www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,157,381
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


УЛОГАТА НА МПЦ-ОА ВО ПРЕСПА

Македонската Православна Црква одиграла значајна улога во Преспа. Христијанското население од етничка Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети

Историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ, особено со Охридско-преспанскиот крај. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот. Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период.

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската Православна Црква. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред се’ преку градење цркви и манастири.

Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со вториот Илинден – АСНОМ 1944 година и конституирањето на Република Македонија, пo обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година.

Македонската православна црква направила силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји.

Преспа како дел од Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската Православна Црква одиграла значајна улога. Христијанското население од етничка Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата.

Основите на црковното живеење во Преспа ги постави македонскиот цар Самуил својата престолнина ја сместил не случајно на островот Ахил во Преспа, кој се наоѓа на Мало Преспанско Езеро, во Егејска Македонија што сега припаѓа на Грција. На островот Мал Град, што е на албанска територија, пак, се наоѓа црквата „Свети Петар и Павле“, а на брегот на Големото Преспанско Езеро, кај селото Нивици е црквата „Света Богородица“.
Затоа со право се вели дека цар Самуил не ја избрал Преспа за своја престолнина случајно. И сега и тогаш, Преспа била питома и богата со големи населби, со плодно поле и зелени пасишта, со богат лов на риби во тогашното езеро и големата река, кои му овозможувале на царот доволно храна за војската и робовите што ги држел. Преспа ја видел и како тврдина која му обезбедувала спокоен престој за војската и управата, особено кога се враќал од походите.

Самуил во Преспа почнал да гради патишта, цркви и други паметници. Така, на островот во Малото Преспанско Езеро, во Долна Преспа ја изградил црквата Свети Ахил, која имала 12 олтари во кои на обредите ги извршувале 12 свештени лица. Црквата ја подигнал по неговата голема победа над Византијците, во близина на Лариса, каде што инспириран од тамошната црква „Свети Ахил“, решил таква црква да изгради и во Преспа. Во новата црква ги донел и моштите на патријархот Ахил, бидејќи ја изградил во негова чест. Црквата е лоцирана на источната страна, во подножјето на островот, а еден дел од неа денес се наоѓа во водите на езерото, како урнатина.

На островот Голем Град царот изградил четири цркви, во кои се подвизувале голем број монаси. Тие ја обработувале и манастирската земја, чувале стада говеда и овци и се грижеле за одржувањето на објектите. Кога подоцна во Мала Преспа надошле води и го поплавиле полето и патот до островот, монасите и селаните од Ахил, чие село тогаш било големо, ја доградиле калдрмата за населението од Преспа да може да доаѓа на „светата” земја.

Над, Византијците цар Самуил извојувал многу победи и секогаш кога се враќал во Преспа со него носел голем број робови и богат плен. Преспанското население му приредувало свечени дочеци, а во црквите се правеле обреди и церемонијали. Затоа и не е случајно што денес во Преспа има четириесетина цркви и манастири, чии камбани веројатно го означувале триумфалното враќање на царот во престолнината.

Денес, христијанско население во сите делови на Преспа го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на … Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква, Нивици и други населени места.

Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето, пак, на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.

Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род. Иконите, фреските на „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот „Света Богородица“ во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција не само во Преспа, туку и пошироко.

Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Co цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во Преспа во периодот од десетина векови си помагал со другите народи, си пружал христијанска рака, затоа издржал и ропство, асимилација, прогонување, а и неправди. Тој опстанал и ќе опстои се додека веков векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со голема христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата Црква и држава.

Притоа се подигнати бројни цркви и манастири, од македонски, преспански камен, дрва, керпич, со македонска душа и срце. Сите тие цркви најчесто се со монументални димензии и со базиликална форма за да потсетуваат на величината на старата црковна слава.

Периодот на преродбата во Македонија ќе донесе и во Преспа специфична иконографија во рамките на Православието, со особена нагласка врз македонските светители, на нивните житија и на словенската писменост на Балканот, како што е примерот со манастирот „Света Богородица“ во селото Сливница, и „Света Богородица“ во Јанковец во Преспа. Тие се дел од големиот придонес на Македонците во културниот и духовниот развој на Православието во сесловенската уметничка ризница.

За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации… Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта – Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.

Во минатото, иницијативите за подигање цркви и други објекти потекнувале од занаетчиите и трговците, особено во историските околности кои овозможувале извесна верска слобода на македонското население. Во таквите прилики доаѓале до израз и творечките постигања на македонските градители и зографи.

Така, во подножјето на Пелистер, во село Курбиново, се наоѓа црквата „Свети Ѓорги“, чијшто живопис потекнува од 1191 година. Однадвор мала и неугледна, градена од кршен камен, внатре – бисер со одлично зачувана фрескодекорација од 12-от, 16-от и од 17-от век, поради што е ставена под заштита на државата. Жителите раскажуваат, а постарите паметат дека некогаш околу црквата постоеле и манастирски конаци.

Исто така, денес,обновените археолошки истражувања на локалитетот на Голем Град на Преспанското Езеро, пак, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров од 3-от до 1-от век пред Христа. Откриени се остатоци од две цркви и потврдено е постоењето на средновековната некропола.

Населбата својот процут го доживеала во периодот меѓу 9-от и 14-от век, но овојпат како манастирски комплекс. Целосно била сочувана црквата „Свети Петар“, а делумно „Свети Димитрија“. Тоа го прави островот Голем Град, а со тоа и цела Преспа да бидат значајна дестинација за христијанството.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН