www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,716
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

За гревовите на телото

„Делата на телото се познати; Оние пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите. “(Гал. 5, 19 и 24)

Духот е силен и моќен и лесно ја движи тешката материја, а телото е тромо и немоќно, па лесно ја потиснува сопствената материја. Затоа, Бог како ништо го држи целиот свет со Своето Слово (Евр. 1,3); затоа и облагодатниот човек со Божја помош го покорува своето тело, ги покорува дури и телата на другите, па и нивниот дух (како светиите), а за време на молитвата лесно се справува со значењето на Словото, така што и телото го претвора во дух. Оној што живее телесно, на секој чекор му се потчинува на телото и се оддалечува од значењето на молитвата, па нема сили да стане дух, бидејќи и самиот е тело, а ниту пак може со својот, од телесни наслади, нечист дух, да проникне во чистиот и свет дух на молитвата.

О, природо наша, ти која падна поради јадењето! О, трипати проклет сатано, ти, кој преку јадењето не измами, и продолжуваш да не мамиш на илјада начини! О, јадење, о храно и пиење, вие што уште силно не соблазнувате! До кога ќе не мамите и на вас ќе го темелиме животот наш? До кога во нашите срца ќе бидат незапечатени зборовите на Спасителот: „Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога “ (Мт. 4, 4) и не ќе ги применуваме во животот и во делата наши? До кога ќе има алчност, лакомство, презаситеност и пијанство? До кога ќе има прекумерна скржавост? До кога среброљубие? До кога ќе има гордост, нетрпеливост и злоба кон ближниот поради пари, поради облека, поради храна и пиење?

Пред нашите очи се нижат лагите на сатаната и тоа преку пиењето, храната, облеката и парите, но ние продолжуваме да ги преувеличуваме неговите „убавини” како нешто вистинско, како нешто корисно за нас. А, потоа почнуваме да плачеме, ни повеќе ни помалку, туку поради својот неблаготворен сон и за сега душевна и телесна загуба. Браќа, колку и да ви изгледаат лагите на ѓаволот (за јадењето и пиењето) привлечни, не верувајте им! „Но, барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и се ова ќе ви се придодаде “ (Мт. 6, 33) „Не за леб ви реков: Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски, што е лицемерие “ (Мт.16, 11; Лк.12, 1) во делата на верата и благочестието. Посветете им нај големо внимание на верата и на богопочитувањето: „ Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Човечки“ (Јн. 6, 27). Помнете ги зборовите на Спасителот: „А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката“ (Мт. 5, 40) и ако е неопходно, дајте го и последното нешто што го имате.

Се додека водиме телесен живот и не пристапуваме срдечно и искрено кон Бога, ќе живееме според волјата на демоните кои се прикрадуваат и наоѓаат засолниште во нас преку разните страсти, како ненаситноста за храна и пиење, блудствувањето, гордоста и слободоумноста во врска со верата и Црквата, догмите на верата, потоа преку злобата, зависта, расипништвото, среброљубието наше, така да, ние всушност живееме според нивната волја. Но, кога ќе почнеме искрено да работиме за Господа и ќе ја сфатиме суштината, тогаш тие, демоните, се подготвуваат за борба, се вооружуваат со целата пеколска злоба, со сите огнени закани, со разнообразната пристрасност кон земните блага, се додека не ги изгониме од себе со чиста молитва или со причестување со Светите Тајни. Па така, и обземените од демони, додека се далеку од светилиштето тие се смирени, но кога еднаш ќе ги поведеме однекаде добиваат некоја необична сила, која ги тера на одвратност кон светињите, кон кула и плукање на нив, со продорни крици. Еве објаснување на прашањето зошто обземените од демони гласно викаат за време на Литургијата! А, кога ги водиме кон светите мошти, демоните се сретнуваат со добрата сила, која е посилна од нив, и тие ја мразат бидејќи ги гори, им пакости, праведно ги поразува и ги прогонува надвор од нивното омилено живеалиште.

Понекогаш душата ти е толку скаменета што не ги гледаш и не ги чувствуваш своите гревови; не се плашиш ниту од смртта, ниту од Судијата, ниту пак од Страшниот Суд… за се духовно исто ти се фаќа! О, лукаво и злобно тело, полно со гордост! Не за џабе и светиите се јадосуваат: „Дремка што ме тера на мрзливост ме зафати и гревовен сон ми го отежнува срцето” (Канон на св. Јован Претеча, Песни 6, 8). Понекогаш во твојата душа има толку бесчувствителност и мрзоволност, што те опфаќа очајание и се прашуваш како да ги истераш од себе? Се чини дека е подобро да си болен отколку да чувствуваш мрзливост?

Едно од најсилните лукавства на ѓаволот е да го ослабне срцето преку мрзливоста, а со него истовремено и сите духовни и телесни сили. Во твоето срце верата, надежта и љубовта пресушуваат и ти стануваш неверник, стануваш депресивен и бесчувствителен кон Бога и кон луѓето – стануваш како обессолена сол.

Многумина тежината од сатанското дејство доброволно ја носат во своите срца и толку се навикнале на неа, што често и не ја чувствуваат, а незабележително и ја величат. Понекогаш се случува и тоа, ѓаволот да го зголеми десеткратно неговото дејство врз нив, па тие стануваат депресивни, малодушни, роптат и хулат на Божјото име. Вообичаени средства со кои луѓето од овој век ја убиваат тагата во себе се: вечерите, картите, танцот, театарот, а подоцна тие уште повеќе ја зголемуваат тежината и маката во срцето. Но, ако луѓето се обратат кон Бога и побараат од Него да им даде среќа, таа тежина ќе падне од нивните срца и тогаш тие ќе увидат дека порано во срцето имало огромна планина, а тие не ја ни чувствувале. О, колкумина се оние што го оставија Господа… „Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода“. Такви издупчени извори кај луѓето има многу речиси секој човек си има по еден! А издупчените извори тоа се нашите срца, т.е. нашите страсти.

Ова е нашето современо христијанско идолопоклонство егоизмот, амбициите, земните задоволства, ненаситноста, желбата за поседување на многу имот, блудството… Еве шо ни ги оттргнало очите од Бога и од небесната татковина и ни го приковало погледот кон земјата! Еве што ни ја искоренило љубовта кон блиските и не вооружало за меѓусебна пресметка! Тешко, тешко нам!

Божјите зборови велат: „И не опивајте се со вино’“ [Ефес, 5, 18], а крчмарите „храмотворци“ велат: „Опивајте се со вино!“ Изградиле илјадници кафеани за искушување на своите браќа. И притоа одат на црква, пеат и во своите домови се молат, но „зашто во устата нивна нема вистина….Казни ги, Боже, нека пропаднат од сопствените совети; поради многуте нечесни работи отфрли ги, бидејќи се кренаа против Тебе ” [Пс. 5, 9-10].

Господи, дај ми моето срце да биде кротко секогаш, а погледот директен, јасен и кроток! Да биде! Нека биде! Слава Ти, Господи, за промената што ја изврши во мене со твојата десница! Ти благодарам, Боже зашто го оттргна од мене копнежот за страстите, загриженоста, срамот и немоќта, а ми подари мир, тишина, сила и слобода! Утврди го тоа што го изврши во мене!

Слава на силата на верата и на силата на молитвата, бидејќи, според зборовите Твои, се што ќе побарам од Тебе во молитва со вера – добивам! „Затоа ви велам: се што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добивте и ќе ви биде“ [Мк. 11, 24]. Ти благодарам, Господи, што ме воздигаш од мртвите толку многу пати [2 Кор. 1, 9] и што го уриваш смртното, грешно царство во мене.

Свети Јован Кронштадски