“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
СВЕТИ СПИРИНДОН ЧУДОТВОРЕЦ
25 Декември
Свети Спириндон бил роден во градот Тримифунт од скромни родители, кои се бавеле со земјоделие, тој секогаш и бил најголема поткрепа на своите родители, како и самиот бил и останал скромен и смирен се до својата смрт. Во младоста се оженил и имаше деца. А жената му умрела многу рано и тој сиот се предал во служба на Бога. Заради неговото особено благочестие бил избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го изменил својот скромен и прост начин на живеење. Свети Спириндон како епископ и понатака го продолжил својот начин на живеење, трудејќи се самиот лично околу својата стока и обработката на земјата. За себе многу малку го употребувал стекнатото, поголемиот дел им го раздавал на бедните луѓе. Со Божјата сила покажал а и денес покажува големи чуда: тогаш измолил од Бога дожд во време на суша, го запрел и го сменил текот на реката, спасувајќи го населението од поплава. Воскреснал неколку мртовци, го исцелил царот Констанц од тешка болест, ги видел и ги слушнал ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обратил во вистинската вера итн. Учествувал на Првиот Вселенски Собор 325 година во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги извршил, голем број еретици ги повратил во Православието. Бил и е, облечен во толку едноставна архијерејска облека, што кога еднаш поканет од царот сакал да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удрил шлаканица. Кроткиот и незлобив Спиридон му го светел и другиот образ. Откако Го прославил Бога со многубројни чуда и на многумина им бил од корист, какп и на целата Божја Црква, се упокоил во Господ во 348 година.
Неговите чудотворни мошти денес се наоѓаат на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.
Веќе 1.700 години неговите мошти се нетрулежни, со својства на живост! Косата и ноктите и денес му растат и се одржуваат! Како и неговите обувки и облека се менуваат секој 6 месеци, бидејќи се изветвуваат и трошат! Неговите мошти имаат редовна човечка температура 36,6 степени!
Покрај сите испитувања кои се направени, ништо неможе да се докаже и утврди! Сите тоа го потврдуваат за БОЖЈО ЧУДО!
Подготви
отец Митко Попоски, 2022