www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,749
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM III

Илија презвитер или Екдик

Кратки податоци за неговиот живот

Овој презвитер Илија се нарекува уште Екдик. Не е познато дали е тој Илија Критски, толкувачот на словата на свети Григориј Богослов или е некој друг. Но, судејќи по овие глави, кои ги внесуваме во нашиов зборник, можеме да видиме дека нивниот автор бил човек, кој имал ретко висока световна и духовна мудрост. Неговите зборови се изразни и силни, иако на некои места се темни и тешки за разбирање. Затоа, сметаме дека нема да биде преувеличено, ако овој букет од цветови го наречеме, и духовна цветна градина, како што се наречени и од други, овие глави на мудриот Илија, зашто во неа има не само цветни стракови, туку и плодоносни овошки. Не се срамуваме во овој рај да ги повикаме сите што ги бараат духовните радости, со потполна увереност, дека сите нивни духовни чувства, и видот, и вкусот и мирисот – ќе најдат овде богато задоволување. Ова што го рековме е краток извод од грчкото Добротољубие.

Називот Антологион, или Цветен букет за главите на презвитерот Илија, нѐ наведува на мисла дека биле составени од него тогаш, кога ги читал списите на светите отци. И тогаш мислите, кои ги усвојувал Божјиот старец, сакајќи да ги запази за себе, ги запишувал, искажувајќи ги понекогаш со оригиналните зборови на светите отци, а некогаш ги прераскажувал со свои зборови. Затоа оние што ги читаат, можат да забележат влијание и одраз на еден, или на друг од светите оци или им препишуваат некои од овие глави на некои од светите отци, а ова се случувало особено на Запад. Таму, во Ватиканскиот кодекс на делата на свети Максим Исповедник, тие му биле целосно припишани на овој свети отец. A издавачот на делата на светите отци – Migne – ги ставил овие глави во бројот на списите на свети Максим Исповедник, по неговите 700 глави, – соѕерцателните и дејствителните, под наслов „Други глави, земени од Ватиканскиот кодекс на делата на свети Максим Исповедник“ (Patrologiae Graecae t. XC).

Мислам дека собирачите на грчкото Добротољубие можеле подобро да знаат на кој автор му припаѓаат овие глави. И ние, следејќи ги, ги признаваме за дело на некој Илија презвитер.

Во грчкото Добротољубие главите се разделени на две половини (од 1-109 и 100-140), a во изданието на Migne тие се бројат од почетокот до крајот. И ние го следиме ваквото набројување. Читателот ќе забележи дека во нашиот превод, нумерацијата на главите понекаде не оди по ред, дека правиме пропусти. Овие пропусти означуваат, дека некои глави се изоставени поради нивната нејасност и тешкото разбирање. Впрочем, бројот на ваквите глави не е многу голем.