www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,045
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


20. ДВАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

(Лука 7: 13)
„Не плачи!“
Воскресението на синот на наинската вдовица:

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

„Не плачи!“ – се зборовите со кои Господ Исус Христос ѝ се обратил на вдовицата, која ја сретнал во погребната поворка и која тргнала кон гробиштата да го погребе својот единствен син. Пред извесно време таа го загубила својот маж, а еве, сега се простува и од својата единствена надеж, љубов и радост – од нејзиниот син.

Страшно е кога ќе се загуби некој од своите најблиски – родители, браќа и сестри, пријатели. Но, сигурно, нема ништо полошо за родителот, кога го губи своето најмило, своето чедо. Тогаш целиот негов живот се менува, сè се превртува, ја губи својата смисла и се доведува до состојба на безнадежност. Ниту во најмала мерка можеме да си претпоставиме низ какви тешки мигови поминала и Пресвета Богородица, мајката на Господа Исуса Христа, стоејќи под Крстот на својот Син. Таа никогаш не би била и наша мајка, доколку не поминела низ тоа огромно и безмерно страдање, за кое преподобниот Силуан Атонски рекол: „Кога Пресвета Богородица стоела при Крстот, како океан била безмерна нејзината жал; и маките по нејзината душа биле неспоредливо поголеми, отколку Адамовото мачење по истерувањето од рајот. Сепак, таа останала жива и по тие тешки страдања, единствено благодарејќи на Господовата сила која ја зацврстила, зашто Господ благоволил да биде удостоена до Го види својот Син воскреснат“. Тагите, жалостите и страдањата на сите мајки Пресвета Богородица ги понесла со себе, па затоа кон неа се насочени нашите срца, кога тие ќе се најдат во мигови на очајание и тага по загубата на најближните.

Читајќи го денешниот евангелски расказ за тоа, како Господ Исус Христос го воскреснал синот на вдовицата во градот Наин, ние и несакајќи си го поставуваме прашањето: зошто чудата тогаш биле можни и зошто тие не се случуваат и денес? Зошто мајките и понатаму ги губат своите деца, а Бог не ги воскреснува? Зошто секој од нас ги губи своите ближни и не може да ги воскресне, иако силно и упорно се моли? Зошто, токму оние, кои најмногу ги љубиме и кои најмногу ни значат во овој живот, заминуваат од нас, па дури и предвремено и неочекувано? Зошто Бог, Кој го воскреснал синот на Наинската вдовица, не ги воскреснува нашите синови, ќерки, браќа, татко, мајка…?

Праведниот Јов, за кого се говори во старозаветните книги од Светото Писмо, откако ги загубил сите свои деца, ја раскинал својата облека во знак на жалост, па рекол: „Господ даде, Господ зеде… Нека е благословено името господово!“ (Јов 1: 21). Јов бил храбар, мажествен и длабоко верен човек, кој се смирил под крепката рака Божја (1. Петр. 5: 6). Но, има ли меѓу нас некој способен да ја прифати загубата на своите најблиски со таква вера и смирение, како што тоа го направил праведниот и многустрадален Јов. Наместо да се трудиме да поседуваме такви брилијантни квалитети, нас нè мачи прашањето: зошто? И ние не наоѓаме одговор на тоа прашање, зашто во овој живот на тоа прашање не постои одговор. Само во идниот живот, кога ние повторно ќе се сретнеме со нашите роднини и ближни, ќе сфатиме зошто било потребно сите ние да умреме, за потоа и да воскреснеме.

Една работа потребно е секогаш да ја знаеме: смртта никогаш не претставува казна за било што. Смртта претставува врв на човечкиот живот, негов венец и крај. Човекот живее за еден ден да умре и да премине во вечниот живот и подобар живот. Смртта понекогаш, можеби, наликува како казна за гревот, зашто Господ никогаш не заборава да нè подучува во секоја минута од животот, а на таков начин и да ги исправа нашите животни патеки, па било да е тоа и преку смртта на нашите ближни. Но, за самиот човек, кој дури умрел и предвремено, на пример, во некаков несреќен случај, па дури и да умрел без покајание, смртта за него не претставува казна. Смртта е премин за во другата страна, каде што човекот го очекува средба со Бога. А ако смртта ни изгледа предвремена според човечките мерки, таа никогаш не е предвремена во Божјите очи. Само Бог точно го знае оној момент, кога секој од нас треба да умре, и само Он го определува денот и часот на нашата смрт.

