www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,074
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


19. ДЕВЕТНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

(Лука 6: 35)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

„Вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо“

До доаѓањето на Спасителот Христос на земјата, раководно начело во животот на луѓето било старозаветното правило: „Око за око, заб за заб“. Луѓето не знаеле да им простуваат на сличните на себе, ниту, пак, да ги љубат своите непријатели. За најмала навреда се возвраќало со жестока освета. Взаемна љубов и услуги можеле да постојат само меѓу своите најблиски и роднини, и тоа само до извесен степен. Но, туѓинците и несреќниците биле лишени од тоа. Недостатокот на љубов и простување ги правел луѓето да бидат егоисти и груби, а нивниот живот – мрачен и тежок. За да се живее еден мирен, блажен и угоден живот немало никакви услови. А човечката душа постојано чезнеела за такво нешто. И ете зошто Христос, Синот Божји, доаѓа да покаже нови, божествени начала, па луѓето раководени од нив, да достигнат мирен и спокоен живот. Токму во денешното евангелско четиво слушнавме и една заповед, за тоа време сосема нова и дотогаш потполно непозната, заповед која важи и до ден денес и која никогаш не изгубила ништо од својата актуелност: „Вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо“.

Во овие евангелски зборови подвлечени се нови начела, проповедани од Спасителот Христос, начала на семилостива христијанска љубов која знае да простува. Само таа евангелска љубов е во состојба да внесе мир и радост во овој свет. Луѓето со право сакаат да не им се нанесува зло, но сакаат и да им се прави добро. Но, Христос напоменува дека тоа зависи само од нас самите. Самите ние треба да даваме пример на другите како да го прават тоа. Затоа Спасителот напоменува: „Како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!“ (Лука 6: 31).

Но, целосно духовно богатство христијаните не можат да најдат во тоа взаемно правење на услуги. Да се направи добро на оној, кој веќе ни направил такво добро, тоа значи да се исплати својот долг. Убаво е да се сака оној, кој нас нè сака. Не е штетно да се даде на заем на оној, кој некогаш и нам може да ни позајме нешто. Но, да знаеме дека таквите услуги не се штетни, но од тие услуги не можеме да имаме никаква духовна корист. Таквите услуги ги прават и неверниците, и грешниците, и егоистите. Спротивно на овие нормални услуги, кои луѓето си ги пружаат едни на други, Христос денес ни порачува да не бидеме непријатели за оние кои нè мразат и кои ни нанесуваат зло; да правиме добро и да им пружаме помош на бедните, сиромасите и онеправданите, кои со ништо друго нам нема да можат да ни се оддолжат за пружената помош, освен со искрена благодарност.

Љубовта и простувањето, милосрдноста и добродетелноста претставуваат високи божествени начала, кои се во можност да го намалат злото во животот, бидејќи тие можат да ја згаснат злобата и непријателството меѓу луѓето. Да го возљубиш и својот непријател, кој те навредил до дното на душата, и да му направиш услуга; да му простиш и да му направиш добро на својот ближен кој ти наштетил; да им помогнеш на бедните и сиромасите – ете тоа се подвизи кои заслужуваат и благодарност и награда. Тие подвизи се православно – христијански подвизи, кои ќе ги направат луѓето да бидат синови на Севишниот. Само на тој начин тие навистина ќе почнат да бидат милостиви, како што е милостив и нивниот Отец небесен.

Сите ние честопати се жалиме дека живееме во лоши времиња и дека преживуваме тешки и тажни денови. Притоа, навикнати сме за сето тоа да ги обвинуваме другите. Но, треба да признаеме дека и ние носиме кривица за сето тоа. Времињата се онакви, какви што се и луѓето. Ако луѓето се раководат и живеат според законот на љубовта, правдата и братското простување, тогаш и времињата ќе бидат добри. Но, ако времињата се лоши, а деновите тешки, тогаш, причина за таквото нешто се луѓето, вклучително и ние самите. А зарем не е вистина дека денес луѓето повеќе сакаат да живеат што подалеку од Божјиот закон, без вера и морал, без правда и братољубие? Ниските страсти и подлите освети ги прават луѓето да бидат непријатели едни на други, взаемно да се крадат и да си нанесуваат штета едни на други. Сето тоа се случува пред нашите очи. Дали се обидуваме на некој начин да се одвратиме самите себе и своите ближни од тој нехристијански живот?

Ние не сакаме да ни прават зло, тогаш, да избегнуваме и ние да правиме зло некому! Ако сакаме среден живот и радосни денови, тогаш, да работиме на тоа! Да живееме според Божјиот закон, да се наоружaме со љубов и милосрдност и да се бориме против злото кое го притиска нашиот живот и животот на ближните. Да проштеваме и да ги возљубиме своите непријатели, да ги поразиме со својата христијанска љубов! Ето тоа нè учи Христос!
Во контекст на сево ова, поучна е следната приказна за двајцата рибари:

Некој стар рибар веќе два дена ловел риби на отворено море. Во негова близина истото тоа го правел и неговиот најголем непријател. Веќе се стемнувало, кога стариот рибар се приближувал до брегот, а неговиот чамец бил преполн со одличен лов. Но, одеднаш настанала страшна бура. Морето се вознемирило, се разбранувало, а огромните морски бранови со ужасен тресок се удирале во крајбрежните стени. Веќе настапил целосен мрак и ништо повеќе не се гледало. Сред тие страшни бранови стариот рибар слушнал од морето очајни повици: „Помагајте, пропаднав!“. По гласот, старецот се сетил дека тоа е неговиот непријател, чиј чамец веќе бил оштетен и потонувал во морето. Старецот веднаш го исфрлил во морето целиот свој лов, храбро влегол со чамецот во огромните бранови, со опасност по својот живот, стигнал и успеал да го спаси својот најголем непријател.

Кога спасениот рибар се освестил и кога сфатил кој го спасил, се зачудил. Тој веднаш ги понудил сите свои пари како награда за неговата добрина. Но, старецот одбил да ги прими, одговарајќи му: „Поинаку јас не можев да постапам“. „Како не си можел?“ – се зачудил спасениот. „Никој не те присилуваше да го изложуваш својот живот на опасност, за да ме спасиш. Освен тоа, јас отсекогаш ти бев непријател, па ти можеше и поинаку да постапиш“. „Не, одговорил стариот рибар, јас поинаку не можев да постапам, зашто сум христијанин!“.
Непријателот бил победен. Допрен длабоко во срцето, братски го прегрнал својот спасител и низ солзи извикал: „Брате мој, ти не го спаси само моето тело, туку ја спаси и мојата душа!“. И од тој момент злобниот непријател се преобратил во вистински добар христијанин. А секој од нас може да замисли каква радост и среќа би била за нас, кога сите ние би постанале такви добри христијани.

И така, од нас луѓето зависи дали времињата ќе бидат добри или лоши. Секогаш, кога луѓето долго време не се сеќаваат на Божјиот закон, кога ги газат правдата и братољубието; кога ќе почнат да ги следат своите ниски страсти и да работат само за своите груби материјални интереси – времињата ќе бидат зли и животот тежок. Затоа, ако сакаме добри времиња и радосни денови, треба да ги исполнуваме Христовите заповеди, кои денес ни ги спомнува Евангелието. Можеме да ги љубиме своите најблиски и своите роднини, можеме да им правиме услуги на оние, кои и нам можат да ни услужат. Но, треба да знаеме дека за вистински православен живот не е доволно само тоа. Неговата полнота се изразува во љубовта кон непријателите, во милосрдноста и добродетелноста кон сиромашните и несреќните.

Значи, да ги љубиме своите непријатели, да правиме добро, да даваме на заем не надевајќи се на ништо. Само тогаш ќе добиеме голема награда. Само тогаш ќе бидеме синови на Севишниот. Да бидеме милостиви како што е милостив и нашиот Отец небесен. Амин!

Протоереј Златко Ангелески