www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,529
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Свети апастол Павле во Македонија

Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, светиот апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал меѓу еврејското и паганското население.

Свети апостол Павле во Македонија бил четирипати. При второто мисионерско патување, во 50 или 51година ги формирал црквите во Филипи, Солун и Бер (Дела 16,9-17). При своето третото мисионерско патување, во 57 година, посетувајќи ги вторпат истите места. Заедно со Лука ја крстосувал Македонија, проповедајќи го Евангелието низ сите македонски градови до Илирик и до источниот брег на Јадранското Море. Во тоа време, во Македонија, го напишал и го испратил Второто послание до Коринтјаните (Дела 20,1-2. Кор. 2, 12-13; 2. Кор 7,5-9; Рим 15,19; Дела 20,2). 3) Во 58 година минал по третпат низ Македонија, враќајќи се кон Ерусалим и ги посетил градовите по обратен ред: Бер, Солун, Филипи (Дела 20,3-6). 4) И, четврти пат, кога од Македонија го напишал и испратил Првото послание до Тимотеја, во 64/65 година (1. Тим. 1,3).

Своето прво патување надвор од Азија, апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година, а завршило во 54 година, при што во текот на тие години апостолот Павле посетил и некои грчки градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини за што сведочат и „Делата Апостолски“. . На тие негови патувања го придружувале: Лука, Тимотеј, Сила и Тихик, кои и самите, независно од светиот апостол Павле, работеле на христијанизацијата на народот на овие простори. Низ Македонија проповедал и Апостол Андреја, кој го поставил Апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Апостол Силуан бил првиот епископ на Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Од учениците, Аристарх и Секунд биле по потекло од Солун, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој најверојатно се наоѓал накаде меѓу Струмица, Паљурци и Валандово.

Во тоа време Македонија била во составот на Римското Царство, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во Дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели: „Преку ноќта Павлe имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ‘Дојди во Македонија – помогни ни!’ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нè повикал таму да го разгласуваме Евангелието. И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента во Неапол, и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена. А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени“ (Дела 16, 9-13).

Апостол Павле прв го проповедал евангелието во Македонија.

Филипи

Градот Филипи бил првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството. Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија (сп.Дела 16,12). Изразот „прв“ (prwvth), како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.

Уште со самото пристигнување во Филипи, апостол Павле и неговите сопатници започнале да го проповедат христијанството. Слушателите на апостолот Павле пред сè биле Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и Грци.

Во Филипи според Новиот завет се случило и првото крштевање и тоа на Света Лидија Македонка. Така Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле. Евангелието кога стигнало во Европа не го пресретнале мажите, туку жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Апостол Павле активно ги вклучил и жените во мисионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква. Според верувањата, Света Лидија била гостопримлива па ги понудила апостолите да живеат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот од куќата на Марија – Пресвета Богородица, во Ерусалим. Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за коишто зборува свети Јован во Откровението.

Освен Лидија, во Библијата се спомнуваат и Еводија и Синтихија, како и мажите Епафродит и Климент.

Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот од своето прво затвореништво во Рим (63/64 г. Филип. 1,25-26; 2,24; 4,22; 1,13; 1,1; 2. Тим. 4,9-10), на христијаните од првата Црква во Европа, апостол Павле им напишал Послание и го упатил „до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите“ (Филип. 1,1).

Солун

Откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Тоа се случило во пролетта во 50-тата година по патот Вија Егнација, каде според евангелието по шест дена пешачење пристигнал во Солун. Таму неговата проповед ја прифатиле малкумина од Евреите, додака пак поголем број од оние кои го прифатиле неговото учење биле главно Македонци и Елини. Апостол Павле, Сила и Тимотеј почнале да го проповедаат евангелието во куќата на Јасон, во неговата ткајачница, во приватни домови. И покрај првичните успеси (Дела 17:4) апостол Павле и неговите сотрудници морале ноќе да побегнат и да го напушти градот, бидејќи против нив се побуниле Евреите од Солун, припишувајќи им политички намери „против заповедите на ќесарот, изјавувајќи оти има друг цар – Исус“ (сп.Дела 17:7).

Апостол Павле во Македонија се вратил по осум години. Според Второто послание до Коринтјаните: Кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; во сè бевме во маки; однадвор напади, однатре во страв. Самите прогонства придонеле христијанската заедница од тој крај повеќе да се зближат. На Солунската црква апостолот Павле му дала и тројца сотрудници: Секунд – придружник на последното патување ( Дела 20,4; 27,28; Кол. 4,10; Филип. 1,24) и „Гај и Аристарх Македонци“ (Дела 19,29). Аристарх бил со него и во затворот во Рим.

Бер

Во 51 година, апостолите Павле, Сила и Тимотеј го напуштиле Солун и заминале во Бер, кој се наоѓал во третата македонска управна област каде за прв сопатник на апостол Павле станал Сосипатр Пиров (Дела 20,4). Оставајќи ги Сила и Тимотеја во Берија, свети апостол Павле одлучил да ја напушти Македонија и, по море, заминал за Атина (Дела 17,15).

Македонија и Новиот завет

Во Новиот завет Македонија и Македонците се споменати 28 пати во 24 стихови.
Делови од Библијата каде се споменува Македонија:
„Тој реши да се врати во Македонија…“ (Дела 20,3).
„И излезе за да тргне кон Македонија…“ (Дела 20,1).
„А кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле беше…“ (Дела 18,5).
„Павле науми, откако ќе ја мине Македонија…“ (Дела 19,21).
„Ќе дојдам при вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам“ (1. Кор. 16,5).
„И преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам кај вас“ (2. Кор. 1,16).
„Се фалам со вас пред Македонците дека Ахаја…“ (2. Кор. 9,2).
„Па, ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени..“ (2. Кор. 9,4).
„Гаја и Аристарха, Македонците, Павлови придружници,…“ (Дела 19,29) итн.

Подготви
Отец Митко Попоски