www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,824
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM II

Преподобен Отец Нил Синајски

3. Поучни глави

1. Имај страв Божји и љубов према Него и постапувај со сите према чистото сведоштво на својата совест.

2. Верувај дека самиот Бог е секогаш со тебе и ги гледа сите твои дела што ги правиш во сите денови на твојот живот.

3. Бегај од пофалбите, но срамувај се и од прекорувањето.

4. Радувај се кога постапуваш добродетелно, но не превознесувај се, за да не доживееш бродолом во пристаништето.

5. Што повеќе напредуваш во исполнувањето на заповедите, сметај дека си сѐ подалеку од совршенството.

6. Размислувај за крајот на секоја работа пред да ја започнеш.

7. Секој ден и секоја ноќ гледај го последниот ден на својот живот; никаква љубов во сегашниот живот да не те врзе за земјата.

8. Не сврзувај се со она, од што гледаш дека добрите се гнасат. Ако правиш нешто, ако говориш нешто и ако размислуваш за нешто, настојувај штета на никого да не му нанесеш.

10. Не радувај им се на цвеќињата на земниот живот; тоа се тревни цвеќиња, – штом ги допреш тие овенуваат.

11. Кога страдаш, благодари Му на Бога, – и полесен ќе биде товарот на твоите гревови.

12. Во искушенијата биди силен; тие покажале дека многумина и од великите не биле достатно силни и внимателни.

13. Не зборувај против Божјата долготрпеливост; таа е општо лекарство.

14 Намрази ја неуредноста на животот, но не обвинувај Го Бога за неа.

15. Да внимаваме на себе. Тогаш нема другите да ги осудуваме зашто и во нас има многу од тоа, што го осудуваме кај нашите ближни.

16. Молитвен псалм да имаш секогаш на твоите усни; и самото изговарање на Божјото име ги прогонува демоните.

17. Со трезвеност да бива твојата молитва; не проси од Бога она, со што Он бива незадоволен.

18. Секогаш спомнувај си за Бога; и умот твој ќе стане небо.

19. Зауздувај го твоето око; ако не внимаваш на него тоа ќе тапка на сите страни.

20. Пази го својот јазик; тој често го кажува она, што е подобро да се скрие, а не да се каже.

21. Образувај го твојот ум со поучување во Божјиот закон; постојаното поучување ги искоренува лошите помисли.

22. Скривај ги твоите добродетели, но труди се да имаш повеќе сведоци на твојот живот.

23. Намрази ги телесните наслади; тие не само телото, туку и душата ја валкаат.

24. На телото давај му го само она што му е неопходно потребно, а не и тоа што го побарува од грешна похот.

25. Не сакај да живееш во задоволства; тие те приврзуваат кон земниот живот, а од тоа се раѓа непријателството против Бога.

26. Отстранувајте се од радостите на овој живот, зашто на нив се препнуваат оние што одат по својот животен пат.

27. Богатството, ако го имаш, раздавај го, а ако го немаш, – не собирај го.

28. Постот сметај го за оружје, молитвата – како одбрамбен зид, а солзите за бања.

29. Што и да згрешиш спомнувај си за тоа во воздивнување и офкање; од тоа во душата настанува постојана радост.

30. Биди милостив према сиромасите тие го умилостуваат нашиот Судија.

31. Задоволувај ги потребите на светите; преку нив се удостојуваме да општиме со Бога.

32. Во црквата влегувај како да се искачуваш на небото; кога си во неа не говори и не помислувај за ништо земно.

33. Кога го имаш она што ти е потребно за живот, сметај дека токму толку ти е доволно; но грижата за тоа препушти Му ја на Бога.

34. Истоштувај го твоето тело со добри подвизи, но грижи се и за тоа да не го истоштиш потполно од тежината на телесните трудови.

35. Вино пиј што можеш помалку; колку е поограничена мерката негова, толку бива покорисно за оние што го пијат.

36. Скротувај го твојот гнев; ако ја премине мерката тој станува татко на беснилото.

37. Кога си болен, пред да се ползуваш со помошта на лекарите и лекарствата – ползувај се со молитвата.

38. Сите свештеници почитувај ги, кон добрите обраќај се.

39. Сакај ги Божјите домови, но и ти самиот во себе изградувај Дом Божји.

40. Оди почесто в црква, таа нѐ избавува од бури и од надворешни немири.

41. Сѐ што е на земјата – привремено е; не ожалостувај се, ако нешто од земните блага ти биде одземено.

42. Koгa ќе ти дојде мисла сладострасна, спротивстави ѝ го срамот пред луѓето и ожалостувањето на Бога.

43. Затворај ги и ушите и очите, зашто преку нив во нас влегуваат сите демонски стрели.

44. Кога се молиш, мислата своја издигнувај ја кон Бога; а ако таа те влече надолу, потруди се пак кон Него да ја издигнуваш.

45. Умот не престанува да раѓа помисли ; лошите прогонувај ги, а добрите задржувај ги.

46. Радувај ѝ се на смиреноста; висината што ја раѓа е голема, а не може да падне.

47. Прави подвизи колку што е потребно за да ги уништиш движењата на телото; а ако изнемоштиш прекрати ги подвизите, не за леснотијата на телото и за негова наслада, туку за продолжувањето на неговото здравје.

48. Лошите помисли одгонувај ги со добри.

49. Помислувај за убавината на небесните блага, – и никаква пристрасност кон земјата и кон земните наслади во тебе нема да влезе.

50. Верувај дека лошите помисли се ѓаволско наследство, од тоа тие ќе престанат и сеачот ќе се посрами.

51. Од слухот плаши се најмногу; тој ја прави душата расеана и невнимателна, а невнимателната душа лесно ја отфрла уздата на законот.

52. Душата раздели ја на дела и на молитва: да работи и да се моли; тогаш ѓаволот во неа тешко ќе најде влез.

53. Ако раката твоја ја пружиш кон работа, јазикот твој нека пее а умот твој нека се моли; Бог од нас бара секогаш за Него да мислиме.

54. Секое твое дело со молитва осенувај го, а најмногу тогаш, кога ќе те посети помислата на сомневање.

55. Ако сакаш делата на твоите раце да бидат божествени, а не земни, тогаш сѐ што ќе придобиеш да не биде само за тебе, туку и сиромасите да се користат со него.

56. Радувај ѝ се на посетата на светиите; преку неа Бог ти се јавува.

57. Вистинските светии по делата распознавај ги, зашто секое дрво по плодовите свои се познава.

58. Настојувај секогаш присуството на светите со нешто да го исползуваш; набљудувај го нивниот поглед и своето однесување, зашто и едното и другото многу е корисно за тебе.

59. Труди се во срцето свое да имаш кротост, а во телото чистота; и едното и другото те прават да бидеш храм Божји.

60. Чувај се, зашто си храм Божји; Оној Кој те создал, Он ќе ти суди; сѐ што правиш прави го така, – образот Божји да биде чист во тебе.

61. Разговорите со световните луѓе нашата мисла ја оддалечуваат од Бога; не разговарај со нив, а кога тие сакаат да разговараат со тебе оддалечи се од нив.

62. Кога ќе те навредат прашај се дали не те навредиле со право; ако навредата не си ја заслужил, сметај ја како чад што брзо исчезнува.

63. Без скрушено срце неможно е да се ослободиме од страстите; срцето станува скрушено преку тројно воздржување: од сон, од храна и од одмор на телото.

64. Ако си навреден, прибегни кон трпеливоста; штетата од навредата ќе помине на тие што те навредиле.

65. Кога ќе видиш богатство, слава или светска власт, помисли за нивната преодност, – и стапицата ќе ја одминеш.

66. Претрпувај ги страданијата; во нив, како роза в трње, цутат и созреваат добродетелите.

67. Ништо не сметај еднакво со добродетелите; тие се лик Божји, неизменливи се како и Он.

68. Плачи за грешникот кој благува; мечот на правосудието виси над неговата глава.

