“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I
Авва Евагриј
6. Други изреки
Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
6. Други изреки
1. Почетокот на љубовта, тоа е взаемното почитување и доброто мислење еден за друг и претпоставување дека другиот има и други добри својства.
2. Убаво е кога се збогатуваме со кротоста и љубовта.
3. Гордата помисла е веење на добродетелите.
4. Патот се израмнува од милостињата.
5. Нечистата совест е несправедлив судија.
6. Срамно е да им робуваме на телесните страсти.
7. Ако сакаш да бидеш без жалост, труди се да Му угодуваш на Бога.
8. Кој се грижи добро за себе, за него и Бог се грижи.
9. Целомудреното срце е пристаниште на соѕерцанијата.
10. Ако сакаш да дознаеш кој си, не испитувај каков си бил, туку каков си бил создаден.
11. Суетната душа е како безводна јама.
12. Горделивата душа е пештера разбојничка, таа не го поднесува гласот на знаењето.
13. Лошата заблуда на вистинскиот маж е непознавањето на Светото писмо.
14. Да имаш страв Божји, познај го ова по плачот и солзите.
15. Смирението на душата е непобедливо оружје.
16. Добродетелниот човек е рајско дрво.
17. Господ Исус Христос е дрвото на животот. Ползувај се со него, како што треба, и нема да умреш довека.
18. Прави им добро на сиромасите, и ќе Го вкусиш Христа.
19. Јадењето на Христовото Тело е вистинска сила.
20. Ако Го љубиш Христа, не заборавај да ги извршуваш Неговите заповеди.
21. Зашто од ова се познава, кој, после Бога, е извршител на доброто.
22. Пријателот по Бога, источува мед и млеко во своите зборови.
23. Мрзливата и немарливата душа нема да има ваков пријател.
24. Помислата на славољубивиот е жесток деспот.
25. Да ја премолчуваме вистината, значи да го закопуваме златото во земја.
26. Оној што има страв Божји сѐшто прави го прави според Божјата волја.
Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада
