www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,157,362
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ПАРТЕНИЕ ЗОГРАФСКИ

Партениј Зографски, чие крштелно име и презиме е Павле Тризловски, роден е во 1818 година во Галичник, како првороден син на Василко и Доста. Првото образование го стекнал во манастирот “Свети Јован Бигорски”, а во 1836 година во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов. Замонашен е во 1842 година во Зографскиот Манастир на Македонската Света Гора, при што го добива името Партениј, а по манастирот и презимето Зографски. Партениј Зографски завршил Духовна академија во Одеса, учел во Кипријанскиот манастир во Молдавија и во Киевската семинарија, а од 1846 до 1850 година е редовен студент во Духовната академија во Москва.

Автор е на многубројни дела со кои се создадени темелите на граматиката на Македонскиот јазик. Пред појавата на Партениј Зографски, во училиштата се предавале само грчката и старословенската граматика. Тој се впушта во пишување на граматиката на словените на балканскиот простор под Османлиите, во која ги систематизира разликите меѓу бугарскиот и Македонскиот јазик на научна основа.

Бил полиглот, покрај Македонскиот, знаел грчки, латински, хебрејски, старохалдејски, француски, руски и бугарски јазик. Работел како учител во Богословското училиште на Зографскиот манастир, бил професор по црковнословенски јазик во Богословското училиште на островот Халки кај Цариград.

Партениј Зографски бил духовник и ефимеј на рускиот царски двор. Манастирскиот комплекс во Стар Дојран по одлука на надлежниот митрополит струмички г. Наум денес го носи името “Свети Партениј Зографски”.

Неговиот животен пат е нераскинливо поврзан со љубовта кон Бога и кон сопствениот Македонски народ. Од Цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде хиротонисан за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво црковно звање и чин! Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршиската црква во Цариград. Прво за што се заложил новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влијанието на грчката црква во богослужбата.

Епископот Партениј Зографски ги обиколувал селата во полинската епархија за да внесе словенско духовно влијание, отворал народни училишта, а тоа не можело да не предизвика реакции на кукушките чорбаџии, кои коментирале “Каков е тој владика што не практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради училишта”, кои подоцна се жалеле до Цариградскиот патријарх за делвувањето на Партениј Зографски.

Солунскиот митрополит Неофит, во летото 1861 година го свикал Синодот на којшто поднел обвинение од 22 точки против епископот Партениј, сосема неосновано обвинет за антипатријаршиска дејност.

Меѓу другото, во 22-те наведени клевети против Неговото преосвештенство господин Партениј Епископ Полјански, тој бил обвинет дека: (1) Насилно го вовел црковнословенскиот јазик во богослужбата, а истовремено забранил да се употребува грчкиот јазик; (2) Го вовел мајчиниот Македонски јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, дури ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале Македонскиот јазик; (3) Го поттикнал населението да потпише барање, полјанската епископија да прерасне во митрополија; (4) Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит, како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит; (5) Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското писмо; (6) Цариградската патријаршија ја нарекол “голем ан“; (7) Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со Македонски јазик…

Сeпак, плашејќи се од руската дипломатија, а со намера да угоди на барањето на рускиот амбасадор Лобанов, Цариградската Патријаршија била принудена да испрати комисија во Полјанската епархија да го испита “случајот Партениј“. По извршената истрага тричлената патријаршиска комисија констатирала дека епископот Партениј не е виновен, туку напротив совесно ја вршел својата должност! Сепак, на г. Партениј не му било допуштено веднаш да се врати во својата епархија, во која, особено во Дојран (Полин), каде што се наоѓала и неговата епископска резиденција, бил желно очекуван од своите духовни чеда.

Железната црква “Свети Стефан“ е мошне значајна за македонската историја, бидејќи во неа служеле многу македонски свештеници од Егзархијата, меѓу кои: Партениј Зографски, Методиј Кусев, Натанаил Охридски, Козма Пречистански, Спасе Попоски и други. Впрочем, во нејзиниот двор се наоѓа гробот и на нашиот великан, светиот владика Партениј Зографски.

Ноќта меѓу 19 и 20 февруари 1876 година, на денот на Свети Партениј Лампсакиски, епископот полински Партениј се упокоил во Цариград, каде што и денес се наоѓа неговиот гроб во дворот на Железната црква “Свети Стефан“.

За многаја лета на Неговото Преосвештенство господин Партениј, Епископот Македонски и Полински, за многаја лета Македонската железна црква “Свети Стефан“ во Истанбул.

Секој кој ќе го посети Истанбул мора да ја види и душевно доживее Македонската железна црква “Свети Стефан“ на Фанарот, во царската престолнина на Босфорот!

Творештво
Автор е на многубројни дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Пред појавата на Партениј Зографски во училиштата се предавале само грчката и старословенската граматика, а тој оди подалеку – се впушта во пишување на граматиката на Словените на балканскиот простор под Турците, во која ги систематизира разликите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа. Бил полиглот – знаел грчки, латински, еврејски, старохалдејски, француски, руски и бугарски јазик. Работел како учител во богословското училиште на Зографскиот манастир, професор по црковнословенски јазик во богословското училиште на островот Халки кај Цариград. Партениј бил и духовник на рускиот царски двор.

Македонската Православна Црква непосредно почна епископот Партениј да го прифаќа за светител во Православната Црква.

Објавува
Отец Митко Попоски