www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,468,111
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

За животот на нашиот препoдобен отец Исаиј,
Нитријскиот авва и за неговите списи

За животот на нашиот препoдобен отец Исаиј,
нитријскиот авва и за неговите списи

Преподобниот наш отец Исаиј живеал во втората половина на четвртиот век. Се упокоил во Господа во 370 година. Му бил современик на свети Макариј Велики. Местото на неговите подвизи е во долен Египет, во пустината Скитија, недалеку од Александрија, каде монасите го минувале својот живот созерцателно во длабоко тихување. He е познато во која возраст го избрал монашкиот живот. Знаеме само дека бил син на сиромашни и непознати родители, што може да се види од неговиот плач и од навредите што му ги нанесувал неговиот ученик Елисеј, кој за време на своите искушенија го нарекол човек од ниско потекло.

Преподобен Исаиј бил многу почитуван од страна на современите монаси, од кои многумина биле раководени од неговите совети и доброволно покажувале совршена послушност према него. Тој бил познат и на тогашниот александриски патријарх, кој, кога го навредувал неговиот Елисеј, рекол: “Да онемеат лажливите усти, што говорат лошо против праведникот со горделивост и презир” (Псал. 30, 18).

Преподобниот Исаиј бил многу смирен и имал благодат на длабок плач, што е видно и од кроткиот одговор што му го дал на својот ученик Енисеј, кој за време на своето искушение го навредувал и зборувал лошо за него. Ова може да се види од неговото 14-то слово – практиката на плачот, кое, ако биде читано внимателно, може да го омекне и најкаменото срце и да го доведе во покајание.

Според обичајот на отците, кои се подвизувале во тихување во скит, преподобни Исаиј имал двајца ученици – Петар и Елисеј. За првиот напишал поучно слово (26-тото), а за вториот во книгата Герондикон (Отечник) има поука спасоносна за душата. Освен овие двајца ученици, со неговите совети и поуки се раководиле и многу други монаси, со кои разговарал не само лично, но и писмено. Поучувајќи се дење и ноќе во божествените списи, црпејќи од нив изобилни струи на духовна мудрост, тој станал творец на многу прекрасни слова, кои опфаќаат разни духовни предмети и претставуваат цела книга.

Преподобен Исаиј е наречен отшелник затоа што многу ги сакал потполната осаменост и подвижничката оддалеченост од сите, така што во последните години од својот живот со него не живееле заедно ни неговите најблиски ученици, а го посетувале само одвреме навреме, што може да се види од неговото 27-мо слово.

Во своите списи преподобниот го спомнуваат: епископот Амон во своето послание до Теофил Александриски; монахот Никифор во своето слово за пазењето на срцето; Варсанофиј Велики, Јован Дамаскин, Григориј Синаитски и други.

Споменот на преподобниот отец Исаиј во Православната црква се празнува во сабота – сирната недела.

Во Зборникот на словата на преподобниот Исаиј, што е зачуван до нас, има 29 слова, но многу е веројатно дека овде не се опфатени сите негови слова, зашто во цитатите од неговите слова има такви поуки, кои не се наоѓаат во овие слова.

Освен овие слова, преподобен Исаиј напишал и правила за монаси – почетници, кои се запазени кај авва Бенедикт Аниански (IX век) во неговиот зборник на монашките правилници. За овие правила се вели дека се земени од словото на аввата. Но во познатите слова овие поуки не можеме да ги најдеме. Затоа треба да претпоставиме дека многу од нив или биле земени од неговите слова што не се запазени или дека им биле дадени, одделно од словата на разни лица и во различно време, а дека потоа се предадени усно од едни на други, се разбира, не во онаков ред на мисли, како што биле предадени. Како такви биле дадени собрани заедно. Тие имаат еден дух и иста содржина со правилата на свети Антониј Велики. Некои од нив збор по збор со еднакви и со неговите. Треба да претпоставиме дека авва Исаиј бил најблизок продолжувач на учителскиот дар на авва Антониј Велики заедно со авва Макариј Велики.

Во Добротољубие се поместени написите на авва Исаиј за пазењето на умот во 27-та глава. Во предговорот се вели дека овие написи се извор од неговите слова, а содржи кратка поука за тоа како треба да ги одбиваме лошите помисли, да ја запазиме совеста чиста, да ја пазиме поуката скриена во своето срце и разумно да ја пазиме во спокој и без вознемирување душата во трите нејзини делови.

Во XL TOM на Patrol.graeca, по словата е издаден сличен напис под наслов “За подвижништвото во тиховање” – во 19-та глава со грчки текст. И тие глави се изводи од словата, што се покажува во самото издание со цитати и означување која од каде е земена. Некои од овие, збор по збор се еднакви со оние што се наоѓаат во написот во Добротољубие. Но, во бројот на овие поуки има и такви што не се наоѓаат во неговите познати слова. Тоа послужило како повод во сегашното издание на списите на авва Исаиј да бидат поместени и тие два написа.

За да не пропуштиме ништо што потекнува од овој авва, овде ги даваме и неговите изреки, освен наведените искажувања, кои се наоѓаат во Алфавитниот патерик, во превод од словенскиот текст, зашто овој текст го нема на грчки јазик. Ова е дело на нашите ревнители на подвижништвото. Секој и сам може да се увери, дека овие изреки не се наоѓаат во словата.

Овде се дадени:

1.Словата на авва Исаиј.

Овие слова во првото издание се дадени во превод од латински, зашто тогаш уште не биле пронајдени оригиналите на грчки јазик. Но, кога атонските монаси го нашле грчкиот текст на овие слова и преписот од нив го испратиле во Москва, беше направен нов превод на овој текст. Во овој превод им го даваме овој текст на љубителите на ваквите книги. Во овој превод бил земен со внимание и преводот што го направил старецот Пајсиј. Тој превод на овие слова го прошириле старците во Оптинската пустина. Таму каде што е потребно укажуваме на него со посебни белешки.

2. Неговите правила за монасите почетници.
3. Неговите изреки.
4. Написот од Добротољубието за пазењето на умот во 27 глави.
5. Глави за подвижништвото и за тиховањето (безмолвието) 12 глави.

 

Преведе,
отец Митко Попоски
Виндзор, Канада