www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,070
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ПОЛАГАЊЕ НА ЧЕСНИОТ ПОЈАС НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

На 31 август/13 септември се празнува споменот на „Полагањето на Чесниот Појас на Пресвета Богородица“

Тоа е еден уникатен свештен предмет кој се поврзува со земниот живот на Пресвета Богородица и до денес се чува еден дел од појасот во светогорскиот манастир Ватопед, во градината на Пресвета Богородица. Самата Пресвета Богородица го исплела појасот со камилски влакна.

По своето успение, Пресвета Богородица му го дала својот појас на апостолот Тома. Пренесувањето на Чесниот Појас во Цариград се случи за време владеењето на Аркадиј (395-408). Пристигнувањето на Појасот во царскиот град било празнично. Царот го положил Чесниот Појас на Богородица во реликвијар кој го нарекол „свето тело“. Тоа се случило на 31 август/13 септември, последниот ден од црковната година. Во градот на свети Константин (Константинопол), во кој Војвотка и Закрилничка е Богородица, ќе остане Чесниот Појас на Богомајката.

Во овој храм царицата го положила Светиот Појас на Богородица. Самата царица со златен конец го украсила овој појас, како што може и денес да се види.

Царот Јустин II (565-578) и неговата сопруга Софија го обновиле овој храм и подигнале храм на Светото Тело. Таму, во мошто-хранилница, врз светиот престол се чувал Чесниот Појас на Пресвета Богородица.

Мноштво верници доаѓале да се поклонат со побожност барајќи од Богородица да посредува со нејзините молитви пред Својот Син Господ Исус Христос. Мноштво чуда се случиле од светиот појас. Луѓе несреќни и болни доаѓале и наоѓале избавување преку силата на чудотворноста од Појасот.

Поради ова Божја сила на чесниот Појас уште од тоа време бил и воспеан. Со благодатта на Пресветата ги осветува оние кои доаѓаат побожно да се поклонат, ги издигнува од распадливоста, ги ослободува од болестите и тагите. Тој појас подоцна бил пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица – Влахерна, што ја изградила царицата Пулхерија.

Овој ковчег никогаш не се отварал, сè до времето на царот Лав Мудриот (886–912). Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболела, и според некое таинствено видение посакала врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помолил патријархот, и за прв пат го отвориле ковчегот, го извадил појасот и го положил врз болната царица. Таа веднаш оздравела. Во спомен на тоа чудо се востановил овој празник.

Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцелила со помош на овој појас а подоцна, кога се омажила за царот Абухаз Грузиски, таа понела дел од појасот со себе. Подоцна на заповед од рускиот цар Александар I била изградена црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чувал тој дел од чудотворниот појас на Пресветата Божја Мајка.

Понатаму Светиот Појас бил поделен на повеќе парчиња кои биле однесени во разни храмови низ Цариград. По освојувањето на градот од Крстоносците во 1204 година, некои парчиња биле грабнати и однесени на Запад.

Но еден дел бил сочуван и останал во Цариград и по ослободувањето на градот за време на Михаил Палеолог. Се чувал во храмот на Пресвета Богородица – Влахерна. Последното спомнување на појасот е од еден анонимен руски поклоник во Цариград помеѓу 1424 и 1453 година.

По освојувањето на Цариград од страна на Турците во 1453, непознато е што се случило со останатиот дел од Појасот. Па така единствениот сочуван дел е оној кој се чува во светиот манастир Ватопед, каде што преку многу тешкотии пристигнал.

Светите отци од манастирот чуваат едно предание според кое, Чесниот Појас на Пресвета Богородица бил подарен во манастирот Ватопед од страна на царот Јован VI Кантакузин (1341-1354), којшто подоцна се откажал од престолот и станал монах во Ватопед, со името Јоасаф.

Многу чуда се случиле и се случуваат и денес од Чесниот Појас. Им помага на неплодните жени да забременат и да родат деца. Ако со побожност ја побараат помошта од Пресветата Мајка – Богородица, им се дава еден појас (копие), кој се изработува во манастирот и кој се осветува врз вистинскиот појас на Пресвета Богородица. Со ваквите појаси, оние бездетни парови, кои го промениле својот живот на подобро, се обратиле кон Христа со покајание, исповед кај духовник, молитви, пост и причест, Богородица им подарила рожби. Појасите ги носат и мажот и жената, секогаш (освен при бањање), а ако даде Бог да забремени жената, таа го носи до крајот на бременоста. Во продолжение објавуваме неколку од многуте чудесни исцеленија, и дарување на чеда преку овие благословени појаси од Ватопед.

Тропар
Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето, ризата и појасот на Твоето пречисто тело си ги дарила на Твојот град како моќна ограда, останувајќи нетлена поради Твоето бессемено раѓање, зашто во Тебе се обновува и природата и времето. Поради тоа Те молиме, мир на Твојот град да му даруваш, а на душите наши милост голема.

Кондак
Твојата утроба, Богородице, која Го смести Бога, препашана со Твојот чесен појас, за Твојот град е сила непобедлива, и неисцрпна ризница на добра, единствена Која роди, и вечно остана Дева.

Чуда од чесниот појас на Пресвета Богородица

„Им има помогнато на мои блиски луѓе кои беа во тешки ситуации“.

Кукуш, 23 јуни 2008

„Во текот на мојот престој во вашиот манастир се поклонив на светите мошти и на Чесниот Појас на Пресвета Богородица, која ја чувствувам во моја близина и ми помага во тешки моменти од мојот живот.

Сметам дека ова парче од светиот Појас е голем благослов од манастирот (Ватопед), на Света Гора, но и за нашето место, бидејќи на чудесен начин им помогна и продолжува да им помага на сите верници кои имаат некаква потреба.

Во текот на нашата посета во свештениот манастир отците ми дадоа како благослов два појаси осветени врз Чесниот Појас. Ги дадов на две мои блиски личности, секој со различни проблеми. Знам дека имаа голема помош од Светиот Појас.

Ви го испраќам ова писмо со слобода и благодарност, за да ви се заблагодарам за непосредната помош која ја имаме од Чесниот Појас во нашиот живот“.

Ковчегот што го чува твојот појас секогаш е познат како кивот на осветување за твоите слуги, и света тврдина, и слава и пофалба, и извор на исцеленија, каде што денес, свешетено собрани, ги воспеваме твоите бројни величија, и бездната на чудеса.

Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада