www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,567
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM III

Блажениот Авва Таласиј

Четврта стотица на Авва Таласиј

Акростихот од оваа стотица е:

Моли Му се на нашиот Бог да се избавиме од лошотиите – вистинските и божемските.

1. Кој својот ум го одврзал од љубовта и нежноста према телото, тој со силата на Севишниот ги умртвил делата на плотта.

2. He мисли дека ќе можеш да се ослободиш од наклоноста кон телото, ако умот твој cѐ уште се занимава со она што му е својствено на телото.

3. Како што на телото му се својствени чуството и чувствувањето, така на душата ѝ се својствени умот и духовното.

4. Оттргни ја душата од чувството и чувственото и умот твој ќе почне да живее во Бога и да има интересирање за духовните предмети.

5. Духовните суштества се сродни на Бога; со умот се распознаваат; чувствата и чувствителните предмети се создадени да му служат на умот.

6. Чувствата и чувствителните предмети треба да ти служат за духовни соѕерцанија, а не за задоволување на телесните похоти.

7. Тебе ти е заповедано – да ги умртвиш плотските дела, та со тешки подвизи – душата да ја воскреснеш, умртвена од сластите на плотта.

8. Бог нека владее над тебе, а ти владеј над чувствата; бидејќи си подобар од сѐ – подолното од тебе да не владее над тебе.

9. Бог е вечен, безграничен и бесконечен; Он им ветил вечни, безгранични и бесконечни блага на оние што Го слушаат.

10. На умот му е својствено да живее во Бога и во Него да размислува, за Неговата промисла и за страшниот суд.

11. Власт имаш да се одлучиш за едно или за друго, но биди на страната од доброто; не потчинувај му се на злото.

12. Добро е чувството, добро е и чувствувањето; тие се создадени од добриот Бог, но сепак не можеме да ги споредиме со умот и со духовното.

13. Бог ги создал и разумното и духовното, за да познаваат сѐ и Него да Го познаваат, а чувството и чувственото – да бидат за полза.

14. Како што е неумесно робот да владее над својот господар, така е неумесно – умот разумен да му се потчинува на телото.

15. Умот, кој не владее над чувствата, преку чувствата во гревови паѓа; прелестуван од чувствените сласти; гревови страшни раѓа.

16. Држејќи ги чувствата во своја власт, затворај ги силно и спомнувањата; зашто добиените впечатоци преку чувствата, со спомнувањата за нив – пак ги распалуваат страстите.

17. Истоштувај го телото и моли се често, и набргу ќе се избавиш од лошите помисли.

18. Непрестајно поучувај се во Божјите зборови; трудољубивоста во ова – ги уништува страстите.

19. Од талкањето по страсните предмети умот го избавуваат: читањето, бдеењето, молитвата и пеењето на псалмите.

20. Како пролетта што ги разбудува растенијата за живот, така и бестрасноста му помага на умот да Го познае Бога.

21. Запази ги заповедите, и ќе најдеш спокој; Бога возљуби Го – ќе добиеш и знаење.

22. Ти си осуден: со тежок труд и пот на лицето – да го јадеш лебот на знаењето.

23. Неработењето праотецот го одвело до паѓање, па место рајска утеха – на смрт го осудиле.

24. И ти заповедај ѝ на твојата Ева – од змијата да се пази; ако биде измамена – да не ти подаде од забранетиот плод.

25. Како што душата по природа го оживотворува телото, така и добродетелта и знаењето – ја оживуваат душата.

26. Умот, ако се смета мудар тој е како безводен облак; тој бива носен од ветровите на суетата и гордоста.

27. Воздржувајќи се од суетата, пази се и од блудот, та бегајќи од срам да не паднеш во нечесност.

28. Кога бегаш од суета – кон Бога насочувај го погледот твој, за да не паднеш во високо мислење за себе или блуд.

29. На суетата ѝ е својствено – да биде видена, а на гордоста – другите да ги унижи и да биде гневна.

30. Бегај од чревоугодието, од човекоугодништво – пази се; не покажувај се подобар отколку што си.

31. Прекрасен е постот што се радува на малку; задоволуј се со малку и бегај од чревоугодието.

32. Откако си постел цел ден до вечерта, не јади до наситување, за да не го разориш она кое што туку си го изградил.

33. Воздржувајќи се од вино, не пиј многу ни вода, зашто и водата на блуд тера.

34. Гордоста нѐ тера да отстапуваме од помошта Божја, на себе да се надеваме и пред луѓето да се искажуваме.

35. Има и две лековити средства против гордоста; ако со нив не се ползуваме – и без да сакаме трето ќе нѐ сретне, пострашно од првите две.

36. Молитвата со солзи ја прогонува гордоста; но, освен молитва, против неа ни помагаат: недоброволните страдања и непонижувањето на никого.

37. Вразумувањето преку искушенија – е духовно жезло, што на смиреност го учи оној што се издигнува во неразумноста своја.

38. Умно е да не го слушаме оној што зборува против својот ближен.

39. Како што градинарот, ако не ги плеви лошите треви, ги остава да го задушат зеленчукот, така и умот, кој не ги исчистува лошите помисли, ги загубува трудовите подвижнички.

40. Разумен е оној што слуша совет, особено оној што од духовниот отец се дава од Божјо име.

41. Умртвениот од страстите не може да го разбере духовниот свет; тој е неспособен да му се потчини на таквиот совет.

42. Кој не прима совет – по криви патишта оди; секогаш талка по стрмнини и близу е до бездни и пропасти.

43. Умот треба да биде како монах; откако ќе се откаже Од земното, не си дозволува да има ни сластољубива помисла.

44. Умот е како лекар што се излекувал самиот; а она, од што се излекувал самиот – и другите може да ги излекува.

45. Придобиј добродетели, а потоа пази да не ги загубиш, зa да не живееш срамно и да умреш немилосрдно.

46. Нашиот Господ Исус Христос на сите светлина ни подарил; тие што не Му веруваат – самите во темнина се скриваат.

47. Лишувањето од добродетелите не сметај го за нешто малку; преку тоа смртта навлегла во светот.

48. Послушното извршување на заповедите е воскресение на мртвите; зашто животот е природна последица на добродетелите.

49. По умртвувањето на умот преку престапувањето на заповедта следува и смртта на телото.

50. Како што Адам не ја изврши заповедта – и стана смртен, така и Христос; откако ја изврши – смртта ја умртви.

51. Умртви ја смртта – за да не воскреснеш мртов, та од малата смрт во големата да не преминеш.

52. Спасителот се воплотил заради престапот на Адама; клетвата ја разрешил – сите да ги воскресне.

53. Од овој живот во вечниот преминува оној – кој страстите ги умртвил и од незнаење се ослободил.

54. Откако ќе го проучиш Светото Писмо, заповедите ќе ги најдеш; кога ќе го извршиш најденото – од страстите ќе се ослободиш.

55. Извршувањето на заповедите душата ја очистува, а очистената душа е исполнета со светлина.

56. Знаењето на Бога – дрво е на животот; кој од него јаде – се очистува и вечно живее.

57. Почетокот на дејствителниот живот е верата во Христа, a крајот негов – љубовта на Бога.

58. Исус Христос е Господ и Бог наш; Тој ни ја дарува верата во Себе за добивање на вечниот живот.

59. Тој ни се јави, откако ги соедини Божеството со душата и телото, за од смртта да ги избави и душата и телото.

60. Да ја придобиеме верата, за да дојдеме во љубовта, од која се раѓа знаењето на светлината.

61. При придобивањето на верата еве што следува: стравот од Бога, воздржувањето од сластите, трпење на трудовите, надежта во Бога, бестрасноста и љубовта.

62. Од искрената љубов се раѓа знаење на природата; по него настапува исполнувањето на врвната желба – благодатта, богословието.

63. Умот што ги зауздува страстите – ги зауздува со силата на Божјиот страв, верувајќи во Бога и со тоа со што се заканувал и што ветувал.

64. На кого му е подарена верата – од него се бара воздржување, кое, кога ќе се утврди, раѓа трпеливост – што ја зајакнува трудољубивата навика.

65. На трпеливоста белегот е – љубов кон трудовите, потпирајќи се врз нив – умот добива надеж, дека ветеното ќе го добие и заканата ќе ја избегне.

66. Чекањето на идните блага – умот го соединува со чеканото; а соединет во ова – тој заборава на сегашните блага.

67. Тој што го чека идното – сегашното го отфрла, сета своја желба ја предава на последното.

68. Идните блага ги ветил Самиот Бог; оној што Му поверувал – идното го посакува како и сегашното.

69. Знак дека некој живее во чекање на идните блага – е неговата грижа потполно да ги заборави земните работи и познавањето за идните блага да го умножува.

70. Добра е вистината, на која нѐ учи Бог на вистината; во неа ја уверува богољубивата душа.

71. Предвечни се и пред сите векови, над секој ум и над сите зборови, – благата приготвени за наследниците на ветувањето.

72. Да го сообразиме животот наш со правилата на побожноста; да ги напуштиме страстите, за да не отпаднеме од надежта.

73. Исус Христос е Еден од Светата Троица; Негов сонаследник ќе бидеш ти.

74. Кого Бог го научил и знаење му дал – не ќе има мака да верува во Светото Писмо и во претскажаното во него.

75. Светиот Дух, откако ќе го најде умот празен од страсти, во него тајно го воведува познавањето на она во што се надева.

76. Сообразно со очистениот ум – душата бива раководена кон познавањето на божествените зборови.

77. Откако телото е очистено, а умот исполнет со божествено знаење, со самото тоа – и знаењето сѐ повеќе се очистува.

78. Умот, што почнал со љубов да мудрува за божествените работи, почнува од верата, а потоа и за земното размислува и, на крајот, пак кон верата се враќа, таа е веќе издигната.

79. Се вели дека во почетокот на мудроста доаѓа стравот „а на крајот му претходи љубовтаˮ.

80. Откако почне со љубов да мудрува и да разбира во што се состои верата, умот почнува да богословствува, што е надвор од границите на секој ум; богословието е незаборавливо соѕерцание на она што е скриено.

81. Зборовите на светите и блажени наши отци не говорат за Бога за тоа што е Тој по суштина; тие ни откриваат за Него толку колку што е можно за нашиот ум.

82. Сите зборови за Бога треба да се разберат или потврдно или одречно она што е Бог и што не е.

83. Кога се говори за суштината на Бога, за благодатта и за друго слично, тогаш се говори потврдно, а кога се говори за безпочетното, безграничното, невидливото тогаш се говори одречно.

84. Бидејќи една е природата, таа е над секој ум и над сите зборови, и едно е скриеното Божество на Света Троица, сѐ што се зборува и што се соѕерцава за Неа, се зборува и се соѕерцава општо.

85. Како што веруваме во Едното Божество на Света Троица, така ги исповедаме и трите лица на Света Троица.

86. Споменатите потврдни и одречни својства се применуваат на Светата Единосушна Троица, освен личните својства, од кои се исто така, едните потврдни, а другите – одречни.

87. Личните својства на божествените ипостаси се: Отецтвото, Синовството и Исходувањето, и друго што е својствено за лицата.

88. Ипостасите го одредуваат својството на природата со личните својства; секоја ипостас го има она што е заедничко во природата и она што ѝ е својствено на ипостаста.

89. Од општите својства на Света Троица главни се оние што се одречни, но не е исто и со личните својства. Зашто едни од нив, како што е речено, се потврдни, а другите се одречни, какви што се, на пример, нероденоста и роденоста и други слични на нив. Нероденоста од роденоста се одликува по своето значење, зашто нероденоста Го означува Отецот, а роденоста Синот.

90. Она што се кажува и именува заради соѕерцанието за Света Троица, како што е речено во 85-та глава, но ова не се однесува на суштината од природата, бидејќи она што се однесува на неа е недостапно за човековиот ум и неискажливо со нашите зборови; тоа го знае само Светата Троица.

91. Како што единството на Бога се именува Триипостасно, така и Светата Троица Единосушна да се нарече.

92. Отецот Го соѕерцаваме беспочетен и почеток, беспочетен како нероден, а почеток – како родител на Синот и исходиште на Светиот Дух, Кои се вечни од Него и во Него.

93. Единицата, движејќи се до Троицата, живее Единица и Троица, се сведува на Единицата и живее Троица. Ова е пречудно.

94. Синот и Светиот Дух се именуваат небеспочетни, но сепак вечни: небеспочетни во однос кон Отецот, а вечни, зашто од вечноста Едниот e роден, а другиот исходи, а заедно се со Отецот.

95. Едното Божество на Троица секогаш верно се соѕерцева и како три неслиени ипостаси – секако верно се исповеда како едно Божество.

96. Личните својства се: на Отецот – нероденост, на Синот – роденост, на Светиот Дух – исходување. Почетокот на Синот и на Духот се именува безвремен. Зашто, како што е светлината и во Сонцето, така и Они се од Вечното и во Вечното – имаат вечно постоење.

97. Личните ипостасни својства неподвижни и неизменливи биваат созерцавани, а општата – заедничка природа или Божество – неразделна.

98. Исповедаме Единица во Троица и Троица во – Единица, како неразделно – разделена и неразделиво соединета.

99. Се соѕерцава еден почеток во Божеството – Отецот, почетокот на Синот и Духот, како родител и исходиште Нивно – безграничен на собезграничните. Сите три лица на Света Троица се едносушни и неразделни. Триипостасниот Бог е Создател на сѐ, – Отецот преку Синот во Светиот Дух. Зашто се вели дека сѐ е од Него, и со Него и во Него. Нему нека Му биде слава во векови. Амин. (Рим. 11, 36).

100. Ви Исповедаме Синот и Светиот Дух совечни на Отецот, зашто од Него и во Него имаат Свето вечно и беспочетно суштествување на својот почеток. Они се вечно со Отецот и во Отецот и Отецот е вечно со Нив. Немало ни еден миг кога Отецот бил без Нив и Они без Него. Таков е образот на Единиот по природа и трипостасниот по лица – Бог, на Кого нека Му е слава во вечни Векови и во сета вечност. Амин.

 

Обработи,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада 2022