www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,468,987
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM V

Блажениот патријарх Калист
и неговиот соподвижник Игнатиј Ксантопул

Глави за молитвата

1. Ако сакаш да се молиш како што е потребно, угледај се на гусларот, кој, откако ќе ја наведне малку главата и увото свое го сврти кон струните, вешто удира по нив, извлекувајќи хармонични звуци и се насладува на нивната мелодија.

2. Дали ти е јасен овој пример? – Гуслето е срцето; струните се чувствата; гудалото – спомнувањето за Бога, а гусларот е умот. Умот, со спомнувањето за Бога и за божествените работи, извлекува од богобојазливото срце свети чувства, од кои некаква неискажлива сладост ја исполнува душата, а умот станувајќи чист, се осветува со божествените озарувања.

3. Гусларот не гледа и не слуша ништо, освен своите мелодии, со кои се насладува. И умот, за време на дејствената молитва, трезвено се вдлабочува во срцето и не може веќе да внимава на ништо, освен на Бога. Сѐ што е внатре во него – Му го искажува на Бога, со зборовите на Давида: „Кон Тебе се приближи душата моја“ (Псал. 62, 9).

4. Ако не ги заградиме телесните чувства, во нас нема да се источи онаа вода, онаа жива вода, која ѝ ја дарувал Господ на Самарјанката. Оваа барала материјална вода, а нашла друга – жива вода, која течела внатре во неа. Зашто, како што ѝ е на земјата природно својствено да има вода во себе, која, веднаш штом ќе се најде погоден отвор, се излива, така и во земјата на нашето срце природно се наоѓа оваа духовна вода, силно почнува да извира од него, штом за тоа ѝ се направи можност, слично на светлината од праотецот Адам, која ја загубил преку непослушноста.

5. Како што материјалната вода непрестано извира од својот извор, така и живата вода, која е насобрана во душата, штом ќе најде излез, не престанува да истечува. Таа, откако се вселила во душата на богоносниот Игнатиј, го терала да говори вака: „Нема во мене оган, што се храни со материјалност; во мене живата вода дејствува и говори.“

6. Оваа блажена и преблажена вода е умственото трезвение на душата; слична е на водата што избива од душата, а по нејзиното отворање, не престанува да истекува од неа, го исполнува потокот, а водата, што избива од срцето, е постојано движена од Духот и целиот внатрешен човек го исполнува со божествена духовна роса, а надворешното го прави огнено.

7. Умот, откако ќе се очисти од сѐ што е надворешно и сите телесни чувства ќе ги потчини на себе, преку дејствителна добродетел, останува неподвижен внатре во срцето, вперувајќи го погледот таму како во центар. Таму, примајќи ги мисловните озарувања, како молскавици громовни, ги собира божествените разбирања.

8. Откако ќе го чуе ова некој од непосветените или од оние што се хранат со млеко (сп. Евр. 5, 12), да не се допира до она, што е забрането за извесно време. Обидувањето на оние, кои пред време го бараат она што се дава во свое време, кои насилно се обидуваат да навлезат во пристаништето на бестрасноста, без потребните за тоа подготвувања, светите отци го именувале умопобркување. Зашто не може да чита оној што не ги знае буквите.

9. Движењата, кои се последица од овој подвиг, а кои ги прави во душата божествениот Дух, го прават срцето тивко и непрестано го поттикнуваат да извикува: „Ава, Оче!“ Но, ова не е следено од некакви вообразби; тоа е без какви и да е слики, а нас нѐ преобразува со болскотот на божествената светлина и ни дава лик, каков што е потребен соодветно на горењето на Светиот Божји Дух. И не само тоа, туку и нѐ изменува со Својата божествена сила, како што Му е тоа познато само Нему.

10. Умот, кој се очистил преку трезвеноста, ако не се испразни од сѐ што е надворешно, лесно се помрачува. Исто така, и оној што ја соединил дејствителноста со соѕерцанието, или не се откажува од зборувањето за себе, ако не се згрозува од јасно и прикриено говорење за себе. Зашто само онаа душа, која е исполнета со силна љубов кон Христа, само таа копнее кон Него, само по Него, како кон брат (сп. Песна 2, 5).

11. Воздржувањето од телесните страсти и желби или разумното ослободување од нив, според зборовите на пророкот: „Застанете и разберете“ (Псал. 45, 10), можно е и за оние што живеат и во светот, но тие не можат да ги искоренат и да ги уништат. Но, животот во пустината помага во нивното искоренување.

12. Од живите или течни води едни имаат брзо движење, а другите течат тивко и полека. Оние што течат брзо не можат да останат матни, а ако понекогаш и многу се заматат, набргу пак се прочистуваат, затоа што имаат брзо движење. Но, кога движењето ќе се намали и потполно успори, не само што водите се заматуваат, туку такви и остануваат поради својата спорост и неподвижност. За одново да бидат прочистени, потребно е да им се даде движење.

13. Кон почетниците, кон оние што се поучувани и кои се дејствителни, бесот пристапува со јасни или со нејасни звуци. А за оние што веќе имаат соѕерцание, тој создава некакви вообразби, понекогаш го просветлува воздухот, а другпат – произведува некакви огнени слики, трудејќи се на тој начин да го измами Христовиот подвижник.

14. Ако сакаш да се научиш како треба да се молиш, гледај го крајот на вниманието и на молитвата. А овој крај е духовната радост, скрушеноста на срцето и љубовта кон ближниот; спротивното, пак, на ова само по себе е јасно, имено: похотливата помисла, шептењето клевети, омразата кон ближниот и она што е слично на ова. А сето ова не се усогласува со молитвата.

 

Обработи
Отец Митко Попоски 2022