www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,059
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


22. НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА: ЧОВЕКОТ ДО НАС Е НАШАТА МИСИЈА

(Лука 16:19-31)

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Главниот лик од денешнава необична евангелска парабола е безимениот богат човек, додека улогата на сиромавиот Лазар е вторична и е овде заради релацијата со богатиот. Не знаеме точно зошто богатиот по смртта завршил во адот, бидејќи приказната не го открива експлицитно неговиот грев. Единствено што разбравме е дека кога Лазар седел гладен и болен пред неговата врата, сиротиот не добил ништо од трпезата на богатиот.

Очигледно, Бог го испратил Лазар кај богатиот заради неговото спасение, но тој ја игнорирал таа можност. Богатиот добил мисија во ликот на Лазар, кого Бог го поставил пред неговите очи, но тој ја промашил мисијата и се нашол во адот. Па така и ние, и како црква, и како индивидуални христијани, можеби помислуваме дека нашата мисија е некаде „надвор“ и „далеку“ од нас, упатена кон апстрактниот ближен. Но, колку обраќаме внимание за да го воочиме она што Бог го поставил пред нашите очи?

Можеби е лесно да се даде електронска донација преку социјалните мрежи за некој болен или за некоја хуманитарна и благородна цел, па за момент да си ја потсмириме нашата христијанска совест. И тоа е добро да се прави. Ама колку успеваме во мисијата кон оние што се физички блиску до нас? Зашто, првенствено, нашата мисија е конкретната личност до нас. Нашите сопружници, мажот кон жената, жената кон мажот. Оти, преку нив се спасуваме. Тоа се нашите родители и деца. Оти, преку нив се спасуваме. Тоа се нашите колеги и соработници. Оти, преку нив се спасуваме. Тоа се нашите пријатели и сопарохјани од црквата, па и нашите непријатели. Оти, преку нив се спасуваме.

Како свештеник, па и како член на конкретна црковна заедница, бев сведок на безброј примери на браќа и сестри, родители и деца, роднини и пријатели, раскарани заради едно парче земја, заради некои имотно-правни, па дури и многу други побанални причини. А нашата христијанска мисија се токму тие наши, под наводници „непријатели“, на кои треба да им простуваме, од кои треба да бараме прошка, на кои треба да им се најдеме и помогнеме, да ги згрижиме, утешиме, да ги возљубиме. ЧОВЕКОТ ДО НАС Е НАШАТА МИСИЈА. Оти, преку него ние се спасуваме.

Во евангелската сторија, само името на Лазар ни се открива, бидејќи тој имал личносен однос со Бог, додека богатиот ниту знаел за Бога, ниту за молитва, ниту за милосрдие и добри дела, па затоа и останал безимен. Односно, споменот за него во вечноста е заборавен. Имено, затоа ние на погребите и парастасите се молиме: Вечнаја памјат! Се молиме личноста да биде жива во Бога, во Царството небесно, да биде забележана во вечната Божја меморија, преку која таа единствено може да постои: „Не радувајте се што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на небесата“ (Лука 10:20).

Овој живот и сè што Бог ни дал во него треба да го искористиме за изградување на нашиот личносен однос со Бог. Најјасното нешто што Христос го рекол за вечниот живот се состојат во зборовите: „Царството Божјо е во вас внатре“ (Лука 17:21). Односно, Царството Божјо започнува сега, во ова време и во овој свет. Тоа започнува во Црквата Божја и се изградува преку нашиот личносен однос со Христос, нашите ближни и сите оние личности кои Бог ќе ги постави пред нашите очи. По смртта и крајот на овој свет, едноставно продолжува односот што сме го имале или немале, но само со интензитет. Тоа се теолошките концепти што ние ги нарекуваме рај и пекол. Амин!

Отец Георгиј Глигоров