www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,157,525
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г.СТЕФАН

НОВОАПОСТОЛОТ ОД НАШЕВО ВРЕМЕ

 

Слово при промоцијата на монографијата
Возобновителот, КОВЗРГ, Скопје 2021,
Одржана во малата сала на Македонската
Филхармонија во Скопје, на 28.12.2021 г.

Обилната Божја љубов е многукратно излевана врз македонскиот народ преку недобројни светила, кои засветиле под нашето небо, ширејќи го незгасливиот оган на христијанската вера. Доброволно носејќи го крстот Христов на себе, тие, и покрај сите неправди и поробувања, успевале да ја засведочат красотата на Православието и да го одржат нашиот народен и црковен самобит. Среде тој иконостас од црковни светители и просветители, кои делувале по македонските земји, по своите заслуги особено се истакнале три личности кои, принесувајќи се себе си како жртва сепаленица на Бога, станале наши добродејатели на земјата и наши застапници на небесата.

Така, веќе во првото столетие дел од македонската земја е охристовена од великиот Павле – апостол на Македонија; во деветото столетие, пак, нашиот народ го добива својот втор Павле – светиот Климент Охридски, кој, врз плодната земја подготвена од Апостолот, го посејува семето христијанско на македонски јазик и писмо; а во дваесеттиот век го добивме и третиот Павле – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј, кој, со својот црквољубив и домољубив подвиг, го ожнеа богатиот и со векови нараснуван плод, та ни го врати она што дамнина ни припаѓаше – црковната автокефалност.

Дедо Доситеј беше мудар и благодатен духовен пастир, од чија личност бликаа жива вера во Бога и искрена љубов кон својот македонски народ. Неговото Павлоподобно прифаќање да дојде во својата Македонија и да помогне, прифаќајќи го тешкото бреме да ја возглави обновената Охридска Архиепископија, и неговото Климентоподобно дело да стане домороден наш првоепископ во трудни времиња, сведочат за силината на неговата личност и за непоколебливата му спремност да дејствува во името на вистината и на правдата. Тој знаеше дека во името Божјо постапува само оној којшто сведочи дури и тогаш кога цената на правдољубивото делување подразбира истапување против силните на денот. Токму затоа, осознавајќи дека се исполни времето за Македонската Црква да се врати на постоењето како своја на своето, тој се одзва на повикот од својата духовна Мајка и стана, како што гласи насловот на монографијава – нејзин возобновител.

Како млад богослов и студент, јас ја имав радоста неколкупати лично да општам со владиката. Средбите со него, макар кратки, ми овозможија да увидам колку светол и молитвен човек беше тој. Токму молитвеноста беше главно негово обележје. Во неговата личност чувствував воплотување на Павловите зборови: „Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!“ Роден и израснат во благочестиво македонско семејство, дедо Доситеј од мали нозе ги возљубил доброволното сиромештво и воздржанието и, копнеејќи по ангелскиот монашки живот, ги послушал Христовите зборови: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“, па се замонашил на кревка 17- годишна возраст. Монашката аскеза, самопожртвуваноста и љубовта му беа здружени со духовност и со радост. Восхитувачки беше колку прекрасно во него беа всадени монашката скромност и епископската достоинственост, духовната сокрушеност и телесната елеганција. Со своето витко тело, со благиот лик и со долгата бела брада, тој оддаваше претстава на вистински „старец“, на некакво „послание од минатото“, а со својата силна увереност во црковно-народниот процвет на македонскиот народ и на Македонската Црква, ми наликуваше на некакво „послание од иднината“.

Во своето рамноапостолско и возобновително дело, Архиепископот Доситеј принесе богат плод. Веднаш по осамостојувањето тој ја отвори Богословијата, неколку години подоцна во 1972-та година, ги постави темелите на Архиепископскиот соборен храм во Скопје, во 1977-та година го отвори нашиот Богословски факултет, во Скопската епархија освети преку 30 храмови, и ракоположи бројни свештенослужители, започна да го обновува монаштвото…, а и македонците по светот успеа да ги прибере под закрила на нашата Црква. Имено, дотогаш обезглавена дијаспора, конечно, добивајќи го дедо Доситеј за своја глава, доби можност да се прилепи кон Македонската Црква, па се формираа епархии, се градеа храмови и се организираше духовен живот и на Австралискиот и на Северноамериканскиот Континент, како и во Западна Европа.

Во политички нелесните времиња, тој воспоставуваше врски на почит со властите, се’ за добробит на нашата Црква. Па кога дојде времето да ја предаде својата благородна душа на Бога, Кого тој толку силно Го љубеше и Кому толку вредно Му служеше, неговото погребение се претвори во вистински сенароден настан, на кој последна почит, покрај многуилјадниот православен верен народ, му оддадоа и високите претставници на тогашната народна и федеративна власт.

Својата првосвештеничка служба тој усрдно ја изврши, покажувајќи се, како што гласи и неговото име – Доситеј – дар од Бога. Затоа, исклучително ме радува што неговиот помен меѓу нас останува жив и се предава на нашите идни поколенија, за што сведочи и оваа врвна монографија, издадена од Комисијата за односи со верските заедници, а во сотрудништво со Македонската Православна Црква и со нашиот Богословски факултет. Архиепископот Доситеј во својот живот го запази од него даденото ветување при изборот за Поглавар на МПЦ, кога рече: „Ветувам дека ќе бидам на вечната стража и дека ќе ги чувам сите тековини на нашиот македонски народ“, а таа негова вечна стража ние ја чувствуваме сега, и нашиот богољубив македонски народ ќе ја чувствува додека векот векува и додека светот светува.

Дедо Доситеје, наш втор свети Клименте, наш трет свети Павле: вечна ти слава, и моли Го Бога за нас!