www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,951
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ОТСЕКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

11 Септември

Отсекување на главата на Св.Јован Крстител- ( е строг пост без масло, но се пости со масло само тогаш кога денот се паѓа во недела) За многу години денот!!!

По смртта на Ирод Четворовласникот, територијата на Палестина била поделена на 4 дела.

Еден од тие делови му припаднал на Ирод Антипа, кој најпрвин се оженил со ќерката на арапскиот цар Арета. Со неа тој поминал доста време во брак. Потоа, обземен од убавината на Иродијада, која всушност била жена на неговиот брат Филип, ја протерал својата прва законска жена и започнал да живее со Иродијада во незаконска блудна врска.

Се вели незаконска, зашто според тогашниот закон Ирод можел да се ожени со неа само доколку таа немала деца. Но, во овој случај тој не смеел да се ожени со неа затоа што братот сѐ уште му бил жив, а Иродијада имала ќерка со него.

Св. Јован Крстител, кој бил ревносен на Законот Божји, укорител на гревот и проповедник на покајанието, не можел да го трпи ова беззаконие и постојано јавно го разобличувал Ирод како прељубник и крадец.

Поради тоа Ирод го ставил Јован во затвор.

Неколкумина историчари велат дека Ирод го затворил св. Јован не од сопствената злоба кон него, туку поради злобата на Иродијада, која многу го мразела пророкот, поради неговото јавно укорување и осудувањсе на нивниот грев.

Самото Свето Писмо ни го опишува настанот што се случил за време Иродовиот роденден, на кој присуствувале кнезови, војводи, старешини, тетрарси.

Додека Саломија, ќерката Иродијадина, занесно танцувала развеселувајќи ги присутните гости, Ирод, опијанет и обезумен заради похотливата страст, пред сите ветил дека ќе ѝ даде сѐ што ќе посака, па дури и половина од царството.

Во договор со својата мајка Иродијада, Саломија побарала да ѝ ја донесат главата на св. Јован Крстител. Ирод на тоа барање се замислил, бидејќи многу го почитувал св. Јован и постапувал според неговите зборови, се плашел од гневот Божји за убиството на пророкот, а исто така и од народниот гнев, зашто Претечата бил многу почитуван и сакан жител во Галилеја.

Но како што вели св. Јован Златоуст „управителот кој им се потчинувал на задоволствата, бил роб на задоволствата“, и вистинскиот повод за ваквото негово дело бил стравот дека Иродијада ќе го напушти доколку не го исполни ветувањето. И тој постапил според заклетвата, заповедал да ја донесат главата на Крстителот која, според Преданието, дури и тогаш кога била отсечена не престанала да го збори и да го разобличува гревот на управителот Ирод.

Иродијада од голема злоба, јазикот и очите од отсечената глава на свети Јован ги избодела со игла и ја закопала во некое нечисто место (што станува понатаму со главата опишано е под 8 март). После отсекувањето на главата, учениците Јованови ноќе чесно го погребале неговото тело во Самарјанскиот град Севастија.

По извесно време, овие злосторници ги постигнала Божја казна, истата зла судбина ги снашла и тројцата злосторници: Саломија, додека поминувала преку замрзнатата река Сикорис (Сула), пропаднала во неа во мигот кога мразот се скршил под нејзините нозе. Едно големо парче мраз ѝ го притиснало вратот, така што ѝ ја отсекло главата, чија глава била донесена пред Ирод и Иродијада.

Наскоро кнезот Арета го поразил Ирод и го прогонил во Галилеја, а потоа во Шпанија. Ирод и Иродијада доживеале голема беда и понижување, и двајцата сурово загинале – земјата живи ги проголтала.

Светата глава била пронајдена и погребана во земјен сад на Елеонската гора. .

Еден подвижник, копајќи дупка за да си изгради мал храм, ја нашол светињата и ја задржал кај себе. Пред неговата смрт, плашејќи се од наездата на идолопоклонството во тие краишта, повторно ја сокрил во земја чесната глава, и тоа на истото место каде се подвизувал.

Во 452 год., самиот пророк во видение покажал каде се наоѓа неговата глава. По повторното наоѓање таа била пренесена во Емес, и на крај во Цариград.

Во спомен на тоа е востановен уште еден празник, нераскинливо поврзан со празникот „Отсекување на главата на св. Јован Крстител“, а тоа е споменот посветен на првото и второто пронаоѓање на неговата чесна глава, кој се извршува на 24 февруари ст. стил/08 март нов стил.

За време, пак, на иконоборството, главата била однесена во Комани и закопана во земја. После победата на иконопочитувањето св. Патријарх Игнатиј ја пронашол реликвијата и во спомен на тоа собитие се востановил и празникот „Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител“.

Смртта на свети Јован се случила пред Пасха, а празнувањето на 11 септември. Така е востановено затоа што тој ден е осветена црквата што на неговиот гроб ја подигнале во Севастија светиот цар Костантин и неговата мајка, светата царица Елена. Во таа црква се положени моштите на Јовановите ученици: Елисеј и Авдиј

 

Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада 2022