www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,157,386
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Преподобен Ефрем Сирин

МОЛИТВА

Господи, се намножија моите гревови, и непрестано се намножуваат, им нема крај на нивното мноштво.
Кој ќе ме оплакува?
Кој ќе се моли за мене?

Спасителе мој, Ти единствениот, знам дека Си подготвен на милост според Твојата љубов и благост, погледни милосрдно на мене разочараниот.

Како да Те молам Владико, кога устата моја е исполнета со зло?
Стекнав познание за вистината, а после тоа постанав убиец и клеветник.
Се препирам за ситници,
Станав завидлив и суров према секого,

Во себе негувам зли мисли, веќе сум немилосрден према сиромасите, гневен, кавгаџија, тврдоглав, мрзлив и раздразлив.

Во мене сѐуште делуваат лошите помисли, самољубието, стомакоугодението, сластољубието, славољубието, гордоста, злонамерноста, расправиите, малодушноста, непокорноста, негодувањето.

Никој и ништо сум, високо мислам за себе. Непрестано лажам, а се гневам на лажливците.

Го сквернавам храмот Божји со блудни помисли, а строго ги осудувам блудниците.
Ги осудувам оние кои паѓаат, а самиот непрестано паѓам.
Ги осудувам клеветниците и крадците, а јас сум и крадец и клеветник.
Одам со светол поглед, иако целиот сум нечист.

Со побожните се однесувам како најмудар, а неразумните ги потценувам како бесловесни.
Ако сум навреден, се одмаздувам;
Ако не ми е укажано почитување, чувствувам одвратност кон оној што тоа ми го чини.
Ако од мене нешто со право се бара, започнувам расправија;

Не сакам да го испочитувам оној којшто е достоен за почит, а самиот, иако недостоен, барам почести.
Не сакам да се оптеретувам себе, но ако некој мене не ме услужи, се гневам на него.

Не одам со оние коишто работат, но ако мене никој не ми помогне во работата, го клеветам.
За братот кој е во болест, не сакам ниту да чујам, а ако е здрав, тогаш му се обраќам.
Го презирам болниот, но ако сум јас болен очекувам љубов.

Поголемото од себе, не го почитувам, а помалото го презирам.
Ако се воздржам од неразумни желби, се вознесувам.
Ако се трудам во бдението, паѓам во мрежата на непокорноста и противречието.
Ако се воздржам во храната, тонам во расфрлањето и надменоста.
Ако сум неуморен во молитвата, ме победуваат раздразливоста и гневот.
Ако во некого видам добродетели, не го задржувам вниманието на него.

Ги презрев сите светски пријатности, но не се откажувам од нејзините суетни желби.
Кога ќе здогледам жени, ќе се зарадувам.
По надворешноста изгледам смирено, а во душата сум надмен.
Наизглед сум некористољубив, а во мислите страдам од користољубие.

И зошто да должам?
Навидум сум се откажал од светот, а на дело пак размислувам за световното.
За време на службата се занимавам со разговори, со пребирање на мисли, со суетни сеќавања; за време на трпезата се впуштам во празнословие.

Алчен сум на подароци, земам учество во туѓите сопнувања, се впуштам во погибелно соперништво.
Таков е мојот живот и толку лошо му се спротивставувам на моето спасение!
И мојата надменост и моето славољубие не ми даваат да размислам за своите рани и како да ги излечам.

Ете тоа се моите јуначки подвизи, со такво мноштво на гревови завојува против мене непријателот; а јас бедниот над сето тоа би сакал славен да бидам како светител.

Живеам во гревови, а би сакал да ме сметаат за праведник.
Во сѐ ова имам само едно оправдание:
Лукавиот ме наведе на сето тоа.
Но, ниту Адам тоа не го оправда.

Уверени сме дека ѓаволот го наговори Каин, но ниту тој не ја одбегна осудата.
Што ли ќе правам ако ме посети Господ?
Никакво оправдание немам за својата немарност.
Се плашам и јас да не бидам меѓу оние коишто апостолот ги нарече „садови на гневот (Рим.9,22)“.