“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ПРОСЛАВА ЗА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СОБОРНИОТ ХРАМ, Скопје, Р. Македонија
На 8.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан чиноначалствуваше на Божествена литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје. Со Архиепископот сослужуваа: Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент, со повеќебројно свештенство и ѓакони, во која што произнесе беседа за делото на првиот Македонски и Сесловенски епископ светиот Климент Охридски. Броен светиклиментов верен народ се причести со светите Христови дарови.