www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,905
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


АВТОР: ПРОТОЈЕРЕЈ МИТКО ПОПОСКИ

 

ЖИВОТОТ
ПОСЛЕ ОВОЈ ЖИВОТ
И КРАЈОТ НА СВЕТОТ

Преглед на феноменот
„на прагот до смртта и по смртта“

УВОД

1. ТАЈНАТА НА СМРТТА
2. ЛИЧНОСТ ОД СВЕТЛОСТА (Светлосно битие)
3. РЕТРОСПЕКТИВА
4. ГРАНИЦА ИЛИ ПОСЛЕДНА ТОЧКА
5. ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТОТ
6. НОВ ВИДИК КОН СМРТТА
7. ПРИМЕРИ ОД НАПИШАНИ КНИГИ – СПОРЕДУВАЊА
8. БИБЛИЈАТА
9. ДРУГИ СВЕДЕНИЈА
10. ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
11. МОЖНИ ОБЈАСНУВАЊА
12. ЗА САМОУБИСТВОТО
13. ЦРКВАТА ЗА ЖИВОТОТ ПОСЛЕ ОВОЈ ЖИВОТ
14. ИМААТ ЛИ ПОТРЕБА И КОРИСТ УМРЕНИТЕ ОД СПОМНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ИМИЊА
15. МИТАРСТВАТА
16. ЗА СТРАШНИОТ СУД БОЖЈИ

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

У В О Д

Треба да се признае дека подудареноста помеѓу одредени одломци во делата на старите мислители и изјавите на наши современици, кои ја доживеале блиската средба со смртта неможе до крај да се објасне. Во денешната ситуација можеме само да се прашаме: како е можно, мудроста на старите Тибетанци, Павловата визија, Православната теологијата, Богородичното видување, необичните Платонови познавања, духовното Сведенбергово откритие и искуставта пред извесно време на др. Raymond Moody од Калифорнија – Америка, кој направил интервјуа на пациенти од повеќе болници низ Америка, кои доживеале клиничка смрт, – а кои меѓусобно толку се подудараат. Уште повеќе како е можно да се идентични самите изјави на нашите современици пациенти кои се приближиле до смртта и пак оживеале. Преку што успеале да погледнат низ прозорецот “на прагот до смртта“.

За самиот процес на смртта, човекот многу научи, како од науката така и од спознавањето на Бога. Сепак, постојат уште многу отворени прашања, со кои човековиот ум, неможе да се снајде, единствено Црквата дава соодветни одговори кои се базираат врз основа на верата во Бога.

На самиот почеток мораме да се потсетиме на душата. Душата човекова е дело на Бога – Творецот, која творба Бог ја создал бесмртна. Према тоа душата не можеме да ја гледаме надвор од Бога. Сепак душата како дело Божјо, не е дел од Божеството, ниту пак е, како што некои мислат, дел од Божиот Здив. Душата не можеме да ја гледаме автономно од Бога, туку само во врска со Бога.

Душата е најинтимно поврзана со телото. Душата е секаде во човековото тело. Фактот, дека душата му дава живот на телото со кое е соединета, докажува дека човекот е создаден по образ Божји во повисок степен отколку ангелите. Поради внатрешната врска на телото и душата, се случува телото, иако душата сака да ја придобие заедицата со Бога, заради својата заробеност со страстите, да одбива да го следи патот на душата и така доаѓа до физичка немоќ.

Заради ова, Православното Предание учи дека движењето на душата и функционирањето на телото треба да бидат во склад. Постои јасна разлика помеѓу душата и телото, но невозможно е првото да постои без второто. Дури и во смртта, душата е “насилно отргната од хармонијата и блискоста на својата природна врска со телото“. А тоа разделување на душата од телото се случува по Божја волја. Така, душата не е човек, туку душата е човечка, како што ни телото не е човек туку е човечко. Значи човекот се состои од душа и тело; тој е психобиолошко битие. Затоа и телото ќе воскресне и ќе биде обожено по Второто Христово доаѓање и ќе влезе во вечноста.

Особено во моментот при умирањето, моментот кога излегува душата од телото. Да се потсетиме дека Црквата има свое објаснување, особено ке најдеме скоро опишување во дел од погребалните дамаскинови стихири. Таму ја опишува тешкотијата на душата при самото излегување.

Ќе искористиме некои од искуставата на др. Raymond Moody, кој си земал за задолжение да испита повеке пациенти кои доживеале клиничка смрт. Тој го опишува видувањето на тие луѓе, впрочем што доживеале за време нивното времено отсуство од своето тело. Дали нешто чувствувале, сонувале или доживеале? или едноставно дали тие луѓе имале сознание дека биле умрени, а потоа пак оживеале.

Не само што Црквата, не потсетува за Царството Божјо, туку и крајната Нејзина цел е токму тоа. Да се стремиме, и да го бараме Царство Божјо, кое е вечно, а кое и’ се однесува за животот после овој краток наш земен живот. Не само Црквата, туку и овој доктор и многу животни примери не потсетуваат дека со смртта животот не престанува. Човекот, умирајќи е потполно свесен за својата состојба и околина, а тоа е потврдено и од оние кои доживеале да се најдат во состојба надвор од своето тело, и притоа да почуствуват мир и спокојство, и пак да се вратат во своето тело.

Во моето излагање, верувам дека нема да ја постигнам целтта кај некои читатели, но сметам дека ќе се додирнат некои точки за размислување. Се обидувам не само преку верата да се дојде до барем некакво сознавaње за животот после овој живот, туку и преку дирекно соочување со вистинитоста искажана преку наши блиски кои тоа го доживеале.

Нашиот Господ Исус Христос, не ни кажува да веруваме, кога ни зборува за богатиот и за Лазара, потоа, не бара од нас да веруваме дека душата на Лазар се вратила повторно во неговото тело. Он, со самото Свое воскресение, видливо Себе се покажува дека е победник над смртта, како Семоќен Бог, и Устроител на се што е видливо и невидливо, и како Човек и како Бог се вознесува од земјата кон небесата.

Светиот апостол Павле, истотака ни кажува за своето пренесување до деветтото небо, и опишува се што виде и се што чу.

Мајката Божја, ни опишува многу детали од нејзината средба со животот после овој живот, кој ќе го цитирам во понатамошниот текст.

Особено во деталности ни е опишано излегувањето на душата од телото и нејзиното патување до крајната нејзина дестинација во многу пишувани дела од Црковното Предание. Читаме во делата на св. Антоние Велики, св. Јован Златоуст, св. Корил Александриски, св. Ефрем Сирин, преподобниот Василиј Нови, преподобни Теогност, преподобни Макарие Велики, отец Јустин Попович и др.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

1. ТАЈНАТА НА СМРТТА

Како и што чуствува, човекот кога умира ?

Тоа прашање човечанството си го поставувало од кога луѓето постојат, и затоа повеќето не сакаат или тешко зборуваат околу тој дел на животот, сметаат дека смртта е табу тема.

Како и да е, човекот по своето телесно умирање преоѓа во друг живот на егзистирање. Многумина се соочиле со тој живот, доживеале умирање или преживеале клиничка смрт и повторно оживеале.

Секој кој умира, слуша и свесен е за својата состојба, за местото, околината и на оние кои се во неговата близина. Го слуша своето прогласување дека е мртов. Слуша голема бука, гласни звонења или зуење, и со голема брзина се движи во долг мрачен тунел. Одеднаш се осеќа дека се наоѓа надвор од своето тело, во просторијата каде што бил и претходно. Своето тело може да го виде од одредена далечина, но само како посматрач и чувствува голема вознемиреност.

По извесно време се созема и полека се привикнува во својата необична и нова состојба. И пак се гледа себе во „тело“ но по изглед кое се разликува од она тело кое го напуштил.

Наскоро почнува нешто да се случува. Во пресрет му доаѓаат блиски роднини и пријатели, му помагаат. Пред него се појавува „животворна светлост“ топла срдечна и продуховена човечка или ангелска особа, полна со љубов. Која, без говор, спонтано и мисловно му поставува прашања, а тој одговара на истиот начин, со проценување на животот кој го напуштил, односно одживеал. Таа, „животворна светлина“ во одговорите, му покажува филмувана панорама од најважни моменти од неговиот дотогашен живот (и сето тоа се одвива моментално, без споредување на време траење, познато за нас).

Доаѓа до некаква препрека, еден вид на граница, која би требало да биде разграничување од овој живот и идниот живот. За некого се востановува дека мора да се врати во своето земно тело, бидејќи не дошло времето за да премине од еден во друг живот, односно да умре. Повеќето, несакале да се вратат, поради се’ она што го виделе од доживеаното после смртта, поплавени од интензивни чувства на радост, љубов и смиреност.

Но покрај сето тоа, тој без негова волја мора повторно да се соедини со своето матрејално тело и да го продолжи дотогашниот земен живот.

Откако ке закрепне, се обидува да опише се’ што видел и доживеал, но наидува на големи потешкотии. Како прво, неможе да најде зборови со кои би ја опишал неземната епизода. Второ, луѓето го исмејуваат и тој престанува да зборува околу тоа. Како и да е, било како било, оној кој се повратил од тој живот во ово-земниот, тоа видување му го изменува тотално неговиот живот, особено неговиот поглед кон смртта и во односот на смртта кон животот.

Ова кое досега го изложив, сакам да нагласам, дека ова нее мојата цел која сакам да ја презентирам во книгата. Би можел само да потсетам дека е само еден од заедничкиот елемент на животот после овој живот, кој му претходи на мојата цел во понатамошното мое излагање. Го давам како претходница или како увод, да би го усмерил читателот со еден дојам за преоѓањето од овој во идниот живот. Какви искуства доживува човекот за време својот преод (умирање), а кои ги има безброј.

Ова е само разговор, изјави на луѓе кои доживеале клиничка смрт кои ги направил проф др. Raymond Moody Jr.од Северна Каролајна – САД. Кој ги опишува нивните изјави што им се случувало умирајќи.

Не постојат зборови што би ги употребил да би го искажал она што би сакал да ви го кажам, „Нема придавки или Суперлатив со кои би го опишал“. Нам ни е познато објаснувањето на зборови во тродимензионалност, што е познато за нас во овој свет. Тоа сме го учеле и така е, но со сето она кое сака да се објасни нешто друго се заклучува, постојат повеќе димензии во другиот свет, затоа е тешко да се објасни, а и во тоа е можеби и суштината зошто потполно неможе да се искаже.

Да се потестиме на зборовите на светиот апостол Павле, кој бил вознесен до третото небо, каде и тој објаснува за себе, па вели: „беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои човек не смее да ги каже“ (II Коринт.12.4).

Еве што изјавува една жена по своето враќање во своето тело: „Она што го доживував беше прекрасно. Осеќав голем мир, комотност, неопишана тишина. Знаев дека со моите тешкотии е завршено, си зборував сама на себе: „Каков мир и тишина; веќе ништо не ме боли“.

Во повеќе случаеви, луѓе кои биле „мртви“ или биле многу близу смртта и се повратиле во овој живот, даваат некои многу неугодни изјави. Човек по операција на стомакот „умрел“ за извесно време, во тој период слушал силни неподносливи звонења. Некои слушаат силен и чуден ветар и сл. Потоа некои осеќаат некое зуење или неодредени звукови.

Сите изјавуваат дека одеднаш се наоѓаат во мрачен тунел. Во голема брзина на движење чувствуваат и слушаат некои чудни звукови.

“Еве неколку лични опишувања на таинственото доживување надвор од своето тело!

Бев седумнаесет години и работев со мојот брат во забавен парк. Еден ден, попладне одлучивме да одиме и да се искапиме, а ни се придружија и уште неколку наши другари. Некој рече: ‘Да го препливаме езерото’. Дотогаш, тоа бев го направил многу пати, но тој ден, незнам поради што, отприлика на средината од езерото почнав да тонам… Повеќе пати ми се случувало да се најдам под површината на водата и таа секогаш ме исфрлала, но тогаш одеднаш почувствував дека веќе не сум во своето тело, дека сум далеку од сите – во вселената. Јас, сум бил само на одредена далечина од каде само гледав како моето тело плива час на површината час под површината на водата. Го посматрав своето тело од позади и од десната бочна страна. Сеуште осеќав дека имам телесен облик, иако веќе сум бил надвор од своето тело. Тоа беше неопишано прозрачно чувство – бев лесен како пердув.“

Една жена се сеќава:

“Пред една година бев примена во болница поради срчеви потешкотии. Се пробудив во болничкиот кревет со силни болки во градите. Го претиснав копчето за помош кое се наоѓаше до креветот да би ги повикала сестрите и тие многу брзо дојдоа. Ми беше многу неудобно да лежам на грбот па се превртив, но кога тоа сум го направила сум престанала да дишам и срцето ми престанало да работи. Во тој час ги слушав сестрите како викаат. Додека тие викаа, чувствував како излегувам од своето тело, се лизгав помеѓу душегот и оградата на креветот – изгледа дека сум поминала низ оградата и така се’ до подот. Тогаш сум почнала полека да се издигам. Видов дека дотрчаа уште сестри во собата – мислам дека беа дванаесет. Тоа беше времето на докторската визита па го повикаа мојот доктор. Го видов кога влезе и си помислив: ‘Се прашував, што тој прави тука’. Поминав покрај едно место каде што имаше прицврстена лампа – многу убаво ја видов од страна и застанав. Лебдев под таванот и се’ гледав што се случуваше во собата. Се’ чувствував како парче хартија што некој го дувнал кон таванот.

Од таму посматрав како се обидуваа да ме оживеат. Моето тело лежеше испружено на креветот, и сите стоеја околу него. Една сестра рече: ‘Боже, таа е готова’, а друга се наведна над мене и ми даваше вештачко дишење преку техниката уста на уста. Го гледав нејзиниот врат додека таа тоа го правеше. Никогаш нема да ја заборавам нејзината коса, беше кратко подшишана. Тогаш го видов како го донесоа и оној апарат, и на моите гради ги ставија неговите електрични кракови. Кога тоа го направија, видов како моето тело потскокна од креветот и чув како во него крцкаа коските. Тоа на мене делуваше многу неугодно.

Ги посматрав како удираа по моите гради и како ми ги триеја рацете и нозете, си мислев: ‘Зошто толку се трудат, кога мене ми е добро’?!“

Едно момче изјавува:

“Тоа се случи пред две години – само што наполнив деветнаесет години. Со својата кола го возев мојот пријател дома и на таа крстосница застанав, погледнав на сите страни, видов дека не доаѓаше ништо. Кога појдов, слушнав како мојот пријател викна со силен глас. Се свртев и видов заслепувачка светлина од фарови на автомобил кој со голема брзина налета врз нас. Го слушнав оној страшен и неугоден звук – колата ни ја удрија од мојата страна – и во еден момент ми се причина дека поминувам низ темнина, низ затворен простор. Се’ се случи многу брзо. Тогаш, би рекол, лебдев околу пет метри над патот на раздалеченост истотака на околу пет метри од колата и слушав гласови од сударот. Видов како дотрчаа луѓе и почнаа да се туркаат околу колата, го видов и мојот пријател како го извлекуваат од колата. Беше видливо дека е во шок. Го видов и своето тело помеѓу кршот и луѓето кои ја обиколија колата и се обидуваа да го извлечат. Нозете ми беа згмечени а насекаде имаше крв.“

За многумина поимот – излегување од своето тело, е толку абсурдно што дури и кога такво нешто би доживеале не би поверувале во потполност, би биле збунети и се’ тоа што би се случувало за тоа време воопшто не би го поврзувале со смртта. Би се прашале што се случува; зошто, одеднаш се гледате себе од одредена одалеченост и сте како да се посматрач.

Емоционалните реакции на оваа необична состојба можат да бидат многу различни. Повеќето луѓе, на почетокот даваат изјави дека очајнички посакуваат да се вратат во своето тело, но незнаат како тоа да го направат. Некои пак, чувствуваат страв а некои се и во паника. Има и позитивни реакции на оваа состојба, како што е например ова:

“Тешко се разболев и морав во болница. Едно утро ме опколи густа сива магла, и почувствував дека сум го напуштила своето тело. Додека излегував од телото, имав чувство дека лебдам, се свртев наназад и си го видов своето тело во креветот; не се плашев. Беше тивко. Не бев ниту најмалку вознемирена ниту исплашена. Осетив мир во себе, а тоа беше нештото што го оддалечуваше стравот од мене. Ми се чинеше дека можеби умирам и дека, ако не се вратам во своето тело, ќе заминам засекогаш.“

Подеднакво се разликуваат погледите на луѓето према своето тело кои го напуштаат. Вообичаено би било луѓето да кажат дека се загрижени бидејќи незнаат што би се случило со нивното тело.

Една млада жена која тоа го дожевеала, била сеуште ученичка во медецинско училиште, на следниот начин го опишува својот страв: “Знам дека ќе звучи смешно, но во медецинското училиште не учеа дека телото треба да го оставиме на науката. Целото време, додека ги посматрав како ми даваат вештачко дишење, си мислев: ‘Не сакам моето тело да се употреби како леш’.“

Слична загриженост, кога се нашле надвор од своето тело, дале изјави две други особи. Интересно е, што и двете биле медецински особи – една била докторка а другата медецинска сестра.

Во едниот случај грижата за своето тело преминала во жалење. При паѓање добила скршеници и срцето и’ престанало да чука: “Во еден момент – знаев дека лежам во кревет – и одеднаш си го видов креветот и докторот како нешто прави на мене. Не ми беше јасно како можам да си го гледам своето тело во креветот, но кога го видов своето, искршено тело, се почувствував многу лошо.“

Некои особи, не си го препознаваат своето тело. Еве еден таков карактеристичен случај: “Незнаев дека така изгледам. Знаете, бев навикнал да се гледам само на слика, или однапред, во огледало. Одеднаш се видов себе, односно своето тело на раздалеченост од пет метра. Ми требаше време да би се препознал.“

Друга крајност ја сочинуваат оние кои даваат искази дека према своето тело не чувствувале ништо посебно. Една жена, прежевеала срчен удар и била уверена дека умира. Почувствувала како нешто ја влече во темнина, како се извлекува од телото, а потоа кажува: “Кон своето тело воопшто не се свртував. Знаев дека е таму, не се сомневав, и да фрлев поглед, би го видела. Но за тоа немав желба – знаев дека својот живот го проживеав најдобро што можев и сега целото свое внимание го свртував кон други нешта. Си мислев, дека свртувањето кон телото би значело свртување кон минатото, а јас цврсто бев одлучила тоа да не го правам.“

Слично на тоа, девојка која во автомобилска несреќа се здобила со тешки повреди кажува: “Го видов своето тело згмечено во колата и луѓето кои беа се насобрале околу, но, знаете, не чувствував баш ништо. Имав чувство дека тоа е некој друг човек или некаков предмет …. Знаев дека тоа е моето тело, но према него не чувствував ништо.“

Кога ќе се најдат во бестелесна состојба, луѓето обично се изненадени, така да во тоа ненадејно доживување треба време за да сватат што им се случува. Може да му се случи некое време да го поминат и надвор од своето тело, очајнички се обидуваат во состојбата и мислите да најдат некаква смисла, пред да сватат дека умират или да се веќе мртви.

Таа состојба може да биде пропратена со силни емоции и необични мисли. Една жена се сеќава на своите мисли, па изјавува: “Колку е убаво да бидеш мртов.“

Многу необично се чувствував, изјавила една млада жена која вака ја опишала состојбата во која се нашла: “Мислев дека сум мртва и не ми било ниту најмалку жал, но незнаев каде треба да одам. Свеста и мислите ми останаа непроменети, исти како и за време на животот, но ништо не можев да поврзам. Не престано си мислев: ,Каде да одам ? Што да правам ?’ и, О Боже, просто неверувам дека сум мртва’. Изгледа дека никој од нас во потполност нема да умре. Тоа е нешто кое се случува на сите, макар знаеме дека ќе умреме, длабоко во себе не можеме да поверуваме . . . И така одлучив да почекам возбудата да се смири, да го однесат моето тело и тогаш да се обидам да дознам каде треба да тргнам.“

Некои кои имале средба со смртта, чија душа го напуштила привремено свое тело, изјавиле дека не биле во никакво “тело“. Имале чувство дека едноставно биле при “чиста“ свест. Еден човек опишал дека за тоа време можел “. . . да види се околу себе, меѓу останатото и своето тело кое лежало на креветот, а во исто време не заземав никаков простор“, се чувствував како дел од мојата совест.

Повеќе случаи изјавиле, кога биле надвор од своето материјално тело, се нашле во некое подруго тело. За тоа “ново тело“ сите, додека го опишувале, имале јазични потешкотии и на крајот изјавувале: “Не можам да го опишам“, (или нешто слично).
Но во сите опишувања за тоа ново тело по своите општи својства, телата биле идентични едно на друго налик на “духовно тело“.

Го кажуваат и следното, луѓето кога умираат свесни се за своето духовно тело и имаат осеќај дека тоа тело ги ограничува. Кога ќе го напуштат своето матрејално тело, откриваат дека нив никој неможе да ги чуе, колку и да се трудат своето необично доживување да го соопштат на другите. Еве една илустрација дел од изјавата што една жена ја дала која изненадно престанала да диши, па била однесена во собата за итна помош каде што се обидувале да ја реанимират:
“Видов како се обидуваа да ме оживеат. Тоа беше многу чудно. Се’ гледав од високо; можам да кажам дека бев меѓу сите, но гледав преку нив, се обидував да им кажам нешто, но никој не ме слушаше.

Како целото искуство да постане уште посложено, особата во духовното тело набрзо открива дека луѓето околу нејзе не само што неможат да ја чујат туку неможат ниту да ја видат. Може да се случи медецинските особи или луѓето кои се насобрани околу телото да гледаат точно во нејзе но неможат да ја приметат. На духовното тело му недостасува и сила; матрејалните предмети во околината со леснотија поминуваат низ нејзе, не е можно ниту да се фати за било каков предмет или особа.

“Докторите и сестрите удираа по моето тело, се обидуваа да го покренат со интравенозни механизам, а јас непрестано им говорев: ,Оставете ме на мир. Се што сакам е да ме оставете на мир. Престанете да удирате по мене’. Но не ме слушаа. Се обидов да им ги тргнам рацете, како би ги спречила да удираат по моето тело, но колку и да се обидував, ништо не се случуваше. Не можев ништо да направам. Незнам, не се сеќавам да ли мојата рака проаѓаше низ нивната . . . Додека се обидував да ги спречам, не осеќав никаков притисок.“

Еве други изјави:

“Луѓе од сите страни приоѓаа на местото од несреќата. Бев во непосредна близина и ги гледав сите. Но кога ми се приближија, изгледаше дека никој не ме приметуваше. Продолжуваа да одат во истиот правец. Кога сосема ми се приближија, јас се обидов да се тргнам од патот, ми се чинеше дека едноставно би поминале низ мене.“

Понатака, сите кои го опишуваат духовното тело опишуват за тело кое нема тежина, изјавувајќи дека имале можност да лебдат во воздухот.

Свикнати сме во своето матрејално тело да имаме многу начини на применување на тренутно просторната положба на своето тело и на неговите делови, дали тие се во покрет или мируваат. За тоа ни се потребни видот и сетилото за равнотежа, потоа нарочити сетила преку кои се служиме при движење и напрегнување на тетивите, мускулите и зглобовите. Не сме свесни како ги применуваме тие сетила според потребата која ни е потребна, и како тоа непрекинато функционира, не обраќаме на нив ниту најмалку внимание. Сепак, претпоставувам дека, кога тоа сетило би престанало да работи, веднаш ќе ни недостасува. Останува вистинитоста на изјавите од особите кои биле во продуховеното тело за време на отсуството од своето матрејално тело, дека не ја осеќале физичката поткрепа која е неопходна на телесната тежина, а не можеле ниту да ја одредат својата положба ниту правецот на движење.

Иако овие својства на продуховеното тело во почетокот ни се чинат дека се ограничени, со еднакво право можеме да ги гледаме со предност. Особите во продуховените тела се во привилегија во односот на луѓето околу себе. Таа може и да ги слушне и да ги виде, а тие нејзе неможат (шпиун тоа би го гледал како во завидна ситуација). Па иако ја гледаат кваката на вратата, кога за нејзе ке се фатат, таа поминува низ нејзината рака. Сето тоа престанува за неа да биде важно кога ќе откријат дека едноставно може да помине и низ затворена врата. Патувањето во оваа состојба (кога човек еднош на нив ќе се навикне) е извонредно лесно изводливо. Матрејалните предмети не преставуваат никаква препрека а преоѓање од едно место на друго може да биде невероватно брзо – скоро моментално.

Луѓето во материјлно тело не можат тоа да го прифатат, но сите оние кои веќе биле во продуховено тело го потврдуваат тоа, иако не се во можност истото да го опишат. Сите се слагаат дека продуховеното тело има некаков облик (го има обликот на старото свое материјално тело) па дури и со сите свои матрејални делови (глава,раце, нозе, облик и тн.).

Сите испитаници, новото тело го опишуваат на различни начини, и се обидуваат и кажуваат иста мисла. Ги употребуваат изразите во вид на: магла, облак, водена пара, нешто слично на дим, нешто прозирно, обоен облак, енергетско поле, и слично.

На крајот сите го посочуваат тоа време на безвременост на таа состојба надвор од материјалното тело. Многумина изјавуваат дека иако биле приморани да бидат во тоа продуховено тело го опишуваат како со временски термин во иднина и дека човечкиот јазик е привремен, времето не било термин за нивното доживување.

Ќе наведам неколку делови од разговори во кои испитаниците кажуват за тие фантастични видови состојби во продуховеното тело

а. На кривина ја изгубив контролата над колата, колата излета од патот и се најде во воздухот, се сеќавам дека го видов плавото небо и колата како лета во ендек. Си помислив во себе: собраќајна несреќа. Во тој час некако го изгубив осеќајот на времето и ми престана осетот на физичката реалност на своето тело – го изгубив додирот на своето тело. Животот, духот или душата, како и да се нарече, излезе од мене. Имав чувство дека излезе низ главата. Не ме болеше – тоа беше како нешто да се издигнува …
Чувствував како тоа “битие“ има одредена густина, но тоа не беше густина во физичка смисла – тоа беше нешто како, впрочем незнам, нешто слично на бранови. Претпоставувам дека тоа не беше материјално, но би можело да се рече дека беше набиено. Сепак имав осет дека е од нешто … Беше мало и округло, без одредени граници … Би можело да се спореди со облак … Изледаше како да е во своја обвивка …
Мислам дека од моето тело излезе најпрвин широкиот а потоа тесниот дел … Тоа беше многу прозрачно чувство. Моето материјално тело не се напрегнуваше – како осетот да беше потполно отсутен. Тоа мое “битие“ немаше тежина …

Најмногу ме изненади кога тоа мое битие (веќе надвор од моето тело) се колебаше пред мојата физичка глава. Како да не можеше да се одлучи да замине или да остане. Во тој час ми се чинеше дека времето стои. На почетокот и при крајот на несреќата се’ се одигра со голема брзина, но во тој одреден момент, додека моето битие лебдеше над мене, колата многу пати се превртуваше низ самиот насип. Во главно мене не ме интересираше ниту колата ниту несреќата ниту моето тело – единствено се грижев за својето битие …

Иако моето битие немаше физичка карактеристика, сум приморан да ја опишам со физички термини. Би можел тоа да го направам на многу начини, но и какви зборови да употребам, не би можел да го искажам она што го мислам.
На крајот, после повеќе превртувања колата се заби во земјата, а јас се извлеков со шинат врат и скршена нога.

б. “ (Кога излегов од материјалното тело) ми се чинеше како да сум од своето тело преминал во друго. Не мислев дека се претворив во нешто – туку само тоа беше друго тело … но не обично човечко тело. Беше нешто по различно од ова. Не беше исто како и човечкото тело, но не беше ниту некаква округла материја. Имаше облик, но безбојно. И сигурен сум дека имав и раце.

Неможам тоа да го опишам. Бев толку чудно изненаден што го видов – моето тело и се друго – така да не размислував во какво тело јас се наоѓам. Освен тоа, се’ се случи така брзо. Ми се чинеше дека времето не игра никаква улога, како да не постои, но сепак постоеше. Кога ќе излезете од материјалното тело се’ е многу брзо.“

в. “Се сеќавам дека ме донесоа во операционата сала. Неколкуте следни саати беа критични за мене. За тоа време излегував од своето матрејално тело и повторно се враќав – можев се’ да посматрам одозгора. Но додека тоа го правев, повторно се враќав во телото – не во матрејалното тело , туку во нешто што би се најдобро опишало како енергетско поле. Кога веќе барате од мене да го претворам во зборови, би рекол дека беше прозирно и духовно, во смисла спротивно на материјалното. Но сигурен сум дека имаше и глава и раце и нозе.“

г. “Бев надвор од телото и го посматрав на одалеченост отприлика на десетина метри, но сеуште размислував исто како и ви физичкиот живот. Размислував во својот нов налик кои беше во близина и од висина над моето нормално материјално тело. Она, во кое бев не би се нарекло тело во вообичаена смисла. Тоа беше како некоја капсула, воглавно некаков чист облик. Поточно, неможев да го видам, беше прозирно, но пак не прозирно во вообичаена смисла. Како да имаше некаква енергија.

Некои од испитаниците во своите изјави ја кажале апсолутната сличност на материјалното и продуховеното тело. Една жена изјавила дека: додека била надвор од своето материјално тело – и понатака го гледала телесниот облик – нозе, раце се’, иако немала осет на тажина.

Други испитаници се сеќаваат дека, кога биле надвор од своето тело, мислеле со извонредна леснотија, препреки не постоеле не само за продуховеното тело ниту за мислата. Можеле да мислат многу по јасно и побрзо отколку порано во своето материјално постоење.

Еден ваква изјава дал:

“Тоа што тука е неможно таму е можно. Духот ви е многу чист. Тоа е многу угодно. За прв пат имав чувство дека сваќам се оддеднаш. После извесно време се што доживеав во тоа време доби некакво значење.“

Изгледот во новото тело и личи и неличи на изгледот на материјалното тело. Повеќемина изјавиле дека осетиле угодна “топлина“, но никој не осетил ниту мирис ниту вкус.

Некои од тие сетила, како што се видот и слухот во продуховеното тело не само што остануваат како такви со својата функција туку се многу поизострени. Еден испитаник изјавил додека бил “мртов“ видот му бил многу изострен, или според неговите зборови: “Неможев да сватам како можев да гледам толку далеку.“ Или пак според зборовите на една жена која имала слично искуство: “Изгледа дека тоа продуховено сетило не е ограничено – можев да гледам во исто време во сите правци и да видам се’.“ Таа појава сликовито е опишана во еден од разговорите со жена која доживеала сообраќајна несреќа и после тоа таа излегла од своето тело:

“Беше голема возбуда а присутните трчаа околу колата за прва помош. Било кого да го погледав со цел да дознаам што мисли, имав чувство дека гледам преку леќа за приближување. Гледав преку зголемено зумирање и бев меѓу присутните. Осеќав дека таа моја присутност е дел од мене – и таа моја присутност, која ја осеќав, можам слободно да ја наречам дух – кој остануваше на истото место на оддалеченост на околу десеттина метри од моето тело. Кога посакував да видам некого кој беше оддалечен, тоа, се упатуваше таму нешто како дел од мене (слично на истражувач). Во тој момент ми се чинеше дека би можела да се најдам на било кое место во светот.“

Повеќе од испитаниците изјавиле дека не слушаат (во физичка смисла) гласови и звукови, така да сетилото кое ги прима тие врсти на информации во продуховеното тело може да се наречат како сетило на слух слични на нив. По правилно би се нарекло дека до испитаниците доаѓале мисли а не зборови. Понатака ќе се сретнеме со слични дирекни мисли кои можат да играт важна улога во фазата на доживувањето на смртта.

Една госпоѓа тоа вака го опишала:

“Гледав луѓе на секаде околу, и ги разбирав што зборуваат. Не ги слушав гласно, како што вас сега ве слушам. Јас во стварност знаев што тие мислат, точно знаев што мислат, но само во својот дух. Зборовите кои тие ги кажаа ништо не значеа за мене. Ја дознавав нивната мисла секунда пред тие да ја отворат својата уста и да проговорат.“

Еве и друга многу интересна изјава, изгледа дека ниту тешките оштетувања на материјалното тело не се одразуват негативно на продуховеното тело. Во случајот што ќе го наведам човекот за време тешката несреќа ја изгубил ногата. Во еден момент бил во клиничка смрт. Човекот знаел дека ја изгубил ногата бидејќи јасно го видел своето оштетено тело и докторот кој се обидувал да му помогне. Но кога бил надвор од своето тело тој изјавува:
“ . . . се осеќав читав. Сигурен сум во тоа и се осеќав дека ги имам сите делови од телото, иако во материајалноста, тоа не беше точно.“
Во таа безтелесна состојба човекот е одвоен од другите. Тој ги гледа другите и ги разбира нивните мисли, но тие него ниту го слушаат ниту го гледаат. Комуникацијата со други луѓе е просечна – чувството на додир не служи за ништо, бидејќи продуховеното тело не поседува цврстина. Поради тоа не не’ изненадува што луѓето во оваа состојба почнуваат да се чувствуваат изолирани и осамени. Или, како што изјавил еден човек, кој ги видел докторите, сестрите и останатите медецински особи како си ја вршаат својата работа, а не можел со нив да комуницира: “Бев разочаран и осамен.“

Многумина го опишувале тоа видување, осет на длабока осаменост кои во тој момент ги облеал.

“Се’ што доживеав беше прекрасно, неопишано. Сакав и други да има со мене и тие тоа да го видат, бидејќи знаев дека тоа никогаш нема да можам да го опишам. Бев осамен и посакував и некој друг да го сподели со мене моето доживување. Знаев дека никој неможе. Бев во својот приватен свет – кога тоа го сватив, паднав во депресија.“

Или:
Не можев ништо да додирнам ниту пак да комуницирам со луѓето околу себе. Тоа беше ужасно чувство на осаменост, чувство на потполна осаменост. Знаев дека сум сосема сам.“

И уште:
Бев премногу вознемирен, неможев да поверувам дека навистина тоа се случува. Си мислев: “Не, не е можно дека сум мртов, никогаш повеќе нема да ги видам своите родители и тие ќе тагуваат“.
Цело време бев свесен дека сум сам – сам како странец од друга земја. Сите врски беа прекинати. Знам … ми се чинеше како да нема повеќе љубов а и ништо друго. Ми се чинеше дека се беше така ….технички. Навистина не разбирав.

Кога се издолжува таа состојба и повеќе се приближува до смртта, таа осаменост исчезнува. Во одредени моменти доаѓаат други да би му помогнале во преодот кој го доживува. Тие други би можело да се појават во облик на духови – често духови на умрени роднини или пријатели. Во повеќе интервјуа во разговорот изјавиле дека се појавува продуховено битие со посебни својства. Во следните опишувања ќе се опише пошироко на таквите средби.

5.Средба со други умрени

Голем број на испитаници изјавиле дека во фаза на умирање – некои уште веднаш на почетокот а некои после други доживувања – свесно ги гледале некои продуховени битија во својата близина. Било уочливо дека тие продуховени битија биле таму само за да и се олесни преодот од еден свет во друг. Во две изјави им било кажано дека уште не им е дојдено времето да умрат и морат да се вратат во своето материјално тело.

“Тоа ми се случи на пороѓај. Беше тежок и бев изгубила многу крв. Докторот се откажа да дава повеќе напор и им кажа на моите кои беа таму дека умирам. Но јас за цело време бев будна, и кога го слушнав како тоа го рече, осетив како доаѓам при свест. Тогаш приметив, луѓе – големо мноштво на луѓе – како лебдат под таванот. Сите за време на својот живот ги познавав и сите беа умреле пред мене. Ја препознав мојата баба, една девојка која со мене одеше на школо и многу други роднини и пријатели. Сигурна сум дека ги видов нивните лица и ја осеќав нивната присутност. Изгледаше дека сите се радуваа. Беше тој среќен момент – чувствував дека дошле да ме заштитат или пак да ме видат. Беше готово како да се враќам дома, а тие се собрале да ме поздрават и да ми посакат добредојде. Непрекинато чувствував како се’ е лесно и убаво. Тоа беше прекрасен и величествен момент.“

Еден човек се сеќава:

“Пред неколку недели од мојата случка само за малку што не умрев, загина еден мој добар пријател по име Баб. Во моментот кога излегов од телото, почувствував дека Баб е покрај мене. Го видов во дух ја чувствував неговата присутност – беше многу чудно. Не го видов неговото материјално тело. Ништо не забележав во материјална форма, но сеедно се’ видов така јасно. Дали тоа звучи логично ? Беше таму, но немаше материјално тело. Беше тоа некоја врста прозирно тело и го видов секој негов дел – раце, нозе и тн. Но тоа видување не беше физичко. Тогаш не мислев дека е чудно бидејќи и така немаше потреба да го видам со очите. Та не сум ги ниту и имал на ум !

Го прашував: “Баб, каде сега одам ? Што се случи ? Мртов ли сум или не ? Но тој не ми одговараше, не изусти ниту еден збор. Додека бев во таа состојба во болницата, редовно ми доаѓаше. Замина и повеќе не се врати откако докторот еден ден рече: “ќе остане жив“. Повеќе не го видов ниту ја осеќав неговата присутност. Сега ми се чини дека чекаше да ја поминам таа последна граница и тогаш да ми одговореше на моите радознали прашања.

Во некои други изјави што луѓето видуваат особи кои и не ги познавале. Една жена изјавила дека кога и се случило слично излегување од телото, го видела не само своето проѕирно продуховено тело туку видела уште едно такво тело на некој друг кој неодамна умрел. Таа особа не ја познавала, и си мислела дека тој човек, тој дух има некакви одредени број на години. Немав чувство на време.

Во неколку случки луѓе поверувале дека тие битија кои им излегле во пресрет се нивни “духовни чувари“. Таков дух му рекол на еден човек: “Ти помогнав во оваа фаза на твоето преоѓање, но сега ќе те предадам на други“. Една жена изјавила, кога го напуштила своето материјално тело, видела две продуховени битија кои и се преставиле како нејзини “духовни помагачи.“

Во две меѓусебно слични случки се случило да чуле глас дека сеуште не се мртви и дека морат да се вратат. Еве еден од двајцата што изјавил:
“Слушнав глас, тоа не беше човечки глас, тој глас не доаѓаше од материјално сетило, кога ми зборуваше дека морам да се вратам – чувствував смелост и не ми беше страв да се вратам во своето материјално тело.“

Друга изјава:

“Додека бев мртов, и во таа празнина, разговарав со луѓе, но сепак, не би можел да кажам дека разговарав со луѓе во телесен облик. Имав чувство дека има луѓе околу мене, ја чувстував нивната присутност макар никого не можев да видам, чувствував дека се движат. Од време на време со некој од нив и разговарав, но неможев да ги видам. Кога ке си помислев што се случува, некој од нив ке ми одговореше мисловно дека се е во ред, дека јас умирам и дека ке ми биде добро, така да мојата состојба не ме загрижуваше. На секое поставено прашање добивав одговор. Не дозволуваа духот да ми биде празен.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

2. ЛИЧНОСТ ОД СВЕТЛОСТА (светлоносно битие)

Најневероватен заеднички елемент во изјавите кои се давани е средбата со личноста од светлината. Секој тврди, после таа средба на оној кој ја доживеал со личноста од светлината, темелно се менува. Типично ја објаснуваат светлината дека во почетокот е бледа, но приближувајќи се’ постанувала се појасна, се’ додека не постигне надземен сјај. Иако тој сјај е необјаснив, испитаниците кои се трудат да го објаснат велат: премногу свети – но незаслепува, ниту пак имале потешкотии да гледаат во неа и на околу (можеби е поради тоа што тие не гледале со телесни очи кои би можеле да бидат заслепени).

Ниту еден испитаник ни за момент не се посомневал дека во обликот на светлината е светлоносно битие. Тоа битие поседувало особеност, и личност. Зрачејќи љубов и топлина кои неможеле со зборови да се опишат. Во таа средба, оној кој што умира е во потполност опкружен и толку занесен така да од присутноста на битието ниту најмалку не се чувствува неугодно, напротив, се осеќа пријатно и дека е прифатен. Таа светлина го влече со неодоллива привлечна сила, и тој неизбежно доаѓа кон него.

Интересно е опишувањето на светлоносното битие во повеќето изјави воопшто не се разликуваат. Единствено што се различни изјавите на препознавањето на личноста тоа се убеденоста од вероисповеста на поединците. На пример, многумина од христијанска вероисповест, сметаат дека таа светлина е самиот Христос, а некои ова видување го поврзуваат со некои цитати од Библијата. Маж и жена, обајцата Евреи, во таа светлост препознале “ангел“. И во двете случки, било во потполност јасно дека не се работи за битие со крила или битие кое свира харфа, па ниту за битие кое има човечки облик или налик. Била само светлина. Секој испитаник се обидувал во своите опишувања да го објасни битието еден вид патоводител. Еден човек кој се изјаснил за атеиста, едноставно виденото го опишал како “светлоносно битие“. Исто така и една христијанка која неосеќала за потреба да го нарече Христос, туку “светлоносно битие“.

По кратко време од своето појавување, светлоносното битие почнува да комуницира со оној кој умира. Треба да се нагласи дека комуникацијата е дирекна, односно, иста како и во опишувањата како човек во продуховеното тело може да “чита“ мисли на други. Испитаниците, тврдат дека не слушнале никаков глас или физички звук кој доаѓал од битието, ниту пак одговарале преку глас. Сите изјавуваат дека комуникацијата била дирекна преку преносни мисли, и тоа така јасно без можност на недоразбирање ниту можност да го излажеш светлоносното битие.

Понатака, ова размена на мисли не се одвива на матрејалниот јазик на оној кој што умира. Тие не само што совршено се разбираат туку и размената на комуникација е моментална. Испитаникот при изјавувањето не е ниту во можност да ги преведе мислите во разговорите кој ги водел при средбата во близината на својата смрт на човечки јазик со кој сега се служи.

Следниот корак во доживувањето е јасно илустрираната потешкотија што се појавува при преводот од тој не-говорен јазик. По својата драматична појава битието упатува према оној кој умира одредена мисла. Луѓето кои тоа го доживеале таа мисла ја нарекуваат еден вид прашања. Еве неколку од тие прашања: “Дали си спремен да умреш ? …. Дали сакаш да умреш ? …. Што постигна за време на својот живот ? …. Дали доволно постигна за време на својот живот ?“ Првите две прашања се разликуваат од другите две, бидејќи во првите се бара “спремност“ додека во другите две се бара “што постигнал за време на својот живот“. Еве пример на едено интервју:

“Најпрвин што ми рече беше во вид на прашање, дали сум спремна да умрам, или што сум направила за време на мојот живот, бараше од мене одговор.“ Потоа “ми постави сродно друго прашање со очигледна смисла: ,дали тоа беше вредно? мислејќи на тоа кога веќе знам се што е било до сега, дали вредело да се живее.“

Сите, кои тоа го доживеале кажуваат дека тие прашања кои им биле поставени не им биле дадени за да им се суди. Тоа се такви темелни и основни прашања со кои секој, кога – тогаш, мора да се соочи. Сите, даваат изјава дека битието не им поставува прашања за да ги обвини, ниту пак им се обраќа со гневен тон, така да нивниот одговор ниту најмалку не влијаел на полната љубов и прифатливоста со која ги опкружувала светлоста. Смислата на прашањата биле да ги поттикне на размислување за својот живот. Тоа, би можело да се именува, со Сократово прашање – кое не се поставува поради информација туку да му се овозможи на човекот самиот да тргне по патот на вистината.

Да видиме неколку описи на тоа фантаснично светлоносно битие:

1.“Чув како докторите ме прогласија за мртов. Тогаш почнав да се чувствувам како да лебдам низ темнина во некоја врста заграден простор. Не постојат зборови со кои би го тоа опишал. Се беше црно, освен во неодредена далечена можев да ја забележам таа светлина. Тоа беше многу силно светло, во почетокот не така големо. Како што му се приближував, така тоа се зголемуваше.

Се обидував да дојдам до него бидејќи осеќав дека тоа е Христос и сакав да дојдам до тоа место. Доживувањето не беше ниту најмалку застрашувачко. Беше пријатно, бидејќи сум христијанин, веднаш ја поврзав светлината со Христос, Кој рекол: ,Јас сум светлината на светот’. Си реков во себе: ,Ако тоа е тоа, ако морам да умрам, тогаш знам кој на крајот ме чека – таа светлина’.“

2.“Станав и отидов во другата соба нешто да се напијам и во тој момент, како што подоцна е утврдено, ми пукнало слепото црево. Се почувствував омалаксан и сум паднал. Се почуствував како да сум носен со брзина на струјата, како да моето живо битие непрекинато влегува и излегува од моето тело. Притоа слушнав прекрасна симфонија. Одлетав низ вратата од собата и се најдов до стакленото предворје. Таму ми се чинеше дека сум опкружен со облаци – некоја врста цветна магла, и јас одлетав низ стаклото, како да го немаше и се вивнав кон таа празна, кристално јасна светлина која излегуваше од тоа бело светло. Беше преубаво, така јасно и кристално, што ниту најмалку не ми посметуваше на очите. Тоа не беше врста на светлина која би можел да ја опишам со човечки зборови. Во светлината не видов особа, но сепак постоеше во нејзе некаков специфичен идентитет, сосема сум сигурен во тоа. Таа светлина е совршеност на секаква човечка прифатливост и совршена љубов.
Во мојот дух ми се појави мисла: ,Дали ти мене ме сакаш ?’ Тоа не беше прашање, но мислам дека тоа беше смислата на она што сакаше светлината да ми го каже беше: ,Ако ме сакаш, тогаш врати се и заврши го тоа што си го започнал во животот’. Притоа се чувствував опкружен со силна љубов и сучувствување.

3“Знаев дека умирам и ништо неможев да направам. Неможев никому ниту збор да кажам бидејќи никој и неможеше да ме чуе… Бев надвор од своето тело, без никакво сомневање, го видов своето тело како лежи на операциониот стол. Душата ми беше излезена! Најнапред од сето тоа многу лошо се чувствував, во тој момент дојде прекрасна светлина. Во почетокот беше малку замрачено, но набрзо се претвори во голем сјај. Тоа беше многу светлина, со која светлина ниту еден рефлектор не би можел да се спореди; беше премногу светлина. Светлината стоплуваше – ја чувствував нејзината топлина.

Тоа беше јасна жолтоникаво-бела светлина – повеќе на бело. Беше заплашувачко светло, неможам да го опишам. Изгледаше како се во него да содржи, но тоа не ме спречуваше да ги видам предметите околу себе – операционата сала, докторите и сестрите, се’. Светлината не заслепуваше, можев се многу убаво да видам.
Во почетокот, кога светлината дојде, не можев да сватам што се случува, но таа ми постави прашање дали сум спремен да умрам (или нешто слично на тоа). Тоа беше како да разговарам со човек, но светлината не беше човек. Таа ми зборуваше, но не со глас.

Сега мислам дека гласот кој ми се обраќаше свати дека не сум спремен да умрам. Знаете, мислам дека таа светлина само ме стави на проба. Сепак од моментот кога светлината ми се обрати, почнав да се чувствувам добро – бев заштитен и сакан. Лубовта со која таа зрачеше е несмислива и неможе да се опише. Со таа светлина беше интерсено. Си мислам дека имаше и смисла на хумор.

 

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

3. РЕТРОСПЕКТИВА

Појавата на светлоносното битие и неговате продорни невербални прашања увод се во момент на неочекуван интензитет во кој тоа битие панорамски ја прикажува смирената ретроспектива на неговиот живот. Уочливо е при тоа дека битието го познава тој живот па према тоа не му требаат никакви информации. Кога не би поседувало карактеристики кои се разликуваат од нормален тип на сетива, таа ретроспектива би могла со нив да се спореди бидејќи сеќавањето и е најблиска појава. Ретроспективата е извонредно брза. Некои испитаници изјавуваат дека сеќавањата брзо се ределе едно за друго, по хронолошки ред. Други пак, изјавуваат дека не се сеќаваат за некакво временско редење. Сеќавањето било моментално и истовремено (симултано); се’ се појавило истовремено и се опфаќало со еден единствен поглед. Било како било, сите се согласуваат дека средбата трајала само тренутно според овоземното мерење.
Истотака сите испитаници опишуваат дека ретроспективата се одвивала во слики во незамислива брзина, невероватно жива и вистинска. По некои од сликите се појавувале во тродимензионална форма па дури и покретни (филмувани). Макар сликите се движеле брзо, сепак ниту една не одминувала од окото на испитаникот и секоја живо ја препознавал. Некои изјавиле дека одново го доживеале она што го виделе на сликата, а кое се случило во стварност пред многу години.
Некои од луѓето кои биле интервјуирани тврделе, иако неможеле тоа адекватно да го објаснат, дека во таа ретроспектива се појавувало се што некогаш го доживеале; многу значајни а и многу незначајни моменти. Други објаснувале како воглавно ги гледале моментите во кои била полнотата на нивниот живот достигнувајќи го врвот. Некои изјавиле дека во некое време кога ја гледале својата ретроспектива истовремено можеле да се сетат и на некои ситни свои доживувања.
Некои испитаници мислеле дека целтта на таа ретроспектива е изградена. Додека ги гледале сликите, битието обраќало внимание на важноста на две работи во животот: љубовта према човекот и надградување на знаењето.

Еве карактеристични изјави од тој тип:

“Штом се појави светиланата, ме праша: ’Дали својот живот корисно го оддживеа?’ или нешто слично. Тогаш почна да ми прикажува настани од мојот живот. Си мислев: што се тоа случува? Оддеднаш, пак сум постанала мало дете. Почнувајќи од тој момент, уште еднаш ги доживував секоја година од својот живот, се до денешниот ден.

Од почетокот ми беше необично. Бев мало девојче и си играв покрај потокот кај соседите. Следеа и други случки од тоа време, доживувањата со мојата сестра, со соседите – се онака како и некогаш како било. Отидов во детската градинка и се сеќавам дека имав играчка која што многу ја сакав, но ја скршив за која долго плакав. Тоа за мене било трауматично доживување. Сликите се редеа – се зачленив во извидничка секција и отидовме на логорување. Потоа следеа доживувања од времето кога бев во средно училиште, па потоа од студенските денови. Тогаш беше голема чест да бидеш изберен во друштвото на најдобрите во школото и се видов пак кога бев избрана. Следуваше дипломирањето и се до денешниот ден.

Се тоа се прикажуваше хронолошки по ред и беше необично живо. Сликите се прикажуваа тродимензионални и во боја, чувстував дека сум во нив. Освен тоа, се беше во живо – покретно. Така, на пример, кога се гледав како ја кршам играчката, можев да ги забележам сите покрети. Тоа не беше ниту најмалку посматрање од мојата сегашна перспектива. Беше како да е некое друго мало девојче, лице од филм, дете меѓу мноштво на деца како си играат. Но сепак, тоа бев јас. Видов како се однесував и што сум правела кога сум била дете и се беше вистинско (тоа можам да го потврдам, бидејќи со филмуваното прикажување, на се се присетив).

Додека се тоа се случуваше, не ја видов светлината. Таа исчезна откако ми постави прашање, но јас знаев дека таа е тука со мене, ме водеше низ сликите. Ја чувствував нејзината присутност, бидејќи одвреме на време нешто ќе коментираше. Во секоја слика ми кажуваше по нешто. Не затоа што таа подобро видела туку затоа што таа веќе тоа го знаела – потсетувајќи ме на некои слики да би се подобро на нив сетила.

Низ целото време кога беше со мене ми ја нагласуваше важноста на љубовта кон луѓето. Најповеќе доаѓаше до израз блискоста со мојата сестра; секогаш сме биле многу блиски една со друга. Светлината ми покажа како по некогаш према нејзе сум била себична, но подеднакво ми укажуваше и на моменти во кои према нејзе сум ја изразувала целата своја љубов и се што било мое сум сакала да го делам со нејзе. Особено ја истакнуваше важноста на љубовта према другите луѓе, советувајќи ме да се обидам што повеќе да ги сакам, воедно и се’ што можам да правам во таа насока. Тоа не ми беше кажано со обвинувачки тон. Нејзин став беше да учам и да настојувам од секоја ситуација, па и во онаа во која бев и себична.

Така да, битието инсистираше како на љубовта према луѓето така и према стекнување на полезно знаење – искуство, во корис на човекот. Многу пати истакнуваше на се’ што се однесува во врска со тоа. Ми кажа дека ќе продолжи следниот пат кога повторно ќе дојде (веќе знаев дека на овој пат пак ќе се вратам). Ми кажа дека стекнувањето на искуство е континуиран процес, према тоа веќе бев сигурна дека продолжува и после смртта. Мислам дека со средбата на ретроспективата се стекнува некакво необично знаење.

Целата средба беше чудна. Бев присутна, го посматрав моето минато како на филмско платно, поминував низ него, се’ се одвиваше така брзо, но доволно споро да би можела да го пратам. Не верувам дека сето тоа траеше долго време. Светлината дојде, јас поминав низ своето минато и светлината се врати. Мислам дека сето заедно не траеше повеќе од пет минути ниту пак помалку од триесет секунди, но колку време траеше не би можела да одредам.

Во еден момент бев престрашена, и тоа тогаш кога ме опфати страв дека нема да го дозавршам својот живот тука на земјата. Ми беше забавно тоа што го гледав сопственото минато и во тоа вистински уживав. Ми се допадна што можев да се вратам во детството – ми се чинеше дека уште еднаш го проживеав. Тоа во некоја вообичаена ситуација не би можело се случи.

Треба да се напомне дека некои испитаници имале прилика да ја видат ретросмективата на својот живот, а битието создадено од светлината да не се појави. Во правило се искуства во кои битието “ја прикажува“ ретроспективата многу потресна. Сите испитаници обично кажуваат дека ретроспективата е жива, брза и точна, без обзир на тоа дали битието создадено од светлост се појавува или не, како и без обзир на тоа дали навистина се доаѓа до “смрт“ или само се додирнува смртта.

“После таа силна бука и поминување низ мрачниот простор се потсетив на сите детски доживувања. Целиот мој живот беше тука, на крајот од тој тунел, како во блесок помина покрај мене. Би рекол дека тоа не беа слики, тоа беше нешто повеќе, слично на мисли. Неможам точно тоа да го опишам, можам само да кажам дека се’ видов. Се’ се случуваше истовремно, сликите не доаѓаа по ред една па друга, сите одеднаш – некако заедно. Мислев на мајка ми и на грешките кои сум ги направил во животот. Кога ги забележав некои мали грешки кои бев ги направил како дете према мајка ми и татко ми, посакав да не бев ги направил. Посакав да се вратам во своето детинство и да ги поправам.“

Во следните два примера во искуството не била причина клиничка смрт туку физиолошки стрес или удар:

“Се случи изненадно. Ме тресеше мала грозница и две недели не се чувтствував добро, а таа ноќ одеднаш сум се онесвестил. Сум лежел во креветот и се сеќавам како сум се обидувал да ја повикам својата жена и да и’ кажам колку ми е тешко, неможев да се помрднам. Одеднаш се најдов во црн и празен простор и мојот живот како секавица помина покрај мене. Го видов својот живот од шестата година па натака и се сетив на пријателите од средното училиште. Потоа видов кога појдов на колеџ, па на стоматолошкиот факултет и на крајот на своето работно место.

Знаев дека умирам и се сеќавам како си мислев посакувајќи целото мое семејство да се собере околу мене. Се сеќавам дека бев многу вознемирен затоа што умирам, ми беше жал за некои работи во животот што бев ги направил и за некои кои бев ги започнал но не ги дозавршив. Тие сеќавања беа во вид на ментални слики, но сега ми се чини дека беа појасни од нормалните. Ги видов само убавите и успешни моменти од својот живот, а се’ течеше така брзо како целосна книга од животот, и ми се чинеше дека ја прочитав само во неколку секунди. Се помина како на филм кој минуваше со невероватна брзина, но сепак се’ можев да видам и да разберам. Притоа, не чувствував адекватни емоции бидејќи за тоа немаше доволно време.

Додека сето тоа преживеував, на ништо друго не обратив внимание. Само мрак и само слики. Сепак, со сигурност можам да тврдам дека ја чувствував присутноста на семоќното битие и бев опкружен од неговата љубов.

Беше многу интересно. Кога се опоравив, можев на секого подетално да го опишам целиот свој живот бедејќи само што пак по втор пат истото го одживеав. Тоа беше големо и многу важно доживување но многу тешко е со зборови да се опише бидејќи, чудната јасновидливост, многу брзо пролета.“

Еден млад ветеран од виетнамската војна вака ја опишува својата “ретроспектива“: Како војник во Виетнам, бев ранет и од тие рани покасно ’умрев’. Сепак за цело време точно знаев што се случува. Ме погодија шест зрна од автоматска пушка, но поради тоа јас не се возбудив. Осетив олеснување, ми беше сосема добро и не се плашев. Во тој момент кога метковите ме погодија, мојот живот почна во слики да се одвива пред мене. Ми се чинеше дека можев да се вратам во времето кога бев бебе. Сликите по ред го прикажуваа мојот живот.

На се’ можев да се присетам. Се’ беше пред мене живо и јасно се’ можев да видам. Протрча покрај мене, почнувајќи од најраните мои случувања па се до денес. Се’ се случуваше во многу кратко време. Целиот свој живот што повторно си го видов ми се виде не така лош. Сето тоа го проживеав без да жалам и ништо немаше за што би си покајал.

Ова свое доживување би можел да го споредам со филмско гледање, кое мислам дека е најслично. Некој, кој имал влијание и своја програма врз сето тоа, го прикажуваше многу брзо и многу ефикасно.“

На крајот би сакал да наведам случај во кој смртта претела од големи емоционални потешкотии ( кои не биле пропратени со никакви повреди ):

“Во летото после првата година на колеџот го поминав возејќи голем камион со приколка. Често ми се случуваше да задремам на воланот. Едно утро тргнав со камионот на долг пат. Претходната ноќ спиев само два часа, и при самото тргнување поради голем замор ја чувствував тежината на главата која одвреме на време ми паѓаше. Последно што се сеќавам тоа беше кога видов знак на патот. Во тој момент сум задремал и ме разбуди силно влечење на гуми. Најпрвин пукнала десната надворешна гума, а потоа поради тежината и големото вибрирање на камионот испукале и гумите од левата страна. Камионот се преврте и почна да се лизга по асвалтот према мостот. Се исплашив бидејќи знаев што се случува – знаев дека ќе удрам во тој мост.

Додека камионот се лизгаше мислев на својот живот, подобро кажано, на се’ што сум направил во животот. Видов само нешто од тоа, воглавно своите успеси, а се’ изгледаше необично. Прво се присетив како одам со татко ми шетајќи покрај брегот, а тоа беше кога бев на дво-годишна возраст. Видов уште неколку доживувања од моето рано детинство и се сетив како ја искршив мојата мала црвена количка која ми беше подарена за Божиќ тогаш имав пет години. Се сетив како плакав кога тргнав во школо во прво оделение. Се сетив и на некои доживувања од средното училиште – на моите учители и на некои мали ситници. Тогаш тргнав на колеџ а и работев во трговија со мешовита роба. Тоа беше последниот момент на сеќавањето – требаше да се запишам во втора година на колеџот.

Сето тоа и уште многу нешта ми поминаа низ главата. Вероватно тоа сеќавање не траело повеќе од половина секунда. И одеднаш се’ заврши, а јас стоев и го посматрав камионот мислејќи си дека сум мртов, а се гледам како ангел. Се штипнав да утврдам дека сум жив човек, а не дух или нешто слично.

Камионот беше уништен, но јас сум поминал без ниту една огреботина. Некако сум успеал да излезам низ просторот на предното ветробранско стакло, кое најпрво од силното вибрирање и лизгање на камионот испаднало. Кога се’ веќе беше мирно, размислував, како е можно, ми дојдоа сите трајни сеќавања од мојот живот во тој кризен момент. Вероватно можев да се сетам на сите тие моменти од мојот живот и во друга прилика, но за тоа би ми требало најмалку петнаесет минути. Но тогаш се се случи одеднаш, се’ се одвиваше автоматски и траеше не повеќе од половина секунда. Бев запрепастен.

8. Бев три дена мртва: поминав низ пеколот и рајот, – кога дојдоа по моето тело, оживеав

Докторката Татјана Анисимва Бјелорус (65) од Украина била мртва три дена. Починала на операциска маса во болница во Одеса. Нејзиното семејство дошло по телото по 72 часа, но го чекало шок…
– Телото не е тука. Татјана оживеа – им рекле лекарите.
– Се шегувате. Како може мртовец да оживее по три дена – прашувале членовите на семејството.
Само сопругот на Татјана, Вечеслав, имал чувство дека неговата сопруга ќе оживее и дека ќе се врати… Така му кажал самиот Господ Бог, тврди.

Познатиот неврохирург го шокира светот: иако не верував во ангели, бев во рајот!
Се разбудив во мртовечница.
Татјана Анисамова Бјелорус е мајка на пет деца и живее во Одеса. Чудотворниот настан се случил во 1991 година, но сега првпат прозборе за „оној свет.”

– Мајка ми лелекаше и викаше дека доживеала да ѝ умре детето и да ѝ полуди зетот. Зборуваа дека се мрднала. Кој ќе ги чува децата – прераскажува Татјана што се случувало далечната 1991 година.
– Поради рак на мозокот завршив на операција, но по три дена се разбудив во мртовечница, открива Татјана и преминува на најважното – за тоа како нејзиниот дух поминал низ рајот и пеколот.
– Откако ги видов пеколот и рајот и откако стоев на подножјето на Божјиот престол, влетав во своето тело со големо страдање и болка. И тогаш видов соба, плочки на ѕидовите, жена во бело и вода истурена на подот. Жената имаше вперено прст во мене и беше целата во шок, не можеше ниту збор да изусти – опишува Татјана.
– Жената пребледе, а потоа почна да вика. Ја прашав зошто вика, ми рече: сѐ ме боли, и целата избезумена излезе од мртовечницата. Ми беше ладно, па се покрив со чаршафот што беше врз мене.

Сведок на рајот и пеколот…
Татјана го опишува патувањето низ пеколот и рајот. Сѐ започнало во операционата сала кога душата го напуштила телото. Стоела покрај масата и гледала како ја оживуваат. На колегата хирург му викала дека не сака да се врати во телото. Откако не реагирал на нејзините повици, пошла по болничкиот ходник. На крајот на ходникот го видела сопругот како на колена се моли таа да оздрави. Се обидувала да му каже дека е добро и да не се грижи, но и тој не можел да ја чуе како и хирургот, се случувало како во филмот „Дух”.
– Во еден момент се најдов во тунел кој беше студен, темен и влажен и се чувствував како да одам по мочуриште, но на крајот видов светлина и точно знаев кај одам. Светлината беше прекрасна и силна. Во неа се наѕираа контури на човек во бел лелеав фустан. Помислив дека е Исус. Кога дојдов пред него, паднав на колена, а тој ми рече: „Стани, јас не сум Христос. Пред мене не смееш да коленичиш, јас сум ангел, мене ме испрати Бог” – опишува Татјана и додава дека и денеска не знае зошто Бог ја избрал токму неа.

Не знам зошто Бог ме избра мене. Таа не знаела зошто Господ ја избрал токму неа. Зошто ја усмртил, а потоа ѝ го покажал патот до рајот и пеколот и ѝ дал задача да сведочи во Негово име и да им ја пренесува на сите Неговата добрина.

– Лажев, не бев покорна, ги казнував и ги тепав децата. Ги учев да се плашат од Бога, но не и да го љубат. Не бев активна во црквата, знаев да бидам препредена. Што сѐ правев, не е само едно. И кога го сретнав, ми ја отвори Книгата на мојот живот и видов сѐ што сум правела, што сум зборувала, што сум мислела.

Божјиот престол осветлувал сѐ околу себе. Сакала да го погледне во лице, но не успеала. Ангелот кој ја водел по целиот пат, ја ставил својата рака на нејзината глава и ја наведнал надолу. Паднала на колена.
– Ми рече дека никој жив не го видел лицето Господово. Дека оној кој го видел Христос, го видел и Отецот и обратно – продолжува Татјана. Тогаш, вели, ѝ се обратил Бог и ја прашал што сторила таа за Него. Татјана одговорила дека постојано се молела.

– Потоа два ангели отворија еден свиок и се видов себе си како ја читам Библијата, но селективно, само она што ми се допаѓа и дека всушност не размислувам што пишува таму. Читав стихови, а размислував дека морам да одам на работа, дека треба да ги однесам децата во градинка, што да зготвам. Се молев и секогаш барав нешто, но никогаш не се заблагодарував. Ми рече дека ќе сум го чуела Неговиот глас ако сум го истражувала Светото писмо – објаснува Татјана.

Липтав пред Бога

– О, Господе, прости ми, му реков како мало дете и почнав да липтам, а тој ми одговори дека гревовите ми се простени поради смртта на неговиот син на Голгота. И тогаш пред себе ја видов Голгота и се ужаснав. Во групата која викаше „Распнете го!” бев и јас. Бог тогаш ми рече дека моите гревови биле таму. Тогаш му реков дека нема да грешам повеќе – раскажува Татјана.

Душите на небото не го гледаат пеколот, тој е затворен за нив. Ја гледаат земјата и своите блиски за кои молат на подножјето на Божјиот престол. Бог ѝ покажал како се отвора небото. Ја видела земјата и јасно го видела секој човек на неа. Покрај секој човек имало ангел и демон кои ги запишуваат секој збор и секоја мисла. Видела, вели, многу грди лица и го прашала Бог од каде толку грди лица.

– Пред малку ги виде само лицата, а сега ги гледаш и нивните срца. Врати се и кажи им дека на овој свет му се ближи крајот. Јас стојам на вратата и ги чекам да се покајат. Еве, ти го покажав она што повеќето луѓе не го гледаат, така ми рече, а потоа ангелот ме поведе во обиколка на рајот.

Си го видела мртвиот син

Одела по влажната мека трева која ѝ ги милувала стапалата. Сѐ било преполно со цвеќе и мирисни овошја. Вода течела од тронот Господов и од сѐ што видела останала без здив. Тогаш ангелот пред неа довел едно младо момче, кое не го препознала на прв поглед. Тоа било нејзиното дете, синот кој и умрел кога имал само 10 месеци.
– Ми рече мамо. Тогаш сфатив дека тоа е моето дете. Само сакав да го гушнам, но ангелот не ми дозволи, зашто бев предодредена да се вратам на земјата. Син ми ми рече дека не би бил овде да не ме напуштел тогаш. Му заблагодарив на Бога – вели Татјана. Набрзо потоа го видела татка си, кој не бил старец, туку млад маж на 30 години. Ја прашал што бара таму, зашто нејзиното време уште не дошло.
– Татко ми завршил во рајот, зашто во последните 15 минути пред смртта се покајал во присуство на свештеник – објаснува таа.

По средбата со татка ѝ ѝ се приближиле завеси од магла. Поминале низ нив и веднаш почувствувала одвратен мирис, смрдеа и врелина. Едвај дишела. Смрдеата била ужасна, како од изгорено месо, расипани јајца и пот, а цело време се слушала музика – хевиметал и хард рок.

9. Го чекаат Божјиот суд,

– Таму нема вода, таму владее таква суша што помислив дека ми пука кожата. Почувствував свежина дури кога го земав ангелот со двете раце и го молев никако да не ме испушти. Тоа место е првиот круг од пеколот, попознат како време на исчекување – истакнува докторката.
– Тие луѓе во затворен простор полн со гас трчаат од едната страна на другата. Го гледаат рајот, но не можат да влезат во него. Молат за помош. Оние преморените се обидуваат да седнат, но не успеваат, зашто демоните ги прогонуваат. Го креваат погледот кон небото, но не смеат да го изговорат името Господово. Тоа се оние кои чекаат судење. На судот можеби ќе се оправдаат, а можеби и не. Ја пропуштиле својата шанса за спасение, кога биле во живот на земјата.

Во облакот од гасови во вид на аквариум се наоѓаат душите на абортираните деца кои морничаво врескаат, но не чувствуваат болка. Тие викаат „Не убивај ме, сакам да живеам, ќе те сакам, мамо”. Тие заминуваат во рајот само ако нивните родители на земјата се покајат, а ако не, ги чекаат таму како сведоци. Кога пошле подлабоко на патот видела демони кои сечат души на ситни парчиња. Секое најмало парче врескало со сета сила. Потоа тие се спојуваат и така во круг. Тоа се душите на оние кои додека биле живи разделувале, внесувале раздор меѓу луѓето.

Во еден од круговите на пеколот, во кој постојано се слушало лелекање, крици и пискотници, видела познати очи. Тоа била нејзината баба од страната на татко ѝ, која иако редовно одела во црква, сакала да озборува и да ги колне луѓето.
– Имаше вжештена штипка која ѝ го влечеше јазикот. Оган ѝ ја гореше устата. Се претвараше во пепел и повторно во круг – била огорчена Татјана, која ниту денес не може да ги задржи емоциите кога ќе се сети на тоа. Најмногу ја погодиле судбините на рамнодушните луѓе. Оние кои додека биле живи не правеле лошо, но ни добро. Не ни помислувала дека токму тие ќе завршат во пеколот. Видела демони, кои на врховниот ѓавол кој седи маскиран на тронот, му носеле човечки души. Гледајќи така, ја видела и душата на политичар од нејзината земја. „Па од каде тој тука, тој е жив”.
– Ми одговори дека тој човек склучил пакт со сатаната и дека му ја продал својата душа. Нејзе ќе ја заземат демони кои на земјата ќе живеат преку тој човек. Откако видела сѐ што видела, она што Бог сакал да ѝ го покаже, ангелот ја ставил во нејзиното тело и таа оживеала.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

4. ГРАНИЦА ИЛИ ПОСЛЕДНА ТОЧКА

Во неколку искажувања испитаниците ми опишуваа како се чувствувале , додека биле близу смртта, им се чинило дека се приближуваат до нешто кое го нарекоа некоја врста граница или последна точка. Таа граница во некои изјави би попримила облик на голема река, плава магла, ограда во поле или едноставно црта. Би можеле да се запрашаме лежи ли во коренот на сите тие опишувања, слично нешто на обично доживување (тоа е, се разбира само претпоставка). Кога тоа би било вистина, тогаш различните верзии едноставно би преставувале различен начин на интерпретација, кажана или присетена од основното искуство.

Да погледнеме некои од изјавите во кои поимот граница или последна точка игра важна улога.

1. “,Умрев’ од срцев удар и одеднаш се најдов во некакво поле кое се движеше. Беше убаво, изразита зелена боја. Таква боја нема на земјата. Насекаде околу мене беше прекрасно, оплеменето светло. Гледав во рамнината на полето и догледав ограда. Тргнав кон нејзе и видов од другата страна на оградата некој човек, доаѓаше кон мене, како да сакаше со мене да се сретне. Посакав и јас да дојдам до него, но нешто неопишано силно ме повлече назад. Кога тоа се случи, го видов дека и тој се сврте и отиде во спротивниот правец од оградата.

2. “Ова го доживеав додека се пораѓав со моето прво дете. Отприлика во осмиот месец на мојата бременост паднав, како што беше евидентирано од мојот доктор, во токсична состојба. Докторот, ме советуваше да одам во болница каде би го убрзале породувањето. После пороѓајот многу сум крварела и докторот неможел да го сопре крварењето. Знаев што може да се случи бидејќи мојата специјалност е медицинска сестра – ја сватив опасноста која ми претеше. Сум се онесвестила и чув неудобно зуење и звонење. Следното, за кое бев свесна беше пловење по голема вода. Во мала лотка пловев од еден брег на друг. Во одалеченост на другиот брег можев да ги видам оние кои многу ги сакав, а кои веќе беа умрени – мајка ми, татко ми, сестра ми и други. Ги гледав нивните лица исто како да се живи. Ми се чинеше, дека ме храбреа и ме повикуваа да им се придружам, но јас цело време им велев: “,Не, не сум спремна сега да ви се придружам. Не, несакам да умрам. Не, несум спремна за пат’.

Доживувањето беше невообичаено покрај тоа што цело време можев да ги гледам докторите и сестрите како се трудат околу моето тело. Но бев само посматрач и немав ништо со телото околу кое сите беа загрижени. Разочарувачки се обидував да им го свртам нивното внивание на себе. Сакав на мојот доктор да му кажам дека нема да умрам, но никој не можеше да ме слушне. Сите – доктори, сестри, породилната соба, лотката, водата и оддалечениот брег – ми се гледаа како некаква врста на конгломерат (мешавина на се’ и сешто). Се’ беше истовремено и сцените како да одговараа една на друга (супер понирани). И скоро, лотката само што не стигна на другиот брег, одеднаш се сврте и се врати. На крајот успеав да му скренам внимание на мојот доктор и му реков: “Нема да умрам“. Претпоставувам дека тогаш и сум се освестила, и докторот ми објасни дека сум имала пост-партум крварење и дека скоро ќе ме изгубеле, но веќе се’ е во ред.“

3. “Ме однесоа во болница поради бубрегот и скоро три дена сум бил во кома. Мојот доктор не верувал дека ќе останам жив. Додека бев во безвесна состојба, чувствував како некој да ме подига – не го осеќав сопственото материјано тело. Одеднаш се појави пред мене прекрасно, бело светло. Тоа светло беше толку блескаво така што преку него неможев ништо друго да видам, но неговата присутност на мене делуваше нежно и удобно. Незнам, дали било какво друго доживување на земјата, би можело да се спореди со него. Додека светлината беше со мене, во душата ми се појавуваа, а можеби и наидуваа мисли и зборови: ,Сакаш ли да умреш ?’ Одговорив дека незнам, бидејќи за смртта ништо незнаев. Тогаш ми рече светлината: ,Поминија оваа црта и ќе дознаеш’. Знаев дека цртата е пред мене, макар неможев да ја видам. Кога ја прекорачив, ме облија прекрасни чувства на мир и смиреност, и сите проблеми исчезнаа.“

4. “Имав срцев напад и се најдов во црна празнина. Знаев дека го напуштив своето материјално тело, знаев дека умирам и си мислев: ,Боже, правев како што во онаа време мислев дека е најдобро. Те молам, помогни ми’. Веднаш излегов од темнината преку светлината и пред себе, во далечината здогледав плава магла. Одев кон неа со голема брзина. Ми се чинеше дека нема да стигнам брзо, но кога и се приближив, можев да гледам преку нејзе. Зад маглата имаше луѓе исти како и на земјата, а видов нешто што би могле да ја наречеме зграда. Се беше мирно во чудна светлина. Беше во јасно златножолтен сјај, но бојата беше бледа слична на бојата на златото каква ја знаеме на земјата.
Кога се доближив уште поблиску, бев сигурна дека ќе поминам низ маглата. Беше прекрасно, радосно чувство. Не постојат зборови со кои може тоа да се опише. Но моето време да поминам низ таа магла не беше дојдено. Во тој момент на другата страна од маглата се појави вујко ми Карл, кој беше умрел пред неколку години. Тој ми го спречи патот со зборовите: ,Врати се, твојата работа на земјата не е завршена’. Не сакав да се вратам, но немав друг избор и одеднаш се најдов во своето тело. Повторно ја чувствував таа силна болка во градите и го слушнав гласот на моето синче како плаче: ,Боже, врати ми ја мојата мајка’.“

5. “Ме донесоа во Болница, бев во критична состојба. По извршената итна медецинска интервенција докторот заклучи дека нема да преживеам. Ги повика моите роднини бидејќи последните минути од мојот живот ми беа изброени. Тие се собраа околу мојот кревет и кога докторот помисли дека умирам, одеднаш сите почнаа да се оддалечуваат од мене. Почна да се замрачува но сепак ги гледав. Се онесвестив и веќе незнаев што се случува во болничката соба. Се најдов во тесен помин кој имаше лик на латинската биква в ( V ). Беше како дупка, а широка како овој стол. Влегов со главата – беше темно. Низ тој помин почнав да паѓам, и одеднаш кога го подигнав погледот видов убава политирана врата но без квака. Низ тесните отвори од страната допираше прекрасно светло. По неговите зраци би могло да се заклучи дека сите оние кои се позади таа врата се среќни и се радуваат. Ми се чинеше дека таму владее полна хармонија. Погледнав над мојата глава и си реков: ,Боже, јас сум тука. Земиме ако сакаш’. Одеднаш добив наредба да се вратам и тоа се случи во таква брзина што однемав воздух.“

Враќање

Јасно е дека сите со кој е разговарано дека се “вратиле“ (од некоја одредена точка на својот пат). Интересно е дека нивниот став при тоа се сменил. Да се потсетиме дека сите изјавувале како во првите моменти од смртта разочарано сакале да се вратат во телото и им било жал што го напуштиле. Но кога би одеднаш доживеале нешто подлабоко, не сакале повеќе да се вратат во своето тело, дури и се спротивставувале. Тоа се однесува на оние кои се сретнале со бититието создадено од светлост, како што веќе нагласил еден човек: “Не сакав повеќе да го напуштам тоа битие.“ Неколку млади мајки изјавиле дека чувствувале обврска да се вратат и да ги израстат своите деца, иако повеќе сакале да останат со битието.
“Размислував дали да останам, но се сетив на мето семејство, на своите деца и мажот. Ми беше многу тешко да се совладам и да се вратам. Додека бев во заедништво со тоа светло, не сакав да се вратам. Но своите обврски одсекогаш озбилно сум ги сваќала и знаев дека тоа ми е должност. Одлучив да се обидам да се вратам.

Во неколку други случаеви луѓе изјавиле дека во својата нова бестелесна состојба постојано се чувствувале добро и угодно дури и уживале, но биле задоволни што можеле да се вратат и во својот телесен облик и продолжувајќи го животот, бидејќи чувствувале долг да ја завршет започнатата работа. Во некои случаеви таа потреба била изразена во облик желба за завршување на студиите.
“Завршив трета година на колеџет и ми остана уште една. Таа мисла не се оддалечуваше од мене: ,Сега не сакам да умрам’. Сепак, ми се чини дека би заборавила на своите студии ако останев со светлото само уште неколку секунди, би ме обземале нови доживувања.“

Изјавите кои ги собрав меѓусебно многу се разликуваат кога луѓето опишуваат на кој начин се вратиле во телото и зошто се вратиле. Повеќето едноставно кажуваат дека не знаат како и зошто се вратиле, и не би сакале да погодуваат. Некои уверено тврделе дека најсилен фактор било нивната лична одлука да се вратат во телото и да го продолжат животот на земјата.

“Бев надвор од своето тело и морав деа се одлучам. Знаев дека надвор од моето материјално тело не можам долго да останам и дека морав да донесам одлука дали ке останам или ке се вратам. Можеби луѓето ова тешко ќе го разберат, но мене во тој момент ми беше совршено јасно. Таму беше навистина прекрасно и имав желба да останам. Но сознанието дека на земјата работев нешто добро и дека тоа морав да го продожам, беше на свој начив примамливо. Си мислев: ,Морам да се вратам и да живеам.’ И се вратив во своето материјално тело. Можам слободно да кажам дека крварењето сама го застанав. Било како било, после тоа почнав да се опоравам.“

Други изјавуваат дека оној кој им “дозволил“ да го продолжат животот бил Бог или битието создадено од светло, бидејќи или самите барале (обично од несебични причини) или Бог или тоа битие ги вратил како би могле да ја завршат некоја одредена задача.

“Лебдев над самата маса и се гледав. Знаев дека умирам. Бев загрижена за своите деца, размислував на тоа кој околу нив ќе се грижи. Поради тоа не бев спремна да умрам. Господ ми дозволи да го продолжам животот.“

Друг човек се сеќава:

“Мислам дека Бог према мене беше добар, бидејќи им дозволи на докторите да ме вратат во живот, кога веќе бев мртов. Сигурно тоа го направи да би и помогнал на мојата жена која во тоа време многу пиеше, а јас знаев дека нема да престане без моја помош и поткрепа. Сега нејзе и е многу подобро и мислам дека сето тоа има некоја врска со онаа што и го доживеав.“

Една млада мајка вака ги опиша своите сеќавања:

“Господ ме врати но незнам зошто. Во потполност сум сигурна дека беше Он, ме знаеше која сум. Сепак, Он сметаше дека не сум спремна за небото, но незнам зошто така одлучи. Покасно за тоа многу размислував и заклучив дека тоа го направи поради тоа што и самата не бев спремна да умрам, дали поради тоа што имав две мали деца. И до денес немам одговор на тоа прашање.“

Во неколку случки луѓе изјавиле како мислат дека љубовта и молитвите на другите ги отргнале од прегратката на смртта ( иако тоа тие не го сакале ).

“Бев кај мојата постара тетка пред нејзината смрт. Беше болна и јас ја негував заедно со уште некој од нејзиното семејство. Целото семејство се молеше за нејзиното здравје. Тетка ми неколку пати престануваше да дише но пак се враќаше. Одеднаш, ме погледна и рече: ,Јана, јас бев таму и таму е многу убаво. Сакам да отидам но неможам поради тоа што вие молите да останам со вас. Вашите молитви не ми дозволуваат. Ве молам немојте повеќе да се молите’. Така и направивме и за кратко време тетка ми умре.“

Еве што ми раскажа една жена:

“Докторот веќе дигна раце од мене, рече дека сум мртва, но тоа не беше точно. Се беше така радосно, немав никакви потешкотии. Кога дојдов при свест ги отворив очите, ги видов покрај мене мојот маж и мојата сестра. Ги видов како се возбудија затоа што ме видоа дека сум жива. Ги слушнав како ме викаа да се повратам, нивната љубов ме повлече назад. Оттогаш верувам дека луѓето можат едни со други да се отргнат од смртта преку молитвите.“

Понекогаш луѓето се сеќаваат како се враќаат со голема брзина низ тој ист мрачен тунел низ кој и’ тргнале во новиот живот. Еден човек ми кажуваше како некој од топ го исфрлил во мрачната долина. Чувствувал како се приближува до крајот на тунелот и во тој момент слушнал како некој позади него го изговара неговото име и го повикува. По истиот пат тој се вратил.

Малку испитаници биле свесни за своето враќање во материјално тело. Повеќето изјавуваат “заспале или се онесветиле“, а покасно се пробудиле во своето материјално тело.

“Не се сеќавам како се вратив во телото. Како да задремав, заспав и изненадено се пробудив лежејќи во својот кревет. Луѓето околу мене беа на истите оние места на кои и беа додека бев надвор од своето тело:“

Некои пак, се сеќаваат дека нешто со голема брзина ги влечело назад во нивното тело. Тоа влечење понекогаш се случувало на крајот од доживувањето.
“Бев на операционата маса и се’ посматрав што прават на моето тело. Врз него ставија апарат за електрична масажа, и по уклучувањето моето тело поскокна. Следното на кое се сеќавам тоа е дека бев повторно во своето тело.“

“Одлучив да се вратам и кога тоа го направив почувствував силно повлекување. Вероватно тоа силно повлекување ме врати во моето тело. Во тој момент се вратив во живот.“

Во малку изјави, во кои испитаниците детално се сеќаваат за своето враќање во телото, наведуваат дека се враќаат “преку главата.“

“Мислам дека моето “тело“ беше од една страна тесно а од другата широко. Кога заврши несреќата, јас лебдев над својата глава, а потоа се вратив во телото. Ми се чинеше дека при напуштањето на телото најпрвин излегуваше од широкиот крај, а при враќањето низ тесниот крај.“

Друг човек изјави:
“Кога ги видов како го извлекуваат моето тело које беше под воланот, почувствував некакво зуење и ми се чинеше како некој ме влече низ некаков ограден простор. Во тој ограден простор беше мрачно и црно. Поминав низ него многу брзо и стигнав во своето тело. Изгледаше како моето тело да ме смука. Тоа смукање почна во главата – осетив дека влегов во главата. Во тие моменти не можев да се сетем на ништо, а немав ниту време за размислување. Бев таму, само неколку метри оддалечен од моето тело, и одеднаш се’ помина. Немав ниту време да помислам дека: ,Моето тело ме смука’.

Кога ќе помине вистинската криза, типично е дека луѓето за некое време остануваат и ја чувствуваат таа иста состојба:

1.“Кога се повратив неколку дена плакав и сакав да го живеам тој живот бидејќи го видов и го почувствував, не овој на земјата.“

2.“Кога се повратив, си мислев, дека сеуште сум таму, па чувствував прекрасно. Тоа траеше неколку дена. И сега понекогаш го сеќавам истото тоа чувство.“

3.“Тоа прекрасно искуство, неможам да го искажам ниту да го опишам. За него сеуште размислувам и никогаш нема да го заборавам.“

Доверување на други

Треба да се нагласи дека некој кој тоа го доживеал ниту најмалку не се посомневал дека тоа не вистинско. Разговорите со испитаниците се проткаени со примедби на слични споредби:
“Мојот престој надвор од моето тело ме запрепасти. Не можев да сватам што се случува тоа со мене. Но тоа навистина се случуваше. Од одредена далечина се’ јасно гледав. Ова не го измислив! Во тој мемент ништо и несакав да измислувам. Не бев за тоа расположен.“

Или:

“Тоа не беше халуцинација. Еднаш порано имав халуцинација под влијание на кодеин што ми беше даден во болницата. Но тоа беше многу поодамна пред несреќата во која многу страдав. Тоа доживување ниту најмалку не личеше халуцинација.“

Такви забелешки не даваат луѓе кои совршено разликуваат сонови и машти од стварност. Особи со кои разговарав беа во средината признати за стабилни личности. Тие своите доживувања не ги прераскажуваа како што би ги кажувале соновите туку ги опишуваа како стварност во кои самите учествувале.
Уверени во реалноста и важноста на она што им се случило, свесно ги потенцираа поединостите но и сметаа дека современото друштво не е токму таа околина во која нивните изјавувања би биле прифатени со симпатија или разбирање. Спротивно, многумина се соочувале, со кога би ги опишале своите искуства, друштвото би ги сметало за нестабилни личности. Па према тоа одлучиле да не зборуваат за тоа или пак да им кажат само на некои свои роднини.

