www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,531
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

Надеж во Бога

 

„ Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевм; и не се плашам “ [Иса. 12, 2]

Тоа што ме смирува во мислите и срцето е тоа, што ми се предаваат зборовите кои секогаш ќе ги паметам и кои секогаш ќе го смируваат моето срце сред житејските грижи и забуни. А што е тоа? Тоа е христијанската изрека, полна со жива надеж во чудесните, смирувачки сили: Господ за мене е се. Тоа е непроценливо богатство! Тоа е скапоценост, со која во секоја положба може да се биде мирен, со која и во сиромаштво може да се биде богат, а ако имаме богатство великодушен и љубезен кон луѓето; скапоценост со која, дури и кога ќе погрешиме, нема да ја изгубиме надежта. Господ за Мене е се. Тој е мојата вера, мојата надеж, мојата љубов, мојата сила, мојот мир, мојата радост, моето богатство, мојата храна, моето пиење, мојата облека, мојот живот со еден збор, се мое. Како што е, човеку, за тебе Господ се, така и ти биди се за Господа. А бидејќи целото твое богатство се наоѓа во твоето срце и во твојата волја, и бидејќи Бог од тебе го бара твоето срце, велејќи: „синко, дај ми го мене срцето твое “ [Изреки 23, 26], тогаш за да ја извршиш Божјата волја, блага и совршена, откажи се од извршување на својата грешна, острастена, опрелестена волја; немој да ја познаваш својата волја, познавај ја само волјата Божја, велејќи: „не мојата, но нека биде Твојата волја“.

За верникот не постои ништо невозможно; живата, непоколебива вера е способна во еден момент да направи чуда. И после се, и без наша искрена и цврста вера се случуваат чуда такви чуда се Светите Тајни, бидејќи тајната Божја секогаш се извршува, дури и кога при нејзиното извршување ние би биле маловерни или неверни: „Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?” [Рим. 3, 3] Ниту пак нашата злоба ќе ја надвладее неискажливата Божја добрина и милосрдие, ниту нашата глупост Божјата премудрост, ниту пак нашата немоќ Божјата семоќ.

Колку има само христијани кои велат: „Верувам во Бога“, додека пак на дела не веруваат! Колку има само усни кои занемуваат кога во друштво треба да се одбрани славата Божја и на Неговите светии, на кои хулат синовите на овој век, додека тие остануваат неми пред нив? Други молчат кога би требало да го подржат разговорот за Бога или кога би требало да се спречи некоја непријатност или дрскост. Мнозина велат: „Верувам во Бога“, а потоа кога ќе им се случи некоја несреќа, предизвик или искушение, тие стануваат малодушни, очајуваат, понекогаш и негодуваат; каде се изгубила целата таа нивна вера? Тогаш би требало да се покаже предаденост на Божјата волја и да се рече: „Господ даде, Господ зеде. (Како благоволеше Господ, така и се случи). Нека е благословено името Господово! “ [Јов. 1, 21]. Очигледно е дека тие во Бога веруваат само кога се среќни, додека кога се несреќни го отфрлаат.

Верата смирува и насладува, неверието обеспокојува и ранува.

Што е вера? Тоа е увереност во духовната вистина, во Суштина или во Бога, во постоење на духовен свет со сите негови својства, слично како што сме убедени во постоењето на материјалниот свет и неговите својства. Да се биде убеден во стварноста на духовниот сепочетниот и духовен свет со сите негови својства и карактеристики, така како што сме убедени во постоењето на материјалниот свет со неговите предмети и нивните својства тоа значи да се верува. На пример, јас сум несомнено убеден дека Бог е вечен, себлаг, премудар и семоќен, и не помислувам на тоа дека Он не е вечен, дека не е себлаг, дека не е премудар или семоќен; тоа значи дека верувам цврсто и несомнено. Верувам дека Бог, како Добрина, дава се, што и да побараш Од Него и не се сомневам во тоа; тоа значи дека јас верувам.

Сретства кои ја зајакнуваат христијанската надеж се: молитвата а особено честото и искрено молитвено исповедување на сопствените гревови, читање на словото Божјо и особено честото причестување со светите и животворни Тајни на Телото и Крвта Христови.

Господи! Твоето име е љубов: не отфрлај ме мене, заблудениот човек. Твоето име е Моќ: зајакни ме мене, немоќниот и паднатиот. Твоето име е Светлина: просвети ја душата моја, потемнета од житејските страсти. Твоето име е Мир: смири ја возмутената душа моја. Твоето име е Милост: не престанувај да ми простуваш.

Свети Јован Кронштадски