www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,710
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM III

Свети Максим Исповедник

Кратки податоци за него и за неговиот живот

Свети Максим е цариграѓанин и потекнува од познат род. Откако стекнал целосно образование, богословско, филозовско и општо, кое се барало во тоа време, бил примен од царот Ираклиј на служба. Тој раководел со државните работи како негов прв секретар. Тоа го правел успешно и бил удостоен со секаква пофалба.

Кога се појавила монотеитската ерес, за чие раѓање биле виновни и царот и патријархот и кога започнале немири во дворецот, во градот и во други области на царството, свети Максим сметал дека сето тоа е од Бога благославен повод да ја задоволи својата дамнешна желба да го напушти светот и да појде во некој манастир. Откако бил разрешен од својата функција, во 641 година, отишол во Хрисополскиот манастир и со сета своја ревност им се предал на испосничките подвизи, според строгите правила на светите отци, покажувајќи се како пример достоен за угледување од страна на сите и во се. Затоа, кога се појавила потреба да биде нов игумен на истиот манастир, свети Максим бил едногласно избран за таа служба, што ја извршувал совесно, без да угодува на себе и на другите.

Меѓутоа, монотеитската ерес, потпомаганата од царскиот дворец и од патријархот, се повеќе и повеќе се ширела, но воедно се зголемувале и немирите во царството. Не можејќи да ги поднесе немирите, свети Максим заминал во Рим. На патот за Рим, се задржал во Картагена, Африка, каде што одржал помесен собор. Таму ја изобличил монотеитската ерес и цариградскиот патријарх Кира, кој бил присутен на тој собор. Тогаш отпатувал во Рим, каде што, исто така, учествувал на соборот против монотеитите. Тој бил свикан од папата Мартин, по повод царското барање да биле потпишано едно изложение на верата, во кое се наоѓало и погрешното верско учење на монотеитите. На овој собор биле осудени и проколнати и монотеитската ерес и царската повелба, со која се барало прифаќање на оваа ерес, како и сите луѓе што го прифатиле монотеитското еретнчко учење. Оваа соборска одлука била испратена насекаде и на Запад и на Исток.

Разгневениот цар наредил да ги притворат и папата Мартин и свети Максим, и да ги доведат во Цариград. Откако биле доведени, свети Мартин, по страшно измачување, бил испратен во прогонство во Херсон, каде што и починал во 655 година. А свети Максим настојувале да го придобијат за себе и за еретичкото учење. Го измачувале и го застрашувале, и во Цариград и во други места во внатрешноста, но тој останал тврд окорен и непоколеблив. Го одвеле и во манастирот на свети Теодор, каде што живеел во неподносливи услови. Го посетувале и сенатори и епископи и се труделе да го убедат да ја потпише царската повелба и да го признае монотеитското учење или барем, да не говори против нив, да молчи. Но. и покрај сите свои обиди не постигнале некаков резултат. Вистината на Православието во устата на свети Максим била секогаш победоносна; тој не им се покорил на своите противници. Храброста на бранителот на вистината се обиделе да ја поколебаат со ветувања и со застрашувања, а најпосле и со измачувања. Но и тоа не помогнало. Свети Максим бил испратен на заточение преку Селимврија во Первера, на западниот дел, на брегот на Мраморното Море.

Но непријателите на свети Максим не се смириле; одново бил доведен во Цариград, каде со големи усилби биле продолжени поранешните советувања. кои биле правени со големи настојувања: во царската палата, во затворот и пак во царската палата, каде што била донесена и последната одлука: да го остават страдалникот жив, но да го подложат на такви измачувања, што биле потешки и од самата смрт. Co ваква цел му го предале на градскиот управник.

Овој нечовечки мачител, му наложил страшни маки. Наредил да го соблечат, да го положат на земја и да го шибаат со воловски жили. Го тепале нечовечно, така што не останало здраво место на неговото тело, а земјата под него се натопила со неговата маченичка крв. Потоа, кога одвај дишел, пак го фрлиле во затворот.

Следното утро, пак го извеле од затворот и го подложиле на нови измачувања: му го отсекле јазикот, со кој Го прославувал Бога и ја изобличувал безбожната ерес и му ја отсекле десната рака, која ги пишувала поучните зборови и ја изобличувала ереста. Потоа, го извлекле на градскиот плоштад, онака разголен и осакатен, покажувајќи му ги на народот неговиот отсечен јазик и отсечената негова десна рака.

По претрпените страшни нечовечни измачувања и подбивања, Божјиот угодник го испратиле во далечно прогонство во Мингрелија. Го заклучиле во затвор, каде што страдал три години, трпејќи разни измачувања. Пред својата смрт бил известен од Бога за скориот крај на својот земен живот. Починал во Господа во 662 година. Светата Црква го празнува на 21 јануари.

Свети Максим оставил многу списи: догматски, изобличителни, а најмногу поучни и аскетски. Во грчкото Добротољубие се наоѓаат: главите за љубовта (четиристотини на број), седумстотини глави за Пресветата Троица; за воплотувањето на Бог Слово. Поголемиот дел од неговите списи се за добродетелите и за страстите. Ја протолкувал и Господовата молитва.

Во нашиот зборник ги внесуваме главите за молитвата точно, како што се таму. Правиме избор и од неговите поучни аскетски списи. Во замена за она што е пропуштено во нашето издание, го изложуваме неговото Подвижничко слово, според Migne.

Од списите на свети Максим го направивме следниов избор:

1. Подвижничко слово – прашања на ученикот и одговори на старецот.
2. Четириесет глави за љубовта (нов превод).
3. Теориски и созерцателни глави, избрани од 700 – глави од грчкото Добротољубие.

Обработено,
О.М.П. 2022