“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ
МОЈОТ ЖИВОТ ВО ХРИСТОС
Да се надеваш во Бога значи да Му го довериш својот живот, својата судбина, сета своја иднина и со сигурност да очекуваш исполнување на Неговите ветувања. Надежта доаѓа од верата, како што растението од семето, како што потокот од изворот. Ние веруваме дека Господ е добар и милостив, дека нè љуби како Татко: затоа, ни посакува се најдобро и вистинска среќа. Тој е мудар и сезнаен: затоа Тој знае подобро од нас што ни е потребно и корисно. Тој е семоќен: затоа, Тој секогаш може да ни го даде она што го сака, да го исполни она што го ветил, Тој е свет и праведен: и затоа сите Негови зборови се вистинити, Неговите ветувања се цврсти. Најголемиот доказ за Божјата љубов кон човекот го гледаме во тоа што Тој не го поштеди ниту Својот единороден Син заради нас, туку Го предаде на страдање и смрт. Зајакнувајќи ги нашите души со мислата за безграничната добрина, мудрост, семоќ и светост на нашиот Создател и Промислител, можеме да го живееме земниот живот без страв и немир, како дете во мајчината прегратка, како брод со сигурно сидро. И затоа: „Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ“ (Ерем. 17:7; сп.Пс. 2:12 и Изреки 16:20). „Господ е моја карпа, моја тврдина и мој избавител, Бог мој, засолниште мое, во кое се засолнувам; мој штит, сила на спасението мое и крепост моја“.(Пс. 17, 2) „Ти, Господи, си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја“(Пс.3,3)… Но, и покрај надежта, не смееме да бидеме невнимателни и мрзливи. Христијанската надеж во својата суштина е жива, активна и постојана стремеж кон највисокото Добро и Изворот на сите добра – Бога, ненаситна желба да Му се приближиме и да го примиме од Него и во Него Царството Небесно, подготвено пред да постане светот. Како што еленот копнее по извори на вода, така и мојата душа копнее по Тебе, Боже. „ Душата моја жеднее за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? (Пс. 41, 2)
* * *
Повикани сме во заедницата на Херувимите, Серафимите, Престолите, Господствата, Ангелите и Архангелите наместо духовите кои паднале и се погордеале. Тие се погордеале и рекле во себе на Бога: „Како тоа ќе го надополниш нашиот недостаток, кој е за Тебе неподносливо и чувствителено, бидејќи си Премудар и да не поднесуваш никаков недостаток и дисхармонија во твојот свет?“, А Господ, како одговор на посрамените ѓаволи, избра да го создаде човекот од земниот прав и да ги надомести суштествата на земјата од недостатокот на ангелски светови, предизвикани од падот на гордите духови; и тоа бескраен срам е бескрајно голема казна за горделивите; затоа тие ги користат сите пеколни сили за да ги погубат луѓето. За поголемо покажување на Неговата љубов и за поголем срам на ѓаволот, Самиот Господ се облекол во земното човечко тело за човекот да го истргне од ѓаволското влијание.
* * *
Кога си многу млад, или го живееш живот на грешен свет, тогаш и Христос Спасителот, и непријателот на Бога и човекот, сатаната сезлобен, го знаеш само по име, и мислиш дека Христос е далеку од тебе – на небото, и дека ѓаволот постои некаде, само во никој случај близу, не блиску до тебе, и иако слушаш дека е злобен, сепак мислиш дека неговата злоба не те додирнува; но кога ќе бидеш во зрелите години и ќе почнеш вистински религиозен живот, кога ќе служиш на Бога со чиста совест, тогаш во своето срце ќе го доживееш и благиот јарем на Спасителот, и тешкиот неподнослив јарем на сатаната кој безмилосно нè угнетува.
* * *
Ѓаволот зема огромно учество во гревовите на луѓето: затоа во молитвите пред исповед, грешните луѓе со смиреност и со снисходење себе се осудуваат заради гревовите пред Господа како „обземени од ѓаволот“. Затоа, никој да не се смета себе за отфрлен, дури и да е голем грешник: ѓаволот ја сноси најголемата вина за твоите гревови. Веднаш сети се на Исуса Христа и веднаш побарај од Него прошка за своите гревови: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зема гревовите на светот врз Себе“ (Јован 1:29): Тој е вистинското Божјо Јагне што ќе ги земе врз себе нашите гревови и ќе нè очисти од нив.
* * *
Помеѓу мене и Бога, помеѓу мене и мојот ближен често се испречува темна, зла сила. Го знам тоа од искуство, со сигурност, логично.
* * *
Ѓаволот постигнува важни последици со незначителни средства. Христијани, бидете храбри и верувајте во Христа со сето свое срце; сигурно сте плен на ѓаволот ако сте расеани и мрзливи. Тој ја користи сета своја сила да не верувате во Христа со сето свое срце. А тешко тебе кога ќе ја изгубиш верата!
* * *
Чија мудрост се манифестирала во структурата на вашето тело и постојано го одржува живо и активно? Кој ги определил законите на вашата мисла, а таа сè уште до денес ја почитуваат сите луѓе? Кој го напишал законот на совеста на срцата на сите луѓе и до ден денес го наградува доброто кај сите луѓе и го казнува злото? Боже Семоќен, Премудри и Најдобар! Твојата рака е постојано врз мене грешниот, и нема момент во кој Твојата добрина би ме напуштила. Дај ми секогаш да ја бакнувам Твојата десна рака со жива вера! Зошто да одам далеку за да ги најдам трагите од Твојата добрина, Твојата премудрост и Твојата семоќ? Ах, тие траги се толку јасно видливи во мене. Јас сум чудо на Божјата добрина, премудрост и семоќ. Јас сум целиот свет во мал, мојата душа е претставник на невидливиот свет; моето тело е претставник на видливиот свет.
* * *
Настојувајте да постигнете детска едноставност во справувањето со луѓето и во молитвата на Бога. Едноставноста е најголемото добро и вредност на човекот. Бог е совршено едноставен, затоа што е совршено духовен, совршено добар. Нека и твојата душа не се сомнева во доброто и злото.
* * *
Љубовта на нашиот Божествен Спасител Исус Христос, Бог Отецот и Светиот Дух кон нас е толку голема, неизмерна, што кон неа станува безначајна, или како да исчезнува секаква немилост, непријателство, човечка омраза кон нас. Токму поради таа неизмерна Божја љубов према нас и залудноста на човечкото непријателство, Спасителот ни заповеда на сите да ги сакаме нашите непријатели, да ги благословуваме оние што нè колнат, да им правиме добро на оние што нè мразат и да се молиме за оние што нè навредуваат ( Мат. 5), 44). Бог нè сака нас; дали е голема работа што луѓето не ни посакуваат добро? Што можат да ни направат кога Бог толку многу не сака?
* * *
Во Божјиот храм, добрите, простодушни, верни души се како во домот на Небесниот Отец: таму се чувствуваат толку слободно и лесно, лесно. Тука, вистинските христијани го предвидуваат идното Царство подготвено за нив од почетокот на светот (Матеј 25:34), идната слобода од секаков грев и смрт, идниот мир и блаженство. Го чувствуваат? Кога искрено му се обраќаат на Бога со својата душа, тие усрдно се молат на Бога, решително одлучуваат да му го посветат животот на Бога, а надвор од храмот навистина прават добродетелни дела.
* * *
Христијанската надеж е нашата надеж во животот во Христа. Создадени сме за живот, но отпаднавме од животот и паднавме во духовна и физичка смрт, и да не беше Господ, засекогаш ќе пропадневме, но во никој случај немаше да бидеме уништени. Бог е верен на Себе. Создавајќи богоподобни, вечни духови, Тој е верен во Својата вечност во нив, а кога би ги уништил нив значи да се одрече од Својата вечност, и да ги прими во заедница со Себе паднатите, грешните, непрочистените, инаку ќе мора да се одрече од Својата светост и Својата непроменливост. Затоа со векови нека се слави верата на Бога Отецот према нас. Кој поради откупување и очистување на нас грешниците од гревовите не го поштеди ниту Својот единороден Син Кој Себе се предаде на смрт за нас, не само да би нè очистил од секаква нечистотија, туку и „да нè освети и да нè претстави пред Себе, како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочена (Еф. 5:27). „Јас живеам и вие ќе живеете“ (Јован 14, 19) Еве кој е тој и еве на што се темели целата наша надеж. Јас живеам – ни вели Господ, и вие ќе живеете, ќе преминете од смрт во живот. Сите Евангелија ја потврдуват нашата надеж во животот. (Воскресението Лазарово, разговорот со Марта и Марија, зборовите на Спасителот по повод востановувањето на причеста – во Евангелието според Јован).
