www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,688,873
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Преподобен Авва Исаиј

9. Заповеди за оние што се откажале од светот

Слово на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици

9. Заповеди за оние што се откажале од светот

1. Ако си се откажал од светот и ако си Му се предал на Бога во покајание, не предавај ѝ се на помислата што те вознемирува со жалост по она на своите некогашни гревови, помислувајќи дека тие нема да ти бидат простени. Но труди се да ги исполнуваш Божјите заповеди; без тоа Бог нема да ти ги прости твоите некогашни гревови.

2. Еве што треба да правиш до твојата смрт и не треба да го занемаруваш: не јади заедно со жени, не другарувај со млади, не спиј на иста рогозина со друг додека си млад, освен со својот брат и со твојот духовен учител, со твојот авва, и тоа со страв, а не со немарност. Биди внимателен на твоите очи и тогаш кога се облекуваш во своите облеки.

3. Ако имаш потреба, пиј најмногу три чаши вино; не нарушувај ја оваа заповед ни поради пријателски чувства.

4. Не живеј на она место, каде што си грешил пред Бога. И не биди мрзлив да го извршуваш твоето молитвено правило, за да не паднеш во рацете на твојот духовен непријател.

5. Принудувај се да се поучуваш од псалмите. Ова ќе те запази да не бидеш заробен од страстите. Сакај ја секоја телесна тешкотија, и ќе се смират твоите страсти.

6. Грижи се да не се споредуваш со друг во твоите трудови и во било што, и ќе добиеш слобода да плачеш поради своите гревови.

7. Пази се од лагата; зашто таа ќе го одгони стравот Божји од тебе.

8. Не открвај ги твоите помисли пред сите, за да не му станеш препка на твојот ближен, туку откривај ги твоите помисли само пред твоите духовни оци и учители, за да те закрили Божјата благодат.

9. Принудувај се да ја извршуваш твојата рачна работа, и стравот Божји ќе живее со тебе.

10. Ако ја согледаш препката на твојот брат, која не е за смрт(сп. Јован 5, 16), не осудувај го, за да не паднеш во рацете на твоите духовни непријатели.

11. Пази се да не бидеш заробен од она што те навело да грешиш, за да не се вратиш пак кои твоите гревови.

12. Засакај го смирението. Тоа ќе те запази од сите твои гревови.

13. He сакај да се расправаш, за да не се вселат во тебе сите гревовни лукавства.

14. Предај им го своето срце во послушност на твоите духовни оци.

15. Не прави се мудар, за да не паднеш во рацете на твоите духовни непријатели.

16. Научи го јазикот твој да изговара: “Прости”: И смирението ќе се насели во тебе.

17. Кога седиш во твојата ќелија грижи се секогаш за овие три работи: за твојата рачна работа, за поучувањето – читањето и богомислието, – и за молитвата.

18. Секој ден помислувај: само уште овој ден јас ќе го поминам во овој свет, и нема да погрешиш пред Бога.

19. Не му угодувај на стомакот, за да не бидат обновени во тебе некогашитие твои гревови.

20. Никогаш не очајувај, какви тешкотии и да имаш, за да не бидеш напаѓан од демонските сили.

21. Принудувај се да се поучуваш да читаш и да размислуваш за Бога, и набргу мирот Божји ќе се насели во тебе. Како што урнатиот дом надвор од градот станува место на смрдеата, така и душата на оној што пред кратко време се откажал од светот, ако е мрзлива, набргу станува место за секоја срамна страст.

22. Принудувај се на долги молитви со солзи; можеби Господ ќе се смилува на тебе и ќе те соблече од стариот грешен човек.

23. Дpyгapyвaj со овие работи: со работата, со сиромаштијата, со измачувањето на телото и со молчењето, зашто од нив се раѓа смирението, а смирениот донесува простување на секој грев.

24. Силен е нашиот благ Господ и Бог да ни подари сила да го познаеме она што ни е потребно да го извршиме, да ја добиеме Неговата милост заедно со светите, кои ги запазиле Неговите заповеди – Амин.

Преведе
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада