www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,977
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM V

Блажени Симеон архиепископ Солунски

Толкување на молитвата
„Господи помилуј!“

„Господи, Исусе Христе, помилуј ме или скратено: „Господи помилуј!“ Оваа молитва им е дарувана на христијаните уште од времето на светите апостоли; одредено е: непрестано да ја повторуваат. Впрочем, иако и денес многумина го прават ова, сосема малкумина се оние што го знаат значењето на: „Господи помилуј!“ Затоа бесплодно се молат и извикуваат „Господи помилуј!“, а милоста Божја не ја примаат, зашто и самите не знаат што бараат,

Затоа треба да знаеме: каква е таа милост што ја бараме од Господ Исус Христос. Од Него бараме што ни е потребно во нашата сегашна падната состојба; да знаеме дека таа помош се наоѓа во Неговата десница. Зашто Тој, откако се воплотил и станал човек, откако ги претрпел Своите страдања, а со пролевањето на Својата света крв го искупил човекот од рацете на ѓаволот, оттогаш станал Господар и Сопственик на човечката природа на некој посебен начин. На тој начин се што е наше преминало во Неговите раце.

Господ и пред своето вополотување бил Господ на сите созданија, видливи и невидиливи како нивни Создател и Творец. Според битието, тоа е така и ќе биде така, но тоа не е така и според слободната волја на разумните суштества. Демоните, а по нив и луѓето, не сакале да Го имаат за свој Господ и Заповедник, и се одвоиле од Него, Кој е вистинскиот Господар на се. Зашто предобриот Бог, откако ги создал ангелите со слободна волја и ги надарил со разум, не сакал да ја наруши нивната слобода и насилно да господари над нив. Затоа, Тој владее и господари само над оние, кои го сакаат тоа, а оние што не сакаат ги остава да живеат и да дејствуваат според својата слободна волја. Затоа и кога Адам бил измамен од богоотстапникот ѓаволот, и самиот отстапил од Бога, не сакајќи со послушност да ги извршува Неговите заповеди и Тој го оставил да живее според својата волја, така како што сака, зашто не сакал на сила да господари над него. А завидливиот ѓавол, кој го измамил Адама на почетокот, не престанал и понатаму да го мами, се додека не успеал да го направи, поради неговата неразумност, сличен на неразумните животни и не почнал да живее како нив.

Тогаш се смилувал над него миогумилостивиот Бог и ги преклонил небесата, слегол на земјата и заради луѓето и нивното спасение станал човек, го искупил со Својата пречиста крв и го устроил за нив новиот спасоносен пат на животот; покажал во Своето Свето евангелие како да Му благоугодува човекот на Бога, го преродил преку светото и божествено крштение и го пресоздал, во пречистите Тајни му дал небесно питие и, накусо речено, со најголема премудрост нашол начин: како да биде не разделено со човекот и човекот со Него. така што ѓаволот да нема веќе место во човекот. Но, и потоа Тој никого не присилува, туку на сите им дава потполна слобода: да се спасат според тоа како што им предлага или да загинат. Па така и станува: едни се спасуваат а другите не се грижат за своето спасение, од кои, едни воопшто не веруваат во Евангелието, а други и веруваат и не живеат евангелски.

Оние христијани кои и сега, по толку многу благодатии дарови пак дозволуваат да бидат мамени од ѓаволот и под дејство на светот и на телото, да се оддалечат од Бога и да паднат во ропство на гревот и на ѓаволот, извршувајќи ја неговата волја, но кои уште не станале сосема нечувствителни, за да не го чувствуваат злото, од кое пострадале да не се свесни за грешката што ја направиле и да не ја чувствуваат тежината на ропството, во кое паднале, но не наоѓаат во себе сили да се избават од него, тогаш прибегнуваат кон Бога и почнуваат да извикуваат: „Господи помилуј“! За да се сожали над нив милостивиот Господ и да ги помилува, да ги прими, како блудни синови и пак да им ја подари Својата божествена благодат и со неа да ги избави од ропството на гревот, да ги оддалечи бесовите од нив, да можат да почнат да живеат богоугодно и да ги извршуваат Божјите заповеди.

Па така, оние христијани, кои со ваква цел викаат: „Господи помилуј“! секако ќе се удостојат со Божјата милост и ќе ја добијат благодатта. која ќе им помогне да се ослободат од гревот и да се спасат. А оние кои воопшто ги немаат спомнатите помисли, кои не ја сознаваат својата тешка положба и поробувањето на својата слободна волја на телото и на светските обичаи, па дури немаат ни време, за да размислат за своето ропство, па без такво сознание и без таква цел, едноставно по навика и без чувство ги изговараат зборовите: „Господи помилуј!“, – како тогаш таквите можат да ја добијат Божјата милост? За таквите дури е подобро и да не ја примат, отколку да ја примат, па потоа пак да ја загубат, зашто тогаш тоа би бил двоен грев.

Ова сега ќе ти го објаснам и со примери. Замисли си некој многу сиромашен човек кој сака да добие милостина од некои богати луѓе. Што им говори тој кога оди кај богатите? Ништо друго, освен; „Биди милостив према мене! Сожали се над мојата сиромаштија и помогни ми“. Да земеме друг пример. Некој има голем долг и не може да го отплати. Сакајќи да се ослободи од тешкотијата, тој одлучува да го замоли човекот кому му е должен да му го прости долгот. И кога ќе појде кај него што му говори? Пак истото: „Биди милостив према мене! Сожали се на мојата сиромаштија и прости ми го долгот што ти го должам.“ Исто така, кога некој ќе му згреши некому и сака да побара простување од него, што прави тогаш? Доаѓа кај оној кому му згрешил и му вели: „Прости ми, зашто јас многу ти згрешив!“

Сите овие луѓе знаат што бараат и, соодветно со околностите, го добиваат она што им ја подобрува нивната тешка состојба. Сега, од друга страна, замисли некој грешник, кој е сиромав во однос према Бога, сиромав е духовно, должник е према Него и многупати Го навредувал. Па кога тој вика кон Бога: „Помилуј ме“, а не знае зошто бара од Него милост, не знае што сака да добие од Бога и зошто му е потребна таа милост, туку само по навика вели „Господи помилуј“! Тогаш како Бог може на ваквиот човек да му ја даде Својата милост, кога тој самиот не знае во што треба да се состои таа и зошто му е потребна, па и кога би ја добил, тој не ќе може да знае дека ја добил, па затоа нема ни да го сврти своето внимание на неа и може да ја злоупотреби и да стане уште поголем грешник отколку што бил пред тоа?

Божјата милост не е ништо друго, освен благодатга на Светиот Дух, која треба да ја бараме од Бога ние грешните, непрестано да извикуваме кон Него: „Господи помилуј!“ Покажи ја, Господи, Твојата милост према мене грешниот, во оваа тешка состојба во која се наоѓам, и подари ми ја пак Твојата благодат: дај ми дух на сила, укрепи ме, за да можам да им се спротивставувам на ѓаволските искушенија и на моите лоши гревовни навики; дај ми дух на мудрост, за да можам да се поправам; дај ми дух на страв, за да се плашам да Те навредувам и да ги исполнувам Твоите заповеди; дај ми дух на љубов, за да можам вистински да Те сакам и веќе да не се оддалечувам од Тебе; дај ми дух на мир, да ја запазувам мирна мојата душа, да ги соберам сите мои помисли, да живеам безмолвен живот и да не бидам измачуван од помислите; дај ми дух на чистота, кој ќе ме запазува чист од секаква нечистотија; дај ми дух на кротост, за да бидам тивок и благ, према моите браќа христијани и да се воздржувам од гневот; дај ми дух на смирение, за да не мислам високо за себе и да не бидам горд.

Оној што знае и што чувствува колку е потребно сето ова што го спомнавме, па, барајќи го од многумилостивиот Бог, тој вика: „Господи помилуј!“ Тој секако го добива она што го бара, и се удостојува и со Божјата милост и со неговата благодат. Но, оној што не знае за ништо од ова што го кажавме, а само од навика извикува „Господи помилуј!“, за таквиот никогаш нема можност да ја добие Божјата милост. Зашто и пред тоа тој веќе добил многу милости од “Бога, но не бил свесен за тоа и не Му благодарил на Бога за тие Негови големи дарови. Тој добил милост од Бога тогаш кога бил создаден и кога станал човек; добил милост и тогаш кога станал православен христијанин, кога бил пресоздаден во светото кршетние; добил милост и тогаш кога се избавил од толку душевни и телесни беди, кои ги доживувал во својот живот: Божја милост добивал секој час кога се удостојувал да се причестува со светите божествени и пречисти Тајни; добивал Божја милост и секојпат кога многупати и на најразлични начини му биле правени добрини од Бога, но или не ги сознавал или ги заборавал; добивал милост од Бога кога грешел пред Него и кога Го огорчувал со своите гревови, а не бил погубен и накажан како што заслужувал. Па како може ваквиот христијанин да очекува милост од Бога, кога Бог толкупати покажувал милост према него, а тој не го сознавал и не го чувствувал тоа, не знаел и не чувствувал дека добил толку милост од Бога? И сега, иако ги изговара зборовите „Господи помилуј!“ тој пак не знае што говори, туку ги изговара без каква и да е мисла и цел, ги изговара само по навика и обичај.

Обработи
Отец Митко Попоски 2022