www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,520
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

КАКО ДА ДОСТИГНЕМЕ СВЕТОСТ

Воспитување на духот

„Копнежот на телото е смрт, а копнежот на духот – живот и мир “ (Рим. 8, 6 ),

Дали постои човек што не би се согласил со овие зборови на апостолот? Телесниот копнеж навистина значи смрт. Пријди ваму, човеку среброљубив, користољубив, завидлив, самољубив, горд, славољубив, и дозволи ни да те погледнеме, да ги погледнеме твоите постапки и твојот живот! Откриј ни ги, ако сакаш, помислите на своето срце! А ние тебе, како жив пример, ќе те увериме дека телесниот копнеж е смрт; ти не живееш вистински живот, ти си духовен мртовец, ти си и покрај својата слобода, одвнатре врзан; ако имаш ум, ти си како безумен, бидејќи „светлината која е во тебе е темнина” (Мт. 6, 23) од Бога доби срце да се насладуваш на се што е вистинито, свето, добро и прекрасно, но ти со твојот телесен копнеж си ги задушил во него благородните чувства, благородните побуди, ти си мртовец и „немаш живот во себе “ (Јн. 6, 33). Меѓутоа, „духовниот копнеж е живот и мир Човеку христијанину, кој живееш по вера, ги искоренуваш во себе страстите и мислиш само на тоа „што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба“ (Фил. 4, 8), пријди ни и раскажи ни што чувствуваш во душата после духовниот копнеж. Јас, ќе ни речеш, во срцето чувствувам, секојдневен „мир и радост во Светиот Дух“ (Рим. 14, 17), чувствувам ширење на срцето и изобилие на животот и се потсмевам на се што е телесно, чудејќи се како тоа има толку голема моќ над срцата на телесните луѓе и, покрај тоа, непрестано се насладувам со постојано созерцување на небесните, духовните, невидливите добра, подготвени за оние кои што го љубат Бога.

„Кој не собира со Мене, тој растура“, вели Господ (Лк. 11, 23). Во духовниот живот, потребно е да одиме напред, да се воздигнуваме се повеќе и повеќе, нашата залиха на добри дела да станува се поголема и поголема. До колку стоиме на една точка на морално усовршување, на еден ист степен од скалата на христијанското искачување, тоа е исто како да се движиме наназад; ако не собираме, тоа е исто како да растураме.

Под световната суета, под мракот на своето тело, неврзан со искушенијата на лукавиот, внарешниот човек послободно изгледа наутро, после будење, како риба која понекогаш потскокнува на површината на водата. Целото преостанато време тој е покриен со непрозирна темнина, на неговите очи лежи болен превез, кој од него го крие вистинскиот поредок на духовните и сетилните работи. Ловете ги утринските часови, бидејќи тие како да се часови на нов живот, обновен со привремен сон. Тие делумно ни ја покажуваат онаа состојба, во која ќе станеме обновени во заедничкотот утро на незалезниот ден на воскресението или кога ќе се ослободиме од смртното тело.

Во текот на ноќта, нашата душа е слободна од световна суета, поради што во неа слободно може да делува духовниот свет: таа слободно може да ги прима неговите влијанија, такашто човечките мисли и срцеви наклоности стануваат мисли и наклоности на Самиот Господ или ангелите и светиите, до колку човекот е праведен. Напротив, тие стануваат мисли и наклоности на ѓаволот, ако е тој непокајан грешник.

Кога се во прашање вообичаени човечки сознанија, кога еднаш добро ќе запознаеш некој предмет, тогаш добро го познаваш за цел живот, без никакво помрачување на сознанието за него. Во верата, пак, не е така: еднаш си спознал, почувствувал, опипал и си мислиш: предметот на верата секогаш ќе биде така јасен, опиплив и мил на мојата душа. Меѓутоа, не бидува така: тој илјада пати за тебе ќе потемне, ќе се оддалечи од тебе и речиси ќе исчезне, и кон она што некогаш си го љубел, со што си дишел и си живеел, повремено ќе чувствуваш потполна рамнодушност. Потребно е понекогаш со солзи и воздишки да си го прочистиш патот за воопшто да би го видел, фатил и гушнал. Таа рамнодушност потекнува од гревот.

Секој човек би требало да запомни дека, покрај животинската има и духовна природа, и дека онаа животинската си има свои барања, како што ги има и духовната. Животинската природа бара да јадеме, пиеме, дишеме, спиеме, да се облекуваме и грееме; а духовната да размислуваме, да чувствуваме, да зборуваме, да општиме со Бога преку молитва, богослужби, Свети Тајни, поучување во словото Божјо, да општиме и со ближниот низ заемен разговор, благотворна помош, заемно поучување и советување. Уште би требало да се запомни дека животинската природа е привремена, минлива, пропадлива, а духовната е вечна, неминлива, неуништива, дека телото, како минливо, треба да се презира, а внимателно да се грижиме за душата која е бесмртна и за нејзино спасение, за нејзино просветлување, очистување од гревовите и страстите и пороците, за нејзино украсување со добродетели кроткост, смирение, незлобивост, одважност, трпение, покорност и послушност на Бога и на луѓето, чистота и воздржување. Дај му мудрост, Господи, на секој човек, за тоа да го има секогаш на ум.
Како привремена облека на душата, телото е пропадливо и не го прави вистинскиот живот на човекот, бидејќи вистинскиот живот на човекот е животот духовен. Искини и уништи ја човечката облека тој и натаму ќе остане жив: така и по убивањето или по смртта, по пропаѓањето на телото душата останува жива. Затоа, да посветиме најголема грижа за душата и на нејзиното спасение!

Тоа што човекот го засакува, тоа кои што се врти тоа и ќе го пронајде: ако засака земно, земно и ќе пронајде, и во неговото срце ќе се насели тоа земно, ќе му ја пренесе својата земност и ќе го врзе. Доколку засака небесно небесно и ќе пронајде, и тоа ќе се насели во неговото срце, тоа животворно ќе го придвижува. Срцето не би требало да се приклонува кон ништо земно, бидејќи со сето земно, кога со тоа се служиме неумерно и пристрасно, некако се спојува и духот на злобата, кој себе се оземнил со неизмерното противење на Бога.

Телесниот човек не го разбира духовното блаженство кое потекнува од молитвата и смирението, и ни најмалку не може да разбере какво ќе биде блаженството во идниот век. Тој не познава ништо што е повозвишено од земното, телесното блаженство, и идните блага ги смета за плод на фантазијата. Духовниот човек, меѓутоа, од искуство го познава бчаженството на смирението на душата и однапред со срцето го искусува идното блаженство.

Доколку човекот повеќе води духовен живот, дотолку повеќе станува продуховен: тој почнува во се да го гледа Бога, во се да го гледа пројавувањето на неговата сила и семоќност, секогаш и секаде гледа дека и самиот тој живее во Бога и дека во се, дури и во она најмалото, зависи од Бога. Меѓутоа, доколку човекот повеќе води телесен живот, тој дотолку повеќе станува телесен: во ништо не го гледа Бога, па дури ни во најчудесните пројави на неговата божествена сила и во се гледа само тело, материја и секаде и во секое време „нема страв Божји пред очите негови“ (Пс. 35, 1).

Водите ли доволно грижа за состојбата на својата душа: дали таа е здрава и доколку е жива, дали нејзиниот живот е стабилен; ако овдешниот живот го минува во благосостојба, дали со нешто си има обезбедено вечен живот, вечна благосостојба на пример, со вера постои ли во твојата душа жива вера во Бога, во Спасителот, во Црквата со добри дела, кроткост, смирение, незлобивост, правдољубие и честитост, воздржување, целомудреност, милосрдие, трпение, покорност, трудољубие и друго? Во спротивен случај, целиот негов труд е залуден: душата можеби прави многу работи достојни за восхит, но таа самата ќе пропадне. „Каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости “ (Мт. 16, 26).

Целата моја среќа или несреќа е содржана во мислите и расположението на срцето. Доколку мислите и расположението на моето срце се согласни со вистината Божја или со волјата Божја, тогаш сум спокоен, исполнет со духовна светлина, радост, блаженство; доколку, пак, не се согласни, тогаш сум неспокоен, исполнет со духовен, душепогубен мрак, тегоба, здодевност. Ако потполно ги променам мислите и расположението на срцето и ако од лажни и богоспротивни, постанат вистинити и богоугодни, тогаш пак ќе бидам спокоен и блажен.

Во колку некоја мисла за срцето значи живот, тогаш таа е вистинита; ако пак значи мачење и смрт за срцето, тогаш е лага. Нашиот Господ е мир и живот – и со мир и со живот почива во нашите срца.

Мирот е целовитост и здравје на душата; губиток на мирот е губиток на душевното здравје.

Кога во мојата душа царува светиот мир на помислите, тогаш во мене сигурно почива Царот на мирот, Господ Исус Христос со Отецот и со Светиот Дух. Тогаш сум посебно обврзан да се исполнувам со чувства на благодарност кон Началникот на мирот и со сите сили да се трудам, со молитвата и со оддалечувањето од секој грев, внатрешен и надворешен, да го сочувам во себе тој мир на срцето.

Во што се состои животот на христијанинот? Да нема ништо и да го има Христа во срцето, или, имајќи ги овоземните блага, ни најмалку да не се приврзува за нив, туку со сето срце да се приврзува за Христа.

Јас сум слабост и сиромаштија, Бог е мојата сила. Тоа убедување е мојата возвишена мудрост која ме прави блажен.

Господе, нека моето срце се приврзе за Тебе единиот, и нека не се приврзува за ништо земно, бидејќи во приврзувањето за земното се несреќата, тегобата, страданието. Ништо од земното нека не му биде мило на моето срце, и нека повеќе од се небесно и земно го ценам единствениот Господ во душата, создадена по Неговиот образ, душа бесмртна, разумна, словесна, здив на устата Божја. За срцето нека не постојат земни идоли: пари, храна, алишта, чинови, знаци на одликувања и друго. Треба да се користи наједноставна, не многу вкусна храна, за да не го привлекува срцето, и не би требало да се користи многу, туку само толку колку што е потребно за опстојување.

Свети Јован Кронштадски