www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,695
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

ВИЗИЈА НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ЈОВАН
ЧУДОТО ВО КРОНШТАД

Светиот и праведен отец Јован Чудотворец од Кронштад се потсетувал на визијата што ја имал во јануари 1901 година:

По вечерните молитви легнав да се одморам во мојата соба во слабо осветлената просторија бидејќи почувствував мала вртоглавица, гореше кандилото пред иконата на Пресвета Богородица.

По не повеќе од половина час, слушнав чуден шум и некој ме допре за рамото и со тивок глас ми рече: „Стани, слуго Божји, Јоване, и следи ја волјата Божја“.

Станав и видов пред мене Старец кој изгледаше прекрасно, косата му беше бело-сива а, имаше врз себе црна мантија и во рацете носеше стап, ме гледаше со нежен поглед. Додека се воздржував со големи напори да не колабсирам, рацете и нозете ми се тресеа, сакав да кажам нешто, но јазикот не ми се мрдаше. Тогаш Старецот ме прекрсти и смирено ме исполни со радост, потоа и јас се прекрстив. Старецот покажа со стап на западниот ѕид од мојата соба и со стап ги напиша бројките на ѕидот: 1913, 1914, 1917, 1922, 1924 и 1934, и одеднаш ѕидот исчезна и одејќи со старецот кон некаква зелена ливада таму видов многу крстови направени од глина, дрва или злато кои означуваа гробови, го прашав старецот зошто се тука овие крстови, а тој благо ми одговори: „Овие крстови се за оние кои беа измачувани и убивани поради верата во Христа и заради Словото Божјо постанале маченици“, и така ние го продолживме патот. Одеднаш видов голема река во крв и го прашав Старецот што значи оваа крв и колку крв беше пролеана? Старецот погледна наоколу и одговори: „Ова е крвта на вистинските христијани“, потоа покажа во висината на неколку облаци и јас видов мноштво бели ламби (кандила), како горат а потоа десетици и стотици почнаа да паѓаат, се гаснеа и се претвараа во пепел. Старецот тогаш ми покажа и рече: „Гледај“, и видов седум запалени ламби во облакот, го прашав што значат овие ламби што паднаа на земја, а тој одговори: „Тоа се Божјите цркви што паднаа во ерес, а тие седум ламби на облакот се седумте Апостолски Соборни Цркви кои ќе останат до крајот на времето“.

Старецот тогаш покажа високо на небото, ги видов и слушнав ангелите како пеат „СВЕТ СВЕТ СВЕТ ГОСПОД БОГ САВАОТ“, потоа голема група луѓе со свеќи в рацете одеа покрај нас со весели и светли лица, во таа група имаше Архиепископи, епископи, свештеници, монаси, монахињи потоа група мирјани, меѓу нив имаше и млади луѓе, деца, па дури и доенчиња. Го прашав чудотворниот Старец кое е значењето на овие луѓе, а тој ми одговори: „Тоа се луѓето кои пострадале за Светата Соборна Апостолска Црква за Светите Икони од рацете на злите уништувачи.“ Го прашав Старецот дали можам и јас да им се придружам, а тој ми одговори: „Сеуште е прерано за тебе да би пострадал и твоето придружување не би било благословено од Господа“.

Потоа видов голема група бебиња кои страдале од Ирод за Христа и примиле круни од НЕБЕСНИОТ ЦАР. Одејќи по натака, влеговме во големата Црква, сакав да се прекрстам, но Старецот ми рече: „Не мораш да се крстиш бидејќи ова место е „ГНАСНИОТ ПУСТОШНИК“ (Даниел 12:11). Во Црквата беше непријатно, во олтарот се наоѓаше Евангелието со Ѕвездата, свеќите личеа како да беа од катран и гореа како огревно дрво, од Чашата се ширеше силна смрдеа, таму имаше уште и Просфора со Ѕвездата, Свештеникот стоеше пред олтарот со лице црно како јаглен и под олтарот имаше жена облечена во црвено со ѕвезда на усните и врескаше низ црквата, смеејќи се извикуваше „ЈАС СУМ СЛОБОДНА“. Си помислив: Господи, колку е одвратно ова, луѓето како да полуделе, трчаа околу олтарот, свирејќи и плескајќи со рацете пееја богохулни песни. Одеднаш удри гром, силен гром, земјата се потресе и црквата се сруши, испраќајќи ја жената, свештеникот, луѓето и се останато во бездна. Си помислив: О, Господи, каков ужас спаси не, и го прашав Старецот кое е значењето на оваа страшна црква, тој ми одговори: „Тоа се луѓе на земјата еретици кои ја отфрлија Светата Соборна и Апостолска Црква и ја прифатија новата модернизирана Црква која Господ не ја благословил, во таа Црква тие не постат, не присуствуваат на свештенослужбите на богослужбите и не ја примат Светата Причест. Јас со страв реков: „Господовата милост е врз нас, а овие се проколнати со смрт…“ Старецот ме прекина и рече: „Не тагувај, само моли се“. Тогаш видов многу луѓе од кои секој имаше знак ѕвезда на усните, страшно се измачуваа во жед и одеа напред-назад. А кога нас нè видоа почнаа да викат: „Свети отци, молете се за нас бидејќи ние не можеме а многу ни е тешко, нашите мајки и татковци не нè учеа на Божјиот Закон, ние го немаме ниту името Христово и не наоѓаме мир, ние го отфрливме Светиот Дух и знакот на Светиот Крст… Тогаш силно заплакаа.

Продолжив пратејќи го Старецот, а потоа тој покажа со раката на планината од човечки тела облеани во крв, и јас премногу исплашен го прашав Старецот за значењето на овие мртви тела. Тој одговори: „Тоа се луѓе кои живееле монашки живот, го отфрлиле Антихристот и не го примиле неговиот знак, тие пострадале поради верата во Христа и за Соборната Апостолска Црква го примиле Маченичкиот венец умирајќи за Христа. Моли се за овие Слуги Божји“.

Старецот без збор се сврте кон север и покажа со раката, а јас видов Царска палата околу која трчаа кучиња, диви ѕверови и шкорпии, чкртајќи со забите и вилиците. Тогаш го видов царот како седи на престолот. Во лицето беше блед и сериозно ја рецитираше ИСУСОВАТА МОЛИТВА. Одеднаш царот се сруши како мртов, неговата круна падна и кучињата, ѕверовите и шкорпиите ја уништија на ПОМАЗАНИОТ ВЛАДЕТЕЛ. Јас горко заплакав а Старецот ме фати под рака… Тогаш видов особа во бело, тоа беше царот НИКОЛАЈ II, на неговата глава имаше венец од зелени листови а неговото лице беше бледо и помалку крваво, околу вратот имаше златен крст и тихо шепотејќи молитва, тогаш ми рече со солзи: „МОЛИ СЕ ЗА МЕНЕ ОЧЕ ЈОВАНЕ И КАЖИ ИМ НА СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ ДЕКА ЈАС СУМ ЦАР МАЧЕНИК КОЈ УМРЕ ДОСТОИНСТВЕНО И ЧОВЕЧКИ ЗА МОЈАТА ВЕРА ВО ХРИСТА И ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА, КАЖИ ИМ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ДА СЛУЖАТ ПАРАСТОС ЗА МЕНЕ ГРЕШНИОТ ЗА МЕНЕ ГРОБ НЕ ПОСТОИ“.

Набрзо сè се сокри во маглата, а јас плачев молејќи се за ЦАРОТ МАЧЕНИК, нозете и рацете ми трепереа од страв. Тогаш Старецот ми рече: „Погледај и јас видов група на луѓе како лежат насекаде наоколу умрени од глад, а некои сеуште живи јадеа трева и билки додека кучињата ги раскинуваа телата на мртвите, имаше неподнослива смрдеа се ширеше насекаде наоколу, си помислив: О, Боже овие луѓе сигурно немале вера, нивните усни богохулеле и за тоа го примиле ГНЕВОТ ГОСПОДОВ… Уште видов цела планина со книги меѓу кои ројат црви и почувствував страшна смрдеа, го прашав Старецот какво е значењето на овие книги, а тој ми одговори: „Овие се книги полни со безбожништво и хулење на БОГА кои ги трујат христијаните со еретичко учење“, тогаш Старецот со својот стап допре до некои од книгите и нив ги опфати пламен и ветрот ја развеа пепелта.

Понатака во далечина видов црква околу која имаше куп листови со имиња на покојни кои треба да се спомнуваат, се наведнав и земав некои од лестовите да ги прочитам имињата, но Старецот ми рече: „Овие ливчиња со имиња на упокоени лежат тука многу години и свештениците нив ги заборавиле, јас прашав: „Кој ќе се моли за нив“, а тој ми одговори: „АНГЕЛИТЕ ЌЕ МОЛАТ ЗА НИВ“.

Продолживме понатаму и Старецот побрза, јас со мака го следев. Потоа ми покажа и рече: „Гледај!“ И јас видов многу луѓе измачувани од демоните (ѓаволите), кои ги мачеа со стапови, вили и куки. Го прашав Старецот што значи ова состојба на овој народ, а тој ми одговори: „Тоа се оние кои се откажаа од својата вера и кои ја напуштија Светата Соборна и Апостолска Црква и ја прифатија новата модернизирана Црква.

Во оваа група спаѓаат и свештеници, монаси, монахињи и мирјани кои ги прекршиле своите завети и бракови и се занимавале со пијанство и секакви беззаконија и богохулење“. Сите тие имаа ужас на нивните лица и неподнослива смрдеа се ширеше од нивните усти, додека демоните (ѓаволите) ги мачеа и ги влечеа во длабока бездна од која се издигнуваше пеколен оган. Бев ужасно исплашен се прекрстив молејќи се: „Спаси нè, Господи, од овој пат“.

Тогаш видов група стари и млади луѓе страшно лошо облечени кои подигаа голема „ПЕТОКРАКА ЅВЕЗДА“ на секој крај од ѕвездата имаше по дванаесет демони (ѓаволи) а во средината на ѕвездата самиот Сатана со страшни рогови и издолжена и изопачена глава, ширеше пена околу себе на луѓето и збореше „Станете, вие проклети со знакот…“ Одеднаш се појави мноштво демони (ѓаволи) со железни печати и ставија знак на сите луѓе, на нивните усни, над лактот и на десната рака. Го прашав Старецот за ова значење и тој ми одговори: „ОВА Е ЗНАК НА АНТИХРИСТОТ”. Јас се прекрстив и тргнав по Старецот.

Набргу потоа нагло застана и покажа со раката кон исток, каде видов голема група на луѓе со радосни лица кои носат крстови и во рацете запалени свеќи, а меѓу нив се наоѓаше голем Олтар бел како снег и на Олтарот се наоѓаше „Воздух“ (Прекривка на Светите Дарови) со златна кралска круна на која пишуваше „за кратко време“. Патријарси, Епископи, свештеници, монаси, монахињи и мирјани стоеја околу олтарот и пееја „СЛАВА НА БОГА ВО ВИСИНТЕ И МИР НА ЗЕМЈАТА“. Се прекрстив со голема радост и Му се заблагодарив на Господа, а потоа Старецот трипати го крена крстот и видов планина од тела облеани со крв а над нив летаа Ангели кои ги земаа душите на убиените за Словото Божјо и ги носеа кон Небото пеејќи АЛИЛУЈА. Додека гледав, гласно плачев, а Старецот ме фати под рака и ми забрани да плачам, велејќи: „Што Му е угодно на БОГА, што нашиот ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС измачуван ја пролеа Својата Пресвета крв за нас, а овие ќе бидат Маченици кои не го прифатија знакот на Антихтистот и сите кои ја пролеаја својата крв ќе примат небесни круни“. Тогаш Старецот се помоли за тие Слуги Божји и покажа кон исток, со зборовите на пророкот Даниил кои се исполниле „ГНАСНИОТ ПУСТОШНИК“ (Даниел 12,11). Таму ја видов куполата Ерусалимска со ѕвездата над неа, а во Црквата голем број милиони луѓе, а многу повеќе се обидуваа да влезат внатре. Сакав да се прекрстам, но Старецот ме фати за рака и рече: „ТУКА Е ГНАСНИОТ ПУСТОШНИК“. Тогаш видов олтар каде гореа свеќи од смола а на олтарот се наоѓаше цар во огнен црвен порфир, на главата имаше златна круна со ѕвезда, и јас го прашав Старецот: „Кој е овој?“ а Старецот ми рече: „Антихристот“. Беше многу висок, со огнени очи, црни веѓи, квадратна брада, лукаво, злобно и страшно лице. Беше сам пред олтарот. Потоа ги подигна рацете кон народот, рацете му беа налик на канџи од тигар и извика: „Јас сум царот, јас сум бог, јас сум водач и оној кој го нема мојот знак ќе биде убиен“.

Целиот народ падна на колена и му се поклони, а тој им ставаше печат на нивните усни и на рацете за да добијат малку леб да не би умреле од глад и жед. Тогаш, пред Антихристот и неговите слуги донесоа неколку луѓе со врзани раце кои не сакале да му се поклонат. Тие гласно рекоа: „НИЕ СМЕ ХРИСТИЈАНИ! НИЕ ВЕРУВАМЕ ВО НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС!“ И Антихристот во тој момент им ги откина главите и се пролеа христијанска крв. Тогаш во олтарот пред Антихристот донесоа дете да му се поклони, но детето не сакаше да му се поклони, туку јасно исповеда: „ЈАС СУМ ХРИСТИЈАНИН И ВЕРУВАМ ВО НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, а ТИ СИ СЛУГА САТАНИН!“ Антихристот тогаш извика: „Смрт на тоа дете!“ Додека другите кои го прифатија знакот на Антихристот паднаа пред него и му се поклонија. Одеднаш одекна гром, почнаа да светкаат мноштво молњи и огнени стрели почнаа да паѓаат врз слугите на Антихристот. Тогаш блесна голема огнена стрела и го погоди Антихристот во главата. Тој замавна со раката и круната му падна од главата на земјата и се искрши. Тогаш милиони птици полетаа врз слугите на антихристот. Јас почувствував како Старецот ме фати за рака и ме поводе. Одевме понатака и јас видов многу пролеана христијанска крв, а потоа се сетив на зборовите на свети Јован Богослов, во книгата Откровение, дека крвта ќе биде до уздите на коњите. Си помислив: Боже спаси не. Тогаш видов Ангели како летаат и пеат „СВЕТ СВЕТ СВЕТ ГОСПОД БОГ САВАОТ“.

Старецот погледна наназад и рече: „НЕ ТАГУВАЈ, ЗАТОА ШТО МНОГУ БРЗО, МНОГУ БРЗО ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА СВЕТОТ. Молете се на Господа: ГОСПОДИ БОЖЕ БИДИ МИЛОСТИВ НА СВОИТЕ СЛУГИ“.

Времето се приближуваше кон крајот. Старецот покажа кон исток, падна на колена и почна да се моли, а јас му се придружив. Тогаш Старецот се подигна во висините кон небото, и додека се издигаше во висината, јас се присетив дека не го знам името на Старецот и гласно извикав по него: „ОТЧЕ, КАКО ТИ Е ИМЕТО?“ А тој смирено ми одговори: „СЕРАФИМ САРОВСКИ“.

ТОА Е ТОА ШТО ЈАС ГО ВИДОВ И ГО ЗАПИШАВ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ. Големото ѕвоно заѕвони над мојата глава и откако го слушнав звукот станав од креветот и се помолив:

„ГОСПОДИ, БЛАГОСЛОВИ И ПОМОГНИ МИ ПО МОЛИТВИТЕ НА ГОЛЕМИОТ СТАРЕЦ, ПРОСВЕТИ МЕ, МЕНЕ ГРЕШНИОТ СЛУГА СВЕШТЕНИКОТ ЈОВАН КРОНШТАДСКИ.

Свети Јован Чудотворец Кронштатски се празнува на 19 октомври и 20 декември.

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада