www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,709
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM II

Свети Јован Лествичник

Кратки податоци за неговиот живот

Не се знае ништо за тоа кои биле родителите на светиот преподобен отец Јован Лествичник, ниту се знае местото и годината на неговото раѓање; не се знае ништо ни за неговиот живот пред да отиде во Синајскиот манастир. Од неговите списи се гледа дека добил добро образование, но силната негова желба да живее заедно со Бога го натерала да го напушти светот и неговата слава и да се осами во Синајскиот манастир, кој се славел со своите богомудри отци. Во манастирот отишол кога имал шеснаесет години и му се предал на старецот Мартириј духовно да го учел и го раководел. По четири години на строг искушенички живот, кога бил на дваесет години, го постригол и го замонашил. Неговата послушност према неговиот духовен отец била толку голема, така што се чинело дека воопшто нема своја волја. Во однос према другите браќа во манастирот тој бил едноставен и смирен; пред никого со ништо не ги покажувал своите предимства.

Откако проживеал со својот старец деветнаесет години, односно по смртта на својот духовен отец, кога останал духовен сирак, тој си избрал едно осамено место за живеење, кое се именувало Тола, а било оддалечено од манастирот околу десетина километри. На тоа место проживеал четириесет години. Неговиот живот во осаменоста течел мирно, во строго подвижништво, кое тој сепак умеел да го скрие, не истакнувајќи се со ништо особено. Секоја сабота и секоја недела тој доаѓал во манастирот, за да присуствува на светите богослужби и да се причести со светите Христови Тајни, со Телото и Крвта на Господа Исуса Христа и потоа да поразговара со светите манастирски отци и со нивните укажувања да ја провери својата духовна состојба. На таквите разговори и братски собири говорел и свети Јован и неговите зборови се истакнувале меѓу зборовите на другите браќа. Смирените тоа ги радувало, а некои од неискусните почнале да се сомневаат во мудриот свој брат и почнале да мислат дека е славољубив. Тогаш свети Јован, за да не ги соблазнува своите браќа, си наложил потполно молчење, кое го одржувал во текот на една цела година. Од ова строго молчење се разрешил дури кога усрдно му се молеле оние што се сомневале во него и кои биле причина тој да си наложи таков тежок подвиг; истите тие го молеле да престане да молчи и пак да почне да говори на нивните братски собири во манастирот.

По четириесет години живеење во безмолвие, свети Јован, со еднодушна согласност на сите браќа, бил избран за игумен на Синајскиот манастир. Но со ова свое монашко стадо управувал само четири години и пак се вратил да го продолжи својот осамен живот. Таму останал сѐ до својата смрт, која настанала набргу потоа. Се преселил во Господа осумдесеттата година од својот живот, во 563 година.

По молба од игуменот на Рајоскиот манастир, кој го носел истото име, свети Јован ја напишал Лествицата или Скалата духовна, во која, во триесет глави или триесет слова – опишува триесет скалила, по кои душата се издигнува кон духовното совршенство. Кон оваа своја книга тој го присоединил и Словото кон Пастирот, во кое ги изложува должностите и обврските на духовниот пастир.

Од триесетте слова во Лествицата правиме избор под следниве наслови:

1. Општи правила на подвижништвото.
2. За покајанието.
3. За добродетелите и страстите и за борбата со страстите воопшто.
4. За борбата со осумте главни страсти: чревоугодието, блудот, среброљубието, гневот, жалоста, очајанието, славољубието и гордоста.
5. За бестрасноста.

 

Обработи и презентира
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада, 2022