69. За мајка на сите зла сметај ја мрзливоста; добрата што ги имаш таа ги расфрлува, а оние што ги немаш не можеш да ги придобиеш.

70. Кога срам нема оној што прави зло, раната негова станува пострашна; неговото паѓање води кон очајание.

71. Секојпат, кога ќе почуствуваш малодушност, помисли какви блага се подготвени за верните – и плодот на духовна радост, брзо ќе дојде кај тебе.

72. Верниот на Бога пред сите се смирува; смирувањето само пред неколкумина е лажно смирение.

73. Ништо не претпоставувај ѝ на љубовта према ближниот, освен во оние случаи кога заради неа љубовта Божја се презира.

74. Кон никого не приврзувај се спротивно на законот Божји; кој нешто на Бога му претпоставува, – Божјото достоинство го намалува.

75. Не заштитувај ги лошите; со тоа злото нивно го засилуваш и себе се осквернуваш, присоединувајќи се кон делата нивни.

76. Грешникот вразуми го, а тој што паднал не осудувај го; првото е дело на оној што озборува, а второто, на оној што сака да поправи.

77. Труди се секогаш да слушаш и да говориш за делата на светиите; тоа ја поттикнува душата кон добро натпреварување.

78. Ако срцето наше е наша домашна црква, во него сме должни црковни служби да богослужиме.

79. Ако во црквата се богослужи оди во неа; а ако не, врши ја твојата работа.

80. За славата на добродетелите расудувај по светиите; славата нивна бесмрттна останува и по нивната смрт.

81. Злото ќе го намразиш кога ќе видиш дека тоа е демонски нечист меч подигнат против нас.

82 Ако паднатиот го вразумуваш, твоите зборови нека бидат сочувствителни; тогаш ушите негови ќе те слушаат и срцето негово ќе се просвети.

83. Кога зборуваш со светиите, прашувај ги за она што е духовно; а кога зборуваш со оние што се далеку од светоста, ним не зборувај им за тоа.

84. Секогаш брзај добри дела да правиш; ако ги занемариш, оттука ќе си отидеш полусовршен.

85. “Трчајте и вие, за да добиете” (1.Кор.3,24). Пpaвeтe го тоа непрестано, по добродетелите треба да трчаме сѐ додека сме во овој живот.

86. Не биди немарлив према извршувањето на Божјите заповеди; попуст е трудот на оние што немарно го прават тоа.

87. Вежбај се во стрпливоста и кога немаш потреба за тоа; кога ќе ти затреба ова оружје готово да го имаш.

88. Бори се со лошите помисли со она што е речено против нив во Светото Писмо.

89. Со голема грижа оддалечувај го твојот поглед од овој живот; неговиот лош чад ја возмутува душата.

90. Ако некоја лоша навика владее со тебе, отсечувај ја постепено; без голема мака нејзините трња ќе ги исфрлиш од твојата душа.

91. Чистиот Бог чисто љуби Го; сметај сѐ за пониско од Него, – Он е над сѐ.

92. Ако сакаш да бидеш храм Божји, принесувај Му непрестана молитва како жртва непрестана.

93. Не земај го за советник оној што живее немарно; оној што го сака лошото не може да биде советник за добро, кога доброто не го сака.

94. Воздржувај се од сѐ што е преодно, секој ден причестувај се со таинствената вечера; на таков начин Христовото Тело бива наше.

95. Кога Бог те накажува за нешто, не противи се; OH накажува како Татко и треба како на добротвор да Му благодариме.

96. Кога ќе те навредат, радувај се; ако е тоа направено несправедливо, твојата награда голема ќе биде, а ако е справедливо вразуми се преку тоа и ќе бидеш спасен од казната.

97. Животните страдања и радоста споредувај ги со сенка и тркало; тие не стојат: сенката исчезнува, а тркалото се врти.

98. Труди се секогаш да напредуваш според волјата Божја; малку по малку собирај го вечното богатство.

99. Ако сакаш да ги избегнеш вечните маки тогаш никогаш лошо не зборувај; со тоа Бога го ожалостуваш.

100. Ако сакаш казната од домот твој да ја одалечиш, за никого лошо не зборувај, секој човек има иста природа како и твојата, Оној Кој го создал, со право, ќе биде огорчен.

101. Ако сакаш да бидеш над секој грев, не распрашувај се за туѓите гревови; и во тебе има многу гревови, за кои другите ги обвинуваш.

102. Човеку, бегај од гордоста, макар и да си богат, за да Го немаш Бога за свој противник.

103. Засакај ја мудроста на смиреноста, макар и голем да си, за да бидеш издигнат во денот на Судот.

104. Не подбивај се со другите луѓе; во целиот твој живот и со тебе никој нема да се подбива.

105. Кога си во Божјиот храм умот твој да не талка; оние што стојат пред земниот цар – не се смеат и не се расеани.

106. Запамти го ова добро; ова ќе те направи славен во идниот живот.

107. Ревносно труди се за придобивање на достоен живот, за да имаш смелост и другите да ги поправиш.

108. Не бивај груб, никого не напаѓај, за да не бидеш осуден како горделив и надуен.

109. Не смеј се над гревовното паѓање на твојот ближен, за и тебе да не ти се потсмее некој друг.

110. Пази ги овие поуки; тие ќе те овенчаат со венец на славата.

111. Извршувај ги овие заповеди; тие ќе те направат славен меѓу луѓето и угоден на Бога. Така Му се угодува на Бога и на ваков начин вистински на Бога Му се служи.

112. Секогаш труди се да напредуваш во добрите дела.

113. И војникот, ако не биде претходно обучуван со претходни долговремени вежбања, ако не биде проверен во тешкотии и во борби, ако не задобие вистински победи над непријателите, – нема да се прослави.

114. И небесниот цар никому не му ги дава даровите на Светиот Дух, ако претходно не ги изучува светите заповеди и на таков начин не ги прими оружјата на Божјата благодат и нема да може да навлезе во борба со духовите на злобата.

115. Колку напредуваш во духовниот подвиг, толку ќе напредуваш кон познавањето на возвишените тајни на духот и тајните сокривишта на Божјата премудрост.

116. И во колкава голема мерка ќе се збогатиш со Божјата благодат, толку ќе напредуваш и во познавањето на лукавството на злобните духови, со помошта на нашиот Господ Исус Христос.

Нему нека Му е слава и власт во векови! Амин.

1. Почеток на спасението е самоосудувањето.

2. Подобро е камен да се фрли без размислување, отколку збор така да се изговори.

3. Према сите биди таков, како што сакаш сите да бидат према тебе.

4. Вистината кажувај ја повеќе со дела, отколку со зборови.

5. Побожен не е оној, кој е милостив према многумина, туку оној што никого не навредува.

6. Подобро е да спиеш на земја, на лисја од дрво под себе, а со мирна совест отколку во златна постела, а со немирна совест.

7. Сладок е оној пријател кој ни ја храни душата.

8. Пеј Му на Бога со зборови, со дела поклонувај Му се и со мисли и со срце – стој со побожност пред Него.

9. Свештеникот треба да има разумност, добар живот и благородни чувства.

10. Најлошо од сѐ е – да му робуваме на она што е најлошо.

11. Со зборови изучувај ја добродетелта, а со дела проповедај ја.

12. Не сметај дека е прекрасно само тоа да имаме добродетел; добродетелта треба да ја имаме како што треба.

13. Почитувај го Законот и ќе живееш според него.

14. Туѓинец е оној на кого му е туѓо сѐ во овој свет.

15. Не ласкај му на богатиот, но и не раздразнувај го.

16. Телото го закрепнува виното, а Божјите зборови душата.

17. Употребувај здрава, а не вкусна храна.

18. Ако сакаш на толпата да ѝ угодиш, од неа ќе бидеш победен.

19. Повеќе од сѐ друго – истоштувај го телото твое.

20. Трудољубив е оној, кој нема премногу слободно и непотребно време.

21. Не опростив грев која е хула против Бога.

22. Голема мака имаме од ушите и од јазикот.

Обработи
О.М.П. 2022