www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,688,946
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM II

Свети Јован Касијан Римјанин

11. За раководењето во духовниот живот

Преглед на духовната борба

211. Еднаш се собрале повеќе старци кај свети Антониј Велики и од навечер до наутро разговарале за разни духовни предмети, а особено за тоа која добродетел е поголема од сите и која би можела да нѐ запазува неуловливи за стапиците на ѓаволското измамување и да нѐ води по правиот пат до врвот на совршенството. Биле изнесувани повеќе мислења. Едни ги истакнувале поеењето псалми и бдението; втори – несреброљубието и презирањето на сите световни работи; трети – опшелништвото или оддалечувањето во пустина; четврти – човекољубието. Откако се искажале сите, почнал да говори свети Антониј. Тој рекол: сѐ што рековте – сѐ е неопходно потребно и спасоносно за оние што го баараат Бога и што сакаат Нему да Му се приближат. Но да ѝ се даде предност на некоја од спомнатите добродетели не ни дозволуваат тоа да го направиме опитите на духовните паѓања на оние што ги имале тие добродетели и напреднале многу во нив. Зашто и тие што се истакнале во строгиот пост и бденијата, и тие што со години живееле во пустинско опшелништво, и оние што ја прифатиле крајната сиромаштија, оние што биле крајно милостиви и штедри паѓале во демонските мрежи. А по мое мислење причината за тоа е немање достатно расудливост, зашто таа го учи човекот да оди по царскиот пат – да ги одбегнува опасните крајности. На пример, по однос на постот, таа не дозволува ниту прекумерно истоштување на телото, ниту му дава сѐ што сака тоа. Во Светото Евангелие тоа се нарекува око и светило на душата: “Светило на телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло. Ако, пак, твоето око биде лошо, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?” (Матеј 6,22-23). Како што светлината осветлува сѐ и окото гледа сѐ, така и расудливоста ги разгледува сите човечки дела и расудува за нив. Таа ни кажува и ни покажува што треба да правиме, како и од што да се воздржуваме. Кога некому му недостасува расудливост, тогаш и неговите дела и неговите помисли, бидејќи недостатно обмислувани, стануваат необмислени и непријателот успева да го измами – да му го прикаже злото како добро и вешто прикривајќи ги од нив стапиците и мрежите, ги заробува и ги погубува.

212. Мислењето на свети Антониј се потврдува со безброј примери. Да си спомнеме за жалното паѓање на старецот Ирон. Тој се предал на крајно строг пост и длабока осаменост и воден од искрена желба некој да не му ги наруши, по совет на ѓаволот, почнал да не ги посетува обичните собири на испосниците во саботите и неделите, на кои во нивните заеднички разговори расправале за разните патишта и распаќа на строгиот монашки живот. Измамен со овој навидум добар совет на ѓаволот, тој бил воведен во уште поголема измама: го примил ѓаволот како да е ангел и послушувајќи ги неговите зборови, тој се фрлил во еден исушен бунар,целиот се искршил и третиот ден починал. – Еве, уште еден пример: Некои двајца браќа, откако решиле да појдат најдалеку во пустината, одлучиле да не јадат ништо, освен она што ќе им даде Самиот Господ. Па кога, талкајки по пустината, толку се истоштиле, така што не можеле веќе да се движат. Тогаш биле нападнати од Мазиките – едно диво и свирепо племе. Но, гледајќи ги во таква бедна состојба, се сожалиле и им дале леб. Едниот од нив решил да го прими лебот, иако му бил даден од луѓе, сметајќи дека му е испратен од Бога. Јадел, се поткрепил и останал жив. А другиот останал упорен при својата одлука и умрел од глад. Еве и друг пример. Некој од строгите испосници и отшелници почнал да мисли дека е достоен да се дружи со светите ангели, а ѓаволот не задоцнил да ја искористи таа прилика; почнал да му се јавува како ангел и да му дава откровенија за делата и мислите на луѓето, давајќи му во неговата ќелија светлина без светилка. Откако на овој начин ја придобил неговата потполна доверба, тој најпосле му заповедал слично како на Авраама, да Му го принесе жртва својот син на Бога. И, се разбира, тоа би било направено, ако неговиот син, гледајќи ги необичните приготвувања не се досетил и не избегал навреме. Еве, уште еден пример. Гаволот успеал еден испосник и отшелник во Месопотамија да го убеди потполно да им верува на соновите. Па така, тој сонувал два народа: христијанскиот со апостолите и мачениците како се наоѓаат во темнина, срам, страдања и плач, а еврејскиот народ, заедно со Мојсеја, старозаветните патријарси и пророци – ги видел во светлина, слава и радост. Тој сон станал причина да се откаже од христијанството и да го прифати јудејството и да биде обрезан. И овие примери се доволни да се увериме, дека нерасудливоста е отворена врата кон духовните паѓања и загинувањето.

213. Расудливоста е дар Божји, но кој треба да се развива и усовршува. Како и на кој начин? Да се откажуваме од сета наша мудрост и да ја прифаќаме мудроста на опитните отци. Ова е најмудрата школа на расудливоста, во која се учат добро да расудуваат за она како треба да живеат и што треба да прават и таквите кои немаат особена дарбина за тоа. На овој начин се решава прашањето за тоа како може да се придобие расудливоста: вистинската расудливост се придобива преку вистинската смиреност, а како прв доказ за тоа дека ја имаме, служи нашата готовност да им ги откриваме на нашите духовни отци не само нашите дела, туку и тоа што мислиме; во ништо да не им веруваме на нашите помисли, туку во сѐ да ги следиме поуките на духовните старци и да го сметаме за добро или за лошо само тоа што тие го сметаат за такво. Ваквиот однос ни помага да одиме по правиот пат и да се запазуваме од сите мрежи на ѓаволот. Оној, кој живее не според своите помисли и разбирања, туку според советите на оние што духовно напреднале – не може да падне и да биде измамен од ѓаволот. Така предавањето себе и своите помисли на расудувањето на духовните отци ја заменува сопствената расудливост. Духовниот наш непријател не ја сака светлината; затоа и откривањето на лошите помисли веднаш пo исповедта исчезнуваат – биваат разгонувани и уништувани. Како што змијата, извлечена од своето темно гнездо на светлина, настојува да избега и да се скрие, така и лошите помисли, бидејќи откриени преку отвореното признавање и преку исповедта, настојуваат што побрзо да избегаат од човекот. Ова се потврдува со многу и премногу примери и опити.

214. Авва Серапион раскажува за себе: “Кога бев уште нов монах, јас земав сув леб скришно од мојот духовен отец и јадев. Тоа го правев долго време и таа страст почна да владее со мене, така што не бев во состојба да ја победам. Мојата совест ме осудуваше, но ми беше срам да му кажам на мојот авва за ова. Но, по помислата на човекољубивиот Бог се случи кај мојот старец да дојдат неколкумина браќа; тие почнаа да му ги откриваат своите тајни помисли и да го молат да ги разреши од нив. Старецот тогаш почна да говори за тоа, дека е потребно да се воздржуваме од храна, а потоа додаде и рече: “На монасите ништо не им штети толку многу и не им причинува толку голема радост на демоните, како скривањето на помислите од духовните отци ” – Овие негови зборови силно ме погодија. Помислив дека самиот Бог му ги открил на старецот моите гревови, па откако дојдов во скрушеност, почнав да плачам, – потоа го извадив сувиот леб од моите пазуви, крадениот леб и откако паднав на земја, молев да ми биде простен овој грев што сум го правел подолго време во минатото и се молев да бидам запазен од него во иднина. Тогаш, старецот ми рече: “Твоето признавање те ослободи од твоето ропство, откривајќи ги твоите гревови, ти го победи демонот, кој те напаѓал и ти нанесувал рани cѐ додека си молчел. Досега си му дозволувал да владее со тебе затоа што не си му се спротивставувал и што не си го изобличувал, а сега кога твојот грев е изнесен од твоето срце, тој веќе нема да има место во тебе.” Старецот уште не беше престанал да говори, од моите пазуви излезе нешто како запален смрдлив лук, и ја исполни со страшна смрдеа целата ќелија, така што присутните помислија дека гори сулфур. Тогаш духовниот старец додаде: “Еве, Господ јавно ја потврди вистинитоста на моите зборови и на твоето ослободување”. Ете, така преку моето отворно признавање од мене отстапи страста на чревоугодието и оттогаш ни на мисла не ми доаѓаше мојата поранешна желба.

215. Што гледаме во Самуила? Тој уште од своето детство, бидејќи Му бил посветен на Бога и се удостоил да разговара со Него, не ѝ поверувал на својата помисла, откако двапати бил повикуван од Бога, побрзал кај старецот Илија и од него добил поука како треба да Му одговори на Бога. На тој начин и Самиот Бог оној, кого го удостоил со разговор со Себе Си, посакал да го раководи преку поуките на старецот, за преку тоа да го води по патот на смирението. Не го гледаме ли истото и кај светиот апостол Павле? Него го повикал Самиот Господ, но веднаш потоа го испраќа кај Ананија, за кај него да се научи за патот на вистината. – И самиот апостол Павле, по своите неколку обиди да го проповеда Евангелието – оди во Ерусалим за да го провери своето благовестие и да не трчи залудно (сп. Гал. 1,1-13; 2,2), макар што него го придржувала благодатта на Светиот Дух. Од ова е очигледно, дека Господ на никого не му го отвора патот кон совршенството поинаку, освен преку раководството на светите оци, како што говори и преку Божјиот пророк, велејќи: “Прашај го татко си – и тој ќе ти каже, старците свои – и тие ќе ти речат” (5. Мој. 32,7)

 

Обработи,
О.М.П 2022