www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,831
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

За исповедта

„Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои. Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да не очисти од секаква неправда ” [1 Јн. 1, 8-9]

Штом ги исповедаш своите гревови пред Господ со тага и потиштеност во срцето тие исчезнуваат; и кога воздивнуваш со тага и жалење во срцето нив ги снемува! „ Кажи си ги гревовите свои и ќе се оправдаш“ Гревовите како дошле, така и си заминуваат. Мечтата си е мечта. Сфаќаш дека тие се само мечтаење, апсурдност и лудило, па одлучуваш во иднина правилно да постапуваш и Бог преку Својот свештенослужител и Светите Тајни те очистува од гревовите.

Покајанието треба да биде искрено и потполно слободно, а не поттикнато од времето, од обичаите или од исповедникот, бидејќи во тој случај, тоа нема да биде покајание. Кажано е: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно! “ (Мт. 4, 17). Тоа се приближи, самото дојде, нема потреба да го барате, зашто тоа е во вас и ве бара… ја бара вашата предодреденост, т.е. да се покаете со искрено тагување! За крстените од Јован се вели: „И се крштеваа од него во Јордан, исповедајќи ги своие гревови “ (Мт. 3, 6), т.е. дека сами си ги признавале гревовите. А, бидејќи молитвата е пред секое покајание и пред секоја наша молба упатена за простување на гревовите, неопходно е таа секогаш да биде искрена и совршено слободна, т.е. да не биде под притисок и да не биде злоупотребувана од страна на обичаите и навиките. Исто таква треба да биде молитвата со која искажуваме благодарност или славословење. Благодарноста која претпочита исполнување на душата на облагодатениот со чувство на леснина и живост, се излева од устата: „Поради змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнетото срце зборува устата ”(Мт. 12, 34).

Славословењето претпочита чувство на занес и одушевеност кај човекот и со негова помош, делата на бесконечното Божјо блаженство премудроста и семоќта, вникнуваат во моралниот и материјалниот свет, кој треба да биде природен, слободен и нормално, заснован врз разумот. Всушност, молитвата треба да претставува сосема слободно и свесно излевање на човечката душа пред Бога. „Ја изливам душата своја пред Господ“ [Молитвата на Ана, мајката на Самуил, 1 Царст. 1, 15].

Свеста, креативноста, умот, сетилата и волјата го помагаат покајанието. Како што со сета душа грешиме, така треба и од дното на душата да се покајуваме. Покајанието само со зборови, т.е. без вистинска намера да се поправиме, без чувство на тага и потиштеност е лицемерие. Сознанието за гревовите се помрачува, па треба да го разјасниме! Чувството се гуши, се затапува и треба да го пробудиме! Волјата ја губи духовната свежина, станува слаба, немоќна и треба да се поттикнува: „А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно со напор се освојува и силните го грабаат “ (Мт. 11, 12). Исповедта треба да биде од срце, длабока и полна со искрени чувства.

Телесниот човек, христијанската волја одењето на Богослужба, постот, воздржувањето, исповедта, причестувањето и сите христијански тајни ги смета за неволја. Но, не знае дека сето тоа, всушност, го бара неговата природа и е неопходно за неговиот дух.

На оној кој е навикнат да дава отчет за својот живот при исповедта, нема да му биде тешко да даде одговор и на Страшниот Христов Суд. Затоа е установен кроткиот суд на покајанието и тука, па ние, исчистени од гревовите при овдешното покајание да не се посрамиме со одговорите при Страшниот Христов Суд.

Тоа е првата причина за вистинското покајание. Колку подолго нема да се покаеме, толку е полошо за нас самите, бидејќи синџирот на гревот станува се поиспреплетен, па ќе ни биде многу потешко да дадеме отчет.

Втората причина е спокојството колку е поискрена исповедта, толку помирно ќе и биде на душата! Гревовите се скриени змии, го разјадуваат човечкото срце и целото негово битие. Тие се бодликави трња кои постојано ја боцкаат душата. Покајниците треба да принесуваат плодови на покајание.

До каде не водат постот и покајанието? Зошто е сиот труд? Тој не води до исчистување од гревовите, ни дава душевен мир и соединување со Бога, синовска приврзаност и слобода пред Господа. Има добра причина зошто да постиме и да се исповедаме од се срце. За совесната и чесна работа, наградата е непроценлива. Колкумина од нас имаат синовска љубов кон Бога? Колкумина слободно и без осуда смеат да го повикаат Небесниот Бог Отец и да изговорат: „ Оче наш!… “ Зарем не е обратното во нашите срца воопшто не се чува тој синовски глас, бидејќи е задушен од суетата на светот и од приврзаноста кон предметите и задоволствата? Зарем не е далеку Небесниот Отец од нашите срца? Зарем не ни се наметнува нам, кои се одделивме од Него, да го претставуваме како Бог осветник? Да, поради тие гревови сме достојни за Неговиот гнев и казна! Навистина е чудно како Он не трпи толку долго време, како не не пресекол како бесплодни смокви?

Треба да побрзаме да Го смириме со покајание и солзи; да проникнеме длабоко во себе и строго да погледнеме во своето нечисто срце, па ќе го видиме мноштвото нечистотии кои ја попречуваат Божјата благодат да стигне до него, за да осознаеме дека сме духовно мртви.

Ке ги истрпиш тешкотијата и маките од операцијата и ќе оздравиш (се однесува на исповедта). Тоа значи дека кога ќе појдеме на исповед, пред духовникот треба да ги откриеме сите срамни дела, без премолчување, колку и да е тоа болно, срамно и понижувачко. Во спротивно, раната ќе си остане неизлекувана и ќе продолжи да боли, ќе го подрива душевното здравје… ќе остане како квас за другите страсти, за грешните навики и за душевната немоќ. Свештеникот е духовен лекар. Покажи му ги своите рани без да се срамиш, искрено и отворено, со синовска доверба. Зарем не е духовникот твојот духовен татко, кој треба да те сака повеќе од твоите родени мајка и татко, бидејќи Христовата љубов е поголема од онаа природната, човечка љубов? Тој ќе треба да одговара за тебе пред Бога.

Зошто животот ни е толку нечист, исполнет со страсти и грешни навики? Токму затоа што многумина ги сокриваат своите душевни рани или чирови, поради што тие болат и се подлутуваат и не може да им се укаже никакво лекување.

„Колку пати и да паднеш, стани и ќе се спасиш“. Ти си грешник, постојано паѓаш, затоа научи се да стануваш! Погрижи се да ја стекнеш оваа мудрост со тоа што ќе го научиш наизуст овој псалм: „Помилуј ме, Боже, по твојата голема милост“, (Пс. 50) кој Светиот Дух му го кажал на цар Давид, и кажувај го со надеж и со искрена вера, со покајано и смирено срце. По твоето искрено покајание (според зборовите на цар Давид), за кратко време ќе добиеш од Господа прошка за гревовите и ќе почувствуваш мир во душата. Најважно во животот е да пролеваш солзи за заемна љубов и никого да не осудуваш. Секој за себе ќе дава одговор пред Бога и затоа ти гледај си се себе. И од злобата пази се!

„Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја“ (2 Кор. 5, 21). Па според тоа, зар ќе се срамиш да си го признаеш направениот грев или пак да прифатиш да бидеш обвинет за грев кој не си го сторил? Ако самиот Син Божји заради нас бил обвинет за грев, иако бил безгрешен, ти исто така си должен обвинувањето за сите гревови да го прифатиш со кроткост и љубов, бидејќи ти навистина имаш многу гревови. А, ако за нешто не си погрешил, смирено и мудро прифати го обвинувањето.

Само поради нашата вера се поместуваат планините на нашите срца, т.е. сите висини и тежини на нашите гревови. Кога христијаните преку покајание го симнуваат товарот на гревот од себе, обично велат: „Слава Му на Бога, планина ми се симна од плеќи!“

Свети Јован Кронштадски