www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,978
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

Милостиња

 

„Доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле “ (Мт. 25, 40)

Што е лажна благодарност кон Бога? Лажна благодарност е кога, добивајќи од Бога изобилни, незаслужени духовни и материјални дарови, за нив му благодариме на Бога само со јазикот и ги употребуваме само за своја корист, не делејќи ги со ближните; ги добиваме и ги криеме во своите ризници, ковчези, библиотеки, пишувајќи ги на тој начин многуте свои браќа од духовно просветлување, утеха, поука, или пак, лишувајќи ги од храна, пиење, алишта, дом, исцелување од болести или преселување од едно место на друго, каде би можеле да заработат сретства за исхрана. Таквата благодарност е лажна и богопротивна. Тоа значи да се благодари со јазикот, а на дело да се покаже најголема неблагодарност и злоба. А колку многу се оние што се така благодарни, или подобро кажано, неблагодарни!

Во нашата сегашна, повредена состојба, љубовта кон Бога и ближниот не постои и не може да постои без самопожртвувања; оној кој сака да ја исполни заповедта за љубовта кон Бога и ближниот, мора благовремено да се подготви за подвизи и лишувања заради оние кои ги љуби (Амин). „Љубовта ја познаваме по тоа што тој ја положи за нас душата Своја”(1Јн.3, 16). „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели” (Јн. 15, 13).

„ Тој се натажи кога ги чу овие зборови, и си отиде нажален, зашто имаше големо богатство ” (Мк. 10, 22). Колку и ние самите често се натажуваме и со срцето и со телото поради еден збор, кога од нас се бара да жртвуваме нешто заради Царството Небесно, иако до тоа време сме биле многу весели!

Милостиња навистина дава оној, кој дава од срце и со срце кое сака. Навистина е милосрден оној, кој со секого разговара од срце, а не со умот или усните, кој на секого му покажува почит, кој го проповеда словото Божјо и служи од искрено срце и нелицемерно со еден збор, оној, кој е во состојба во своето срце секого да прегрне и да го понесе со својата љубов, презирајќи се што е материјално, што се појавува како пречка за љубовта меѓу него и ближниот таков е, значи, навистина милостив.

„Возљуби го својот ближен како себеси“ (Мк. 12, 31). Кај нас се треба да биде заедничко, како што се и сонцето, воздухот, огнот, водата или земјата заеднички за сите нас. Така би требало, барем делумно, да ни бидат заеднички и храната, и парите, и книгите, и воопшо сите дарови Божји, кои се дадени на сите и праведно се поделени. Ние, имено немаме ништо свое, туку се е Божјо. Неправедно е што богатите своето изобилство го чуваат во ризниците, додека постојат многу сиромашни, на кои им е потребна најнеопходна исхрана, на кои им е потребна облека или дом. Впрочем, на трудољубивиот праведно му припаѓа изобилство, а безделниците праведно трпат мизерија и сиромаштво, И затоа, за некои ако знаеме дека се сиромашни поради безделничење и мрзливост, на таквите не треба да им даваме од изобилието кое сме го здобиле со својата сопствена работа. „Кој не сака да работи, тој нека и не јаде“ вели апостолот (2 Сол. 3, 10). Меѓутоа, во случај на сиромаштво, кое потекнува од старост и исцрпеност, од болест, од бесплодна или слабо платена работа, од навистина тешка положба, од многубројно семејство, од лоша жетва, на таквите треба побргу да им се помогне, а особено тоа треба да го направат богатите луѓе. Би требало да се раководиме од историјата на апостолските времиња и со примерот на првобитната Црква.

За сегашните добродетелства. Ти во полна мера ги пробуваш овоземните добра и им даваш на сиромашните, но притоа многу си ласкаш на самиот себе, што значи дека добрите дела ги правиш без и најмала самопожртвуваност. Твоите добродетелства, меѓутоа, не се големи. Што тоа уште значи? Какви се тие привидни добродетели? Имајќи го во предвид добродетелството, прават веселби, односно најпрво намерно сакаат да му послужат на своето грешно тело и на ѓаволот, а потоа на ближните и на Бога. Тоа, господо, воопшто не е добродетелство! Само едно може да се нарече добродетелство: „Зарем тогаш не би требало да правиме зло, за да излезе добро?“ (Рим. 3, 8). „Тешко вам презаситени сега, зошто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зошто ќе заридате и ќе заплачете! “. (Лк. 6, 25).

Кога му даваш на просјак кој не е мизерен, туку е здрав и кој, како ти се чини, не заслужува добротворство, поради што твоето срце зажалува поради дадената милостиња покај се поради тоа, бидејќи Божјата љубов ни ги дава своите добра, иако ние и без тоа ги имаме доволно. Би требало љубовта кон ближниот да ти го каже следното: иако тој има, не е лошо ако и јас ја зголемам неговата благосостојба (а зборувајќи ја вистината, две или три копејки нема многу да ја зголемат или поправат неговата благосостојба!). Мене ми дава Бог, зошто тогаш јас да не им дадам на сиромашните? Велам: сиромашните, бидејќи кој би се сложил, ако не е сиромашен, да подаде рака? Ако ти, само по своите заслуги би добивал од Бога дарови од Неговата добрина, тогаш, можеби, и ти би одел како сиромав. Бог кон тебе не е великодушен поради твоите заслуги; згора на тоа, и ти самиот сакаш Он да биде великодушен. Зошто ти тогаш не сакаш да бидеш великодушен кон своите браќа, кога веќе имаш во изобилие?

Секогаш во срцето носи ги зборовите: Христос е љубов, и труди се да ги љубиш сите, жртвувајќи го за љубовта не само имотот, туку и самиот себе.

Господи, научи ме милостињата да ја давам на драга волја, од срце и радост, верувајќи дека, кога давам, ништо не губам, туку добивам бесконечно повеќе од она што сум го дал. Одврати ги моите очи од луѓето со камено срце, кои не сочувствуваат со сиромашните, кои рамнодушно се соочуваат со мизеријата, кои ја осудуваат, прекоруваат и жигосуват со срамни имиња, правејќи го своето срце слабо за да прави добро, за да не ме направат и мене суров кон сиромаштијата. О, Господе мој, колку такви луѓе сретнувам! Господи, прими ја Ти Самиот милостињата во ликот на Твоите сиромаси! Господи, благоизволи во овој град да подигнеш дом за сиромаси, какошто многупати Те молев Тебе, себлагиот, семоќниот, премудриот и чудесниот (и беше подигнат!)

Свети Јован Кронштатски