www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,034
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

За длабоката тага и потиштеност поради гревовите

 

„Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци ” [Пс. 50, 19]

„Тогаш Господ се заврте и го погледна Петар, а Петар се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: ‘Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од мене’. И штом излезе надвор, заплака горко“ [Лк. 22, 61-62; Мт. 26, 75].

И сега, кога и да не погледне Исус, ние горко плачеме за нашите гревови. Да, солзите за време на молитвата значат дека Господ со својот јасен, испитувачки и сеживотворен поглед погледнал во нашата утроба и во нашето срце. Ах, нашата душа понекогаш се вплеткува во разни гревови исто како птица во мрежа! Понекогаш резултатот од гревовите не го гледаме, но тие не измачуваат на срцето му е многу тешко од нив! Но, кога ќе те погледне Исус и од твоите очи ќе потечат потоци од солзи, тогаш преку солзите, целото зло испреплетено во твојата душа ќе исчезне!

И, плачеш и се радуваш, бидејќи одеднаш, неочекувано ти е испратена таква милост. И колку ти е топло на срцето, колку ти е лесно ти доаѓа да полеташ право кон Самиот Господ Бог! Со сето срце му се заблагодаруваш на Господ, „Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести“ (Пс. 102, 3). Љубовта кон телесното и камената бесчувствителност кон се што е духовно и свето е дело на непријателот, а човекот не го смета тоа за такво, бидејќи и самиот работи за него. Но, тие што сакаат да живеат духовно, го сметаат тоа дело за ѓаволско, бидејќи го спречува Бога да стигне до нашите срца; не дозволува да се излее во нив Божјата благодат, која оживотворува и просветлува; ја прави душата неплодна за делата на верата, надежта и љубовта и стануваме единки само со телото, без дух. О, колку се разновидни нападите!

Доволно е да се растажиш од се срце поради скаменетата бесчувствителност, доволно е да заплачеш пред Господа и тоа ќе помине! Срцето ќе ти се згрее, ќе омекне и ќе стане способно за духовно опуштање, за длабоко размислување за светите чувства.

Ако застанеш да се молиш, но си пропаднал во очајание и те измачуваат гревови, почни да се молиш со надеж и со огнен (ревносен) дух и потсети се дека Духот Божји не поткрепува кога сме немоќни, „исто така и Духот не поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување“ (Рим. 8, 26). Кога со вера ќе се потсетиш на благотворното дејство на Божјиот Дух во нас, солзи на умиление ќе потечат од твоите очи и ќе почувствуваш мир, задоволство, и оправдување во твоето срце, „ оти царството Божјо не е во јадењето или пиењео, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух” (Рим. 14, 17) и со сиот глас на срцето ќе извикуваш: Ава, Оче!

Кога се молиш за простување на гревовите, секогаш со вера и надеж пристапувај кон Божјата милост, бидејќи таа е секогаш подготвена да ни ги прости гревовите. Секогаш и на секој начин внимавај да не го зафати твоето срце очајание, кое се манифестира со тага, потиштеност и со принудни (присилни) солзи. Какви и да се твоите гревови, пред Божјата милост потребно е само искрено да се покаеш за нив! А, многу често се случува човек да се моли, но без надеж во срцето дека гревовите ќе му бидат простени, бидејќи ги смета за поголеми од Божјата милост. Затоа тој навистина нема да добие прошка, и макар и да пролее река од непринудни, искрени солзи, ќе се сврти и ќе си отиде од Великодушниот Бог со срце растажено и обземено од грижи [кое и си го заслужил]. „Затоа ви велам: се што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добивте и ќе ви биде” (Мк. 11, 24). Неверувањето дека ќе го добиете од Бога она што го барате, е еднакво на хула пред Бога.

Ако згрешиш нешто пред Бога (а ние секојдневно грешиме), веднаш со вера во Господа, со смиреност и со свест за своите гревови, кажи си го во себе псалмот: „Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост… “ (По. 50, 1) и прочитај го целиот псалм со топлина во твоето срце. Ако не почувствуваш благопријатно дејство од првиот пат, прочитај го уште еднаш, но со уште повеќе топлина и предаденост и веднаш ќе осетиш како во твојата душа се вселува мирот и спасението од Господа. Затоа секогаш со тага и потиштеност бори се против гревовите, бидејќи е испитано и докажано дека ова делува. А, ако пак не ти олесни, обвинувај се самиот себе, бидејќи тоа значи дека си се молел без потиштеност и без смиреност во срцето, без непоколеблива желба за добивање прошка на гревовите, зашто во тој случај гревот малку те повредил.

Човекот се моли на Господа, а сепак работи за ѓаволот, вгнезден во неговото срце, бидејќи се моли само со уста, а срцето му е студено! Не го сака вистински она за што се моли неговата уста, „ бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило” [Ис. 29, 13].

Исто така, има многу такви кои се причестуваат не со Телото и Крвта Христови, искрено и со огромна љубов, туку со устата и со стомакот, со недостаток на вера, со рамнодушност и со срце наклонето кон парите, гордоста, злобата, зависта и мрзливоста… Нивното срце е далеку од Оној, Кој е целиот љубов и светост, совршенство, премудрост и непроценлива добрина. Овие луѓе треба подобро да се запознаат себе, подлабоко и поискрено да се покајат и внимателно и вдлабочено да размислуваат за тоа што претставуваат молитвата и причеста. Рамнодушноста кон Бога и кон молитвата е дело на ѓаволот, ѓаволот е студенилото на пеколот, а ние како Божји чеда да го возљубиме Господа најтопло, со најискрена љубов! Дарувај ни ја, „Господи, бидејќи без Тебе не можеме да чиниме ништо“ (Јн. 15, 5) ЗаштоТи си за нас се, а ние сме ништо! Ти од ништо си не создал и си ни дал се!

Трудољубивата, т.е. молитвата со солзи, не само што не очистува од гревовите, туку ги исцелува и болестите и немоќта на телото, го обновува целото човечко битие, односно го оживува! За тоа сведочи искуството!

О, каков непроценлив дар е молитвата! Слава Ти, Оче на великодушноста и Боже на секоја радост! Слава Ти, Сине Божји, Единороден, Кој посредуваше за нас, за опростување на гревовите! Слава на Сесветиот Дух, „и Духот не поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување “ (Рим. 8, 26), Кој ни дава молитва што пламти, молитва со воздишки и солзи; Кој ја грее душата, па стануваме свесни и се растажуваме поради гревовите, а Тој не очистува, не осветува, не прави мирољубиви, не зајакнува и не оживува!

Слава Ти, Света Троице, Беспочетна, Животворна, благословувана од сите духовни созданија во сите векови!

Свети Јован Кронштадски