“Беше необично интересно, но не сакам за тоа да зборувам. Луѓето ме гледаат како да сум полудел.“

Еден друг човек се сеќава:

“Долго за тоа на никого не бев кажал. Се чувствував чудно и се плашев дека никој нема да ми верува или пак луѓето ќе ми кажеа: ,Ееј, вие измислувате’. Еден ден одлучив да видам како на тоа ќе реагира моето семејство па се им кажав. Тие ми поверуваа дека навистина сето тоа го доживеав. За тоа не му кажав на никој друг.“

Некои се обиделе во почетокот тоа да го кажат на други, но биле исмејани па према тоа одлучиле да молчат.

1.“На една особа на која се обидов тоа да го опишам, тоа беше мојата мајка. Тоа и го кажав веднаш откога се’ помина. Но бидејќи бев мало дете, таа тоа не го зема за сириозно. Не сум за тоа повеќе на никого кажал.“

2. “Се обидов тоа мое доживување да го опишам на еден свештеник, но тој ми рече дека сум халуцинирал, па замолчев.“

3. “Кога учев, на вишата школа бев прилично популарна – секогаш секаде и на сите забави. Бев учесник, а не организатор. Тоа што ми се случи се обидов да го пренесам на некои од моето друштво но моментално ме прогласија за луда. Се обидував да им зборувам за тоа и тие ме слушаа со внимание, но потоа дознав дека меѓусебно зборувале: ,Таа навистина е луда’. Кога забележав дека сите на моја сметка си праваат подбив, престанав за тоа да зборувам. Јас не им го кажував тоа со цел да се направам важна туку затоа да би ги опоменила како во животот мора уште многу да се учи. Има толку многу за што никогаш не сум размислувала, а сигурна сум дека и тие не се.“

4. “Се обидов да им кажам на медецинските сестри, кога се пробудив, но тие ме опоменија тоа на никого да не го кажувам бидејќи тоа е само лажна машта.“

И така, према зборовите на еден испитаник, “Брзо сваќате дека луѓето тоа не го сваќаат така лесно како вие сакате. И така едноставно престанувате за тоа да зборувате.“

Интересно е, кога во еден случај што го проучував, вели др.Raymond Moody, Jr. докторот кој го водел тој случај му потврдил дека му била позната таа врста на искуство и дека во потполност се согласува со пациентот. После отсуството од своето тело, една девојка изјавила:

“Моето семејство и јас го замоливме докторот да ни ја објасни таа состојба. Тој ни кажа дека тоа се случува на многумина. Додал дека, душата – на оној кој поднесува големи болови или тешко повреден го напушта своето тело.“

Ако го земеме во обзир скептицизмот и недостатокот разбирање со кој е соочен обидот на разбирање во самото доживување “трен до смртта“ не треба нас да не изненади што скоро секој во таа состојба почнува да се чувствува како единствен мислејќи дека никој друг не доживеал исто како самиот тој. Еден човек, на пример рекол: “Бев таму каде што никој не бил.“

После многуте интервјуа се забележува дека сите луѓе на кои им е направено интервју во своето видување доживеале скоро исто. Кога во разговор со една особа ова го изјави:

“Интерсено е кога веке знам дека и други луѓе имале слично искуство. Никогаш тоа не би помислила…..Среќна сум што тоа го дознав и што и други тоа исто го доживеале. Сега знам дека не сум луда.

Бев убедена дека тоа навистина и се случи, но на никого не сум кажала. Се плашев дека ќе ми кажат: ,Кога доби напад мозокот ти престанал да функционира’.
Претпоставував дека има и многу други луѓе кои го доживеале истото, но не сум се надевала дека ќе дознаам или пак би сретнала таков човек. Не сум помислувала дека ќе наидам на некој кој познавал таков човек со слично доживување, бидејќи луѓето за тоа доживување многу несакат да зборуват. Кога некој, пред ова мене да ми се случи, би ми кажувал такво доживување, вероватно и јас сама би се чудела и би мислела дека со мене се шегува. Нашиот систем на живеење е таков.“

Постои уште една причина за молчење. Луѓето имаат сознание дека нивното доживување е необјасниво, кога некои настани со кои се соочиле себе неможат да си ги објаснат се чувствуваат неспособни да најдат зборови на други да тоа му го кажат, па према тоа сметаат дека не би требало ниту да се обидат да зборуват.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

5. ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТОТ

Поради причината пред малку која се објаснуваше никој од оние кои имале такво доживување не направиле театрално прикажување за своето искуство. Никој не сметал дека преку своето доживување треба дугите да ги убедува во вистинитоста на средбата со животот после овој живот. Спротивно од тоа, луѓето за таквата средба повеќе сакаат да молчат.

Влијанието на таа средба попримило суптилен и фин облик. Многумина изјавиле дека тоа искуство ги проширило и пробудило нивните погледи на животот. Почнале да размислуваат и да бараат одговори на основни прашања со кои се сретнале.

“Израснав во мало градче со луѓе без широк видик; такви барем беа луѓето со кои се движев. Бев типичен член на братството во друштвото на високата школа (во САД) во која студирав. Никој кој не беше член на тоа друштво не беше достоен на моето внимение.
Откако тоа ми се случи, во мене се пробуди желба за повеќе изучување. Бидејќи мојот ограничен свет никогаш не бев го напуштал, мислев дека за некои сознанија никој ништо не знае. Дотогаш ништо не знаев за психологија или за било што слично. Единствено што видов дека преку ноќ остарев, бидејќи тоа доживување ми отвори широк видик за кој до тогаш не сум ниту сонувал. Секогаш сум мислел: ‘Уште колку ли треба да научиме’. Со други зборови, не мислев повеќе дека филмовите и утакмиците се најважни нешта во светот. Почнав да размислувам за крајната цел на човековата душа. Ми се отвори нов свет.“

Друг изјавува:

“Одтогаш почнав непрестано да размислувам за тоа како до тогаш сум го поминувал животот и како ќе го поминувам од сега. Со својот поминат живот бев задоволен. Светот ништо не ми должи бидејќи работев тоа што сакав и како сакав, и сеуште сум жив па можам така и да продолжам. Но откако ‘умрев’ почнав да си поставувам прашања, да ли тоа што сум го работел било поради тоа што било добро или затоа што било добро само за мене. Порано правев од тоа што сакав, а сега најнапред размислувам. Се мора да помине низ мојот дух.
Се обидувам да правам нешто многу позначајно, нешто што ја оплеменува душата. Се обидувам да се ослободам од предрасуди и да не судам за други. Сакам да правам добро, а не само за себе добро. Ми се чини дека сега многу подобро разбирам. Мислам дека сето тоа е резултат на ова мое искуство – средба со животот после овој живот.“

Други изјавуваат дека го смениле ставот према материјалниот живот во кој се вратиле. Една жена, на пример, едноставно кажува дека нејзиниот „живот постанал драгоцен “.

Друга особа вели:

“Тоа за мене на некој начин беше благослов. Пред срцевиот напад бев презафатен во планирања за иднината на децата и вознемирување поради изминати настани. Тоа ме спречуваше во заедничката радост што ми ја даваше сегашноста. Сега тоа мое гледање во потполност го изменив.“

Некои спомнуваат дека средбата со смртта го изменило нивниот поим за душата и во релативната важност на материјалното тело, кое е на душата спротивно. Тоа е многу убаво илустрирано со зборовите на оваа жена која, додека умирала, била надвор од своето тело:
“Свесно ја чувствував мојата душа но не и моето материјално тело. Душата ми беше поважна отколку телесниот облик. Во целиот мој поранешен живот беше спротивно. Најповеќе се грижев за моето тело, а ниту најмалку ме интересираше што се случува со мојата душа. После тоа доживување, душата почна да ме привлекува а телото ми постана само нешто во кое се наоѓа душата.“

Имало и такви случаеви во кои луѓето кажуваат дека после такво искуство осеќале дека имаат поголема способност на интуиција. Некои мислат дека добиле натприродна способност.

1.“Ми се чини дека имам нов дух. Многумина забележале дека на нив делувам многу смирено. Изледа дека живеам во поголема хармонија со луѓето и сите работи и настани многу подобро ги уочувам околу себе.“

2.“Мислам дека нешто ми е дадено за време на средбата со смртта, способност да ги уочувам потребите на другите луѓе. Често ми се случува да можам преку лицата на луѓето со кои се возам во лифтот да им ги читам мислите. Можам да проценам да ли ми е потребна помош и каква помош.“

3.“Од тогаш кога бев повредена осеќам дека можам да читам други мисли и да знам кога некои луѓе нешто ми замеруваат. Често ми се случува да знам што ќе ми кажат пред да ја отворат устата. Знам дека многумина нема да ми веруваат но од тогаш имам чудни искуства. Еднаш бев на забава и читав туѓи мисли, на кое некои луѓе станаа и заминаа. Вероватно се исплашија да не сум вештерка. Незнам да ли тоа е способност кој го здобив додека бев ‘мртва’ или пак со кое порано не се служев.“
Очигледно е дека скоро сите изјави во поголем дел се согласуваат кога е во прашање “лекцијата“ која ја научиле од средбата со смртта. Сите ја подвлекувале важноста на љубовта за првенствена и длабока. Еден човек, кој почуствувал дека битието создадено од светлината во потполност го прифатил и тогаш кога се прикажувала неговата панорама на животот, и во прашањата кои му биле поставени се однесувале на неговата љубов према другите луѓе ( дали и тој може да ги сака другите луѓе како што и битието го сака него ). Сега се чувствува повикан тоа да го научи и прави додека е на земјата.

Освен тоа, многу испитани ја нагласуваат важноста на сознанието. Додека умирале дознале дека трудење за да се дознаат нови сознавања продолжуваат и после смртта. Една жена од тогаш настојувала да ја искористи секоја прилика и преку читање да научи што повеќе. Друг човек пак, советува: “без разлика на годините, не престанувај на учиш. Ми се чини дека тој процес вечно трае.“

Никој од оние на кои им е направено интервју не изјавиле дека за време на тоа доживување биле морално очистени или усовршени. Никој не би требало да се спореди со светиите. Нивните доживувања им овозможиле нови цели, нови морални принципи и ја обновиле нивната одлука за живот во согласност на тие принципи. Не им овозможило ниту надеж за брз спас ниту пак чувство на морална непогрешивост.

Исповет на една калуѓерка

Со одобрение на калуѓерката, еден старец го раскажа следново:

Имало една девица во поодминати години, која имала голем страв Божји. Ја прашав што ја привело кон монашкиот живот. Таа, прекинувајќи ме, со воздишка ми одговори:

“Моите родители, многопочитуван човеку, починаа уште кога бев дете. Татко ми беше скромен, со тивок карактер, но слаб и болен по тело. Тој беше толку проголтан од грижата за своето спасение, така што ретко некој од жителите на селото го гледаше. Ако некогаш се чувствуваше поздрав, го носеше дома плодот на својот труд, но поголемиот дел од времето го поминуваше во пост и страдања. Беше толку молчалив, така што оние кои не го познаваа, го сметаа за нем. Мајка ми, пак, обратно, водеше расеан и толку развратен живот, така што во целата земја немаше слична жена на неа. Таа беше толку зборлива, што како целото нејзино битие да беше јазик. Постојано се караше со сите, своето време го минуваше во пијанство со најневоздржливи мажи. Потроши сé од дома, значителниот имот не ги задоволуваше нашите потреби, а таткото ни ѝ ја беше предал целата грижа за домот. Мајка ми толку го злоупотребуваше своето тело, осквернувајќи го со нечистотија, така што малкумина од селото можеа да избегнат блудно соединување со неа. Таа никогаш не беше болна ниту од најлесната болест, туку од раѓање до старост се радуваше на одлично здравје.

Татко ми, истоштен од долготрајна болест, почина. Веднаш потоа надвор се смрачи, заврна дожд, засветкаа светкавици, загрмеа грмотевици и цели три дена и три ноќи лиеше пороен дожд. Поради лошото време, неговиот погреб се оддолжи за три дни и жителите на селото, вртејќи глава, велеа: “Овој човек бил толку непријатен на Бога, така што дури и земјата не го прима за погреб.” Но, за да не се предаде неговото тело на распаѓање во самиот негов дом и пребивањето во него да не стане невозможно, некако го погребаа, иако дождот и лошото време не престануваа. А мајка ми, добивајќи уште поголема слобода по смртта на татко ми, почна уште повеќе да го злоупотребува телото, нашиот дом го претвори во дом на разврат, минувајќи го својот живот во раскош и веселби. Кога настапи нејзината смрт, таа се удостои со голем погреб: како самиот воздух да земаше учество во испраќањето на нејзиното тело.

По нејзината смрт јас бев на млади години, и телесните желби веќе почнаа да дејствуваат во мене. Една вечер почнав да размислувам чиј живот да го изберам како пример за подражавање: на татко ми ли, кој живееше скромно, тивко и воздржано, но во текот на целиот свој живот не беше видел ништо добро за себе и го беше поминал животот во болести и маки, а кога почина, дури ни земјата не го примаше неговото тело. Ако таквиот живот Му беше угоден на Бога, тогаш од која причина татко ми, кој беше избрал да живее така, беше подложен на такви беди? Подобро да живеам како што живееше мајка ми, ми рече помислата: да се предадам на желби, раскош и телесно сладострастие. Нели мајка ми не беше пропуштила да изврши никакво скверно дело! Таа целиот свој живот го помина во пијанство, имаше добро здравје и среќа. Тогаш што? Јас треба да живеам како што живееше мајка ми! Подобро да им верувам на сопствените очи и на она што е очигледно, подобро да се насладувам на сé, отколку да верувам во невидливото и да се откажувам од сé.

Кога јас, кутрата, се согласив во душата да изберам живот сличен на оној на мајка ми, настапи ноќ и заспав. Во сонот пред мене застана некој висок по раст, со страшен изглед. Тој ме погледна страшно и гневно, и строго ми рече: “Исповедај ми ја помислата на твоето срце.” Јас, исплашена од него, не смеев да го погледнам. Тој со уште посилен глас ја повтори заповедта да исповедам каков начин на живот ми се допаднал. Збунета од страв и заборавајќи ги сите свои помисли, јас реков дека не сум мислела за ништо. Но, тој ме потсети на сè што сум мислела длабоко во својата душа. Разобличена, јас почнав да го молам да ми дари прошка и ја објаснив причината за тие помисли. Тој ми рече: “Оди и види ги двајцата, и татка си и мајка си, потоа одбери си живот според твоја желба.” Велејќи го тоа, тој ме фати за рака и ме повлече. Ме однесе на едно големо поле со неискажлива убавина, со многу градини и различни плодородни дрвја, и ме воведе во тие градини. Таму ме пречека татко ми, ме прегрна, ме бакна и ме нарече своја ќерка. Јас го стиснав во својата прегратка и го замолив да останам со него. Но, тој одговори: “Сега тоа е невозможно, но ако ги следиш моите стапки, ќе дојдеш тука не по долго време.” Кога јас повторно почнав да го молам да останам, оној што ми го покажа видението, повторно ме фати за рака и ме повлече и рече: “Дојди и ќе ти ја покажам и твојата мајка, за да знаеш животот на кого од двајцата родители треба да го следиш.” Тој ме воведе во мрачна и темна куќа, каде што имаше чкртање со заби и мака, и ми покажа печка, која гореше со оган и каде вриеше смола, и некакви плашила стоеја крај вратата на печката. Погледнав во внатрешноста на печката и во неа ја видов мајка ми: таа беше потонала до врат во оган, чкрташе со заби и гореше во оган, а од црвот што не спие се развејуваше тешка смрдеа. Како ме виде, таа извика со ридање, нарекувајќи ме своја ќерка: “Тешко мене, ќерко моја! Овие страдања се последица на моите дела! Воздржанието и сите добродетели ми изгледаа достојни за потсмев. Јас мислев дека мојот живот во бесрамност и разврат никогаш нема да заврши, пијанството и прејадувањето не ги сметав за гревови. И ете! Јас ја наследив геената, се подложив на овие казни за краткото задоволство со гревови, за ништожни веселби се отплаќам со страшни маки. Еве каква награда добивам за занемарувањето на Бога! Ме фатија секакви, бескрајни беди. Сега е време за помош! Сега сети се дека си хранета од моите гради! Сега ми дај, ако си добила нешто од мене! Сожали се на мене! Овој оган ме гори, но не ме изгорува. Смилувај се на мене! Ме изгорува очајот во овие маки. Смилувај се на мене, ќерко моја, подај ми рака и изведи ме од ова место.” Кога одбив да го направам тоа, плашејќи се од страшните стражари кои стоеја таму, таа повторно почна да вика со солзи: “Ќерко моја! Помогни ми. Не презирај го плачот на својата родена мајка! Сети се на моите болки во денот на твоето раѓање! Не презирај ме! Погинувам во геенскиот оган.” Нејзиниот лелек предизвика солзи кај мене. Јас исто така почнав да лелекам, да плачам и да ридам. Тогаш избрав да го следам животот на својот татко, убедена според Божјото милосрдие какви маки се подготвени за оние кои доброволно водат порочен живот.”

Заветување

Се присетив на зборовите на свештеникот кој често пати не потсетуваше на Христовите зборови: Лесно е да се стигне до маките, зашто патот што води кон нив, е широк и многумина одат по него. Тешко е да се спасиме, бидејќи вратата за рајот е многу тесна и малкумина ќе влезат низ неа, вели Христос.
Од создавањето на светот до сега многумина отишле во маките, како што велат Светите Отци, и уште многумина има да одат, а каде ќе одам јас?

Во видение, бев сведок на плодот од животот на моите родители! Принесов во тој ден покајание, сеќавајќи се на маките, кои заслужуваш да ги истрпиш, ако Бог не беше се умилостивил. Запомнав како завршува суетата на овој свет.
Од таа поука се заветив: Ова тело, толку гледано, пазено и заситувано со сите средства, можеби наскоро ќе биде однесено да се распадне во гробот.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

6. НОВ ВИДИК КОН СМРТТА

Разбирливо е да се очекува дека ова искуство коренито го изменил ставот на испитаниците према телесната смрт, особено ставот на оние кои порано сметале дека после смртта нема повеќе ништо. Секој испитан изјавил, се разбира секој со свои зборови, дека повеќе не се плаши од смртта. Ова тврдење треба да се објасни. Пред се’ очигледно е дека постои несакан начин на умирање. Потоа никој од сите особи со кој е разговарано не ја посакува смртта. Сите чувствуваат дека мораат да ја исполнат должноста додека физички се живи. Тие би се согласиле со човекот кој изјавил: “Морам уште многу многу да направам пред да отидам.” Истотака сите би се согласиле дека самоубиството е најнеприфатено сретство за враќање во царството кое го почуствувале а делумно и доживеале. Единствено дека само тоа што према смртта повеќе не чувствуваат одбојност.

Еве неколку изјавувања кои ги искажале своите ставови:

1.“Претпоставувам дека тоа искуство ми даде нов облик на еден дел од мојот живот. Кога тоа се случи имав 10 години, а бев единец. За време на целиот мој живот бев убеден дека живот после смртта, постои. Никогаш во тоа не се посомневав и не се плашам да умрам. Не ми е страв. Некои мои познати се плашат од умирање, заплашени се. Секогаш во себе ќе се насмеам кога ќе ги слушнам како велат дека живот после смртта нема или пак, кога си мртов, се’ е готово. Во себе си мислам: ‘Тие немаат појма’.
Во животот многу сум поминал. Еднаш ми беше ставен пиштол на слепоочниците. Тоа не ме многу исплаши бидејќи си мислев: “Па и ако ме убијат, ако пак морам да умрам, знам дека некаде и понатака ќе живеам.”

2.“Како мало дете се плашев од смртта. Ноќе се будев во плач – имав напади од страв. Мајка ми и татко ми секогаш истрчуваа во мојата соба кај мене прашувајќи ме, што ми е. Им велев дека не сакам да умрам, а знаев дека морам. Барав од нив да ме заштитат. Мајка ми ме поучуваше дека тоа е нешто што со кое мораме сите да се соочиме. Ми зборуваше дека мораме сами да умреме, и тоа тогаш кога ќе дојде време. Многу години покасно, кога мајка ми веќе беше умрена, разговарав за тоа со мојата жена. Сеуште се плашев од смртта и не сакав да дојде.
Но после ова искуство веќе не се плашам. Чувството на страв исчезна. На погребалните поворки веќе не ми е тешко. На некој начин и се радувам бидејќи знам што доживуваат умирајќи.
Верувам дека и самиот Господ ми го испрати тоа искуство да би ме ослободил од стравот на смртта. Моите родители, би ме утешувале, но Господ ми ‘покажа’ онаа што тие не можеа да направат. Затоа не зборувам, но сега кога веќе знам потполно сум задоволен.”

3.“Веќе не се плашам да умрам. Не велам дека сакам да умрам или дека сакам токму сега да умрам. Несакам засега да живеам таму преку, бидејќи сметам дека треба тука да одживеам. Не се плашам од смртта, бидејќи знам каде ќе отидам кога ќе заминам од тука. Таму веќе бев.“

4.“Последно што ми рече битието од светлината, пред да се вратам во своето тело и назад во животот, би можело да се сведи во изјава дека тоа пак ќе се врати. Ми рече дека јас морам уште да живеам, но дека тоа пак ќе се врати по мене и дека тогаш вистински ќе умрам. Знам дека битието од светлината ќе се врати, но незнам кога тоа ќе биде. Мислам дека тоа доживување ќе биде слично на ова, но се надевам дека следниот пат ќе се чувствувам многу поугодно бидејќи знам што можам да очекувам. Овој пат бев многу вознемирен. Не мислам дека скоро ќе отидам. Би сакал тука уште нешто да направам.“

Овие изјави укажуваат на причината за престанување на стравот од смртта. Ниту еден од испитаните не се сомнева дека ќе ја надживее телесната смрт. За нив тоа не е само апстрактна можност, туку искуствена вистина.

Да се потсетиме дека некои ја обработувале теоријата за преминување во ништожност која како модел смртта ја зема за сон и заборав. Луѓе кои ја почуствувале “смртта“ и се повратиле, не се согласуваат со таков модел и бираат аналогија која ја прикажуваат смртта како преминување од една состојба во друга или во поголема состојба на свест. Жена која ја дочекале и ја поздравиле умрените роднини ја спореди смртта со “враќање во својот дом“. Други ја споредиле со психолошка позитивна состојба како што е на пример: будење, завршување на школа или ослободување од затвор.

1.“Некои велат дека неправилно се изговара зборот ‘смрт’ бидејќи од смртта сакаме да побегнеме. Тоа за мене е неправилно. Кога еднаш ќе го доживеете она што јас го доживеав, тогаш ќе дознаете дека нешто такво како што е смрт не постои. Вие едноставно завршавате едно и преминувате во друго како што после средно училиште одете на високо образование.”

2.“Животот е како затвор. Во оваа состојба не можеме да сватиме каков затвор е нашето тело. Смртта е слобода, нешто како ослободување од затвор. Тоа е најдобра споредба со која можам да споредам.”

Дури и оние кои за време на животот за смртта имале некои традиционални уверувања, по средбата со смртта се измениле. Видливо е дека ниту во една изјава, од сите испитани, не се забележува митолошка слика на задгробниот живот. Никој не го опишува рајот со врати од бисери, златно-крилати ангели кои свираат на харфи, ниту пеколот полн со оган и демони трозабни.

Поткрепа

Само по себе се поставува прашање во доказите на реалното доживување “трен до смртта“. Дали можеме да добиеме некои други докази освен од луѓето кои имаат доживеано и се повратиле. Многумина изјавиле дека подолго време биле надвор од своето тело и за тоа време биле сведоци на она што се случувало во матрејалниот свет. Можеме ли било која од тие изјави да ги провериме со тоа што би нашле сведоци на кои присуствувале на настанот.

Во прилично голем број случки би изненадил потврден одговор. Неколку доктори потврдиле зачудувачки кога пациенти, лаици во медецината, сите поединости точно ги опишале за време на постапката во процес на реанимација. Се претпоставува дека пациентите во тој процес биле “мртви.”

Во неколку случаеви испитаници изјавиле дека ги вчудоневиделе своите доктори или некои други особи опишувајќи им го она што го виделе додека биле надвор од своето тело.

Додека умирала една девојка, излегла од своето тело и отишла во друга болничка соба каде ја видела својата постара сестра како плаче и зборува: “Кети немој да умираш, те молам, немој да умираш.“ Постарата сестра се изненадила кога Кети покасно и кажала каде ја видела и што чула!

Следните два примера опишуваат слични догодувања:

1.“Кога се’ помина докторот ми рече дека сум била во критична состојба, а јас му одговорив “да, знам.” Ме праша: “како знаеш?” а јас му одговорив: “можам да ви опишам се’ што се случуваше.” Не ми поверува, па му раскажав се’ – од моментот кога престанав да дишам па се до моето освестување. Беше шокиран кога слушна од мојата уста дека знам за се’ што се случуваше. Не знаеше што да каже, но покасно уште неколку пати ме прашуваше за тоа.“

2.“Кога после несреќата се пробудив, го видов татко ми. Не се грижев во каква состојба сум, ниту пак за грижата на докторите. Единствено сакав да раскажам што доживеав. Му реков на татко ми кој го извлече моето тело од зградата, дури му ја опишав и бојата на неговата облека, како ме извлекоа, а го повторив и целиот разговор кои го водеа. Татко ми го потврди моето опишување. За цело тоа време моето тело било “мртво“, што значи дека тоа можев да го видам и да го слушнам единствено ако сум бил само надвор од моето тело.“

Конечно, значи, за некои од настаните кои ги потврдуваат опишувањата на испитаниците се потврдуваат непристрасните сведоци. Меѓутоа, во отценувањето на тие непристрасни потврдувања сепак доаѓа до компликација. Прво, во повеќето случаеви на доказите кои го потврдуваат искажувањето на “умрениот” сведочат само неколкумина негови блиски пријатели и роднини. Второ, дури и во изразито драматичните, од повеќе страни проверени настани, ветено им е да не се откриваат нивните прави имиња. Кога и би ги именувале, мислам дека и таквите опишувања сепак не би могле да послужат како доказ. Причината за тоа ке се забележи во последниот оддел.

Стигнавме до крајот од ова видување на различни невообичаени состојби и настани кои наидуваат за време на умирањето. Еве еден подолг цитат од изјава која содржи повеќе елементи за размислување. Освен тоа, оваа изјава содржи и една многу важна содржина: Битието создадено од светлост, однапред му зборува на човекот за престојната смрт, а додатно одлучува да му дозволи да живее.

“Кога тоа се случи, боледував ( и сеуште боледувам ) од тешка бронхитична асма и емфизема. Еден ден добив напад кашлајќи и при тоа ми се пореметија некои органи. Неколку месеци одев од еден до друг доктор поднесувајќи големи болки. Накрајот, еден од нив ми го препорача познатиот неурохирург др. Wyatta. Овој ме прими и ми рече дека морам под итно во болница. Откако ме примија во болницата, веднаш ме ставија на истегнување.

Др. Wyatt знаеше дека се соочувам со големи тегоби на дишните органи па го повика специјалистот за плуќни болести, кој се советуваше со анастезеологот др. Coleman. Специјалистот за плуќни болести ме лекуваше три недели и тогаш др. Coleman на крајот се согласи да ме заспие. Тоа се случи еден понеделник, и може да се каже дека др. Coleman беше многу загрижен за мојата состојба. Го закажаа денот на операцијата петок. Во понеделникот вечерта легнав да спијам и мирно спиев се до рано наутро, кога ме пробуди силно неподнослива болка. Се свртев и се обидов поудобно да се наместам, и во тој момент во аголот на собата, се појави светлина. Беше во вид на мала топка, слична на кугла. Кога светлоста се појави, чувствата ми станаа невообичаени. Тоа беа чувства на совршен мир и потполна отпуштенст. Забележав како светлоста ми подава рака и еден глас ми рече: ‘Дојди со мене, би сакал да ти покажам нешто’. Во тој момент без размислување појдов кон раката и се фатив за неа. Го напуштив телото и кога се свртев го видов како лежи на креветот. Јас се издигав кон таванот во собата.

Кога го напуштив телото, примив чуден облик беше на лик на светлоста. Добив уверување, морам да го опишам со свои зборови бидејќи никој не сум чул за тоа да зборува, дека се однесува на душата. Во тоа сум во потполност сигурен. Тоа не беше тело, туку само облик на чад или на магла. Скоро беше слично на димот од цигара кој го одбележува просторот покрај светилка. Обликот кој го попримив беше во боја. Беше портокалово – жолта, и некоја друга неопределена боја, отприлика на индиго ( воглавно некоја отворена плава боја ).

Таа продуховена форма немаше облик на тело. Беше повеќе топчеста, но имаше нешто што ние би можеле да ја наречеме – рака. Знам дека ја пружи кон мене а јас ја дофатив со својата. Но мојата материјална рака остана на своето место бидејќи, кога се искачував на високо ја видов како лежи на креветот прислонета на моето тело. Но кога не би ја употребувало таа продуховена рака, светлоста имаше топчест облик.

Кога светлината ме привлече кон себе, од таа состојба појдовме низ зидот од болничката соба во ходникот, слеговме неколку спратови надолу и застанавме на еден спрат од болницата. Со леснотија поминувавме низ затворени врати и ѕидови. Кога им се приближувавме тие едноставно исчезнуваа.

Некое време патувавме. Знаев дека се движам, иако не чувствував никаква брзина. Во истиот момент сватив дека стигнавме во собата за реанимација. Тогаш незнаев дека во таа болница постои просторија за реанимација. Таму дојдовме и пак се сместивме во аголот од собата. Испод собата видовме доктори и медецински сестри во зелена униформа во собата креветите не беа рамномерно поставени.

Тогаш Битието ми покажа на еден од креветите: “Ти ќе бидеш овде. Кога ќе те донесат од операциониот стол и ќе те стават во овој кревет и повеќе нема да се пробудиш. Од моментот на твоето носење во операционата сала, па се додека јас не дојдам по тебе ти нема да знаеш ништо.” Не би рекол дека таа порака ми беше пренесена со зборови. Не беше ниту глас кој би можеле да го слушнеме ( да би се можело да се слушне, претпоставувам дека би го слушнале и други особи). Тоа беше налик на импресија. Но пораката беше толку жива и јасна што неможев да не ја слушнам или да не ја разберам.

Во продуховената форма многу лесно се’ препознавав отколку во телесната. Не се прашував: “Што сака да ми покаже?” Истиот момент знаев на што Битието мисли. Немаше никакво двоумење. Тоа беше креветот, кревет од десната страна, кога ќе влезете од ходникот, и на тој кревет ќе лежам. Битието ме донесе овде со одредена цел. Ми кажа зошто ме доведе. Сакаше да не се исплашам во моментот кога мојата душа ќе го напушти телото. Сакаше да видам сликовито за се’ што ќе се случи. Ми рече дека Он нема да дојде веднаш, и дека во меѓувреме многу нешта ќе се случат и ќе ги доживеам, но и дека Он сето тоа ќе го засени и на крајот сепак ќе дојде.

Откако му се придружив на патот до собата за реанимација и самиот почуствував дека постанав продуховен. На некој начин како да се стопивме во еден, но сепак при тоа бевме две одвоени единки. Битието создадено од светлост владееше со се’ (па и кога би се однесувало и на мене). Додека поминувавме низ ѕидовите, низ вратите и тн., бевме во таква блиска врска и ништо не ме вознемируваше. Беше така мирно, тихо и ведро како никаде на друго место.

Кога Битието сето тоа ми го покажа и кажа, ме врати во мојата болничка соба. Откако се вративме, го видов своето тело во положбата во која и го оставивме, и во тој момент се вратив во него. Претпоставувам дека надвор од моето тело бев пет или десет минути, но во тоа доживување времето не играше никаква улога. Не се сеќавам дали времето минуваше.

Бев возбуден, дојде во моментот кога тоа не го очекував. Не беше тоа вообичаено доживување – беше полно, животно и вистинско. Следното утро веќе не се плашев. Додека се бричев, приметив дека рацете веќе не ми се тресат како во изминатите шест до осум недели. Знаев дека ќе умрам, но не жалев ниту се плашев. Не мислев, што би можел да направам да ја спречам смртта. Бев спремен.

Во четврток после пладне, денот пред операцијата, бев загрижен. Мојата жена и јас посвоивме син и имавме со него неприлика. Поради тоа одлучив на жената и на синот (на секого посебно) да им напишам писмо во кое би се обидел да им кажам што и како треба да направат. Одлучив да ги сокријам писмата и така да би ги нашле после операцијата. Почнав да и пишувам на жената и кога напишав две страници, се подигнаа сите брани. Гласно заплакав. Одеднаш почуствував нечија присутност, и си помислив од гласниот плач вознемирив некоја медицинска сестра та таа дошла да виде што се случува со мене. Но не слушнав дека се отвори врата. Пак почуствував присутност. Не видов никаква светлина, но ми наидоа овие мисли и зборови: “Зошто плачеш, Стив? Мислев дека ќе се радуваш дека доаѓаш со мене.” Си помислив: “Од се’срце сакам да појдам со тебе.” Гласот ми одговори: “Зошто тогаш плачеш?” На тоа му возвратив: “Незнам што да направиме со синот што го посвоивме, се плашам дека мојата жена нема да може да го одгледа. Се обидувам да и’ објаснам што чувствувам и што би сакал таа за него да направи. Се грижам и мислам дека кога би бил и јас, таму, би можел да и помогнам.” Тогаш од присутноста повторно ми се родија мисли: “Бидејќи молиш и мислиш за друг, не за себе, ќе ти се исполни желбата. Ќе живееш се додека не видеш дека твојот син постанал човек.” Тогаш присутноста исчезна. Прекинав да плачам и го уништив писмото жената да ни би го нашла.

Таа вечер дојде др. Колеман и ми рече дека очекува анестезија што треба да ја примам можеби ќе има неприлика, и да не се изненадам ако видам околу себе жици, црева и апарати откако ќе се пробудам. Не му кажав што доживеав, само му намигнав и му ветив дека ќе соработувам.

Операцијата беше успешна, иако траеше долго. Додека доаѓав при себе, др. Колеман беше покрај мене и јас му реков: “Знам каде точно се наоѓам.” Тој ме праша:“Во кој кревет сте.” Јас му одговорив: “Во првиот од десно, кога влезете од ходникот.” Тој се насмеа. Помислил, сигурно, дека зборувам под дејство на анестезија.

Сакав да му раскажам што ми се случи, но во тој момент влезе др. Вајт и рече: “Сега е буден, што треба да направам?” Др. Колеман му одговори: “Ништо.” Никогаш во животот не сум доживеал поголемо изненадување. Јас тука лежем со сите овие апарати и чекам, а тој: “Не треба ништо!” Др. Вајт рече, дека чуда сеуште се случуваат. Откако можев веќе да се подигнам од креветот, разгледав околу себе и видов дека сум во оној кревет во кој битието ми го покажа пред неколку дена.

Отогаш поминаат три години, и јас сеуште живо се сеќавам на секој детал. Тоа беше најфантастично доживување во мојот живот. Битието го измени мојот стил на живот. Го раскажав само на мојата жена, братот, на мојот исповедник и сега вам. Незнам како да го опишам. Тешко е да се објасни. Не би сакал да се фалам, но од тогаш веќе не се сомневам. Знам дека живот после смртта постои.“

Еве уште едно доживување на еден добар православен христијанин од Скопје Република Македонија, кое ми беше кажано во исповед. Со негова дозвола случката и ја презентирам.

Кога бев млад, пред 35-36 години, имав една чудна случка, што никогаш нема да ја заборавам. Сум ја кажал на мојата фамилија, тогаш на мајка ми, и толку, со умисла дека ако тоа го кажам некому друг можеби ќе се исмејува и така. Имав висока температура, повеќе од 40’. Мојата млада сопруга, која е и медицинска сестра, беше многу вознемирена. Покрај редовните медицински лекови кои веќе три дена ги примав, применуваше и други народни лекувања, само да се намали температурата, но таа не паѓаше. Цели три дена сум бил во бесознание. Одеднаш се најдов како да беше пред камениот мост во Скопје. Имаше многу луѓе, машки, женски, стари, млади, деца па и бебиња, сите се движеа во еден правец према камениот мост и тоа без никакво брзање сите одеа еден по друг. И јас им се придружив. Сите в рака држеa некакво ливче и јас имав, во вид на некаква пропусница.

На средината на мостот стоеа двајца силни мажи – стражари, кои како да беа во некаква униформа, со нив имаше и големо куче во синџир. Сите кои одевме на мостот со цел да го преминиме од другата страна, секој беше проконтролиран од двајцата стражари и секој ја покажуваше својата пропусница – ливче, кое го држеше в рака. А тие определуваа во која колона ќе им се придружи на веќе изминатите поминувачи.

Кога дојдов веќе на средината од мостот, видов од другата страна на мостот од десно имаше прекрасна чудна светлина, многу убави зелени ливади, голем бучен поток покриен со дебели сенки но во некоја специфична отворена плава магла. Во таа редица од луѓе многу малку беа определувани, чудно, и многу бавно се движеше бидејќи беше преполна. Додека од левата страна на мостот беше тотално спротивно што неможев на своите очи да им поверувам. Беа толку блиску една од друга страна но толку различни, ми се чинеше како да беше намерно направено со голема провалија и со некоја цел, но се’ беше во своја природа, со сигурност можам да потврдам дека изгледаше како од рака не пипнато. Левата страна имаше такви мочуришта со специфични страшни и никогаш неизретчени дрвја и грмушки. Имаше чудни искривени патеки кои многу брзо се губеа некаде во внатрешноста. Тука од левата страна, по тие патеки, беа повеќето од поминувачите определувани, но одеа после контролата многу побрзо отколку на десната страна и затоа редица немаше.

Кога јас дојдов до стражарите, им го дадов моето ливче – пропусницата а тие некако револтирано се возбудија помеѓу себе и незнаеа каква одлука да донесат. Повикаа друг, вероватно им беше некој одговорен, зборуваа помеѓу себе и тој гласно им рече: “Зарем не гледате дека е направена грешка, требаше да дојде Ѓорѓи …..(му го заборавив презимето) од населбата Аеродром, тој живее на улица И.(не се сеќавам точно) број 26.” Мене ми рече: “А ти, врати се ……….”
Во тој момент, после три дена силна грозница, ги отворив очите и се најдов во креветот испотен но без температура. Мојата сопругата, на чие лице сеуште се познаваше уплаканост ми рече: “Веле, температурата ти падна и тоа на многу чуден начин, само пред 10 минути пак ти ја мерев беше 40’ а сега веќе немаш, фала Му на Бога.”

Утредента приквечер околу 6 часот се облеков и излегов, макар бев спречуван од сопругата тоа да не го правам, бидејќи неколку дена бев многу болен. Јас сакав да се уверам во она што го видов и што го слушнав кога бев во бесознание, поточно во одговорот на одговорниот на стражарите на мостот. Бидејќе свежо се сеќавав на името и презимето на оној човек кој го посочија, се сеќавав на неговата адреса и сакав да видам дали навистина тој човек таму и живее. Дојдов во населбата Аеродром, со прашување ја најдов улицата, но броеви на куќите некои имаа некои не, па така неможев да се снајдам. Случајно еден постар поминувач го прашав, дали е одтука, тој ми потврди дека е староседелец во населбата Аеродром. Тогаш го прашав каде се наоѓа бројот 26 од оваа улица, незнаеше да ми каже, но ме праша: “Кој ти треба?” му реков: “Ѓорѓи ………“ тој ме погледна чудно и ми рече: “другар, тој вчера почина, Господ го прости, денес го погрбавме.”

Јас, се скаменив од неговиот одговор, испотев истотака како што бев од моето заздравување. Седнав на еден поголем камен, кој беше во близината, па си помислив: “Сето тоа, што завчера го видов, не беше сон, туку стварност, јас сум бил на работ од мојот живот, јас сум чукнал на вратата од вечноста. Така обземен во мисли, бавно и скршен си дојдов дома никому ни збор не кажувајќи, се’ до утредента кога и раскажав на мојата сопруга што ми се случи. Каде бев и што видов за време на мојата висока температура.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

7. ПРИМЕРИ ОД НАПИШАНИ КНИГИ – СПОРЕДУВАЊА

Најмалку што може да се каже за наведените доживувања е, дека се необични. Слични опишувања од доживувања на работ од животот или на вратата на вечноста не среќаваме само во “Светите книги,” туку и во дела од некои мудреци и филозофи, во народна и пишана литература. Онаа што го наведувам вероватно е само врв на замрзнатиот брег. Мислам дека читачите на оваа книга ќе ги интересира дека и познатиот психијатор Карл Густав Јунг имал такво доживување. Своето доживување го опишал во својето автобиографско дело – спомени, сонови и размислувања – во заглавието со наслов “Визија.”

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

8. БИБЛИЈАТА

Библијата денес е најчитаната и најцитирана книга која се бави со човековиот духовен аспакт и навестуваќи го животот после смртта. Но во целина земајќи, Библијата релативно многу малку ни кажува за она што се случува после смртта, нема во нејзе ниту прецизен опис на задгобниот живот. На многу малку места во Стариот завет недвосмислено се однесуваат на животот после смртта:

Исаија 26:19
„Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; зашто Твојата роса е роса на растенијата, и земјата ќе ги исфрли мртовците“.

Даниел 12:2
„И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам“.

2 Макавеите 12:45
„Но тој мислеше дека на оние што умреле во побожност им е приготвена голема награда. Каква света и побожна мисла! Затоа за покојниците принесе жртва за милост – да бидат ослободени од својот грев“.

Кн. Мудрост Сирахова 7:36
„Биди милостив спрема секое живо создание; но и умрените не лишувај ги од милост“.

Гледаме дека и во овие неколку цитати очевидно се најавува воскреснување на матрејалното тело и дека телесната смрт се споредува со сон.

Во изминатите заглавија видовме дека некои од испитаниците се послужиле со специфични библиски поими, да би го подобро објасниле она што им се случило. Да се потсетиме, кога еден човек поминувајќи низ мрачниот простор во часот на смртта ја препознал сенката од библиската долина на смртта. Две особи ги спомнале Исусовите зборови: “Јас сум светлината на светот.“ Очигледно дека обете делимично се ослониле на таа реченица, кои во светлината што им дошла во пресрет го препознале Христа. Една жена изјавила: “Во таа светлина не видов вистинска особа. За мене таа беше Христос – која беше во единство со сите твари, и совршена љубов. Мислам дека беше Исус, потсетувајќи се на Неговите зборови – Јас сум светлината на светот, на кое дословно мислел.”

Во Новиот Завет од Библијата се наидува на неколку споредувања на кои ниту еден испитаник не спомнал. Многу потврдни се ракописите на Св. апостол Павле. Тој најжестоко ги прогонувал христијаните се до тогаш кога на пат за Дамаск не ја доживеал познатата визија, и после тоа се обратил. Еве како Свети Павле ја опишува таа срдба на Агрипа:

Дела на светите апостоли 26:13-26
“…….по сред бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене. Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: ,Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.’ А јас реков: ,Кој си ти, Господине?’ Он одговори: ’Јас сум Исус, Кого Го гониш ти. Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти го откријам, издвојуваќи те од овој народ и од незнабожците, при кои ќе те испратам сега, за да им ги отвориш очите нивни, та да се обрнат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.’ Затоа, царе Агрипа, јас не се воспротивив на небесното видение, но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабожците им проповедав да се покајат и да се обрнат кон Бога, вршејќи дела достојни за покајание. Затоа ме фатија Јудејците во храмот и се обидоа да ме убијат. Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она, што беа го зборувале Пророците и Мојсеј, дека ќе стане: дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабожците ќе им проповеда светлина.’ А кога го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: ’Си полудел ли, Павле! Многубројните книги те довеле до лудило.’ А тој одговори: ’Не сум луд, уважени Фесте, туку кажувам зборови на вистина и со здрав разум. Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто да му е непознато, зашто тоа не е вршено во некој агол.”

Оваа епизода очигледно наликува на средба со Битието создадено од Светлина. Пред се, Битието поседува посебност што не се изразува неговото телесно обличје, а од таа личност се појавува глас кој поставува прашања и упaтува. Кога свети Павле им зборувал за тоа на присутните, тие го исмејавале и го прогласувале за луд. Таа визија го изменила токот на неговиот живот. Тој постанува главен проповедник на христијанството како начин на живот во која проповет е најбитно љубовта према ближниот.

Тука, се разбира, дека постои и разлика. Светиот апостол Павле не е имал визија затоа што му претела смрт. Истотака е занимливо дека свети Павле известува како светлината го ослепела, така да три дена не можел да гледа. Тоа е спротивно на изјавите на оние кои кажуваат дека светлината била неопишано сјајна, но не ги заслепило да может да гледат околу себе, само разликата е во тоа што тие гледале со продуховени очи а св.ап. Павле со телесни и со цел.

Во кажувањето на природата од задгобниот живот свети Павле ни кажува според прашањата во какво тело човекот ќе пребива откако ќе умре.

1.Послание до Коринтјаните 15:35-52
„Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое ќе стане, туку голо зрно, било пченично или друго некое; но Бог му дава тело, какво што сака, и на секое семе негово сопствено тело. Не е секое тело исто со друго тело, друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица. Има тела небесни и тела земни, но друга е светлината на небесните и друга е на земните; една е светлината на сонцето; друга е на месечината, инаков е, пак на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по светлината се разликува. Такво е воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; се сее во бесчест – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Има тело душевно, има тело духовно. Па така е и напишано: Првиот човек Адам стана жива душа, а последниот Адам – животворен дух. Но не иде прво духовното, туку душевното, а потоа духовното. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. Каков е земниот, такви се и земните; и каков е Небесниот, такви се и небесните; и како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и образот на Небесниот. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта неможат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме“;

Интересно е дека свети Павловото опишување на природата на “продуховени тела” речиси е исто во опишувањата на оние кои веќе биле надвор од своите тела. И двете опишувања го нагласуваат нематрејалното продуховено тело како способност дека за него не постои никаква препрека. Свети Павле ни кажува дека матрејалното тело е слабо и грубо, а продуховеното е силно и убаво. Тоа не потсетува на изјавата од човекот чие матрејално тело беше осакатено во сударот, но продуховеното тело останало не додирнато и читаво. Да се потсетиме уште и на тоа од опишаните доживувања наидовме на изјави дека продуховеното тело нема некоја одредена старост, односно дека времето не му е ограничено.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

9. ДРУГИ СВЕДЕНИЈА

Платон

Филозофот Платон, еден од поголемите мислители на сите времиња, живеел во Атина од 428 до 348 година пред Христа. Во своите бројни филозофски размислувања оставил напишани дваесет и два филозофски диалози. Во повеќето од тие диалози е Платоновиот учител Сократ. Платон зад себе оставил и неколку писма.

Платон бил поборник на разумот, логиката и доказите. Мислел дека единствено преку нивната помош може да се запознае вистината и да се стекне мудрост. Сепак така можело да се оди до одредена граница. И самиот бил голем визионер а тоа го гледаме преку неговите дела каде вели дека последните вистини можеме да ги запознаеме единствено преку мистичните доживувања.

Платон го прифатил постоењето на духовната и стварна димензија кои се различни од материјалниот свет и го разбирал тоа материјално подрачје, кога и вели дека, може да се свати исклучиво во однос на таа друга “повисока духовна“ вистинитост.

Во согласност со тоа, воглавно го интересирало нераспадливоста, свесната човечка компонента – душата. Материјалното тело за Платон е само привремено сврталиште на душата. Затоа не треба да не изненади што го интересирало судбината на душата после смртта на материјалното тело, како што и опишува во неколку негови диалози, а особено во Пфаедон, Георгија и Држава делумно ја обработува таа тема.

Платоновите дела се полни со опишувања на смртта, и тоа токму такви опишувања какви ги опишавме во претходните заглавија. Платон на пр. ја дефенира смртта како одвојување на нетелесниот дел од животот на човекот – душата, од неговиот материјален дел. И вели, човечкиот нематеријален дел не подлегнува на толку ограничувања како неговото материјално тело. Платон подвлечено нагласува, дека во подрачјето надвор од сетивното, за физикалниот свет време не постои. Другата страна е вечна, и према Платон пак во подвлечени зборови, онаа што го нарекуваме време само е “покретлив невистински одраз на вечноста.“

Платон кажува за тоа како душата одвоена од телото може да сретне души умрени и да разговара со нив, и за тоа како нејзините “духовни чувари” ја водат додека поминува од материјалниот во духовниот живот. Тој спомнува што треба да се очекува во времето на умирањето, пловување со чамец кој нас ќе не поведе преку голема вода од другата страна на брегот на после-смртното пристаниште. Во Пфаедон ни наведува во вид на драмска рамка и во изострени докази не упатува на заклучок дека телото е затвор за душата, и према тоа дека смртта е светлина или ослободување од тој затвор. Додека – како што тоа го видовме во првите заглавија – Платон ( преку Сократ ) го кажува древното сваќање на смртта како сон и заборав, тој тоа го прави само поради тоа да би на крајот покажал дека тоа не е исправно. Према Платон, душата доаѓа во материјалното тело од високо – Божанско – постоење. За него раѓањето е сон и заборав, бидејќи душата преоѓа од состојба на висока свест во состојба на ниска свест и во меѓувремено ја заборава вистината која ја знаела кога била надвор од телото. Према тоа, смртта е будење и сеќавање. Платон забележува дека душата која за време на смртта се одвојува од телото мисли и расудува многу појасно отколку пред тоа, и затоа многу брзо ја распознава вистинската природна твар. Понатака, набрзо после смртта се среќава со “суд” во кој Божанското битие најнапред и прикажува се’ што во животот направила, и добро и зло.

Во книгата 10. Држава, наоѓаме една од најупадливите сличности. Платон го прераскажува митот за грчкиот јунак Ер. Ер отишол во војна, и во војната многу грци биле убиени. Кога Еровите соборци отишле да ги собират мртвите тела, го нашле и неговото, и го положиле заедно со другите на погребната ломача. Пред да биде ломачата запалена, Еровото тело оживеало. Ер го опишал своето видување на патот низ царството од другата страна на светот. “ Најнапред” кажува Ер, “душата ми излезе од телото и се придружи на собир на духови. Отидовме на едно место полно со ’отвори’ или ’капии’ кои воделе од земјата на другиот свет. Таму не застанаа ’божји битија’ и имавме прилика се’ да видиме што сме направиле за време на овој живот. На Ер не му суделе. Битието му рекло дека мора да се врати на земјата и да им раскаже на луѓето како изгледа другиот свет. Бидејќи му допуштиле да виде уште нешто, Ер, го испратиле назад, но тој кажал дека не знае како се вратил во своето материјално тело. Кога се пробудил видел дека е на ломача.”

Важно е да се има на ум, дека Платон не потсетува за неговите подробни опишувања на светот каде душата ќе отиде после смртта “со најдобро кажување само на вероватност.” Платон не се сомнева во животот после смртта, тој тврди дека, додека сме во ова тело, не можеме да сватиме бидејќи не спречуваат две големи препреки. Пред се’, нашата душа е затворена во материјалното тело и од искуство и знаење на ограничените материјални сетива. Видот, слухот, осетот, додирот и вкусот можат на секој начин да не преварат. Големиот предмет, ако е на поголема оддалеченост, може со нашите очи да ни се виде дека е мал, можеме погрешно да чуеме што некој ќе ни каже, инт. Последица од сето тоа може лесно да биде погрешно мислење за природните ствари. Нашите души неможат да ја видат стварноста се’ додека не се ослободат од тие посметувања и неточности од материјалниот свет. Платон потоа кажува дека со човековиот јазик последните вистини неможат да се искажат дирекно и вистинито. Зборовите понекогаш многу повеќе ја сокриваат внатрешната природа отколку што ја откриваат. Најповеќе што тие можат да направат е преку аналогија, преку мит или преку некој друг индиректен начин, да укажат на правиот карактер за оној кој лежи на онаа страна од материјалниот свет.

Тибетска книга за мртвите

Ова значајно дело е составено од учени мудреци кои со столетија во пред-христијанскиот Тибет усмено го пренесувале од колено на колено. Конечно, и вероватно во 8 век по Христа, е запишано, но и понатака е сокривано и внимателно чувано од “аутсајдери“.

Својот конечен облик ова необична книга го добил во текот на своето повеќекратно применување и од меѓусебната поврзаност на разноврсните начини на употреба. Мудреците кои ја пишувале книгата сметале дека смртта е вештина, нешто што може да се направи педантно или неукусно. Тоа зависи од тоа дали некој има вештина и познавање. Книгата е читана како дел од погребна церемонија или над оној кој умира, во неговите последни моменти. Гледаме дека имала две функционални употреби. Првата е да оној кој умира да му помогне да го свати тоа што го доживува. Другата е да ги поттикне живите на позитивно мислење, па преку својата љубов и емоционална грижа да не го задржуваат оној кој умира. Оној кој умира треба да биде ослободен од сите телесни грижи и во вистинска подготвеност да влезе во “новиот живот.”

Да би се тоа постигнало, книгата дава подолг опис на најразлични состојби низ кои поминува душата после телесната смрт. Сличноста помеѓу опишувањата на раната фаза од смртта и изјавите што луѓето им ги дале кои се приближиле до смртта е фантастична.

Еве што пишува во тибетскиот извештај. Најнапред духот или душата умирајќи, го напушта телото. Веднаш потоа, душата, нешто почнува да ја носи и таа влегува во некаква празнина. Таа празнина не е материјална, туку е нешто како ограничена и во нејзе се појавува светлина. Умирајќи може да слушне некакви звукови и бука, која се опишува како грмотевица, свиреж на ветар или рик. Потоа доаѓа во средината во која е опколена со плава и нејасна светлина.

Изненаден е, кога ќе свати дека е надвор од своето материјално тело. Ги гледа и ги слуша своите роднини и пријатели како плачат над неговото тело и ја подготвуваат поговорката. Се обидува да им даде некаков знак, но тие ниту го слушаат ниту го гледаат. Тој сеуште не сваќа дека е мртов и е збунет. Се прашува дали е мртов или не, и кога конечно ќе свати дека е, не знае каде да оди и што да прави. Пригушен е од жалост. Некое време се наоѓа во познатите места.

Има чувство дека сеуште има тело, наречено “продуховено тело.” И самиот забележува дека тоа тело не е создадено од материја. Тој поминува низ карпи, ѕидови, па чак и низ планини и притоа не наидува на отпор. Патувањата се речиси моментални. Штом човек ќе посака некаде да биде, таму е во истиот миг. Мислите и забележувањата не му се толку ограничени. Духот му постанува јасен а сетивата изострени и совршени. Ако во материјаното тело бил слеп, глув или неможел да оди, изненаден е кога гледа дека е во “блескаво тело” читав, а способносните сетива не само што му се вратени туку дури и појачани. Може да се случи да наиде на други “битија” во исто тело, а може да наиде на онаа што се нарекува “јасно” или “чисто” тело. Тибетанците ги советуваат оние кои умираат: во моментот кога поминуваат покрај тоа Битие од светлина да настојуваат срцето да му биде исполнето со љубов.

Книгата истотака го опишува чувството на бескраен мир и задоволство што го има оној кој умира, а и некоја врста “огледало” во кое се гледа неговиот целосен живот. Во тоа огледало јасно се гледаат неговите добри и зли дела, така да Битието кое му суди може добро да ги виде. Во таа ситуација неразбирањето е неможно; а да се лаже не може..

Накратко, према Тибетанската книга за мртвите се опишува и понатамошна фаза на смртта, фаза која не ја доживеал ниту еден од испитаниците во оваа книга, уочливо е дека помеѓу древниот ракопис и опишувањата на Американците од 20 век постои голема сличност.

Емануел Сведенборг

Сведенборг е роден во Стокхолм 1688 година, а умрел 1772. За време на својот живот бил прилично познат по своето научно испитување и многу придонел во развојот на природните науки. Неговите книги, од самиот почеток биле орентирани кон анатомијата, филозофијата и психологијата кои му донеле заслужено признание. Покасно во својот живот доживеал верска криза и отпочнал да опишува за доживувања во кои самиот комуницирал со продуховени битија од другата страна на овој живот. Покасно неговите дела изобилуваат со живи опишувања за животот после овој, по смртта. Сличноста на она што е напишано и продуховените (спиритуални) искуства луѓето кои биле во близината на смртта се зачудувачки. Сведенборг например ги опишува телесните функции – дишењето и циркулацијата на крвта:

“Човекот сеуште не е мртов, само е одвоен од телото кое му служело во овој свет… Смртта е само преминување од еден свет во друг.”

Сведенборг тврди дека ја доживеал првата фаза од смртта и се нашол надвор од сопственото си тело.

“Бев неприметлив, телесните сетива не ми функционираа. Мислам дека умирав. Духовниот живот притоа ми остануваше целосен и недодирнат’ така да се сеќавам на се’ што се случуваше исто како да воскреснувам од мртвите…Сеќавав како нешто да ме влече…како да се влече мојата душа од моето тело.”

Додека Сведенборг тоа го доживува , среќава битија во кои препознава “ангели.” Тие го прашуваат дали е спремен да умре:

“Ангелите најнапред ме прашаа што мислам. Мислам ли умирајќи како и вообичаено на вечниот живот? Ми рекоа дека би сакале и мојата душа да се позанимава со такви размислувања.”

Кореспонденцијата помеѓу Сведенборг и духовите не се одвивала на земен или на човечки начин. Тоа било на духовен пренос на мисли и затоа не постоело можност на не разбирање.

Духовите меѓусебно се разбирале на универзален јазик…. секој човек кога умира, веќе го разбира тој јазик….својствен на неговата душа…

Разговорот на ангелот со душата од човекот е звучен, сличен на разговор помеѓу двајца луѓе, но не го слушаат сите туку само самата душа. Причината е во тоа што разговорот на ангелот и душата протекува дирекно во човековата мисла…

Оние кои само што умреле, не сваќаат веднаш дека се мртви бидејќи се сеуште во “тело” кое во некое свое наличие личи на поранешното материјално тело.

“Човековата состојба непосредно после смртта слична е на неговата состојба во животот. Тој сеуште го има надворешниот облик…. па мисли дека е жив. Кога и самиот забележува со чудење, дека има и тело и сетива исто како кога бил жив… посакува да го виде и рајот и пеколот.”

Ова продуховена состојба не е ограничена. Мислата и памтењето се совршени, а времето и просторот не се препреки како што е случај во материјалниот живот.

“Способностите на духовите…. се поголеми. Нивните мисли, сетива и видливост се совршени.”

Умирајќи, ги среќава душите на своите познати кои умреле пред него. Тие дошле да му помогнат при преоѓањето од другата страна.

“Душата човекова која само што тргнала од овој свет ја дочекуваат душите на своите пријатели и познати. Тие ја упатуваат во вечниот живот.”

Слично на визија човек може да го виде целиот ово-земен живот. Се сеќава на секоја деталност, и нема можност нешто да биде поинаку или да се излаже или да се сокрие.

“Внатрешната меморија е таква што во неа се запишани сите деталности… се што човек помислувал, рекол или направил… од најрано детство па се до длабока старост. Кога ќе помине во другиот свет, човек тоа сеќавање го носи со себе и тоа редовно оживува… Се што некогаш рекол или направил се покажува пред ангелите во јасност како светол ден… и ништо на светот што се’ толку криело да после смртта не дојде на видело.”

Сведенборг ја опишува “Светлината Господова” Светлина на другиот свет, која топло со посебна љубов сјае. Тоа е светлина на вистината и разбирањето, и Сведенборг тврди дека Ја видел и Ја доживеал.

Во Сведенборговите дела како и во Библијата, Платоновите дела и Тибетанските книги на мртвите наоѓаме сличности со современите доживувања “тик до смрти.”

Разбирливо е прашањето, треба ли тоа да не изненадува. Би можело ли, наиме, да се помисли дека авторите на тие различни дела да влијаеле еден на друг. Таквото тврдење може да биде делимично вистинско. Платон признава дека врз него имало влијание источниот верски мистицизам, така да би можело да се случи врз него да делувало истото предание од кое потекнува Тибетанската книга на мртвите.

Од друга страна, во повеќето случаеви не е лесно да се востанови дали до такво влијание вистински и дошло. Секој писател во своите дела внесува повеќе интересни детали кои не ги нашол во претходните автори, а кои истотака се појавуваат во изјавите на современите автори. Сведенборг ја читал Библијата а го познавал и Платон. Сепак на неколку пати нагласува дека оној кој само што умрел, не е во тој момент свесен што се случило. Тој податок, кој секогаш одново се појавува во интервју-изјавите на моите испитаници, кое го нема ниту во Библијата ниту кај Платон. Тој настан е нагласен во Тибетанските книги на мртвите, дело кое Сведенборг неможел да го чита бидејќи тоа е преведено на англиски 1927 година.
Дали е можно во изјавите на дожививање “тик до смрти” кои ги собрал др. Raymond Moody, Jr. да влијаеле на спомнатите дела? Сите луѓе со кои разговарав ја познавале донекаде Библијата, а двајца или тројца знаеле по нешто за Платоновите идеи.
Но никои не слушнале за текстовите што се напишани од Сведенборг како и за Тибетанската книга на мртвите. Према тоа, изјавите на моите испитаници ги надминуваат деталите кои не се наоѓаат ниту во Библијата ниту кај Платон, но се многу слични на појавите и случувањата во необичајните извори.

Треба да се признае дека подудареноста помеѓу одредени одломци во делата на старите мислители и изјавите на современите американци кои ја доживеале блиската средба со смртта неможе до крај да се објасне. Во денешната ситуација можеме само да се прашаме како е можно мудроста на старите Тибетанци, Павловата визија и теологијата, необичните Платонови познавања и духовното Сведенборгово откритие меѓусобно толку се подудараат, а уште повеќе како е можно да се идентични со изјавите на нашите современици кои се приближиле до смртта и пак оживеале.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

10. ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ:

Читателот вероватно во некои моменти ќе се посомнева во вистинитоста на наведеното, а можеби и за нешто и ќе коментира. Додека сме на оваа тема говорејќи јавно или во круг на свои познати, ми се поставени повеќе прашања. Луѓето во повеќето случаеви прашуваат исто, па затоа поставив лист на најчести прашања. Во ова поглавје ќе се обидам да дадам одговор на нив.

Дали сето ова вие не сте го измислиле ?

Не, не сум. Би сакал да се створи некаква новина во психијатријата и во филозофијата на медецината, но со измислени и невистински настани да се излезе пред јавноста тешко би користило на било каков авторитет.

Освен тоа, од сопственото искуство знам дека сомнежот на секого кој на тоа упорно и со размислување коментира со своите познати и роднини ќе бидат гледани од различни аспекти.

Има ли нереалност во вашите искажувања ? Изгледа дека таквите искуства се прилично ретки ?

Јас сум првиот кој ќе признае дека поради ограниченоста не може да се даде статистичка отценка во зачестеноста на овие појави. Единствено што можам да го изјавам е следното: човек неможе ниту да претпостави дека таквите доживувања се многу чести, а тоа би го потврдил само оној кој со тоа се бавел. На таа тема професорот др. Raymond Moody, Jr. одржал повеќе предавања ( кои во својата содржина биле многу разновидни), и после секое предавање секогаш се наоѓал по некој да не му го опише сопстеното искуство или слично според кажување на некој негов познат. Со сигурност дека секогаш можеме да очекуваме дека некој со слично искуство на такво предавање ќе дојде. Сепак често пати се случувало кога луѓето не доаѓале на предавање само поради темата. Имав предавање на околу триесетина луѓе. Двајца од нив имале искуство на доживување “средба со смртта”, но и двајцата присуствувале на предавањето само затоа што биле членови на таа група. Ниту еден од двајцата не знаел за темата за која ќе се зборувало.

Ако доживувањата “средба со смртта” се така вообичаени како што вие тврдите, зошто тогаш тоа не е општо познато нешто ?

Изгледа поради тоа што има повеќе причини. Прво и првенствено е тоа што духот на нашето време е против било какви дискусии и расправи за можноста на издигнување над телесната смрт. Живееме во време на големи човечки постигнувања во науката и технологијата, со чија помош се’ подобро сваќаме и се’ полесно ја совладуваме природата. Многумина сметаат дека поимот задгробен живот повеќе му припаѓа на нашето “празноверие”, нешто изминато, отколку на “науката” и денешниот разговор за животот после смртта кој изгледа како наследно верување од нашите претци. Во согласност со тоа, луѓето кои ја доживеале средбата со смртта, а кое е надвор од подрачјето на науката која ние денес ја сваќаме, тие не сакаат за тоа јавно да зборуваат бидејќи се плашат да не бидат исмеани. Уверен сум дека во душата на особата која такво нешто искусила лежи голема маса на податоци, но тие се плашат од атрибутите “будала” или “маштовит”, па затоа не кажуваат никому освен на неколкумина од своите блиски.
Освен тоа, општата неупатеност во јавноста за темата средба со смртта делимично потекнува од една позната психолошка појава. Приметено е, наиме, многу од она што секојдневно го слушаме и гледаме нашата свесна душа тоа не го забележува. Го забележуваме само она што силно го привлекува нашето внимание. Многумина од нас доживуваат напр. кога ќе научат некој нов збор, тој збор насекаде го слушаат или го гледаат напишан. Тоа не се објаснува дека зборот изненадно во јазикот се удомил па се појавува насекаде, туку дека тој збор сега сме го забележале и сме го дознале неговото значење. Со него сме се среќавале и порано, но штом не сме му го знаеле значењето се провлекувал низ нашето внимание.

Слична средба имав, вели dr. Raymond Moody, Jr., после едно мое одржано предавање. Бидејќи ја отворив дискусијата, еден доктор ми постави вакво прашање: “Доктор сум долги години. Ако тие доживувања се толку вообичаени како вие тврдите, зошто јас за нив не сум слушнал?” Знаејќи дека помеѓу присутните вероватно ќе се најде некој кој слушнал за тaкво доживување, ги запрашав слушателите дали некој слушнал било што за такво доживување. Дигна рака сопругата на докторот и ни раскажа што доживеал еден нивни заеднички пријател.

Еве уште еден пример. Еден мој познат, доктор, дознал за слични доживувања од некој напис од весниците за едно мое предавање на таа тема. Утредентта некој негов пациент му опишал негово сопствено доживување. Докторот проверил дали овој пациент слушал некои мои предавања или читал некои од моите студии, и востановил дека тоа не било можно. Пациентот му се поверил само поради тоа што збунет и вознемирен од она што го доживеал па посакал да го чуе докторското мислење. Сигурен сум дека и двајцата доктори слушнале за такви доживувања и порано, но тие нив ги сметале за индивидуални, а не за распространета појава, па поради тоа не обратиле никакво внимание.

На крајот, кога се во прашање доктори, постои уште еден фактор кој влијае на замаглување на појавата “средба со смртта” (лаици вообичаено претпоставуваат дека докторите би морале да знаат повеќе и пред останатите за тие доживувања). Во текот на докторските студирања константно се нагласува дека тие се должни внимателно да ги примаат сите искажувања на пациентот околу својата состојба. Изучуваат да ги согледуваат “објективните знаци” на болеста но и да бидат неповерливи према субјективните изјави (симптоми) на пациентот. Така и треба да работат, и тоа затоа што со објективните по лесно се работи. Но ваков став има и негативни последици. Доживувањето “средба со смртта” останува за докторите скриено, бидејќи многу малку доктори го испрашуваат пациентот, кои само што се повратиле во живот (реанимирање), за неговата состојба, осеќања и видувања додека бил отсутен од животот. Претпоставувам дека само поради таквиот став на докторите, кои би теоретски требало да бидат оние кои ќе го откријат најпрвин доживувањето “средба со смртта”, но спротивно на тоа, за таквите доживувања останатите луѓе побрзо дознаваат од нив.

18. Дали целиот поим живот после смртта е последица на желба ?

Би можеле да утврдиме кај повеќето од нас желбата за живеење и после смртта и врз основа на тоа да се “докаже” за постоење на животот после смртта, гледајќи со потценување. Таквите тврдења прилично се чести, но нас ништо не не спречува да го тврдиме и спротивното. Нешто да постои што повеќето од нас го сакаат, неможе со самото тоа да се гледа како резултат на доказ ниту на протодоказ за тоа постоење.

William James за тоа добро се изразил кога кажал дека во верските прашања, кои не подлежат на емпирските докази, ниту најмалку е разумно да се потикнува нешто од страв дека ќе погрешиме отколку тоа исто да го признаеме во надеж дека ќе бидеме во право.

Како знаете дека луѓето не ве лажат ?

Оние кои ги слушале и посматрале луѓето кои зборуваат за своите доживувања “средба со смртта“ лесно можат да забележат и да утврдат дека тие нивни изјави се шпекулации и лажни. Мислам дека и самиот јас, многу од тие изјави сум ги особно слушал, во едноставна положба. Среќавав луѓе зрели, емоционално стабилни луѓе – и мажи и жени – потресени и во плач зборуваат за случката која ја виделе пред неколку децении. Во нивните гласови ја откривав искреноста, топлината и чувството, кои не би можеле да се пренесат со пишани зборови. Поради тоа во никој случај не можам да ја прифатам мислата дека тие изјави се измислени. Некои, се разбира, не морат да ми веруват на моите зборови.
Сепак, мислам дека секое зрело размислување би требало да се бори за хипотезата на измисленост. Особено најтешко е да се објасне меѓусебната сличност на таквите изјави. Како е можно голем број на луѓе од различни краеви на земјата, со различен јазик и култура да измислат иста лага опишувајќи ја слично и тоа во различно време од неколку години и децении?! Со договарање ли?! Сепак, таква можност тешко може да се прифати како вероватна.

Ако тие луѓе не лажат, можеби она што им се случило погрешно го интерпретираат, зарем не би било можно тие со тек на годините својата прикаска да ја дотеруваат ?

Оваа прашање укажува на познатата психолошка појава. Некој, на пример, секогаш од почеток го прераскажува едноставното доживување или случка и во секое ново прераскажување додава нови детали во кои на крајот и самиот се убедува. Прикаската постанува со тек на времето се подотерана, и последната верзија толку е дотерана што малку личи на оригиналот. Не верувам дека тој механизам значајно влиаел на случувањата кои се проучувани. Пред се’, изјавите на особите на кои им е направено интервју непосредно после доживеаното се од исти тип како и описот за доживувањето кое се случило пред неколку десетици години. Понатака, во неколку средби луѓе со кои сум направил интервју го запишале веднаш своето доживување. Додека му правев интервју, ми ги читаа своите белешки. Тие опишувања воопшто не се разликуваат од опишувањето по сеќавање (бидејќи од случката изминало неколку години). Треба да се земе во обзир, вели dr.Raymond Moody, Jr., дека најчесто бев прва или втора особа на која доживувањето е опишано, па и тогаш, кога случките се доживеале пред неколку години. Мислам дека во такви случувања малку може да има прилика за дотерување, или не било, тие изјавувања во целост ниту најмалку не се разликуваат од изјавите кои со години се прераскажуваат повеќе пати. На крајот, исто така е можно во некои случаи не само што не е дошло до дотерување туку, повеќе пати, до заборавање на детали. Менталниот механизам во кој чиниме свесен напор да би се надвладеале и од себе и од други сме ги сокриле несаканите сеќавања, чувтствата и мислите, психијатрите ги нарекуваат “потиснување“. Некои делови од известувањето за доживување “средба со смртта“ укажуваат на тоа дека дошло до потиснување. Една жена, чие опишување за смртта ми се чинеше многу дотерано, ми рече: “Имам чувство дека имаше уште многу нешто, дека тоа не е се’, но неможам да се сетам. Се обидов тоа да го потиснам бидејќи знаев дека луѓето нема да ми веруваат.“

Човек кој во виетнамската војна бил ранет во срце и чие срце за време на операцијата престанало да отчукува, ми повери дека со своето доживување “надвор од телото” не може емоционално да се помири:

“Кога почнувам да зборувам за тоа, грлото почнува да ме гуши… чувствувам дека имаше повеќе од тоа но неможам на се’ да се сетам. Се обидував се’ да заборавам.”
Накратко, ми се чини дека со прилична сигурност можеме да тврдиме дека во развитокот на опишаното доживување не доаѓало до значајни дотерувања.

“Умрев и подоцна оживеав, но на такво нешто не се сеќавам. Можеби со мене нешто не е во ред ?”

Повеќе луѓе се искажале со слична загриженост. Разговарано е со повеќе луѓе кои преживеале клиничка смрт но на ништо не се сеќаваат.

Помеѓу луѓето кои, додека “умирале”, имале доживувања и оние кои немале не се забележани никакви разлики. Тие не се разликувале ниту по верскo воспитување, ниту по карактерот ниту по ученоста или причината за “смрт.”

Се прашувам, дали тие луѓе не потиснуват или ништо не се сеќаваат на такво сознание за себе, дали тие сепак, можеби нешто што го доживеале, нивната свест од една или друга причина се обидува да го заборави.

По секоја цена би сакал да избегнам од мојата листа на вообичаени елементи и таа да постане фиксен сеопфатен модел на доживување “средба со смртта.” Спектарот на доживување е голем – некои луѓе доживуваат само по нешто од него а некои речиси се’.

Велите дека има луѓе кои од својата клиничка смрт не извлекуваат никакви искуства. Можете ли да ни наведете процент на луѓе кои извлекле такви искуства ?

Мојот начин на проучување, ни вели dr. Raymond Moody Jr., не дава темелна основа преку која може да се проценува. Начинот на доживување кој сум го проучувал се состои од искуства на луѓе кои такви ги доживеале. Благодарејќи на природата за предметот кој го изучувам, вероватно ќе имам и други средби на луѓе кои своите искуства ќе ми ги опишат, а и оние кои преживеале клиничка смрт а ништо не се сеќаваат.

Слични прашања често пати ми се поставувани и за поединечни елементи од доживувањето на “средба со смртта.” Луѓе напр. прашуваат колку проценти од умрените поминуваат низ тунелот, (погледни во заглавието – Битие создадено од светлина) итн. Тоа не сум се обидел да го рачунам. Прво, поради тоа што неможам да бидам сигурен дека некој кој ми го определува таквиот елемент на опишување и самиот не го доживеал. Можеби го заборавил, а можеби не сакал да го спомне. Друго, не сум сакал да собирам бројчани податоци кои сигурно би се нарекле псевдонаука.

Не би било тешко книга да се исполни со бројки, графикони и табели кои би покажувале некакви проценти. Моето пребарување не е случајно, а “испитувањето” не е водено под контрола на науката, таквите графикони и табели само би не залажале и интервјуата не би имале никаква научна вредност.

Од научно гледање можеме да дадеме задоволителен одговор единствено на прашањето на идните истражувања од оваа врста. За тоа повеќе и подробно ќе се зборува во податоците. Во некоја од болниците напр. би могле под контрола на науката да се испитат 250 случаеви по успешна кардиопулмонарна реанимација. По кое би се утврдил некаков баран процент.

Дали сите тие луѓе пред доживувањето биле религиозни ? Ако биле, дали на нивното искуство влиаела нивната вера и воспитување ?

Тоа донекаде е вистина. Како што и порано спомнав, опишувањето на битието создадено од светлина меѓусебно се идентични, но уочливо е дека идентитетот на битието е израз на верското воспитување. Во текот на истражувањето од никого не е изјавено што може да се однесува на рај и пекол. Впрочем спротивно на тоа, многумина од нив нагласиле дека нивните доживувања не биле ниту најмалку на лик на она што према своето верско воспитување го очекувале.

Жена која “умрела” изјавува: “Секогаш слушав дека кога умирате го гледате небото и пеколот, но јас не видов ни едно ниту друго.” Една друга жена на која вон-телесното доживување и било последица од тешко ранување, па вели: “Чудно е тоа што од секогаш ме учеле дека во моментот кога ќе умирам ќе се најдам пред прекрасни бисерни врати. Но јас бев над сопственото матрејално тело, и тоа беше се’. Се’ запрепастив.”

Во голем број испитаници, изјави дале луѓе без религиозни определби и религиозни воспитувања, а нивните опишувања по својата содржина ниту најмалку не се разликувале од опишувањата кои ги изјавиле луѓе со цврста вера. Во неколку случаеви луѓе кои ја отврлиле религијата после ова доживување повторно се здобиле со подлабоки верски осеќања. Некои изјавиле дека до тогаш неправилно ги разбирале религиозните опишувања, како например во Библијата, иако ја читале.

Дали во поглед на овие појави сте наиделе на разлики помеѓу мажи и жени ?

Изгледа дека разлики не постојат ниту во содржината ниту во типот на доживувањето. И мажите и жените го опишувале вообичаено доживувањето “средба со смртта” и не постои посебен елемент кој би се често појавувал во изјавите на мажите од изјавите на жените.

Сепак, кога се во прашање испитаните, помеѓу мажите и жените постои разлика. Во целина гледано, жените по слободно за тоа зборуваат отколку мажите. Меѓу оние кои накратко ми ги опишале своите доживувања од кои повеќе се мажи отколку жени, но не сакаа да навлегуваат во подродбности. Повеќе мажи од жени изјавиле: “Се обидов тоа да го заборавам или да го потиснам”, мислејќи при тоа дека ако го опишувам ќе бидам исмејуван. Понекогаш од нивните изјави би могло да се виде емоција која влијае врз нивното опишување.

Неможам тоа да го објаснам, тоа го забележале и други кои и го потврдиле. Трипати повеќе жените отколку мажите зборуваат за своите душевни искуства.
Интересно е дека слични доживувања се појавуваат за време на бременоста и тоа многу почести отколку би очекувале. И пак неможе да се објасне. Можеби причината е во тоа што бременоста сама по себе донекаде е ризична физиолошка состојба во која секогаш може да дојде до компликации. А тоа, бидејќи се случува само кај жените кои раѓаат деца и тие за душевните свои искуства повеќе се спремни да зборуваат отколку мажите.

Имам сознание дека после пет минути реанимација е неможна. Но вие тврдите дека некои од вашите испитаници биле “мртви” и по дваесет минути. Како е тоа можно?

Поголема бројка и големина која се употребува во медецината е средна вредност, просеци, и не треба тие да се земаат за апсолутни. Големината од пет минути во која така често го слушаме е просекот. Клиничко правило е палецот (слично на правилото од старо римско доба), односно времето за обид на реанимација престанува после пет минути, бидејќи во тоа временско случување кај повеќето дошло до оштетување на мозокот поради недостаток на кислород. Сепак, кога веќе се работи за просек, треба да се очекува дека постојат индивидуални случувања кои се исклучуваат од просекот. Потврдено е, а и во кое сум се уверил дека реанимиран пациент после дваесет минути не дошло до оштетување на мозокот.

Како дошло до неоштетување на мозокот?

Треба најнапред да се изнесат неколку утврдени нешта. Пред се’, за време на процедурата на реанимацијата крвта протекува низ мозокот и го освежува со кислород и храна. Тоа е улогата на с’ржната масажа. Благодарејќи на нејзе, крвта и понатака протекува иако срцето повеќе не отчукува (само од себе).

Во таа брзина на оштетување на мозокот делуваат различни промени како што е на пример, температурата. Мозокот на човекот, кој пред смртта имал температура 40’Ц ќе се оштети повеќе и побрзо од мозокот на човекот чија телесна температура ја симнале. За време на операција, како што е на пр. операција на срце, срцето на човекот се стопира на подолг временски период, крвта повеќе не го напојува мозокот, но до неговите оштетувања сепак не доаѓа. Тоа ја овозможува употребата на хипотермичка техника; температурата на мозокот моментално е намалена.

И така, иако според некои докажувања дека реанимацијата после пет минути од недостаток на кислород доаѓа до последица на оштетување на мозокот, морам да изјавам дека тоа е само некое правило. Во увидот на сложени обиди на реанимација треба да се земат во обзир сите можни фактори. Озбилните оштетување на мозокот не се на пр. вообичаени кај пациенти кои се реанимирале после срцевиот удар.

Од досега кажаното се гледа дека доживувањата “на прагот до смртта” во наше време се многу почести благодарејќи на развојот на техниката за реанимација. Дали постоела реанимација и пред појавата на современата модерна медецина ?

Самата реанимација и во едниот и во другиот вид е древна техника. Плочките на Фениќаните стари неколку иљади години ја опишуваат техниката на реанимација преку дишење уста на уста.

А во Библијата го наоѓаме оваа занимливо опишување во Четврта книга Царства: 4: 18-37” …Детето порасна и еден ден отиде кај татка си, при жетварите. И му кажа на татка си: Главата, главата ме боли. А тој му рече на слугата свој: Одведи го кај мајка му! Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре. Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе, па го повика мажот свој и рече: Испрати ми еден од слугите и една од ослиците; ќе одам кај Божјиот човек и ќе се вратам. А тој ја праша: Зошто ќе одиш при него? Денес не е нов месец, не е ни сабота. Но таа рече: Добро е. И ја оседла ослицата и му кажа на слугата свој: Води и врви; не запирај додека не ти кажам. И тргнаа и дојдоа при Божјиот човек, на гората Кармил. А кога Божјиот човек ја виде оддалеку, му кажа на слугата свој Гиезија: Еве ја онаа Сонамка; отрчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето? – Таа одговори: Здрави сме. А кога дојде при Божјиот човек на гората, се фати за нозете негови. И Гиезиј се доближи, за да отстрани; но Божјиот човек рече: Остави ја, душата и е огорчена, а Господ сокри од мене и не ми јави. И таа рече: Барав ли јас од мојот господар син? Не зборував ли: немој да ме лажеш? Тој тогаш му рече на Гиезија: Опаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето! А мајката на детето рече: Жив Господ и жива ти душата! Нема да те оставам. Тогаш и тој стана и тргна по неа. Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не се чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: Детето не се разбудува. И Јелисеј влезе во куќата, и ете, умрено дете лежи на леглото негово. И влезе, ја затвори вратата зад себе и му се помолу на Господа; потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа. Јелисеј стана и почна да оди по собата натаму-наваму; потоа пак се качи врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои. И тој го повика Гиезија и му рече: Повикај ја Сонамката! И тој ја повика. Таа дојде при него, и тој рече: Земи си го синот свој! Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе…..”

Во слична форма го гледаме опишувањето и во Третата книга Царства 17: 17-23 “…Потоа се разболе синот на таа жена, на домаќинката, и болеста негова беше толку силна, што тој неможеше да диши. Тогаш таа му рече на Илија: Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој. А тој одговори: Дај ми го синот твој. И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше, и го положи на леглото свое; па повика кон Господа и рече: Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, при која живеам ќе и’ направиш зло, погубувајќи и’ го синот нејзин? И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господа и рече: Господи, Боже мој! Нека се врати душата на оваа момче во него! И Господ го чу гласот на Илија, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе. Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, и го предаде на мајка му и рече: Еве син ти е жив !…..”

Интересни се и двете опишувања, особено податокот за детето, кога оживеало кивнало. Кај многу народи постои верување дека кивањето е знак дека душата се вратила во телото која накратко го напуштила. Овој необичен податок сигурно е одраз на тоа верување.

19. Дали доживувањата кои се проучувани се поврзуваат со реинкарнација ?

Ниту еден од случувањата кои се наведени и испитани луѓе не укажуваат на постоење на реинкарнација.

Може ли да се случи, луѓе кои го доживеале онаа што е опишано и без умирање, дури ако и смртта не им се приближи ?

Изгледа дека може. Има многу кажувања на луѓе кои спонтано се нашле надвор од своето тело. Во тој момент не биле мртви, не биле ниту болни. Истотака, во повеќе искуства ниту пак настојувале тоа да го доживеат, искуството кое го доживеале ги изненадило.

Доживувањата “на прагот до смртта” повеќето се слични на мистичните и религиозни визии какви ги опишувале видовитите од изминатите времиња. Би можело да се цитираат многу сличности, но целта и темата на оваа излагање не е таа, туку случки во кои доаѓале до вистинска средба со смртта.

Кога би се поставило прашање, како би се објасниле овие сличности и при тоа би се допуштиле најфантастичните претпоставки, би можеле да се смислат безброј можни објаснувања. Да ја земеме хипотезата дека животот после телесната смрт без прекинување продолжува. Ако е така, тогаш мора да постои механизам – телесен, душевен или и едно и друго – кој после телесната смрт ја ослободува душатам од телото. Не можеме да претпоставиме дека нашето тело совршено функционира. Органите во нашето тело понекогаш откажуваат, а разумот и перцепцијата да не одведат на погрешен пат. Аналогно на тоа треба да претпоставиме дека ниту тој хипотетички механизам за ослободување на душата од телото секогаш неможе да работи совршено. Зарем не се ослободува прерано тој механизам, поради некои ситуации – стрес и сл.? Кога би било тоа вистина, би имале објаснување за сличноста помеѓу доживувањата “на прагот до смртта” и боравење надвор од телото до кое дошло поради различни, други причини. Со тоа би се можело да се објасни дека оние кои ќе се најдат во животна опасна состојба, без да бидат повредени, имаат идентични искуства како и оние кои преживеале клиничка смрт.

Кога веќе се споредува сличноста на мистичните визии со доживувањата “на прагот до смртта”, кои им се додирните точки?

Изгледа дека одреден број на луѓе мислат дека “мистицизмот” е синоним за “ориентални мистицизам”. Меѓутоа, и западната традиција има долга историја на мистички визии, како Јованка Орлеанка и многу други како нејзе. Во позната студија за различноста од религиозните искуства на William James на овој начин се набројуваат карактеристиките на мистичните визии:

1.Неможност на искажување со зборови. – Таквата состојба најлесно може да се одреди на едната од неговите негативни карактеристики. Оној кој го доживеал возбудено изјавува дека доживеаното е неискажливо – сето тоа што го видел и доживеал не може да се искаже со зборови.

2.Увереност на квалитетот. – Изгледа дека оној кој ја преживеал мистичната состојба научил нешто специфично. Тоа е состојба во која се распознава длабока вистина и во која природниот дух не може да го прифати.

3.Преодност. – Во мистичната состојба не може да се биде долго време. Освен во многу ретки случаеви, половина час а најповеќе еден час или два кое е граница што после нејзе доживувањето избледува.

4.Пасивност. – Во состојбата на отсутност од телото душата осеќа дека нејзината волја е во рацете на виша сила. По враќањето кај особата остава трајно сеќавање и длабока свесност за важноста од панорамската ретроспектива на доживеаното. Што делува во целост менување на внатрешниот живот.

Дали изјавуваат луѓето дека за време на доживувањето “на прагот до смртта” е изменет осетот на времето?

Изјавата дека за време на доживувањето “на прагот до смртта” чувството за менување на времето е вообичаено. Тоа особено се подвлекува во примедбата на жената која за време на клиничката смрт се нашла во “рајот.” Кога била прашана – колку време тоа траело, таа рекла: “Би можело да се каже една минута, а би могло да се каже и десет иљади години. Впрочем тоа е сеедно.”

Некој човек на кого експлозија и оган му го препречиле излезот, лебдел над своето тело и ги видел оние кои дотрчале да го спасат. Изјавил дека во тој момент неговата матрејална околина потполно исчезнала, а му се прикажала ретроспектива на неговиот живот. Тој го “разгледувал” во присуство на “Христос.” На прашањето колку време траело тоа “разгледување”, одговорил: кога би се мерило по нашите мерила – траеше не помалку од еден час. Но кога се вратил во својата материјална околина му се видело дека движењето од оние кои го спасувале застанала во положбата во која и биле тогаш кога и ретроспективата почнала. По враќањето во своето тело акцијата се убрзала.

Овие и многу други примери илустрираат како за време на доживувањето “на прагот до смртта” према зборовите на еден изјавувач, “времето таму не е како времето тука.” Ова е уште една додирна точка помеѓу искуствата “на прагот до смртта” и мистичната визија.

Некои од испитаните изјавиле дека стекнале уверување како способноста на љубов и стекнато знаење се најважни во животот!

И “љубов” и “знаење” и во англискиот и во македонскиот јазик имаат повеќе значење. На пример: грчкиот filos, eros и agape изразуваат различни појмови, и во превод на англиски како и на македонски јазик се преведуваат со “љубов.”
Истотака на грчки зборовите: episteme (теоретско знаење – со докази) и tehne (технологија, техника) имаат различно значење, кои истотака во англискиот и македонскиот јазик ги преведуваме со знаење.

На една од средбите еден од испитаниците кој бил замолен да објасни за каква “љубов и знаење” станува збор. Човекот во својата четириесет годишна возраст доживеал автомобилска несреќа и бил однесен во болница, каде неговиот случај бил прогласен за безнадежен. Сепак останал жив. Еден месец покасно, во интервју изјавил:

“(За љубовта). Тогаш ме праша за љуботва. Колку сум за тоа способен. Сега ми е тешко да објаснам, но тогаш ми беше се’ јасно. Ме праша дали сум способен за љубов кој не ги понижува луѓето. Тоа е врста на љубов со која сакаме и кога добро некого го познаваме и знаејќи ги неговите недостатоци.”

“(За верата- знаењето). Тошко е да се каже за каква врста знаење или верување станува збор. Ми беше речено дека и таму преку ќе биде важно знаењето односно верувањето за некои основни познавања, за причината на некои нешта, за основни универзални принципи …. за она што вселената го држи за себе на едно место.“
Следната степеница е земена од интервјуто со триесетгодишната куќна помошничка чие срце престанало да работи после операцијата.

“(За љубовта). Ми покажа се што сум направила, а потоа ме праша дали сум задоволна од својот живот …. Љубовта му беше многу важна, мислеше на врста љубов преку која ќе посакам да дознам дали соседот е сит, облечен и ако нее како да му се помогне да биде.”

“(За верата – знаењето). За верата – знаењето, за кое ми зборуваше беше за некакво длабоко познаење во верата. Тоа знаење беше на некој начин во врска со душата ….би рекла, мудрост.”

Од овие две изјави јасно се гледа дека љубовта е најважната цел која треба да биде (во ова, и двајцата испитаници се увериле додека биле сведоци на ретроспективата од својот живот). Кога, битието создадено од светлост ја спомнувало верата- знаењето, изгледало така едноставно како да е дел од живеењето на секого. Од неговите пораки се гледа дека верата – знаењето е процес која не престанува со смртта, туку продолжува и во другиот свет.

Треба да се има во предвид дека сите испитаници кога зборуваат околу ова тема изјавуваат дека немаат зборови истото да го објаснат. Да би во потполност опишале се’ што доживеале, би им требало јазик кој ќе ги надмине нивните способности. Зборови кои ќе се согласуваат на неадекватноста – едноставно вистини кои не можат да се искажат со зборови.

Дали луѓето чувствуваат за време на доживувањето “на прагот до смртта” болка додека се надвор од телото ?

Многумина изјавиле дека престанале да чувствуваат болка откако излегле од своето тело, иако само пред малку време трпеле неиздржливи болки. Некои со вчудоневидени посматрале како докторите и останатите медицински особи удираат по неговиот граден кош, бодејќи им игли во рацете и тн., но не чувствувале ништо па ниту болки. Болот би се повратил штом ќе се вратат во телото.

Можете ли да ни кажете, каков е ставот на докторите према овие појави ?

Докторите се најразноличен збир на луѓе. Имаат различни интереси, со различни карактери а и потекнуваат од различни друштвени средини. Према тоа, и нивното реагирање е најразлично. Да би ја олесниле дискусијата, ќе ги класифицираме во четири категории.

Првата група се состои од доктори кои и самите тоа го доживеале. Нивниот став према доживувањето “на прагот до смртта” ниту најмалку се разликува од ставот на испитаниците. Единствено што се пожалиле било тоа дека за време на студирањето никој не ги оспособил за такви случувања. Ниту една наука не ги предупредила за таквото доживување, така да, при вистинската стварност со што се сретнале, не наоѓале зборови со кои би го објасниле настанот. При контактирањето со еден доктор за неговиот став, а во врска сопственото доживување (излегување од своето тело), одговорил: “како доктор бев убеден дека такво нешто не може да се случи.”

Втора група се состои од доктори кои опишале искуства на свои пациенти. Некои од нив изјавиле дека и самите собираат такви изјави на доживувања. Изјавуваат дека таквите случувања многу ги изненадило и дека им е мило што и некои други го проучуваат тоа подрачје.

Трета група на доктори према овие појави го усвоила верскиот став. Нив им се чини дека доживувањето “на прагот до смртта” се потврдува нивната лична вера во задгробниот живот.

Четврта група се состои од доктори кои сметаат дека доживувањето “на прагот до смртта” можат да го редуцираат на веќе познатите медицински феномени. Кратко речено, тие мислат дека таквите искуства “на прагот до смртт” можат да го објаснат со помош на она што во физиологијата или во психологијата веќе е познато.

Дали сите тие луѓе сигурно биле мртви ?

Тоа е прашање од семантичка природа. Треба најнапред да се одреди што значи зборот “мртов.” Значењето на зборот “мртов” предизвикува донекаде забуна и потешкотија. Како што покажуваа некои претходни дискусии во трансплантација на орган, поимот “смрт” далеку е од тоа да биде дефиниран ( па дури и помеѓу професионалците во медецината). Критеријумот во кој некој се прогласува за мртов се различни за лаикот и за докторот, па и повеќе од тоа се различни и помеѓу доктор од доктор. Може да се случи и две болници да дадат различен критериум. Гледаме дека одговорот на тоа прашање зависи во тоа што се подразбира под зборот “мртов.” Мислам дека ќе биде најкорисно редоследно да проследиме три дефиниции:

1.Смрт, утврдување преку некои витални знакови кои можат клинички да се откријат.

Некои сметаат дека човекот е “мртов” штом срцето престане да му отчукува, штом ќе престане да дише, крвниот притисок толку му паѓа што тој неможе повеќе да се мери, штом зениците во очите ќе му се рашират, телесната температура ќе почне да му паѓа итн. Тоа е клиничката дефиниција на смртта со која стотици години се служеле и докторите и лаиците. Повеќето досега умрени луѓе се прогласени мртви према тие критериуми.

Покрај се’ е сигурно дека во тие случувања кои се и испитани сите клинички стандарди биле задоволени. Сведоштвото на докторите и различноста на констатацијата се подудираат со тврдењето дека “смртта” во таа смисла настапила.

2.Смрт, прекин на мозочна активност.

Напредокот на технологијата донесе прецизни техники за откривање и мерење на биолошките процеси. Со помош на тие техники може да се откријат и оние процеси кои самите недозволуваат дирекно да се уочат. Една од тие нови техники е и мерењето на електричните активности на мозокот со помош на електроенцефалограф (ЕЕГ). Електроенцефалографот е апарат кој ги појачува и ги бележи и најситните промени во електричните потенцијали на мозокот. До неодамна било вообичаено откако ќе престанат електричните активности на мозокот се утврдувало како знак за сигурна смрт. Знакот за тоа било “права” линија на електроенцефалографот.

Очигледно е дека во сите случаеви на реанимација кои се опфатени, поради смртната опасност морало итно да се интервенира. За вклучување на електроенцефалограф немало време. Докторите биле зафатени со враќање на пациентот во живот. Ако ова се земе во обзир, можеме да тврдиме дека ниту еден од испитаниците не бил вистински “мртов.”

Но можеме да замислиме и друга ситуација. Да претпоставиме дека за миг за многу особи за кои се мислело дека се мртви електроенцефалографот покажал права линија ЕЕГ-а. Тоа се особите кои покасно се реанимирани. Од каква корист би ни бил тој податок ? Не баш од голема ! Прво, реанимацијата секогаш е брза и трае најмногу до триесет минути. И најискусниот техничар под оптимални услови би му требало одредено време да би ЕЕГ – то правилно да го прочита. Голема вероватност е во растрчаноста која ги прати вообичаено итните случувања во кои многу се грешело. Па кога изјавите од лицата кои ни го опишуваат доживувањето “на прагот до смртта” би можеле да ја приложат и правата линија на ЕЕГ-то, секогаш некој критичар – со право – би можел да даде приговор дека линијата на ЕЕГ-то не мора да биде веродостојна.

Друго, и тогаш кога совршено и правилно е поставен апаратот за мерење не е непогрешив и не ни овозможува да одредиме дали реанимацијата е можна или не. Правата линија на ЕЕГ е добиена и кај особи кои покасно се реанимирале. Таа појава може да била предизвикана и од прекумерна доза на лекови кои го депресираат централниот нервен систем, како хипотермија (ниска телесна температура).

Трето, и кога би можел да ви наведам случај на кој сигурно дека апаратот бил правилно применет, проблемот не би бил решен. Објаснувањето се сведува во тоа што доживувањето “на прагот до смртта” е доживеан точно во времето додека линијата на ЕЕГ-то се провлекувала во права, а не пред или покасно. Од тоа може слободно да се заклучи дека во таа фаза на испитување со ЕЕГ не е одлучна.

3.Смрт, како иреверзибилно (неповратно) губење на витални органи!

Некои посакуваат уште по прецизна дефиниција за смртта. Тие неможат да сватат и не се согласуваат со тоа дека било кој од оние кои биле реанимирани биле мртви. Ниту долгиот временски период во кој “мртвите” не покажуваат никаков знак на живот и на кои линијата нивна на ЕЕГ-то била рамна не можело нив и во тоа да ги увери. Со други зборови, “смртта” е таква состојба на телото од која оживувањето е невозможно. Очигледно дека ниту еден од претходните случаеви не би го задоволил тој критериум.

Видовме дека одговорот на ова прашање зависи од тоа што мислиме и како го објаснуваме самиот збор “смрт.” Секоја од овие три дефиниции на свој начин е вредна, но сепак оваа расправа е од семантичка природа. Самиот би се донекаде сложил со третата, најтесна дефиниција за смртта, и тоа поради тоа што дури и во оние случаеви во кои срцето чукало подолго време како телесен орган, во тој случај на мозокот не би требало да има недостаток на кислород и храна. Не треба да се претпоставува дека во било кој од тие случаеви е прекршен некој биолошки или физиолошки закон. Да би реанимацијата успеала, морало во телесните станици да се одвива барем некаква резидуална биолошка активност. До денес со познатите методи не можат да се откријат знакови на такви активности. Засега изгледа дека е невозможно точно да се утврди од која точка нема повеќе враќање. Вероватно тоа и не е некоја фиксна точка туку нешто што зависи од поединецот (движејќи се кон одреден распон). Иднината вероватно ќе ја донесе техниката преку која ќе се овозможи оживување на луѓето кои денес неможат да бидат спасени.

Да претпоставиме дека смртта е одвојување на душата од телото и дека душата во часот на смртта преоѓа во друго царство на постоење!

Поради тоа би следело, дека би требало да постои и механизам кој ја осободува душата од телото. Но неможеме да претпоставиме дека тој механизам стрикно би се покорувал донекаде на произволните правила према кои ние веќе сме им одредиле точка од која повеќе никој не се враќа. Освен тоа, не смееме да претпоставиме дека тој механизам секогаш совршено ќе работи, исто како што не можеме да тврдиме за било кој телесен систем. Може да се случи тој механизам да проработи пред некоја физиолошка криза и на некои да им овозможи да моментално ја видат другата стварност. Тоа би ги објасниле изјавите на луѓето кои ја виделе ретроспективата на својот живот или кои излегле од своето тело во моментот кога биле сигурни дека ќе бидат убиени (или и тогаш кога дошло до телесни повреди).

Тоа што сакам да го кажам е следното: било каде да биде точката од која веќе нема враќање во живот ( како што тоа се мислело во минатото, како се мисли денес и како ќе се мисли во иднина ), оние со кои е разговарно се приближиле до таа точка повеќе отколку многумина. И затоа мораме внимателно да ги ислушаме нивните изјави.

Накрајот, во контекстот на оваа расправа, покрај се’ не е потребно да се двомислиме околу точната дефиниција на смртта – иреверзибилни или некои други. Она што го има на ум оној кој приговара е нешто што е основно. Тој резонира дека, се додека е во тело постои можност на резидуална биолошка активност, таа активност може да се објасне преку доживувањето “на прагот до смртта” или да биде негова причина.

И порано се дозволи претпоставка дека во сите случувања морало да има некаква резидуална биолошка активност. Така да прашањето, дали навистина дошло до “вистинска” смрт, се редуцира на основни прашања, дали вакви доживувања можат да се објаснат со резидуална биолошка активност. Со други зборови: не ли се можни и други објаснувања, во кои ќе биде тема животот после смртта ?

Тоа прашање не воведува во предметот на следното поглавје.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

11. МОЖНИ ОБЈАСНУВАЊА

Само по себе се подразбира дека постојат алтернативни објаснувања “на прагот до смртта.” Од чисто филозофско гледиште, за секое доживување, разгледувајќи или расчленувајќи го би можело да се конструират безброј хипотези на објаснување. Со други зборови, би можеле во бесконечност да изнаоѓаме секогаш нови можни објаснувања за се’ што сакаме да објасниме.

Помеѓу многу теоретски објаснувања, некои од слушателите често предлагале и тумачење. Сега би се позабавил со некои од тие вообичаени тумачења и со едно кое никогаш не било предложено но би можело да биде. Би ги поделиле на три групи: натприродна, природообјаснива и психолошка.

Натприродно објаснување

Слушателите понекогаш (многу ретко) предлагаат објаснување во кои некоја улога би играле натприродни битиа, демони или слично. Обидите на таквото тумачење дека доживувањата “на прагот до смртта” било последица од влијание на непријателски сили, биле многу ретки. Како одговор на евентуално и такви објаснувања, може да се каже само следново: Мислам дека најдобар начин да се разликува дали таквото доживување се створило под влијание на “доброто битие”, односно Бога или ѓаволот, треба повторно со внимание да се ислуша она што испитаникот го кажува после доживувањето. Претпоставувам дека натприродното добро битие или Бог се обидел да го поттикне човекот на љубов и милост, додека ѓаволот со сигурност би сакал да не поведе по патот на омразата и уништувањето. Сите испитаници се “вратиле” со силна изразена желба да го следат тој прав пат, а не оној другиот.

Природо-објасниво објаснување:

1.Фармаколошко објаснување

Некои укажуваат дека доживувањето “на прагот до смртта” би можело да се предизвика од лековите кои ги прима пациентот во моментот на кризата. Површинска увереност на таквото сваќање произлегува од неколку причини. Повеќе доктори и нестручни особи се слагаат со тоа дека одредена дрога предизвикува лажна и халуцинаторна ментална состојба. Понатака, јавноста денес на големо се бави со проблемот на наркоманијата и нејзиното незаконито употребување, како што се ЛСД, марихуаната и др. Изгледа дека тие дроги предизвикуваат халуцинаторна состојба. На крајот, се мисли дека и делувањето на многу медицински прифатени дроги можат да наликуваат на појавата како што се оние при доживувањето на смртта. Кетамин на пр. е лек чии пропратни ефекти во некои видови е сличен на доживувањето надвор од телото. Тој е “дисоцијативен” анастетик, а именуван е така бидејќи на пациентот на кого му се дава постанува нечуствителен на бол и на околината воопшто. Чувствува како да е одвоен од околината, па дури и од деловите на своето тело – нозе, раце итн. Кога ќе се опорави, сеуште се чувствува помалку психички пореметен, може да има халуцинации и многу живописни сонови. Има неколку изјави кои ги дале луѓе што биле под влијание на анастезија а имале визија на смртта од халуцинаторен тип.

Еве еден таков пример:

“Тоа ми се случи кога бев млада тинеџерка. Бев на забар. Седев на забарскиот стол и забарот ми даде дишни кислород. Со сомнеж го земав бидејќи мислев дека никогаш нема да се пробудам. Кога анастезијата престана да делува, почувствував како се вртам околу некаква пружина. Тоа не беше кружно вртење – ми се чинеше како забарскиот стол по спирала да се издига се’ повисоко.

Се’ беше светло и бело, а кога стигнав на врвот од спиралата, слегнаа ангели да ме поздрават и ме повикуваа во рајот. Употребувам множина “ангели“ бидејќи се беше во магла, но сигурна сум дека беа неколку.

Ги видов, како забарот и сестрата разговараат за некое трето лице, но кога би ја завршиле реченицата, јас не би можела да се сетам на нејзиниот почеток. Но знаев дека разговараат, а зборовите им одзвонуваа наоколу. Ми се чинеше дека звукот доаѓа од некоја голема далечина како што тоа се случува во ридовите. Се сеќавам дека ми се чинеше како да ги слушам одозгора – од висина, бидејќи и самата се чувствував дека сум на висина издигнувајќи се во небото.

Освен тоа, се сеќавам уште дека не се плашев од смртта. Во таа состојба на својот живот, се плашев само од пеколот, но кога веќе тоа се случи бев уверена дека ќе влезам во рајот. Покасно се чудев зошто помислата од смрт не ме вознемири, но на крајот ми стана јасно, додека сум била под анастезија, не ме вознемируваше ама баш ништо. Се’ беше така безгрижно и радосно, макар нејасно и замаглено. Покасно за тоа не размислував.“

Уочливо е дека помеѓу ова доживување и доживувањето на испитаниците “на прагот до смртта” има некаква сличност. Таа жена опишува за сјајно бело светло, средба со оние кои требало да ја пренесат преку, потоа дека немала страв од смрт. Од две места на расказот може да се види за излегување од своето тело: таму каде го опишува разговорот помеѓу забарот и сестрата, од состојбата изнад нив, и таму каде пациентката имала чувство да лебди.

Останатите детали од овој расказ не се типични на доживувањето “на прагот до смртта.” Сјајното бело светло не е персонифицирано, а го нема и неизречениот осет на мир и среќа. Опишувањето на задгробниот живот е многу кревок и како што самата кажува било во склад на нејзиното верско воспитување. Во битиата кои ги сретнала препознава “ангели”, кажува како се искачувала во “рајот” кој бил сместен “горе.” Таа негира дека си го видела своето тело или пак дека била во некој друг облик на тело и свесно го чувствувала забарскиот стол а не нејзиното сопствено движење кој е извор на ротационо издигање. Повеќе пати го нагласувала нејасното доживување, кое очигледно немало влијание врз нејзиното веровање во задгробниот живот (очигледно, се сомнева во постоењето на животот после смртта).

Треба да се спомни и ова:
Oние неколку луѓе кои го опишаа своето доживување кои го имале под влијание на дрога не е ни малку ниту повеќе романтично, маштовито, интелегентно и стабилно од особи кои посведочиле за “вистинско” доживување “на прагот до смртта.” Под дрога поттикнати доживувања се крајно нејасни. И на крајот, такви се објаснувањата кои меѓусебно многу се разликуваат од вистинските “на прагот до смртта.”

2. Физиолошко објаснување

Физиологијата е гранка на биологијата која се бави со функционирање на органите на целиот жив организам и на меѓусебните односи на тие функции. Често пати се појавуваат предлози на физиолошко тумачење на доживувањето “на прагот до смртта.” Се тврди дека за време на клиничката смрт престанува напојување на мозокот со крв, запазената појава мора да биде некоја врста последно компензаторно затајување или умирање на мозокот.

На оваа хипотеза лесно е да и се најде слабата точка. Од анализните изјави што порано ги наведовме гледаме дека многу случувања “на прагот до смртта” се случиле пред да настапи било каков физиолошки стрес. Во неколку случаеви телесни повреди воопште не биле. Према тоа, секој елемент што се појавува во опишувањето на оние кои биле тешко повредени можеме да го најдеме и во оние опишувања на кои воопшто не биле повредени.

3. Неуролошко објаснување

Неурологијата е гранка на медецината која се бави со причините, под диагноза и лекување на болести од нервниот систем (мозочни, кичмени неуро заболувања и нерви). Во извесна неуролошка состојба доаѓа до појава на слични извештаи како и особи кои скоро умреле. Поради тоа некои предлагаат дека доживувањата “на прагот до смртта” да се тумачат како неправилно функционирање на нервниот систем кај човекот кој умира. Да ја споредеме “ретроспективата” животот во кој се доживува умирањето, и неговото напуштање на телото, со некои неуролошки состојби (еве две состојби од доживување “на прагот до смртта.”

На неуролошкиот оддел на една болница сретнав пациент, вели dr. Raymond Moody, Jr. кој ми го опиша необичниот облик на своите напади. За време на тој напад за миг би догледал слики од својот дотогашен живот.

“Тоа за прв пат ми се случуваше, додека ги посматрав пријателите на другата страна од собата. Десната страна на лицето почна да ми се искривува. Одеднаш ми надојдоа мисли и сцени од минатото. Беа потполно такви какви што биле и во тоа време, ги гледав – во живо, тродимензионални и во боја. Осетив потешкотија и бев толку запрепастен така да се обидував да ги одминам. Одтогаш ми се случуваа повеќе напади но веќе на нив се навикнав и сега едноставно само се отпуштам и чекам да одминат. Најслични на тоа би биле филмовите кои за Нова година се прикажуваат на телевизија. Сите случувања што се случиле таа година за миг се појавуваат на екранот, за кои претходно за нив би се размилило и би се уредиле: си велев, ,О, тоа ќе го запаметам!’ и ќе настојам да го зачувам во сеќавање, но веднаш потоа доаѓа друга слика и сето претходно се брише.

Сликите го прикажуваат она што вистински се и случило; без никакви измени. Но откако се’ ќе помине, тешко на било што да се присетам. Некогаш ги гледам истите слики, а некогаш пак не. Кога ќе се појават, се присетувам: и ќе си речам ,О, тоа веќе сум го видел’. Но, откако се’ ќе помине, повторно се заборавам. Не би можел да кажам, дека тоа биле некои важни случувања во мојот живот. Сликите не доаѓаат по некаков ред, па дури и по оној по кој се случувале во животот. Доаѓаат случајно.

Кога ќе ми дојдат слики, сеуште гледам, како и тогаш, што се случуваше околу мене, но вниманието ми е отсутно. Имав осет како да половината мое внимание да управува со сликите, а другата половина онаа што во моментот работам. Луѓе кои ме виделе за време на нападите, кажуваат дека се’ заедно не траело повеќе од една минута, но мене ми се чинеше многу долго.”

Слично помеѓу овој напад, кој вероватно е иритиран од мозокот, и панорамското сеќавање за кое објаснуваа претходните се уочливи. Сликите за време на нападот биле вероватно чисти и тродимензионални, доаѓале спонтано, само по себе. Болниот со ништо не ги поттикнал. Тој нагласува дека за време на нападот му бил пореметен осетот на времето, но ги видел сликите кои поминувале со голема брзина.

Од друга страна, помеѓу ова доживување и доживувањето “на прагот до смртта” постојат уочливи разлики. Сликите на пример, не доаѓале по тој ред по кој се случувале настаните во животот, а не се појавувале и сите заедно во една визија. Тие не биле значајни настани на болниот во животот. Поради тоа по се изгледа дека тие слики немале морална или доказна подлога како и оние на испитаниците. Бидејќи испитаниците велат дека после “ретропспективата” можеле подобро и појасно да се присетат на својот изминат живот, овој болен тврди дека после нападот не можел да се присети на ниту една слика.

“Напуштањето” на телото има своја неуролошка аналогија во таканаречената “автоскопска” халуцинација“ (пациентот се гледа самиот себе). За тоа читачот може да прочита во некои од извадоците на др. N. Lukianowicza, објавени во еден од медицинските билтени “Архива на неурологијата и на психијатријата.” Во чудните аутоскопски визии пациентот ја посматра својата слика во сопствената визуелна појава. Тој е вчудоневиден, кога на одредена оддалеченост, пред себе, ја гледа во “двојник” својата личност со сите свои пократети од своето тело.

Макар ова доживување донекаде е аналогно во порано опишаното во визиите “надвор од телото” меѓусебните разлики се поголеми од меѓусебните сличности. Автоскопскиот приказ е секогаш во живо – понекогаш пациентот мисли дека приказот е многу по жив отколку самиот тој во свесност, но при напуштањето на своето тело луѓето своето тело го гледаат како нешто безживотно, како обична сенка. Пациентот може да “слушне” како двојникот нешто му зборува, како го советува, како го упатува и слично. Во доживувањето “надвор од своето тело” го гледа целото свое тело, додека во автоскопскиот приказ во “двојник” болниот често се гледа до половина или само главата.

Автоскопската копија е многу слична на она што порано го нарековме продуховено тело кое се разликува од материјалното тело. Иако болниот понекогаш го гледа автоскопскиот двојник во боја, повеќе пати изјавуваат дека тој е безбоен и е прозирен како облак од димот. Понекогаш го гледа како едноставно поминува низ затворена врата и слични материјални препреки.

Др. Raymond Moody пишува:
Ќе наведам една изјава во која се опишува автоскопската халуцинација (лично сум ја слушнал). Изјавата е единствена по тоа што од неа гледаме како две особи можат да халуцинират истовремено.

“Пред две години во една летна ноќ, околу единаесет часот пред полноќ, ја возев мојата идна сопруга дома. Ја паркирав колата пред нејзината куќа во многу малку осветлена улица. И двајцата се изненадивме кога подигајќи ги своите глави истовремено ги видовме своите ликови во нормална големина од половината нагоре, како еден до друг седат на гранката од едно големо дрво, кое околу десетина метра се беше свиткало над улицата. Сликите беа темни, непрозирни, слични на силуети. Сепак точно не прикажуваа бидејќи веднаш се препознавме. Ликовите се движеа, но не ги повторуваа нашите покрети – ние само седевме и посматравме. Го видовме следното: Мојот лик имаше во рацете книга и нешто и покажуваше нејзе, покажувајќи на ликот на својата жена. Таа беше се наведнала да би видела подобро.

Додека таму седевме, јас на својата жена и кажував што прават ликовите, а тоа беше впрочем она што таа и го гледаше. Тогаш ги заменивме улогите. Таа мене ми објаснуваше што таа гледа а јас само тоа го потврдував бидејќи и јас истото го гледав.

Така седевме најмалку половина час посматрајќи и коментирајќи го виденото. Претпоставувам дека тоа можеше да трае цела ноќ. Кога се вративме, бидејќи ја испратив жената, ликовите сеуште беа на гранката од дрвото.

Не е можно да сме го виделе својот одраз на ликот преку ветробранското стакло бидејќи тоа беше тргнато од кровот па цело време гледавме низ празен простор – отворен кров. Ниту еден не беше пиел алкохол (не пиеме до денес). Тоа се беше случило три години пред да дознаеме за LSD или за слични дроги. Не бевме ниту заморени, макар беше многу касно, па е исклучена можноста дека сме сонувале. Бевме будни, вчудоневидени, внимателни и возбудени додека ги посматравме тие ликови и за нив разговарајќи.”

Признавам дека автоскопската халуцинација донекаде наликува на појавата напуштање на телото, Сепак, и да се концетрираме само на сличноста и во потполност да ги занемариме разликите, автоскопската халуцинација не би можеле да ја споредиме со доживување на “излегување од телото”, и тоа поради едноставна причина што ниту автоскопската халуцинација сеуште не е доволно проучена. Постојат многу контраверзни објаснувања, но неуролозите и психиатрите не может околу тоа да се сложат која теорија би ја прифатиле. Затоа тумачејќи ги доживувањата “надвор од телото” автоскопската халуцинација би ја замениле само едната непозната со друга.

Ако сакаме да го прифатиме неуролошкото тумачење, тогаш мораме да земеме во обзир уште нешто. Еве уште една илустрација на пациент кој имал резидуален неуролошки проблем кој се случил при доживување на смрт. Се работело за многу благ недостаток – делимична парализа мало згрчување на мускулите на едната страна од телото. Макар често се распрашував за такви резидуални инвалидитети, тоа беше единствен случај на кој наидов.

Психолошко објаснување

Психологијата има уште покритичко гледиште во строгоста и прецизноста во својата наука од нашето време. Психолозите сеуште се поделени во своите школи една со друга оспорувајќи го и бранејќи го своето мислење на исправност, имаат спротивно становиште и метода на истражување, и различно го сваќаат постоењето на природниот дух. Према тоа, психолошкото тумачење на доживувањето “на прагот до смртта” ќе зависи во тоа на која школа психологот припаѓа. Нема да ги опишуваме сите можни психолошки сваќања туку ќе се придржуваме на оние кои најчесто сме ги слушале од нашите соговорници. Едно од тие тумачења скоро од многумина било и прифатено.

Веќе порано спомнавме за две мислења на психолошко тумачење, кои ми биле предлагани. Едно од нив се претпоставува дека луѓето свесно лажат а друго дека вистината ја опишуваат на свој начин. Сега ќе се осврниме на уште две можни психолошки тумачења.

1.Проучување на применета изолација

На ниту едно јавно предавање никој не предложил доживувањето “на прагот до смртта” да се објасни со помош на најновите методи добиени преку проучувањето на применетата изолација на човекот. А токму во тоа релативно ново подрачје бихевиористичка наука го проучуват и во лабораториски услови кое произведува појава и која најповеќе наликува на доживување на смртта.

“Испитување на изолацијата” се состои во тоа што будно се посматра, се бележи и проучува што се случува во духот и телото на особата која на некој начин е изолирана (на пример, така да нејзе и е оневозможен секој друштвен контакт или да се примора на монотони и долготрајни дејствија).

Примери на слични врсти се присобираат на неколку начини. Од записите на истражувачи на Јужниот и Северниот пол и од преживеани бродоломци кои содржат многу информации. Во последните неколку десеттолетија има обиди и се испитуваат такви појави во лабораториски услови. Популарна е на пр. техниката со доброволец да се стави во базент полн со вода со температура на неговото тело. Очите му се врзуваат а ушите затнуваат, би се појачало дејствието на темнината и од надворешните шумови изолираниот базент. На рацете би се навлекле цевки да не би можел да ги движи и е лишен од многу нормални активности во кои се употребуваат зглобовите.

Под такви необични услови на изолација многу луѓе доживеале необична психолошка промена, од кои некои се многу слични на оние кои ги опишав во претходните поглавија. Жена која долго време поминала сама во пустошот на Северниот пол, кажува како го видела целиот свој живот во панорамска визија.

Морнари кои претрпеле бродолом и со недели пловеле во бесконечното море во мали чамци ги опишале своите халуцинации за тоа како ги спасиле панорамски битија кои изгледале слаби и продуховени.

Тоа нејасно наликува на битие создадено од светлост или на души кои умреле со кои се сретнале тие испитаници.

Постојат уште неколку сличности: пореметен осет на времето, осет на делимична одвоеност од телото и соединување со свемирот, отпор према враќањето во цивилизација и напуштање на изолацијата. Освен тоа, многумина кои биле изолирани поради бродолом или слични неповолни услови кои се вратиле во цивилизација биле со длабоко изменет поглед кон светот – стекнале осет на внатрешна сигурност. Јасно се гледа дека таа реинтегрирана личност има големи сличности со реинтеграцијата за која кажуваат многумина кои се вратиле во живот.

Услови во кои се наоѓаат оние кои умираат често се донекаде слични на условите во кои се наоѓале изолираните. Пациенти за кои веќе нема нада, обично се непокретни и изолирани во болнички соби со пригушен звук и слабо светло, поголемиот дел од времето го поминуваат сами. Би можеле да се запрашаме, ако настапиле физиолошки промени како последица од телесна смрт предизвикале радикална изолација на пациентот, тогаш потполно го спречиле доводот на сетивни подржки во мозокот. Многу пациенти го изјавиле своето осеќање на изолација, осаменост и одвоеност во часот кога се нашле надвор од своето тело.

Нема сомневање дека не би могле да најдеме случаеви кои се на границата, и кои не би могле да ги класифицираме како доживување “на прагот до смртта” ниту како искуство на изолираност. Човек кој поради тешка болест долго бил во болница го раскажал следното:

“Бев тешко болен и лежев во болница. Ми поминуваа слики, слични како на тв-екранот. Тоа беа слики на луѓе, и можев секој од нив да го видам додека беше оддалечен. Почнаа да ми приоѓаат, поминуваа покрај мене, а на иста оддалеченост ќе се појавеа други. Бев потполно свесен дека сум болен и дека сум во болничка соба, но сепак пак се прашував, што се случува. Некои од нив лично ги познавав – ми беа пријатели и роднини. Одеднаш сватив дека сите кои ги препознав се веќе умрени.

Може да се спореди овој случај во кој има додирни точки и со доживување “на прагот до смртта” и со искуството на изолација. Во него се појавуваат умрени духови, но тоа е единствено и негова сличност со доживувањето “на прагот до смртта.” Интересно е дека во една студија за изолираноста, испитаникот кој некое време бил во затворена коцка изјавил дека во својата халуцинација видел слики на славни луѓе. Не знаеме дали наведените изјави би ги споредиле со доживувањето “на прагот до смртта” (такво доживување би могло да биде поттикнато кај пациент тешко болен) или помеѓу доживеана изолираност (кое било препорачано поради пациентовата состојба). Можеби никогаш нема да можеме да востановиме апсолутен темелен критеријум во кој такви доживувања би ги класифицирале на две категории. Можеби секогаш ќе постојат гранични случаеви.

Покрај сите сличности, резултатите од истражувањето на изолираност не нудат задоволно тумачење на доживувањето “на прагот до смртта.” Пред се, менталниот процес до кој доаѓа во условите на изолираност не објаснува досега ниту една од прифатените теории. Со тоа што доживувањето “на прагот до смртта” би се обидело да се протумачи со искуството на изолираност, само една загонетка би се заменила со друга (исто како во “тумачењето” доживувањето надвор од телото на аутоскопската халуцинација). Во природната визија на доживеаното во изолираност постојат две спротивни мислења. Некој нив ги смета за “невистински” и “халуцинантни.” Меѓутоа, останува потврда дека и во самата историја на мистицизмот, шаманите – секогаш барале дивина и осаменост да би се просветиле и да би примиле објава. Поимот дека преку изолираност човекот може да се духовно препороди интегрален дел е и на религијата во многу култури, запишан во многу важни верски записи, меѓу останатите и во Библијата.

Иако таа идеја за некого во современото западно сваќање е страна, таа во американското друштво има бројни застапници. Еден од првите и најугледни истражувачи на осаменоста др. John Lilly неодамна за тоа напишал и своја книга. Насловот на книгата е “Средината на циклоните”, се работи за некоја врста духовна автобиографија. Од неа јасно се гледа доживувањето кое го имал во условите на изолираност, ги смета за вистински искуства на просветеност и спознавање, ниту најмалку “невистински” или “лажни.” Др. Lilly го прераскажува и сопственото доживување “на прагот до смртта” ( во многу налик на оние кои веќе се проучувани од др. Raymond Moody) и го става во иста категорија со искуството стекнато за време на изолираност. И изолираноста би можела да биде еден од патиштата кој води во нова состојба на совеста (видовме дека други такви патишта до средба со смртта би можело да бидат и халуциногени дроги).

2. Сонови, халуцинации и обмани

Секогаш ќе се најде поединец кој ќе кажи дека доживувањата “на прагот до смртта” се само сонови до исполнување на желбите, фантазија или халуцинација предизвикана од дрога, изолираност, церебрална аноксија итн. Сметајќи ги за лага.

Мислам дека има неколку фактори кои го покажуваат обратното. Еден од нив е големата меѓусебна сличност во опишувањата на доживувањето “на прагот до смртта” според она за кое и се известува не е во склад со она што во културната средина вообичаено се подразбира под живот после смртта. Освен тоа, сликата која ја добиваме според оние кои се вратиле во живот, личи на слика која ја среќаваме во древните езотерични (неразбирливи, тајни) текстови (кои на претходните испитаници биле непознати).

Уште ни преостанува да провериме особите со кои е разговарано нели биле жртва на психозата. Прифатено е потполно уверување дека испитаниците биле нормални, стабилни и друштвено прифатени луѓе. Се наоѓале на важни и одговорни места, каде ги почитувале и ценеле. Живееле во стабилни бракови, биле во добри фамилијарни односи и имале многу пријатели. Со повеќето луѓе со кои е разговарано изјавиле дека тоа им било единствено такво доживување во животот. Но интересно е тоа што сите тие луѓе совршено го разликуваат сонот од јавето.

Сепак, кога зборуваат за она што им се случило додека биле во близината на смртта, зборуваат за тоа како вистинско доживување, а не како за сон.

Накрајот, според доказите за кои од овие изјави на случувања надвор од своето тело е добиено назависна потврда, сепак нешто значи. Според обврската која се има према сите испитаници не може тука да се наведат имињата а и некои специфични детали кои би можело да ги идентификува. Единствено што може да се каже дека сум вознемирен и радознал. Мислам дека секој кој озбилно ќе се позабави со овој правец и самиот ќе изнајде доволно потврдувања. Верувам дека во најмала рака ќе најде доволно докази кои ќе го поттикнат да се запраша не спаѓаат ли доживувањата “на прагот до смртта” во посебна категорија на доживувања а не во сонови.

И уште нешто би истакнал дека “објаснувањата“ не се само апстракни интелектуални системи. Тие на некој начин го одржуваат егото на своите автори. Емоционалната поврзаност на сопствените или усвоени сознанија на објаснување е вообичаена појава. За време на многу предавања за доживувањето “на прагот до смртта” имало соговорници на лични и можни тумачења. Луѓе физиолошки, фармаколошки или неуролошки ориентирани го сфаќаат своето респективно објаснување интуитивно јасно, дури и тогаш кога им се уочи случај кој противречи на нивната теорија. Оние кои ја прифаќаат Фреудовата теорија гледаат во битието создадено од светлост таткото на изјавувачот, Јунговите следбеници пак гледаат во него археотип на колективната светлина и тн.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

12. ЗА САМОУБИСТВОТО

Сум имал прилика при повеќе смртни случаеви често да ми биде поставено прашање за самоубиството. Покасно тоа прашање, и поради многу случувања на самоубиство, почна да ме интересира па собирав известувања за доживувањето “на прагот до смртта” од луѓе кои на себе дигнале рака, а останале живи.

Зборот самоубиство го употребуваме кога зборуваме за различни врсти на самодеструктивно однесување. Таквиот однос може да има различни причини и мотиви и може да се манифестира под различни услови. Проблемот на самоубиственото однесување го мачи човечанството столетија. Од почетокот му се приоѓало од теолошко, етичко и физиолошко гледиште, а во најново време му се пристапува од социалошко и психолошко. Но сепак, и покрај долгите и темелни проучувања, останало уште многу законетки.

Според испитувањата на некои луѓе кои биле “мртви” па покасно оживеале, во своите средби со смртта стекнале продуховено искуство, се поставува прашање дали слично им се случило и на некои од самоубијците (и дали помеѓу искуството на оние првите и овие другите постои некаква разлика). Свесен сум дека со разгледувањето на доживувањето “на прагот до смртта” нема да се реши проблемот од самоубиство. Единствено што може да се направи да се одговори на следните прашања:

1.Се враќаат ли луѓе (не се мисли исклучиво на самоубијци) од своите “патувања” во смртта со некои особени ставови према самоубиството ?

2.Дали од изјавите на самоубијците за доживувањето “на прагот до смртта” се разликуваат од изјавите на такви доживувања кај оние луѓе кај кои биле причините на смрт “вообичаени”?

Иако луѓе кои кажуваат за својата средба “на прагот до смртта” често тврдат дека не сакале да се вратат, ниту еден од нив и после доживувањето немал намера да се самоубие да би одново таму отишол. Тие едноставно кажуваат дека после таа средба, сватиле дека нивниот живот има смисла. Ставот на сите испитаници према животот се изменил и ниту еден од нив не се обидел повторно да го доживее “на прагот до смртта.”

Повеќе особи кои “умреле” со природна смрт имаат изјавено дека во средбата со смртта им е дадено на знаење дека самоубиството е најстрог казнен чин. Човек кој “умрел” во сообраќајна несреќа има изјавено:

“(Додека бев таму) сватив дека два чина се најстрого забранети: да се убиеш себе и да убиеш друг….

Со тоа што, би направил самоубиство, би Му Го фрлил на Бога в лице Неговиот дар… Со убиството на некој друг, би посметал на Неговите намери.”

Човек кој поминал некое време во состојба на клиничка смрт изјавил дека “таму преку” стекнал уверување дека самоубиството е казнено, а казната се состоела во тоа што самоубиецот бил приморан да ги гледа страдањата на другите, предизвикани од неговото самоубиство.

Има многу малку испитаници кои претходно направиле самоубиство. Тоа е и разбирливо, ако претпоставиме дека луѓе кои дигнале рака на себе имаат чувство вина тогаш самите несакаат ниту да се потсетуваат а уште помалку и да зборуват за тој обид. Сепак, има неколку случаеви кои биле тема на проучување, и може да се каже дека сите тие луѓе во нивните изјави имале голема сличност во едно: сватиле дека со самоубиството ништо не се решава. Се нашле во ист затворен круг на проблеми од кој самоубиството им се чинело единствен излез. После извршениот чин биле соочени со иста таа тешкотија од која се обиделе да избегат.

Една особа се обидела да се самоубие бидејќи не гледала друг излез. Била, како што самата така кажува, “фатена во замка“. Кога “умрела“ се нашла во потполна иста состојба која, проблемот од кој барала излез не само што бил уште потежок, туку и се преповторувал.

“Проблемот за кој и ви зборував сега не ми изгледа не разрешив. Но сега сум постара и зрела па на тоа на друг начин гледам. Тогаш ми се чинеше необично важно … меѓутоа, со тоа што “умрев” ништо не се измени. Беше уште и по лошо – цела состојба непрекинато се преповторуваше. “Би преживеала да е еднаш” тогаш си помислив, Му благодарам на Бога веќе се е готово, но пак почнуваше од почеток.”

Сите кои се повратиле на било кој начин, изјавиле дека ниту на крај памет никогаш нема да им дојде повторно идеа да се обидат да се самоубијат. Сватиле дека погрешиле и се радуваат дека обидот им бил неуспешен. Кога е запрашан еден кој се обидел да се самоубие, дали повторно истото би го направил, еве што одговорил:
“Не, не би се повторно обидел. Следниот пат ќе умрам со природна смрт. Сватив дека животот е многу краток и дека за тоа кратко време треба толку многу да се направи. Кога еднаш ќе умрете настапува вечноста.”

Човек кој поради смртта на својата жена паднал во очајност, пукал во себе, “умрел” но бил реанимиран. Тој изјавува:
“Не отидов таму каде што таа беше. Отидов на страшно место … Веднаш заклучив дека сум погрешил … Си помислив: ,би сакал тоа да не бев го направил’.”

Интересно е што наведените погледи и искуства се подудараат со теолошките аргументи против самоубиството. Црквата, теолозите и филозофите со векови луѓето ги одвраќале од самоубиства, а нивните причини се темелат на претпоставката дека сме тука, во овој живот, со некоја друга одредена цел, и дека нашиот живот е дар Божји, и не е наше ние да избираме сакаме ли или несакаме да живееме. Платон во една од своите доктрини вели дека нашиот живот на земјата ни е обврска од која не смееме да побегнеме. Тој, по многу причини се обидува да докаже дека ние вистински припаѓаме на Бога, и Бог за нас се грижи па према тоа не смееме да се ослободуваме од дадените должности. Во средниот век Тома Аквински докажувал дека само Бог може да одлучува за завршување на нашиот живот, бидејќи само Он ни дал дар на живот. Во седумнаесеттиот век, англискиот филозоф John Locke изјавил дека само по Божја своина, поставените на земјата и Нему познато имаат своја цел, и затоа својата положба не смееме да ја напуштиме.

Нешто слично ни кажува и германскиот филозоф Емануел Кант, за кого се мисли дека бил голем мислител:

“… штом на самоубиството погледнеме од становиште на религијата, веднаш го гледаме во неговата права светлина. На овој свет сме дојдени според извесни причини и одредена цел. Со самоубиството се спротивставуваме на својот Створител. Самоубиецот пристигнува на другиот свет како дезертер – како некој кој го напуштил своето место. Треба да го рачунаме како бунтувач против Бога … Му припаѓаме на Бога; Негова сме своина; Неговата провидност нам ни е во корист.”

Ова мислење не го наведувам поради тоа што сакам да се прифати таквиот начин на размислување, ниту пак затоа што би сакал за самоубиството да донесам морален суд. Само би сакал да укажам на тоа дека во теолошките расправи и во изјавите на испитаниците за целтта на животот и нејзиниот однос према самоубиството се изразени апсолутно со исти зборови.

Потполно сум свесен дека искуствата кои досега се изнесени во ова поглавје ќе го поттикни читачот на одредени прашања. Веќе има сведенија за опомена а тоа дека во некои култури самоубиството не е неморален чин како во нашата. Понекогаш кај тие култури може да се смета и за гордост, како што тоа било во Јапонија во добата на самураите. Би можеле да поставиме прашање: дали би припадникот на таква култура, после реанимацијата од самоубиствената “смрт”, би известил за ист начин на доживување?

Понатака, има некои и други опомени, на пример: дека ние сме сите, на овој или на оној начин, самоубијци. Со тоа мислеле дека повеќето го правиме она што ни штети, а кое би можело да биде и причина за наша смрт. Затоа што свесно тоа го правиме ништо не ни помага. Три нај уочливи друштвени работи кои ги правиме се пушење, прехрана која содржи многу холестерол и возење во пијана состојба. Луѓето не прекинуваат ниту со една од овие штетни делувања а кои предизвикуваат болест која настанува како последица од пушење и земање премногу количини на холестерол, како и за бројни прометни несреќи чија причина е алкохолот. Каква е разликата помеѓу ваквите односи и “вистинското“ самоубиство?

Може да се случи луѓе да направат самоубиство од алтруизам – да би спасиле други. Што доживуваат тие кои умираат со таква “херојска” смрт ? Или, што доживеале луѓе кои се самоубиле во душевна депресија или поради некоја непоправлива загуба?

Добро е позната причината за луѓе кои се обидуваат да се “убијат” само да би обрнале внимание на себе. Многу психијатри сметаат дека таканаречената “несреќа на склони особи”, иако немале свесни намери да се убијат, потсвесно тоа сакале да го направат. Онаа што навидум се гледа несреќен случај, впрочем се потсвесни обиди на самоубиство.

Видливо е дека на ова сложено прашање не може да се одговори. Се што може да се утврди од доживувањата “на прагот до смртта” како последица од обид на самоубиство е дека тие на опишани начини се разликуваат од доживувањата на луѓе кои “умреле” со природна смрт. До тој заклучок се доаѓа споредувајќи ги изјавите едни со други.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

13. ЦРКВАТА ЗА ЖИВОТОТ ПОСЛЕ ОВОЈ ЖИВОТ

Крајната цел на Црквата е токму таа: Да се грижиме и да се трудиме во овоземниот живот за животот после овој живот, кој е вечен. Затоа на повеќе места во Библијата, во многу црковни книги, во проповедите на свештеникот, според многу добронамерни примери, Црквата не учи како да опстоиме на патот за благоугоден вечен живот. Еве, ќе прочитате во понатамошниот текст за поуки и потсетувања што се пренесени до нас, детали од животот после овој живот.

Светиот апостол Павле во првото послание до Коринтјаните во поглавјето на Воскресение на мртвите во 15 гл. од 12-58 ст. не потсетува: “И ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш некои меѓу вас велат дека немало воскресение од мртвите? А штом нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал; ако пак Христос не воскреснал, тогаш напразно е нашата проповед, празна е и вашата вера. Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мртвите не воскреснуваат. Зашто ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата наша; вие сте уште во своите гревови; тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале. И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе. Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првина за упокоените. Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; но секој по својот ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови.

А потоа ќе биде и крајот, кога ќе Му го предаде Бог и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила. Бидејќи Тој треба да царува “додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.” А како последен непријател ќе биде уништена смртта, зашто “сите ги покори под нозете Негови” а кога се вели: “Се’ Му е Нему покорено”, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини се’.

Кога, пак, ќе Му биде потчинето се’, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини се’, за да биде Бог се’ во се’. Инаку што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите не воскреснуваат, зашто тие тогаш се крштеваат за нив? Зашто, пак, и ние секој час се подложуваме на опасност?

Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша, која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ. Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат – “Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!”

Не лажете се: “Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!” Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не знаат за Бога – за ваш срам го велам ова.

Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните; друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува.

Така е и со воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.

Tака е и напишано: “Првиот човек Адам стана жива душа”, а последниот Адам – животворен дух. Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното.
Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните; и како што го носиме ликот на земјениот, така го носиме и образот на Небесниот.
А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.

Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нараспадливо, а ние ќе се измениме; зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност. А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: “Победата ја проголта смртта.”

“О, смрт, каде тие осилката? О, смрт, каде ти е победата?” Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот.

Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. И така, браќа мои возљубени, бидете постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.”

Свети Апостол Павле

Свети апостол Павле во видение за себе во (второто послание до Коринтјаните во 12 гл. 1-4) ни кажува: “Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови. Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои човек не смее да ги каже.

Небесниот одд на Пресвета Богородица

Едно древно Црковно предание раскажува благочестиви и поучни детали за небесната слава на Пресветата Богородица, а кое припаѓа на црковните апокрифни кажувања.

“Кога после нејзиното успение, Света Дева Марија беше однесена во рајот, Господ Исус Христос дојде, придружуван од мноштво на небесни духови, бидејќи основите на рајот се потпираат на земјата и на нејзината утроба, од каде протекуваат четири реки, и стигнуваат до небото. Кога стана потопот на земјата, Господ не дозволи на водата да влезе во рајот.

А Исус и’ рече на блажената Марија: ‘Разгледај ја славата до која се издигна !’ Таа стана и виде голема слава, која човечко око не може да го понесе, и ете го Енох, Илија, Мојсеј и сите пророци и патријарси дојдоа, Го славословеа Господа и блажената Марија и потоа си заминаа.
Тогаш Исус Христос и’ кажа на Марија: Разгледај ги богатствата, кои сум ги приготвил и кои бев ги ветил на светиите.’

Кога ги подигна очите, таа виде прекрасни светли живеалишта и скапоцени круни за мачениците. Обрати поглед и кон благоуханите расцветани дрва, кои лачеа арома, која никој не би можел да ја опише.

Господ собра плодови од рајските дрва и и’ ги даде на блажената Марија, за да ја вкуси рајската сладост од тие плодови. Потоа и’ рече: ‘Оди и види го небото на небесата’.

Таа се поткачи и го виде првото и второто небо, а во третото го виде небесниот манастир издигнат над земните пространства. Таму виде уште многу чуда, го возхвали Господа Создателот на се’, Кој ги исполнуваше небесата со најчудни нешта кои човек неможе ниту да ги опише, ниту пак да ги замисли.

Господ нареди сонцето да застане над небесната врата, свртено со лице кон рајот и Бог Отец беше во огнена колесница над сонцето.

Блажената Марија го виде живеалиштето на светлината, каде беа снегот, градот, дождот, росата, грмотевиците, молњите и другите слични нешта. Таму виде ангели со расцепени крила, во светли облеки и ги слушна како пеат ‘Свјат, свјат, свјат Господ Саваот’. Виде уште дванаесет одвоени простории – секоја имаше своја врата и до неа вратар. Виде и голема врата низ која се гледаше Небесниот Ерусалим, на која беа напишани имињата на праведните Авраам, Исаак, Јаков, Давид и на сите пророци после Авраама.

Штом влезе блажената Марија низ првата врата, ангели и се поклонија и ја восхвалија со небесни песни. Кога помина низ другата врата, херувими и’ упатија свои молитви, а кога влезе низ третата врата – серафими молитвено ја прославија. Кога ја помина четвртата врата, милијарди ангели ја славословеа. Кога помина низ петтата врата грмотевиците и молњите ја прославија. Кога ја помина шестата врата, ангели со песни благоизвестија: ‘Свјат, свјат, свјат Господ Саваот, чест и слава на тебе Богородице! Спасение и прослава на тебе, Владичице! Господ да биде со тебе, благословена си меѓу жените! Препрославен да биде Родениот од тебе. Мајко милосрдна!’ Кога ја прекорачи седмата врата, светлина ја осипа. Кога ја помина осмата врата – ладен поветерец и ситна роса ја разведри. Кога ја помина деветтата врата, архангел Михаил и Гаврил и другите ангели ја славословеа. При десеттата врата сонцето, месечината, ѕвездите и сите небесни светила и’ се поклонија, бидејќи е посветла од нив. Кога влезе низ единаесетата врата душите на апостолите, пророците и праведниците ја хвалеја и благословуваа. Влегувајќи низ дванаесетата врата, таа Го виде Својот Син, седнат на светол трон, опколен со голем блесок. И таа се поклони пред величието на Отца и Сина и Светиот Дух.

Кога Пресвета Богородица го сврте погледот кон Небесниот Ерусалим и го виде сето негово великолепие и убавина, духот и’ беше поразен од восхит и таа неможеше да го свати сето тоа, кое се разоткриваше пред нејзините очи. Тогаш Господ ја фати за раката, и ги покажа скриените радости и скривницата на Светата Црква, и и’ помогна да ги виде тие нешта, што око не видело, ниту уво не слушнало, ниту јазик раскажал, ниту умот човечки дознал. И сите тие нешта ќе бидат дадени на праведниците, кои ќе дојдат во последниот ден со голема радост и ќе им се восхитуваат низ сите векови. На крајот Господ и’ покажа и живеалиштето на Енох, во кое тој непрестано се моли за светот.

После тоа блажената Марија се сврте и го виде множеството на луѓе, кои беа разбранувани и пред нив имаше множество на дарохранилници. Наоколу се разнесуваше мирис на темјан, се слушаа религиозни песнопеења и множество се восхитуваше на тој блесок прославувајќи Го Бога.

Блажената Марија рече: ‘Учителе и Господе мој, кои се тие луѓе, кои таму стојат?’ Тој одговори: ‘Тоа се дарохранилниците на праведниците, кои таму се населени, а блескавата светлина, која се излачува, ја покажува почитта, што се користи од Мене. Во последниот ден тие ќе воскреснат, за да се насладуваат вечно на тие блага и ќе се здобијат уште со поголема радост од таа, која досега ја уживаат, и нема да има поголема од неа, кога душите ќе се вратат во нивните тела.

Ете блажената Марија ја виде и другата, мрачна страна, од каде се издигаше густ дим и се разнесуваше тежок, непријатен мирис. Таму гореше буен оган и многу луѓе беа во огнот повикуваа со горко плачење. Блажената Марија праша: ‘Господи и Боже мој, кои се тие луѓе, потонати во тој мрак и страдаат во силно вивнати пламени јазици?’ Тој и кажа: ‘Тоа е делот од огнениот ген, кој се отвара за грешниците. Тој дел е приготвен за нив и тие ќе останат таму се додека не се вратат во своите тела. Потоа тие ќе добијат уште поголеми страдања и неизмислени маки, бидејќи не се покајале за своите гревови, и ќе бидат измачувани од самата нивна совест, како постојанен гризлив црв, кој ниту заспива ниту умира, бидејќи ги нарушиле Моите заповеди, ја отфрлиле Мојата благодат и се одрекле од Моето блаженствено достоинство.

Мајката Божја посакала да слезе во аддот. Господ Исус благодушно се согласил. И го дал за придружник Архистратигот Михаил – со него да слезат во аддот и да и’ покаже тој маките на грешниците. Започнал оддот на Пресветата Богородица по маките.

Насекаде имало маки – на југ, на север, на исток, на запад, на лево, на десно. Секакви маки:
– маж – книговодител, обесен за рака, кој земал несовесни камати;
– жена, закачена за забите, која не го држела јазикот зад забите – оговарала;
– мажи и жени, овиснати со главите на железно дрво, закачени за јазиците, поради клеветења, оговарања, разделиле брат од брат, маж од жена.

Ги видела маките на служителите на Божјиот престол, кои негрижливо правеле проскомидисување и на кои одронетите частици од просфората паѓале на земја како ѕвезди; кои ги читат свештените книги, но не ја исполнуваат волјата Божја, живеат блудно и безаконито; кои се крстени, и крстот го признаваат само со збор, вршејќи ѓаволски дела кои го испуштиле времето на каеење.

– Таму биле и оние, кои ја мешале пепелта со брашното, а потоа им давале на бедните.
– И оние, кои ги навредувале своите татковци и мајки.
– И оние, кои ја нарушувале сопружничката верност.
– И оние, кои се колнеле ‘лажно’, кои ги нарушувале Божјите заповеди.
– И нечесните судии, кои донесувале неправедни пресуди према сиромашните.
– И оние, кои јаделе човечко месо – ‘жена’, која убие дете во својата утроба, или пак, откако ќе го роди, го зема и го задушува; или маж, кој наклевети некого да го убијат’ – тоа се нарекува, дека ‘јаде човечко месо’.

Сите најголеми и најразлични маки ги видела Пресветата Богородица, влегла во разговор со грешниците и дознала, дека се заслужени маките – ‘според кој што правел – тоа и добил’.

Но неиздржало нејзиното мајчино милостиво срце и таа се обратила кон Архистратигот: – ‘Да се помолиме заедно, и јас да влезам да се помачам со христијаните, и тие се нарекуваат чеда на мојот Син!

– Жив Господ Бог и големо е името Негово, – одговорил тој – Кога се молиме на Повелителот седум пати на ден и седум пати на ноќ, ние се молиме, Госпоѓо, и за грешниците, но Тој малку не слуша, зашто е справедлив.

Тогаш Пресвета Богородица посакала ангелско воинство да ја издигне и да ја остави пред невидливиот Отец – Бог Саваот. Ги дигнала рацете нагоре кон благодатниот Свој Син и рекла: – ‘Смилувај се, Владико, над грешниците, ги видов нивните маки и неможев да издржам. Сакам и јас да примам маки како нив.

Тој детално ја потсетил за земните нивни гревови и заклучил: ‘Тие не ги помилуваа Моите браќа, како Јас да ги помилувам?!’ Пресветата пак рекла:

– Смилувај се, Владико, над нив – тие се творба на Твоите раце. Го слават Твоето Име на земјата, и во своите маки повикуваат: – Пресвета Богородице, помогни ни!
Господ и’ рече:

– Пресвета Богородице, Владичице! Многумина на земјата, кои го повикуваат твоето име. Таквите Јас не ги оставам без внимание.

Тогаш Пресветата Богородица ги повикала сите светии со неа да паднат пред невидливиот Бог и да не се подмрднат се додека не се смили и не ги помилува грешните. Бог Отец Го испратил Сина Си да Го покаже Своето Лице на грешниците. Тој слегол, и ги потсетил што направил за нив, и дека поради непослушност тие незаслужуваат да бидат помилувани, но поради милосрдноста на Отца и по молитвите на Пресветата Богородица – ‘Мајката Негова, која многу плаче за вас, – ви давам одмор од Големиот Четврток до свтата Педесетница’ (од Оддот на Пресвета Богородица по маките).

Какво високо поучно значење се крие во тоа апокрифно древно кажување! – стародревна, безпоштедна сатира сред гревови и престапи, извршени под сонцето, искажано како на огледало преку живописите во многу цркви. Во повеќе цркви го земаат здивот уште пред самото влегување во храмот.

Каква утеха за верните христијани! Кога, Пречистата Мајка Божја не ги заборавила грешниците во аддот, нас ли, разбрануваните во грижи и испитувања, ќе не остави без благодатната своја помош ?

Каков солидарен психолошки мотив на Богородичната себепрослава !

Какво сострадание и милосрдност се крие во спонтаната реакција на вечната Посредница пред престолот на вечниот Бог, на видените човечки маки и душевни тегоби: ‘… да влезам и јас да се помачам со нив !’…

Откако блажената Марија чу за прославата на праведениците, срцето и се исполни со голема радост, а кога виде што е приготвено за грешниците, ја опфати мака и тешкотија и Го молеше Господа да биде милостив кон грешниците, да биде по мек, бидејќи немоќна е човечката природа.

И тој и’ вети !

Тогаш Тој ја фати за рака и ја доведе во светлиот и блажен рај, придружувана од сите светии и праведници.’ (Земено од арабска книга за опходот на богоблажената и непорочна Дева Марија).

 

Откровението на свети Апостол Јован за крајот на светот и животот после овој живот

А сега да го видиме и Откровението кое му беше дадено на светиот апостол Јован богослов, која е и последна книга од Библијата. Во оваа книга на св. Јован му е откриено за последните денови на светот, на човештвото, на се што е матрејално како и отворено му е откриено за создавање на Новото Небо и Новиот човек. Наредено му е истото Откровение и да го пренесе на човечанството во пишана форма. Па затоа, еве, и го пренесувам во целост до вас:

Книгата Откровение е пишувана во времето на силните прогони на христијаните, заради верата во Христос како Господ. Писателот се залага за смело запазување на ваквата вера, наспроти прогонствата и страдањата.
Најголемиот дел од оваа книга се состои од неколку серии откровенија напишани со јазик богат со симболи. Ваквиот начин на претскажување можат да го разберат христијаните (особено оние од првиот век), но претставува тајна и за останатите луѓе.

Иако меѓу христијаните имало разлики во толкувањата за значењето на деталите, сепак, главната тема е јасна и недвосмислена: Бог преку Христос на крајот ќе ги победи сите непријатели на доброто, вклучувајќи го тука на прво место ѓаволот (сатаната). Истовремено, Бог ќе ги награди оние што ќе Му останат верни, со вечен и благословен живот на новата Земја и новото Небо што Тој ќе ги создаде.

Откровение на Исус Христос, кое Му го даде Бог, за да им покаже на слугите Свои она што треба да стане скоро. Тој го направи тоа испраќајќи го Својот ангел на слугата Свој Јован. Кој го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исус Христос, и се’ што виде. Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.

Поздрав до седумте цркви

Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол, и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој не возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв и Кој не’ неправи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!

Ете иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!

Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.

Визија за Исус

Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Патмос, заради словото Божјо и заради сведоштвото на Исус.

Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба, кој велеше: “Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес, и во Смирна, во Пергам и во Тиатир, во Сард, во Филаделфија и во Лаодикија!“ И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници, а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас; главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен; нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води.

Во својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Негово светеше како што сонцето сјае во полна сила. Штом Го видов, паднав пред Неговите нозе како мртов. Тој ја стави Својата десна рака врз мене и ми рече: “Не плаши се! Јас сум Првиот и Последниот и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови и ги имам клучевите од адот и смртта. И така напиши што виде, што е и што има да стане по тоа. Ова е тајната на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десница, а на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте свеќници, што ги виде, тоа се седумте цркви.”

Порака до црквата во Ефес

На ангелот на Ефеската црква напиши му: Ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди среде седумте свеќници; ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себе си се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци; дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил. Но имам нешто против тебе, зашто ја оставив својата прва љубов.

Спомни си од каде си паднал и покрај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш.

А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.

Порака до црквата до Смирна

И на ангелот на Смирненската црква напиши му: така вели Првиот и Последниот, Кој беше мртов и еве оживеа: ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска збирштина. Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.

Порака до црквата во Пергам

А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици: ги знам делата твои, каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во деновите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија средина живее сатаната. Но за неколку работи сум против тебе, зашто имаш таму некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израилеви, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат.

А имаш и некои што го држат учењето на николаитите, кое го мразам. Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја.

Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што добива!

Порака до црквата во Тиатир

И на ангелот на Тиатирската црква напиши му: ова го вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза: ги знам твоите дела, и љубовта, и службата, и верата, и служењето, и трпението твое, и дека твоите последни дела се побројни од првите.

Но, за ова сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себе се нарекува пророчица, да ги учи и мами слугите Мои да блудствуваат и да јадат идолски жртви. А и’ дадов време да се покае за блудството свое, но таа не се покаја. Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што блудствуваа со неа, во маки големи – ако не се покаат за делата свои. И чедата нејзини ќе ги казнам со смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас сум Оној кој ги истражува срцата и бубрезите; и секому од вас ќе му дадам според делата негови. А вам и на другите во Тиатир, што не го држат тоа учење и не ги запознаа таканаречените ‘длабочини сатански’, ви велам: нема да ви наложам друго бреме. Но држете го само она што го имате, додека не дојдам.
И кој победува и ги пази делата Мои до крај, нему ќе му дадам власт над незнабошците, и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се строшат како земјени садови. Како што и Јас примив власт од Својот Отец, нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница. Па, кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

Порака до црквата во Сард

И на ангелот на Сардската црква напиши му: еве што вели Оној Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а мртов си. Биди буден и утврувај ги оние што се на умирање; бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог. Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе. Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија алиштата свои. Тие ќе одат со Мене во бела облека, бидејќи се достојни.
Кој победува ќе биде облечен во бела облека, и нема да му го избришам името негово од книгата на животот, туку ќе го признаам името негово пред Мојот Отец и пред Неговите ангели. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

Порака до црквата во Филаделфија

И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвара, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори: ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое.

Ете ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав. Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата.

Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

Порака до црквата во Лаодикија

И на ангелот на Лаодикиската црква напиши му: ова го вели Амин, Верниот и Вистинскиот Сведок. Почеток на Божјото создание: ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок ! Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја ! Зашто велиш: “Богат сум и се збогатив, и ништо не и треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол; те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите за да гледаш. Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.

Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

На оној што победува, ќе му дозволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.

Отворено небо

Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како труба, кој зборуваше со мене, рече: “Искачи се овде и ќе ти покажам што треба да стане потоа !“ И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол и на престолот седеше Некој. Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд. Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци. И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови; пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи: првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице на човек, а четвртото личеше на орел во лет. Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: “Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е, и Кој ќе дојде !“

А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови, дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи: “Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал се’, и според Твојата волја постои се’ и е создадено !“

Јагнето ја зема книгата со седум печати

И видов во десницата на Оној Кој седеше на престолот, книга напишана однатре и однадвор, запечатена со седум печати. И видов силен ангел што викаше со висок глас: “Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини ?“ И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа. И јас многу плачев, што никој не се најде достоен да ја отвори и да ја прочита таа книга, ниту да ѕирне во неа. А еден од старешините ми рече: “Не плачи ! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати !“ Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со седумте рога и седумте очи, кои се седумте духови Божји, пратени по целиот свет. Тој дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот. И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старешини паднаа пред Јагнето, држејќи секој од нив харфа и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите; и пееја нова песна, велејќи: “Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со својата крв не’ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе, и не’ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата !”

Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони, кои зборуваа со висок глас: “Достојно е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов !”

И секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и се’ што е во нив, чув како зборува: “На Оној Кој седи на престолот, и на Јагнето – благослов и чест, слава и владеење во сите векови !”

А четирите животни велеа: “Амин !” И дваесет и четирите старешини паѓаа и Му се поклонуваа на вечно Живиот.

Отворање на првите шест печати

И видов кога Јагнето скрши еден од седумте печати, и чув едно од четирите животни кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види !” И видов, ете, бел коњ, и на него јавач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи.

А кога го извади вториот печат, го чув како проговори второто животно: „Дојди и гледај !” И излезе друг коњ, црвен; и на јавачот му беше дадено да го одземе мирот од земјата, та еден со друг да се убиваат; и му беше даден голем меч.
А кога се отвори третиот печат, чув како проговори третото животно: „Дојди и види !” И видов, ете вран коњ, а на него јавач со мерила од раката своја. И чув сред четирите животни, кој зборуваше: „Шиник пченица за денариј, и три шиника јачмен за денариј; а растителното масло и виното ќе ги нема !”

И кога се раскрши четвртиот печат, го чув гласот на четвртото животно кое рече: „Дојди и гледај !” И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.

А кога го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа и викаа со висок глас, велејќи: „До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата ?” И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие.

И видов, кога се крена шестиот печат. И, ете, настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и месечината стана како крв; ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата лулана од силен ветер, ги исфрли пупките свои; и небото исчезна како свиткана хартија, и секоја гора и секој остров се поместија од местата свои; и царевите земни, и благородниците, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пештери и горски камењари, велејќи им на планините и на карпите: „Паднете врз нас и скријте не’ од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане ?”

Црквата како Божји народ

Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветер ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.

И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да и’ пакостат на земјата и морето, велејќи: „Не пакостете и’ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог !“
И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израилеви. Од Јудиното колено со печат одбележани – дванаесет илјади, од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади; од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото колено – дванаесет илјади; од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади; од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

Црквата како мноштво од избраните

Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кој никој неможеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасение наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето !”

А сите ангели стоеја околу престолот, старешините и четирите животни, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога, велејќи: „Амин ! Благослов и слава, мудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин !”

А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели облеки, кои се и од каде дошле ?” А јас му одговорив: „Ти знаеш, господине.” А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето. Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престолот, ќе се всели во нив; и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина; бидејќи Јагнето, Кое е среде престолот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни.”

Отварање на седмиот печат

Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час. И ги видов седумте ангели што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби. Тогаш дојде друг ангел со златна каделница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот. Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога. И ја зеде ангелот каделницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.

Седумте труби

И седумте ангели што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат. Првиот ангел затруби и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв; и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една третина од корабите пропаднаа.

И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третина од реките и водните извори. А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.

Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемне една третина од нив, та третина од денот, како и на ноќта, да не свети. И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што живеат по земјата од другите трубни гласови на трите ангели што ќе трубат !”

Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И и’ беше даден клучот од кладенецот на бездната; па го отвори кладенецот, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот. И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии. И им се рече да не ја повредуваат тревата по земјата, ниту какво и да било зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои. И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; а мачењето нивно беше како мачење од скорпија, кога ќе касне човек.

Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив. По својот облик скакулците личеа на коњи приготвени за војна: на главите нивни имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како лица човечки; имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови. И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна. Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци. И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по македонски – погубител. Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.

И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога, кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги четирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат !” И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.

Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број. И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур. А од трите зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре една третина од луѓето, бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пустошеа. А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на рацете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бронзени, камени и дрвени, кои неможат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат. И не се покајаа ни за убиствата свои, ниту, пак, за вражбите свои, ниту за блуството свое, ниту за кражбите свои.

Ангелот и малата книга

И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови; во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави својата десна нога над морето, а левата – над земјата; и извика со висок глас, како што рика лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови. И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој ми зборуваше: „Запечати го тоа што го зборуваа седумте громови, и немој да го пишуваш !” И ангелот, кога го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и се’ што е на него, земјата и се’ што е на неа, и морето и се’ што е во него – дека не ќе има веќе време, но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги – пророците.

И гласот што го бев чул од небото, одново прозборува со мене и рече: „Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот што стои над морето и над земјата !” Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката !” Тој ми одговори: „Земи ја и изеди ја ! Во стомакот твој таа ќе биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.” Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот. И ми рече: Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.”

Двата сведока

И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него. А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незнабошците: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци. И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена.”

Тие се двете маслинови дрвца и двата светилника што стојат пред Господарот на земјата. И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нивна и ќе ги проголта нивните непријатели; да, така треба да биде убиен оној што ќе посака тоа да го направи. Тие ќе имаат власт да го затворат небото за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога ќе посакаат. И кога ќе го завршат сведоштвото, тогаш ѕверот, кој ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие. А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат. И многу народи и племиња и јазици ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нивните трупови да бидат погребани во гробови. И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што живеат на земјата.

Но по три и пол дена во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат. Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму !“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги видат. Во тој час ќе настане голем земјотрес и една десетина од градот ќе се сруши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог. Второто зло мина. Ете брзо иде третото зло.

Седма труба

Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светиот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите векови !” И дваесет и четири старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога, велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими својата голема сила и се зацари ! Народите збеснаа, но дојде твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои – на пророците, на светиите и на оние кои имаат страхопочит кон името Твое, мали и големи, и да ги погубиш оние што ја уништуваа земјата !”
Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Нивниот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес, и град голем.

Жената облечена во сонце и змевот

И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди. Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди. Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни; опашката негова повлече една третина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата. Змевот застана пред жената, која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде детето нејзино.

И таа роди машко дете, кое ќе ги пасе сите народи со железен жезол; и детето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол. А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.

И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше фрлен големиот змев – старата змија, наречен ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени.

И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе. Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт. Затоа вселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив ! Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време !”

А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете. И и’ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.

И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја одвлече со реката. Но земјата и’ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја. И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос. И застана на морскиот песочен брег.

Двата ѕвера

И видов како од морето излегува ѕвер со седум глави и десет рогови; на роговите негови имаше десет круни, а на главите негови богохулни имиња. Ѕверот што го видов прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт. И видов една од главите негови како беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се зачуди целата земја и тргна по ѕверот; и му се поклонија на змевот, кој му беше дал власт на ѕверот; му се поклонија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него ?“ Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеци.

Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога за да го навредува името Негово и оние што живеат на небото. И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ. И ќе му се поклонат сите земни жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот.

Кој има уво, нека чуе: кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч треба да биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.

И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила; и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жители да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни, та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово. Тука е мудроста.

Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.

Јагнето и Неговиот народ

Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец. И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на харфисти што свират на харфите свои и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и старешините; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто четириесет и четири илјади, кои беа откупени од земјата.

Тие се оние што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се оние што го следеа Јагнето каде и да оди, Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Јагнето, и во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Божји.

Најавување на Божјиот Суд

И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. Тој зборуваше со висок глас: „Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори !”

И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестоко вино на своето блудство !”

И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја, тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето. Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговата биста, и што ќе го примат белегот на неговото име !”

Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата на Исус.

Чув глас од небото како да ми вели: „Напиши – блажени се мртвите кои одсега умираат во Господ! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат !”

Жетвата на земјата

И видов: ете, светол облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на главата Своја Тој имаше златен венец, а во раката – остар срп.

И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас на Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело !” Оној што седеше на облакот го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана.

И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.

И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Фрли го српот свој и обери го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели !” И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев, и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии.

Седумте ангели и седумте последни казни

И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, зашто со нив ќе се заврши Божјиот гнев. И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји. И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудни се делата Твои, Господи Боже Седржителе ! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите !

Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое ? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови !”

Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот и скинијата на собранието. И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси. И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови.

И се исполни храмот со дим од слава на Бога и од силата Негова, и никој неможеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седумте ангели.

Седумте чаши на Божјиот гнев

И чув во храмот висок глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излијте ги седумте чаши со гневот Божји на земјата !” И отиде првиот ангел и ја излеа чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани.

И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и се’ живо изгина во морето.

Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претвотија во крв.

Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди, бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат !”

И чув друг како зборува од жртвеникот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди !”

Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган. И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава.

Петтиот ангел ја излеа чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка и го проколнуваа небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.

Шестиот ангел ја излеа чашата своја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.

И видов кога устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби; зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот.

„Ете, Јас доаѓам како крадец; блажен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов !” И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.

Седмиот ангел ја изли чашата своја во воздухот; и од престолот на небесниот храм се пронесе силен глас кој извика: „Се сврши !” И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата. Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев. Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа. И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето го проколнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.

Вавилон – големата блудница

Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води; со неа блудствуваа земни цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата !” И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино. А на челото и беше напишано името: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“ И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов. И ми рече ангелот: „Што се чудиш ? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови. Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе загине; земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.

Овде е потребен ум што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори врз кои седи жената; а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане. И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине. А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот. Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот. Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.” И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците. А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат. Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо. А жената, која ја виде ти, е големиот град кој царува над земните цареви.”

Падот на Вавилон

А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот болскот. И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечис дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, трговците земни се збогатија од нејзината голема раскош !”

И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини; бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини. Платете и’ како што и таа ви плати вам и дајте и двојно онолку за делата нејзини; со чашата, со која ве служеше, послужете ја двојно. Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете и’. Зашто во срцето свое вели: „Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.” Зашто во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој суди. И ќе заплачат и ќе заридаат по неа царевите земни, кои блудствуваа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат димот од горењето нејзино; и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ‘Тешко, тешко, голем граде Вавилоне, граде силни, зашто во еден час дојде пресудата твоја !‘ И трговците земни ќе плачат и ридаат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува; стоки од злато и сребро, од драгоцени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секакви работи од слонова коска: секакви изработки од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер; и цимет и темјан, миро и ливан, вино и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души човечки. И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезна за тебе, и нема веќе да ги јадеш. Трговците кои со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат од далеку од страв пред маките нејзини, плачејќи, и ридајќи ќе зборуваат: ‘Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери. Зашто во еден миг пропадна толку големо богатство !‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ‘Кој беше како овој голем град ?‘ И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ‘Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапоцености се обогатија сите што имаа кораби по море; зашто за еден миг запусте !‘

Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права ! Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички камен, па го фрли во морето и рече: ‘Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе !‘

И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденички камен нема веќе да се чуе во тебе. И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите маѓии се заблудија сите народи. И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.

Песна во чест на победата. Свадбата на Јагнето

Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој велеше: „Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог, зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.”

И повторно рекоа: „Алилуја ! Димот нејзин ќе се издига за секогаш!” Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја !” А од престолот излезе глас, кој велеше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали !”

И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот ! Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се приготви ! И и’ се даде да се облече во чист и светол висон.” А висонот е праведноста на светиите. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!” А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови !”

И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото !”

Јавачот на бел коњ

И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува; очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше. И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.

А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи. Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопоклонците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.

На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите” и „Господар над господарите” Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера, да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивни јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи !”

Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска. Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и и’ се поклонуваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур; другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се наситија од телата нивни.

Сатаната врзан на илјада години

Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, а не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години.

Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.

Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години.

Поразот на сатаната

А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, и ќе излезе да ги лаже народите по четири краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта. А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноке во векови.

Конечниот суд

И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.

Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа со нив; и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.

Ново небо и нова земја

И видов ново небо и нова земја, Зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.

И чув висок глас од небото како зборува: „Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.”

И Седнатиот на престолот рече: „Ете, се’ ново создавам.” И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.” Потоа ми рече: „Се сврши ! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум. Кој победува, ќе наследи се’, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син. А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклонците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.”

Новиот Ерусалим

Тогаш дојде кај мене еден од седумте ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја покажам невестата – жената на Јагнето,” Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога, и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен камен, како светол камен јаспис; тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви: спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.

Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето. Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови. Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии, должината, широчината и височината негова – еднакви. Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.

Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот – од чисто злато, како чисто стакло. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд, петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.

А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.

Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.

И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест. А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ. И ќе ја внесат во него славата и честа на народите; и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.

Раката и дрвото на животот

И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето. Сред главната улица и од двете страни на реката – дрво на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите. И нема веќе да има никакво проклетство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни. И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.

Исусовото враќање

И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити, Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро. ’Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга !” И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како и ти, и браќата твои – пророците и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога !”

И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску ! Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот !

Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите. А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже.

Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.”
И Духот и невестата велат: „Дојди !” И кој ќе чуе нека каже: „Дојди !” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.

Заклучок

И јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го одземе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга.
Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро !” – Амин ! „Да, дојди, Господи Исусе !” Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин !

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

14. ИМААТ ЛИ ПОТРЕБА И КОРИСТ УМРЕНИТЕ
ОД СПОМНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ИМИЊА

Колку е тажно да се погледне кон она немо поле кое се нарекува гробишта ! Срцето во тага ни се раскинува а душата во грло ни доаѓа од плач, кога ќе фрлиме поглед на безбројните тажни обележја, во тоа немо поле, по некој растурен ред, испод кои се закопани оние, кои се во нашето срце и во нашата душа најмили и најдраги. Наша заштита и ослон – татковци и мајки; браќа и сестри; мили дечиња; најубавите и идеални брачни сопатници; наши познати и пријатели; роднини и наши блиски; ете, таму телата нивни ќе го чекаат страшниот и величествен ден на Воскресението и Праведниот Суд на неопишаниот Творец на всенената.

Стравот и трепетот неможат да не одминат при помислата дека и нас, дали денес или утре, истото не чека и дека на сите нас во тоа тажно, молчаливо и со солзи натопено поле срцето и умот ни замрзнува, стравот и растрепереноста не можат да не одминат при помислата дека и нашето тело таму во вечен сон ќе биде до судниот ден.
При сето тоа, ние, кои зад нив сме останале во овој живот, во оваа долина на плачот, полна со грев и безаконие, должни сме да им помогнеме да се ослободат од аддското и пеколно мачење; зашто сите души кои до смртта (преминувањето од овој живот во вечниот) не можеле да успеат да постигнат плодови на вистинска љубов и покајание, мораат да слегнат во аддот да ги поднесуваат маките за направените гревови, но не губејќи надеж на избавување и тоа не со сопствени сили и заслуги, бидејќи во таква состојба не е можно ништо да се направи за своето оправдување, туку преку топли и искрени молитви принесени од роднините, пријателите и блиските, преку мислосрдност и добри дела.

Со таква наша посредност можат да се избават од адските маки нашите покојни, само така, ако тие до крајот на својот овоземен живот верувале и се надевале на Бога за полесен иден живот после овој живот.

Да се грижиш за спасение на душите од умрените, да се молиш за нив на Бога да им се простат сите гревови, направени со сакање или не сакање, света должност е на секој син и ќерка на нашата света Православна Црква.

Христијанската љубов која нас не повикува да се молиме за живите, не повикува исто така да се молиме и за умрените, бидејќи љубовта никогаш не престанува – не прати и позади гробот, во другиот свет.

Покојните – нашите блиски, кои сме ги сакале како и самите себе, очекуваат од нас да не ги забораваме, туку и редовно да се молиме на Бога за спасение, имајќи ја во вид нивната порака: “Живите се молат на Бога за нас.” Така ќе се молат на Бога за нас оние наши блиски што после нас ќе останат да живеат во овој живот на земјата.

Помошта, која живите можат да им ја укажат на умрените, за нивно спасение, се состои во следното:

– Правење четириесет свети литургии од денот на смртта;
– Со спомнување на нивните имиња во молитвите на гробот и во Црквата;
– Со правење на добри дела во нивно име во деновите на нивните половина годишници, годишници, двегодишници, тригодишници, деветгодишници итн.
– Со заветување и поклони на Црквата, училиштата, сиромасите, болниците, на разни хуманитарни организации меѓу кои особено против туберколозата, против ракот, за стари и неспособни да се самогрижат.

Свети Јован Златоуст ни вели: “Постои, браќа, начин да ги олеснеме маките на упокоените, ако тоа го сакаме. Ако ние почесто се молиме за нив, ако даваме милостиња. Ги собереме околу себе сиромасите, им го кажеме името на покојниот и ги замолиме сите од срце да се помолат за спасение на неговата душа, и тоа ќе го умилостиви Бога. Таков е законот на Божјото човекољубие. Сиромасите кои ги пролеваат солзите за милост, ќе го сочуваат од идна смрт. Направена ваква милосрдност во името Христово, мило му е на Господа, бидејќи – “кој дава на сиромасите, на Бога му позајмува” – се вели во Светото Писмо.

Правејќи милостиња во нивно име, го зголемуваме бројот на оние кои ќе воскреснат во вечен живот. Особено во служење на свети литургии за покој на душата, принесувајќи бескрвни жртви во текот на првата година, навистина најсилно и најблаготворно дело за спасение на душата е за покојниот. Тука самиот Спасител се принесува на жртва и со неизмерна мислосрдност се опростуваат гревовите на умрените. Частичките извадени од просфората на светата проскомидија со спомнување на нивните имиња се осветуваат со свети дарови, а потоа се потопуваат со светата животворна Христова Крв со молитвата: “Измиј ги, Господи, имињата на спомнатите овде во Твојата чесна Крв, по молитвите на сите Твои светии“.

Молете се непрестано за мене на Христа Бога

“Дојдете сите кои ме сакате и целувајте ме со последна целувка, зашто повеќе нема да бидам со вас, ниту пак ќе ме слушате – одам кај Судијата, каде нема пристрасност да гледа на лице; – одам таму каде што слугата и господарот заедно престојуваат; царот и војникот, богатиот и сиромавиот се со подеднаква чест; – секој според своите дела или ќе се просалави или ќе се посрами; – затоа сите ве заколнувам и молам: молете се непрестано за мене на Христа Бога, поради моите гревови да не бидам одведен во местото на маките, туку да ме всели таму каде е светлината на животот“ – се вели во испраќајната песна на погребот.

“Ако на земјата, кога се преселиме од едно место на друго, и имаме потреба од патоводител, колку ли би ни бил потребен патоводител тогаш, кога би оделе во вечниот живот?” – се прашува Свети Ефрем Сирин. По зборовите на блажени Августин, “умрените се надеваат ние да им помогнеме, бидејќи нивното време за работа поминало; – душите фрлени во темнина непрестано бараат помош. Во овој живот лежи болниот и лелечи, лекарот го утешува; а душата во маките, која оттука отишла со вера, повикува, и нема човек кој би и одговорил на нејзиното повикување.” Затоа нас, христијанската љубов и сочувство не повикуваат да се молиме за душата на умрените, да би го наследиле местото на покојот. Творецот одредил: човекот еден ден да умре, а потоа суд, вели Свети апостол Павле (Евреите 9, 27). Затоа треба да се молиме на судијата да биде милостив према умрените.

Неопходноста на молитвата за умрените појасно ќе ни се открие кога ќе дознаеме каква е состојбата на душата после умирањето на телото.

Свети Кирил, Архиепископот Александриски, во беседата “излегување на душата” ни кажува: “ каков страв и трепет те очекува, душо, во денот на смртта? – ќе видиш околу себе страшни, диви, сурови и немилосрдни демони (зли духови – ѓаволи), слични на темните диви луѓе ! Само видувањето нивно е пострашно од сите маки. Душата кога нив ќе ги виде, страшно се возбудува, грозејќи се, почнува да трепери и бара да се сокрие, па се припива до Божјиот Ангел. Светите ангели ја прифаќаат душата и таа со нив патува низ воздушни простори. Патувајќи наидува на препреки, наречени Митарства (царини) (кои во продолжение во целост ќе ги сретнете), кои го преградуваат патот од небото кон земјата и ја спречуваат душата да оди понатака. Тие препреки ги има повеќе. На секоја од нив се испитуваат посебни гревови. Секој грев и секоја страст има свои цариници и испитувачи во лицето на посебни зли духови. Каков страв, трепет, ужас и неспокојство чувствува душата гледајќи го сето тоа, гледајќи ги сликовито запишани сите свои направени гревови, додека се донесе конечна одлука за нејзиното ослободување. Болен, беден, полн со страв и ужас час на неизвесност ! Ангелите Божји се спротивставуваат на злите духови и ги кажуваат добрите помисли, зборови и дела што и припаѓаат на душата, а таа во страв и трепет помеѓу Ангелите и демоните кои за неа се расправаат, очекува свое оправдување или своја погибија.

Ако таа го поминала својот живот побожно и богоугодно, и заслужила спасение, таа во придружба на Ангелите спокојно патува понатака до Бога. Тогаш се исполнува реченото: “се оддалечи тагата, болката и воздишката.” Ослободувајќи се од лукавите и страшни зли духови, таа оди во неискажлива радост. А ако се докаже дека душата го поминала земниот живот во немарливост и блуд, таа ќе го чуе страшниот глас: “Да се земе безбожникот, и да не ја виде славата Господова.” Тогаш нејзе ја оставаат светите Ангели и ја преземаат демоните. Тие почнуваат да ја мачат, да ја тепаат безмилост и ја спуштаат на земјата. Отварајќи ја земјата, ја фрлаат душата врзана во неразврзлив јазел, во темниот дел, подземна темница, каде се затворени душите на умрените грешници од почетокот, или, како што вели праведниот Јов, во земја темна и мрачна, во земја на вечната темнина, каде нема ни светлост ниту живот за луѓе, туку вечен бол и тага, непремолчлив плач, незамолкливо чк’ртање на заби и безкрајни воздишки. Тамошното страдање не е возможно да се опише: – тамошниот бол, кој го осеќаат душите таму однесени и заклучени, не е можно да се искаже. Нема човечка уста која може да го искаже нивното плачење и плач; непрестаните воздишки, подмолното лелекање, но никој да се сожали; плачат, но никој да ги слушне, извикуваат и се тепаат, но никој да се смилува и да ги избави.

Блажени се оние чиј живот бил припремен за влегување во дворецот на Отецот Небесен. На нив им е осигурано Царството Небесно ! Но жалосно е, неискажлива жалосна судбина е за оние умрени, кои својот живот го поминале во лажни похоти, служејќи гревовно на своето тело. Нивната судбина е – осуда на вечна мака. Само Господ, Кој го испитува срцето и внатрешноста човечка, знае од умрените кој е праведен а кој е грешен, и кој во денот на праведниот Суд Божји ќе застане од десно, а кој од лево. А нам ни е познато само тоа, дека нема човек – кој живеел а не згрешил, дека никој не е чист од нечистотијата на гревот, макар и еден ден да поживеел на земјата (Јов. 14, 4-5). По зборовите на блажени Августин: “Никој не може да се пофали со чисто срце, кога ќе помисли дека и ѕвездите не се чисти пред Бога; дури и новороденче кое поживее само еден ден на земјата, не е без грев.” Сите ние сме грешни, во гревови се зачнуваме и раѓаме и животот во грев го поминуваме и во гревовни слабости умираме. Но во Небесниот Ерусалим (рајот) нема да влезе ништо со грев извалкано (отков.21, 27); во светлите дворови на рајот не е можно да се влезе со облека извалкана од гревовни нечистотии. А сигурно е дека после смртта нема покајание и, према тоа, самите умрени неможет да заслужат милост од Бога со свои сопствени сили.

Свети апостол Павле ни наредува да се молиме за сите, тој бара обичните верници да го молат Бога за него (Ефес. 6, 18-19), и тоа баш во времето кога се наближувало да го прими венецот на наградата за своите апостолски подвизи. Ако молитвата за него, најголемиот апостол, не била излишна што тогаш да кажеме за нашите роднини и познати кои заминуваат во вечниот живот, повеќето, без нарочити припремување, особено без покајание и без причестување со светите животворни тајни, Телото и Крвта Христова. Како што болеста на еден телесен орган се лечи со помошта на друг, така исто и душевните болки на умрените христијани, им е потребна лекарска помош од нас на земјата, кои, по Божја милост се здобиваме со правилно време за спасение. Грижејќи се за спасение на душата од умрените, молејќи се за нив на Господа Бога да им ги опрости сите грешки свесни или несвесни, тоа е света должност на секој син од Православната Црква.

На молитвата, за умрените, побудува христијанската љубов, со која сите ние взаемно се соединуваме со Исуса Христа и сочинуваме духовно братство. Оваа света љубов, соединувајќи не’ сите нас овде, на земјата, кој е близок сојуз, обезбедувајќи взаемно помагање еден со друг во достигнување на спасението. Исто така не ги прекратува спасоносните врски према ближните ниту тогаш кога тие ќе поминат од овој преоден живот во областа на вечниот живот и мир. Зашто љубовта, по зборовите на свети апостол Павле “никогаш не престанува“ (Кор.13, 8), умрените – тоа се наши блиски, за кои Бог ни наредува да ги сакаме, како што се сакаме самите себе (Марко 12,31), зашто Бог не рекол: сакајте ги ближните додека тие живеат на земјата. Напоредно, Господ не ја ограничува љубовта према ближните додека се тие на земјата. Бог бара, таа љубов да помине и од другата страна после гробот во вечноста.

Со што можеме да ја докажеме својата љубов према умрените, ако не би ги потсетувале во своите молитви.

Ние сме должни да ги сакаме своите умрени и оваа љубов да ја посведочиме со потсетување и грижа за нивното спасение и поради тоа што и тие нас не не’ забораваат таму. Тие за нас, се потсетуваат и не жалат кога го заобиколуваме патот Божји, грижејќи се за нашето спасение. Како доказ ни посведочува оној богаташ од Спасителовата приказна: – по поминувањето во вечност, тој се сетил на своите браќа, му паднало жал за судбината што ги очекува во задгробниот живот и се грижел како да ги наведе на патот на покајанието (Лука 16, 27-30). Тоа што го направи оној богаташ, без сомневање го прават и другите умрени. Светиот апостол Петар, заминувајќи од овој живот, им ветил на своите современици дека ќе се сети за нив и после смртта. “Ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш на мојата смрт”, напишал тој во својата посланица (II Посл. 1,15). Љубовта кон ближните, со кое добрите луѓе преминуваат во областа позади гробот, уште повеќе се разгорува. Таму тие јасно ги согледуваат страшните последици што доаѓаат од самите страсти, од светските обичаи, од искушувањето на сатаната, гледаат, и во душата не сожалуваат, ни посакуваат спасение и, ако имаат слобода се молат на Господа да ни испрати помош. Секој од нас посакува нашите ближни после нашето заминување од овој свет да не не’ забораваат и да се молат за нас. Да би се исполнила нашата желба, потребно е и ние да ги сакаме своите умрени. Оти со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, рекол Господ (Лк. 6,38). Затоа, за оној кој се потсетува за умрените, ќе се сети за него и Бог и луѓето после неговото заминување од овој свет. Голема утеха и награда му припаѓа на оној кој својот ближен го ослободува од привремена и преодна несреќа. А каква ли награда ќе прими оној кој со средни молитви помогне на своите ближни да би добил опростување на гревовите, омилостивувајќи го Бога, и се ослободи од бездната на вечните страдања, наследувајќи вечно блаженство ! Не зборувајќи за идната награда, потсетувањето на умрените во молитвите, ни донесува во овој живот милост Божји и обилен Божји благослов.

Како последица на молитвите за умрените често пати во срцето осеќаме сладост и умилкување во душата. Во совеста се чувствува задоволство поради направеното добро и душата ја опфаќа неискажлива радост.

Побожниот обичај за потсетување на умрените со молитва кон Бога е еден од најстарите обичаи и него го правеле не само поединци, туку и заеднички повеќемина. Тој прекрасен обичај постоел уште од старозаветната Црква. Црковната историја ни дава јасен пример за спомнување на умрените. Кога војниците на Јуда Макавејски дошле, ги земале телата на загинатите војници во војната против Горгиј и ги погребале според обичајот во гробовите на своите татковци, и кога нашле под секого од нивната облека предмет кој припаѓал на јаминските идоли, за кои Еврејскиот закон забранувал да се зема и да се употребува, тогаш поднале на молитва пред Бога, да им ги опрости нивните направени гревови. А храбриот Јуда ги молел своите луѓе да се чуваат од гревот, присобирајќи две иљади драхми сребро и ги испратил во Ерусалим поради принесување жртва за погинатите (II Макав. 12, 13-43). Да не би се надевал дека мртвите ќе воскреснат, излишно би било и напразно да се молат за мртвите, забележува писателот на оваа книга (стих 44).

Јади леб при гробот на праведниот, го советува праведниот Товија својот син (Тов. 4,17). Важноста на овој завет се гледа од тоа што тој стои пред заповетта во добрината воопшто.

Слична поука ни оставил и Исус, син Сирахов: “Дај милостиња на секое живо створение и не ја потскратувај добротата за умрениот” (Премудр. 7, 36). Искусните совети на праведниот Товија и Исуса, син Сирахов, зачувани се во старозаветната Црква се до доаѓањето на земјата на Господ Исус Христос поради спасението на луѓето и оформувањето на Божјата Црква.

Спасителот ништо не ни кажува за потребата од молитвата за умрените, затоа што сметал дека тој сочуван обичај е исправен и е на свое место. Да не би било исправно, Он сигурно би го исправил. Од ова јасно се гледа дека Он за овој обичај знаел и дека го одобрувал. Ова го потврдува примерот од светите апостоли. Така, свети апостол Јаков, како прв Ерусалимски епископ, во литургијата што ја составил се моли за умрените: “Господи и Боже на духовите и на секое тело, сети се за православните кои ги спомнавме и кои не сме, од праведниот Авел до денес. Дај им дар во населбата на животот, во Твоето Царство, во рајската населба, под крилата на нашите свети Оци: Аврам, Исак и Јаков каде побегнале од болеста, тагата и воздишката, каде постојано свети светлоста на Твоето лице и се’ осветлува.” Слични молитви оставиле во своите литургии свети Василие Велики и свети Јован Златоуст.

Во апостолските установи, ни се укажува спомнување на умрените и не само во законски обичаи на молитва: Господ да им го опрости секој грев знаен и незнаен, се запишуваат и правила како треба да се извршува обичајот и се означуваат извесни денови кога треба да се врши спомен на умрените. За умрените треба да се читаат псалми и молитви во третиот, деветиот и четириесетиот ден после смртта, подржувајќи го примерот на старите христијани. Така на пример во апостолските установи (кн. VIII, 41 и 42) се наредува, живите роднини да прават добрини на сиромаси во спомен и во име на умрените. Светите апостолски мажи и црковните учители, кои живееле во апостолско време, исто така самите се молеле за умрените, зборувале и пишувале дека молитвите за умрените се света христијанска должност. Така свети Дионисие Аеропагит, ученик на свети апостол Павле, пишува во својата книга – За црковната Јерархија, “Ние смирено молиме за безкрајна доброта Божја на умрените да им ги опрости гревовите, производ на човекова немоќ” (гл.6). Овие зборови јасно ни сведочат дека молитвеното спомнување за умрените била практика дури посебно и во домашните молитви и воопшто црковното богослужение. Овој побожен обичај, одобрен и проширен од самите свети апостоли и нивните последователи, се претвори во општа и света должност на сите членови на Христовата Црква. Светата Православна Христијанска Црква, поучена од светите апостоли и раководена од самиот Господ Исус Христос, кој ни вети дека ќе биде со Неа до крајот на светот (Мат. 28,20), примајќи од апостолите прекрасен обичај да се молиме за умрените, покажале со тоа, од една страна, потребата на молитвата за своите деца.

Според учењето на свети Јован Дамаскин, “Светата Црква ништо не учи бесцелно, ниту непотребно, ниту напразно, ниту неумесно, ниту случајно, туку се’ корисно, богоугодно и многу спасоносно. Бидејќи Таа, по зборовите на свети апостол Павле, е столб и тврдина на вистината” (II Тим. 3. 25), па затоа и жртвите, молитвите и спомените за умрените, кои се прават – угодни се и корисни за оние кои со вера умреле (беседа за упокоените за вера). За душите на грешниците кои пред смртта се покајале, но не успеале да придонесат достојни плодови за покајание, постои уште една можност до последниот Божји Суд да се ослободат од пеколот. Патот кон ова ослободување ни го открил и со Својот Крст трасирал Разурнувачот на пеколот, Кој од тука ги извел душите кои поверувале на Неговата проповед. И сега Он ги има клучевите од пеколот и смртта (Откр. 1,18). Можат да се отворат затворите пеколни и од тука да се избават заточените. Се разбира, душите затворени во пеколот, кои се натопени во злото, секако можат да ја почуствуваат одвратноста према гревот, во мисли и во срце тежат кон доброто, према кои биле рамнодушни на земјата, но во пеколот тие немаат никаква можност да се здобијат со свои плодови на покајание и да го оправдат своето стремње кон добрите дела на љубовта и милосрдноста. Тој недостаток од плодови на покајание и добри дела, по предоброто Божјо уредување, ги заменува нив црковните молитви за умрените, добротата која се врши на земјата по нивно заветување или во нивно име, а особено во принесувањето за нив свети безкрвни жртви (служење на заупокоени литургии), заземање за нив светители во Небесната Црква (Откр. 8,3-4) и, на крајот семоќно заземање пред Отецот Самиот искупител – Исус Христос (Евр.7,25). За тоа св. Јован дамаскин вака ни вели: “Без сомневање е дека секој човек кој во себе има квасец на добродарител, но неуспеал да го претвори во леб, поради мрзливост, негрижа, поради човечка немоќ, или пак што одлагал од ден за ден, а смртта неочекувана го покосила, нема да биде заборавен пред Праведниот Судија и Господ. Самиот Господ после неговата смрт, ќе ги побуди неговите ближни пријатели, да ги упати нивните помисли, да им го привлече срцето и ги умилостиви нивните души и на откриен начин му помогнат.” Таа помош која живите ја укажуваат за умрените е молитвата, парастасите, а особено принесување на света бескрвна жртва за нив.

Свети апостол Јован ни зборува за слободата и успехот на молитвата пред Бога: – “Знаеме дека нас ќе не послуша, зашто молиме по Негова волја” (I Јов. 14, 5-15). Нашите молитви за умрените кои ги правиме во храмовите Божји и во своите домови, се угодни на Бога, затоа што ние во нив бараме на умрените добро, спасение на душата, створени по Божјиот лик, и скапоцени за Бога, бидејќи Он ја пролеал својата крв за нивно избавување. На тој начин ние за душата на умрените бараме она што е на Бога по волја. Самиот Бог не сака ниту една човечка душа да погине, туку да се обрати и жив да биде ! – рекол Он преку пророкот (Јез. 33.11).

Друг правец кој спаѓа во добри дела за умрените е милостињата, или помагање на сиромашни браќа наши со матрејални добра. Со ова добро дело се придонесува олеснување на задгробната судбина на умрената душа, правејќи добро на сиромасите, со тоа го зголемуваме бројот на луѓето што се молат за спасение на умрениот, а исто така што го правиме тоа во името на Бога, ние со тоа правиме најпријатно дело пред Бога; ние со тоа задолжуваме, обезбедуваме и ги тешиме Неговите браќа, кои Он ги сака. А на кој брат нема да му биде мило и нема нас да не сака, кога ние правиме добро на Неговиот брат, кој тоа не го сака ? Ако тоа луѓето го прават од благодарност, од желба за љубов да вратат со љубов, од услуга да вратат со услуга, тогаш од тоа може повеќе да се очекува од Оној кој во срцето човечко вдахнал осет на љубов и благодарност, од кој произлегува взаемност во услугата. А при тоа, кој дава на сиромасите, тој не само што дава на Христовиот брат, туку дава на самиот Господ Христос. За ова сведочи самиот Бог преку устата на премудриот Соломон: – Кој поклонува на сиромавиот, на Бога позајмува и Господ ќе му плати за неговото добро (Притче 19, 17). Во колку со добро го задолжуваме Бога, толку повеќе Он ќе ни врати – она што го бараме од Него. Зашто никој не е подобар, поточен и поревносен должник во враќање на долгови – од Бога. Према тоа, по силата на взаемност, постои сигурен основ дека Бог нема да ги остави неисполнети нашите молитви за опростување на гревовите од нашите упокоени браќа и сестри, кога ние за нивно спасение даваме милостиња на своите сиромаси – ближни, браќа во Христа и со тоа го задолжуваме Него, Господа.

Трето добро дело кое влегува во состав на добри дела за умрените е Светата литургија која се служи за нив или се принесува Света бескрвна жртва за нивно спасение. Тоа е најсилно средство на Црквата за обезбедување на умрените Милост Божја. Тука самиот Господ се принесува таинствено на жртва и со тоа ја покренува својата Божанска милосрдност да им ги опрости гревовите на умрените, за кого се завзема Најголемиот посредник и за кого се принесува најсвета и најсилна жртва.

Зарем е можно да не се очекува опростување и олеснување на престапникот кога самиот Син Царски се завзема за опростување на престапникот ? О, со несомневна надеж и поверение треба да се очекува да на сите упокоени браќа и сродници наши во Господа, за кои се принесува бескрвна жртва, со тие сами принесувања ги олеснуваат гревовите, и тие добиваат можност за преминување во подобра состојба. И таа несомневна надеж на Светата Православна Црква се темели, од една страна, на тоа, што задгробната состојба на нејзините умрени деца до последниот суд уште не е конечна. Од друга страна, неискажаната Божја милост и силата на Христовото застапништво се пренесува низ сите времиња и на сите луѓе дури до страшниот Суд Божји.

Во вистинитоста на ова не уверува Свети апостол Павле со зборовите: “Исус Христос со една жртва ги направил совршени оние кои се осветуваат. А Он, бидејќи останува вечно, има и вечно совршенство. Затоа и може секогаш да ги спаси оние кои низ Него доаѓаат до Бога, останувајќи засекогаш жив, да би се завземал за нив” (Евр. 10, 14; 7, 24-25).

Кај тие средства, душите, кои се заклучени во пеколот, но и кои не се лишени од способноста за рајски живот, имајќи во себе добар квасец и стремење кон доброто, без обзир на недостатокот на добри дела, можат да преминат од духовна темница во небеското пристаниште. И Христијанската Црква секогаш безсомневање верувала во силата и дејството во молитвите за умрените. Свети Јован Златоуст не учи: “Ако Господ поради апостолот спасил многумина (за времето на морската бура (Д.ап. 27, 14-44), ако поради едни помилувал и други како ли да не покаже слична милост и кон нас ?” (Беседа 21 на Дела апостолски). Господ Исус Христос спремен е да исполни се’ што би го замолиле Него или во името Негово Отецот Небесен. Он рекол: “Барајте и ќе ви се даде ! Ако нешто побарате од Отецот во Мое име, Јас ќе ви направам” (Мат. 7,7; Јн. 14, 13-14). А бидејќи се сите наши молитви кои влегуваат во состав за спомен на умрените запечатени во името Христово, барајќи помилување на умрените во името Негово, тоа е несомнено дека овие молитви се врз основа на ветеното Христово Царство, имаат успех во помилувањето Божјо и во испросување на гревовите на умрените. За умрените, молитвата прави да би се очистиле од гревовите, ни зборува писателот на II кн. Мак. (12, 46). Господ гледајќи ја нашата љубов кон ближните умрени, без сомневање ќе ги услиши нашите молитви за нив и ќе оттргне секоја солза од нивните очи (Отк. 7,17) и ќе им подари живот вечен во Своето Царство.

Ние самите не би можеле да си објасниме на кој начин дејството на молитвите можат да делуваат толку далеку, дури од еден свет на друг – од видливиот во невидливиот. Но, ние не би можеле да си објасниме ниту силата на молитвата од еден жив кон друг жив, влијание на една душа која живее во тело на друга таква душа (пример од претходните изјави на доживувањето „на прагот до смртта”), кое како таму така и овде сочинуваат така речи два посебни света, одвоени еден од друг.

Никој тоа не го објаснил. А тоа се случува многу често во животот скоро на секој од нас. Поради тоа сомневање во силата и дејството на молитвата за умрените е големо безумство.

Свети Ефрем Сирин во својата предсмртност бара заветување, за себе молитви и помен од живите, бидејќи бил убеден свештениците на Синот Божји со свети жртви и молитви можат да очистуваат гревови на умрените.

Случки од кои може да се види спасоносната сила на молитвата за умрените чести се во животите на светите подвижници. Така, свети Јован Милостив, патријарх Александриски, поучувајќи дека молитвените помени се премногу корисни за душите кои заминале од нас, раскажал, помеѓу другото и ова:

Еден војник (христијанин), паднал во ропство на Персиското царство и бил фрлен в затвор. Некои негови другари кои побегнале и успеале да се вратат во својата татковина (Кипар) од каде бил и заробениот војник, им кажале на неговите родители дека нивниот син загинал и бил погребан со многу затвореници. Кога тоа го слушнале неговите родители, почнале да прават молитвени помени за неговата душа и во текот на таа година направиле три такви помени. Но, после четири години нивниот син успеал да се ослободи од затворот и си дошол дома. Се разбира, дека неговите родители биле пријатно изненадени и пресреќни кога го виделе жив. Тој од нив разбрал дека тие го сметале мртов и му правеле парастoси. Тој ги прашал во кои денови му правеле парастoси и тие му рекле на Богојавление, на Велигден и на Педесетница. Тој им рекол : – точно во тие денови доаѓаше кај мене во затворот некое светло момче, ме ослободуваше од оковите и ме изведуваше од затворот и јас можев цел ден слободно да се движам, а кога денот ќе одминеше, пак ме враќаше во затворот и во оковите.

Светата маченица Перетуа ни кажува: – Еднoш во затворот, за време на општата молитва што ја принесувавме сите христијани, јас неочекувано сум го изустила името на мојот брат Динократ. По тој повод јас почнав да се молам на Бога за него. Следната ноќ, имав чудно видение: го видов мојот брат како излегува од некакво темно место во голем оган измачуван од жед, нечист и блед. На неговото лице имаше рани, од кои умрел. Помеѓу мене и него имаше длабока провалија и ние неможевме да се приближиме еден до друг. А покрај тоа место каде Динократ стоеше, имаше полн сад со вода, но работ од садот беше повисок од мојот брат и тој напразно се напрегнуваше да се дофати до водата. Мене би беше многу жал што мојот брат не е во состојба да ја изгасне својата жед и што јас не можев да му помогнам. Во таа состојба и се пробудив. Од своето видување заклучив дека мојот брат се преселил во вечноста и дека се наоѓа во голема тешкотија. Верувајќи дека молитвата може да му помогне во тешкотијата, јас почнав во затворот да се молам на Бога деноноќно, со оплакување, Господ мене ми го подари. Местото кое прв пат го видов темно, сега беше светло и мојот брат, со чисто лица и во прекрасна облека уживаше во ладовина. Каде што на лицето му беше раната, видов само белег од неа. Покрај него се наоѓаше сад со вода, но, сега работ од садот му беше до појасот, така да лесно можеше да ја дофати водата. Покрај садот стоеше златна чаша, полна со вода. Динократ дојде до чашата и почна да пие. Тој ја пиеше, но водата во чашата не се намалуваше. Кога се напи, тој отиде да се весели. Со тоа, видувањето заврши. Од ова дознав дека мојот брат е ослободен од маките.

Ако самата молитва може многу да им помогне на умрените, таа за нив ќе им биде многу повеќе од корист, кога би била соединета со милостиња и други доброчинства. Силата на милостињата и користа од неа за душата на умрените се знаела уште во Старозаветната Црква, што може да се виде од зборовите на побожниот Товит: “Милостињата од смрт ослободува; таа го очистува секој грев и не дозволува душата да оди во темнина” (12,9; 4,10). Слично на ова ни кажува и премудриот Сиракс: “ Дај милостиња на секое живо створение и не ги ускратувај доброчинствата за умрените (Прем. 7,36). Во нашата Православна Христијанска Црква заповеста за доброчинствата доби најшироко значење. Спасителот дирекно ги нарекува ближни и ветувајќи им помилување на небесата. И неговите божански ученици, светите апостоли ги заветувале верниците да прават добрини на своите блиски. Светите црковни oтци и со зборови и со примери учеле исто. Колкаво големо значење има милостињата, ни открива поопширно Свети Јован Златоуст во своите беседи. Ќе наведеме само неколку зборови: “Ништо не е толку силно да ги олесни гревовите, како милостињата. Девичанството и постот се само богатство на испосникот и девственикот – тие не спасуваат никој друг, освен самиот подвижник, а милостињата се проширува на сите и ги опфаќа сите членови на телото Христово” (IV – беседа на пос. I Тим).

Овој свет отец многу пати беседел на верните за благодатните последици од милостињата и од другите милосрдни дела за умрените. Така, во своето толкување на Јовановото евангелије тој вели: “Сакаш ли да им оддадеш чест и почитување на умрените? Обдари ги со милостиња и добри дела, бидејќи милостињата ослободува од вечни маки (42 беседа).

Во побожните преданија сочувани се повеќе значајни примери, кои јасно ни посведочуваат како е корисна милостињата за умрените од кого се прави во нивни спомен.

Блажениот Кир Лука имал брат, кој откако примил монашки чин, малку се грижел за својата душа. Во таква состојба и не грижа го заварила и смртта. Блажени Лука тагувал за својот брат што самиот не се подготвувал за смртта како треба и го молел Бога да му ја открие задгробната судбина на братот. Бог му ја исполнил неговата молитва и тој во едно видување ја видел душата на својот брат во рацете на зли духови. Старецот веднаш испратил некои монаси да ја претресат келијата од неговиот брат и да видат што има таму. Тие отишле, ја пребарале и нашле, покрај другите предмети, и пари. Од тоа што нашле во келијата, старецот заклучил дека неговиот брат страда, покрај другите гревови, тој го нарушил и заветувањето на сиромаштво. Се она што било најдено во келијата било подарено на сиромаси. После ова, на старецот, за време на молитва му се покажало повторно видување: суд, на кој ангелите Божји се расправаат со злите духови околу душата на умрениот брат – “душата е наша, таа правеше наши дела”, кажувале злите духови. На тоа ангелите им одговарале дека таа е избавена од нивните раце со милостиња, за нејзе што е направено. На тоа злите духови забележале: “зар умрениот направил милостиња? – дали тој старец? Покажувајќи на Кир Лука, направил за него, блажениот подвижник одговорил: – да јас направив милостиња, но не за себе, туку за таа душа”. Злите духови биле засрамени со одговорот на старецот, и се изгубиле. Старецот со ова видување се смирил и повеќе не се сомневал во спасението на својот брат (Пролог, 12 август).

Сличен пример што ни сведочи за благотворната сила на милостињата врз судбината на умрените се сочувал во житието на светата игуманија Анастасија. Таа, пред своето заминување од овој свет им наредила на сестрите од манастирот во нејзин спомен да поставуваат трпеза за сиромасите 40 денови по нејзината смрт. Сестрите тоа го правеле само 10 дена и прекинале. Ова кршење на нејзиниот аманет ја предизвикала умрената игуманија од оној свет. Таа им се јавила на некои од сестрите во придружба од два ангели и строго ги запрашала: – “Зошто ја прекршивте мојата заповет? Треба да знаете дека милостињата и добрите дела за умрените кои во текот на четириесет дена се прават, го смилостува Бога. Ако умрените души се грешни, тие преку дела на милосрдноста добиваат од Господа опростување на гревовите, а ако се праведни, добрите дела за нив направени им послужуваат на доброправителите (Минеј, 12 април).

Најповеќе од сите други жртви, Бога го смилостува безкрвната жртва, која се принесува во пречистите тајни на Телото и Крвта од нашиот Господ Исус Христос. Свети Јован Златоуст вели: – Не напразно апостолите завеле при извршувањето на страшните тајни да се спомнуваат умрените. Зашто кога целиот народ и свештениците заедно стојат со подигнати раце, и кога престои страшна жртва, како да не го смилостиви Бога молејќи се за умрените (Беседа 41 на посл. II коринт.).

Оној, Кој не Го поштеди, ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, како да не ни подари со Него се’? (Рим. 8,32). Слично расудува и свети Ефрем Сирин: – Ако старозаветните свештеници преку жртви ги очистувале гревовите на погинатите и извалканите од безаконија, како се зборува во Светото Писмо (II Макав. 12 гл.), нема ли многу полесно свештениците од Новиот Завет да ги очистуваат гревовите на умрените со свети принесувања и молитви? При извршувањето на светата безкрвна жртва за спасение на умрените, оваа жртва во лицето на свештенослужителот ја принесува самиот Христос. Тој, самиот Го моли Бога Отца и Бог Светиот Дух да му ги прости гревовите на грешниот. Зар заземање на толку голем посредник може да остане без плод ?

Свети Кирил Ерусалимски ни кажува: – да се молиме за сите умрени околу нас, верувајќи дека таа душа ќе се збогати со најголема корист, за која се принесува молитва на свети и страсни жртви, на престолот за принесување. Во тоа јас сакам да ве уверам со сличен пример. Акој некој цар би испратил некој во заточение што го навредиле, но нивните блиски му сплетат венец на царот и му го поклонат поради оние кои се наоѓаат под казна, зар тогаш царот не би ја ублажил нивната казна? На тој начин и ние, принесувајќи молитви за умрените, не плетиме венец, туку Христос, заклан за нашите гревови, Го принесуваме, смилостивувајќи Го Човекољубецот (Беседа за умрените).

Частиците кои на Божанската проскомидија се вадат од просфората за спомен на умрените души се соединуваат покасно на светата литургија во животворната Крв Христова, при што свештеникот вели: – Истриј ги (избриши), Господи, гревовите на овде спомнатите во чесната Крв Твоја, по молитвите на Твоите светии. А Крвта на Исуса Христа очистува од секој грев. Еве пример кој докажува дека при спомнувањето на божанската проскомидија води на спомнатите луѓе, милост Божја.

Свети Григорие Двоеслов ни кажува: – За време на преподобниот Бенедикт, биле две испоснички, овенчани со светлина на животот, но обете имале несреќна страст, многузборливост, а покрај тоа многу лажно и штетно делувале на средината. Старецот повеќе пати ги молел да го воздржуваат својот јазик и им запретил со оддалечување, ако не го послушаат. Но тие не ја напуштиле својата лоша навика и така во покајание наскоро и умреле. Како испоснички, тие биле во црковната заедница, членови на Црквата Христова и како такви биле погребани. Но како оддалечени од Црквата, тие не можеле во неа да останат. Во своето преминување од овој свет, тие присуствувале на наднебесната света литургија, но само во нејзиниот прв дел, во кој можеле да присуствуваат и огласените (т.е.оние кои се припремале за крштевање, но сеуште не биле христијани, и не биле сеуште полноправни членови на Црквата Христова). Кога ѓаконот ги изговарал на сватата литургија зборовите: – Огласени излезете! Тие, како што им било откриено на некои христијани, излегувале од црквата. Кога дознал за ова светиот Бенедикт, почнал на светата проскомидија покрај частиците кои ги вадел за оние кои биле погребани без опомени да вади частици од светата просвора за покој и за нивните души, и да ги става нивните имиња при свршувањето на Светите и Страсни Тајни. Тоа почнале да го прават сите по негова заповед. После тоа, никој од верните не видел да ја напуштат светата литургија, што било знак дека заупокоената жртва за нив принесена по желба на слугите божји го смилостиле Бога и Он им го опростил нивниот грев.

Свети Григорие Двоеслов уште ни кажува во своите беседи дека во негово време некој умрен христијанин се јавил на еден побожен свештеник и го замолил за покој на неговата душа да принесе света бескрвна жртва. Во таа прилика додал: – Ако светата жртва ја олесни мојата задгробна состојба, јас повеќе нема да ти се јавувам. Тоа нека ти биде знак. Свештеникот ја исполнил неговата желба и тој повеќе не се јавил.

Да би се подобро разбрала силата на светата бескрвна жртва за душите на умрените, ќе наведеме уште еден пример од животот на свети Григорие Двоеслов, кој самиот го раскажал: – Во мојот манастир беше братот Јуст, кој се разбираше од лекарска вештина. Кога самиот падна во тешка болест, и немаше никаква надеж дека ќе оздрави, другите браќа средувајќи ја неговата келија нашле во еден сад скриени три златници. Кога за тоа ме известија, јас, да би со привремена казна го очистил братот од гревот на користољубовоста и да би ги заплашил другите, наредив уште на живот да се оддалечи од манастирското братство, а по смртта да се погреба понастрана од гробовите на останатите упокоени браќа заедно со неговите златници и воедно да се лиши од црковните молитви за триесет дена. Како наредив, така беше и направено. Кога поминаа триесет дена, во мене се разгоре чувство на сострадање и љубов кон несреќниот брат, и желба да го ослободам од задгобните маки, па наредив во наредните триесет дена да се служи света заупокоена литургија за опростување на неговите гревови и за покој на неговата душа. Кога се отслужи последната литургија, следната ноќ умрениот се јавил на неговиот брат и му рекол: – Досега ми беше многу лошо, но сега сум среќен, бидејќи денес сум примен во зедничко општење. Така, со бескрвна жртва, братот се избавил од вечните маки.

Во нашата Православна Црква постои древен побожен обичај, спомнување на умрените во третиот, седмиот, деветтиот, дваесеттиот, четириесеттиот ден од смртта, на годишнината, двегодишнината, тригодишнината и тнт. Во објаснување на овој обичај Црквата наведува некои особености што душата доживува после смртта во треттиот, седдмиот, деветтиот, дваесеттиот и четириесеттиот ден. Затоа свети Макарие Александриски ги запрашал ангелите, кои го воделе низ пустињата, и од нив добил објаснување за тајните што сакал да ги дознае.

На неговото прашање ангелите му откриле каква корист умрените имаат од молитвите што Црквата, по преданијата на светите отци, за нив ги принесува пред Бога во третиот, седмиот, деветтиот, дваесеттиот и четириесеттиот ден по нивната телесна смрт, ангелите му одговориле: – Бог не дозволува во Неговата Црква ништо да биде непотребно и бескорисно, туку во својата Црква востановил извршување на небески и земни тајни. Кога во третиот ден се принесуваат молитви во Црквата, душата на умрениот се здобива со олеснување во својата тага поради одвојувањето од телото (и од своите роднини). Кога се принесуваат молитви за нејзе во црквата, во неа се раѓа олеснителна надеж. Во текот на првите два дена после разделувањето од телото, на душата и се одобрува во придружба на ангели да види некои места на земјата кои таа ги сака. Душата која го сакала своето тело, најповеќе се враќа во својот дом, како птица која си го бара своето гнездо. Добродетелната душа пак, ги посетува оние места, во кои правела добри дела. Третиот ден, по заповетта Господова, Кој воскресна во третиот ден, душата се вознесува на небото поради поклонување пред Бога.

– После поклонувањето пред Бога, душата, по Негова заповед во текот на наредните шест дена, и се покажува населбата на светите и рајските убавини. Разгледувајќи се’, душата ја заборава својата тага поради разделбата од телото и го прославува Творецот на сета таа убавина. Но ако се чувствува грешна, почнува да тагува, да се проколнува и осудува што пропуштила со своите страсти и похоти кои ги правела на земјата за време на земниот живот, а не во служење на Бога и богатење со вечни добра и слави. По истекот на шестте денови и поминувањето низ рајската населба, ангелите пак тука ја носат душата на поклонување пред Бога. Затоа Црквата во седмиот ден принесува молитви на Бога за умрените души.

– После второто поклонување пред Бога, на душата и се покажува местото на пеколот и местата на разни измачувања на грешните души. Тоа обиколкување на пеколот трае триесет дена (со прекинување на дваесеттиот што пак оди на поклонување пред Бога). Поминувањето низ тие места на маките, душата почнува да ја обзема страв да не би и таа била осудена на маки. Во четириесеттиот ден, таа по петти пат се принесува пред Бога и во таа прилика праведниот Судија и одредува привремено место (до Страшниот суд), која таа, со својот земен живот и со своите дела го заслужила. Затоа Црквата правилно постапува што во четириесеттиот ден принесува молитви на Господа за душата на умрените, Господ да ги помилува и да ги спаси (беседа на преподобниот Макарие Александриски, за излегување на душата на праведниот и грешниот). Голема корист имаат умрените и од други молитви и жртви кои за нив се прават во Божјите храмови и во домовите на христијаните, со читање на Псалтирот, палење на свеќи, кадење со темјан и кандило.

По зборовите на свети Атанасиј Велики, – кој дава прилог за умрените тој има иста цел како и таткото, чие дете е младо и немоќно. Ако се случи некое дете да страда од некоја болест, таткото со вера во својата душа носи и пали свеќи во Божјиот храм, носи темјан и зејтин за кандила, молејќи се на Бога да го излечи од болеста. Детето во тоа не учествува. Тоа, даровите ниту ги зема во своите раце ниту ги носи… Така треба да се мисли и за оние кои умираат со вера во Бога. Треба да се принесуваат и да се држат за нив свеќи, да се кади темјан и да се пали кандило, и благодатта Божја нема да се откаже од нив.

Свети Кирил Александриски, не советува: – Немој да се откажеш од гробот на умрениот, донеси свеќи и зејтин, па пали ги, повикувај Го во молитва Христа Бога, бидејќи тоа е угодно на Бога, и овие дарови се од голема корист и плодотворни се. Ако умрениот е грешен, да би го, со помош на Божјата благодат ослободил од неговите гревови и да би го извадил од пеколот приближувајќи го до светлата рајска населба. А, ако е праведен, тоа да ти послужи за награда.

Тешејќи ги оние кои прекумерно плачат и тагуваат поради смртта на грешниот, свети Јован Златоуст ни кажува: – Да се погрижиме, што повеќе можеме, место солзи и оплакувања, место раскошни гробници, да им помогнеме на умрените со своите молитви, со милостиња и прилози, да би на тој начин ним и нам измолиле од Бога и примиле ветеното богатство (XXI – беседа на Дел. апостолски). Од зборовите на овој свет отец јасно се гледа молитвеното спомнување за умрените колку е спасоносно за душата и за оние кои го прават споменот. Ќе кажеме неколку зборови како објаснување на ова.

Бидејќи чистата љубов е вистинско чувство што душата ја смирува и подигнува, таа не може да се сокрива во душата, туку се појавува надворешно, се разгорува, се шири, се засилува. Во тоа нема сомневање дека оние кои од љубов према своите умрени прават за нив спомени, имаат во душата особени, драгоцени, небески чувства. Тие свети чувства не е можно да се објаснат. Дури и кога луѓето кои ги спомнуваат умрените немаат такво чувство, нема сомневање дека и тие за спомнување на умрените, како доказ на својата љубов према блиските заслужуваат од Господа Бога милост поради исполнување на Неговата заповед, да ги сакаме блиските (Мар. 12,3).

Ако Товит се удостоил со Божјиот благослов поради тоа што ги погребал телата на погинатите од своето племе, како што се гледа од преданијата за животот на овој добродетелен маж, тогаш нема никакво сомневање дека Бога изобилно ќе ги награди оние кои од љубов према блиските не само што земаат учество во погребувањето на умрените, туку се грижат од сето свое срце од Бога да измолат милост и блаженство за нивните души од другата страна на гробот, со помош на молитвените спомени, мислостињата и други дела на милосрдност. Према тоа, од голема корист е спомнувањето на умрените и за оние кои тие спомени ги прават.

Нас ни е тешко разделувањето од блиските со кои сме соединети преку сродство или пријателство. Затоа смртта на блиските често ни причинува горка жалост, ни го стегнува срцето, ни се помрачува умот, а понекогаш и самото здравје ни го пореметува.. Тогаш човекот, со огорчената смрт на блиските, потребна е поткрепа и утеха… Што може да внесе олеснување на душата на ожалостените, душа која тагува за оние што не можат да се вратат, најдобар и најисправен начин за ова е молитвата кон Бога за спокој на душата на умрениот. Принесувајќи таква молитва, оној кој тагува поради смртта на својот ближен често пати осеќа во душата умилкување, а потоа вообичаено се појавуваат солзи. Таквите солзи се добродетелни. Тие ја претвараат тагата во утеха, ја олеснуваат тежината на срцето и донесуваат светлина во умот. Поради загубата на саканиот, многумина осеќале тешка тага, која како тежок камен ја претискала душата и срцето, но после молитвата за умрениот во срцата нивни се стварале солзи и тие времено се осеќале се подобро и полесно, додека на крајот не се смират.

За нас, многу е корисно она што зборува за Бога, влива страв према Бога, ни помогнува да ја почуствуваме суетата на видливите работи што ги смирува нашите страсти, победува на покајание и поткрепува на патот кон благодетелниот живот. Оваа душевна корист можат да ја добијат оние кои со своите молитви ги спомнуваат умрените. Молитвите, песните, обредите, кои влегуваат во состав на спомените, преполни се со такви силни и дирливи мисли, кои влијаат на најтврдото срце. Кој од нас, присуствувајќи на опело на упокоени, не почуствувал, дури и кратко време, спасоносна промена во својата душа? Кој од нас од домот на плачот за умрениот не кажувал прекрасни, високи мисли и силни чувства и на тој начин со сопствени искуства се уверил во тоа, што прави мудреци ги посетувале домовите на плачот, отколку раскошни домови, како што го приметил и рекол мудриот Соломон: – Срцето на мудрите е во домот на плачот (Проповед 7,4).

За молитвите на умрените самиот Господ ќе не награди. Кога земјата ќе не земе и нас во својата утроба и кога ќе ни биде потребно од другите, тогаш Господ, заради нашата љубов кон блиските умрени ќе најде и за нас молитвеници, према тоа, ние многу лошо постапуваме кога го занемаруваме делото од спомнување на умрените од мрзливост и заборав. Ние, со тоа и самите се оддалечуваме од милоста Божја кон нас и умрените ги оддалечуваме со нашата молитвена сила и надеж од добивање на небесниот живот, благодетниот мир и рајската населба.

Умрените да би се удостоиле од добивање на спасоносните плодови од нашите спомнувања, само по себе се разбира дека мораме да ги исполнуваме посебните услови.

Како прво, спомнувањата треба да ги вршиме во духот на Правослвната вера и со потполна вера во милоста Божја, во силата и заслугата на Исуса Христа, Спасителот на светот. Само таквото спомнување е свето, силно и успешно во приближувањето на умрените за нивна духовна корист.

Евангелската историја ни овозможува особено убедливи примери како се отценува живата вера, како тоа може многу да значи и за нашите умрени. Верата – небото го привлекува, верата – гробови отвара, верата – демони оковува, верата – малите гревови ги разрешува, верата – пеколот го потресува, верата – мртви воскреснува, верата – гневот Божји во милост го претвара! Не е добро лебот да се одземе од децата и да се фрли на кучињата и одговорил Исус на жената Ханинејка, по нејзината молба да ја излечи нејзината умно болна керка (Мат. 15, 26). Но жената, издигната со вера, повикала: – Да, Господи, но кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари (ст.27). Спасителот и одговорил на жената во вера: – О, жено, голема е твојата вера, нека ти биде како што сакаш (ст.28). Што потоа, како може да не успее и да направи силната вера за утеха на умрените ?

Другото споменување за умрените треба да се прави од целосна љубов во Христа кон нив. Како можеме да ја привлечеме љубовта Божја кон умрените, ако ние самите немаме љубов кон нив ? Нашата љубов кон умрените треба да биде спроводник на љубовта Божја кон нив. Нашата љубов во тој случај треба да делува така како што делува љубовта татковска, кога тој од длабочината на водата го извлекува својот син, дури и кога силата го напуштила. Таа сила таткото ја заменува со силата на синот. Овде љубовта татковска се’ прави она што би направил за свој спас самиот син, да не би се лишел од средствата и силата за тоа. Тоа нежно, другарско, братско во Господа расположение на нашите души према умрените браќа, несомнено е пријатно на Бога. Зашто тој Самиот заповедал да ги сакаме своите блиски, како самите себе, да се сакаме искрено од сета своја душа, да се сакаме и во овој живот и после смртта. Сакај го својот ближен како самиот себе, рекол Господ Исус Христос (Мк.12,31). После ова, се резбира и молитва од христијанска љубов ќе му биде пријатна на Бога, а успехот на молитвата е благопријатна на Бога.

Свети Ефрем Сирин вели: – Кога молитвата се соединува со љубовта, плод е на разговор со Бога: Врата небеска и се отвара. По своја желба се зближува со Бога и добива што бара.

На крајот, споменувањето на умрените треба да се прави што е можно почесто. Бог понекогаш ги исполнува нашите желби и молитви, веднаш. Он, повеќето ја искушува нашата вера, го испитува нашето трпение и често нашите молитви ги исполнува после долго времени и засилени барања.

По зборовите на свети Макарие Велики: – Понекогаш нашите молитви не се брзо исполнети по некоја неизречена премудрост поради испробување на слободната волја, да би се видело дали ние го почитуваме Бога како верен и вистинит, Кој ветил дека ќе им даде на оние што бараат и дека ќе им ги отвори вратите на оние кои на нив чукаат; да би се видело дали навистина ние веруваме во зборовите Негови; дали до крај ќе останеме во непоколеблива вера; дали внимателно ќе бараме и сакаме; дали од страдањата на стравот нема да се откажеме од Бога; дали нема да се предадеме на мрзливоста, паѓајќи во неверие и разочарување, не трпејќи до крај мисленото искушување на нашата вера и желба.

Затоа, несомневајќи се во успехот на нашите молитви, треба при споменувањето на умрените да ги продолжиме нашите молитви без изоставување и наша силна вера, наша постојаност во молитвите без сомневање дека ќе го смилостивиме Правосудството Божјо.

На Господа Бога Му е угодно, стрпливо да се молиме и да не се сомневаме во успехот на нашите молитви, се’ додека не го добиеме саканото. На таа основа наменетите молитви за умрените, стрпливо и постојано продолжувани, порано или покасно, на умрените ќе им донесе полза. Затоа, Светата Православна Црква молитвите за умрените ги внела во повеќе свои молитви на Светата Литургија, која ќе послужи на земјата до Второто Христово доаѓање.

Кога пред нас би се отвориле вечните бездни, кога би можеле да ги видиме нашите умрени собраќа, нивниот збор, прва нивна молба сигурно би била: – Браќа, молете се за нас на Бога ! Вие, неможете да си претпоставите колку ни е потребно и утешно вашето споменување во молитвите ! Вие, не можете да замислите каква корист и какво богатство ни донесува вашето споменување ! Ќе ви кажеме само едно: Вие со споменувањето ваше во молитвите, ги отварате тајните врати преку кои ни влегува светлост, живот, мир и радост.

Затоа да не останеме глуви на молбите од нашите собраќа. Во текот на целиот наш живот да се молиме со вера и љубов, за мир на нашите души.

Небесниот Отец, Бог на Љубовта, како Милостив и Седобар, нема да ја ускрати својата љубов. Он рекол: – Ако вие, бидејќи лоши, умеете да давате на своите чеда добри дарови, уште повеќе вашиот Отец небески ќе даде добра на оние што Му посакуваат (Мат.7).

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

15. МИТАРСТАВА

Од досегашното изложено имавме прилика да сретнеме голем број на луѓе кои се анимирале, доживеале клиничка смрт, биле „на прагот до смртта.” Се нашле во состојбата на умрени но се повратиле повторно во овоземниот живот. Нивните искуства ги проследивме а воедно и ги согледавме и споредивме искуствата со науката, религијата, традициите кои кажуваат за животот после овој живот.

Отидовме и подалеку од „на прагот до смртта”, која е и целтта на оваа прикажување. На секоја жива творба му е одредено еден ден да замине од овој привремен, краток, овоземен живот, така и на човекот. И секој оној кој доживеал реанимирање, сепак ќе дојде ден кога и тој конечно ќе замине од овој живот. Истото, според Правослваното вероучение и според Библијата малку образложивме, но ова заглавие има друга цел.

Душата штом се одвојува од телото на човекот, таа, покрај средбата со новиот живот има многу други доживувања. Овоземниот краток човечки живот е само припрема за животот после овој живот, кој е и вечен. Живот кој ја очекува секоја човечка душа, без разлика била грешна или праведна. На секоја душа и следи патување, средби, испитувања, радости, таги, уживања, измачувања и тн. Според тоа, заглавието има за цел да ги прикаже токму тие средби, средби на душата со некои кои го бележат секој човечки живот.

Според исти видувања и искуства од претходните, на удостоени луѓе пред Севишниот Бог, му е прикажано и понатака од првата средба „на прагот до смртта.” Тие, тоа го запишале и ете дојдено е и до нас. Преведено е на многу јазици, па спрема тоа еве и јас ќе го образложам во детали сето она кое и го сретнав.

Да се потсетиме, Библијата, ни кажува дека душата откако се разделува од телото таа патува и оди на посебени испитувања (суд), не се мисли на општиот, конечен, страшен суд. Тој суд е посебен, на кој суд и се определува на секоја душа привремено место каде ќе го чека страшниот суд, општото воскресение, Христовото второ доаѓање.

Секоја душа, по одвојувањето од телото, се среќава со добри и лоши ангели (демони). Добрите ангели, за време на овоземниот живот, кои се и наши пазители, не чуваат од лоши помисли и дела, не предупредуваат а ги бележат сите добри дела. Додека лошите ангели – демоните (ѓаволот), не наведуваат секогаш на лоши помисли, лоши дела, а воедно и ги бележаат сите наши лоши дела. Кога душата се одвојува од телото и кога таа патува кон небото, е придружувана од добар свет ангел – кој се нарекува ангел патоводител.

Демоните, на тој пат кон небото имаат поставено стражарници, кои се нарекуваат уште и митарства (царини). Ги има повеќе групи на демони и секоја група на демони ја испрашуваат душата за посебен вид на направени лоши дела – гревови. За митарставата (царините) се потврдува и во Светото Писмо (Библијата) (Ефес.6,12; 2,2), но повеќе се образложени во делата на Светото Предание на Црквата. Се среќаваат во многу напишани црковни и религиозни дела, особено најповеќе се зборува за нив во делата на светите oтци: св.Јован Златоуст, св. Ефрем Сирин, св. Кирил Александриски и др.

Најголем запис за митарствата наоѓаме во житието на свети Василиј Нови, каде се изложени сите 20 митарства. Ова му го опишала преподобната Теодора, која му раскажала за нејзината смрт и за она што таа видела и доживеала. Според тоа, во понатамошниот текст ке дадам една интересна сторија со образложение на целтта.

Кон крајот на деветтиот век во Цариград живеел Божјиот угодник Василиј Нови. Тој го засакал подвижничкиот живот уште од млади години. Откако се замонашил заминал во пустиња, каде останал таму долги години и тоа во строг испоснички живот. Се хранел со тревки и лисја, одел бос низ пустињата и спиел под ведро небо. Целото време го поминувал во молитва.

Но, по Божја промисла, за да послужи за пример и за спасение на многумина, еден ден кога царските луѓе се враќале од Мала Азија во Цариград, го заробиле божјиот угодник Василиј Нови во близината на една планина и го одвеле во Цариград. Таму го испитувале, да каже кој е и од каде е. Но тој молчел, не сакал да го открие својот добродетелен живот. Го заплашувале, го ставале на секакви маки, но Бог го заштитувал на чуден начин. Го фрлале пред ѕверови да го растргнат, но тие се скротувале пред неговите нозе како незлобиви јагниња. И на крајот го фрлиле ноќе во морето со врзани раце и нозе. Но Бог, Кој ги чува Своите угодници, заповедал и два делфини го зеле на своите грбови и го изнеле на морскиот брег во предградието на Цариград. Таму му ги одврзале рацете и нозете и тој тргнал кон градот. И бидејќи капијата уште не била отворена, седнал да се одмори. Во тој миг дошол еден човек кој боледувал од треска. Преподобниот Василиј кога го видел како се измачува и се тресе од болеста, се сожалил на него и ставајќи ја својата рака врз него, се помолил на Бога и болниот бил излечен. Кога болниот видел дека е излечен, паднал на колена пред Василиј и му се поклонил. Го замолил да дојде да живее во неговиот дом. Му направил посебна ќелија во која што преподобниот Василиј можел целосно да и се посвети на молитвата. Не постојат зборови со кои можат да се опишат подвизите и чудата што овде ги направил Василиј. Болните ги лекувал, маловерните ги утврдувал во верата, натажените ги тешел. Гласот на неговата светост и праведен живот, се пренел низ целиот Цариград. Неговото име, станало познато и кај него секојдневно доаѓале луѓе: едни да слушаат поуки, други да се лекуваат.

По извесно време гостоприемливите луѓе што го примиле Василиј во својот дом преминале во вечниот живот. Василиј останал сам во нивната куќа. Гледајќи го сам и изнемоштен од подвизи, еден човек по име Костантин наречен Варвар, го замолил св. Василиј да дојде да живее кај него. Му направил засебна келија, а од своето семејство, ја одредил добродетелната и чесна вдовица Теодора, за да му служи. Таа имала засебна келија близу до преподобниот Василиј и смирено му служела како на ангел. Кога доаѓале луѓе, таа ги примала во својата ќелија, а потоа го известувала светителот, а тој доаѓал, ги поучувал и ги лекувал. Така Теодора му служела на преподобниот Василиј многу години, поминувајќи го своето време во пост, молитва и покајание.

Во тоа време со преподобниот Василиј се запознал еден добродетелен граѓанин Григориј, кој подоцна го напишал житието на преподобниот Василиј. Тој живеел на имотот на своите родители. Раздавал од своите приходи на сиромаси и живеел девствен живот. Често пати го посетувал преподобниот Василиј, ги слушал неговите поуки и бил очевидец на многу чуда што ги извршувал преподобниот Василиј. Григориј имал имот и надвор од Цариград, и за време на жетвата требало да замине и да го собере своето жито. Тој дошол кај преподобниот Василиј и зел благослов за да тргне на пат.

Но во тоа време додека бил надвор од Цариград, еден ден блажената Теодора се упокоила во Господа. Тоа многу ги натажило сите што доаѓале кај преподобниот старец, бидејќи таа им била еден вид посредник, таа сите ги примала и ги испраќала со голема љубов. И Григориј бил натажен, за да се утеши посакал да дознае каде се наоѓа нејзината душа, и дали добила милост за своето уср’дно служење на преподобниот Василиј. Така размислувајќи, Григориј, често пати се молел на Бога, да му биде откриено во каква состојба се наоѓа Теодора. Севишниот Бог, кој секогаш ги исполнува молбите на Своите угодници, а воедно да послужи и за поука на сите кои ги читаат делата на светите, му открил на Григориј за душата на преподобната Теодора.

Една вечер додека спиел, имал вакво видение. Ја видел блажената Теодора во рајска градина, која што блескала од неискажива светлина во местото приготвено за светиот Василиј, во кое што таа се населила по неговите молитви. Тој се израдувал и ја запрашал: ,,Како се одвои твојата душа од телото?! Како ги помина смртните потешкотии?! како ги помина воздушните митарства (царини)?!” А Теодора му одговрила: „Ме прашуваш за страшни работи, чедо Григориј. Многу тешко е да се присетиш на нив. Кога мојата душа се разделуваше од телото, видов лица што никогаш не бев ги видела, и слушнав зборови кои никогаш не бев ги слушнала. И што да ти кажам?! Заради моите грешни дела наидов на страшни опасности што никогаш никој не би помислил дека може да ги сретне, но по молитвите на нашиот свет отец Василиј, многу лесно ги поминав. Како би можел да ти ги опишам во телесни страдања маките и стравот што ги очекуваат оние што умираат? Навистина смртта е страшна за грешните како што сум јас, бидејќи и јас правев многу гревови. Кога се приближи крајот на мојот живот, и кога мојата душа се одвојуваше од телото, околу себе видов многу демони. Нивните лица беа страшни, очите им беа како жар, погледот жесток и страшен . . . Тие почнаа да прават неред и голема бука, едни рикаа како ѕверови, други лаеја како кучиња, трети завиваа како волци и сите бесно гледаа во мене, ми се закануваа и чкртаа со забите како да сакаа во тој момент да ме раскинаат. Ги подготвуваа книгите во кои им беа запишани сите мои гревови, но, како да очекуваа да се појави некој судија. Мојата душа трепереше од страв. Го одвраќав погледот од нив, за да не ги гледам нивните страшни лица и да не ги слушам нивните неподносливи гласови, но неможев да ги одбегнам бидејќи беа премногу. Барав помош, но немаше кој да ми помогне. Во тој момент, до мене се доближија два ангела. Лицата и облеката им беа светли, очите им беа полни со љубов, косата им беше како снег, а градите им беа препашани крстообразно со златни појаси. Се приближија до мене, застанаа од мојата десна страна и нешто зборуваа помеѓу себе. Кога ги видов, моето срце се исполни со радост и јас со полна доверба и радост гледав во нив. Штом ги видоа нив, демоните се тргнаа на страна. А еден од ангелите им рече: “О, проклети и злобни непријатели на човечкиот род! Зошто секогаш вие први доаѓате при оние што умираат и ја заплашувате секоја душа што се одделува од телото? Но, не радувајте се, бидејќи кај оваа душа немате ништо.”

Кога ангелот ги изговори овие зборови, демоните се вознемирија предизвикувајќи голема врева, и почнаа да ги кажуваат моите лоши дела од младоста велејќи: „А, овие гревови чиви се ? Нели таа ги направи ?” – Така викајќи, ја очекуваа смртта. И таа дојде! Смртта, личеше на човек, но без тело, слично на скелет, носејќи најразлични справи за измачување: ножеви, стрели, копја, коси, српови, секири, вжештени клешти и други необични справи. Мојата душа трепереше од таа глетка, од страв се припи кон ангелите. А светите ангели рекоа: „Разреши ја оваа душа од телото брзо и кротко, бидејќи нема големи гревови.” И таа (смртта) зема нож и ми ги отсече нозете, потоа рацете и другите делови од телото и јас останав неподвижна. Потоа, со тесла ми ја пресече главата и веќе неможев да ја движам, оти не беше моја. Потоа направи еден горчлив пијалок и ми го принесе да го пијам. Пијалокот беше толку горчлив, што кога го испив, мојата душа се стресе и излезе од телото. Светите ангели, веднаш ја зедоа душата моја во своите раце. А јас, се свртев и го видов своето тело како лежи мртво, неосетливо и неподвижно, како кога некој ќе го соблече одделото па ќе го остави и гледа во него. Така и јас го гледав своето тело како оставено одело, и во себе се чудев !

И додека светите ангели ме држеа, не опколија многу демони извикувајќи: „Таа душа има многу гревови и мора да одговара!” Ги зголемуваа моите гревови. Тогаш светите ангели почнаа да ги изнесуваат моите добри дела и да ги ставаат на терезија.

Но во тој миг неочекувано се појави светиот преподобен Василиј и им рече на ангелите: „Оваа душа многу ми послужи во мојата старост. Затоа јас се молев на Бога и Он ми ја подари.” Откако го рече ова, извади едно кесе од пазувите и им го даде на светите ангели велејќи им: „Кога ќе ги минувате воздушните митарства и кога злите духови ќе почнат да ја испитуваат, вие со ова мое богатство откупете ја од нејзините гревови, бидејќи јас сум богат по благодатта Божја и собрав големо богатство со својот труд, а ова кесе и го подарувам на оваа душа која што многу ми послужи. . .” Во тоа кесе, беа молитвите од светиот преподобен Василиј. Штом го рече тоа, си замина. А демоните гледајќи го, паднаа во недоумица и се разбегаа. Потоа повторно дојде преподобниот Василиј, и донесе многу садови со елеј и со скапоцено миро, и еден по еден ги изливаше врз мене, и јас се исполнив со духовен мирис, и почувствував како се изменив и станав светла. Тогаш преподобниот Василиј им рече на ангелите: „Господари мои, кога ќе завршите со оваа душа, одведете ја да живее во мојот дом кој ми е приготвен од Бога.” И штом го рече тоа, тој стана невидлив. А светите ангели ме зедоа и тргнавме нагоре по воздухот.

Така патувајќи од земјата кон небото, не пресретнаа воздушните духови на првото митарство.

ПРВО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство (царина) се врши испитување за сите направени гревови со зборови. Ние, веднаш застанавме таму. Демоните, ги изнесоа своите книги, во кои што беа забележани сите зборови што ги имав изговорено во текот на целиот мој живот. Особено, ме испитуваа за зборовите изговорени непотребно, потоа вулгарно, и на шега како што обично прават младите. Ги видов запишани сите мои непотребни разговори, световни и безобразни песни и сите други лоши изговорени работи. За сето ова демоните ме обвинија покажувајќи ми го времето, местото и лицето, кога, како и со кого сум водела празни разговори и со тоа, сум го разгневила Бога. Јас, тоа, воопшто не сум го сметала за грев, и не сум го исповедала пред својот духовен отец. Гледајќи ги обвиненијата на злите духови, јас молчев и немав што да им одговорам, бидејќи со право ме обвинуваа и во себе си се чудев, како не го заборавиле сето тоа? Јас одамна го имав заборавено, сум го сметала за неважно, минливо, а и беа поминале многу години. А тие, го изнесуваа едно по едно, како да сум го кажала денес, и се, беше, навистина така, како што кажуваа. Бев засрамена, молчев и треперев од страв. А светите ангели кои што ме водеа, ги ставија моите добри дела од другата страна, и делот што недостигаше го дополнија од дарот (молитвите) на мојот духовен отец, преподобниот Василиј. Така бев избавена и појдовме понатаму.

ВТОРО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Одејќи нагоре стигнавме на второто митарство – митарството за лажење. На ова митарство беа изнесувани лажните разговори, а особено оние кои што ја потврдуваа лагата со клетва, оние што напразно Го изговараа Името на Бога, потоа лажните сведочења, лажните завети и ветувања пред Бога, кои што потоа не биле исполнети, како и неискрените исповедувања поради чувство на срам. Духовите на оваа митарство се лути и свирепи. Не застанаа, и, почнаа да не испитуваат. Ме обвинија за две работи: некоја моја лага што не сум ја сметала за грев, и тоа што многупати заради срам мојата исповед не беше искрена. За ова демоните се радуваа и сакаа да ме отргнат од рацете на светите ангели. Но овие, за моите гревови им се спротивставија со моите добри дела, а недостигот го дополнија од молитвите на преподобниот Василиј, и така тргнавме нагоре.

ТРЕТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Потоа стигнавме на третото митарство (царина) – митарство на клеветење и осудување. Кога застанавме таму, видов колку е голем гревот – осудувањето на ближниот, клеветењето, срамотењето, навредувањето и потсмевувањето со туѓите гревови, а несогледување на сопствените. Таму посебно ги испитуваа оние што самите застанале на местото Христово, самите се прогласиле за судии на своите ближни, иако самите заслужуваат бројни осуди. Но, кај мене, не најдоа од овие гревови, бидејќи целиот мој живот внимавав да не осудам никого, или да не наклеветам или да не му се потсмеам на некого. Но, понекогаш слушајќи ги другите како оговараат или клеветат, или се потсемаваат на некого, јас додавав по некој збор и веднаш се повлекував. И тоа, ми беше земено како осудување и клеветење. И таму светите ангели ме откупија со дарот на преподобниот Василиј, и ние тргнавме нагоре и стигнавме до четвртото митарство.

ЧЕТВРТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Ова е митарството (царина) за стомакоугодништво. Таму не пресретнаа демоните кои што чктаа со забите и се радуваа како да веќе ме имаа добиено. Нивните лица беа страшни и одвратни за гледање. Едни од нив носеа чинии со јадења, а други шишиња и чаши со пиење. Галамеа како да се прејадени и пијани, играа и ги исмејуваа грешните души кои што беа запирани на оваа митарство. Ме опколија како гладни кучиња и ги изнесоа сите јадења со кои сум се прејадувала. Пред мене беше изнесено сето јадење што сум го јадела тајно и без молитва, без да се прекрстам, дури и она што сум го јадела за време на постот, а не било благословено. Исто така, го изнесоа и она што сум го пиела, велејќи: “Толку чаши си испила, на таа и таа гозба, со тие и тие луѓе.” Пред мене се појавија и сите моменти во кои сум се напила кога имав гости или поради болест. Ги изнесоа пред мене сите јадења и пиења со кои што сум му угодувала на стомакот и се радуваа, сметајќи дека ме заробиле и сакаа да ме одведат во пеколот. Јас го гледав сето ова и треперев од страв и немав со што да се одбранам. Но, по молитвите на мојот духовен отец, светите ангели ставија колку што беше потребно од дарот на неговите свети молитви и ме откупија на ова митарство. А демоните силно се вознемирија врескајќи: “Пропадна нашиот труд!” И ги исфраа книгите во кои беа запишани моите гревови. Така безбедно продолживме нагоре.

Патувајќи нагоре ги слушнав светите ангели како зборуваат помеѓу себе: “Оваа душа има голема помош од нејзиниот отец, угодникот Божји Василиј. Таа многу тешко ќе ги поминеше воздушните митарства, ако во тоа не и помогнеа молитвите на преподобниот Василиј.” А јас, во тој миг се осмелив и ги прашав: “Ангели свети, пазители мои, тие што живеат на земјата изгледа дека не знаат што ги очекува душите кои грешеле се до смртта.” А светите ангели ми одговорија: “Зарем не сведочи Светото Писмо за тоа? Зарем не се проповеда во црквите? Но луѓето заслепени од земната суета, се немарни кон вистината. Бараат задоволства, уживаат, се прејадуваат и опиваат секој ден без страв Божји. За нив стомакот е како Бог, не помислуваат за животот после овој живот – за вечниот живот, ниту се сеќаваат на зборовите од Светото Писмо: “Тешко вам презаситени сега, оти ќе огладните!” (Лк.6,25) Луѓето си мислат дека Светото Писмо е збир на бајки. И живеат безгрижно стомакоугодуваат и се опиваат секој ден. Но меѓу нив има и луѓе милостиви, што праваат добри дела, на кои што Бог им ги простува гревовите, та без мака ги минуваат митарствата. Зашто во Светото Писмо се вели: “Милостињата го очистува секој грев.” А оние што не се трудат да ги очистат своите гревови со милостиња, не можат да ги избегнат овие испитувања. Нивните души биваат грабнати од демоните на ова митарство што ги виде, па жестоко ги мачат и ги фрлаат во пеколот, каде што ќе ги држат се до Страшниот Христов Суд. И ти, Теодоро, не би можела да ги поминеш овие митарства, да не те откупевме со дарот на светите молитви на твојот духовник преподобниот Василиј.

ПЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Така разговарајќи стигнавме до петтото митарство (царина) – на мрзливоста. Овде испитуваат за сите денови и часови поминати без работа и во празни мечтаења. Таму ги испитуваат сите оние што можат а не сакаат да работат и живеат од трудот на другите, и работници што примаат плата а не ја заработиле. Таму ги испитуваат и оние што се трудат да го слават името Божјо, кои што во недела и празнични денови не нашле за сходно да ја посетат Светата Литургија и другите богослужби. Многумина ги водат во пеколот на ова митарство. И мене многу ме испитуваа, и немаше да се избавам, да не беа молитвите на преподобниот Василиј.

ШЕСТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Шестото митарство (царина) е митарство на кражба. Тука малку ме задржаа оти не бев ништо и од никого украла, освен некои ситни ствари во детството, што сум ги зела од незнаење. Заминавме нагоре на седмото митарство.

СЕДМО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство испитуваат за среброљубие и скржавост. Но и тука брзо поминавме, бидејќи Бог ме запази преку целиот живот, така што не се грижев да соберам големо богатство, не бев среброљубива и скржава, туку задоволна со она што Бог ми го дал, и од се срце давав на сиромасите од она што го имав.

ОСМО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Одејќи нагоре стигнавме на осмото митарство – митарство за камата. Тука ги испитуваат оние што им позајмуваат пари на сиромасите, а потоа им бараат камата. Оние кои заработуваат на нечесен начин. Овие иследници детално ме испитаа, но не најдоа ништо кај мене од овие гревови и чкртаа со забите на мене. Тргнавме нагоре благодарение на Бога.

ДЕВЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство испитуваат за секоја направена неправда: судии кои примаат мито и ги осудуваат праведниците, а ги ослободуваат престапниците. Таму ги испитуваат оние што им ја кратат платата на работниците, оние кои не мерат точно кога продаваат и наплатуваат лажна цена. Но ние лесно го поминавме ова митарство со дарот на преподобниот Василиј и тргнавме нагоре кон десеттото митарство.

ДЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

И ова митарство за завист лесно го поминавме бидејќи не бев никому и никогаш завидувала, иако тука ги испитуваат и оние кои што немаат љубов кон ближните и оние кои што имаат гнев во своите срца. Демоните бесно чкртаа на мене со забите, но јас не се плашев бидејќи бев невина и тргнавме нагоре.

ЕДИНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство ги испитуваат горделивите души, оние што мислат високо за себе, оние што се фалат и сакаат да бидат славени луѓе. Тука ги испитуваат и оние што не им укажале должна почит на властите и на родителите. И ова митарство го поминавме лесно. И одејќи нагоре стигнавме до дванаесеттото митарство.

ДВАНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство испитуваат за гнев и лутина. Воздушните иследници тука беа сурови, но ние лесно поминавме бидејќи јас се немав никогаш разгневено, и тргнавме нагоре радувајќи се во Господа што ја штити мојата грешна душа, по молитвите на мојот отец преподобниот Василиј.

ТРИНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство испитуваат за злопамтење. Тука немилосрдно ги испитуваат оние што им мислат зло на своите ближни, оние кои враќаат зло за зло, и не им ги простуваат грешките на другите. Божјата милост и тука ме заштити, бидејќи не бев злобна спрема никого, а и на оние што ми правеа зло, не им злопамтев и се трудев колку што можев да ги сакам своите пријатели. И тука поминавме лесно. Демоните плачеа бидејќи не останав во нивни раце и продолживме нагоре.

Одејќи така ги запрашав моите водачи, светите ангели: “Ве молам, господари мои, кажете ми како овие воздушни зли духови ги знаат сите лоши дела на сите луѓе кои што живеат на земјата, и тоа не само оние кои биле направени јавно, туку ги изобличуваат и за тајните дела?” Светите ангели ми одговорија: “На секој човек при светото крштение Бог му одредува по еден ангел чувар, кој што го чува човекот и го упатува кон правење добри дела се до смртта, и ги запишува сите негови, и најмали добри дела што ги направил во животот. Истото го прави и кнезот на темнината, ѓаволот, сакајќи целиот човечки род да го воведе во пеколот, му одредува на секој човек по еден демон, да го следи и да ги собира сите лоши дела кои ќе ги направи човекот, на кои што тој ги наведува со своите лукавства. Потоа тие гревови ги носи на соодветното митарство, каде што се запишуваат гревовите, и затоа на сите демони им се познати гревовите на сите луѓе. И кога душата се одделува од телото и оди кон својот Создател – Бог, демоните се обидуваат да ја спречат, покажувајќи и ги направените гревови. Ако душата има повеќе добри дела отколку лоши, не можат да ја задржат. Но, ако има повеќе гревови отколку добри дела, тие за извесно време ако им допушти Божјата сила, ја затвараат и ја мачат, се додека таа душа не биде избавена по молитвите на Црквата и милоста на нејзините ближни. Ако пак, некоја душа има толку многу гревови со кои што Го навредила Бога, и за неа нема надеж за спасение, демоните веднаш ја фрлаат во бездната, и таму ја држат се до Страшниот Христов Суд, кој ќе биде сеопшт за сите. Но, знај го исто така и ова: по овој пат минуваат само оние кои се крстени и просветени со вера, а неверните, идолопоклониците и незнабошците не поминуваат овде. Нивните души паѓаат во рацете на демоните без никакво испитување.” Додека ова ми го зборуваа, стигнавме на четиринаесеттото митарство.

ЧЕТИРИНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство испитуваат за убиство. Тука се испитуваат не само извршените убиства, туку и секој нанесен удар и нанесена повреда. Но и ова лесно го поминавме и стигнавме на петнаесеттото митарство.

ПЕТНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

На ова митарство испитуваат за гатење, баење, правење магии. Демоните на ова митарство имаат облик на животни – шкорпии, змии, жаби и беа одвратни за гледање. И таму кај мене не пронајдоа ништо и тргнавме нагоре, а демоните рофтаа на мене и велеа: “Ќе дојдеш на митарството за блуд, па ќе видиме дали ќе поминеш.”

Одејќи нагоре, ги запрашав светите ангели: “Дали сите христијани ги поминуваат овие митарства (царини)? И може ли човек тука да помине без испитување и страв?” Ангелите ми одговорија: “Нема друг пат по кој душите се искачуваат на небото. Тука сите поминуваат, но не ги испитуваат сите како тебе, туку само оние кои што заради срам, на својот духовен отец не му ги исповедале своите гревови. А оние кои имаат покајание за своите лоши дела, и кои што искрено се исповедуваат, нивните гревови, по милоста Божја, на невидлив начин се бришат. Тогаш за таквата душа демоните неможат да најдат ништо во своите книги, и не можат да и направат никакво зло, ниту да ја исплашат. И таквата душа со радост оди кон престолот Божји. И ти, ако ги имаш искрено исповедано сите свои гревови, немаше така страшно да те испитуваат на митарствата. Но тебе ти помага што одамна престана да грешиш, и што останатото време од животот го помина во покајание, и особено ти помагаат молитвите на преподобниот Василиј, на кого многу години верно му служеше.”

ШЕСНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Така стигнавме на митарството за блуд. Тука испитуваат за секој блуден грев извршен на дело или со мисла, насладување со блудни помисли, размислување со блуд и страсни допири. Кнезот на ова митарство седи на својот престол облечен во гнасна и смрдлива облека со која се гордее како да е царска порфира. И многу демони стојат пред него. Кога ме видоа дека дојдов до ова митарство, се зачудија. Ми ги изнесоа сите мои блудни дела и ме навредуваа, покажувајќи ми ги лицата со кои сум згрешила во младоста, времето и местото на извршениот престап. Јас треперев од страв и од срам, не можев ништо да им одговорам. Тогаш ангелите во моја одбрана им рекоа на демоните: “Оставете ги тие оддамнешни блудни дела, таа останатото време од животот го помина во покајание, чистота и воздржување.” А демоните одговорија: “И ние знаеме дека таа оддамна престана да греши, но не се исповедала искрено пред својот духовен отец, и затоа е наша. А вие, или оставете ни ја, или откупете ја со добри дела.”

Светите ангели ставија многу од моите, но повеќето од молитвите на преподобниот Василиј, и така, едвам се спасив. Тргнавме нагоре кон седумнаесетото митарство.

СЕДУМНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Оваа митарство е на прељуба. Тука ги испитуваат неверните сопружници кои што ја осквернале својата брачна постела, како и оние кои што со сила или со ласкање наведувале на прељуба. И оние што дале завет за девствено да Му служат на Христа, а потоа паднале во блуд. На ова митарство и јас се покажав како должник и бев навредувана како прељубница, и иследниците беа готови да ме истргнат од рацете на ангелите и да ме носат во пеколот. Но светите ангели се препираа со нив и ги изнесоа сите мои подвизи и едвај ме откупија со моите добри дела, но многу повеќе со молитвите на преподобниот Василиј. Тогаш ангелите ме зедоа, тргнавме нагоре и стигнавме на осумнаесеттото митарство.

ОСУМНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Таму испитуваат за сите содомски гревови, неприродните гревови на мажите и жените, оние што вршат блуд со животни, со роднини, со исти пол (маж со маж или жена со жена) и други гревови кои се вршат тајно. Кнезот на ова митарство беше најодвратен од сите демони, облечен во смрдлив гној. Нивната смрдеа беше неподнослива, нивната лутина и унакажаност неопишана. Тие брзо не опколија, но по Божјата милост, не најдоа кај мене од овие гревови и така засрамени побегнаа, а ние радувајќи се го продолживме патот. Светите ангели рекоа: “Ете Теодоро, ги виде страшните и одвратни митарства за блуд. Знај дека малкумина ги поминуваат без мака, бидејќи сиот свет е исполнет со зло и со соблазни, сите луѓе се сластољубиви и се насладуваат со блудни помисли, мислата на човекот уште од младоста е наклонета кон злото. Малкумина ги умртвуваат своите телесни страсти, и заради тоа мал број од нив ги поминуваат слободно овие митарства. Голем број од оние кои стигнуваат до тука, пропаѓаат на ова митарство. Но ти, Теодоро, благодари Му на Бога, што со молитвите на твојот преподобен отец Василиј, ги помина овие митарства, и натаму нема повеќе да видиш страв и мака.”

ДЕВЕТНАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Ова е митарство за ерес. Тука ги испитуваат сите што неправедно учат за верата, оние што отстапуваат од православната вера, оние што се сомневаат и што хулат на светињата. Ова митарство го минавме без испитување и бевме веќе близу до небесните врати, но таму не сретнаа духовите на последното митарство.

ДВАЕСЕТТО МИТАРСТВО (ЦАРИНА)

Овде ги испитуваат немилостивите и скржавите. Овие иследници беа свирепи, а нивниот кнез лут, исушен и немилосрден. И на ова митарство може да заглави некој што на земјата извршил големи подвизи во пост и молитва, ја зачувал својата девственост и го истоштил своето тело, но бил немилостив и не давал милостиња. Таквиот на ова митарство го водат во пеколот и тој самиот никогаш нема да доживее милост. Но, ние го поминавме и ова митарство, по милоста Божја и по молитвите на преподобниот Василиј.

Откако се избавив од сите митарства, стигнавме до небесните врати. Тие блескаа со неискажива светлина и пред нив стоеја ангели во светли алишта. Кога видоа дека ангелите ме водат, многу се израдуваа дека сме ги минале сите митарства, не примија со љубов и ме воведоа внатре.

А што видов и што чув таму чедо Григориј! она што човечко око не видело и човечко уво не чуло, и она што умот човечки не може да го замисли. Ангелите ме одведоа да се поклонам пред престолот Божји, околу кој стоеја безброј херувими и серафими, кои што со песни непрестано Го слават Бога. И се чу глас од висините Кој им нареди на светите ангели кои ме водеа, да ме одведат и да ги видам сите живеалишта на светителите, а потоа и сите маки на грешниците, па да ме населат во живеалиштето на преподобниот Василиј.

И светите ангели ме одведоа и ги видов прекрасните живеалишта што Бог им ги приготвил на оние кои веруваат, посебно за апостолите, посебно за светителите и за мачениците. И гледајќи ме, сите се радуваа на моето спасение. Откако ги поминавме сите живеалишта на светителите, ангелите ме одведоа на местата приготвени за грешниците, и видов страшни и неподносливи маки, плач, офлање и чктање на заби. Едни бараат милост, други го проколнуваат денот на своето раѓање. Но немаше кој да им се смилува. Покажувајќи ми го сето тоа, светите ангели ми рекоа: “Гледаш ли Теодоро, од какви маки те избави Бог, по молитвите на преподобниот Василиј!”

Потоа ме изведоа од пеколот и ме доведоа во живеалиштето на преподобниот Василиј, ме оставија таму и ми рекоа: “Сега, преподобниот Василиј го завршува поменот за тебе . . . “ И јас сфатив дека на ова место пристигнав во четириесеттиот ден по моето претставување (упокојување).

Сето тоа, Теодора, му го кажа на Григориј во сон, како на јаве.

Кога заврши видението, Григориј се разбуди од сонот се чудеше и се радуваше за сето она што го виде и го слушна од блажената Теодора. Стана и отиде како по обичај да земе благослов од преподобниот Василиј. Тој го праша: “Каде беше ноќеска, чедо Григориј?” А тој, како ништо да не знае рече: “Спиев и се одмарав во креветот.” А преподобниот Василиј му рече: “Знам дека со телото се одмараше, но со духот беше на друго место. Зарем заборави се што ти откри Бог вечерва преку видение на сон? Еве, го доби она што го сакаше, ја виде Теодора, и самиот од неа слушна и го виде моето живеалиште што ми го приготви Бог за мојот мал труд.”

Кога го чу ова Григориј разбра дека неговиот сон не е видение, туку Божјо откровение, што преподобниот Василиј го измоли за него од Бога. И благодарејќи Му на Бога, му се поклони, а тој го поучи за сето тоа.

Според учењето на Православната Црква на четириесеттиот ден по смртта се завршува испитувањето на митарствата и потоа се изречува привремена пресуда за душата, после која, таа се населува или во местото на животот, или во местото на маките, каде што престојува до второто Христово доаѓање на земјата, кога ќе биде и страшниот суд над луѓето.

ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

16. СТРАШНИОТ СУД БОЖЈИ

Во сите Свои параболи, Господ Христос се служел со споредувања, бидејќи Царството небесно со ништо неможе да се искаже и објасни, освен со споредување. Во Неговите примери е подвлечено, дека само праведните луѓе ќе бидат оправдани пред Бога и само тие ќе се удостојат за Царството Божјо. Најпосле, Господ сликовито го претставил и последниот Свој Суд на сите народи што живееле на земјата, споредувајќи ги праведните со овците, а грешниците со козите.

За тој ден и час ние незнаеме кога ќе биде, но должни сме да веруваме дека и ова Христово пророчество ќе се исполни, како што се исполниле пророчествата за Неговите страдања, за страдањата на светите апостоли, за разурнувањето на Ерусалим од страна на Римјаните и тн.

Христос рекол: – Кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја и ќе се соберат пред Него сите народи, па ќе ги оддели еден од друг, како што овчарот ги одделува овците од козите. Праведниците ќе биле поставени од десната страна и ним Царот ќе им кажел: – Елате, благословени од мојот Отец, неследете го Царството приготвено за вас од почетокот на светот, зашто гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; в затвор бев и дојдовте при Мене.

На прашањето кога Му Го направиле тоа, ќе им било одговорено: – Вистина ви велам, доколку сте го направиле тоа не еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле !

На оние од левата страна ќе им кажел Царот: – Одете од Мене проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели. Зашто гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.

Грешниците ќе прашале кога не Му го направиле тоа, па ќе добиеле одговор: – Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа Мои и Мене не сте Ми го направиле !

Мали Христови браќа на земјата се понижените и навредените, онеправданите и сиромашните. Сите оние кои се рамнодушни кон овие Христови браќа, ќе бидат поставени од левата страна. Тие ќе отидат во вечна мака, зашто не покажале љубов према блиските, па не ја докажале ниту љубовта према Бога.

Праведниците што имале чиста и непорочна вера во Бога и Отецот, што пригледнувале сираци и вдовици во нивните маки и се чувале неосквернати од светот, тие ќе бидат удостоени да застанат од десната страна на Праведниот Судија – Христа, и ќе се радуваат со Него.

Секој од нас треба сам да си одговори, према својот живот што го живее, дали ќе биде удостоен да застане од десната страна во денот на Страшниот Христов Суд.

З а к л у ч о к

Целтта на оваа книга не е за да некого убедам, туку повеќе ми е да ги потсетам читателите, а преку нив и многумина со кои тие ќе зборуваат на таа тема. Не само денес, туку од секогаш има и имало голем број на противници на Бога и Неговото постоење. Истиот тој број на противници е и на животот после овој живот. За нив, со завршувањето на овој живот, завршува се’ со особата која го поминала овој живот тука на земјата. Според нив, и оние, кои целиот свој живот чинеле зло, заминуваат од овој живот, не казнети?! И оние, кои својот овоземен живот го поминале благонаклонето кон добротата, чинејќи целиот свој живот добро, заминуваат не наградени?! Според логиката и според смислата на живеењето не е редно така да заврши животот, сепак би требало да има некаква завршница. Не смее така да биде, судејќи према реалноста на се’ што не опкружува околу нас на земјата.

Кога се’ што е створено: земјата, атмосферската небесна височина, небеското устроиство, човекот, животните, природата, водата и се’ што е во водата, е толку совршено, и нешто неможе никој ниту влакно да измени. Како што Бог (или според некого – природата или вишата сила) го устроил да биде така и ќе биде така и ќе остане или според Неговата волја ќе се менува но според пак Неговите закони, нема да може поинаку. Човекот направи многу, и во техниката, и во медецината, отиде далеку во науката, сепак се’ има своја граница и на човекот му е дадено до каде може да оди, во Божјите (природните – како што некои нарекуваат) закони не сменил и неможе да смени ниту влакно, па макар колку и би постигнал совршенство.

Нека оваа мала душеполезна книга им послужи за спасение на душите на мнозина и на сите кои ќе ја прочитаат. АМИН.

БИБЛИОГРАФИЈА:

Raymond A. Moody, Jr. “LIFE AFTER LIFE”
The investigation of a phenomenon
Survival of bodily death

СВЕТОТО ПИСМО – БИБЛИЈАТА:
СТАРИОТ И НОВИОТ ЗАВЕТ

Прота Митко Попоски: „Земниот живот на Мајката Божја“

Прота Митко Попоски: „Неопходна потреба и корист од спомнување на умрените“