www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,901
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Преподобен Авва Исаиј

30. Правила и совети на монасите – почетници

Возљубен брате, ако си го оставил веќе суетниот свет и ако си Му се посветил на Бога, принесувај покајание за твоите гревови и пази ја намерата што си ја избрал. Не слушај ги твоите помисли, кога почнат да те измачуваат и да ти говорат, дека нема никогаш да ти бидат простени твоите тешки гревови. Но пази ги следниве правила:

1. Не јади со жена; не другарувај со момче; со млади не спиј во една постела. Кога ја соблечеш твојата облека, не гледај го телото твое.

2. Ако те натераат да се напиеш вино, не испивај повеќе од три мали чашки. Ова правило не нарушувај го дури кога го бараат од тебе твоите пријатели.

3. He читај ги невнимателно молитвите, кои ти се одредени во извесни часови во текот на денот за да не паднеш во рацете на твоите непријатели. Труди се, колку што можеш да размислуваш за “псалмите, зашто тоа ќе те запази од нечист живот.

4. Сакај ги трудот и самоограничувањето, за да се смират твоите страсти. Не сметај дека си нешто ни во каков однос, и нема да престанеш да плачеш за своите гревови.

5. Пази се од лагата, зашто таа го прогонува стравот Божји од тебе. He откривај им ги на сите твоите добри дела, за да не ги украде Твојот непријател.

6. Откривај ги твоите болести пред твоите отци, за да се ползуваш co нивните совети.

7. Принудувај се да ја работиш твојата рачна работа; и стравот Божји ќе се настани во тебе.

8. Не осудувај го братот твој што згрешил и не презирај го; инаку ќе паднеш во рацете на твоите непријатели.

9. Не спори, не настојувај да биде како ти што велиш, за злото да не биде утврдено во тебе.

10. Сакај го смирението и не верувај многу на себе. Научи го јазикот често да изговара: “Прости ми!” И смирението ќе слегне нa тeбe.

11. Koгa седиш во твојата ќелија, грижи се за три работи; за непрестаната молитва, за вдлабочено размислување за зборовите на псалмите и за твојата рачна работа.

12. Мисли си во себе: “Нема да останам во овој свет повеќе од овој ден”; и ќе се избавиш од гревот.

13. Не јади многу, за да не бидат обновени во тебе твоите изминати гревови. Не биди мрзлив во работата. Труди се да се вдлабочуваш во содржината на псалмите и Божјиот мир ќе се насели во тебе.

14. Принудувај се да плачеш кога се молиш, и Бог ќе се смилува над тебе и ќе го соблече од тебе стариот човек.

15. Знај дека трудот, сиромаштијата, самоограничувањето и молчењето доведуваат до смирение, а смирението дава простување на сите гревови. Смирението се состои во следново: човекот да се смета за грешен и неправеден, да не настојува да биде како тој што вели, да се откажува од својата волја, да гледа пред себе, да трпи навред, да ги мрази честа и спокојот и на сите да им вели: “Прости ми“.” Од силата на смирението ѓаволите бегаат.

16. Биди секогаш жалостен, но кога дојдат кај тебе твоите браќа, со нив били весел, и стравот Божји ќе се насели во тебе.

17. Ако одиш некаде со твоите браќа, оди малку поназад од нив, за да не го прекинуваш твоето молчење. Не свртувај се таму – ваму, но вдлабочувај се во псалмите што ги изговараш и во умот свој моли Му се на Бога. Во какво место и да дојдеш, не однесувај се премногу доверливо со неговите жители. Во сѐ биди скромен и срамежлив, а кога ти принесат нешто пред тебе, не пружај веднаш рака, почекај дури не те помолат.

18. Не спиј со друг под иста покривка. Моли се долго пред спиење, моли се долго, колку и да си уморен од патувањето.

19. Не дозволувај некој да го трие со масло твоето тело, освен ако си тешко болен.

20. Кога седиш на трпеза заедно со твоите браќа, не јади со наслада и пружај ја твојата рака само кон она што е пред тебе. Колената твои нека се собрани. Гласот твој не повишувај го кога говориш со другите. Не пиj вода со изразена жед и не дозволувај таа да гргори во твоето грло.

21. Ако имаш потреба да се искашлаш, кога си меѓу твоите браќа, стани и направи го тоа подалеку од нив. Не протегнувај се и не зевај кога си меѓу други луѓе, а ако те нападне прозевање, не отворај ја твојата уста, и тоа ќе престане.

22. Не отворај ја устата твоја кога сакаш да се насмееш, зашто тоа ќе покаже дека нема страв Божји во тебе.

23. Не посакувај ништо што е туѓо. Ако придобиеш некоја книга, не украсувај ја, тоа ќе покаже колку многу си приврзан за неа.

24. Ако погрешиш нешто, не срамувај се да признаеш дека си погрешил и не обидувај се да се извинуваш со некаква лага, туку коленичи и исповедај го твојот грев и моли да ти биде простено; и ќе ти простат.

25. Ако некој излаже пред тебе, не гневи се, туку побарај да ти прости.

26. Не срамувај се да му поставуваш прашања на твојот духовен учител.

27. Ако некој почука на вратата од твојата ќелија тогаш кога седиш и работиш, веднаш остави ја работата и успокој го твојот посетител.

28. Не разговарај со никого и не слушај ги зборовите на другите, ако тие не се корисни за тебе.

29. Ако твојот духовен отец те прати некаде по работа, прашај го како треба да се однесуваш, а потоа прави како што ти рекол. Не пренесувај ги на други лошите зборови што си ги слушнал. Ако внимателно ги пазиш своите очи и уши, тогаш нема да погрешиш ни со јазикот свој.

30. Ако живееш со некој брат, биди со него како туѓинец; не заповедај му и не покажувај се поголем од него, а ако тој ти заповеда нешто што не сакаш одречи се од твојата волја и не ожалостувај го, не откажувај да го направиш она што ти го заповедал, за да не се загуби мирот меѓу вас. Знај дека е поголем оној што се потчинува.

31. Ако живееш со некој брат и тој ти рече: “Зготви нешто”, прашај го што сака да му зготвиш, а ако ти каже што сака, зготви му го тоа јадење – со страв Божји.

32. Штом се разбудиш и станеш од постела, најнапред направи го твоето молитвено правило, а потоа зафати се со твојата рачна работа. Потоа размислувај за Божјото слово и продолжи ја без мрзливост твојата работа.

33. Со радост пречекувај секој посетител и угостувај го со љубов, за вашето видување да не биде штетно за вас. Кога влезе кај тебе, не поставувај му непотребни прашања, туку замоли го најнапред заедно да се помолите, а потоа седнете и прашај го како е со здравјето и дај му некоја книга да прочита нешто. Ако е уморен од патувањето, замоли го да се одмори, а пред тоа, измиј му ги нозете. Ако почне да говори празни зборови, речи му: “Прости ми брате, јас сум немоќен човек и не можам да слушам вакви зборови”. Ако се отшило нешто на неговата облека, зашиј го. А, ако e некој неработник, а ти треба да го извршиш твоето молитвено правило, испрати го братски. Ако е сиромав, не испраќај го без ништо; дај му што ти дал Бог.

34. Ако некој твој брат остави нешто кај тебе, не разгледувај го, освен само во негово присуство.

35. Ако некој те остави во својата ќелија и излезе, не гледај што има во неа, а кога тој сака да излезе, побарај да ти даде некаква работа – да поработиш додека не се врати, а тоа што ќе ти го даде, работи го усрдно.

36. Не моли се мрзливо и невнимателно, зашто тогаш, место да Му угодиш на Бога, го привлекуваш неговиот гнев. Стој на молитва co страв и со трепет; не потпирај се на нешто и не раширувај ги твоите нозе, не стој ту на една и ту на друга нога. Бори се против твоите лоши помисли и не дозволувај тогаш да се занимаваш со телесни потреби, за твојата молитва да Му биде угодна на Бога.

37. Кога си на света Литургија, внимавај на своите мисли и чувства и стој со страв Божји пред Бога, за телото и крвта Христова да можеш достојно да ги примиш и да можеш со нив да ги излекуваш твоите страсти.

38. Ако си млад, не се облекувај со убава облека – сѐ додека не остареш.

39. Кога патуваш со некого што е постар од тебе, не излегувај пред него. Ако тој застане да поразговара со некого, не седнувај и ти, туку стој додека не ти рече да седнеш.

40. Кога влезеш во град или во село, погледот твој да биде спуштен пред тебе. за она што ќе го видиш да не ти послужи за соблазна и духовна борба кога ќе се вратиш во твојата ќелија.

41. Не спиј таму, каде што се плашиш дека можеш да згрешиш со твоето срце; Не јади заедно со жена и не гледај го нејзиното лице, дури, ако можеш, не гледај ја ни нејзината облека.

42. Ако патуваш со старец, не дозволувај тој да носи нешто, а ако сте сите млади, секој нека го носи својот товар. Ако имате нешто потешко, носете го на ред по некое време. Оној што носи нека оди напред, како и оној што е немоќен, па кога се уморат и седнат седнете тогаш и вие.

43. Ако прашуваш некого од старците за твоите помисли, откривај ги слободно пред него, кажувај му ги такви какви што се; кажувај ги на оној, за кого си уверен. дека нема да ги прераскажува на други твоите тајни. Во изборот на твојот духовен старец не го претставувај оној што е во поодминати и години, но оној, за кого си увеpeн дека има духовно знаење и дека е опитен, за во спротивен случај, да немаш штета и да не се умножат твоите страсти.

44. Принудувај се долго да се молиш ноќе, за твојот ум да се просвети. Мисли за твоите гревови и моли Му се на Бога да ти ги прости. И Тој ќе ти ги прости.

45. Ако некој почне да го осудува твојот брат во твое присуство, ако тој биде од оние, кои и тебе самиот те осудуваат, кажи му со смиреност: “Прости ми, брате, јас сум грешен и немоќен, и јас самиот сум виновен за тоа што говориш; затоа не можам да те слушам”.

46. Сметај ги твоите браќа во сѐ подобри од тебе, а ако некој друг пред нив ти покаже особена чест, тогаш речи им на браќата: “Тој ми покажа ваква чест поради вас”.

47. Ако некој побара нешто на заем од тебе, дај му и не откажувај му.

48. Не спомнувај си често за оние што си ги оставил во светот заради љубовта своја према Бога; спомнувај си сѐ повеќе за твојата смрт, и за страшниот Божји суд кога никој од нив не ќе може да ти помогне.

49. Ако седејќи во твојата ќелија, си спомнеш за некого, кој не направил ништо лошо, стани веднаш и помоли се за него во твоето срце – да се смилува Бог на него. На овој начин набргу ќе исчезнат твоите лоши чувства што ги имаш против него.

50. Ако сакаш да се причестиш со телото и крвта Христова, гледај во твоето срце да не остане ни гнев ниту омраза против некого, а ако знаеш дека некој се гневи против тебе, претходно замоли го да ти прости, како што заповедал нашиот Господ Исус Христос.

51. Ако во текот на ноќта во сон претрпиш напад од похот, во текот на наредниот ден не повторувај ги во твоите мисли тие срамни слики – за да го насладуваш твоето срце. Туку падни пред Господ и Он ќе те помилува, зашто Он ја знае човечката немоќ.

52. Ако си возложиш строг пост, почнеш подолго да се молиш, не помислувај дека тие можат да те спасат. Само верата дека Бог може да се смилува на тебе, може да им помогне на твоите слабости.

53. Ако те налегне болест, не очајувај и не паѓај со духот, туку благодари Му на Бога што промислува преку таа болест да ти подари некое добро.

54. Ако живееш сам во твојата ќелија, одреди си час кога ќе се храниш и не отстапувај од него. Давај му на твоето тело колку што му е потребно, за да биде доволно силно да го извршуваш твоето молитвено правило и Божјите служби. А, ако вон твојата ќелија те угостат со некое подобро јадење, не јади до наситување.

55. Ако ѓаволот ти внушува да почнеш некоја работа, што не можеш да ја извршуваш, не слушај го, зашто тој му предложува обично на човекот такви работи, кои нема сили да ги извршува за да може потоа да го доведе до очајание и да му се потсмее. И сѐ ни предлагаат – сѐ е без мерка и без ред.

56. Јади еднаш на ден и не до наситување. Давај му на твоето тело колку што бара приридно неговиот состав.

57. Едната половина од ноќта одреди ја за молитвено бдеење, а другата – нека ти биде за одмор на твоето тело. Пред да си легнеш, два часа биди на молитва и во пеење псалми, а потоа дај му одмор на твоето тело. Ако твоето тело биде мрзливо тогаш кога треба да станеш на молитва, речи му: “Сакаш ли да се одмараш, а затоа да појдеш во вечните маки? Зар не е подобро овде да се потрудиш, ако сакаш да вкусиш таму од вечниот спокој на светите?” Тогаш мрзливоста ќе отстапи од тебе и Бог ќе ти ја даде Својата помош.

58. Кога ќе се замонашиш, отпушти го твојот роб. А, ако тој сака да појде заедно со тебе, па и тој да се замонаши, не дозволувај му да живее заедно со тебе.

59. Кога појдеш да ја продаваш твојата рачна работа, не погодувај се за цената, како што прават луѓето кои живеат во светот. Така постапувај и тогаш кога купуваш нешто. Знај дека сиромаштијата те приближува кон Бога.

60. Ако твојот брат остави нешто кај тебе, и тоа ти стане потреба, не почнувај да ја употребуваш, без негова дозвола.

61. Ако некој брат те замоли да му купиш нешто кога одиш во град, направи го тоа за него; но ако има тогаш и други браќа, тоа што ќе купиш за него – купи го во присуство и на тие браќа.

62. Ако ти дадат некоја работа, врати ја навреме, откако се користиш со неа; не држи ја подолго кај тебе, не чекај тој да ти ја побара. Ако се расипе, поправи ја. А, ако ти му позајмиш нешто да се послужи, не барај да ти го врати, ако видиш дека не може да ти го врати. Ова направи го особено тогаш, кога тоа не е потребно.

63. Ако ја напуштиш својата ќелија, а потоа се вратиш и најдеш дека во неа живее некој друг брат, побарај си друга, а него никако не терај го да излезе од неа, за Бог да не се прогневи на тебе. Но, ако тој самиот посака да излезе од неа, тогаш ти си прав. Ако при тоа земе нешто што му е потребно, не барај го тоа од него.

64. Ако посакаш засекогаш да ја напуштиш твојата ќелија, не земај ништо од она што е потребно во неа, туку дај му ги на некој сиромашен брат, а Бог ќе те надари изобилно со сѐ што ќе ти биде потребно.

65. На ништо ѓаволот не му се радува толку како што се радува кога некој ги крие своите помисли од својот духовен отец. Не помислувај да станеш како отците, ако не се угледаш на нивните трудови и не ги извршуваш.

66. Пази се од богатството од љубовта према него, зашто таа ги уништува плодовите на монаштвото.

67. Ако се бориш со некакво искушение што те измачува, не очајувај, па падни и поклони се пред Бога и речи: “Господи, помогни ми, јас сум немоќен и не можам да ја издржам оваа борба!” И ако е твојата молитва искрена и ако излегува од чисто срце, Бог ќе ти помогне. А ако се бориш и победиш, не фали се и не надевај се на себе, туку пази се уште повеќе, зашто непријателот нема да се забави; набргу пак ќе те нападне посилно од првиот пат.

68. Кога Му се молиш на Бога, не говори: “Господи, земи го од мене ова и дај ми го она”, туку моли Му се вака: “Господи, Боже мој, Ти знаеш што е корисно за моето спасение; помогни ми и не давај ми да грешам пред Тебе и да загинам во моите гревови, зашто јас сум грешен и немоќен; не предавај ме на моите непријатели, зашто кон Тебе прибегнувам. Избави ме, Господи, зашто Ти си моја тврдина и Moja надеж!” Тебе, Боже, нека Тие е слава и благодарност во сите векови. Амин.

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада