбра ли? – прашал ангелот. – Такви молитви до нас не стигаат. Затоа и ти се чини дека сите се неми…“

Во истиот миг, јасно се чуло ѕвонливо детско гласче: „Господи, Ти си благ и милостив… Спаси, помилуј и исцели ја мојата болна мајка!“ Старецот погледнал наоколу и, во аголот, притиснато до ѕидот, видел мало момченце кое тивко плачело и на колена се молело. Ангелот ги допрел неговите гради и старецот го видел детското срце. Таму имало само тага и љубов:– Ете ги молитвите што се слушаат кај нас! – рекол ангелот.