www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,682
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

Подготвување за Светата Причест

„Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша “ (1Кор.11,28)

Браќа и сестри, вие кои се подготвувате за Причест, да се уплашиме од скаменетата бесчувствителност кон нашите гревови, да се исплашиме од гордоста на срцето, кое вели: немам потреба од простување на гревовите, не сум виновен, не сум грешен; или пак, моите гревови се мали, човечки (небаре треба да бидат ѓаволски); или пак, не ми е лошо да си живеам и вака, со гревовите. Е, тоа е таа ѓаволска гордост, и самиот сатана во нашето срце ги повторува овие зборови. Ајде, со сето срце да ги почувствуваме безбројните безаконија; да воздивнуваме поради нив од длабочината на душата; да пролееме за нив умилни солзи и да го смириме разгневениот Владика. И ни најмалку да не се оправдуваме себе како лицемерите и фарисеите, бидејќи кажано е: „пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите“ (Пс. 142, 2). Оти само искреного покајание за гревовите може да го смири Бога. Да ја оставиме рамнодушноста и ладнокрвноста, и да му служиме на Господа со огнен дух. Да не заборавиме дека сме дошле да го смириме Владиката на нашиот живот и праведниот наш Судија, поради нашиот живот исполнет со гревови и безаконија. Зар е сега време за рамнодушност и ладнокрвност, кои и во секојдневниот живот во заедницата и во меѓусебните односи со луѓето се осудуваат? Зар не треба нашата душа да се обрати во духовен оган и да се излее во солзи на чистосрдечно покајание?

О, Боже наш, Боже наш! Нашите безаконија се многу побројни од влакната на главата, помногубројни од морскиот песок, а ние не ги чувствуваме, рамнодушни сме кон нив, дури не сме престанале и да ги сакаме. „Господи, ако гледаш на беззаконијата, тогаш кој ќе се одржи, Господи? “ (Пс. 129, 3). Господи, дарувај ни на сите нас потиштен дух и смирено, раскајано срце, за да Ти принесеме вистинско покајание. Амин.

Која е твојата должност, учесннку на Божествените Тајни? Ти треба да мислиш „за небесното, не за земното“ ( Кол. 3, 2) „ каде што Христос седи одесно на Бога ” ( Кол. 3, |), бидејќи „ заради тоа Христос слезе на земјата, за да не воведе нас на небесата ” (Акатист на Преслаткиот Исус). „Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. Одам да ви приготвам место “ (Јн.14,2 ) „А нашето жителство е на небесата“ (Фил. 3, 20) „Блажени се бедните по дух, зашо е нивно царството небесно!” ( Мт. 5, 3) „ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството Небесно“ ( Мт. 5, 20) „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене… зашто на таквите е Царството Божјо!” (Лк. 18, 16). Гледаш ли која е крајната цел, заради која Исус слезе од небото на земјата и заради која Тој ни ги предава Своите Божествени Тајни Телото и Крвта Свои? Целта е да ни биде дадено Небесното Царство.

Затоа стреми се кон него! „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него“ (Јн. 6, 56). Тоа може да се почувствува и искуството го потврдува. Човекот кој се принесува со Светите Тајни со вера и со срце покајано за гревовите, преблажен е и преисполнет со живот. Таа вистина е видлива и јасна. Кога пристапуваш кон Светата Чаша со сомнеж и без искрено покајание за гревовите, во тебе влегува сатаната, ја убива твојата душа, и тоа е сосема очигледно,

Кога ги примате Светите Тајни, бидете уверени дека ги примате Крвта и Телото Христови, исто како што ни најмалку не се сомневате во фактот дека секоја минутка вдишувате воздух. И постојано кажувајте си во себе: како што нема сомнеж дека постојано вдишувам воздух, така нема сомневање дека заедно со воздухот го примам во себе мојот Господ Исус Христос мојот здив и живот, мојата радост и спасение! Од пред воздухот Тој е присутен во секое време од мојот живот, Тој е мојот здив; од пред словото, Тој е мое слово; пред да биде мислата, Тој е моја мисла; пред секава светлина, Тој е мојата светлина; пред секоја храна, Тој е мојата храна; пред секое пиење, Тој е мојата напивка; пред облеката, Тој е мојата облека; пред секое благоухание, Тој е мое благоухание; пред татко ми, Тој ми е Отец; пред мајка ми, Тој ми е мајка; пред земјата, Тој е тврдата земја, која низ вековите ме носи, непоколеблива од ништо!

Бидејќи, ние земните, забораваме дека во секое време преку Него дишеме, живееме, се движиме и постоиме; и „зошто две зла изврши мојот народ: Мене, изворот на жива вода Ме остави и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода“ (Ер. 2, 13); преку Своето Тело и Својата Крв, Он ни го открил изворот на жива вода која тече право во вечниот живот и Самиот Тој Себе ни се дал за храна и пиење „за да живееме преку него ” (1 Јн. 4, 9).

Оние што присуствуваат на Литургијата во Православната црква и учат за Богослужбата, треба да запомнат дека Богослужењето на земјата е всушност подготвување за радосната служба пред Бога на небесата.

Додека Му служиме на Бога со телото, многу повеќе треба да Му служиме со духот и со чисто срце. Треба да учиме да Му служиме на Бога, така како што му служеле светиите, за чиј живот и дела, вера, надеж и љубов учиме додека ја слушаме Литургијата. На Бога треба да му служиме, пред се, со дела и вистина, не само со зборови. Со самото свое битие ние сме веќе повикани за служба пред Него и затоа исправено стоиме: за да гледаме постојано кон Бога, да Му благодариме и да Го славиме; затоа ни е даден разумот, срцето и волјата, и сите сетила.

До кога Светите Тајни, кои ги примаме, залудно ќе не потсетуваат дека „едно тело сме ние многуте“ (1 Кор. 10, 17) залудно, велам, бидејќи ете кај нас и понатаму го нема она срдечно единство меѓу нас, како членови на Телото Христово? До кога ќе извршуваме самоволие во животот и ќе бидеме непријатели едни на други? До кога ќе си завидуваме еден на друг, ќе се „јадеме“ меѓусебно, ќе се огорчуваме, ќе се предизвикуваме, ќе се осудуваме и ќе се клеветиме? До кога во нас ќе нема Дух Христов, дух на кроткост и смирение, дух на нелицемерна љубов и добрина; дух на пожртвуваност и трпение, целомудреност, едноставност и искреност, презир кон земното и стремеж кон небесното? Владико, Господи Исусе Христе, просвети ги очите на нашето срце и „Твојот благ дух нека ме води по прав пат“ (Пс. 142, 10). Дај ни го Твојот Дух, Господи!

Оној кој верува во Спасителот и се храни со Неговото Тело и Неговата Крв, има во себе вечен живот и ете зошто секој грев му причинува силна болка и вознемиреност во срцето ( бидејќи со гревот се пишува од тоа блаженство). А оние што немаат живот вечен во себе. беззаконијата ги пијат како вода и не чувствуваат болка, затоа што во нивните срца ги нема блаженствата на вечниот живот.

Некои сметаат дека за благосостојба и праведност пред Бога им е доволно да ги исчитуваат сите предвидени молитви, без да обрнат внимание на тоа дали нивното срце е подготвено за Бога, т.е. дали внатре во душата ја подобриле состојбата. Многумина така прават: пред Причест само ќе го прочитаат Правилото! А всушност, пред се, треба да внимаваме на своето срце: дали е правилно настроено и подготвено за примање на Светите Тајни. Ако твоето срце, според Божјата милост. е правилно и е подготвено да го пречека Младоженецот, дури и да не си успеал да ги прочиташ сите молитви, по славата Божја нека биде, „зашто царството Божјо не е во зборови туку во сила” (1 Кор. 4, 20). Послушноста со благоразумност кон мајката Црква е добра работа и ако е возможно „кој може да прифати” долга молитва „нека прифати” (Мт. 19, 12), но „не може секој да го прими кажаново, освен оние на кои им е дадено ” (Мт. 19, 11), бидејќи ако долгата молитва не е прочитана со ревност во духот, тогаш подобро е да е кратка, но топла. Потсетете се дека само еден збор на митникот (цариникот), кажан со ревност во срцето, бил доволен за да го оправда. На Бог не му е важен бројот на зборовите, туку Му е важно како е расположено срцето за време на молитва. Најважни се жива вера во срцето и топло покајување за гревовите свои. Оној кој пристапува кон Светата Чаша со било каква страст во срцето е како Јуда, кој лукаво пристапи да го целива Синот Човечки.

За да се причестиш со животворните тајни со непоколеблива вера и за да ги победиш сите лукавства и сите клевети на ѓаволот, претстави си во себе дека она што го примаш од Чашата е Вечниот, Постојаниот.

Ако го имаш тоа расположение во мислите и во срцето, тогаш со примањето на Светите Тајни ќе се смириш, ќе се развеселиш; ќе се исполниш со живот и во срцето ќе почувствуваш дека во тебе навистина живее Господ и ти во Него. Ова од искуство го кажувам.

Свети Јован Кронштатски