www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,515
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Авва Евагриј
4. Триесет и три глави аналогии и споредби
Поуки за подвижништвото

 

4. Триесет и три глави аналогии и споредби

1. Жолтицата е лоша состојба на душата, која таа неисправно си Го претставува Бога, како и сѐ што е создадено од Него.

2. Искрвеноста наназад е недостаток на разумната природа, поради кој таа не се приклонува ни пред добродетелта, ни пред знаењето за Бога.

3. Гангрената е еден вид воспаление и раздвижување на гневот, кој го напаѓа разумниот дел на душата.

4. Слепилото е незнаење на умот, кој не се грижи ни за дејателните добродетели, ниту за познавање на вистината.

5. Парализата е неподвижност или тешка подвижност на разумната душа према дејателните добродетели.

6. Отокот (на жлебините) е раслабеност на разумната душа; во која таа обично ги отфрла зборовите на духовните поуки.

7. Слепилото е болест на разумната душа, поради која ги отфрла добродетелите, преку кои Христос се изобразува во нас.

8. Лепрата е неверување на разумната душа, во кое таа не се уверува дури и тогаш кога ги дофаќа зборовите на вистината.

9. Несвестицата е склоноста на човечката душа да се врати пак на злото, откако веќе покажала успех и богопознание.

10. Контузијата е лоша состојба на разумната душа, во која таа е приврзана кон добродетелите, но не заради самото добро.

11. Кивавицата е губење на добродетелите, со помошта на кои сме го чувствувале Христовото благоухание.

12. Глувоста е ожесточеност на човечката душа, со која се отфрла духовната поука.

13. Очното перде е испаѓање од состојбата на духовното соѕерцаниe или усвојување неправилно гледиште за стварноста.

14. Пелтечењето и икавицата е болест на разумната душа во која, соблазнувајќи се од случајности, не може за сѐ да Му благодари на Бога.

15. Куцавоста е немоќ на разумната душа да ги извршува вистинските добродетели.

16. Водната болест е неразумното отстапување на душата од Божјиот пат, кога, по глушењето на добродетелите, во неа господарат злото и незнаењето.

17. Мравката е како и оној човек, кој за време на овој живот си приготвува духовна храна за идниот.

18. Хироглините (вид свињи) се нечистите незнабошци, кои духовно се издигнале откако ги прифатиле заповедите на нашиот Спасител – Господ Исус Христос.

19. Скакулците се разумните души, кои не треперат од страв пред смртта; кои се хранат со семиња, не плашејќи се од смртта, насладувајќи се со земните богатства.

20. Аскалаватисот (вид гуштери, кои трчаат по ѕидовите и таваните) е нашиот практичен ум, кој, потпирајќи се врз добродетелите, трепери и се издига во знаењата на небесните сили.

21. Младиот лав и лавчето е бестрасниот човек, кој почнал да царува над зверовите, односно над страстите, кои пред тоа царувале со него.

22. Петелот е духовниот човек, кој e исполнет со спасоносно знаење, а и на другите души им благовестува за денот што настанал од изгревот на духовното сонце.

23. Еленот е дејателниот човек, кој ги исправува своите неисправни мисли.

24. Пијавицата е нечистата сила, која ја исцицува од поразумните души крвта на праведноста.

25. Пеколот е темнината на незнаењето, која ја покрива разумната душа по загубувањето на способноста да Го соѕерцава Бога.

26. Жената е безумноста, која ги фрла неразумните души во нечистотија.

27. Земјата е слика на лошата состојба, која се состои од нечистотии и беззаконија.

28. Огнот е слика на злото која ги уништува добродетелите во разумните созданија.

29. Водата го претставува лажното знаење, кое го изгаснува вистинското знаење.

30. Подбивното око е образ на нечистата сила, кое се подбива со богопознанието и со бескрајната Божја мудрост, одразена во Божјите созданија.

31. Чавките ги изобразуваат светите сили кои го уништуваат злото.

32. Бездните се слики на разумните души; изриени од незнанието и злото.

33. Орлињата се светите сили, на кои им е доверено да ги уништуваат нечистите сили.

 

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада