www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,082
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Музеј на МПЦ

МИТРАТА на Охридските архиепископи, која е земена (украдена) од Охрод, од црквата света Богородица Перивлепта, од страна на бугарската војска во 1916 година, за време на Првата Светска војна. Се наоѓа во еден од музеите во Софија.
Оваа митра е подарок од Венеција на еден од охридските архиепископи. Тежи 1,5 кг чисто злато и на себе има 329 скапоцени камења.
Ја носел и последниот (пред укинувањето) архиепископ Арсениј…

Во Софија има над 80 реликвии, сопственост на Охридската архиепископија…

Архиепископскиот жезол се наоѓа во Зографскиот манастир на Света Гора…“

 

 

ЗОГРАФСКИОТ МАНСТИР
ВО СВЕТА ГОРА


Охриѓани основачи на Зографскиот манастир во Света Гора

Манастирот Св. Ѓорѓи Зограф на Света Гора изграден е кон крајот на IX или почетокот на X век. Според легендата основан бил од тројца браќа од Охрид. Најраниот документ кој зборува за неговото постоење датира од 980 година. Во него се замонашиле и подвизувале голем број знаменити македонски дејци меѓу кои игуменот Калистрат Зографски од Струга, архимандритот Анатолиј Зографски од село Могорче, Партениј Зографски и др.

Според легендата импозантниот манастир Св. Ѓорѓи Зограф е основан во 919 година од тројца браќа од Охрид, кои барале тивко место за да му се посветат на Бога. Но, браќата Мојсеј, Арон и Јован не можеле да се одлучат кој да биде покровител на манастирот, па затоа одлуката ја препуштиле на Бога. Тие подготвиле даска која ја оставиле во Црквата и додека длабоко во ноќта се молеле, повикувајќи го Господ да им го открие името на светецот, необична светлина се разлеала од новоподигнатиот храм. Кога влегле во Црквата, браќата виделе дека на даската бил саможивописан ликот на Св. Великомаченик Ѓорѓиј. Оттаму тие го нарекле „Изограф“, односно „се самообразил“.

Се верува дека манастирот Св. Ѓорѓи Зограф за првпат доаѓа под бугарско влијание дури во XIII век. Ова може да се види и од Зографското евангелие кое е пронајдено 1843 година во Зографскиот манастир. „Тоа е глаголичко четвероевангелие од крајот на X и почетокот на XI век, кое се наоѓа на 272 листа од кодексот што содржи вкупно 304 листови и се чува во Санкт Петербург. Некогашната празнина од една тетратка пополнета е со глаголички текст што потекнува од XI–XII век. Дел од 15 лист (од вкупно 16 листа) на оваа тетратка го содржи т.н. Зографски палимпсест (т.н. Фрагменти на глаголички старомакедонски текстови). Последните 16 листа од кодексот содржат месецеслов од XIII век и се пишувани со кирилица. Преписот се лоцира во Македонија. Во лексиката, покрај архаичната охридска традиција, се забележуваат траги и од симеоновската редакција на старословенски јазик“ (М.Е. Скопје, 2009).

Воспоставувањето на Унија со Западната црква од страна на Михаил VIII Палеолог во XIII век предизвика отпор во православната црква. Монасите се спротивставиле на Унијата и како резултат на нивниот отпор во 1275 година 26 монаси од манастирот Зограф биле мачени и изгорени живи при напад на крстносците (каталонски платеници).

Импресивниот манастир Св. Ѓорѓи Зограф бил обновен од молдавскиот Војвода Стефан III Велики во 1502 година. Се` до 1845 година во Зографскиот манастир, покрај бугарските и македонските монаси, служеле српски и грчки монаси.

Во Зографскиот манастир дејствувал истакнатиот творец од областа на византиското пеење игуменот Калистрат Зографски, роден во 1830 година во Струга. Овој одличен теолог, филолог и музиколог, кој во световниот живот како Крстан Санџаковски предавал грчки и црковно пеење, по замонашувањето во Зографскиот манастир создал калиграфско и музичко училиште. За потребите на училиштето напишал основна музичка литература „Источното црковно пеење“ во четири тома. Прв ги преведува и печати службите на „Св. Климент Охридски“, „Св. Наум Охридски“ и „Св. Седмочисленици“ од старогрчки на црковнославјански јазик, запишани во „Москополскиот кодекс“. Калистрат Зографски умира во 1914 година, а моштите му се чуваат во манастирската костурница.

Извесно време епитроп на Зограф бил и архимандритот Анатолиј Зографски од село Магорче, македонски преродбеник кој монашкиот живот го започнал во Бигорскиот манастир. Во манастирот престојувале и Охридскиот митрополит Натанаил, Пелагонискиот митрополит Евстатиј, Велешкиот епископ Јосиф и други наши црковни високодостоинственици што биле зографски монаси. Во Зографскиот манастир во 1842 година се замонашил и Партенија Зографски (Галичник 1818 – Цариград 1876), кој е првиот македонски учебникар и еден од најистакнатите културни и црковни работници од XIX век.

Во манастирската ризница и библиотека, се наоѓаат предмети и мноштво документи и книги поврзани или напишани од познати македонски дејци. Меѓу реликвиите се наоѓа и жезолот на последниот поглавар на Охридската архиепископија, Арсениј, кој бил принуден да потпише оставка од местото поглавар на Архиепископијата, а потоа и од митрополитскиот чин. По враќањето од Цариград во 1767 година, наместо во Охрид, Арсениј заминал во светогорскиот манастир Зограф, каде во скромна монашка ќелија го минал остатокот од својот живот. На пожолтена хартија на жезолот стои запишано на бугарски јазик, дека: „Тоа е жезлото од дрво од последниот патријарх Гулгарци Арсениј од Охрид уништен од грчкиот патријарх Самуил, 15 јануари 1767 година“ ( К. Кипроски – „Зографскиот манастир ги чува тајните на македонските дејци“, Утрински весник, 21.10.2011).

Интересни се настаните поврзани со Зографскиот манастирот, а кои се случуваат за време на Балканските војни. Во текот на Првата балканска војна, по истоварувањето на грчките андарти на Света Гора, Бугарската воена команда во Солун, во ноември 1912 година решава да испрати војска за да ги заштити „бугарските“ монаси во манастир Св. Ѓорѓи Зограф. Командирот на 7 Рилска дивизија, генералот Тодоров, испраќа шеесет и два војници од 14 македонски пешадиски полк (македонски ополченци) со кој раководи Ѓорѓи Цветинов. Цветинов не бил случаен човек. Тој бил воспитаник на духовната семинарија во Санкт Петесбург и добро ги познавал каноните на православието и лесно можел да се разбере со монасите.

Грчките војници во неколку наврати се обиделе да ги избркаат македонските ополченци од Зографскиот манастир. Тие предупредиле дека нема да дозволат македонските ополченци да шетаат на „грчка“ земја. Откако претходно уапсиле и прогониле 6 војници, во јули 1913 година грчките војници заедно со наоружани грчки попови го обиколиле манастирот. Тие се заканиле дека истиот ќе биде запален доколку не се предадат „бугарските војници“. За да го зачуваат Зографскиот манастир, Цветинов носи решение и заедно со неговите војници се предал на грчката војска. Тие биле одведени како воени затвореници. Благодарејќи на присебноста на Цветинов и македонските ополченци, Зографскиот манастир бил спасен од ново разрушување.

Инаку, Зоографскиот манастир е деветти по ранг во хиерархијата на светогорските манастири.

Тихомир Каранфилов


Претставува

прота Митко Попоски
Виндзор Канада

 

 

Железна црква „Свети Стефан“ во Истанбул
изградена од Македонци

Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и македонци од егејска македонија. Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит. Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја.

Црквата „Свети Стефан”е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал. Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови!?

Проектот за црквата „Св. Стефан“ бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма “Вагнер”. Тоа е истата фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг. Железните елементи за црквата биле пренесени со стотина бродови од Виена по Дунав и Црно Море за Цариград, а склопувањето траело три години. Архитектонскиот стил на црквата е барокна и е слична на некои реализации на Андреа Дамјанов. Денес само неколку цркви во Австралија и македонската инвестиција во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот! Самата црква е посветена на кнезот Стефан Богориди, а неговите мошти се наоѓаат во олтарот иако тој бил висок и влијателен офицер на отоманската империја. Богориди е роден 1775 г. во Котон, денешна Бугарија, а умира 1859 г. во Цариград. Го подржувал Горги Раковски, пријател и соработник на Константин Миладинов, и организатор на тајното македонско друштво во Атина.

Во дворот на црквата се погребани многу познати личности како црковните дејци: Илирион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, како и Партенија Зоографски, кој е првиот македонски архимандрит произведен од страна на цариградскиот патријарх, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија. Прво околу што се заложил новиот владика било воведување на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влијанието на грчката црква. Тој е автор на многу дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Партенија Зографски ги систематизира разликите помеѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа.

Иако црквата „Св.Стефан“ е изградена од македонскиот верски и градежен занес, иако во нејзиниот двор е погребан првиот македонски владика, сепак како да е изоставена од македонската културна оставнина. Добро е барем што вредностите кои ги остави македонскиот занес се со такво ниво што светското културно наследство не може, а да не се погрижи за нив.

