www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,157,460
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


САМО ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ

ОД
Откровението на светиот апостол
Јован Богослов

Вовед

Книгата откровение е пишувана во времето на силните прогони на христијаните, заради верата во Христос како Господ. Писателот се залага за смело запазување на ваквата вера, наспроти прогонствата и страдањата.
Најголемиот дел од оваа книга се состои од неколку серии откровенија напишани со јазик богат со симболи. Ваквиот начин на претскажување можат да го разберат христијаните (особено оние од првиот век), но претставува тајна за останатите луѓе.
Иако меѓу христијаните имало разлики во толкувањата и значењето на деталите, сепак, главната тема е јасна и недвосмислена: Бог преку Христос на крајот ќе ги победи сите непријатели на доброто, вклучувајќи го тука на прво место ѓаволот (сатаната). Истовремено, Бог ќе ги награди оние што ќе Му останат верни, со вечен и благословен живот на новата Земја и новото Небо што Тој ќе ги создаде.

20. Сатаната врзан на илјада години Конечниот суд

1. Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја:
2. го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години;
3. потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.
4. И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години.
5. Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршат илјада години. Тоа е првото воскресение.
6. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со Него илјада години.
7. А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,
8. и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; бројот нивни е колку морскиот песок.
9. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.
10. А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови.
11. И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.
12. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
13. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
14. А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт.
15. И кој што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.

21. Ново небо и нова земја – Новиот Ерусалим

1. И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето гo немаше веќе.
2. Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.
3. И чув висок глас од небото како зборува: „Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог.
4. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.”
5. И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.” И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.”
6. Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.
7. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.
8. А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.”
9. Тогаш дојде при мене еден од седумте ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја покажам невестата – жената на Јагнето.”
10. Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога,
11. и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен камен, како светол камен јаспис;
12. тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви:
13. спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.
14. Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.
15. А оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.
16. Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова – еднакви.
17. Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка, која е и ангелска.
18. Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот – од чисто злато, како чисто стакло.
19. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,
20. петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.
21. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.
22. Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.
23. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлила, а светлината му е Јагнето.
24. И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.
25. А портите негови нема да се заклучуваат дење, оти таму нема да има ноќ.
26. И ќе ја внесат во него славата и честа на народите;
27. и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои што се запишани во книгата на животот на Јагнето.

22. Реката и дрвото на животот
Исусовото враќање

1. И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекуваше од престолот на Бога и на Јагнето.
2. Сред главната улица и од двете страни на реката – дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите.
3. И нема веќе да има никакво проклетство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат
4. и ќе Го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни.
5. И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидјеќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.
6. И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги, што ќе стане наскоро.
7. Еве, доаѓам скоро; блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!”
8. И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.
9. Но тој ми рече: „Стој, немој, оти сум и јас слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”
10. И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!
11. Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.
12. “И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.”
13. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почеток и Крајот!”
14. Блажени се оние, што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.
15. А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој, што сака да лаже и лаже.
16. Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.
17. И Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.
18. И Јас му сведочам на секого, кој што ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга.
19. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го одземе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга.
20. Зборува оној, што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!” – Амин! „Да, дојди, Господи Исусе!”
21. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Претставува
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада 2022