Но, сепак, луѓето секогаш ќе ги мачи истото прашање: зошто луѓето умираат предвремено? Пред сè, заради тоа што многумина созреваат за средба со Бога и растат во полната мера на духовниот раст и возраст, многу порано, пред да ја достигнат телесната старост. Земниот живот е само подготвителна етапа кон идниот и вечен живот. Во споредба со вечниот живот, и сто, и седумдесет, и педесет, и дваесет, и десет години од овдешниот живот се само еден краток миг. Но, има и друга причина, според која човекот може да умре предвремено. Тоа се случува кога човекот толку многу е задлабочен во гревот, така што неговото понатамошно пребивање на земјава постанува бесмислено, па Бог го прекратува неговиот земен живот, зашто за таквиот човек не постои ниту надеж за сопствено спасение, па Бог ја доверува грижата за неговото спасение на молитвите на светата Црква. Страшно е да се умре во грев; да се умре, а да не се успее во покајанието; но, сепак, тоа е многу подобро, отколку да се доживее таква состојба, кога духовното поправање постанува невозможно.

Сега, кога го знаеме сево ова, треба да сфатиме дека, во суштина, смртта и не постои, а фактот дека ние гледаме и понатаму умирања, треба да го толкуваме дека тоа единствено се однесува за смртта на телото. Човекот не умира, туку само во еден одреден период се разделува од своето тело, се разделува од овој свет и се преселува во другиот, невидлив свет. Во Бога нема мртви, зашто: „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите“ (Лука 20: 38). И ќе настапи време, кога по еден заповеден збор на Спасителот, сите кои се умрени ќе се разбудат и сите ќе воскреснат за вечен живот. „Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и дошол веќе, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и, штом го чујат, ќе оживеат… И ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5: 25, 29) – ете така говори Спасителот.

Свети апостол Павле не се разжалостувал при помислата на смртта, туку се радувал; не се плашел од смртта, туку ја посакувал. „Сакам да умрам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу подобро“ (Филип. 1: 21), им пишувал тој на Филипјаните. На ист начин потребно е и ние да размислуваме за феноменот наречен смрт, зашто Христос го уништил нејзиното осило и денес за нас смртта не претставува зло, туку придобивка (спореди: Филип. 1: 21).

Но, сепак, ако не се плашиме од смртта, тогаш мора да постои нешто, од кое мора да се плашиме и да чувствуваме спасителен страв. Единствено нешто од кое треба да се плашиме, тоа е гревот, кој може и душата и телото да ги фрли во геената огнена. Гревот навистина е страшно зло, од кое душата помрачува и од кое, наместо радост и мир, во нас се вселува тага и жалост. Сепак, Спасителот ни подарил избавување и од ова најопасно зло – светите Тајни Покајание и Причест. Затоа, да ги исповедаме своите гревови и да се причестуваме, па на таков начин повторно ќе ја заживееме душата, зашто „крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев“ (1. Јов. 1: 7).

Со зборовите „Не плачи!“ денес Христос се обраќа до секоја мајка и до секој еден од нас, кој загубил некој од своите ближни. Да не плачеме, зашто ќе воскреснат нашите синови, ќерки, браќа и сестри, родители… Да не плачеме, зашто сите ние, еден по друг, ќе умреме, но и ќе воскреснеме за да се сретнеме повторно еден со друг. Да не плачеме, зашто сите наши упокоени ближни, оставајќи го земниот живот, преминале во подобриот, во оној, за кој преподобниот Симеон Нов Богослов рекол дека во споредба со него, овдешниот живот е словесно небо, кое е нацртано со молив на хартија, за разлика од реалното небо. Да не плачеме, зашто ќе настапи време, кога „ќе ја избрише Бог секоја солза“ од очите човечки „и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откр. 21: 4) Амин!
„Не плачи!“

Протојереј Митко Попоски
Виндзор Канада