Колку ли има македонски дејци, сјајни автори и споменици на македонската историја кои остануваат невидени и непознати за нас наследниците во оваа денешница? Македонија не ќе може да биде Македонија ако сите сјајни делови од нејзиното културно наледство им ги препушти на чување на другите. Македонија мора да ги знае и да ги чува. Затоа почит кон сите оние кои дале свој допринос во градењето на македонската културна оставштина насекаде во светот и на сите оние кои се грижат за неа.

Железната црква “Свети Стефан“ е Македонска црква затоа што ја изградиле Македонците во Цариград, независно што сега е под јурисдикција на Бугарската православна црква, пишува весникот на Македонското друштво од Тирана, Илинден, и продолжува: Може ќе даде Господ еден ден повторно да биде под јурисдикција на Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија и Јустинијана Прва, како што било и треба да биде!

Отпочеток била изградена од дрво. Грците им ја палеле неколкупати црквата на и затоа Македонците решиле да ја изградат за никогаш да не изгори. Султанот им дал рок за изградба, а Македонците чорбаџии ја порачале во Австрија, целата била конструирана таму, направена само од железо, склопена на месноста Фанарот каде што и денес се наоѓа. Ја изградиле во најбрз рок, во неа има само железо и штрафови, во железната црква нема дрво, камен, цемент, вар или тули. Целата црква е од железо и како таква претставува уникатно ремек дело во градителството на православниот свет, заштитена со закон како национално културно-историско наследство! Во неа и денес се црквуваат само Македонци кои живеат во Истанбул, се разбира турски државјани, чии корени се од Егејскиот дел на Македонија!

Во Железната црква “Свети Стефан“ служеле многу Македонци епископи и свештеници. Во Железната црква “Свети Стефан“ е гробот на последниот полински (дојрански) епископ Партениј Зографски, хиротонисан од Цариградската патријаршија. Партениј Зографски истовремено бил учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите Македонци во 19 век во Македонија.

Претставува
Отец Митко Попоски 2022

 

ЦРКОВНИ РЕЛИКВИ УКРАДЕНИ ОД ОХРИД

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ….

При еден случаен престој во 1967 година во Охрид, Јован Поповски пред една маалска фурна забележал купче стара хартија. Чекајќи да купи печиво, ја прелистувал старата хартија и забележал еден историски документ од времето на бугарската окупација 1916 во Охрид. Документот го прибрал и се видело дека тој е многу драгоцен. Еве содржина на тој документ:
“Денеска, 28 ноември 1916 година, врз основа на телеграмата на претседателот на Владата д-р Радославов, од 21 о.м. под број 17762 составен е овој акт за собраните, спакуваните и испратените на привремено чување во Софија долуназначени црковни старини, сопственост на градот Охрид:

1. Икона од Христа спаситела со трнов венец, подарок на охридскиот архиепископ Димитрис Коматина од 13 век.
2. Натпис на плоча на бронза полилеј, подарок на Прокопие, архиепископ на Прва Јустинијана од 16 век.
3. Плаштеница сопственост на манастирот „Свети Наум“.
4. Плаштеница на Андроник Палеолог, сопственост на црквата ’Свети Климент‘.
5. Сребрен путир сопственост на манастирот „Свети Наум“.
6. Позлатен путир, сопственост на манастирот „Свети Наум“.
7. Златна круна на Свети Климент со емајл и крст.
8. Четириесет стари антамисти.
9. Дарохранилница од масивно сребро декорирана со релјефи, сопственост на манастирот ’Свети Наум‘.
10. Една голема сребрена кутија со моштите на Света Матрона.
11. Сребрен крст, позлатен, со бесценети камења, во дарохранилницата.
12. Сребрен масивен крст од 1742 година.
13. Две покривки, подарок од Дука Комнен.
14. Две старословенски евангелија со сребрени корици, сопственост на манастиорт ’Свети Наум‘.
15. Старословенско евангелие, во ракопис, со кадифени корици.
16. Летопис од Јован Скилица од 13 век, во дрвена кутија.
17. Голем сребрен позлатен крст.
18. Жезлото на Свети Климент од слонова коска, со змија.
19. Едно старо евангелие со ликот на свети Климент од слонова коска и ликови на други светци.
20. Дваесет стари словенски ракописи.
21. Една сребрена икона, изработена во релјеф.
Вкупно: осумдесет и четири предмети
Овој акт е составен и потпишан од присутните во четири примероци и тоа: еден за министер претседател г. В. Радославов, за Охридското окружно началство, за светата Охридска митрополија и за Народниот музеј во Софија.
Охридски окружен началник, Г. Петров
Охридски митрополит, Борис
Околиски началник, П. Чауле
Секретар на окружното началство, Л. Огненов
Охридски граѓанин, С. Сарџов“