www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,683
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM II

Свети Јован Касијан Римјанин

1. Целта и смислата на подвижништвото (Разг.1)

Преглед на духовната борба

1. Сите науки и уметности имаат своја цел и свој крај, – имајќи го предвид, ревносниот љубител на уметноста, тој доброволно ги поднесува сите трудови и издатоци. Така и земјоделецот, поднесувајќи ту жештина, ту студ, неуморно ја ора и ја копа својата земја, со цел да ја исчисти од штетните плевели и да ја направи поплодородна. Тој е убеден дека може да ја постигне својата цел, да добие богата жетва и да го зголеми својот имот. Така и нашето подвижништво има своја цел и своја смисла, заради кои неуморно и со задоволство ги поднесуваме сите тешкотии и трудови, поради што не ни е тешко да ја поднесуваме и оскудноста на нашата испосничка храна, премаленоста од бдеењето нѐ весели, никогаш не сме наситени со читањето на светите книги и од размислувањето за она што го читаме, не се плашиме од постојаниот труд, ниту од лишувањето од сѐ, ниту од ужасите на оваа безгранична пустина.

2. Крајот и смислата на нашиот подвижнички живот е Царството Божјо, а целтта – чистотата на срцето, без која не може да биде постигнат крајот. Откако ќе го зацврстиме нашиот поглед на поставената цел, ние сме должни правилно да се движиме кон неа, како по права линија, а ако нашата помисла и малку се отклони од неа, треба да ја поправиме, враќајќи се кон нејзиното соѕерцание.

3. Така учи светиот апостол Павле, кога им говори на оние што го примиле Христовиот товар, велејќи; “Сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен ” (Рим.6, 22). Со овие свои зборови тој како да ни рекол: “Ваша цел е чистотата на срцата, а крајната смисла на сите ваши трудови е вечниот живот”. Тогаш, што може да нѐ упати кон оваа цел – кон чистотата на срцето? Ние сме должни со сите наши сили да го следиме тоа, а од сѐ што нѐ оддалечува од неа да бегаме, како од штетно и погубно. Зашто за постигнувањето на оваа цел преземаме и правиме сѐ: ги оставаме нашите родители, нашата татковина, позициите, богатството, радостите, и сите задоволства, за да ја задржиме постојаната чистота на срцето. Ако однапред ја имаме оваа цел под внимание, тогаш сѐ што мислиме и што правиме ќе биде насочено кон нејзиното постигнување. Ако, пак, оваа цел не биде постојано пред нашите очи, тогаш сите наши трудови и сили, бидејќи не се насочени кон единствената цел, ќе бидат попусти.

4. Затоа, ние сме должни за оваа чистота да правиме сѐ што можеме; за неа треба да појдеме во пустина, да постиме, да бдееме, да се трудиме да ја поднесуваме немаштијата, да читаме и да ги правиме другите добродетели, да го направиме срцето отпорно против сите страсни болести и да го запазиме здраво. Постите, бдеењето, отшелништвото, поучувањето од Светото Писмо и од другите поучни книги, сето ова го правиме и треба да го правиме заради чистотата на нашето срце. Заради ова треба да ги поднесуваме сите маки и тешкотии. Не треба да дозволиме со нешто да биде повредена оваа наша добродетел. Зашто кога оваа наша главна добродетел ќе биде запазена неповредена, тогаш не ќе имаме никаква неволја, дури и ако ни се случи некој од спомнатите подвизи по некоја неопходност и да попушти. А, ако сите ги запазиме, а само неа ја нарушиме, тогаш од сите нив нема да имаме никаква корист, зашто сѐ што правиме – треба да го правиме за неа. Подвизите не се совршенството; тие се само средства за постигнување на совршенството. Затоа попусто ќе се труди оној, кој ќе се задоволи само со подвизите, како врвно добро, ако кон нив го сврти стремежот на своето срце, а не се труди да ја постигне главната цел – вистинскиот стремеж на своето срце, заради кој сето друго е само пожелно.

 

Обработи и презентира,
О.М.П., 2022