www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,707,637
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Преподобен Авва Исаиј

2. За природниот закон

Словата на преподобниот авва Исаиј кон неговите ученици
За природниот закон

1. Не сакам, браќа, да не знаете, дека во почетокот, кога Бог го создал човекот, па го населил во рајот, и тогаш тој имал здрави чувства, кои биле во здрава состојба, во својата природна уредност, но човекот кога го послушал својот измамник, тогаш сите негови чувства станале неприродни. Тогаш тој бил исфрлен од својата слава. Нашиот Господ покажал милост према човечкиот род, по Својата голема добрина и “Словото стана тело” (Јован. 1,14) – односно станало човек – станало совршен човек – како нас, освен гревот, за да ја измени нашата неприродност во природност преку Своето свето тело. Откако ја направил таа милост према човекот, Он го враќа пак во рајот со тоа што го подигнува паднатиот преку следењето на Неговите чекори и извршувњето на Неговите заповеди, кои ни ги дал, за да можеме да ги победуваме оние што нѐ лишиле од нашата слава и со тоа што ни го покажал свето служење и чесен закон, за да се врати човекот во својата природна состојба, во каква го создал Господ.

2. Па така, кој сака да се врати во својата природна состојба, тој треба да ги отсече сите свои телесни желби, за да дојде во својата природна духовна состојба. По природа треба да имаме копнеж кон Бога, а без овој копнеж кон Бога нема ни љубов, затоа на пророкот Даниил ангелот Божји му вели: “Bo почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението” (Дан. 9, 23). Но непријателот ја изменил човековата природна желба во срамна похот за да ја посакува секоја нечистотија. Во умот по природа има ревност за Бога, а без оваа ревност нема никаков успех, како што пишува апостолот: “Стрмете се кон поголеми дарби” (1. Кор. 12,31). Ho оваа ревност за Бога се изменила во нас во неприродна ревност – да бидеме завидливи еден на друг. Во нашиот ум има гнев по природа; без гнев нема чистота во човекот, ако не се гневи на сѐ што всејува непријателот во него, како што се разгневил Финес, Елеазаровиот син, и заклал маж и жена и престанал гневот Господов врз неговиот народ (4. Мој. 25, 7-9). Но во нас овој гнев се изменил во друг гнев; да се гневиме на нашите ближни поради некакви работи, кои се непотребни и некорисни. Во нашиот ум има природна омраза, како онаа што го зафатила пророкот Илија кога ги заклал одвратните пророци (3. Цар. 18, 40). Исто постапил и Самуил според неа со Агаг, амаликискиот цар (1.Цар. 15, 33). Без омразата према непријателите не се раскрива вредноста и достоинството на душата. Но оваа природна омраза се изменила во неприродна: да го мразиме нашиот ближен и да се гнасиме од него. Оваа омраза ги изгонува од нас добродетелите. На умот му е својствена природната гордост пред неговите непријатели. Кога кај Јова се пројавила оваа гордост, тој ги потрупал со навреди своите непријатели, велејќи им: Нечесни и посрамени, лишени од секое добро, “не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои” (Јов 30, 1). Ho оваа гордост се изменила во нас; ние сме се смириле пред нашите непријатели, а се гордееме еден пред друг, се навредуваме взаемно и сметаме дека сме поправедни од нашите ближни, а за ваквата гордост Бог им станува непријател на луѓето. Еве, што било создадено во човекот, што било вложено во него при неговото создавање и што настанало во него кога тој станал непослушен према Бога: како се изменило сѐ во него во такви ужасни страсти.

3. Да се погрижиме, возљубени, да се ослободиме од страста и да го придобиеме она, што ни го покажал нашиот Господ Исус Христос во Своето Свето Тело, зашто Он е свет и почива во светиите. Да се погрижиме за себе, за да Му угодиме на Бога, според нашите сили, впрегнувајќи ги сите сили на нашата волја и да ги израмнотежиме сите дарби што ѝ биле дадени на нашата природа, додека тие не се вратат и не бидат какви што биле во нашата првобитна природа, па да добиеме милост во часот на искушението “што ќе го снајде светот” (Лука 21,26), молејќи Му се непрестано да ја покаже Својата благост према нас, да дојде Неговата помош на нашето смирение, да нѐ спаси од нашите непријатели, зашто Негова е силата, и помошта и власта во вечни векови. Амин.

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада