www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,580,001
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM V

Свети Симеон – Нов Богослов

Кратки податоци за него

Свети Симеон е роден во Пафлагонија, а се школувал во Цариград кај вујко му, кој бил во царска служба. По завршувањето на образованието останал и тој на работа во царскиот дворец, но набрзо потоа оставил сѐ и отишол во Студискиот манастир, каде што духовен раководител му бил старецот Симеон, којшто бил негов духовник уште за време на неговото световно образование. Неговиот строг живот предизвикал завист и непријателство меѓу монасите и тој, по совет на својот старец, преминал во манастирот на свети Мамонт, каде што, по смртта на свети Мамонт бил избран за игумен и ракоположен за презвитер од патријархот Николај Хрисоверг. Откако го уредил овој манастир, свети Симеон се оддалечил во безмолвен живот, а за свој достоен заменик го поставил искусниот Арсениј. Но, не се насладувал долго на спокојот од безмолвието. Против него се подигнала бура од незадоволство затоа што установил празник во чест на упокоениот старец Симеон, која го исфрлила надвор од Цариград. Недалеку од градот засакал едно место, каде што била древната црква на света Марина. Сопственикот на тоа место го почитувал, а еден од царските великодостојници, Христифор Фагура, му ја отстапил целата таа месност и му помагал таму да изгради овој манастир. Откако го изградил и го устроил манастирот, свети Симеон пак се повлекол во безмолвен и осамен живот. По триесет години безмолвнички живот и спокој, се упокоил во Господа во почетокот на ХI век. Неговите свети мошти се појавиле чудотворни во 1050 година. Денот на неговото упокојување, 12 март, бил неговиот празник. Но, Никодим Агиорит, кој го впишал во својот Синаксар под истиот датум, забележал дека неговиот празник е пренесен на 12 октомври и дека тој му составил богослужба.

Свети Симеон оставил многу списи. Додека управувал со своите манастири, тој обично говорел поучни проповеди, а во слободното време пишувал посланија и поуки општохристијански и подвижнички. Овие се изложени како кратки написи и глави.

Неговиот ученик Никита Ститат, составувач на неговото житие, уште за време на неговиот живот ги пишувал и ги препишувал овие негови поуки.

Во одделна книга, на новогрчки јазик, печатени се 92 негови слова, аскетските глави негови и на неговиот духовен учител. Овде се поместени и 55 молитви пишувани во стихови. Словата и главите се преведени и печатени на руски јазик.

Во грчкото Добротољубие од списите на свети Симеон се земени неговите аскетски глави, вклучувајќи ги меѓу нив и поучните глави на неговиот духовен старец, изоставајќи, пак, некои од неговите поучни глави, а додавајќи на крајот и две од неговите поучни слова.

И ние ги земаме аскетските глави на свети Симеон, како и оние на неговиот старец, не онака како што се наоѓаат во грчкото Добротољубие, туку одделно. Ги земаме и двете негови слова, но не ги печатиме по неговите аскетски глави, туку на крајот од овој зборник.

Обработи
О.М.П. 2022