* * *
Исус Христос воскресна и излезе од гробот, без да го оштети печатот на вратата која беше затворена. Така Тој се роди од Пресвета Дева – Богородица, без да ја повреди Нејзината девствена утроба при Своето раѓање. Така Тој влегува во душите на верниците преку нивните тела, поминувајќи низ нив невидливо, секогаш слободно. Така Тој влегува во домовите на сите, и никакви ѕидови и брави не можат да Го задржат Него Бесконечниот, неограничен со ништо.
* * *
Во следниот век нашето блаженство ќе се зголеми поради восхитот што ги гледаме светите и прекрасни ангели Господови, нивното безбројно мноштво, нивните хармонични чинови, нивниот хиерархиски поредок, поради восхитот што ги гледаме сите свети, добри, едноставни луѓе Божји од сите векови: пророци, апостоли и сите други, а пред сè – поради созерцанието на Бога во недостапната светлина, од сопственото внатрешно просветлување и блаженството на најсовршените, непомрачени од никаков грев, без страв, без грижа и тага.
* * *
Христијанската надеж е нашата надеж во соединување со Бога во идниот век. Во нашата сегашна христијанска состојба сè соодветствува и е насочено кон тоа соединување, и таа добрина, и духовна: Божјата благодат во Црквата, Богослужението, Светите Тајни, совеста, Божјото внатрешно испитување и очистување, молитвите, плодовите од молитвата, тагата кои го прочистуваат срцето, болести (ќе го земе својот крст – Матеј 16:24: Марко 8:34). За небесното соединување, го подготвува сегашното соединување со горлива молитва, Светата Тајна Причест: во тоа го уверува залогот на Светиот Дух во срцата на христијаните. Токму поради таа причина, секое друго соединување на срцето, освен со Бога, и не заради Бога, строго ни е забрането. Затоа треба да се чуваме од телесните похоти (1. Петрово 2:11), од секој грев.
* * *
Почитувајќи ги ангелите, ние се привикнуваме на животворното верување дека постои друг свет на разумни суштества, сосема чисти, едноставни, бестелесни и дека, според тоа, постоењето на нашата душа по смртта не само што е можно, туку и реално, постоечки. А почитувајќи ги светителите, повторно се навикнуваме на мислата дека за нас постои живот после смртта; дека доблеста и светоста се наградуваат по смртта – односно, ако и ние живееме доблесно, и ние ќе бидеме наградени; дека злото се казнува, како што е прикажано во евангелската парабола за богатиот и Лазар – односно ќе бидеме казнети за злото што го правиме овде. Општо земено, почитувањето на ангелите и светителите воопшто не е политеизам (многубоштво), тоа е целосно во нашата природа и води кон суштинска духовна корист.
Самиот разум бара во делот на Божјото размислување за луѓето да има посредници меѓу луѓето и Бога од духовниот свет (бидејќи луѓето се во средината помеѓу духовниот и материјалниот свет), кои нè водат во горното Царство, имено: Ангелите. Во сите дела, Господ има извонредна постепеност и ред; со Него насекаде повисоките ги водат пониските: тука се потребите на Ангелот чувар за христијаните откупени со крвта Господова. Освен тоа, самите ангели се полни со љубов кон нас и се радуваат на преобраќањето дури и на еден грешник; а љубовта е активна, и на нивната благородна и корисна дејност Бог им ја дал сета слобода, како што гледаме од словото Божјо. Ангелите чувари им се неопходни на луѓето поради подмолноста на злите духови кон луѓето: луѓето самите не ги гледаат. Луѓето се крајно немоќни за духовниот живот. Покрај благодатта Божја, ни треба и лице исполнето со таа благодат, мудро, силно по природа: а такви се Ангелите. Освен тоа, по напуштањето на животот, треба да има сведоци на човечки дела против демоните.
* * *
Од нашето сопствено искуство на животот, од срдечните молитви можеме да дознаеме дека светителите се примени во најблиската заедница со Бога. А од сопственото искуство знаеме дека во заедницата со Бога, преку молитвата на верата, нашиот ум необично се просветлува и добива најширок размер на дејствување: тогаш го гледа она што не го гледа во својата вообичаена состојба. Следи дека светиите, кои се во заедница со Бога, чисти, ослободени од телото, го имаат најсветлиот, далековиден ум, и дека нашите искрени молитви ги слушаат, и ако на Бога се пријатни и за нас корисни, неизбежно се исполнуваат.
* * *
Присуството на ангелот чувар кај секој вистински христијанин е неопходно затоа што телата на христијаните, според сведоштвото на зборовите Божји, се храмовите на Светиот Дух, а самите христијани се членови на телото Христово, осветени со Неговото крстно страдање и смрт, запечатени со Неговите Свети Тајни во кои нам ни се предава благодатта на Светиот Дух; а особено затоа што се причестуваме со самото тело и крв Христови во Светата Тајна Причест. Вредноста на човекот – христијанин, како член на телото Христово и храмот на Светиот Дух, неминовно бара со него да биде Ангелот чувар, како наш постар брат и пријател кој нè води кон за сите заедничкиот Владика во Царството на Светлината и блаженството. Ако има радост на небото пред Божјите ангели поради еден грешник кој се кае (Лука 15:7; 10), тогаш по тоа треба да се суди какво силно учество земаат Божјите ангели во нашето спасение.
* * *
Потсетете се дека за време на молитвата, Господ целосно е блиску до нас, како наш Првобитен, и дека Тој одговара на секој наш збор, на секое движење на срцето.
* * *
Поклонувајќи им се на иконите, во нив, пред сè, го почитуваме Бога, Кој беспочетно го роди Синот – Неговата жива икона која на бесконечната мисла за Бога Отецот давајќи и вечно постоење, создавајќи светови и сите суштества што беа во Божјата мисла, и човекот, создаден според образот и подобието Божјо; ја почитувам иконата Божја овоплотена; се почитувам себе, својата икона на бесмртниот богоподобен човек, повикан да биде причасник во божествената природа, едно со Господа, храмот на Светиот Дух. Сè уште сум ненамерно охрабрен да ги почитувам иконите бидејќи ја гледам силата Божја која се појавува преку нив, спасоносна за верните и која ги казнува неверниците, како што ја гледам и чувствувам истата сила во ликот на крстот Господов, кој поради својата чудотворна сила се нарекува животворна. Поради сето тоа иконите за мене ги заменуваат самите лица чие име го носат. Ликовите на светителите на нашите икони ни претставуваат блискост по духот на светителите Божји кои се во Бога сите живи и во Светиот Дух ни се секогаш близу поради нашата искрена вера и молитвите преку нив. Бидејќи што може да биде далеку од Божјиот Дух, Кој е насекаде присутен и се исполнува, сите духови духовно и умствено ги проникнува (обдарени со разум), чисти, сите и најтенки духови (Муд.Сол. 7:23)? „Така и на небото ќе биде поголема радост за еден гршник, кој се кае…“ (Лука 15, 7 и 10) Значи, не само Бог, туку и ангелите го открија расположението од нашите души. Стојам пред Тебе, и пред Твоите страшни и свети Ангели, ги принесувам моите зла и беззаконија, објавувајќи ги и укорувајќи ги.
* * *
Вие кои се молите, немате ли доволно да им дадете на луѓето, па Му препишувате на мојот Бог? Зарем ви е малку што ја гледате немоќта на луѓето; а сакате да ја видите и номоќта и во Самиот Бог и потајно помислувате дека Бог нема да ја исполни вашата молба? За луѓето тоа е многу тешко, како и невозможно, но како мислите дека тоа може да биде тешко за Бога? Има ли нешто тешко и невозможно за Него? За Него се е можно и лесно. „Сè е можно за Бога“ (Марко 10:27). Затоа, молејќи се, бидете цврсто убедени дека на Господа сè е лесно, Тој може да направи сè во еден миг. Не ја припишувајте сопствената неспособност да направите нешто, да си помогнете себе или на ближниот во нешто, на Бога. За вас, како слаби, безначајни суштества, речиси сè е тешко: илјада пати сте го доживеале на себе и на другите; но зарем не ти е доволно да им даваш (припишувате) труд на луѓето, и го давате на Бога – Господ Кој создаде сè со мисла и збор? Запомнете, ништо Нему не Му е тешко: смело сè барајте; за сè се надевајте дека ќе добиете. „И сè што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете“ (Мат. 21:22).
* * *
Светите ангели и останатите небесни Сили изобилно се исполнети со цел, со свет живот, ненарушен мир, неуништива бодрост, вечна храброст и сила, неискажива убавина, светлина, висок ум, најчиста љубов кон Бога и кон луѓето, пријателство помеѓу себе, озареност и просветување. Такви се нашите свети Ангели чувари. Прекрасната природа е ангелска! Но, христијаните кои се удостоиле да достигнат вечно Царство со воскресение од мртвите, ќе бидат како ангели, според зборовите на Самиот Господ. И искрено ќе се стремиме кон тоа Царство кое нема крај, непоколебливо, во мир.
* * *
Христијани, придружете им се на ангелите, на архангелите, на сите небесни сили: подржувајте ги ангелите, презирајте го земното, сакајте го небесното, вечното, духовното, избегнувајте ја пристрасноста од овој живот, не робувајте на стомакот, демонското среброљубие, бидете незлобиви, кротоки, тихи, чисти како ангелите, едноставни, свети како Него.
* * *
Човеку, гледај ја божанската величина – душата која е според ликот и подобие Божјо, и поради тоа величие секогаш почитувај го и сакај го човекот со чисто срце, нелицемерно.
* * *
Овоплотуваните зборови се најчеста работа. Зборуваме јасно: што е тоа ако не се овоплотени зборови? Ги пишуваме зборови на хартија: што е тоа ако не се овоплотени зборови?
* * *
Што е вера? Доверба во духовната вистина, во Оној Кој е, или во Бог, во постоењето на духовниот свет со неговите својства, како што сме уверени во постоењето на Светоста и во нејзината суштина. Да се биде убеден во реалноста на духовната Универзалност и духовниот свет со сите негови својства и суштина, како што сме убедени во постоењето на Светоста со се што е нејзино и нивните својства – со силна вера. На пример, јас несомнено сум убеден дека Бог е вечен, сèдобар, премудар и сèмоќен, и нема да помислам дека Тој не е вечен, дека не е сèдобар, дека не е премудар, дека не е сèмоќен; тоа значи да се верува цврсто и недвосмислено; Верувам дека Бог, како Добрина, ќе даде што и да побарате од Него, и немојте да се сомневате во тоа: така и верувајте.
* * *
Името на Бог е Самиот Бог. Затоа се вели: „не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог,“ (2. Мој. 20, 7; Пс. 5. 5, 11). Или – „Да те заштити името на Бог Јаковов“ (Пс. 19:1); или: „изведи ја од темнината душата моја, за да го прославувам името Твое“ (Пс. 141:7). Бидејќи Господ е наједноставното Битие, наједноставниот Дух, Тој е во еден збор, во една мисла – во целосна светлина и во исто време насекаде – во Своето создание. Затоа, повикувајте го секогаш само името Господово: и ќе го повикаш Господа – Спасителот на верните, и ќе се спасиш. „Секој што ќе го повика името Господово ќе се спаси“. (Дела 2:21) „Повикајте Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш“ (Пс. 49, 15).
* * *
Целиот човек кој се состои од душа и тело се именува со еден збор, како на пример Јован, го означува човекот едноставно создаден според Зборот Господов. Името исто така означува дека нашата душа е исто така едноставно суштество. Зад едно име се крие такво богатство и длабочина на човечкиот дух, толкаво мноштво на делливи поединости. Тоа е вистински образ и подобие Божјо и истовремено мал свет.
* * *
Во името човеково е душата на човекот, на пример во името „Јован“ е душата на Јован. Така, на тој повик мојата душа се препознава себе во тоа име и одговара на него. Затоа, во името на Исус Христос, е сиот Христос, душата и телото Негово, соединети со Божанството.
* * *
Бог е бесконечен Дух. Во Кого се состои таа бесконечност? Во бесконечното постоење, животот и премудроста, добрината и љубовта, семоќноста, правдата и светоста, во Неговата сеприсутност во својата помисла, духовната и неискажана супстанца, како и во вечноста. Секаде и во сè е Бог Кој е над сè, Кого не може да го држи никакво време, и ниту било каква помисла, и колку да би била брза и храбра, не може да Го испревари, секогаш кружејќи само во Него.
* * *
Евреите го јаделе месото од жртвените животни; тоа било преобраз на нашата духовна храна; ние сега не ги јадеме телата на жртвените животни, туку само прчистото Тело и Крв Господови низ својата земја. Затоа, кој често се причестува со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови, тој не треба да го јаде месото на животните. Што ќе ми е телото на животните кога го јадам пречистото Тело и пречистата Крв на таа животворна Тајна на мојот Бог? Зарем тие животни ќе ми го дадат мојот, мир, радост, сила на умот и телото? Зарем не можам да се задоволам со растителна или рибна храна што ми е многу полесна?
* * *
Што е невообичаено во тоа што Господ ви го нуди Своето тело и крв за храна и пиење? Оној Кој ти го дал за храна телото на животните што ги создал, Тој, на крајот, ти дал за јадење и пиење и Себеси; Оној што те хранел со мајчиното млеко, Тој, на крајот, Самиот прифатил да те храни со Своето тело и крв како што си цицал во себе одредени особини од мајка си преку мајчиното млеко, нејзиниот дух, така и со телото. и крвта на Христос Спасителот во себе Неговиот дух и живот. Или, како што мајка ти те хранела во твоето детство, а ти живееше од нејзе, од нејзиното млеко, така и сега, растејќи и станувајќи грешен човек, се храниш со крвта на својот Животодавец, да бидеш жив и да растеш. духовно во човек Божји, свет; накратко: сега, како што тогаш беше син на мајка си, да бидеш чедо Божјо, воспитано, отхрането со Неговото тело и крв, а особено со Неговиот Дух – бидејќи телото и крвта се Неговиот дух и живот (Јован 6. :63), и да постанеш наследник на Царството Небесно, за кого си создаден, за кого живееш.
* * *
Деца, запомнете дека вас Исус Христос толку многу ве сака што ве повикува неколку пати годишно на Неговата божествена и животворна трпеза, каде што ви го дава Своето божествено, чисто Тело за храна, а за пиење Својата божествена, чиста, животворна Крв, за да бидете живи, не само овде, привремено, туку и на небото, вечно, бескрајно и многу, многу да Му благодарите на Вашиот Творец и Спасител за таквата неизмерна Негова љубов кон вас и вашите родители и вашите браќа и сестрите и према сите луѓе.
* * *
Христијанската надеж е нашата надеж во Христа и во вечното блаженство што ни го вети Христос. Тој е крајот на нашата желба: „Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови“ (Мат. 1:21). „Би сакал да одам во рајот, но гревовите не ми дозволуваат“, велат многу христијани кои немаат претстава за христијанската надеж, како гревот да е неуништив ѕид. Не: ќе кажам дека токму него Спасителот Исус Христос со крстот и со Својата смрт го разруши и го отвори Божјиот рај за оние што се каат. Ние ќе го задржиме нашето внимание на тоа за да научиме како да Му веруваме на Христа, бидејќи не секоја христијанска надеж е вистинска, спасоносна. Ќе ви ги покажеме својствата на христијанската надеж: нејзината темелност, цврстина и нејзината полнота, и оние карактеристики со кои може да се познаат дали има христијанска надеж во нас; ќе покажеме дека христијанската надеж живее од молитва како од воздухот, и дека се одржува и зајакнува со животворните Тајни, со читање и слушање на словото Божјо и делата на светите Отци, со сопствени и сечии добри дела. Тука ќе ги откриеме, бидејќи христијанинот е слободно и разумно суштество, создадено според образот и подобие Божјо, но паднал (по своја волја) или отстранет од Бога со беззаконие, тој мора самиот да ѝ пристапи со вера, надеж и љубов да се приближи на својата исконска форма. Ќе ве посоветуваме вас сите христијани внимателно да размислите: она што во него претставува боголичен и бесмртен човек во вистинска смисла на зборот, ќе бараме од него да внимавате на своето срце, да ги слушате неговите потреби кои често и се откриваат на човечката свест и да ги задоволите без одлагање. Нашето срце бара вера во Бога и соединување со Него во Кого наоѓа мир и блаженство, но и се надминува себе, поради дејството на темниот дух и поради вроденото расипување на сите земни добра кои не го остваруваат неговиот мир, живот. и блаженство, туку само жалост и тага. Соединување на тоа срце со верата и надежта со Христа – тоа се нашите последни желби во разговорите и беседите со вас за надежта; прекинувајќи ја својата надеж со земните добра – во луѓето, во честа, во богатството, во задоволствата привремени, тоа се нашите единствени желби. Ние се давиме во гревови и честопаѓаме во разочарување, пропаѓаме од нивното мноштво; да ги насочиме очите кон нашата Надеж – Христос Спасителот – во сите гревови, во сите таги, во сите нестабилности на животот, среќа и беда, да покажеме дека Тој е Бог на оние што се каат и Спасител на оние што грешат – во сите таги, во сè се нашите желби на животот, среќа и беда да покажеме дека Тој е Бог на оние кои се кајат и Тој е Спасител на оние кои грешат – во своите гревови – ете тоа се нашите желби. Да покажеме дека во Христа е нашиот живот, нашето блаженство, нашата светлина, нашето богатство, храна, питие, сè и целиот живот, да научиме во сè да се насочиме кон Него како крај на сите наши желби, ете тоа е она што го сакаме повеќе од се. Исус е секогаш живиот Извор. Би сакал да ве наведам да го повикате секој од вас од се срце да го наречете Исус вашиот Исус, свој Спасител. Не дај Боже да викаме: „Господи, кој поверува во она што чу од нас? И раката Господова кому се откри?“ (Јн. 12, 38. / Иса. 53, 1 /).
* * *
Господ е Вистината: сè што рекол е чиста вистина и не дозволува ни најмало сомневање. Значи, постои надеж дека Бог повторно ќе дојде да им суди на живите и мртвите, дека ќе има живот во идниот век, блаженство на праведниците и измачување на грешниците.
* * *
Христијанската надеж може да се окарактеризира на следниов начин: молете се и надевајте се, подвизувај се и надевај се; „Потрудете се да влезете низ тесната врата“ (Лука 13:24). „Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност“ (Кол. 4:2)
* * *
Кој приоѓа на Светата Чаша со било каков страв во своето срце, тој е Јуда и приоѓа лажно да го целива Синот Човечки.
* * *
Преку молитвата се надеваме дека сè ќе добиеме. Трисјајна љубов, помилуј ме!
* * *
Не знам како мудар човек може да се двоуми за богооткиената вистина што ја објави Исус Христос, која ја посведочија и сведочат апостолите, која е докажана со крвта на безброј маченички собори, кои проповедале архиереи, свештеници, преподобни, и сите светии, која е животворна за срцето. Меѓутоа, има несреќници кои се колебаат, кои вистински се колебаат, стресени од потешки од камен, внатрешно убедени како да се каснувани од змија отровница, убиваат како ѓаволот, заведени од некакви непознати, невидливи престапници, безмилосни убијци. Со кого се во врска и за што се работи? Зошто сум толку туп, глупав, накажан и покрај се мрачен и депресивен? О, јас знам зошто. Познајте ги по нивните плодови (Мт 7,16). По такви страшни последици во мојата душа заклучувам за причината, по трагите на убиствата ги пронаоѓам убијците. Тоа го прави мојот непријател – ѓаволот. Убиецот! Тоа е тој што ја убива мојата душа со сомнеж и неверување, ме измачува. Но, јас сум и неразумен кога си дозволувам да се покорувам на убедувањата на лажливецот, убиец, противникот на Бога и на луѓето. Кога ќе забележиш во себе било какво ментално противење на Бога, и сомневање во Тројството на Лицата Божји и на нивнито единство и слично, верувај дека во тебе е непријателот на Бога и на човекот. Ти оддамна веруваш во Светата, животворна и неделива Троица, одамна ги користиш Нејзините благодати, Нејзиниот живот, Нејзиниот мир и сите добрини, и се борите за Неа до смртта против заедничкиот непријател.
* * *
Верата смирува и предизвикува задоволство, неверувањето онеспокојува и ранува.
Кога се молите, сè правите разумно. Кога додавате масло во кандилото, замислувајте како Животодавецот секој ден и час, во секој момент од вашиот живот, го одржува вашиот живот со Својот Дух, и како секојдневно во спиење во телото, и преку молитва и словото на Бога во духовен поглед, го излива во вас елејот (маслото) на животот со што гори вашата душа и тело. Кога ќе запалите свеќа пред иконата, сетете се дека вашиот живот е како запалена свеќа: ќе изгори и ќе изгасне; или дека некои ја тераат да гори побрзо од што треба, со страстите, ненаситноста, виното и други задоволства..
* * *
Бидејќи нашиот прв учител на молитвата е Црквата научена од „Самиот Светиот Дух кој не поткрепува во нашата немоќ, бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме“ (Рим. 8:26), обврска на секој христијанин е да го знае јазикот на својата мајка – Црква. Штета е да не го познавате доволно; срамно особено за оние кои, иако научиле толку странски јазици а не сакале и не сакаат да го научат јазикот на Мајката Спасителка. Во принцип, секој би требало да го разбира и да го учи словенскиот (старо-македонскиот) јазик.
* * *
Средствата кои ја зајакнуваат христијанската надеж се: молитвата, особено често и искреното исповедање на своите гревови, честото читање на словото Божјо, а особено честото причестување со Светите Животворни Тајни на телото и крвта Христови.
* * *
Наши предводници во христијанската надеж се: Самиот Господ, Неговата Пречиста Мајка, сите светии, пророци, апостоли, маченици, архиереи, преподобни – сите тие побрзале кон Бога со надеж за спасение и никој не се засрамил, сите се спасиле. „Надежта не се посрамотува„ (Рим. 5:5), кажува Светото писмо, и не се посрами.
* * *
Изразот на христијанската надеж за земниот живот е опростување на гревовите во кои живееме целиот живот: „ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник… а Тој е жртва за измирување на нашите гревови“ (1. Јован. 2:1- 2). Што се однесува до идниот живот: „ќе Го видиме каков што е“ (1. Јован. 3:2)… „ќе заблескаат како сонце“ (Мат. 13:43)… „Каде сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга… Одам да ви приготвам место“ (Јован 12, 26; 14, „… Нашиот живот е на небесата, од каде што Го очекуваме Спасителот, Господ Исус Христос, Тој ќе го преобрази нашето понизно тело“ (Фил. 3:20-21).
* * *
Повеќе за надежта: овде страстите доаѓаат од срцето: нивниот порој е силен, тешко е да се воздржите, да не им подлегнете; но имајте надеж во Христа и ќе победите. Тој вели: Ме напаѓаат страдања, Владико, Ти заштити ме и спаси ме, Спасителу мој. Од мојата младост ѓаволот ме искушува, ме разгорува со страсти, а јас, надевајќи се на Тебе, Господи, ќе го победам. (Први антифони од 4 и 8 глас).
* * *
Неволјите на христијаните произлегуваат од тоа што немаат христијанска надеж. Ете, во човечката мака е грешното срце, тагата, грешната помисла; ако во неговото срце нема христијанска надеж, тогаш што прави? Тој прибегнува кон секакви вештачки средства како би ја протерал маката и чмаењето, прибегнува кон забава, а не кон Христос: „Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Мт. 11:30), не молитви, не покајание за гревовите, не словото Божјо, која е корисно за учење, за карање, за утеха (2. Тим. 3:16; сп. Рим. 15:4). Обично така и се случува. Оттука, на световните луѓе им требаат театри и многу други забави. Таквите луѓе дури креваат рака на себе. Искуството да се добие она што се бара многу придонесува за воспоставување надеж во срцето на оној што се моли. А човек кој се грижи за себе тие искуства лесно ќе ги забележи.
* * *
Оној кој се моли треба да се надева дека ќе Го измоли Господа за сите свои гревови: „Ти го простив сиот долг, зашто ме молеше“ (Мт. 18:32): нема грев што ја победува Твојата љубов кон човештвото. „Крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев“ (1. Јован. 1:7). (Марија од Египет). „Ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос Праведникот“ (1. Јован. 2:1).
* * *
Надежта претпоставува очекување на некое добро кое го немаме. „Кога се надеваме, пак на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме“(Рим. 8:25). Но бидејќи нашето најголемо добро е безгрешноста, а ние го немаме тоа добро и секојдневно страдаме поради гревовите кои можат да не уништат засекогаш, христијанската надеж треба да биде насочена кон Христа како Откупител на нашите гревови и нашиот Спасител.
* * *
Како што сè што е потребно за физички живот добиваме од земјата, воздухот, огнот и водата, така и се што е неопходно за духовниот живот – сите светли, добри и спасоносни мисли и расположенија на срцето ги добиваме од Бога, иако тоа не го забележуваме поради невидливоста на мислата и движењата на срцето. „Ветрот дува каде што сака, и гласот негов го слушаш“ (Јован 3:8). „Не сме способни да помислиме нешто како од себе; напротив, нашата способност доаѓа од Бога“ (2. Кор. 3:5).
***
Кога ќе ги примаш животворните Тајни, замисли цврсто дека во лебот и виното е Самиот Христос; направете им мисловен натпис: Исус Христос и со тој мисловен натпис (а има и емотивен), ментално носете го до длабочината на срцето и ментално таму поставете Го животворниот Гостин. Ако, со таква вера ги примаш Светите Тајни, ќе видиш што тие ќе предизвикаат во себе: најдлабок мир на психичка сила, сè ќе ти биде невообичаено лесно. Според верата нашиот Господ ни прави добро; според подготвеноста на срцето, Телото и Крвта стануваат животворен јаглен во срцето на верникот. Црквата е рај; олтарот е престол на животот на кој слегува Бог како би ги хранел и оживувал оние кои веруваат во Светите пречисти Тајни. „Големи и чудни се делата Твои, Господи Боже Седржителе“ (Отк. 15:3). Ти нас однапред не припремаш за созерцавање на престолот и Оној Кој на него седи, гледајќи го земниот престол во црквата и созерцавањето во очите на верата на Оној Кој седи на него.
* * *
Кога барате од Бога духовни дарови, како што се премудрост, вера, надеж и љубов, кротост и смирение, присети се дека си образ и подобие Божјо, дека твојата душа е одраз на Божанството, и дека целото богатство на душата е содржано во Бога, како во ризницата (Ризница на непроценето богатството на доброта) од која може да се исцрпи секое духовно добро со молитва, вера, стрпливост и очистување на себе од секаква нечистотија. Зборувај Му на Господа: мојот ограничен дух произлезе од Твојот бесконечен и сесовршен Дух; еве страдам, Владико мој, во премудрост и разум, или во вера, надеж и љубов, кроткост и смирение; погледни ја желбата од моето срце и дарувај ми од Твојата премудрост, безмерна вера, во сигурна надеж, нелицемерна љубов (8-ма јерејска молитва на утрена).
* * *
Покорување кон Црквата од страна на нејзините деца треба да започне со целосна доверба во нејзините молитви, Светите Тајни и обредите и да заврши со исполнување на сето она што таа ни заповеда.
* * *
Со очите на твоето срце, можеш јасно да видиш како Господ секогаш те чува во Својата послушност со законите на совеста.
* * *
Оние кои одаат на богослужба после јадење, доброволно се оптоваруваат со непотребни и штетни товари и однапред го задушуваат своето срце за молитва, блокирајќи им го пристапот до светите мисли и светите чувства. Треба со внимава да се чува од јадење пред богослужба. Треба да се запомни дека „Царството Божјо не е во јадењето или пиењето“ (Рим. 14,17), односно Бог не може да владее во тоа срце кое е оптоварено со прејадување и пиење.
* * *
Господ е толку близок со сите, особено до оној кој живее свето, христијанинот, на кого неговото срце и тело се храм на Светиот Дух. „Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас?“ (1. Кор. 6:19). Каква прилика да се молиме на секое место! Зборот на молитвата „блиску до тебе е словото, (или Бог на Кого се молиш) во твојата уста и во твоето срце“ (Рим. 10:8).
* * *
Гревот ги затвора очите на срцето: крадецот мисли дека Бог не гледа; блудникот, препуштен на разврат, мисли дека Бог не го гледа: среброљубецот, лакомиот, пијаницата мислат дека се сокриваат со своите страсти. Но Бог гледа и суди. „гол сум и се сокрив“(1. Мој. 3:10). Така зборува секој грешник што се сокрива од секадеприсутниот Бог.
* * *
Како очигледен доказ дека Господ сè гледа и дека е секогаш со нас ги служи Неговите божански и животворни Тајни: овде нам Тој ни дозволува да го допреме, да ги ставиме рацете на нашите срца во Неговите ребра и да ги ставиме прстите во Неговите рани“ ( Сп. Јован 20, 25).
* * *
Без разлика колку пати се молев со вера, Бог секогаш ме слуша и ми ги исполнуваше моите молитви.
* * *
Ние најчесто живееме во сомнеж, во малуверност, во неверување, имајќи очи и не гледаме, имајќи уши и не слушаме, имаме скамено срце (Сп. Мк 8, 17-18). Треба да се чуваме од грубост на срцето.
* * *
Човекот, е икона Божја – жива икона на живиот Бог; во душата на човекот, особено на верниот и доблесниот, се одржува сјајот на Божеството, Неговото совршенство. „Бидете свети, зашто јас сум свет, Господ, вашиот Бог“ (1 Пт. 1, 16/3 Лев. 19,2 /)
* * *
Душата на првиот човек е од Бога, од Него се сите души на подоцнежните луѓе; сите души се здивот на Неговиот божествен Дух, сите треба да бидат Негови деца, сите без исклучок. „Како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе“ Спасителот му се молеше на Небесниот Отец да бидат едно во нас (Јован 17:21). Ете колку е високо нашето потекло! Преку Исуса Христа ние треба да бидеме едно со Бога, „и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга“ (Јован 12:26). Бидејќи нашите души се од Бога, Тој е секако секогаш блиску до нас, како што родителите се блиску со своите деца. Како што родителите ги познаваат своите деца, така и Господ ги познава луѓето, своите милосрдни чеда во Христа. Јас го познавам моето. (Јован 10:14).
* * *
Во обичното човечкото знаење – еднаш сте стекнале добро знаење на некаков предмет, а често за целиот ваш живот го знаете добро, непречено (јасно). Но во верата не е така; штом еднош го запозна, го почувствува, опипа, мислиш: така секогаш јасен, опиплив, сакан ќе биде предметот на верата за мојата душа; но не: илјада пати ќе се помрачува за тебе, ќе се оддалечува од тебе и како да исчезнува за тебе, и према она што некогаш си го сакал, со што си живеел и дишел, понекогаш ќе чувствуваш целосна рамнодушност; а понекогаш треба со срцето да си го расчистиш патот со воздишки и солзи за да го видиш, разбереш и прегрнеш. Тоа е поради гревот.
* * *
Зборот во нашите усти е веќе креативен, бидејќи формира јасни гласови; со зборот доаѓа живиот дух на човекот кој не се одвојува од мислите и зборовите. Видете, зборот, по својата природа, како и кај нас е креативен. Па, зошто сме малуворени и недоверливи во творечката моќ на зборот, на пример, во молитвата, дека таа – тоа буквално служење – неизбежно ја поттикнува милоста на Владиката? Така, зборот постојано образува тело за себе: јасните гласови и букви, или нашите книги, нели се тело во кое се обликува зборот? И толку сме навикнале што ни се чини дека тоа воопшто не заслужува посебно внимание. Тоа не е само природа Божанска, туку е, според Неговиот дар, по природата на создадените живи суштества – творечко според Божјото водство: „раѓајте се и множете се“ (1. Мој. 1:28). Душите на живите суштества (пајак, пчела, црв), под водство на Бога, ги размножуваат нивните тела. Така, со моќта што им ја дава Бог до ден-денес, луѓето се раѓаат и се множат на земјата; така луѓето и животните создаваат за себе сè што е потребно за животот, особено човекот – тоа најкреативно суштество кое восхитува со својата бескрајна креативност во сите видови на уметноста. Бидејќи Создателот на Словото е секадеприсутен, тоа и од Неговите творби се распространети насекаде, иако не бесконечно, и насекаде каде што Тој создава, и доколку е потребно, ги менува.
* * *
Бог е толку едноставно Битие, побрз од молња, побрз од мислата, неприметно ја посетува нашата душа. Затоа Господ и вели: „Царството Божјо не доаѓа забележиво, ниту, пак, ќе се каже: ‘Еве, овде е’. Зашто царството Божјо е во вас внатре“ (Лука 17, 20-21). Во тебе е, односно не може да се одреди ни моментот на доаѓањето на Царството Божјо во нашата душа: гревот си го отфрлил од срцето, но тој е сеуште во срцето и нема да забележиш како и кога; моментот на целосно отфрлање на гревот од срцето е моментот на целосно Божјо владеење во нас: бидејќи како што се очистуваме од гревовите, така Бог се зацарува во нас; а животворните Тајни со вера во миг се очистуваат, осветуваат и го разубавуваат домот на душата. Така и ѓаволот духот на злото, како едноставни суштества, иако ни најмалку не се совршени во својата едноставност и иако се многу ограничени, дејствуваат на душата брзо, за миг, како брз гром, како брза помисла. Сè што е потребно прават во моментално чувство на приврзаност кон земното, или моментално придржување на срцето кон гревот, или моментален сомнеж во вистината – и тој навлегува во срцето; токму во тој час за миг предизвикува било каква страст во срцето, а потоа, според тоа колку ние сочувствуваме, нè контролира и нè влече каде што сака, како робови со врзани раце и нозе. А ако му се спротивставиме, тогаш тој се обидува да ги уништи нашите напори кон искрената вера и благочестивите мисли и чувства со силно помрачување на умот и срцето. За да го победите и да го протерате од себе, од срцето, треба да го побудиш своето срце во потполна вера во Господа Исуса Христа и да запомниш дека во тебе делува непријателот, дека твоите мисли или расположението на срцето и волјата на гревовите се безбожни. Тогаш решително отфрли ги тие мисли со сето свое срце, тргни се, така да се каже, со целото свое срце од грешните узди, како Самсон, обвиен во синџири, и ќе ги раскинеш врските на пеколот како обични конци, со силата на Исуса Христа и благодатта на Светиот Дух.
* * *
Во молитвата треба да запомниме дека треба да се молиме за сите, како што не учи молитвата Отче наш. Пример за тоа се апостолите и сите светии. Не заборавај, моли се и за другите, тогаш и светите ангели ќе се молат за нас, како членови на едно Христово царство, една Црква, едно тело. „Со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери“ (Мат. 7:2).
* * *
Господ е мојот живот, мојот здив, мојата сила, мојата светлина, мојот мир, мојата радост, храна и питие; што да му понудам на таков Добротвор, или со што ќе Му возвратам? Ќе возвратам, со Неговото содејство, со послушност на Неговата волја, со исполнување на Неговите заповеди. „Ако Ме љубите, Самиот Тој ни вели, пазете ги Моите заповеди“ (Јован 14:15). Ќе се потрудам да Му угодам молејќи за Царството Божјо и Неговата правда, и сметајќи ги земните добра за ништо во споредба со небесните; Нема да се прилепувам со срце за ништо земно. О, Господи, Ти Самиот подари ми сила да го исполнам тоа. Окрепни ме Самиот со Твојата десница: Сило моја, не оставај ме! Подари ми да се надевам само на Тебе, мој Хранителе, во Тебе Кој никогаш не си ме оставил.
* * *
Животот е сила животворна. Затоа Бог е – првиот изворен живот – бесконечната Сила Која на сите им дава живот; затоа и Ангелите се нарекуваат сили небесни, сила е и човечката душа. Ангелите и луѓето се силите кои го оживотворуваат првиот Живот, кој ја носи, раководи и ја поддржува првата Сила во интелигентна и слободна служба на првиот Живот. Смртта е убиствена сила. Прва таква сила во царството на живиот Бог, Кој создаде сè за живот, се појави во лицето на ѓаволот и од него премина на луѓето и на другите земни суштества, „зашто и созданието не и се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори“ (Рим. 8:20) ), кој се потчини на првата убиствена сила – ѓаволот. Бидејќи ѓаволот е ментална сила, тој преку пеколната сила дејствува на умот, кој првобитно го разнишал со својот здив, одвојувајќи нè од Божјиот Живот со сомнеж, на недоверба во Бога – Силата на семоќната и непроменлива по своите својства; од Бога – Љубовта се одвојува со духот на непријателството, злоба, завист; од Бога – го одвојува Духот со силната приврзаност на нашето срце за добрата земни. Забележуваме дека во гревовите, неприродни приврзаности на нашето срце, дејствува сила која ја убива нашата душа, како и во злоба, сомнеж и во сите гревови, во чмаење, очај и противење на Божјите заповеди. Господ Бог е исто така сила во нашата душа, пред сè љубов: љубовта е силна како смртта (Песна над песните 8, 6), сила на сите доблести што ги надминува сите препреки што се спротивставуваат на силите на пеколот на душата.
* * *
На молитва, пред или без икона, секогаш треба да се пристапи со полна надеж за придобивање на посакуваното, на пример, ослободување од тагата, душевната болка и гревовите, затоа што и порано илјада пати била добиена очигледна милост од Господа или Владиката, и без да се надеваш да се добие она што се бара или да се сомнева во тоа дека Господ, Пресвета Богородица, ангелите и светителите ја слушаат молитвата би било крајно лудило и слепило.
* * *
Ако некој те праша зошто се молиш на неживи икони, каква корист имате од нив, кажи им дека од нашите икони добиваме неспоредливо повеќе придобивки отколку од најдобриот и најмилосрдниот човек; кажете им дека од иконите секогаш доаѓа благодатта и помошт на вашите души кои ве спасува од гревови, таги и болести, а особено од иконите на Спасителот и Богомајката; дека еден чесен поглед кон нив со вера дека се живи и да ни се близу нас, спасува од тешки таги, страсти и темнина на душата, ако е допир до облеката на Спасителот и марамата на апостолите болните ги прави здрави, а иконите на Спасителот и на Богомајката имаат моќ да исцелуваат верни од секаква тага, во вера во Господа и Богомајката.
* * *
Мојата душа може да замисли милиони ликови, на пример, една и иста Божја Мајка, мојата рака може вешто да нацрта онолку колку сака Нејзини ликови, и сите ќе бидат Нејзини достојни ликови, како и Таа Самата. Така, Единствената, пресуштествена и животворна, создала со своето творечко Слово, и со Светиот Дух осветила безбројно мноштво на Свои свети икони – силата на небесните; Исто така и Отецот, и Синот, Самата жива икона на Самиот Отец, ја создал, осветувајќи ја со Светиот Дух чувствено-разумната Своја икона – човекот и од него единствениот, на нашето постојано чудење, до денес се прават такви икони: и сите се живи, прекрасни, богоподобни, трајни, вечни. Така и јас, без разлика колку икони да се насликат, сите тие за мене се вистински икони, достојни за почит, на кои несомнено ќе им се поклонувам со почит, само за да одговараат на вистинските, живи, свети слики (икони) Божји. Зошто да немаме толку ликови, на пример, Спасителот Христос, колку што има поединечни христијански лица? Секој лик на Спасителот е најдостоен за Неговиот лик кој свети во душата на вистинскиот христијанин.
* * *
Прекрасен е, и на Бога Му е мил обичајот на христијаните да ја имаат иконата на Спасителот и да се молат пред неа. Тоа е потреба на нашата душа. Самиот Господ, со Својата вродена љубов, сака да се формира во нас, како што ни кажува апостолот: „Чеда мои, за кои сум пак во родителни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос“ (Гал. 4, 19); или „и преку верата Христос да се всели во срцата ваши“ (Еф. 3:17); но како ќе Го замислам Христа во моето срце, ако најнапред себе не Го прикажам не си Го претставам себе пред моите очи? И ете тука ја имаме иконата на Спасителот, Мајката Божја и на други. Љубовта на христијаните кон нив, кои сакаат секогаш во мислите и во срцата да ги носат нивните икони, самата наша природа е многу духовно-емотивна, ја буди потребата да ги претставиме во иконографија, да ги поставуваме на најпочасните места во домот како во нашите срца или во домовите на нашите души, да им се даде најпочесното место и да се почитуваат со поклонување најпрво срдечно, а потоа и визуелно. Колку е согласно со Божјата намера нашата почит кон иконите! Небото ни одговара преку иконите, како што некогаш направи Господ од чистилиштето во еврејската скинија; многу од нив ни светат со чуда.
* * *
„Ете, стојам пред вратата и чукам“ (Отк. 3:20). Тоа значи дека Господ постојано стои пред вратата на нашето срце, затворено за Него со гревови или разни пристрасти. Еве стојам. Вие се молите, а Тој стои покрај вашето срце и го слуша секое ваше срдечно движење и чувство.
* * *
Господи, дај ми срце едноставно, невино, искрено, верно, исполнето со љубов, дарежливо, достоинствено, достојно засолниште за Тебе Најдобриот.
* * *
Кога зборуваме со било кој човек, убедени сме дека тој нè слуша и покрај растојанието што нè дели, понекогаш многу голема; и сме убедени затоа што добиваме соодветни одговори од него, и затоа што нашите зборови во неговото срце ги будат истите идеи и расположение како што во нас. Или зборуваме на голем собир и сме убедени дека целиот собир не слуша во исто време и дека нашите зборови, ако доаѓаат од срце, паѓаат исто така во срцата на слушателите и предизвикуваат добри мисли и расположенија на душите. Така, зборувајќи во молитва со Бога или со светиите, без никакво сомневање треба да бидеме убедени дека нашите зборови, искажани од срце, се слушаат (не зборувам за Бога Кој е насекаде и знае сè, дури и нашето срце), не само онака, како што живите луѓе ги слушаат нашите зборови, туку многу полесно, поради едноставноста на духовниот свет, а да се одговори на нашите молитви, исто така, е дадена со поголема леснотија и се помудри и покорисни од одговорите на земните луѓе на нашите молитви, заради истата таа едноставност и богопросветеност на небесните жители. Ова треба да се смета за вистина за која не треба доказ, најобична работа. Како што е и во првиот случај, сите од искуство се убедени дека другите ги слушаат неговите зборови, така е и овде.
* * *
Бог и светиите нè слушаат во молитва исто како што луѓето кога разговараат меѓу себе и се слушаат меѓусебно, или како што луѓето кои стојат во храмот и го слушаат проповедникот, или војниците како што го слушаат гласот на војсководачот дури и неспоредливо подобро и по јасно; ние ги слушаме зборовите на другиот, но не знаеме што имат во срцето и умот, па се случува некој да каже едно, а во срцето да има нешто сосема друго. А Бог и светителите, за разлика од нас, го гледаат она што ни е во мислите и во срцето – Самиот Бог со Своето сезнаење, а светиите по благодатта на Светиот Дух во Кого вечно пребива. Тие гледаат дали нашите зборови се искажани од срце и дали целосно одговараат на срцето, а срцето, пак, е верно, скрушено и смирено, гори од љубов и ревност (бидејќи искрено прибегнуваме кон тебе) со желба да го добие бараното, потоа со љубов одговараат на нашата молитва и го даваат посакуваното. Бог и светителите сакаат во молитвата да ги замислуваме дека се живи, присутни пред нас, да ги гледаме со очите на срцето. Бог е жив; „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи“ (Лука 20:38).
* * *
Насекаде на земјата го гледате мудриот Уметник – Духот кој се радува на полнотата на радост во суштествата и ја манифестира својата бескрајна мудрост во делата на Своите раце. Насекаде го гледате животворниот Дух како на уметник или како грнчар кој обликува разни неживи и живи садови, особено Го гледаш во светите луѓе, како величествен, во прекрасните Негови храмови. Но, во неверните и безакони луѓе, речиси на секој нивни чекор го гледате во нивните дела нивниот лош дух во сите страсти, огорчености, непријателства, противења.
* * *
Бог е битие и живот на сè што постои. Затоа што и Он се нарекува Оној Кој е, како единствено постоење, прво несоздадено постоење, или како Глава, од Кого потекнува секое битие. Затоа апостолот за Него вели: „зашто ние преку Него живееме, се движиме, и постоиме“ (Дела 17,28). Ние живееме во Бога, движејќи се со Неговата сила, постоиме според Неговата волја, заповет и семоќ.
* * *
Вие не го разбирате начинот на кој Господ ги вселува животворните Тајни. Тоа е тајна; тајна, како што е тајната на начинот на кој бесмртниот дух, кој го оживува, разубавува и окрепнува телото, вселувајќи го во тебе. Господ е едноставно Битие, сосема различно од материјата, едноставно, како што е едноставна мислата, или моменталното движење на нашето срце или дух; тоа е тајна, како што е тајната на начинот на кој Тој целосно се вселува во твоето срце, без посредство на која било материја, со една жива мисла за Него, жива вера во Него или послушност кон Неговото слово. Заради Неговата најсовршена едноставност, Тој неминовно се наоѓа насекаде – Кој е насекаде и исполнува сè: „Зар не ги исполнувам Јас небото и земјата?“ (Ерем. 23, 24) И не може да се споделува, иако се споделува Себе на сите нас и Се предава на сите вистински во различни дарови, и Самиот е Единствен и Неделив, постојано создавајќи бесконечно и разновидно мноштво суштества, иден целосно присутен во секое суштество, и во последното и од сите помали бактерии.
* * *
Целиот воздух е прооден за сончевата светлина, проѕирен, и сето тоа, така да се каже, соединуваќи се со светлината, иако таа, поради својата суптилност, секогаш може да ја напушти. Изворската вода, кристалот и стаклото исто така се провлекуваат и се соединуваат со светлината. Мноштво тела кои можат да се оддржуваат и прекршуваат светлосните зраци, се осветлени или светат со сончева светлина или огнена светлина и ја примаат нејзината топлина. Во облека украсена со злато или сребро, секоја светилка силно свети на сончева светлина. Така се избира човечкиот род, или душите на праведниците со најинтелигентната Светлина – Бог кои светаат со Неговата светлина, соединувајќи се со Него. Така е и со секоја честичка од животворните Тајни, постанувајќи тело и крв на Самиот Владика, сета светлина, сјај, топлина, жив; ниту една најнепријатна честичка не останува непретворана во светлост и животот на Божанството.
* * *
Обрни внимание на тоа како Господ е секогаш со тебе на секое место, според образот и подобието Свое кое постои во тебе: размислуваш за Отецот, зборуваш за Логосот, дејствуваш со Светиот Дух. Како што воздухот и светлината се за телото, тоа е мислата или Бог Отецот за душата; што е храната за телото, тоа е Логосот за душата; што е дишењето и топлината, тоа е Светиот Дух.
* * *
Дали сте виделе како пчелите се држат за пчелата царица (матица), или мравките за царот на мравките? Така интелигентните и совесни суштества треба да се држат до Бога. Или знаете ли дека помалите планети се држат до поголемите и се вртат околу нив? Таквите интелигентни и совесни суштества треба да се држат до Бога, Владетелот на целата вселена. Семејството е мал пример за безбројните семејства на сили кои се вртат околу Бога и во Бога. Државата, или царевите и нивните поданици, се одлични примери за вртење на небесните сили околу Семоќниот, Царот на славата.
* * *
Како што во разговорот со луѓето како посредник меѓу нашиот збор и зборот на другиот служи воздухот, кој се наоѓа насекаде и сè исполнува, преку тој пат на воздухот зборовите стигнуваат до слухот на другиот, додека без воздух би било невозможно да се зборува и да се слушне: значи во духовна смисла, во заедница со бестелесни суштества, посредник е Светиот Дух Кој е насекаде и сè исполнува. Не разбираме точно како со посрество на воздухот другите ги слушаат нашите зборови, понекогаш на големо растојаније, но знаеме дека слушаат; ниту пак разбираме како во Светиот Дух светите Ангели и луѓето го слушаат плачот на нашите срца, а знаеме да слушаат. Како што ние сме убедени во одговорите дека другите ги слушаат нашите зборови, така и овде сме убедени во одговорите. Таму со физички очи го гледаме лицето со кое зборуваме, овде со очите на срцето: пред окото е иконата, пред срцето со окото невидливо лице или невидлив дух. Има растојание за телесните суштества, нема растојание за Светиот Дух.
* * *
Замислете ангел Божји во форма на човечка душа, односно Ангел е како твојата душа. Затоа Ангелите се јавуваат во човечки облик, односно, затоа што имаат природа слична на човечката душа, само безгрешна, света и повисока.
* * *
Како Бог брзо ја слуша молитвата на двајца или тројца кои заедно се молат од срце! „Зашто, каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив“ (Мт. 18,20), вели Самиот Господ.
* * *
Нашиот Господ Исус Христос има намера да ја прогони од нашите срца лагата (измамата), гордоста и злото на ѓаволот, а наместо тоа да ја всади Својата вистина и љубов, кротост и смирение.
* * *
Кога би сакале да го насликаме ликот на Господ на секоја линија од просторот, не би направиле ништо што веќе го нема, бидејќи Господ е, навистина на сè во секој и најмал и најголем простор; ако насекаде би Го предвидувале Господ, не би можеле да посакаме подобро од тоа, не би постапиле на друг начин, освен во праведност: затоа што Бог секогаш е од нашата десна страна, каде и да сме.
* * *
Светиот Дух се нарекува Утешител (Јован 14:26) по Својата суштина, која е мир, радост и блаженство бесконечно, и по Своето дејство на душите на верниците кои Тој ги утешува, како мајка, во нивните доблести, во нивните страдања, тага и болести, во нивните подвизи во верата: го нарекуваат Утешител поради неговото противење на злиот дух на чмаењето, која често не удира во душата. Секој феномен има причина. Така, откако направи некое добро дело, се радувате, наоѓате утеха во својата душа. Зошто? Зашто во вас е Духот – Утешител, Кој е насекаде и сè исполнува, Ризницата на добрата, Која ве утешува. Напротив, кога направите нешто лошо, или пак ништо лошо да не направите, понекогаш чувствувате убиствен неред во својата душа. Зошто? Затоа што сте дозволиле злочестивиот дух да завладее над вас. На пример, почнуваш да се молиш, и те обзема чмаење, додека пред молитвата го немало; или – еве прифаќате читање на некоја книга со духовна содржина, на пример, Светото Писмо: ве обзема и мрзеливост, чмаење, сомнеж, маловерие и неверување. Зошто? Бидејќи тие те искушуваат, лошите духови на лукавството, злочестивите духови ти прават сомнеж и неверување, те прават лукав. Во црква си на богослужба: и ти е здодевно, тешко, се чувствуваш мрзеливо, преплавен си – преку глава ти е. Повторно зошто? Затоа што итрината на злочестивите духови ве прават мрзеливи и чмаење. Или прифаќаш духовна работа, на пример, составување проповеди: во твоето срце, во твојот ум има темнина, студенило, а во целото тело слабост. Зошто? Затоа што во тебе лукавството го прават невидливите непријатели. Лесно е да се докаже: само не правете го тоа спротивно на вашата волја, и ќе биде толку лесно и пријатно, ќе биде таков простор во душата и срцето – кој знае од каде доаѓа. Затоа Светиот Дух ни е сосема неопходен на сите во сите наши добри дела: Тој е нашата сила, доблест, светлина, мир, утеха.
* * *
Очигледен доказ за сеприсутноста и промислата Божја е вегетацијата. Каде е сето тоа, ако не е на земјината топка? Ги покрива рамнините, се искачува на непристапните карпи на карпестите планини, се издига во пустини, се вкоренува во водите и среде водата – на пустинските острови. А кој го одгледува и украсува со прекрасни разновидни форми и цвеќиња? Господ Бог: Бог така се облекува. Но, ако Бог толку внимателно ја облекува тревата, дали ќе го остави, макар и за момент човекот, дали Бог ќе го заборави човекот? „Ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така облекува; а колку ли повеќе вас, маловерни!?“ (Мат. 6:30; сп. Лука 12:28) Ако Бог во секој момент ја оживува тревата и не ја лишува од својот живот, дали тогаш ќе престане мене да ме оживува? Не, ако Тој ја облекува и оживува тревата, тогаш Тој постојано живее во мене, како во храмот, ако јас доброволно не го отстранам од моите гревови. „Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“ (1. Кор. 3:16) Патем, обрнете внимание на она за храмот: апостолот го нарекува христијанинот храм затоа што во него живее Духот Божји; значи, во христијанските храмови постојано престојува Бог. Светоста на храмот. Стравопочитување према него. Опипливо е дејството на Бог Кој живее во храмот пребива во срцата на луѓето кои Му се обраќаат во молитва.
* * *
Тој ќе Ме повика, и Јас ќе го слушнам. (Пс. 90, 15) Зборови, полни со љубов! Зборови што му даваат најживописна надеж на оној што се моли!
* * *
Сè уште не си научил да ги сакаш ближните. На ненаклонетоста на луѓето према тебе одговараш со своја ненаклонетост. Напри го спротивното: на ненаклонетост од други према тебе одговарај со искреност благонаклонетост и љубов; колку повеќе нељубов гледаш према себе, толку повеќе пројавувај љубов према секого. Нељубовта е болест, а болниот треба повеќе да се сожалува, му треба повеќе грижа, да му се посветува повеќе љубов, токму затоа што е болен. Не знаеш ли дека бестелесниот непријател секому прави лукавство, сите ги заразува со отровот на омразата? Ниту ти не си изземен од таа итрина. И немој да му служиш, на духот на непријателството, туку служете му на Бога со љубовта на сето свое срце. Сеќавај се дека Бог- Словото умре за своите браќа.
* * *
Како што реките течат во морето, така и душите на луѓето течат кон Бога.
* * *
Духовниот и телесниот живот се разминуваат, не се согласуваат; затоа понекогаш се чувствуваш прекрасно во телото, но не и во духот, во срцето. Почни да се молиш и ќе видиш дека твоето срце се стврднало, си се закоравил, здебелил и си го заборавил Бога (5. Мој. 32:15, 18) и тешко ти е да се молиш, иако си здрав и силен: откако ќе престанеш да се молиш, повторно ќе ти биде лесно; но тоа е грешна леснотија.
* * *
„Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“. (Матеј 6:21). Знај што мислат оние кои се молат во храмот. Она на што сте посветени со срцето, тоа е она што го мислите.
* * *
Ако срцето се сомнева во Животворниот Дух, тогаш во нас нема да има живот, туку тага и мака, и ќе биде заслужено: бидејќи животот е од Животворниот Дух. Тагата поради сомнежот е сигурен знак дека тоа е мудрост и лага и дека доаѓа од убиецот – ѓаволот.
* * *
Досега живеев со Бога (мислев, чувствував, се хранев). И во иднина ќе живеам со Него. Ја оставам секоја вознемирувачка грижа и се потпирам на мојата надеж, на моето дишење во Христа.
* * *
Оној што не дозволува ниту еден миг да се посомнева во вистинитоста на она што Тој го рекол во Неговото Свето Евангелие – што учи од чистиот ум Неговата невеста – Црквата. Во верата треба да се стекне таква цврстина на срцето што, поради нашата слободна волја, да не се двоуми ни за миг, да не се колеба во никакво разделување во самите себе, да се приклонува на спротивната страна, како христијани да не биде никаков морски бран што го крева ветрот и потоа повторно во вртлог (Спореди Јаков 1:6). Нашата вера во Христа – да и амин – во Него постанува да (2. Кор. 1:19-20).
* * *
Запомнете дека, со искрено и цврсто верување во Христа, ќе бидеме спасени за вечен живот. Сеќавај се, како Светата Црква не уништи ниту еден од своите верни следбеници, туку сите ги спаси со милоста Божја. Делата на Спасителот и Црквата зборуваат сами за себе заради верниците. Дали сомнежот и неверувањето во душата на човекот кои ја убиваат неговата душа и тело, исто така зборуваат сами за себе.
* * *
Бидејќи Духот Божји е страшна сила, страв и мачење за демоните, демоните му се спротивставуваат на Божјиот Дух со сета своја пеколна мудрост и хула против Него. Бидејќи Божјиот Дух е спасоносниот Дух, духот на единството, љубовта и мирот, тие на секој начин се противат на единството, љубовта и спасението на луѓето. Поради нив дошло до поделба на црквите на Источна и Западна, обрнете внимание: токму поради догмата на Светиот Дух, дошло до поделба; токму поради нив се случи понатамошното распаѓање на римскиот Запад – лутеранството, калвинизмот и англиканизмот; заради нив настана раскол во нашата православна црква. (Патем, зарем не треба да правиме неопходни, корисни промени во Црквата поради расколниците? Треба да ги направиме: инаку демоните ќе нè исмејуваат; ќе дозволиме ли да бидат совладани од нивната злоба? За да не да се случи. Значи, треба да ја преведеме Библијата на руски јазик). Колку милиони луѓе се лишени од нејзиното богатство затоа што е на неразбирлив словенски јазик! Демоните се обидуваат на секој начин да го откорнат од срцето на христијаните верата во Евангелието и во Црквата Христова, која исто така е хула на Светиот Дух; со сета сила настојуваат да ги погази христијаните во делата на телесните и во нечистотата на луѓето, да не пребиваат во Духот Божји, како кај луѓето пред потопот; и не гледаме ли дека луѓето се оддале во огромна мера во: среброљубието, прејадувањето, пијанството, развратот? Каква е таа расипаност во нас? О, ќе ни биде тешко, и тоа многу брзо… Духовите на злото го напаѓаат Божјиот Дух уште во мислите и срцата на поединци; верата во Него ја разнишуваат; тешко нам: да не хулиме на Светиот Божји и животворен Дух, Дух на нелчицемерната љубов, Кој се моли за нас со неискажливи воздишки (Рим. 8, 26); и да знаеме дека цел живот сме должни да Му се поклонуваме и да Го славиме, како што се поклонуваме на Отецот и Синот, како што ги славиме Отецот и Синот – со неделива и еднаква слава. Да го почитуваме вселенскиот символ на верата – тоа спасоносно водство во верата за верниците од сите времиња и места. Да не го навредиме со ниту една мисла сомнежот на Светиот Божјиот Дух кој живее во нас и ни дава оживотворување – таа великодушна Божја љубов која нè љуби бескрајно, како Отецот и Синот.
* * *
„Сите сме со еден Дух напоени“ (1 Кор. 12, 13). Гледаш, Божјиот Дух нè опкружува како вода или воздух од сите страни – „Духот на Господ ја исполнува целата вселена“ (Мудр. Сол.1:7). Верата ни ја дава Божјиот Дух: „вера, преку истиот Дух; на друг – дарби преку истиот Дух“ (1. Кор. 12:9), вели апостолот; „ Љубовте Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух“ (Рим. 5:5), вели истиот апостол.
* * *
Колку е добро да се победуваат страстите! После победата чувствуваш таква леснотија во срцето, мир и величина на духот!
* * *
Зар не чини душата повеќе од храната?“ (Матеј 6:25) Таа е бесконечна, и неизмерно претежна. Во душата свети иконата на невидливиот Бог, Создателот на сè. Не само на сè, туку и на мојата душа, не треба да се каам за мојот живот во корист на мојот брат, вештачки или физички, а особено духовен. Служајќи се со љубов за доброто на мојот брат, служејќи на Самиот Бог. Ја чувствувам возвишеноста, големата вистина: „доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле“ (Мт. 25:40). Зошто е тоа така? Како прво, затоа што секој човек е икона Божја, а второ, затоа што Исус Христос е Бог и во исто време и човек, и Глава на телото – Својата Црква, „бидејќи ние сме делови од Неговото тело и коските Неговите“ (Еф. 5, 30), односно ние сме Христови членови.
* * *
Не му верувајте на вашето тело, кое ви се заканува со неиздржливост за време на молитвата: тоа е лага. Штом почнуваш да се молиш, ќе видиш дека телото ќе постане твој смирен слуга. Молитвата и него ќе го оживее. Секогаш сеќавај се дека телото е лажливо.
* * *
Оној кој верува во Спасителот и се храни со Неговото тело и крв, има во себе вечен живот: и ете затоа секој грев предизвикува голема болка и немир во срцето; а оние кои немаат во себе вечен живот, го пијат беззаконието како вода и не чувствуваат болка, зашто во нивните срца го нема вечниот живот.
Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада