www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,468,083
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Преподобен Авва Исаиј

12. За виното

Слово на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици

12. За виното

1. Тајната на виното. Тоа е слика на човечката природа и на човек што сака да го сретне Бога и да Му угоди, па затоа во чистота го пази своето дело, за да Му го предаде со радост на Бога.

2. Садот за вино бива измачкуван со смола, како што е потребно. Тоа е слика на телесната чистота, која ги има здрави сите свои членови и е чиста од сите срамни страсти. Зашто не можеме да Му служиме на Бога ако им служиме и на нашите телесни страсти.

3. Како што не можеме да наполниме вино во сад, кој не е потполно засмолен, кој има пукнатина, така не можеме да Му угодиме и на Бога, ако имаме омраза и непријателство према некого. Да се испитуваме и да видиме дали ги има нив во нас, зашто тие му пречат на човекот во делото на неговото покајание.

4. Виното во својот почеток преврива. Тоа е слика на секое започнување. Тоа е вриеж и барање – сѐ додека не закрепне и не се зацврсти.

5. Виното не станува вино ако не преврие и ако не добие извесна умерена киселина. Така и почетникот во духовниот живот не може да напредува, ако продолжува да ја извршува својата волја, ако не добие од своите духовни отци Божји квас и тие не му го покажат вистинскиот пат и не го поведат по него, – се додека Бог не му даде да го види тој пат.

6. Виното го оставаат во неговите садови сѐ додека не отстои колку што е потребно. Исто така, ни почетникот во духовниот живот, не може без молчење, без маки и без трудови, кои Му се угодни на Бога, – да дојде во добра состојба.

7. Ако го ставиме грозјето во зрна и со лозови фиданки и лисја, виното ќе биде кисело. Така и почетникот во духовниот и испоснички живот, ако продолжи да живее со своите роднини и со други луѓе, кои немаат ист начин на живеење, како што е неговиот, ја загубува духовната расположба, која ја примил од своите духовни отци по Бога.

8. Винските садови ги потрупуваат со земја, за да не ветрее и да не се расипува. Така треба да биде и со почетниците во подвижничкиот живот: ако не добијат смирение во сѐ, сите нивни трудови се попусти.

9. Виното, ако често го пробаат, тоа изветрува и го изгубува својот вкус. Ова истото станува и со човек, кој покажува што работи и како се подвизува; во тој случај славољубието го упропастува неговото дело.

10. Ако го остават виното отворено, лошите мушичкн влегуваат во винскиот сад и го расипуваат виното. Исто така, прекумерното зборување, шегите и празнословието ја расипуваат добрата расположба на младите монаси.

11. Ако го изложат виното на ветар, тоа ја губи својата боја и вкусот. Така и гордоста го уништува секој плод на човекот.

12. Виното го кријат во визбите и го покриваат со дебели покривки. Така го штитат и Божјиот трудбеник молчењето и крајното смирение – кога сите свои трудови ги смета за ништо. Без молчењето и ваквото вистинско смирение – не може тој да ги скрие своите трудови.

13. Сето ова треба да се прави за виното сѐ додека не узрее и не стане вкусно за пиење; тогаш ќе почне да го пие оној што се трудел за него. И човекот треба да прави сѐ што е потребно – додека Неговото дело не Му cтaнe пријатно на Бога.

14. И како што не можеме да веруваме дека виното е добро само врз основа на тоа што ќе ни речат дека е добро, ако ние сакаме да го вкусиме и не го испробаме, така човекот не може да има увереност во своето срце и да не се плаши за себе – сѐ додека не појде и не застане пред Бога и Бог не го признава неговото дело за совршено.

15. Ако винскиот сад почне да протечува, целото вино постепено ќе истече в земја, пред да разбере домаќинот за тоа, ако не ги погледнува винските садови одвреме – навреме. Така и некоја сосем мала и неважна работа, може да го упропасти човековиот труд, ако е тој мрзлив и невнимателен.

16. Браќа, да ги впрегнеме сите наши сили, за да се запазиме од сите работи, што можат да ни причинат штета, а Божјата милост и благодат ќе ни дадат смелост во оној ден, за да можеме во тој ден да речеме: “По нашата немоќ не се трудевме да го направиме она што ни го наложуваше нашата совест, но силата за да го направиме беше Твоја. Од Тебе е и милоста и помошта, и простувањето и триењето. Зашто, што сум јас? Досега бев во рацете на лошите, од кои ме спаси Ти, а јас немам ништо што можам да Ти дадам. Јас сум грешен и недостоен сум за Твоите дарови, но Ти сепак ме избави од рацете на моите непријатели. Господи, Ти си Бог мој. Твоја е славата и силата, и славата и милоста; и закрилата, и помошта и силата во сите векови и во целата вечност. Амин.

Преведе
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада