www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,732,732
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Преподобен Авва Исаиј
25. До авва Петар, неговиот ученик

25. До авва Петар, неговиот ученик

1. Добро си ми напишал, дека сакаш да Му принесеш покајание на Бога за своите гревови, за да те избави Господ од горчливите светски грижи – од грижите на овој свет. Ова што го велиш е добро: ако се избавиме од делата на овој свет, зашто е неможно да служиме и на едното и на другото, како што рекол Господ: “Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон” [Матеј 6, 24]. Мамонот го означува секое дејствување на овој век. Па затоа, ако човек не го остави него, не може да Му служи на Бога.

2. А служењето на Бога не е ништо друго, освен тоа да немаме во умот ништо од она што Му е туѓо на Бога – тогаш кога Го прославуваме Бога, ниту да имаме грешни желби – кога Му се молиме на Бога, ни злоба – кога Му пееме, ни похоти кога Му се молиме, ни омраза кога Му се поклонуваме, ниту пакост, која ни става пречки, кога бдееме пред Него; ни срамни сласти во членовите наши – кога си спомнуваме за Бога. Зашто сите овие работи се како мрачни видови, кои ја оградуват нашата кутра душа. И не може таа чисто да Му служи на Бога, имајќи го тоа во себе. Демоните ѝ поставуваат пречки на душата во воздухот и не ѝ дозволуваат да Го сретне Бога и тајно – да Го прославува, да Му се моли со сладосна молитва, со пријатност во срцето и со света желба, – за да биде просветена од Него.

3. 3aтoa умот се помрачува секогаш и не може да напредува во богоугоден живот, ако не се грижи разумно да ги отстрани овие работи. А не ќе може да ги отстрани, ако не почне да не се грижи за работите на овој свет. Едната грижа е свртена кон надвор и размислува за работите на овој свет со цел да му се даде спокој на телото, а другата грижа е свртена кон внатре – кон задоволувањето на страстите, им прави со тоа пречки на добродетелите. Но душата не ја гледа оваа внатрешна отстранетост, ако не се ослободи од надворешните грижи. Затоа Господ Исус Христос рекол дека секој што не ќе се откаже потполно од својата волја, не може да биде Негов ученик [Лука 14, 26].

4. Надворешната грижа доаѓа од слободната волја, а внатрешната од надворешното дејствување. Господ наш Исус Христос знаејќи дека и со едната и со другата грижа треба да царува волјата, препорачал да се откажеме од неа. Бидејќи умот се умртвува додека душата се грижи за надворешното, тогаш внатрешните страсти ги пројавуваат своите дејства без учество на умот и без ограничување. Па така, ако душата Го послуша Исуса Христа, па ги отсече сите свои грешни желби, тогаш почнува да го намразува секое грешно дело на овој свет. И тогаш се ободрува умот и почнува да се бори сѐ додека не ги исфрли од својот дом, внимавајќи постојано на неа и запазувајќи ја, за да не се вратат пак во неа и да не ѝ направат поголемо зло.

5. Душата е слична на млада мажена жена, која, откако нејзиниот маж отиде некаде на пат, немајќи ни страв ни срам, не се грижи за она што е во домот. А кога се врати нејзиниот маж во својот дом, таа веднаш од страв го остава тоа што го правела и почнува да се грижи за сѐ што е по волјата на нејзиниот маж. А тој, откако си дошол, почнува пак да се грижи за сите домашни работи, за сѐ од што има потреба. Таков е и умот. Кога се возбуди, тогаш се грижи за душата и постојано ја чува, сѐ додека таа нема пород од него и тој тогаш ги воспитува своите чеда. И, најпосле, тие имаат едно срце; душата му се покорува на умот. Таа му се покорува така, како што е напишано кај апостолот: “На жената мажот е глава… Мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот. Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот; и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот. Затоа жената треба да има на главата свој знак од власта на мажот над неа – поради ангелите. Па сепак, ниту жена е без маж, ниту маж е без жена во Господ. Зашто, како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога” [1. Кор. 11, 3, 7-12].

6. Овие зборови се однесуваат кон оние, кои се удостоиле да станат едно во Господа и го немаат веќе некогашниот образ. Ова се оние што Му се молат на Бога во чистота. Ова се оние што Го прославуваат Бога во своето срце. Тие се оние што се просветени од Бога. Тие се вистинските поклоници, какви бара Бог. Тие се оние, за кои Он рекол: “Kе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив” [2. Кор. 6, 16]. На кого се однесуваат зборовите за тоа: „ако двајца од вас се согласат на замјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец“ [Матеј 18, 19]? Он сака оние што се Негови да бидат чисти од сѐ што е од овој свет, што е видливо и скриено во душата, од сѐ што отстрани Он од Себе – преку Своето овоплотување, како што рекол: “Jac ќе бидам во вас” [Јован 15, 4]. Гледаш ли, брате, дека Он сака од нас, пред сѐ да бидеме со нашите дела со него? Тогаш Он ќе биде со нас заради чистотата, што ќе ја имаме според нашите сили.

7. Но некој ќе рече: “Јас сум почнал и ќе бидам со Него преку крштавањето; но не можам да го направам она што го бара Тој од мене“. Послушај ме, возљубен мој, оној што го прима конечно крштавањето, го прима за уништувањето на гревот, како што рекол апостолот: “Ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот,… знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот” [Рим. 6, 4, 6]. Зашто Христос не може да живее заедно со гревот. Затоа, ако Христос се вселил во тебе, тогаш умрел гревот во тебе. Така говори апостолот: “Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста” [Рим. 8, 10]. Зашто: “Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив: ако умре мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот. Затоа, ако се омажи за друг маж, додека и е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек” [Рим. 7, 2-3].

8. Па така, кој сака да дознае дали Христос се вселил во него, ова ќе го дознае од своите помисли. Сѐ додека гревот го влече срцето, сѐ дотогаш Бог не се вселил во него и Неговиот Дух, уште не нашол спокој во него. Зашто Бог треба да се всели во човекот тогаш, кога тој ќе ги извршува соодветните дела и кога човекот ќе биде во Бога – кога неговата душа ќе се ослободи од страстите, како што рекол апостолот: “Оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа. Зашто е речено: ‘Обата ќе бидат едно тело’. А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него” [1. Кор. 6, 16-17]. Зашто секоја неприродност се именува блудница.

9. Кога душата се ослободи и премине преку сѐ што ѝ го попречува патот низ воздухот во нејзиното издигнување кон Бога, тогаш таа почнува да бива во Бога и да прима од Светиот Дух, според она што е речено, дека “оној што се прилепува до Господа станува еден дух со Него”, и Тој ја научува како да се моли, како непрестано да Му се поклонува и да се прилепува до Него. – И Он живее во неа, ја раководи и непрестано ја успокојува, откривајќи ѝ ги своите неискажливи почести и дарови. Зашто се препородува од Него преку крштавањето и преку вдахновението со Светиот Дух, како што е напишано: “Секој роден од Бога не греши, но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него” [1; Jов. 5, 18], “Бидејќи е роден од Бога” [1. Јов. 3, 9], како што рекол Тој во Евангелието: “Ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно” [Матеј 18, 3] и: “Како новородените деца, бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение” [1. Петр. 2, 2].

10. Кои работи им се својствени на децата? – Детето, ако некој го натепа, плаче, а со радосните се радува; ако го скараат, не се гневи, а ако го пофалат, не се превознесува; ако му обрнат поголемо внимание на неговото другарче, не е љубоморно; ако му земат нешто од она што му припаѓа не се лути; ако му остават помало наследство не бара повеќе и не оди по судови; не го бара на сила своето, на никого не му завидува; ако е сиромашно, не тажи; ако е богато, не се превознесува; ако види жена, не ја пожелува; сластите похотливи и грижите за многу работи – не господарат над него; никого тоа не осудува; не сака над никого да господари; на никого не му завидува; не се фали со она што не го знаат; со никого за ништо не се подбива; со никого нема непријателства; не се преправа; не ги бара почестите на светот; не е среброљубиво; не е жестоко и безочно; не сака расправии, не ги учи другите страсно; никој не го вознемирува; и ако го соблечат – не се жали; не настојува да биде како тоа што сака; не се плаши од глад, ниту се плаши од злочинци; не се плаши ни од зверови, ниту од војна; кога има гонење, тоа не се обеспокојува.

11. Такво е детето, такво е она за кого нашиот Господ Исус Христос, давајќи го како пример за возрасните рекол: “Ако не се обратите, и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно”. Детето, кога поднарасте, и злото почне да живее во него, апостолот го прекорува, велејки: “Да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, преку човечките заблуди, во лукавство на измама кон заблуда. Туку со љубов држејќи сѐ за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос” (Ефес. 4, 14-15). И пак говори, дека како младенци со млеко ги поел коринтјаните, велејќи им: “Co млеко ве напоив, а не со јадење, зашто уште не можевте да го примите, а и сега уште не можете, бидејќи уште сте телесни” (1. Кор. 3, 2-3). И уште: “наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сѐ, туку е под настојници чувари до определениот рок од неговиот татко” (Гал. 4, 1-2). Истиот апостол вели: “Одбегнувај ги, исто така, и младешките копнежи“ (2. Тим. 2, 22), Поучувајќи нѐ како да се пазиме од таквата младост, апостолот вели: “Браќа, по умот немојте да бидете како деца, за злото бидете како дечиња, а по умот зрели” (1. Кор. 14, 20). Пa во што се состои делото на вистинските младенци во Христа? Еве во што – според зборовите на светиот апостол Петар: “Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секакво клеветење, како новородени деца бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение” (1. Петр. 2, 1-2). Гледаш ли, брате, што значат зборовите што ги кажал Господ наш Исус Христос: “Вистина ви велам, ако не се обратите, и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно” (Матеј 18, 3). Овие зборови се полни со застрашување, зашто Господ ги изрекол со еден вид заколнување. Зборот “вистина” е истоветен со зборот “амин”, а зборот “амин” е истоветен со името на Бога. Затоа апостолот пишува: “Кога му ветуваше на Авраама, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе, велејќи: ‘Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам’” (Евр. 6, 13-14).

12. Добро и точно да ги разбереме овие зборови и да се трудиме со страв и трепет да ги извршуваме секој час – секогаш ќе имаме прилика за тоа. Кога непријателот ќе не устрели со стрелата на омразата против нашиот ближен или против оној што нѐ намразил или навредил и осрамотил, или кога нашиот ближен ќе почне да спори со нас и да бара некакво отстапување, или кога почне да нѐ напаѓа и да ни нанесува болка, потсетувајќи нѐ на некои работи што ни биле направени од страна на нашите ближни, со цел да ја помрачи нашата душа со гнев и со омраза, кога такво нешто ќе се приближи до нашата душа, – да побрзаме да си ги спомнеме зборовите на Господа: “Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно” (Матеј 18, 3). Koj нема да се исплаши од овие зборови? Или кој од мудрите, кои сакаат да ја спасат својата душа, нема да го исфрлат секое зло, што се наоѓа во нивната душа, за да не бидат отстранети од царството небесно? Зашто нашиот Господ одлучно го условил влегувањето во небесното царство со простувањето на нашите ближни, со тоа дека треба да станеме незлобни како деца – дека треба да бидеме како деца. Тешки се овие зборови за оние што настојуваат да биде како тие што сакаат, за оние што го сакаат светот и што ги познаваат оние, кои го примиле царот на Светиот Дух, зашто на кого слегне Светиот Дух нему му дарува да го заборави секое зло, го научува на Својата добрина; Он им дарува кротост – место гнев, мир – место непријателство, смиреност – место гордост, љубов – место омраза, долготрпеливост – место нетрпеливост и малодушност. Со вакви дарови се удостојуваат преродените од Светиот Дух.

13. Да се погрижиме да ги отсечеме од нашето срце сите овде спомнати работи од големиот апостол, да ги оставиме и да станеме како деца. Да се погрижме да ги исфрлиме од нашите души, да станеме деца во Христа, а потоа пак да дојдеме во светата и голема возраст и во совршенството. Зашто Господ потоа, откако дувнал во нивните лица, им рекол: “Примете Дух Свети” (Ј ован 20, 22); откако им се јавил на Галилејското Езеро, им рекол: “Имате ли нешто за јадење?” (Лука 24, 41), обраќајќи им се со “деца”, напомнувајќи, дека, преку вдахновеноста на Светиот Дух, ги направил како деца, макар што по тело тие биле возрасни луѓе. Уште е напишано: ”Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог. А и бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство” (Евр. 2, 13-15). Чие тело и чија крв станал Тој, ако не на оние, кои го оставиле секое лукавство, и стигнале до состојба на свето детство? И тие станале совршени, според зборовите на апостолот: “Додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота” (Ефес. 4, 13). И пак: “Со Него целото тело, е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов” (Ефес. 4, 16). На таквите им пишува светиот апостол Јован Богослов и им Вели; “Ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот” (1. Јов. 2, 14). Сега сфаќаш дека оние што растеле со злоба и самите станале борци против непријателот, затоа што се ослободиле од сите негови оружја, кои се злобни; тие потоа станале татковци и стигнале до мерата на совршенството, така што им се даваат откровенија и тајни, додека стигнат до мудроста, единството, благоста, кротоста и чистотата, зашто такви се особеностите на кротоста. Тие се оние што Го прославиле Христа во своето тело.

14. Да се ползуваме, возљубен брате, со големиот глад што стана на земјата, кој е духовен глад, да не бидеме малодушни во ништо, туку непрестано да ѝ се молиме на Божјата благост, да не ни дозволи да бидеме измамени од прелеста на непријателот и завидникот, кој немилостивно прави зло и кој бесрамно настојува во злоделата и говори, дека, ако не сега или утре, но нема да отстапи додека не победи. Затоа постојано и неотстапно да Му се молиме на Бога и да велиме заедно со Давида: “Да не рече непријателот мој: ‘го надвив’. Гонителите мои ќе се зарадуваат, ако потклекнам. Јас, пак, се надевав на Твојата милост; срцето мое ќе се зарадува заради спасението од Тебе; ќе му пеам на Господ, Кој ми направи добрини и ќе го воспевам името на Севишниот Господ” (Псал. 12, 4-5). Кога непријателите ќе почнат да нѐ победуваат, да извикуваме и да велиме: “Зашто, ете, Твоите непријатели вреват, а оние што Те мразат, кренаа глава; против Твојот народ зло наумија и се советуваат против Твои приврзаници; рекоа: ‘Да отидеме и да го истребиме меѓу народите, па да не се спомнува повеќе името Израил;’ Се договорија еднодушо, склучија против Тебе сојуз” (Псал. 82, 2-5). Потпомогнат од Светиот Дух, псалмопеачот Давид говори: “Боже мој, заповедај да станат како виор и како плева пред ветар; како оган што изгорува дубрави, и како пламен што запалува гори… Да се засрамат и да се збунат засекогаш, да се посрамат и да загинат, и да познаат, дека Ти си Тој, чие име е Господ, и дека Ти си единствен Севишен над целата земја” (Псал. 82, 13, 17, 18). Вака го закрепнуваат со вера своето срце оние што се борат против непријателите, и пред да почнат тие да ги напаѓаат, се закрепнуваат на светиот камен, кој е Самиот Христос, говорејќи со закрепнато срце: “Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се спротивставив” (Псал. 117, 12).

15. Кога ќе видиме дека непријателите нѐ заобиколиле од сите страни со итрина, со очајание, со сластите на телесната похот, со гнев против ближните, кога тие направат нешто погрешно, кога ги насочуваат нашите очи кон пожелување на телесните привлечности, кога нѐ мамат со желба по вкусни јадења, кога зборовите на ближните ни ги претставуваат како отров, а нас нѐ тераат да ги побиваме нивните зборови или нѐ тераат да правиме разлика меѓу браќата – да ги делиме на добри и лоши, – кога биваме заобиколувани од сите овие ѓаволски лукавства, да нѐ бидеме малодушни, туку да повикаме со охрабрено срце, со зборовите на светиот пророк Давид, велејќи: “Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам? И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн со доверба. Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Госпoдовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето живеалште; би ме искачил на карпа. Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружуваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе Го фалам Господа” (Псал. 26, 1, 3-6). Ова му е својствено на издигнатиот ум од мртвите дела, кои светиот апостол Павле го нарекува ноќ, велејќи: “Сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината” (1. Сол. 5, 5). А, изобличувајќи ги мрзливите, тој говорел: “Оние што спијат, ноќе спијат, и оние кои што се опиваат, ноќе cc опиваат“ (1. Сол. 5, 7). И уште: “Денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време. И додека уште велат; ‘Мир и без безбедност!’, тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат” (1.Сол. 5, 2-3), затоа што тие се во ноќта. А кон оние, кои својот ум го издигнале од страстите, кои се вистинска ноќ, апостолот им говори: „Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и ‘облечени во оклопот’ на верата и љубовта и ‘шлем’ на надежта за спасение“ (1.Сол.5, 8).

16. Затоа, да направиме сѐ, да бидеме умствено трезвени од мртвите дела и да бидеме внимателни во нашата душа секој миг, и да не правиме ништо, освен она што е природно, зашто нашата природа, според зборовите на светиот пророк Исаија, е непостојана и изменлива: “Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува. О, неволна, тркалана од виорот, неутешна! Ете, Јас ќе ги положам твоите камења врз смарагд и ќе ги направам твоите основи од сафири” (Иса. 54, 10:11). Зашто душата е слична на железо, кое, ако биде зафрлено на влажно место, за’рѓува, а кога го стават во оган, огнот го очистува од ʽрѓата. И додека е во огнот, тоа бива слично на него, и никој не може да го фати со рака, зашто тогаш и тоа е оган. Таква е и душата: додека живее со Бога и не се одделува од Него, сѐ дотогаш е оган и ги изгорува своите непријатели, кои ја довеле до заʽрѓување додека била запуштена и мрзлива. Овој оган ја прави чиста во обновувањето – како железо; таа веќе не се насладува со ништо од овој свет, туку се успокојува со својата нова природа, со која се удостоила, а која првобитно била нејзина сопственост. А кога ја напушти својата вистинска природа, таа умира како што умира животното, кога ќе биде потопено под вода, бидејќи по својата суштина тоа треба да живее на земјата, а исто така, и водните животни, ако бидат извадени од водата и оставени на суво, умираат, ако не бидат набрзо пак вратени во водата; исто така и птиците додека живеат во воздухот, тие се спокојни, а кога ќе слетаат на земја, се плашат да не бидат фатени. И совршената душа, која живее според својата вистинска природа, кога ја напушти оваа природа, веднаш умира.

17. Па затоа, кога станат достојни и кога се удостојат со тие дарови, тие гледаат на светот како на затвор за себе и не сакаат да се мешат со него, за да не умрат. Таквите души веќе не можат да го сакаат светот, па дури и кога би го посакале тоа, спомнувајќи си за својата претходна состојба, односно за тоа какви биле пред да почнат да живеат во Бога, за тоа што сѐ им направил светот, и колку многу ги опустошил тие не можат него да го сакаат. Како што кога некој непријателски цар ќе навлезе во некој град и кога жителите на тој град ќе се предадат во рацете на царот – победник, тој, опфатен од бес и пакост, почнува да ги уништува сликите на победениот цар и да ги измени неговите закони. Потоа воведува други закони, потешки и построги, и наредува, место сликите на победениот цар, да бидат поставени неговите. И најпосле, го приморува целото мноштво на тој град да му робува. Тогаш жителите на овој град тајно му се обраќаат на својот цар, на својот вистински цар, да се врати и да им помогне. И тој, исполнет со омраза против својот жесток непријател, штом ќе ги добие тие пријатни вести од своите поданици, доаѓа со голема и силна војска. Тогаш граѓаните радосно му ги отвораат градските порти и тој влегува во својот град и го убива својот непријател. Сликите негови, насилно поставени, ги уништува и ги обезвреднува новите закони. Градот се радува, а вистинскиот цар, поставувајќи ги своите слики и давајќи им одново сила на своите закони, пак владее во својот град, го утврдува, така што никој веќе не го презема, а жителите на тој град и своите поданици ги учи како да се плашат и како да војуваат, за да немаат страв пред ниеден свој непријател. Таква е и душата, која, по светото крштение одново ќе биде насилно победена од својот непријател, кој ја совладува и ја тера со своите срамни итрини да му робува, го симнува ликот на нејзиниот Цар и го поставува својот, и воведува свои закони, ѝ наредува да се грижи за делата на овој свет, ја учи да биде мрзлива и богопротивна, успева да ја направи таква, каква што ја сака. Но, најпосле, милоста и добрината на светиот и голем Цар Исус Христос ѝ испраќа покајание, Он влегува во неа, го уништува ликот на својот непријател, ги одменува неговите закони, ја ослободува, го поставува во неа Својот свет лик и ѝ ги предава своите закони. Он ги учи тогаш сите нејзини чувства да војуваат. И најпосле, и Он Самиот се населува во таа душа, затоа што таа станала пак Негова. Така бива со душата по Божјата милост.

18. Па така, душата не може да влезе во покојот на Божјиот Син, ако го нема ликот на Царот во себе. Како што никој од трговците не прима и не дава монети, на кои не е ликот на царот, па и Самиот Цар не ги става таквите пари во својата ризница, така и душата, ако го нема ликот на големиот Цар Исус, во неа не влегуваат ангели, па и Самиот Цар ја протерува велејќи: “Како си влегла овде, кога го немаш Мојот лик?” А знакот на Христовиот лик во човечката душа е љубовта. Зашто и Самиот наш Господ Исус Христос рекол: “По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе” (Јован 13, 35). Но Неговата љубов не може да биде во нас, ако е душата разделена, ако Го сакаме и Бога и светот. Како што птицата не може да лета само со едно крило или ако има нешто обесено на себе, така и душата не може да преуспева во Бога, ако е врзана за нешто во овој свет. Како што коработ, ако му недостасува нешто неопходно во него, не може да плови, така ни душата не може да ги преплива брановите на страстите, ако ѝ недостасува некоја добродетел. Како што морнарите не носат убава облека, ракавици или обувки, за во случај на потреба, да можат да пливаат, така и душата не може да ги преплива брановите на непријателските духови на злобата – ако не биде ослободена од сѐ што му припаѓа на светот. Како што војникот, кој оди во војна против непријателите на царот, не може да им се спротивстави, ако го нема сето потребно оружје, така ни монахот не може успешно да им се спротивставува на страстите, ако му недостасува некоја од добродетелите. Кога на некој утврден град само еден мал дел од градските ѕидови биде разрушен, тогаш непријателите што го напаѓаат тој град и сакаат да навлезат во него, сето свое внимание го свртуваат на тој разрушен дел од ѕидот и настојуваат оттаму да влезат во градот; па иако има силна стража на градските порти, тие не можат да им се спротивстават на непријателите, ако не се успее брзо да биде изграден и зацврстен разрушениот дел од ѕидот, така ни монахот, кога со него владее некоја од страстите, не може да им се спротивстави на непријателите и да ја достигне потребната мерка на совршенството.

19. Не го говорам ова од себе; ова го кажува Светото Писмо. Во Првата книга Мојсеева пишува: ”И му рече Господ Бог на Ное: ‘Влезете во ковчегот ти и целото твое семејство, бидејќи ти си единствениот праведен пред Мене во овој род’“ (1. Мој. 7, 1). И на Авраама му рекол: “Авраам имаше деведесет и девет години кога му се јави Господ и му рече: ‘Јас сум Ел-Шадај – Бог семоќен, чекори по Мојот пат и биди непорочен! И ќе поставам завет Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам завет вечен, и ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе“ (1. Мој. 17, 1, 7). Исак, благословувајќи го својот син Јакова му рекол: ”Немој да земеш жена од ќерките хананејски!“ (1. Мој. 28, 1). Во Четвртата книга Мојсеева е напишано: ”И му рече Господ на Mojcej, велејќи: ‘Кажи им на синовите израилски и речи им: ако маж или жена даде завет за назирство и Му се посвети на Господа како назир, тој треба да се воздржува од вино и од секаков друг алкохолен пијалок, и од вински оцет, и од оцет од друг алкохол, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје; во сите денови на својот завет тој не смее да јаде и да пие ништо, што е приговено од грозје, – oд семките до лушпите“ (4. Мој. 6, 1-4). И во Петтата книга Мојсеева се вели: ”Господ, твојот Бог, ќе те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал тебе и на твоите претци ако ги извршуваш заповедите на Господ, твојот Бог, и одиш по патиштата Негови“ [5. Мој. 28, 9]. “Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам“ [5. Мој. 18, 18] А учејќи ги оние малодушните кои говорат: ”Набру ли ќе ги истребиш, кога ги има толку многу?“, им рекол: ”И ќе ти ги предаде Господ. твојот Бог, во рацете твои, и ти ќе ги разбиеш, – тогаш предај ги на проклетство: не прави со нив сојуз и немој да ги пошдедуваш” [5. Мој. 7, 2].

20. Исто така, кога Исус Навин гo обколил Јерихон и го разурнал, Бог му рекол: “и градот, со се што е во него да падне во проколетство, во името Господово; само блудницата Раав поштедете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидинците што ги пративме” (Ису. 6, 16). А кога Исус Навин посакал да војува со жителите на Гај, Израилците избегале пред нив, не можејќи да им се спротивстават поради нешто малку, што било под клетва – а тоа е она што го украл Ахар. Тогаш Исус, кога паднал ничкум на земјата, заплакал пред Бога, велејки: “O, Господи, што да кажам, бидејќи Израил го сврте грбот пред своите непријатели?“ (Ису. 7, 8), и Архистратигот на Господовите сили му рекол: “Стани, освети го народот и кажи: ‘Осветете се за утре’, бидејќи така вели Господ, Бог Израилев: Проколнатото е во тебе, Израиле; затоа ти не ќе можеш да издржиш пред непријателите свои, додека не го отстраниш од себе проклетството” (Ису. 7, 13). И Исус Навин не излегол да војува додека не го истребил Ахара. Исто така, гледаме, дека Бог му го одзел царството на Саула, поради клетвата на која бил подведен поради Амалика. И уште затоа што Јонатан го ставил својот жезал во медената пита и го свртил со раката кон устата своја.

Бог не го исчувал Израилот во тој ден (1. Цар.14, 27, 37). А Проповедникот, учејќи нѐ дека и најмалата страст ја уништува силата на добродетелите, говори: “Мртви муви го расипуваат и го усмрдуваат благопријатното масло на мироварец: истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест”(Проп. 10, 1). И Језекиил говори: “И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот, ќе биде ли жив? Сите негови добри дела, што ги правел, нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ќе умре” (Језек. 18, 24). A апостолот вели: “Малку квас го потквасува целото тесто” (Гал.5, 9). Ананија и Сапфира, неговата жена, кога го продале својот имот и ги зеле парите за него, паднале мртви пред нозете на апосголите затоа што излагале дека ги даваат сите пари што ги добиле за продадениот имот, а не ги дале сите пари, туку само дел од нив и затоа паднале веднаш мртви и ја испуштиле својата душа, само поради таа мала работа. А свети апостол Јаков пишува: “Кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за се” (Јак. 2, 10).

21. Повикувајќи нѐ да се обратиме кон него, Бог говори преку пророк Езекиил: “И грешникот, ако се одврати од сите свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ќе биде жив, нема да умре” (Езек. 18, 21); “Kaжи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате вие, доме Израелев?” (Езек. 33, 11). И пророкот Јеремија пишува: “Оди и разгласи ги тие зборови кон север и кажи: – врати се, отстапнице, ќерко Израилева – вели Господ. Јас нема да го излијам врз вас Мојот гнев; зашто Јас сум милостив, – вели Господ – нема вечно да негодувам; Можеби домот Јудин ќе чуе за сите несреќи што мислам да му ги направам, па тие да се повратат секој од својот лош пат, и Јас да им ја простам неправдата нивна и гревовите нивни” (Ерем. 3, 12; 36, 3). И уште: “Вака вели Господ: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат? Зошто се свртил овој народ ерусалимски? Тие се држат цврсто за измамата и не сакаат да се обрнат” (Ерем. 8, 4, 5). А кај пророкот Малахиј читаме: “Уште од деновите на вашите татковци отстапивте од наредбите Мои и не ги пазивте; вратете се кон Мене, и Јас ќе се вратам кај вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ќе речете, ‘како да се вратиме?’ (Малахиј 3, 7). И Господ Исус Христос рекол: “Ако им ги простите на луѓето грешките нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен, ако, пак, не им ги простите грешките на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки” (Матеј 6, 14-15). А апостол Павле пишува: “Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте ги товарот еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов” (Гал. 6, 1-2). И Светиот апостол Јаков вели: “Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го поврави, тој нека знае, дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови” (Јак. 5, 19-20).

22. Еве, сите овие сведоштва на Светото Писмо нѐ повикуваат да се испитаме себе дали трудејќи се да го правиме она што треба, немаме злоба против нашиот ближен, дали не се гневиме на него, не сакајќи да му простиме, та тие наши гревови да не ги направат ништожни сите наши трудови. Во таквиот случај ни нашиот Господ Исус Христос нема да ни помогне тогаш кога ќе бидеме обвинувани.„ Зашто Он Самиот укорил некои од таквите, велејќи: “Зол слуго, јас ти го простив оној долг, зашто ме молеше, не требаше ли и ти да се смилуваш над твојот другар, како што се смилував и јас над тебе? И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на брата си” (Матеј 18, 32-35). И ти, брате, испитувај се себе секој ден, ако сакаш да знаеш што има во твоето срце, што има во него пред Бога: дали не го осудуваш твојот брат, дали не го мразиш, дали не му завидуваш и дали не го презираш. Ако има во твоето срце таков отров, спомнувајте си ги овие зборови, што ги кажал нашиот Господ Исус Христос: “Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на брата си” (Матеј 18, 35). Оној што има страв да не биде фрлен во пеколот, нека ја исфрли од своето срце секоја злоба, за да не се исполни на него оваа страшна казна. Брате, внимавај на своето срце и биди буден према твоите непријатели, зашто тие се многу итри и лукави во своите злосторства. Увери се самиот во твоето срце во вистината на овие зборови: дека неможно е човек да прави добро – кога прави и зло, но дека е можно да прави зло под вид на добро.

23. Затоа нашиот Спасител Господ Исус Христос нѐ научил да бидеме будни и да внимаваме на нашите непријатели, велејќи ни; “Велезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ него; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат. Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете” (Матеј 7, 13-16). А какви се нивните плодови, ако не секаква греовна неприродност, со кои не напаѓаат трудејќи се да го соблазнат нашето срце? Но лажните пророци не можат да ги измамат оние што Го љубат Бога со сето свое срце, според зборовите на апостолот: “Сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да не оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ” [Рим. 8, 38-39]. Гледаш ли, брате мој, какви се оние што Го љубат Бога со сето срце, дека не може ништо што е од овој свет да ги одвои од љубовта кон него.

24. Затоа, внимавај, нешто погубно да не те одвои од љубовта Божја, – било тоа да е злато или сребро, или куќи или сласт од задоволства, или омраза, или навреда, или затварање на твоето срце со зборови, или со некој друг отров, кој го налива змијата во нашето срце. Не плаши се кога ќе видиш нешто од сето ова, туку побрзај и насочи го твојот поглед кон бакарната змија, која ја направил Мојсеј по заповед на Господа. Тој ја обесил на дрво, на врвот од гората, така што секој што бил каснат од змија можел да погледне во бакарната змија и да се исцели. Нашиот Господ Исус Христос се уподобил Себе на таа бакарна змија. Змијата е непријателот, кого го послушал Адам и потоа станал Божји непријател. Нашиот Господ Исус Христос станал совршен човек по сѐ, освен по гревот, подобен на Адама, заради нас и заради нашето спасение, а бакарната змија, иако по својот надворешен вид била слична на онаа, која била Божји непријател, – нема лоша мисла, ни отров, ни злоба, ниту ползи, ниту каса, а нема ни здив непријателски. Ваков преобраз станал нашиот Господ Исус Христос, за да го изгаси пеколот, што го вкусил Адам од устата на змијата. И природата, која преку гревот станала неприродна, пак станала природна. Слично на ова му говори Бог и на Мојсеја: “Што ти е тоа во раката?” А тој одговори: ‘Cтап’ И му рече: ‘Фрли го на земја!” И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј избега од неа. А Господ му рече на Мојсеја: “Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката. Ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова” (2. Мој. 4, 2-4). Потоа Бог му говорел во разни прилики: тогаш кога му рекол да го фрли стапот кој се претворил во змија; да удри со него во египетската река, кога водата се претворила во крв; да удри во водите на Црвеното Море, кога тоа ги разделило своите води и направило сув пат среде море, да удри во камен, и од каменот излегла вода, да го напои израилскиот, Божјиот народ ( 2. Мој. 7, 19; 14, 16; 4. Мој. 20, 8).

25. Гледаш ли, како оној што чекорел по стапките на нашиот Господ Исус Христос, откако пред тоа бил непријател и змија, се претвара пак во жезло, и никој од непријателите не може да му се спротивстави. Оваа тајна е голема. Па, ако змијата го посее својот отров во нас, да побрзаме да погледнеме на Оној Кој виси на крстот. Сето ова – страдањето, крстот и смртта го направил Спасителот за нас. И Он сѐ претрпел, не се изменил, не се налутил на оние што Го навредиле, не кажал остри зборови; но останал неподвижен, слично на бакарната змија. Па, ако внимаваме на Него и ако одиме по Него, нема да ни наштетуваат тајните гризања на демонската змија. Како што е речено, нашата сила и нашата помош е од Него: “Како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен” (Јован 3, 14-15). Ете, ова значи да чекориме по Него, за да бидеме здрави преку Него. А како оздравуваме? Ако веруваме дека е Тој силен да ни даде здравје. Зашто и кај оние што биле каснувани од змиите, не доаѓала самата бакарна змија да ги лекува, туку секој што бил каснат од змија – со вера погледнувал во неа и оздравувал. Таму имало и многумина што умреле од тие каснувања, затоа што не поверувале во Божјите зборови, како што рекол апостолот: “И да не Гo искушуваме Христос, како што некои од нив Го искушуваа, и загинаа од змии” (1. Кор. 10, 9).

26. Знаеш ли, брате, дека и сега змијата во душата, сака да Го искуша Исуса? А искушувањето на Христа, што може друго да биде, ако не да се распрашуваме за Христовите заповеди, а да не ги извршуваме, како што е напишано: “И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече: ‘Учителе, која заповед е најголема во Законот? А Исус му одговори: “Возљуби го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси! На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците” (Матеј 22, 35-40). Видиш ли дека оние што прашуваат, а не извршуваат – се нарекуваат искушувачи? Затоа што не сакаат да веруваат во бакарната змија, која може да спаси од каснувањето и од отровот на невидливата змија. Воздржувај го своето срце и не очајувај, говорејќи: како можам јас, бидејќи грешен човек, да ги запазува добродетелите? Кога човекот ќе ги остави своите гревови и кога ќе се обрати кон Бога, тогаш покајанието ќе го прероди, како што вели апостолот: “Како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот” [1. Кор. 15, 49]. Гледаш ли дека Бог му дал на човекот да се измени преку покајанието и тој станува преку него потполно нов?

27. Додека младенецот се наоѓа во прегратките на мајка му, дотогаш таа секој миг го запазува од секое зло. Ако заплаче таа му дава да цица и нежно го милува по обравчето, за да цица. Ако заплаче од тоа, таа се сожалува над него, како на плод од својата утроба, го утешува, го бакнува и го гали сѐ додека не почне пак да цица. Ако му стави пред него злато или сребро, или бисери, и некоја друга скапоцена работа од овој свет, тоа само ќе ги погледне тие работи, но наоѓајќи се во прегратките на мајка си, сѐ друго презира и само сака да се нахрани од градите на својата мајка. Татко му не го води во војна и не го тера да работи нешто затоа што уште е малечок и не може, има нозе, ама не може да стои на нив; има и раце, но уште не може ни да работи, ниту да држи оружје. Него го негува неговата мајка сѐ додека не зацврсне, и не порасне. И кога потпорасне и почне да се бори со некого, а тој го собори на земја, татко му не му се лути, зашто знае дека е уште детенце. А кога израсне и стане маж и се пројави силата на неговото тело и на неговиот дух, тогаш тој станува непријател на напријателот на таткото свој. Тогаш татко му му ги доверува своите работи како на свој син. Ако по сите трудови, што ги направиле неговите родители околу неговото одгледување, тој стане за нив тегоба, ги намрази, не ги слуша и се здружи со нивните непријатели, тогаш тие го лишуваат од сите негови синовски права и го изгонуваат од својот дом; не му даваат никакво наследство.

28. И ние, брате, да се погрижиме за себе, да се трудиме да живееме пак под покривот на покајанието, да примаме млеко од неговите гради и да се насладува со него устата наша. Да го носиме јаремот на подучувањето, така тоа усрдно да се погрижи за себе. Ако почнеме да се бориме со нашите непријатели, и тие не соборат, да заплачеме пред нашиот Отец и да Му се помолиме Он да ни помогне и да им се одмазди за нас – на оние што нѐ навредиле. Да ја отфрлиме секоја желба на нашето срце и да бидеме готови да постанеме туѓинци, како Авраам. Да се покориме, како Јаков, за да го примиме благословот од нашиот Отец. Да ги намразиме желбите на нашето срце, како што ги намразил Мојсеј, откако бил запазен од своите непријатели, кои се дигнале да го убијат и се ослободил од секаква сласт на похотите. Тоа е покајанието. Да не го презреме него, та да не бидеме намразени од него, како што бил намразен Исав. Да ја запазиме неговата чистота, за тоа да нѐ издигне над нашите непријатели. Тоа да биде за нас секогаш добра закрила, како што било за Исуса Навина. Во Втората книга Мојсеева читаме дека слугата Божји Исус – синот Навинов, не излегувал од скинијата додека бил младич (2. Мој. 33, 11). Да не му даваме место на унинието во нашето срце, за тоа да не нѐ остави без наследство во ветената земја. Да сакаме да бидеме смирени во сѐ и да се исполниме со ревност, како Халев, да влеземе во земјата, во која тече мед млеко. Да не зacaкaмe ништо погубно, за да не бидеме погубени како Ахар. Да ја засакаме неговата покајна совест, таа да нѐ спасува секој миг и да нѐ избавува од искушенија како Раав. Да не ги љубиме јадењата што го засладуваат нашето грло, за да не нѐ уништат, како што ги уништиле синовите на Илија. Да се запазиме од секоја неправда, како што се пазел Самуил, кој имал жива и чиста совест и кој ништо лошо не му направил на својот ближен. Да не ја сакаме лошата завист према ближните, за да не бидеме отфрлени, како што бил отфрлен Саул. Да засакаме да не му правиме зло на ближниот, та покајанието да нѐ запази од злото, како што го запазило Давида. Да не ги сакаме пофалбите и славољубието, за тоа да не нѐ одвои од лицето на нашиот Отец, како што го одвоило Авесалома. Да ги засакаме смирението и чесноста, за да нѐ направат одмазници против сите Божји непријатели, као што го направиле Соломона. Да го засакаме потполното откажување од сѐ, да ги зауздиме нашите членови од секое мртво дело, за да ни биде дадено срце мажествено против сите наши непријатели, и да бидеме слични на светиот пророк Илија Тесвитјанин. Да не бидеме сластољубиви и похотливи, каков што бил Ахар, за да не бидеме уништени. Да се подвизуваме сѐ до својата смрт, за да не го загубиме нашето наследство, како што го загубил Израилецот Навутеј. Да им бидеме послушни во сѐ на нашите отци по Бога, откажувајќи се од својата волја, да им бидеме потполно послушни, та да остане врз нас нивниот благослов како што останал врз пророкот Елисеј. Да не бидеме среброљупци и лажливи човекоугодници, зa да не нѐ постигне казната што го постигнала Геезија. Да ги засакаме оние што се верни во сѐ, да ги засакаме повеќе од себе, за да бидеме благословени, како што била благословена Соманитјанката. Да не бидеме страсни љубители на срамни дела, за да не бидеме истребени од лицето на земјата, како Ахија и Седекија, кои биле изгорени од вавилонскиот цар. Да го намразиме гревот заради доброто на нашата душа, да го намрзиме дури до смртта, за да ни помогне во деновите кога ќе ни биде најпотребно, како што тоа и помогнало на Сусана. Да не сакаме различни вкусни јадења, за да не нѐ остават, како што ги оставиле оние што јаделе на трпеза заедно со Навуходоносора. Да ги засакаме страдањата и лишувањата во сѐ, за да се порадуваме на нив, како што сам се зарадувал Азарија во Вавилон и другите три момчиња со него. Да не бидеме лукави, како што биле Вавилонците, кои роптале против верните. Да го извршуваме нашето молитвено правило, и да не ѝ се предаваме на нашата телесна мрзливост; да бидеме како Даниил: да сакаме повеќе да умреме, отколку да ја занемариме молитвата; да се молиме секој ден, како што се молел и тој. Зашто Бог е силен да ги избави од искушенија оние што Го љубат, а ги погубува лошите. Таквата вера на праведниот Даниил ги направила зверовите, како овци. Нека е благословен Бог на покајанието, нека биде благословен од него оној што го љуби покајанието, кој го ставил својот врат во јаремот на покајанието, сѐ додека не биде прероден одозгора според волјата Божја.

29. И така, брате, човекот има потреба од големо расудување, од откажување од своите телесни желби, од трезвено размислување за сите свои патишта, за да не се заблуди и да не падне во рацете на своите непријатели. Покајанието е далеку од горделивите; него го одгонува и нашето осудување на грешниците; него го уништува и презирањето на мрзливите. За ова е напишано во книгата Мудри Соломонови изреки, каде се вели: “Го нагледува домаќинството свое и не јаде леб во леност; Таа си ткае покривачи: од висон и пурпур е нејзината облека; Таа е како трговски кораб, – оддалеку си донесува храна” (Изрек. 31, 27 + 22 + 14). Да се потрудиме да го разбереме ова од следниов пример. Некој трговец, товарајќи го бродот, натоварил различни стоки, но тие сите биле такви, од кои се надевал да добие голема печалба. Кога ќе видел некој, кој претрпел загуба, не го сожалувал, но се исполнувал со завист кога некој печали од нешто, без да вложи некаков труд, седејќи во својот дом. Тој бега од сѐ што би можело да му донесе загуба, а се труди да го земе на заем она што ќе му донесе печалба, додека не добие своја сопствена. За него веќе станало неизменливо правило: она од што печалел да настојува и понатаму да тргува со тоа и за други работи да ги прашува оние што не му завидуваат, а кои веќе се збогатиле и кои седат во своите домови и се одмораат, и од нив да добива совет по колку да ги купува и по колку да ги продава стоките. Таква е и душата, која сака без пречки да се среќава со Бога. На неа не ѝ е доволна една работа; таа промислува за сѐ од што има потреба за своето спасение, а ако сфати дека нешто може да биде погубно за неа; како што се: човечката слава, гордоста, самооправдувањето, презирањето, навредливите зборови и друго слично, таа се оддалечува од нив.

30. Брате мој, сега се нарече дека си трговец на Исуса. Погрижи се да бидеш таков. Трговијата на овој Цар е далеку од секаква загуба. Во оваа трговија работите што носат штета се: човечката слава, гордоста, презирањето, навредливите зборови, љубовта кон богатството, пофалбите и задоволствата. Сето ова им носи загуба на Христовите трговци; тие не можат да Му угодат, ако ги имаат тие работи во својата трговија. Разгледај сѐ, брате и види што се наоѓа во тебе. Нека твојот ум ги проверува твоите чувства: кои од нив принесуваат плод на Бога, и кои од нив влечат кон гревот. Дали твоите очи не ги привлекува сласта на задоволствата? Дали твојот јазик не бива победуван од дрскоста. Не го гледаш ли твоето срце како се насладува од почестите на луѓето. Дали твоите уши не ѝ се радуваат на клеветата? Сето ова е убиствено за твојот ум. Во старозаветната Трета книга Мојсеева е напишано: “Кажи им на Арон и на синовие негови и на сите синови израилски и речи им: ако некој од синовите израилски, или од придојдените меѓу народот израилски, било поради некакво ветување или од благодарност, принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господ, за сепаленица; а сѐ што има недостаток, да не се принесува, бидејќи тоа ќе Му биде непријатно “(3. Moj. 22, 18, 20), и ќе добијат казна Божија – ќе умрат. Арон е образ на умот. Бидејќи непријателот своето зло обично го замешува со некаква праведност, затоа Бог и заповедал жртвата пред да биде принесена, да биде проверувана, за да не Му биде непријатна на Бога и да не дојде казната Божја. А, по казна да умреме, значи да го напуштиме созерцанието и да навлеземе во согласување со оние што сакаат да го осквернат тоа чувство.

31. Такви се зборовите на оние што го возљубиле Исуса и што се надеваат на Него! Душата нивна станала невеста украсена со секаква добродетел, која го има своето свето огледало, според зборовите на апостолот: “Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов” (2. Kop. 3, 18). Зашто “сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен“ (1. Kop. 13, 12). Па така, оние што станале негови невести поради чистотата, се гледаат во себе како во огледало; дали има некој недостаток на нивното лице и се прашуваат дали тоа не ќе му се допадне на нивниот младоженец. Зашто Тој бара девици, чисти души, кои немаат порок, како што е напишано за Ревека дека е лична и дека не познала маж (1. Мој. 24, 16). И псалмопеачот Давид говори: “Сета слава на царската ќерка е внатре: нејзината облека е везена со злато; во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа одат девици, нејзини другарки. Ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царскиот дворец” (Псал. 44, 13-15). Зборовите “приведуваат” го означуваат Неговото свето човештво, а зборовите, “нејзините другарки” ја означуваата прилепеноста кон Него. Затоа што преродувањето во светото крштение ги обновило од секаква старост, а покајанието ги очистува и ги прави свети девици, кои заборавиле за секоја страст и кои веќе не ја паметат, како што рекол пророкот: “Зашто Царот ја посака твојата убавина, зашто Тој е твој Господар и приклони Му се тогаш ти. И ќерката тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе ја бараат твојата благонаклоност” (Псалм 44, 11,12). И ќе ѝ се восхитат сите небесни сили поради нејзината чистота, очистена со покајанието и што станала едно тело со Господа и ќе речат: “Која е таа, што доаѓа од пустината, потпирајќи се на својот возљубен?” (Песна над песните 8, 5).

32. Да ја употребиме сета наша сила со солзи, со сили, за да се потрудиме малку по малку додека не ги соблечеме делата на стариот човек и не се запазиме од секое погубно дело, додека не дојде неговата љубов кон нас, не го одземе од нас ликот на земното и не го постави Неговиот свет лик во нашето срце. – Неговиот небесен лик за да бидеме достоен за Него, чист од секој порок, како што рекол апостолот: “Како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот” (1.Кор. 15, 49). Бидејќи апостолот знаел, дека нема човек без грев од времето на првородниот грев и дека покајанието може пак да го врати човекот во обновена безгрешност, затоа и рекол, дека ние сме ги оставиле делата на погазената заповед и сме почнале да ги правиме делата – светите заповеди на нашиот Господ Исус Христос, Кој се смилувал и доброволно го понел човековото ропство, за да го воведе пак во скриениот рај и да му ги дарува добродетелите на сите свои светии, откако му дал да вкуси од дрвото на животот, кое е чистота, која ја објавил, Тој сам во Себе, и откако ги смирил херувимите кои го пазеле влезот на патот на дрвото на животот, што значи знаење на неговите свети зборови кои ги запазуваат секогаш и ги затвораат нивните уши од зборовите на змијата, напомнувајќи им за горчливото ропство, во кое некогаш паднале, за да не се вратат пак кон него, учејќи ги непрестано да Му благодарат на својот Искупител со Неговата пречиста крв. Тој, искинувајќи го списокот на нивните гревови со Својот Крст (Кол. 2, 14), откако ги направил браќа и другари (Јован 15, 14; 20, 17), ja излил на нив благодатта на Својот Дух и ги успокоил нивните срца, велејќи: “Се враќам при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и кај вашиот Бог” (Јован 20, 17). И уште: “Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто Ме возљуби уште пред да се создаде светот” (Јован 17, 24). Oн ни покажал дека не го рекол тоа за сите, туку за оние што се откажале од својата волја и кои ја отфрлиле од себе секоја желба од овој свет и тргнале по Него. Зашто вели: “Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве замрази… Зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот” (Јован 15, 19; 17, 14). Гледаш ли, дека оние што го оставиле светот тие се удостоиле да станат невести на Господ Исус Христос? Тие живеат во единство со Него, како што вели апостолот: “Поради тоа, човекот ќе го остави татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една тело. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата” (Ефес. 5, 31-32) и пак рекол: “Тоа стана за да бидат и незнабошците сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието” (Ефес. 3, 6). Гледаш ли, дека во оние што се удостоиле да станат едно тело со Господа дека во нив живее Неговиот Свет Дух? И Он им помага, Он се грижи за нив, како што рекол Господ; “Не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас” (Матеј 10, 20). И апостолот вели: “A нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји” (1. Кор. 2, 10). A понатаму, тој продолжува и вели; “A ние имаме ум Христов” (1. Кор. 2, 16). А како е можно Христовиот ум да помислува за некаков грев?

33. Навлези, брате, во тајната: дека секој вид на живи суштества на земјата раѓа само со оние што се од неговиот вид, а не со оние што се од другите видови – животно од еден вид со животно од истиот вид, лазач – со лазач и еден вид птица со птица од истиот вид. Зошто Бог ги довел при Адама сите животни, за да види да ли има меѓу нив суштество, кое е подобно на него? И тој не нашол, затоа што сите тие биле различни од него. Тогаш Бог, кога зел едно од ребрата на Адама, му направил жена, бидејќи била создадена од реброто на својот маж. Оваа тајна е голема и за оние, кои стануваат невести Христови, зашто и тие се од Неговата суштина преку преродување и од Неговото свето тело, како што говори и светиот апостол Павле: “Ние сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг” (Рим. 12, 5). И пак: “Ние сме делови на Неговото тело, и коските Негови” (Ефес. 5, 30). Гледаш ли што сака Тој? – Тој сака човекот во сѐ да биде подобен на Него, како што била Ева од Адама – во сѐ подобна на него. Зашто, ако имаме нешто од неразумноста на животните, од крвожедноста на зверовите, од непостојаноста на птиците или од отровот од лазачите, тогаш таквите души не можат да бидат девојки и невести Христови, затоа што тие се далеку од Неговите дела. Гледаш ли, брате, дека Тој сака секој човек да биде како Него, да биде здрав од секаква неприродност, за да се удостои да биде Негова невеста? Душата ги познава своите помисли од своите дела. Ако ги твори делата на Духот, тогаш е јасно дека Светот Дух обитава во неа, бидејќи дејствата на Духот ја преродуваат бестрасната душа. И не е можно Светиот Дух да не живее во таква душа, како што вели Господ: “Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека” (Јован 14, 15-16). И апостолот го вели истото: “Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни” (2. Kop. 13, 5).

34. Гледаш ли, дека ако некој не ги придобие Исусовите дела, дека таквиот е неискусен и дека не е Христова невеста? Сите девојки ги подготвиле своите светилници, но оние што немале дела, останале надвор. Мрежата, фрлена в море, фатила многу риби, но во царството се примени само добрите. Плевелите израснале заедно со пченицата, но кога настанала жетвата, тие биле врзани во снопови и фрлени во оган. Сите прачки останувале на лозите, но тие што не раѓале плод биле фрлани во оган. Овците паселе заедно со козите, но само овците Тој ги зел со Себе, а козите биле исфрлени надвор. Сејачот подеднакво ги сеел Своите семиња, но се израдувал само на плодовите од зрната што паднале на добра земја. Кога ги делел талентите, господарот им ги давал на сите без лицемерие, но само оној што ги умножил двојно – му причинил радост. Сите биле повикани на свадба, но за оној што немал свадбена облека – заповедал да го фрлат во крајната темнина. Овие зборови се однесуваат и на нас; зашто сите ние говориме дека веруваме, но оние што немаат дела Божји, Он ќе ги отфрли, како што е речено; “Мнозина се повикани, а малкумина избрани” (Матеј 22, 14).

35. Да се испитаме, брате, да ги разгледаме нашите дела – пред да Го пречекаме Господа. Да не ги гледаме оние што прават телесни дела – кои ги исполнуваат телесните желби на своите срца, за да не загубиме толку големо богатство, кое ќе го добиеме тогаш кога ќе имаме потреба од него. Да се потрудиме да го придобиеме, а она што ќе мораме да го оставиме, да го презреме како непријател. Да помислиме на оние, кои целиот свој труд го потрошиле за придобивање на преодни богатства, кои ги оставиле овде на земјата и си отишле, а за тоа го наследиле пеколот – затоа што не сакале да одат по стапките на Господа, за да се удостојат да бидат Негови невести. Да се подвизуваме со солзи пред Господа, со срдечни болки и скриени воздивнувања – да Му се молиме, да не дозволи да бидеме изложени на таков срам. Зашто кога има бура на морето и кога многу пропаѓаат во него, а многу и се спасуваат. Тогаш тие не говорат: “Ајде да потонеме и ние во морската стихија“, та се тешат взаемно да не очајуваат и Му се молат на Бога да ги запазува. Навистина, голема бура беснее на земјава. Да се трудиме и да правиме сѐ што можеме, да викаме кон Господа, да ни помага да не загинеме. Кога има бура на морето, капетанот на коработ секогаш наоѓа меѓу морнарите и патниците луѓе кои го храбрат и му помагаат. Да знаеме дека, ако човек не се ослободи од сите непотребни и штетни работи, не може да се спаси од оваа страшна бура. И Мојсеј не можел да Му ја запее својата песна на Господа сѐ додека не го преминал морето и не ја видел смртта на Египќаните во морските води. А кога го превел Божјиот народ преку морето, како по суво, кога потполно се ослободиле, дури тогаш повикал кон народот: „Да го воспеам Господа, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот негов ги фрли в море” (2. Мој. 15, 1).

36. Па така, и кога умот ќе ги спаси чувствата на душата од пожелбите на телото, тогаш столбот на неговите созерцанија ја одделува душата од телесните пожелби. Потоа, откако Бог ќе ја виде бесрамноста на страстите, за тоа што се устремуваат на душата, настојувајќи да ја задржат во гревовите, тогаш умот, кој тајно претстои секогаш пред Бога, ја добива помошта од Бога и веднаш ги прогонува сите страсти, како што е напишано: “И Господ му рече на Мојсеј: ‘Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израил нека врват. А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите израилски, среде море по суво” (2. Moj. 14, 15-16). Бог и сега може да му ја подаде на Мојсеј Својата рака за помош, за да го спаси Израилот (умот) од рацете на Египќаните, кои се нашите грешни желби, кои сме ги извршувале, така што и ние да се удостоиме да Му ја пееме на Господа новата песна, велејќи: “Да Му пееме на Господа, зашто славно се прослави!”. Но, како можеме да викаме: “Славно се прослави?”, ако копнееме по нашите непријатели во Египет и сакаме доброволно да се вратиме при нив, посакувајќи ги нивните јадења барајќи од Арона: “Направи ни бог, кои би нѐ повеле во Египет” (2. Мој. 32, 1), – ако сме вака премалени од малодушност и хулиме на нашата духовна храна. Силен е Бог да ни го врати Мојсеја од планината, за да го уништи бодливото теле, со кое го прогневивме Бога. Силен е Бог, Кој ни дарувал покајание, пак да нѐ врати при Себе и да го закрепне Мојсеја да се помоли за нас и да вели: “Те молам, Господи, овој народ направи голем грев, бидејќи си направи бог од злато. И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал” (2. Мој. 32, 31-32) – и да му даде сила, во времето на Исуса Навнна, да истреби седум народа, да ја придобијат во свое наследство ветената земја со своето лукавство, – да го прими Израил своето наследство и да живее независно во него со векови и векови. Амин. Негова е силата, Негова е помошта, Негова е закрилата, Негова е мудроста, Негова е заштитата. Он во нас е Господ Исус Христос, за слава и чест на Бога Отецот и Светиот Дух, пред векови, сега, во сите векови и во целата вечност. Амин. Кога ќе го прочиташ, брате, потруди се и да го исполниш и да те запази Господ од сите искушенија. Амин!

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада