www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,559
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Авва Евагриј
5. Изреки за духовниот живот

 

Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
5. Изреки за духовниот живот

1. Неумесно е оној што ги бара почестите да бега од нив, зашто за трудот се даваат почести.

2. Сакаш ли да Го познаеш Бога? Запознај се најнапред себе.

3. Вистинскиот пријател е оној , кој брза да нѐ извести за радосните настани.

4. Со ништо не е сообразно да мислиме високо за себе, а да извршуваме ниски дела.

5. Високото мислење за себе во сѐ му пречи на самопознавањето.

6. Неразумниот демон на животот е хегемонот – управителот.

7. Благородството на душата се открива и во добрата расположба.

8. Благочестив е оној кој не си противречи на себе, кој живее сообразно со барањата на својата разумна природа.

9. Храмот Божји – е беспрекорниот човек.

10. Најлошата придобивка е лошиот живот.

11. Говори што е потребно и како што е потребно, па нема да го слушнеш и она што е непотребно.

12. Најдобрата придобивка, тоа е верниот пријател.

13. Болеста на душата е суетното однесување.

14. Странец и сиромав е Божја маст (Откр. 3, 18). „Со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш“. Мастта ја преставува милосрдноста према оние кои што имаат потреба од нашата помош.

15. Оној што ги прима нив со сочувство – тој ,скоро ќе прогледа.

16. На сите им прави добро, а особено на оние, кои не можат со ништо да ти се оддолжат.

17. Правичниот бранител е како чаша студена вода.

18. Целомудрен е оној што има кротка душа, тој е како херувим.

19. Честа во староста е доказ за трудољубивоста пред староста.

20. Ревноста во младоста е залог за честа во староста.

21. Светилото на душата е вистинското соѕерцание.

22. Сакајќи го она што не треба да го сакаш, нема да го сакаш она што си должен да го сакаш.

23. Подобро е да добиеш лажно злато, отколку лажен пријател.

24. Чистата душа Му е угодна на Бога.

25. Полошо од самољубието е – сѐ да се мрази!

 

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада