




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM III
Блажениот Диадох, епископ Фотички
Блажениот Диадох, епископ Фотички,
укажува на последните граници и на врвот на
совршенството на најзначајните добродетели
1) Границата или врвот на совршенството на верата е бестрашното проникнување на умот во Бога.
2) Границите на надежта се во преселувањето на умот во благата што ги очекуваме.
3) Границите на трпението невидливо, како видливи се гледаат со духовните очи, се наоѓаат неуклонливо во трпението.
4) Границите на немањето желба за богатење се во ова: да сакаме да немаме, како другите што сакаат да имаат.
5) Границите на разбирањето се во ова: да не знаеме за себе кога се устремуваме кон Бога.
6) Границите на смирената мудрост се ова: потполно да ги заборавиме своите добри дена.
7) Границите на негневењето се: големата желба да не се гневиме.
8) Границата на чистотата е чувството на непрестаната прилепеност за Бога.
9) Границите на љубовта се: умножување на пријателската расположба кон оние што не ожалостуваат и не навредуваат.
10) Границата на целосното изменување во сладосното доживување на Бога е: да и се радуваме и на самата мака на смртта.