www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,545,565
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

Плодови на достојното Причестување

„Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.“ (Јн. 6, 56)

„ По нивните плодови ќе ги познаете “ [Мт. 7, 16]. По слаткиот, преблажен и животворен плод на Литургијата пречистите Тајни на Телото и Крвта Господови, ќе познаеш дека е таа од Бога; дека е сугестија на Божествениот Дух; дека Пресветиот Животворен Дух дише во свештените обреди и во сите нејзини молитви. Какво чудно, живо дрво е Литургијата! Какви листови има! Каков плод дава! Дури и „листовите на дрвото служат за исцелување на народите “ [Откр.22,2], а не само плодот. Кој не се здобил со огромна душевна полза, со мир и сладост во душата, само со побожното присуство на Божествената Литургија? А, она што раѓа добар плод и самото треба да е добро. Таков е законот на нештата, таков е законот на создавањето. Во слава на пресветото Име на Владиката Господ Исус Христос и на Владичицата Богородица! Илјада пати во срцето сум почувствувал како по причестувањето со Светите Тајни и по смирената домашна молитва, вообичаената или молитва поради сторен грев, поради страст, кавга или загриженост, по молитвите на Пресветата Владичица, Господ (или Самата Владичица Богородица по добротата Господова) му даваат сосема нова природа на мојот дух: чиста, добра, величествена, блага и мудра, наместо дотогашната нечистата, депресивна и безживотна, малодушна, мрачна и злобна. На мое големо изненадување [изненадени биле и другите], многупати сум доживувал голема, чудесна и величествена промена. Слава на Твојата сила, Господи! Слава на Твојата благост, Господи! Слава на Твојето милосрдие што го пројавуваш кон мене, Господи!

Се воодушевувам од големината и живтворноста на Божествсните Тајни: една сосема изнемоштена старица, која кашлаше крв и ништо не јадеше, по причестувањето со Светите Тајни [со кои јас ја причестив], истиот ден почна да се опоравува, А пак, една девојка, која ништо ни јадеше, ни пиеше и која беше во бессознание, просто речено на умирање, по причестувањето со Светите Тајни уште истиот ден почна да се опоравува; почна да јаде, да пие и да зборува. Слава на Твоите Животворни и страшни Тајни, Господи!

Учесници на Божествените Тајни, познајте колку многу Му се приближувате на Господа, ако достојно се причестувате! Каква слобода пред Господа и пред Богородица добивате! Каква чистота, каква кроткост, смирение и незлобнвост тогаш имате! Колку непристрасни кон земното станувате! Каква ревносна желба за небесните, најчисти и вечни наслади!

За време на земниот живот, луѓето бараат се друго, освен Христа Дарителот на животот. Затоа немаат духовен живот и им се предадени на страстите, односно на: неверието, маловерието, користољубивоста, зависта, омразата, честољубивоста, задоволството од јадење и пиење… Дури кон крајот на животот, само тогаш го бараат Христа во Причеста, и тоа поради очигледната потреба, но и поради обичајот, бидејќи и другите така прават. О, Христе Боже, Воскресение и Животу наш! Колку суетни и ослепени сме станале! А, како ли ќе ни беше ако те баравме и ако те имавме во срцата наши? Не може со зборови да се искаже блаженството, кое го имаат оние кои те имаат Тебе во своите срца. За нив Ти си здрава храна и непресушен извор за вода; светла облека, сонце, „мир Божји, што надвишува секој ум “ [Фил. 4,7] и неопислива веселба си Ти! Со Тебе се што е земно е прав и гнилеж.

Убаво ми е да се молам за луѓето кои достој но, т.е. свесно се причестуваат: бидејќи тогаш Отецот и Синот и Светиот Дух, Мојот Бог е во мене, а јас пред Него имам голема слобода. Тогаш Царот е во мене, како во свој стан: побарај што сакаш! „И ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме“ [Јн. 14, 23]. „Што и да посакате, барајте и ќе ви биде“[Јн.15, 7].

Отворајќи ги, преку крштевањето, вратите на Небесното царство за другите, ние самите нема ли да влеземе? Очистувајќи ги другите преку покајанието и опростувајќи ги туѓите гревови, ние нема ли да побараме прошка за своите гревови? Соединувајќи ги другите со Христа преку Тајните на Причеста, ние самите нема ли да се соединиме со Него на „денот без зајдисонце во Царството Христово?“ Предавајќи ја преку миропомазанието благодатта на Светиот Дух, која поправа и закрепува, нема ли и ние самите да побараме крепкост и сила од Сесветиот Дух; нема ли да се намножат даровите кон нашиот дух?

Навистина се надеваме, дека од благодатта, дарежливоста и човекољубивоста на нашиот Спасител, ќе ги добиеме ветените блага… Дај Боже, да ги добијат сите! Само да не бидеме мрзливи; да бидеме неуморни, вредни; да не ја претвораме „ грижата за телото во страсти“ (Рим. 13, 14); да ја пазиме „тајната на верата со чиста совест “ (1 Тим. 3, 9) и да напредуваме во љубовта кон Бога и ближните.

Ти благодарам, Господи, зашто ми даруваш нов живот секојпат, кога со солзи на покајание ја извршувам Божествената Литургија и се причестувам со пречистите и животворни Твои Тајни. На Твоите Свети Тајни им ја должам непорочноста на моите патишта, моето суштествување и славата меѓу Твоите луѓе! Да се свети се повеќе и повеќе Твоето свето Име во мене, и во сите Твои луѓе (кои се нарекуваат со него), и во целиот свет. Да дојде во нашите срца Твоето Царство царството на правдата, мирот и радоста во Светиот Дух, како што Ти си рекол: „ќе се движат меѓу вас; ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ“ (3 Мојс. 26, 12) „ќе ви бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ“ (Ер. 31, 1); и да биде Твојата волја света, премудра, себлага, совршена, благотворна, како на небото, така и на земјата, во сите Твои луѓе, на и во мене грешниот, бидејќи нашата сопствена волја е погрешна, кусогледа, грешна, погубна, злобна, завидлива, горделива, мрзелива, среброљубива…

Како што во Исус Христос „ телесно живее сета полнота на Божеството “ (Кол. 2, 9), така живее таа и во Животворните Тајни на Неговите Тело и Крв. Во малото човечко тело е сета полнота на бескрајното Божество; и во малото јагне или во лебот, во неговата најмала честичка е целата Божествена полнота. Слава на Твојата семоќност и благост, Господи!

Владико Господи Исусе, колку пати Си ја обновувал мојата лекомислена природа, ранета од моите гревови? Тоа не може ни да се пресмета, ни да се измери! Колку пати си ме вадел од печката на најразличните страсти, разгорена во мене, и од пропаста резултат од очајанието и потиштеноста? Колку пати, кога со вера сум Го изговорил еднаш Твоето Име, Ти си го возобновивил моето распаднато срце? И, колку пати тоа Си го направил преку Животворните Тајни? О, Владико, навистина Твоите милости кон мене грешниот се безбројни и безгранични! Што да Ти принесам, што да Ти дадам за неизмерната Твоја благодат, Исусе, Животу мој, леснино моја! Ќе бидам внимателен на мојот пат, по Твојата благодат, бидејќи Тебе Ти се пријатни „ непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов “, како што преку Светиот Дух, со устата на нашиот отец Давид Си рекол (Пс. 118, 1). Ке се потрудам да Ти бидам верен, смирен, кроток, нераздразлив, незлобив, долготрпелив, трудољубив, милостив, дарежлив, несебичен и послушен.

Да не ми биде за суд или за осудување причестувањето со Пречистите Твои Тајни, Господи, но за исцеление на душата и телото. „ Господи, смилувај се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе “ (Пс. 40, 4). Амин.

Свети Јован Кронштатски