www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,829
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM V

Преподобен Никита Ститат

Третата стотица на теориски (мисловни) глави

За љубовта и совршенството на животот

1. Бог е бестрастен ум, Тој е над секој ум и над секоја бестрасност; светлина и извор на добра светлина; Тој е премудрост на Словото и на знаењето и Дарител на премудроста, словото и знаењето. На кои им се дарувани овие дарови заради нивната чистота и во кои тие се гледаат, во нив живее и Тој. Тие, преку тоа, се синови Божји, водени и раководени од Светиот Дух, како што е напишано: „Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји“ (Рим. 8,14).

2. Оние што преку подвижничките трудови станале чисти од секаква телесна и духовна нечистотија, тие станале и живеалиште на бесмртната природа преку даровите на Светиот Дух. А оние што го придобиле ова, преполни се со пријатна светлина, исполнети со неа, имаат мирно срце и говорат благи зборови и Божјата премудрост од нивните усти за знаењето на божествените работи, нивните чисти зборови објавуваат за длабочините на Духот. За нив апостолот вели: „Против такви нема закон“ (Гал. 5,23), зашто тие еднаш и засекогаш се соединиле со Бога и се измениле со добро изменување.

3. Оној што со усрдност се труди да се приближува кон Бога и божественото – станува одраз на Божјиот образ со своите душевни и телесни добродетели. Бидејќи тогаш тој се упокојува во Бога и Бог во него, по сорастворањето во себе доживува божествено блаженство, поради богатството на Божјите дарови; и според своето внатрешно устројство се чувствува дека е Бог, а Бог е Оној Кој го создава неговото совршенство.

4. Човекот не е образ Божји според своето ограничено телесно устројство, туку според духовната природа на својот ум, кој не може да биде опишан од телото, кое тежнее надолу. Како што Божјата природа, која е вон секоја создадена твар, не може да биде опишана, не може да се одреди како нешто телесно, опипливо, невидливо, бесмртно, неопфатливо, такво – какво што ние никогаш не може да го разбереме, – таква е и нашата духовна природа, создадена од Него, која не може да биде опишана, зашто не е телесна, но е видлива, не е опиплива, не е опфатлива, а е образ па бесмртната и вечна Негова слава.

5. Бидејќи е првиот ум, Бог го има во Себеси едносуштното Слово, и Светиот Дух – секогаш соедносуштен; Тој не бил никогаш и не е без Словото и Духот, зашто нивната природа е неразделива, но е и неслиена, зашто нивните ипостаси не се сливаат. Затоа – и, раѓајќи Го соедносуштното Слово Свое од Својата суштина, Тој Самиот не се одделува од Него, бидејќи е неразделив во Себе. А Словото Го има соедносуштниот Дух, Кој пред сите векови исходи од Отецот, – и Тој од Својот Родител не се одделува. Зашто Они имаат една и неразделива природа, иако според разликата на ипостасите се делат на лица, а се прославуваат во Светата Троица – Отец, Син и Свети Дух. Овие лица како едно по природа и еден Бог, никогаш не се разделуваат, зашто се едно според суштината и според природата. Оваа триипостасност и ова единство според природата гледај ги и во човекот кој е создаден од Него, но по неговиот духовен дел, а не по телесниот, по оној што е бесмртен, а не по оној што е смртен и што се распаѓа и што гние.

6. Бог е неспоредливо над сите од Него создадени твари. Тој го раѓа Словото без да се разделува со Него, и Светиот Дух исходи од Него, ги запазува и силата и битието на тварите; Тој е надвор од сѐ и внатре во сѐ. На тој начин и човекот, кој е соединет со Божјата природа, бидејќи неговиот образ е духовен, бестелесен и по својата бесмртна душа, – има свој ум, кој од својата природа раѓа слово, а е и во видливите телесни делови и надвор од нив. И како што неговиот создател што не е разделен од Своите ипостаси – од Словото и од Духот, така и човекот, по својата душа, останува неотсечен и неразделен од умот и словото; останува една природа и една суштина, неограничена од телото.

7. На триипостасниот Бог Му се поклонуваме – на Отецот, Синот и Светиот Дух. Триипостасен го гледаме и човекот, создаден според Божјиот образ, – со душата, умот и словото, кој Му се поклонува на Бога, Кој создал од ништо сѐ што постои. Она што Му е на Бога совечно и едносуштно по природа, тоа му е и на човекот, на Неговиот образ, соприродно и едносуштно. Според овие особености се гледа, оти го имаме во нас Божјиот образ, и според овие својства јас сум образ Божји, иако сум измешан со кал и со прав.

8. Едно е Божјиот образ, а друго е она што се гледа во тој образ. Образот Божји е – духовната душа, умот и словото, една и неразделива суштина; она што го гледаме во овој образ е: самостојноста, независноста и слободата. Исто така, едно е словото на умот, а друго е неговото достоинство; едно е она што е по образот, а друго е она што е по подобието. Славата на умот е во неговото издигнување нагоре, неговата непрестана устременост кон возвишеното, јасниот поглед, чистотата, разумноста, мудроста и бесмртноста. Достоинството на умот е разумноста, самостојноста, независноста и слободата. Она што ни е својствено по Божјиот образ, тоа е што имаме душа со ум и слово, која е лична, едносуштна и неразделна. Умот и словото ѝ припаѓаат на душата, која е нетелесна, бесмртна, божествена, духовна, – а сите овие особености се едносуштни, совечни и неразделиви меѓу себе и не можат да бидат разделени. А она што ни припаѓа по подобието е: праведноста, вистинитоста, добрината, сочувството и човекољубието. Кај кого се овие својства во дејство и непрестајно присутни во нас ни служат да согледаме што е она што е во нас по образот, а што по подобието.

9. Тричлената разумна душа се гледа и во двата начина на дејствување, од кои едниот разумен, а другиот- страстен. Разумното, кое е создадено, по образот на Создателот, не може да биде задржано и одредено од чувствата, зашто тие се внатре и надвор од нив. Дејствувајќи на овој начин, таа се присоединува кон божествените разумни сили, по својата природа тежнее кон Бога, како кон својот првообраз, со силата на божествената природа во неа. Страсното дејствување преку чувствата се раздробува на многу делови, приопштувајќи се кон страдања и радости. Со дејствувањето на овој начин, таа се приопштува кон својата чувствителна природа, кон хранењето, влијанието на воздухот – студот и топлината, со тоа покажува дека има потреба од храна, за да го одржува својот живот и за да расте и да биде здрав. Менувајќи се под дејството на сето ова, душата понекогаш има похот, ги прифаќа неразумните похоти, се отклонува од природните движења, понекогаш премногу се лути и се исполнува со неразумен гнев, а другпат – чувствува глад, жед, жалост, болест, и потоа пак се успокојува: се насладува со радостите и се измачува од страдањата; затоа, тоа нејзино својство и се нарекува страдално или страсно, зашто се пројавува во страстите и во страдањата. А кога „се изложуваме на смрт заради Исуса“ со животот на нашиот ум, заради победата на доброто над лошото, „та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело“ (2. Кор. 4,11), создавајќи ја во нас животната умртвеност на бсстрасноста и, додавајќи ја негниежливата бесмртност со наитието на Светиот Дух.

10. Бидејќи Создателот на сѐ, пред да ги создаде сите работи од ништо, имал во Себе знаење за нивната природа и суштина, како Цар на вековите и Зналец на сѐ, предвидлив однапред на сѐ, така и на човекот, кого го создал според Својот образ и подобие, како цар на сите земни созданија, му дал да има во себе не само сила да ги познава работите надворешно, туку да го познае и она од што се тие составени. Така, на пример, тој има во себе, во своите гради и суво и студено, од што е создаден, топлина на крвта од воздухот и од огнот, влажност од водата, од растенијата – можност за растење, од животните и од растенијата – можност за исхрана, од неразумните животни – страсност, од ангелите -мисловност и разумност, од Бога вдахнатата од Него нематеријална, нетелесна, духовна и бесмртна душа, која се огледа во умот и во словото, и во силата на Светиот Дух и за да суштествува и да живее.

11. На Бога, Кој нѐ создал според Својот образ и Своето подобие – ние сме подобни со добродетелите и разбирањето. Добродетелта е Божја правда, преподобност и вистина, како што вели Давид: „Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди“ (Псал. 118,137; 88,8), и уште: „Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела“ (Псал. 144,17). Ние сме подобни на Бога и со правдината и добрината, зашто „благ и праведен е Господ“ (Псал. 24.8); со словото на премудроста и разумот, зашто тие се во Него и Тој Самиот се именува премудрост и разум (сп. Кол. 2,3), светост и совршенство, како што вели и Тој Самиот: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Матеј 5,48). И: „Бидете свети, затоа што сум свет, Јас Господ, вашиот Бог“ (3. Мој. 19,2); смиреност и кротост, зашто Тој Самиот говори: „Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за душите ваши“ (Матеј 11,29).

12. Нашиот ум, бидејќи е образ Божји, го има она што му е својствено, кога се наоѓа во дејноста што му е сродна, кога не си дозволува да има во себе движења, оддалечени од неговото достоинство и од неговата природа. Затоа, силно сака да се враќа на она што се однесува на Бога и што сака да се соедини со Него, од Кого добил почеток, со Чија сила се движи, кон Кого се стреми според своите природни својства и сака во човекољубието и едноставноста, да се угледа на Него. И умот, раѓајќи го словото, како друго небо, ги устројува душите на едноплемени луѓе, ги прави постојани преку трпеливото извршување на добродетелите, ги оживотворува со духот на својата уста, давајќи им сила против погубните страсти. На тој начин и тој се покажува како устроител на духовната твар, подражавајќи Му на Создателот на големиот свет, на Бога, и јасно ги слуша во себе овие зборови озгора: „Ако извлечеш скапа работа од ништо, ќе бидеш како Мојата уста“ (Јерем. 15,19).

13. Оној што ја извршува дејноста, која е природна за умот со достоинствено употребување на словото, тој се очистува од материјалното и се украсува со кротост, смиреност, љубов и милосрдност, а се просветува со светлината на Светиот Дух. Устремувајќи ги очите на својот ум кон возвишеното соѕерцание, навлегува во познавањето на скриените Божји тајни и со љубов им ги соопштува преку словото на премудроста на оние што можат да ги слушаат, умножувајќи го на тој начин својот талент не само заради себе, туку и за своите ближни, давајќи им да се насладат со неговите плодови.

14. Оној што ја издигнал подобрата од своите две природи над полошата и ја направил слободна од нејзините влијанија, тој го придобил духовниот живот меѓу духовните суштества, станувајќи и самиот дух, иако го гледаат телесно да се движи меѓу другите луѓе.

16. Сѐ додека нашите природни сили се однесуваат лошо меѓу себе и се раздвојуваат, сѐ дотогаш не можат да ги примат натприродните Божји дарови. А сѐ додека ги немаме во себе, ние стоиме некаде далеку и од таинствената света тајна, која се извршува со духовно дејствување на умот, на небесниот жртвеник. А кога ревносно ги минуваме светите подвизи, тогаш се чистиме од чувствените пориви и со силата на Светиот Дух ја собираме во едно нашата разделена и распадната личност, – тогаш се удостојуваме да ги примиме неискажливите Божји блага; тогаш и божествените тајни на свештеното служење со нашиот ум – на Бог Слово Му ги принесуваме врз духовниот Божји жртвеник, како гледачи и свештенослужители на неговите бесмртни тајни.

17. „Телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото“ (Гал. 5,17). Меѓу нив постои некаква скриена борба, во која еден од непријателите одржува победа на другиот и ја презема власта на своја страна. Тоа е она што се нарекува бунт, востание и меѓусебна борба, од која се раздвојува душата.

20. Божествената светлина ги соединува во себе душите кои се соединиле со неа, и преку единство ги обединува во себе; ги усовршува со своите совршенства, нивното умствено око ги воведува во Божјите длабочини и ги прави гледачи на големите Божји тајни. Ти само треба да посакаш да ја придобиеш совршената чистота преку духовните трудови, и тогаш вистински ќе го видиш во себе ова што го рековме и што Му е угодно на Бога.

24. За запазување на скриените сокровишта на Духот, потребно е да се ослободиме од човечките дела, да го одбереме безмолвието, кое, заедно со чистотата на срцето и сладоста на умилението- силно ја распалува љубовта према Бога, ја разврзува душата од веригите на чувствата, а нејзините сили ги издигнува во нивната природна состојба и им го враќа нивното првобитно устројство.

34. Колку ни е достапна богоподобноста, ова не може да го сфати ревнителот на богоугодниот живот сѐ додека со искрени солзи не ја отстрани и измие гревовната нечистотија и не почне неотстапно да ги извршува Христовите заповеди. Без ова не може да ги прими неискажливите Божји дарови. Зашто, оној што сака со умот свој да ја вкуси целосно божествената сладост, тој е должен да се ослободи од секое световно чувство и душата своја да ја занимава со соѕерцанието на светите тајни.

35. Богоподобноста која се добива со чистота и целосна љубов кон Бога, можат да ја запазат неизменлива, само оние што го имаат окото на својот ум непрестано кон Бога насочено, а ова душата обично го постигнува преку постојаното престојување во извршувањето на доброто, како и непрестано, чиста и нерасеана молитва, преку целосно воздржување и усрдно читање на Светото Писмо.

38. Кога некој ќе Го прими Светиот Дух и тоа го препознае во себе преку Неговото неискажливо дејство и благопријатна миризба, која се открива забележливо дури и во телото, тогаш таквиот веќе не може да живее во границата на природата, туку, откако ќе се измени со добра измена, со десницата на Севишниот, тој тогаш заборава и за храна и за спиење, презира сѐ што е телесно, не се грижи за спокојот на телото и, минувајќи го целиот ден во трудови и подвижнички напори, во секакви тешки трудови, – не чувствува веќе никаква телесна потреба: ни глад, ни жед, ни поспаност и некоја друга потреба на природата. Зашто, љубовта Божја се излеала во неговото срце со голема радост (сп. Рим. 5,5) и тој е во состојба цела ноќ да помине во бдеење; преку телесни вежби извршува умствена дејност, се насладува на трпезата од бесмртните плодови на духовниот рај, во кој, кога бил издигнат Павле – слушал неискажливи зборови, кои не може да ги слуша оној што е страсно приврзан кон она што е земно.

40. Што за нас кои ревнуваме за своето спасение: што е повозвишено видливото или духовното? Ако е тоа она што е видливо, тогаш видливите работи за нас ќе бидат најсакани и во најголема почит, а, ако е тоа она што е духовно, тогаш „Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина“ (Јован 4,24). На тој начин телесните вежби стануваат непотребни, кога се во сила духовните, кога сѐ она што нѐ влече надолу лесно се победува и сѐ се претвора во духовно и се соединува со она што е најдобро.

41. Има три степени кај оние што преуспеваат во издигнувањето кон совршенството: степен на очистувања, просветување и таинствен или совршен степен. Првиот им е својствен на почетниците, вториот – на средните, а третиот – на совршените. Издигнувајќи се по овие три скалила, по ред, ревносниот подвижник израснува до Христовата возраст и стигнува „до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота“ (Ефес. 4,13).

42. На степенот на очистувањето се наоѓаат оние што се воведувани во светите подвизи. На овој степен му се својствени: борбата на земниот човек, ослободувањето од секоја телесна страст, облекувањето во новиот човек – обновен преку Светиот Дух. Делата на овој степен се: омразата према она што е чувствено, измачувањето на телото, оддалечувањето од сѐ што може да предизвика страсни помисли, покајанието за она што сме го направиле, како и измивањето со солзи на соленоста на гревот, изградувањето на нов правилен живот со благодатта на Светиот Дух, очистувањето на телесната и духовна нечистота, измивањето на внатрешноста на духовниот сад, преку умилна скрушеност, и влевање во него вино на словото, кое го весели срцето на човекот што се очистува и негово принесување на Царот на духовите за храна. А крајот на ова е дејственото распалување на себе со огнот на подвижништвото, исфрлање од себе на секој гревовен отров преку трудовите на подвижништвото, себеумртвување со потонување во водата на скрушеноста и отсекување на страстите и бесовите со остар меч. Оној што го постигнал ова тој ја изгасил силата на природниот оган, ја затворил устата на лавовите свирепите страсти и станал духовно силен, од немоќен станал крепок и, како втор Јов, го издигнал трофејот на трпеливоста, откако го победил искушувачот.

43. На степенот на просветувањето се наоѓаат оние што преуспеваат во светите подвизи и напредуваат во првата бестрасност. На овој степен му е својствено: воведувањето во образот на здравите зборови во умот или здрави погледи на сѐ и добивање на Светиот Дух. Негова работа е: очистувањето на умот со дејството на божествениот оган, отворањето на духовните очи, на очите на срцето и раѓањето на зборови со возвишени помисли на разумот. А неговиот крај е: словото на премудроста, кое објаснува сѐ што е и што постои, знаењето на божествените и на човечките работи, како и откривање на тајните на небесното царство. Оној што го постигнал ова преку дејствувањето на умот, и е носен врз колесницата влечена од четирите добродетели, како втор Илија Тесвитец, ќе биде уште жив издигнат во воздухот, ќе минува по небесните простори и ќе биде издигнат над сѐ што е земно.

44. На степенот или на таинственото скалило на совршените стојат оние што веќе дошле до потполната Христова возраст. Ним им е својствено: да минуваат низ воздухот, да се издигнуваат над него, да престојуваат во кругот на горните небесни чинови, да се приближуваат кон првата Светлина и со својот дух да ги истражуваат Божјите длабочини. Работата на оние што се на ова скалило е: со умот свој да ги дознаваат патиштата на Божјата промисла, законите на правдата и на вистината, разрешувањето на гатанките, на расказите и темните зборови на Светото Писмо. Крајот е – усовршување во тајните, откривање на скриените Божји тајни; неговото соединување со Духот и преку Него – исполнувањето со неискажливата Божја мудрост. Него го јавува Бог како голем богослов во Својата Црква, а тој ги просветува луѓето со богословски поуки. Оној што ја достигнал оваа височина преку дејството на најдлабоката смирена мудрост и скрушеност е издигнат до третото небо на богословието, како втор Павле, и слуша неискажливи зборови кои не може да ги слушне телесниот човек; а совршениот вкусува од овие неискажливи блага, кои око не ги видело, за кои уво не чуло и станува служител на Божјите тајни, откако станал уста Божја, јавувајќи им ги на луѓето со зборови, останувајќи притоа да почива во блажен спокој во Бога, како совршен во она што е совршено и, заедно со богословите, пребива заедно со возвишените херувими и серафими, кои му припаѓаат на словото на премудроста и словото на разумот.

50. Духовното растење на ревнителите за спасението одговара на растењето на нашиот Господ Исус Христос во Неговото човештво. Кога растат како деца во почетокот на подвижничкиот живот, тогаш тие, слично на Господа Исуса кога бил дете и се хранел со млеко, – и тие се хранат со млеко на телесните добродетели, или „телесно обучување“, кое е „малку корисно“ за оние што растат во добродетелите и кои постепено, малку – по малку го оставаат детството (сп. 1. Тим. 4,8). Кога ќе израснат и станат младичи и почнат да се хранат со тврдата храна на виденијата од Божјите вистини, имајќи ги веќе чувствата научени „да разликуваат добро или зло“ (сп. Евр. 5,14), – тогаш се слични на Господа кога Тој израснал, исполнет со премудрост и благодат, кога седел меѓу еврејските старци и учители и им ги откривал длабоките тајни (сп. Лука 2,46). А кога ќе стигнат до единството на верата на Христовото совршенство (сп. Ефес. 4,13), тогаш совршените стануваат слични на Господа, кога на сите им проповедал за покајание, кога го учел народот на тајните на небесното царство, а истовремено брзо се приближувал и кон Своето страдање. Ваков е крајот и на секого што се усовршил во добродетелите, за, откако ќе ги измине сите Христови возрасти, да навлезе во тешки искушенија, кои одговараат на Христовите крсни страдања.

51. Сѐ додека се наоѓаме под стихиите на телесното поучување, сѐ дотогаш сме „под настојници и чувари“ (сп. Гал. 4,2), како момчиња и сме ограничувани, не можеме да правиме што сакаме, не смееме да употребуваме некои јадења, не ни се дозволува да се загледуваме во убавината на некого, да слушаме пријатни песни, да се насладуваме со пријатни миризби, иако сме наследници и господари на целиот татковски имот. А, кога ќе заврши тоа време на обучувања и поучување, кога ќе се заврши со бестрасност, тогаш, ослободувајќи се од законот на телесното мудрување, тогаш почнуваме да живееме под законот на духот и примаме посинување. А, кога ќе се заврши и ова, тогаш, бидејќи сме веќе синови, Бог Го испраќа Својот Син во срцата наши Кој вика: Ава, Оче! (сп. Гал. 4,6), покажувајќи ни и давајќи ни да го разбереме нашето синовство и нашата слобода према Отецот и Бога, – и нѐ прашува и разговара со нас, како со синови и наследници, без да бидеме и понатаму држени под ропска послушност.

52. Пред оние, кои слично на Петра, преуспевале во верата; слично на Јов – напреднале во надежта и слично на Јована – се усовршиле, Господ, откако ги издигнал на високата планина на богословието, тогаш се преобразува; зраците на Неговото лице во чистото слово просветуваат како сонце; облеката Негова во разбирањето на неискажливата премудрост е светла, како светлина и Тој, Бог Слово, може да се види како стои среде Законот и Пророците, како законодател и учител, ту како откривач на длабоките и скриени сокровишта на премудроста, ту како пророк, па гледач и претскажувач на иднината. Тогаш ги осенува Духот, и гласот на таинственото богословие допира оттаму до нив, учејќи ги на тајните на триипостасното Божество, и им говори: ова е саканата граница на моето совршенство, за кое говорев дека сте Мои совршени синови – во совршениот Дух.

53. Душата која презрeла се што е световно и била целосно ранета од Божјата љубов, трпи необична и божествена посебност. Откако јасно ја согледува природата и целтта на постоењето и знаејќи ја целта на човечките нешта, веќе не може да поднесе да се најде во сè и да биде ограничен во телото што се наоѓа. Откако ги надмина своите области и се издигна над сетилата, надминувајќи ја природата на сите суштества, таа влегува во неискажливата тишина на олицетворение на теологијата и се соочува со убавината на Битието во светлината на разбирањето на неискажливата мудрост според мерката на благодатта дадена. На богоугоден начин таа со своите сфаќања се потопува во Неговото зачнување, уживајќи во плодовите на бесмртната вегетација со страв од љубов, т.е. со поимите на божествените согледувања, чија возвишеност и слава не може целосно да ги искаже бидејќи однадвор се вратил во себе. Наоѓајќи се во необичното дејство на Духот, таа доживува пофално трпение со неискажлива радост и молчење. Меѓутоа, начинот на наведеното божествено дејство, кое се пројавува, кое се манифестира и кое мистериозно и кажува за скриеното, таа не може да го објасни.

54. Оној што сее солзи на милосрдие заради праведноста, ќе пожнее неискажлива радост како плод на животот. Оној кој со нетрпение го бара Господа и трпеливо го чека додека зрното од неговите добродетели не вроди со плод, сигурно ќе жнее зрели класје на богопознание. Тој ќе биде просветлен од светлината на мудроста и ќе стане светилка на вечната светлина, која ги осветлува сите луѓе. Тој нема да завидува во себе на своите ближни, под судот на завидливоста, криејќи ја светлината на мудроста што му е дадена, но среде Црквата на верниците ќе зборува добри зборови за доброто на многумина, развивајќи ги старите загонетки, во согласност со она што го слушна од небото поттикнато од Божествениот Дух, со она што го дозна почивајќи се во созерцанието на битието и со она што му го соопштиле светите отци.

55. На секој подвижник, на денот на неговото усовршување во добродетелта, ќе му се случи горенаведените дејствија на божествените заповеди да го капнат најслатка благонаклоност, бидејќи ќе царува во Сион, т.е. Здрав разум. И од планините, т.е. од сетилната доблест, ќе потече млеко, обезбедувајќи му храна, додека тој почива во креветот на бестрасноста. И сите Јудини извори на верата со нејзиното знаење, ќе дадат вода, т.е. догми и приказни со таинствени божествени нешта. Од неговото срце, како од домот Господов, ќе потече извор на неискажлива мудрост и ќе се наводнат сувите долини, т.е. луѓе кои се пресушиле од сушата и топлотата на страста. И ќе го види исполнувањето на зборовите Господови: „Кој верува во Мене… од неговите утроба ќе потечат реки жива вода (Јн. 7, 38).

56. Оние кои се плашат од Мене, вели Бог, ќе ги осветли сонцето на правдата и нивните дела ќе ги приведат до исцелението. Тие ќе излезат од темнината на страстите и ќе поскокнуваат како телиња ослободени од јаремот на гревот. И ќе ги фрлат беззакониците и демоните под своите нозе и ќе ги погазат како прав во денот на своето воспоставување, што ќе го направам Јас, вели Господ Семоќниот (Мал. 4, 25). Она што е кажано со сигурност ќе се исполни кога ќе се издигнат преку сите доблести и ќе се усовршат со мудрост и знаење преку заедништвото со Духот.

57. Воколку на рамната планина на овој свет и на Црквата Христова го подигнеш високо знамето на новото знаење и го подигнеш, во согласност со пророкот, гласот на мудроста што ти го дал Бог, потврдувајќи со своето слово и поучувајќи ги браќата и откривајќи за нив значењето на Божественото Писмо како да ги разберат чудните дарови Божји, водејќи ги да ги исполнуваат Неговите заповеди, ти не плаши се од оние кои завидуваат на моќта на твоите зборови и го изопачуваат секое Божествено Писмо. Затоа што тие се празни, т.е. урнатини подготвени за престој на ѓаволот. Бог, всушност, ги запишува твоите зборови во книгата на животот и тие нема да ти наштетат, како што Симон Маг не му наштети на Петар. И ти, во тој ден, гледајќи ги споменатите луѓе како ти поставуваат замки на твојот пат, заедно пророкот ќе кажеш: „Ете Го, мојот Бог и Господ е мојот Спасител, ќе се наслонам на Него, Тој е мојот Спасител и нема да се исплашам“. Зашто Господ е моја слава и моја песна, и Тој стана мој Спасител. Нема да престанам да ги објавувам твоите славни дела низ целата земја“.

58. Воколку разбравте дека нападите на страстите во вас се неактивни и дека наклонетоста и смиреноста се издвојуваат од вашите очи, знајте дека Царството Божјо дојде во вас и дека го носите Светиот Дух во вашата утроба. Ако сè уште чувствувате дека Духот дејствува, се движи и зборува во вашите длабочини и ве поттикнува да ја зборувате спасоносната вистина Божја на големиот собир на Црквата, не запирајте ја устата поради страв од завист од јудејците, туку застанете и пишувајте на плочата, како што вели Исаија, она што ви го открива Духот. Затоа што ќе трае долго, засекогаш. Оние на кои им ја бодат утробата од завист на непослушните луѓе, децата на гадовите, кои немаат вера и не сакаат да слушнат дека Евангелието и денес е активно, создавајќи пријатели Божји и пророци. На пророците и учителите на Црквата им велат: „Не ни ја објавувајте мудроста Божја“, а на оние кои имаат визии за природна имагинација велат: „Не кажувајте ни слични работи, туку кажете ни и објавете ни нешто друго, т.е. зборови на заблуда кои светот ги сака. Тргнете ни го словото на Израел“. Вие, пак, не обрнувате внимание на нивната завист и зборови. Затоа што она што ви се открива одозгора ќе им користи на многумина, дури и оние кои се целосно глуви и оние кои се во темнината на животот ќе слушнат. А очите на слепите кои се во маглата на гревот ќе ја видат светлината на твоите зборови и духовно сиромашните ќе почувствуваат радост поради нив. Безнадежните луѓе ќе бидат исполнети со радост, заблудените ќе ја разберат мудроста на твоите зборови, а оние што мрморат против тебе ќе научат да ги слушаат зборовите на Духот, додека јазиците кои пелтечат ќе научат да зборуваат мирно.

59. Пророкот Исаија вели: Блажен е оној кој е во Сион, т.е. во Црквата Божја го има семето на учењето на Неговите зборови, а духовните синови во Горниот Ерусалим на првородените. Зашто, вели Тој, споменатиот човек ќе ги крие своите зборови за соодветно време и ќе се сокрие како што се крие од поплава на води. И на крајот ќе се покаже во Сион, во Црквата на верните, како славна река која величествено тече низ жедната земја со струите на својата мудрост. А оние кои се заведени од завидливите, ќе престанат да им веруваат, туку ќе ги истегнат ушите за да ги слушнат зборовите на споменатиот човек, додека срцата на слабите по душа внимателно ќе слушаат. Слугите на зависта повеќе нема да му речат: „Ќути“. Зашто, како побожен човек, тој размислува разумно и не зборува безумни работи, како безумните мудреци на овој свет. Неговото срце не мисли на залудни дела на беззаконие, ниту пак зборува за Бога заблуди за да ги растера гладните души и да ги остави незадоволните жедните. Затоа, неговите зборови ќе бидат од корист за многумина, дури и ако завидливите се незадоволни.

60. Oној кој што живее во високата пештера на силната карпа ќе му биде даден лебот на знаење до гребенот и умешноста на мудроста се до опојноста. Ќе изобилува со многу вода за пиење. Тој ќе го види Царот во Неговата слава и неговите очи ќе ја видат земјата оддалеку. Неговата душа ќе се поучува со мудрост и на сите ќе им кажува за вечното место, надвор од тие граници не постои ништо.

61. Поуката Господова го отвора увото на секој што се плаши од Него, давајќи му слух да слуша поучен од јазик кој знае кога да зборува. Тогаш, Кој е Оној Кој што ги посочува разумните и мудрите на овој свет дека се некорисни, а нивната мудрост ја покажува како празна, потврдувајќи ги зборовите на своите слуги? Не е никој друг освен Оној што врши единствени и чудесни дела за Негова слава. Кој го отвара патот на смирението и кроткоста дури и на исушеното лице во пустината и [изнесува] потоци на неискажлива мудрост на сувиот и безводен ум за да ја угаси жедта на Неговиот избран народ, народот кој избрал да ги кажува Неговите особености. Тој оди пред оние кои Го љубат и кои се плашат и заради нив ги порамнува планините на страста и ги уништува бакарните врати на незнаењето, отварајќи им ја вратата на Своето знаење и откривајќи им ги Своите искрени, тајни и невидливи богатства. Тој прави сè за да знаат дека Тој е Господ, Бог Кој им го дал името Израел.

62. Кој го разбранува морето на страста и ги смирува неговите бранови? Господ Саваот, Кој ги спасува од опасноста од гревот сите што го љубат и ја смирува бурата на нивните мисли. Своите зборови ги става во нивните усти и ги покрива со сенката на своите раце, со која ги раширува небесата и ја утврдува земјата. На оние кои се плашат од него им дава образован јазик и разбирливо уво да го слушнат Неговиот глас одозгора и да ги објавуваат Неговите заповеди во домот Јаковов, т.е. во Црквата на верните. Оние, пак, кои немаат очи да ги видат зраците на Сонцето на правдата и уши да ги слушнат славните [дела] Божји, ја имаат темнината како дел од нивното незнаење. И нивната надеж е залудна, како и нивните зборови. Никој од нив не зборува според правдата, ниту може да расудува според вистината. Тие се надеваат на залудни работи и зборуваат залудни зборови, а се бремени од завист и раѓаат распаѓање. Затоа што ушите им се отсечени и не слушаат и затоа се потсмеваат на зборовите на богопознанието, не сакајќи да го слушнат.

63. Каква мудрост има оние кои имаат болка во утробата од завист кон ближниот? Како ќе речат завидливите, вели Еремија: „Ние сме мудри и со нас е Господовиот закон“, кога со завист се распаѓаат кон оние што ја примиле благодатта на Духот преку мудроста и знаењето Божјо? Меѓутоа, лажното знаење на книжниците и мудреците на светот се покажало залудно, бидејќи тие го пропуштиле вистинското знаење. Тие беа отценети како недостојни за мудроста на Утешителот. Затоа, се засрамиле кога виделе како се намножува меѓу рибарите и се исплашиле од моќта на нивните зборови. Тие беа фатени во мрежите на своите сопствени сфаќања, отфрлајќи ја вистинската мудрост и знаење на Господ.

64. Зошто завидливите се распаѓаат со завист кон оние кои богато ја примиле благодатта на Духот и огнениот јазик како перо на книжникот, кога самите го напуштиле изворот на Божјата мудрост? Ако го следеа Божјиот пат, ќе живееја вечно во мир на нестрасноста. Тие би научиле каде е разумноста, каде е доблеста и сознанието за битието, каде е долговечноста и животот, каде е светлината на очите и мудроста со мирот. Ќе научеа кој го наоѓа местото на мудроста и кој навлегува во нејзините богатства и би виделе што им заповеда Бог преку пророците во посветените зборови: Пророкот кој го видел во откровение преку сон нека го каже своето видение, а оној кој ќе го прими Мојот збор нека им го каже вистинското слово (сп. Ерем. 23, 28), и пак: запиши ги во книга сите зборови што ви ги кажав (сп. Ерем. 37, 2). Затоа, тие никогаш не би се распаднале од завист поради споменатите луѓе.

65. Воколку етиопјанецот т.е. црниот си ја смени кожата, а леопардот ригите, а завидливите ќе размислат и ќе кажат нешто добро, бидејќи се научени да учат што е зло. Зашто тие подмолно ги удираат своите ближни, лукави и лицемерни кон своите пријатели. Тие не ја зборуваат вистината, бидејќи нивниот јазик е навикнат на залудни и лажни зборови. Значи, разберете што е кажано, затоа што ви завидуваат и ви се потсмеваат поради вашето спознание за Бог и вашите зборови. Затоа, како што пророкот Еремија, усрдно моли се: Спомни си за мене, Господи, и дојди да ме избавиш од завидливите што ме прогонуваат. Немој да доцниш, и не ме тестирај темелно. Знај дека ме исмејуваат оние кои го отфрлаат твоето знаење. Стави им крај на нивната завидливост. И веќе зборот на твоето знаење ќе биде причина за радоста на моето срце. Зашто никогаш не седев со оние кои се потсмеваат на твоето знаење, туку чувствував страв поради присуството на твојата сила и останав сам. Станав многу огорчен поради нивната завидливост (сп. Ерем. 15, 15-17 ). И ти ќе слушнеш: Јас сè добро знам. Но, ако го обратиш заблудениот од неговата грешка, ќе те вбројам меѓу моите пријатели и ќе застанеш пред Мене. И ако преобратиш некој недостоен во достоен, ќе бидеш како мојата уста. Ќе те избавам од рацете на завидливите злосторници, вели Господ, Бог Израелев (сп.Ерем. 15, 19; 21).

66. Завидливите мудреци нека го слушнат крајот на писмото: визиите Божји преку напорите станаа почисти од снег. Со животот станаа побели од млеко. Убавината на нивната мудрост е поценета од сафорот, а линиите на нивните зборови – како чистиот бисер. Напротив, оние кои со задоволство го вкусиле световното знаење умреле од глад пред изворите на Духот. Оние кои беа воспитувани во порфир и во мудроста на Елин, се облекоа во измет на незнаење и ги ставија врз себе врските што ги врзуваа. Затоа што јазикот им се залепи за грлото, та го загубија слухот, затоа ја отфрлија вистинската мудрост и спознавањето на Божествениот Дух, не сакајќи да го примат со напор.

67. Го смирува високото дрво и го воздигнува смирениот, го слуша и свежото дрво давајќи му живот на исушеноста. Бог им дава на Своите слуги отворена уста пред големиот собир и слово за да ја објават Неговата вистина со голема моќ. Затоа што Нему му припаѓаат и мудроста, и разумноста и моќта. Како што ги преобразува времињата и приликите, така ги преобразува и душите на оние кои го бараат и копнеат по Него, давајќи им моќ над нивните страсти и издигнувајќи ги од живот во живот. Тој на духовно мудрите им дава мудрост, а на разумните разборитост. Тој им ги открива длабочините и тајинствените нешта на оние кои навлегуваат во длабочините Божји, давајќи им знаење на необјаснивите таинства. Затоа што ја има светлината на мудроста и знаењето и им ја дава каде што сака.

68. Секој што трпеливо ги извршува надворешните и внатрешните заповеди, гледајќи само во славата Божја, му се дава чест на небесното знаење, душевниот мир и нераспадливоста, да биде извршител на законот на благодатта, а не само да слуша. Бог не го занемарува своето знаење, за што сведочат неговите дела, туку го става заедно со зборовите на знаењето на оние кои блескаа со божествена мудрост во Црквата на верните. Затоа што кај Бог нема лицемерие. Од друга страна, оној кој постапува од себичност и не ги слуша зборовите на оние што ги води Духот, туку го слуша само сопствениот разум и измамничките зборови на оние кои имаат само надворешен изглед на побожност и дејствување. од љубов кон славата и љубовта кон задоволството, се даваат тага и мака. Зависта, гневот и тегобата ќе бидат плата за неговата убавина. Во иднина, на денот кога Бог ќе ги суди тајните на човекот и ќе му даде на секого според неговите дела, кога неговите мисли ќе бидат осудени или оправдани, неговите мисли ќе бидат под осуда.

69. Како што „не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезанието она, кое е надворешно, врз телото, туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не потекнува од луѓето, туку од Бога“ (Рим. 2, 28-29); така и совршениот маж во знаењето и премудроста не тој, кој е голем во јасното красноречие и вистинскиот ревнител на побожноста не е тој, кој се грижи за јавните подвижнички трудови, туку оној што е ревносен во скриената умствена дејност, и неговата пофалба не е од луѓето, туку од Бога (сп. Рим. 2,29). Зашто тоа не им е познато на луѓето, туку само на саканиот Бог и на оние што се раководени од истиот Дух.

70. Ако „преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гревот“ (Рим. 3,20), тогаш кој може само со своите подвижнички напори да се јави пред Бога? Зашто преку дејствителниот живот само доаѓаме до тоа – да свикнеме со добродетелите и го прекратуваме дејството на страстите, но само со тоа не можеме да станеме совршени до мерката на Христовото совршенство. Што е тоа што нѐ издигнува до вистинското совршенство? – Искрената вера, која е докажување на она во што се надеваме (сп. Евр. 11,1). „Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови“ (Евр. 11,4). И Авраам со вера се пресели во ветената земја (сп. Евр. 11,8-9). Верата ги издигнува вистинските ревнители кон силната надеж, дека ќе ги добијат големите Божји дарови, а во срцата им дава неисцрпни сокровишта на духовни блага, за оттаму да ги изнесуваат старите и нови Божји тајни и да им ги предаваат на оние, кои имаат потреба од нив. Оној што се удостоил да го прими ова; да се издигне во љубов кон Бога, тој со тоа станува совршен во знаењето за Бога и влегува во Неговиот спокој „и се одмара од делата свои, како и Бог од Своите“ (Евр. 4,10).

71. Некогаш Бог им се колнел на оние што не верувале, дека нема да влезат во Неговиот покој, како и што не можеле да влезат поради своето неверие (сп. 1. Петр. 3,20; Евр. 3,11; 4,6). Како, пак, сега многумина чекаат без вера, туку само со телесни дела, да влезат во бесмртниот живот, кога гледаме дека многумина не можеле да го направат тоа на тој начин и да се одморат од сите свои трудови? Затоа, секој треба да гледа дали неговото срце не е лукаво исполнето со неверување, за да не биде лишен од тоа, иако има многу надворешни трудови; да не биде лишен од својот спокој и од своето успокојување, зашто само поради тоа се преземаат трудовите на дејствителниот живот, за да се влезе во спокојот на бесмртноста и „за да не падне во слична непослушност“ (сп. Евр. 4,11) и да не пострада од тоа, од што пострадале тогаш оние што се противеле со неверување.

72. Бидејќи сме чувствителни, духовни и разумни, и ние од себе сме должни да Му принесеме на Бога некаква десетина. Како чувствителни, должни сме добро да ги восприемаме чувствителните впечатоци од материјалните работи и преку нивната убавина да брзаме кон соѕерцанието на нивниот Создател; како духовни – должни сме да говориме добро за божествените и за човечките работи; како разумни – треба да имаме непогрешни разбирања за Бога, за вечниот живот, за духовното царство и за духовните тајни што се скриени во него, така што, по строго испитување, да се покажеме дека правиме и беспрекорно чувствуваме, говориме и мудруваме во Бога, а во ова се состои вистинската вера на нашето совршенство и светиот принос на Бога.

73. Нашиот вистински десеток на Бога е душевната Пасха, односно преминувањето на сѐ што е страсно во нас и нашата неразумна чувствителност. Откако ќе вкусиме од Пасхата, откако ќе се причестиме од непорочното Јагне „Кое ги зема гревовите на светот“, тогаш нема да умреме, според зборовите на Господа, ќе живееме вечно (сп. Јован 6, 50-51).

74. Оној што се ослободил од мртвите дела, тој воскреснал заедно со Христа. Ако воскреснал во Христа во знаење дека „Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе“ (Рим. 6,9), тогаш и со нас смртта нема веќе да владее. Зашто, кој умрел некогаш со гревот, откако отпаднал од природното движење, тој умрел еднаш, а оној кој живее сега – живее за Бога, со слободата на Светиот Дух, кој го ослободил од грешните дела, така што, потоа тој веќе не живее за своето тело и за светот, зашто веќе умрел за членовите на своето тело и за животните дела, но Христос живее во него, зашто е веќе под благодатта на Светиот Дух и не е веќе под законот на гревот, доколку членовите на своето тело ги предал да бидат орудие на правдата на Бога и Отецот.

75. Оној што ги ослободил своите членови од робувањата на страстите и ги предал во ропство на правдата, тој се приближил до осветувањето од Светиот Дух, издигнувајќи се над законот на телото. И гревот веќе нема да владее над него, зашто тој живее во слобода и под законот на Духот. Зашто, не е таков крајот од робувањето на страстите каков што е крајот од ропството на правдата. Првото ропство се завршува со духовното погубување на душата, а второто робување е ропство на правдата кое воведува во вечниот живот – „во Исуса Христа нашиот Господ“ (сп. Рим. 6,12-23).

76. Законот на телото владее со човекот кога тој живее телесно; а кога умира и се умртвува за светот, тогаш се разрешува законот на телото. Само преку умртвувањето на телото се умртвуваат неговите членови; ние стануваме мртви за телото и за светот тогаш, кога се соединуваме со Светиот Дух. А можеме да се сметаме дека сме соединети со Светиот Дух само тогаш, ако Му принесуваме на Бога плодови на Духот, а тоа се: љубовта према Бога со сета наша душа, љубовта према ближниот со сето наше срце, радоста на срцето со чиста совест, душевен мир со бестрасност и смиреност, мир на помислите и на умот, долготрпеливост во искушенијата и страдањата, добрина и благородство на душата, највнатрешна вера во Бога, која никогаш во ништо не се колеба, кротост во смирената мудрост и умиление, како и потполна воздржливост на чувствата. Кога ќе почнеме да Му принесуваме вакви плодови на Бога, тогаш ќе бидеме надвор од законите на телото, кои сме ѝ ги принеле на смртта. Зашто сме се ослободиле од нејзиниот закон – како воскреснати со Христа од мртвите дела, преку слободата на Духот.

77. Оние што го примиле почетокот на Духот во бањата на обновувањето и Го запазиле неизгаснат, бидејќи обременувани од тежината на телото, воздивнуваат во себе, очекувајќи го своето обновување од тоа што ќе ги исполни Утешителот, за да го видат избавувањето на своето тело од ропството на гниењето (сп. Рим. 8,23). Зашто, Духот им помага против нивните природни немоќи, се застапува за нив „со неискажано воздивнување“ (Рим. 8,26), бидејќи нивната мудрост е веќе според Бога и нивната надеж очекува да го види откровението на Божјите синови во нивното умртвено тело – во животворната Христова умртвеност, та и тие да поживеат како Божји синови, водени и раководени од Светиот Дух и, ослободувајќи се од робувањето на телото, да влезат во слободата и славата на Божјите чеда, на кои, како на оние што Го љубат Бога – „сѐ им врви добро“ (Рим. 8,28), – сѐ им е за добро.

78. Светото Божјо Писмо се разбира духовно; тешките места во него им се откриваат од Светиот Дух само на духовните. Душевниот човек не може да ги прими неговите откровенија (сп. 1. Кор 2, 13-14), бидејќи тој, поради промените, со своите мисли, помислува за нешто друго и внимава на она што го говори некој друг. Тој Го нема во себе Духот Божји, Кој „испитува сѐ, па дури и длабините Божји. Бидејќи…Божјото не го знае никој освен Божјиот Дух“ (сп. 1Кор. 2, 10-11), туку го има во себе духот на светот и на чувствата, исполнет е со завист и со пакост, преполн со расправии и караници, па поради тоа за него е лудост да се вдлабочува во смислата на Светото Писмо и да ги иследува неговите мисли. Немајќи сили да го разбира, зашто она што е во Светото Писмо само духовно може да се разбере (сп. 1. Кор 2, 14), било да се однесува тоа на божествени или на човечки работи, тој се подбива со она што духовните го разбираат духовно и го извршуваат (сп. 1. Кор 2,13) и таквите, кои не се духовни и кои не се водени од Божјиот Дух – ја толкуваат слободно смислата на зборовите во Светото Писмо и на тој начин нивното толкување и разбирање е произволно и неправилно. Но, толкувањето на духовниот човек не е такво; тој „испитува сѐ“ под раководство на Светиот Дух; „зашто, кој го спознал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов“ (1. Кор 2, 15-16).

79. Последниот ден ќе се открие со оган, и со оган ќе бидат испитувани делата на секого (сп. 1. Кор 3, 13) говори светиот апостол Павле и додава дека чии дела се по суштина негниежливи, тие среде оган ќе бидат запазени неуништиви; и не само што нема да изгорат, туку ќе останат болскави, откако биле очистени од некакви мали петна. А чии дела се гниежливи, по својата природност, кои ги качил како товар врз себе, тие ќе изгорат заедно со нив и ништо нема да остане од нив. А постојаните и негниежливи дела се: солзите на покајанието, милостината, сочувството, молитвата, смиреноста, верата, надежта и секое друго дело, кое е направено со вистинска побожност, од кои, додека живее човекот, се изградува свет храм на Бога, а кога ќе умре – тие одат заедно со него и остануваат со него неизгниени засекогаш. А делата, кои изгоруваат во огинот, како што им е познато на сите, се: сластољубието, славољубието, среброљубието, омразата, лагата, пијанството, лутината, осудувањето и секое друго дело, кое е извршувано во похот и во гнев. Сите вакви дела, и додека е човекот уште жив на земјава, го изгоруваат со похоти, тлеат заедно со него, а и тогаш, кога ќе се одвои тој од телото, одат заедно со него, но не остануваат заедно со него, туку се уништени од оган, а својот извршител го ставаат во огнот што не догорува – во вечните маки.

80. Познавањето на Бога значи: оној што се исполнил со смирена мудрост и со молитва, тој е познат од Бога и збогатуван од Него со вистинско знаење на Неговите природни тајни. А кај кого има гордост, тој не може да се збогатува со Бога преку смирената мудрост и молитвата, туку е воден и раководен од духот на овој земски свет. Затоа таквиот, иако се чини дека знае нешто, не знае ништо од божествените работи, не ги знае такви какви што се. Оној што Го љуби Бога, тој смета дека ништо не е достојно да го спротистави Бога и на каква и да е друга љубов, освен на љубовта према Бога и према ближниот и на тајните на царството Божјо. Ова треба да го знае оној што е движен од Божјиот дух и е познат од Бога како вистински работник во рајот на Неговата Црква која ја извршува Божјата љубов и ја устремува својата љубов кон Бога – недостојните ги прави достојни со силата на своите зборови, кои му се дадени од Светиот Дух, а делото свое, преку смирената мудрост и скрушеноста, го запазува целосно и непоткрадувано.

81. Сите ние сме крстени со вода и со Светиот Дух, а и сите ние се храниме со духовна храна и сите ние пиеме духовно пиење, а Христос е оваа храна и ова пиење. Но, повеќето од нас не сме во Божјата волја (сп. 1. Кор 10, 2-5). Зашто, многумина од нас верните и ревносни христијани сме ги истоштиле и истенчиле нашите тела со многу подвижнички трудови и телесни дејствувања, толку многу што веќе немаме умиление од нашето богољубиво и доброљубиво срце, ниту имаме милосрдност и љубов кон ближните и кон себе; оставени сме пусти, неисполнети од Светиот Дух и оддалечени од вистинското познавање на Бога, а нашата духовна постела останува неплодна и зборовите наши се без сол и без светлина.

82. Она што го бараат назореите од Господа, тоа е само да можат да се искачат на гората Сион со дејствување или само тоа – пред искачувањето таму да се очистат, да ги избелат своите облеки, како и да немаат допир со жена, и тоа: да не Го видат Бога од кај грбот (2. Мој. 33, 23), туку Самиот Бог, Кој им ја покажува Својата благонаклоност, со тоа што им ги дал плочите на знаењето и што ги испраќа, да ги поучуваат и изградуваат Неговите луѓе.

83. Господ не ги воведува сите Свои слуги и ученици со Себе во откривање на Своите скриени и возвишени тајни, туку само на оние, на кои им е дадено уво за слушање и чие око е отворено за гледање и кои имаат нов јазик – јасен и разбирлив. Земајќи ги ваквите и, одвојувајќи ги од другите кои се исто така, Негови ученици, се искачува на Таворската Гора на соѕерцанието и се преобразува пред нив, не откривајќи им го тајно она што треба да го знаат за царството небесно, туку, покажувајќи им ги Божјата слава и светлина.

84. Многумина се оние што со потполна усрдност ги обработиле и посеале своите ниви и што посеале чисто семе на нив, а пред тоа ги исекле трњето и боцките, изгорувајќи ги со огнот на покајанието. Но, бидејќи Бог не ги пуштил дождовите на Светиот Дух, дождовите на скрушеноста, тие од своите ниви ништо не ожнеале; посеаното се исушило и не родило многу плодни класје на знаењето за Бога. Затоа, таквите, ако би излегле од телото не гладни за Божјото слово, но со скудни знаења за Бога и со празни раце, ќе имаат нешто сосема малку запазено од она, што ќе им биде потребно на последното патување.

85. Секој што изнесува од својата уста корисни зборови за поука на својот ближен, тој ги изнесува, според зборовите на Господа, од доброто сокровиште на своето срце (сп. Матеј 12, 35). И никој не може да навлезе во богословието и да го каже за Бога она што е потребно, ако во тоа не му помогне Светиот Дух. Оној што говори со Светиот Дух, не го говори она што е спротивно на Христа, на верата во Христа, туку само она што е поучно, она што издигнува кон Бога и што воведува во небесното царство, што го обновува древното благородство и што соединува со Бога. Ако сега јавувањето на Светиот Дух на секого му се дава за корист (сп. 1. Кор. 12, 7), тогаш оние што се збогатиле со словото на Божјата премудрост и што го примиле словото на разумот тоа го имаат под дејството на Светиот Дух; тие се храм на Божјите неисцрпни сокровишта.

86. Никој од оние што поверувале во Христа и што се крстиле не бил оставен без благодатта на Светиот Дух, само, ако не дозволил самиот да биде заробен од спротивните духови, ако не ја осквернил верата со своите лоши дела и, ако не се соживеал со мрзливоста и безгрижноста. Оној што го запазил неизгасен почетокот на Духот, Кого Го примил на светото крштение или, откако бил изгасен, одново Го запалил со делата на правдата, не е можно тој да не Го прими и да не се исполни со Него.

87. Оној што има љубов не знае да завидува, да се превознесува, не презира, пред никого не се гордее, не прави лоши работи, не се однесува лошо према ближниот, не се раздразнува на никого што го ожалостил, не се одмаздува, ако некогаш од некого претрпел некое зло, не се радува за неправдата на другите, туку се радува за нивната правда, ја сокрива секоја жалост што го снаоѓа, со едноставност и незлобивост, верува на сѐ, надевајќи се, добива сѐ што ни е ветено од Бога, претрпува секакви искушенија, не враќа зло за зло и никогаш не отпаѓа од делотворната љубов кон ближниот (сп. 1. Кор, 13, 4-8).

88. Од оние кои се удостоиле да ја примат небесната благодат на Светиот Дух преку различни дарови, некои се новородени и несовршени во божествените дарови, додека други се совршени луѓе и ги имаат во својата полнота. Како што растат во извршувањето на божествените заповеди, тие се првите кои напредуваат во даровите. Исполнети со поголемите дарови на Духот, тие ги откажуваат претходните дарови на новороденчето. Постигнувајќи го врвот на љубовта и богопознанието, другите, според апостолот, веќе оставаат делумни дарови, т.е. пророштво, расудување на духовите, дарови за помагање на другите, управување итн. Зашто, кој влегол во палатата на љубовта, делумно не го познава Бога, кој е љубов. Напротив, зборувајќи со Него лице в лице, тој го познава целосно, исто како што го познаваше.

89. Оној кој од ревност за духовните дарови се погрижил да стекне љубов и ја стекнел, не се задоволува да зборува за време на молитвата и читањето само заради сопственото духовно издигнување. Затоа што тој што зборува само со Бога на јазици кога се моли и пее, се изградува себе, како што вели светиот апостол Павле. Потребно е тој, повторно според Павле, да „пророкува“ заради изградба на Црквата Божја, т.е. дека ги учи ближните да ги извршуваат божествените заповеди и дека брзаат да му угодат на Бога. Како некому ќе му биде корисен игумен кој секогаш преку молитва и пеење зборува само со себе и со Бога, т.е. ако не зборува и со своите следбеници, или со откровението на Светиот Дух, или со спознанието на Божјите тајни, или со предвидувачкиот дар на пророштвото, или со поучувањето на зборовите и мудроста Божја? Зашто, ако не им даде лесно разбирлива поука, пишана или говорна, кој од неговите следбеници ќе се подготви за војна против страстите и демоните? Навистина, ако не бара да има дарежлив збор на поука и знаење на Духот за издигнување на своето стадо, пастирот не е ревносен за даровите Божји. Зашто, кога само се моли и многу пее со јазикот, молејќи се со својот дух, т.е. со душа се гради. Неговиот ум, меѓутоа, е бесплоден, бидејќи тој не пророкува со словото на поука и не ја гради Црквата Божја. Светиот апостол Павле се соединил со Бог повеќе од кој било друг човек – преку молитва. А сепак, тој сакал само пет зборови од својот плодотворен ум да каже во Црквата за да ги научи другите, наместо илјадници зборови псалми на јазик. Затоа, ограничувајќи го достоинството на пастирите само на пеење и читање псалм, духовните водачи го изгубија патот на љубовта.

90. Оној што ни даде битие од предложената вештачка и умствена суштина, спротивностите по природа се соединуваат на чудесен начин во една личност, ни даде и блаженство со зборот на мудроста и неговото знаење. Тој го правеше она што го рече, од една страна, за со духовно знаење да ги видиме скриените богатства на мудроста на Царството Небесно, што ни го даде, а од друга страна, со словото на мудроста, ние би им го соопштиле на нашите ближни богатството на неговата добрина и доброто на вечниот живот, што ги утврдил за сладоста на оние што го сакаат.

91. Оној кој се издигнал над заканите и ветувањата од трите закони, стигнал до живот кој не е предмет на законот. Тој самиот стана закон на Црквата и не потпаѓа под власта на законот. Слободниот живот не подлежи на закон, тој е пред сè природна неопходност и отстапување. Оној кој го достигнува, всушност, се ослободува, откако го надмина телото и постанува оган преку заедницата со Духот. Тој целосно се соединил со Христос, кој е над секоја природа. Она што е делумно и несовршено му е укинато.

92. Оној кој станал приемчив за знаењето на Првиот Ум (кој е Почеток и Крај на сè, неограничен за себе и внатре и надвор во однос на сè друго), знае дека е сам и осамен. (Тој знае) како да биде сам дури и меѓу оние што се сами. Останувајќи сам, тој не трпи штета во своето совршенство, ниту престојот со многумина трпи штета во осаменоста. Тој е ист насекаде и сам во сè, бидејќи за некои тоа е почеток на нивните движења кон осаменоста и (за други) совршен крај на доблеста што се наоѓа пред нив.

93. Незаменливото единство и соединување на душата и телото, се додека е во хармонија со себе, го заокружува едно дело, било од уметничка или духовна природа. Воколку, пак, не е во согласност, се создава братоубиствена битка, во која сите сакаат да победат. Меѓутоа, свеченоста доаѓа и ја покажува својата моќ, веднаш ја растерува (страста) на љубовта кон победата и давајќи му првенство на единството и повторно воспоставувајќи го единството на делото во природата и духот.

94. Од трите основни делови на нашата душа, еден (вербалениот дел) управува но со него не се управува, другиот (срчевито) управува и со него може и да се управува, а третиот (посакувано) не управува, но со него слободно може да се управува. Меѓутоа, ако делот што управува е поставен под владеење на еден од двата дела со кои управуваат, по природа е слободен и се покажува како слуга на тој (дел) што е по природа слуга, оставајќи ја рамката на правилото и неговата природа, како резултат на што меѓу нив се јавува голема стагнација. И „сè си потчинил под нозете негови. А кога сè му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сè му е потчинето“ (Евр. 2, 8). Ако, од друга страна, управувачкиот дел се одржува над останатите и ги донесе под свое владеење, обесправениот се обединува и се согласува, постигнувајќи мир со Бога. И бидејќи сè му се потчинува, Словото го предава на Царството на Бога и Отецот.

95. Кога петте сетива им се потчинети на четирите најглавни добродетели и секогаш им се покорни ним, тогаш природата на телото, составено од четирите стихии, – не му пречи на тркалото од животот без пречки да се движи, а кога тоа така се движи, тогаш нашите сили не стануваат една против друга, туку делата на страстите, на похотите и на гневот, се согласуваат со делата на мислите, и умот откако ќе ја преземе својата природна силна власт, од четирите главни добродетели си прави кола за себе, а престолот негов го прави од петте услужливи сетива на телото и, откако ќе ја победи тиранијата на телото, е земен на небото со силата од четири коња, па застанува пред Царот на вековите – се овенчува со венецот на победата и во Него се успокојува после брзиот одд.

96. На оние кои ќе станат совршени во времето на умоусовршување и кои се потпираат на столбовите на Духот, се подготвува чаша и се дава лебот на царската гозба. Им се дава птрестол за да се посветат и пари да се збогатат. И, им се дава во рацете ризницата со бисери и скапоцени камења подготвена за нивното неброено богатство. Бидејќи се најмудри во своите постапките, активноста ги прави провидни и ги подготвува да застанат пред самиот Цар, а не пред невнимателни луѓе.

97. Што од двете се случува: Царството Небесно им е дадено на подвижниците овде или после смртта. Ако сепак се даде овде, победата е неотповиклива, радоста е неискажлива и нашето искачување во Рајот е бесплатно. Затоа штом Рајот се наоѓа токму на божествениот исток. Воколку, пак, се дава после смртта, треба да испитаме дали исходот од овој живот е без страв, што е Царството Небесно и Царството Божјо и Рајот, по што се разликува едното од другото и кое е времето на секој од нив, и дали ги добиваме сите три и како и кога и по колку време. Затоа што тој што се нашол во првото додека бил жив и носел тело, не ги изгубил другите две.

98. Горниот свет е сè уште нецелосен и го чека своето дозавршување, за да се воспостави во својата полнота од првородениот Нов Израел, кој гледа кон Бога. Горниот свет се комлитира, исполнувајќи се со оние кои брзаат да бидат во близината Бога. Откако ќе биде исполнето, оградувајќи ги краевите на долниот свет со верните и неверните, ќе стане едно единствено собрание, давајќи му на секого своја проценка и раздвојувајќи ги двата несогласни реда. Горниот свет си го приводи кон себе а другите ги оградува со неограничена ограда. Меѓутоа, Тој самиот не се води или раководи по некакви начела, кој би го ограничило. Тој има својство на постојано движење, поради што не се собира во себе, ниту се протега надвор од своите неограничени граници, за другите преставува сабoтување (одмарање), и успокојување од сите начела и движења.

99. Сите небесните сили, како и пејачите кои водат во пеењето, се распространети во хорови на трикратен начин и тројно стојат покрај Света Троица, кои со страв служаат принесуваат пофалби. Едни од нив се испод Началата со посебна цел за сè. Тие му се најблиски и ги предводат песните. По некаков редослед, тие се престоли, херувими и серафими. Нивната карактеристика е огнената мудрост и познавање на небесните твари (нешта), а нивното главно дело е божествената химна, на еврејски наречена „Гел“. Другите сили се во средината, помеѓу претходната и втората, т.е. власти, господства и сили, тие се секогаш околу Бога. Нивната одлика е режирање на големи случувања, да прават чуда и да реализираат чудесни знаци. Нивното главно дело е трисветата песна „Свет, Свет, Свет“. Други сили доаѓаат кај нас луѓето, кои се над нас и под повисоките сили. Тие стојат околу Бога и се нарекуваат начела, архангели и ангели. Нивната одлика им е да вршат божествени служби, а главна одлика им е песната „Алилуја“. Воколку е усовршена со секоја доблест и воздигната со секое знаење и мудрост на Духот и божествениот оган, буквално човечката природа преку божествените дарови станува блиска до споменатите сили, бидејќи ги привлекува кон себе квалитетите на секој поединец. поради неговата чистота. Таа се зближува со второто преку служење и извршување на заповедите Божји, со средните – преку сочувство и заштита на луѓето и преку организирање на големите и божествени работи во делата на Духот. Меѓутоа, на првите им се пренесува преку огнената мудрост во зборови и познавање за божествените и човечките твари. Усовршувајќи се себе и примајќи дарови еден по друг, човечката природа преку нив се соединува со Десетици (1) – Бог, имајќи предвид дека му ги принела првите плодови од десетте редови.

100. Бог е еден и три. Тој, почнува од Единица и, продолжува како Десетица, завршува кружно во себе. Бог во себе има почеток и завршеток на сè. Тој, сепак, е сè, и секогаш над сè. Оној кој се нашол во Него, се сместил во сетилата, на спознаението за животот. И иако стои надвор од сè, тој пребива во сè, знаејќи ги почетоците и крајот на сите, бидејќи преку Словото стекнал умствено единство со Отецот и Духот станал совршен. На Сесовршената, Неделлива и Едносуштна Троица, на која се поклонуваме на Отецот, Синот и Светиот Дух и која се слави како Една Природа и Царство и Сила на Божеството, доликува на моќта секогаш и во сите времиња. Амин.

Преведе и обработи
Отец Митко Попоски 2022